build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фудбалски стадиони во Македонија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2122
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 14-Sep-2021 at 15:16
Originally posted by Vire

Originally posted by skopskodete

Освен неколку стадиони (две-три) сите други во Македонија би требало да се со максимум 2-2.500 илјади капацитет, а фокусот да се стави на тоа да има атлетска патека, добар терен, добро осветлување, хигиена итн.

Апсолутно погрешно гледање на работите. Така не се развива фудбал,така не се прави јака лига и така не се вадат и продаваат играчи за добри пари.
Фудбалски гледано сме во залет,сме интересни и симпатични на фудбалската јавност ширум Европа,сега е моментот да се стисне гас и да се изградат стадиони. Само така лигата може од полу-аматерска да стане професионална,штета што преспоро се одвива изградбата на стадионот во Битола,7 години една трибина,во Охрид исто 6-7 години една трибина,во Струмица ако се сеќавам најавија стадион за 20.000,што би било супер ама не верувам дека некогаш ќе се рализира...така да тоа е главниот проблем.

Не го разбирам форсот со атлетски патеки,демек ние тркачката земја....поголемо задоволство за публиката е да биде блиску до играчите,како во Англија.
"гитардемон" ti odgovori sustinski a jas samo ke dodadam. "Gradski" se izgradi od temel, zalici na seriozen stadion a Vardar ispadna od ligata. Za razvoj na fudbalot potreben e privaten kapital i toa ne troski tuku milioni. Od toa zavisi bukvalno se. FC Hoffenheim pred 10-tina godini go kupi bogat sopstvnik i od regionalna liga go napravi bundesligas. Za dev godini od stadionceto napravi moderen evropski stadion. Privatnite milioni se klucot za uspeh a ne opstinata. Ona, deka sega sme vo zalet i simpaticni na sirokata fudbalska javnost vo Evropa ke go svestam go rubrikata na "skriena kamera"!
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 14-Sep-2021 at 16:14
Originally posted by Vire

Originally posted by skopskodete

Освен неколку стадиони (две-три) сите други во Македонија би требало да се со максимум 2-2.500 илјади капацитет, а фокусот да се стави на тоа да има атлетска патека, добар терен, добро осветлување, хигиена итн.

Апсолутно погрешно гледање на работите. Така не се развива фудбал,така не се прави јака лига и така не се вадат и продаваат играчи за добри пари.
Фудбалски гледано сме во залет,сме интересни и симпатични на фудбалската јавност ширум Европа,сега е моментот да се стисне гас и да се изградат стадиони. Само така лигата може од полу-аматерска да стане професионална,штета што преспоро се одвива изградбата на стадионот во Битола,7 години една трибина,во Охрид исто 6-7 години една трибина,во Струмица ако се сеќавам најавија стадион за 20.000,што би било супер ама не верувам дека некогаш ќе се рализира...така да тоа е главниот проблем.

Не го разбирам форсот со атлетски патеки,демек ние тркачката земја....поголемо задоволство за публиката е да биде блиску до играчите,како во Англија.

Едно е да се изгради, а друго е да се изгради и да се одржува. Да, убаво е да се помисли како би било кога би имало големи стадиони во ПМФЛ, но реалноста е сосема друга. Самата држава не е економски моќна за да има оправдание за толкави инфраструктурни проекти.

Атлетиката нема доволни услови во Македонија, а и таа е спорт. Бидејќи не постојат финансиски силни компании кои би можеле да спонзорираат клубови, а притоа да градат големи (исклучиво) фудбалски стадиони, компромисот е да се има мали стадиони со атлетска патека.

Edited by skopskodete - 14-Sep-2021 at 16:17
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 15-Sep-2021 at 18:56
Originally posted by Vire

Така не се развива фудбал,така не се прави јака лига и така не се вадат и продаваат играчи за добри пари.

Фудбалски гледано сме во залет,сме интересни и симпатични на фудбалската јавност ширум Европа,сега е моментот да се стисне гас и да се изградат стадиони.


Ако на тие што сакаат да продуцираат и продават играчи за добри пари, пречка им е баш големината на стадионите, тогаш нека повелат и нека вложат во постоечките или во нови стадиони. Ама вложувањето да биде од народни пари, а ако се создаде профит тие да бидат приватни пари, тоа некако не ми оди.

Национална арена имаме. А за клубска инфраструктура општините треба да создадат индиректни добри услови. Мегаломански директни инвестиции во големи стадиони, секако не смеат (а реално и не можат) да си дозволат.



Edited by Cloverstack - 15-Sep-2021 at 19:00
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 20-Sep-2021 at 06:54
Новата трибина на стадионот на Шкупи во Чаир



https://www.facebook.com/VisarGaniu.Cair
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 20-Sep-2021 at 06:57
Седум пара ножици сечеа една лента, трибината на стадионот во Чаир е готова, но до каде е салата „Партизан“



Седум пара ножици беа поделени за сечење лента при отворањето на трибината на стадионот на ФК Шкупи.

По едно парче лента пресекоа Висар Ганиу, Изет Меџити, Бујар Османи, Мухамет Сејдини и Артан Груби, а иако ножици му понудија и а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, тој одби.

Прв кој што стапна на стадионот беше Мухамет Сејдини, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Ние сме задоволни бидејќи овој проект го реализиравме сите заедно и е проект кој е повеќе од потребен бидејќи вие знаете,фудбалскиот клуб Шкупи е со голема традиција, секоја пат ни фалело простор за следење на натпреварите, бидејќи интересот е многу голем.“, рече Ганиу.

Но во договорот на Ганиу со граѓаните на општинските избори во 2017, беше ветено дека заедно со трибината ќе се изгради и спортската сала Партизан. Но таа не се изгради.

„Салата Партизан требаше да ја градиме заедно со Град Скопје бидејќи вие знаете, дел од даноците одат таму и побаравме со капитални инвестициии за проекти кои ни се подготвени, да се инвестира. Меѓутоа поради пандемијата со Ковид 19, некои од приоритетите ги пренасочивме.“, рече Ганиу.

Реновирањето на стадионот е финансирано од највисоката фудбалска институција во Европа, УЕФА. За реализација на работите се погрижи Фудбалската федерација на Северна Македонија и Општина Чаир. Оваа инвестиција чинеше 1 милион и 300 илјади евра.

https://mk.tv21.tv/sedum-para-nozhitsi-sechea-edna-lenta-tribinata-na-stadionot-vo-chair-e-gotova-no-do-kade-e-salata-partizan/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 09-Nov-2021 at 08:18
Ветувањата продолжуваат – изградбата на стадионот во Зајас до никаде



Продолжуваат ветувањата за стадионот во Зајас, но ништо не е преземено на терен.

Абидин Абази го подари земјиштето за изградба на стадион, а Џевдет Далипи подари земјиште за отворање на патот до стадионот.

Но, како што може да се види од снимките, овој пат е претворен во депонија. Далипи дошол од Америка да гласа, а во меѓувреме го посетил и местото кое им го подарил на младите од селото Зајас, но од глетката останал без зборови.

„Јас го подарив со многу желба, а сега гледам дека наместо да биде пат кој ќе води до стадион, стана место за отпад. Имам голема желба надлежните органи што поскоро да го направат за младината и за народот бидејќи сите избегаа во странство“, истакна Џевдет Далипи.

ТВ21 во февруари годинава известуваше за лошата состојба на стадионот, а една недела подоцна во Зајас беше заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Авни Рустеми заедно со градежен инженер и рече дека стадионот ќе биде изграден за 4 или 5 месеци .

„Се наоѓаме во стадионот Зајас, во село Зајас . ТВ21 го посети овој стадион во февруари и март годинава, при што по прилогот на ТВ21 местото го посети зм.директорот на Агенција за млади и спорт, Авни Рустеми, кој вети дека стадионот ќе биде завршен за 4 или 5 месеци. Иако поминаа 8 месеци, овде нема никакво движење, а сега имаме ново ветување за стадионот“, вели репортерката на ТВ21.

Од тогаш не зборуваше за овој стадион. На 29 септември, 2 дена по почетокот на кампањата, Авни Рустеми на неговиот фејсбук даде друго ветување каде се вели дека издвоени се средства во вредност од 130 илјади евра.

„Агенцијата за млади и спорт, во рамките на капиталните инвестиции во спортската инфраструктура, наскоро ќе започне со реконструкција на фудбалското игралиште во Зајас – Кичево, според сите предвидени критериуми и стандарди од областа на спортската инфраструктура. Најповолна понуда на аукцијата за реконструкција на фудбалско игралиште во Зајас го даде Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ ДООЕЛ фш. Зајаз, Кичево (8.000.000,00 денари)“, вели Авни Рустеми.

Овој стадион порано беше функционален и тимот на Зајас одигра серија натпревари, но сега од отпад не може да се стигне до стадионот. ТВ 21 дознава дека во 2011 година за првата фаза од реконструкцијата на овој стадион биле издвоени околу 40 илјади евра од Агенцијата за млади и спорт, а тендерот го добила фирма од селата на Зајас, но освен мал објект која е уништен, не е направено ништо друго.

https://mk.tv21.tv/vetuvanata-prodolzhuvaat-izgradbata-na-stadionot-vo-zajas-do-nikade/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 07-Jan-2022 at 18:09
Демолиран реконструираниот стадион во Чаир



Реконструираниот стадион во чаир е демолиран од непознати сторители. Ова може да се заклучи од објавените фотографии.

Дополнително стигна потврда и од МВР. Лицето Х.И. вчера во 14.53 часот во Полициската станица Бит-пазар пријавил дека на стадионот Чаир на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје во текот на ноќта (5-6 јануари) непознати сторители насилно влегле и оштетиле столчиња од трибините, врати и инвентар од соблекувалните, а бил запален и оган.

„Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегле на место на настанот и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.“, објавија од полицијата.

https://faktor.mk/demoliran-rekonstruiraniot-stadion-vo-chair
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 05-Feb-2022 at 11:34
Во тек се градежни активности за изградба на новата западна трибина на Градскиот стадион во Општина Штип

Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија, западната трибина ќе има капацитет од 2.400 седишта, простор за медиуми и за лица со инвалититет, ВИП ложа и ресторан. Во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.







https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.