build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски средини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скопски средини
    Posted: 12-Mar-2011 at 19:56
Направив еден едноставен пресек во пеинт во однос на средините во Скопје. Ги поделив на урбани, рурални и индустриски. Цртежот не е ништо спектакуларно ама дава едноставен поглед на средините.

Со зелено се урбани
Со плаво рурални
Со црвено индустриски

Како што може да се види на големо Скопје е покриен со индустриски средини кои опфаќаат и делови од централното подрачје. По ова се гледа дека многу од овие прастари објекти им е дојдено време за комплетно рушење како примерот во однос на Алумина.
Рурални средини има и во централното градско подрачје што ни е веќе добро познато.


NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Mar-2011 at 04:56
Се на се многу добра мапа!

Замерки:
1. Даме Груев (ГеГе) е претежно добро урбанизирана населба
2. Шуто Оризари исто така е доста урбано испланирана (со неколку исклучоци)
3. Делот карши Битпазар (оној што граничи со Универзитетот) е претежно рурален.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Mar-2011 at 16:07
Исто така Хром не ти е влезен во урбаните средини, а е дефинитивно доста урбана средина, но верувам дека е случајно, ништо намерно. У секој случај добар приказ.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6996
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Mar-2011 at 03:44
малку погрешна терминологија има тука, рурални се средините кои се наоѓаат надвор од рамките на градот, а тоа што дел од нашите урбани средини наликуваат на невидено село не значи дека се рурални...
што се однесува до рушењето, на мене во прв план би ми биле Ново маало и Маџир маало, Населба Пролет и куќарките кај МТВ како најцентарски населби, па потоа ќе видиме
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-Mar-2011 at 19:11
Според мене најпримитивни и најпотребни рушења на овие рурални и индустриски објекти и подрјачја се: Делот карши Холидеј Ин, Маџир Маало, Треска, делот индустриска средина по долж Трета Македонска бригада, Тутунски комбинат, Ќерамидница и дефинитивно ЧАИР
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3620
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-Mar-2011 at 19:17
Cair mora da se urbanizira!Najgolemiot chaos tamu e!Celosno ne e mozno no barem 1/4 od dsunglata!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Aug-2016 at 18:51


после недела дена од катастрофата во Стајковци која е проследена во нишката Служби за Тревожење, понатамошните информации за обновата веројатно поприкладно е да ги архивираме овде, а евентуално да се отвори засебна нишка кога ќе се соберат доволно постови

10.08.2016 - Штети пријавиле 5.000 семејства од 12 населени места - http://www.dnevnik.mk/?ItemID=3D8E6C13D87D97438BD6C60EE9835FB2

11.08.2016 - Штетите од поплавите се пријавуваат и во осигурителните компании - http://alfa.mk/News.aspx?id=112437

13.08.2016 - ЗК „ПЕЛАГОНИЈА“ ЌЕ ДОНИРА 100 ТОНИ СТОЧНА ХРАНА ВО НАСТРАДАНИТЕ ПОДРАЧЈА - [http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=15C009E70E5F0B488091D00193DFCC54
14.08.2016 - Граѓаните од поплавените подрачја ќе бидат целосно обештетени

Обезбедување на сто процентно обесштетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите е прва од пакетот од вкупно осум мерки што Владата на денешната седница ги усвои, а се наменети за настраданите во поплавените подрачја од Скопскиот регион.

Првата мерка за обештетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите, значи, како што истакна на денешната прес-конференција во Владата вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, дека граѓаните ќе бидат обештетени во целост, односно се што комисијата за проценка ќе го евидентира за оштетено, 100 процентно ќе биде надоместено.

Мерките вклучуваат и покривање на партиципацијата на здравствените услуги на сите нивоа во зафатените подрачја, ослободување на домаќинствата од плаќање месечни издатоци за вода и ѓубретарина во период од три месеци, еднократна парична помош за набавка на училишен прибор за сите деца во основно образование од кризните региони. Со мерките се предвидува и овозможување бесплатна изработка на елаборат за постапката за легализација за семејствата од погодените региони од невремето кои не извршил легализација на своите куќи, зголемување на паричната помош во следните три месеци за 50 проценти за семејствата погодени од поплавите кои се приматели на парични права од социјална и детска заштита, односно социјална парична помош, постојана парична помош, додатоци за мобилност за слепило и за глувост, помош и нега од трето лице и посебен додаток за деца со пречки во развојот.

Седмата мерка е обезбедување на 30 тони јачмен од државните резерви кои ќе бидат наменети без надомест, за сточна храна за земјоделците од погодените регионот кои имаат потреба од ваков тип на поддршка.

Последната мерка од овој пакет е во насока на излегување во пресрет на барањата на земјоделците кои имаат земјоделски посеви во погодените региони.

– Ќе им овозможиме бесплатна анализа и испитување на почвата, процес во кој што ќе биде потребно да се утврдат и можните потреби за нејзино прочистување, рече министерот Тодоров.

Пакетот од осум мерки е само дел од целокупниот процес на санација на штети и помош и поддршка за настраданите граѓани, рече Тодоров, најавувајќи дека за во иднина Владата разгледува и други мерки во најразлични области.

http://novatv.mk/todorov-graganite-od-poplavenite-podrachja-ke-bidat-tselosno-obeshteteni/


Edited by beTon - 14-Aug-2016 at 18:59
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 15-Aug-2016 at 16:46



Донесени процени и планови, реализација катастрофа - http://www.porta3.mk/doneseni-proceni-i-planovi-realizacija-katastrofa/

во текстов на Порта има една оштроумна поука сите поплави до сега биле резултат на обилни врнежи, требало прашањето да е зошто, дали и колку атмосферската канализација и во градот и во приградските средини е доволна за овие поројни врнежи, може и филмски да се види колкави канали прават по големите градови, а кај нас знаеме дека истите не се поголеми ни од метар, но зар до сега не се најде некој од хидролозите и геодетите да даде свое мислење околу состојбите, но и да било тоа случај аберот во најдобар случај залетал по некој медиум и толку, а заради што редно време е да се оформат инстуционални форуми каде сето ова би се филтрирало и архивирало, и како инфо и како понудени анализи, решенија, агенди ... па веќе и да нема оправдување дека сме направиле превид или не им било јасно предочено на одговорните од научниците и експертите, едниве теориски а другиве практично да ги опоменуваат    
Од настанатите поплави може да се забележи дека битно влијание имаат врнежите. Просечните годишни врнежи на подрачјето на Скопје изнесуваат 520,2 мм. Меѓутоа катастрофалните поплави се резултат на обилните врнежи на целото сливно подрачје на реката Вардар, кога количеството на врнежи изнесувало 80-100 мм за време од 24 часа

Зар треба да чекаме од надвор да дојдат за да не поучат, но кога веќе бараме помош од европеите нормално и да не удираат по'уши



~

проблемите не се од вчера а веќе некое време ги евидентираме во нишката за Атмосферска Канализација та ако градските средини имаат сеуште мукает, што пак селските

но чинам поразително е колку се дозволува градот да се шири, а општините да каснат со и околу инфраструктурата, неретко нит улици на време им немаат пуштено со изговор дека сеуште немаат проект за атмосферска канализација, правдајки го тоа со неисполнување на инсвеститорите околу плаќање на комуналиите, иако факт е дека штом се изработи некој ДУП и без да има заинтересирани инвеститори истиот треба да почне бар инфраструктурно да се заокружува, небаре од сиромаштија едвај за светло имаат општините пари а не па за инфраструктурна акција, иако за волја на вистината оние кои сеуште не се фискално [1][2][3] но и катастарски осамостоени [4] со ова си имаат мака, а реално и да се осамостоиле што попрво да стигнат да закрпат од она што веке децении е запуштено

затоа и неопходна е дополнителна помош од државата, ако не локална регионална, ете околу ерозијата, но ова треба да е на дневен ред на ЗЕЛС а тие потем заеднички да бараат помош од централната власт, и може е така кој да знае и кој да прати, бар тие како Општини да имаат таков институционален форум каде би се анализирале и коментирале до ситници сите проблеми, но тоа град Скопје нема вакво нешто а не пак општините, пардон може по некоја да има фејсбук профил или ЧПП таб на страната, но тоа се непртегледни расфрлани информации, наместо систематизирана евединција по сектори и одговорниости


~

потенцијално на вакви институционални форуми доколку се задолжителен алат на администрацијата и за комуникацијата со науката но и за информирање на јавноста, верувам и ќе се испеглаат многу рабори околу политичката хронологија, пример во форхендов на Коце убаво е срочена цела претходна приватизирачка нарав на скопските таковци, чинам до сега истата и да била некаде медиумски пуштена, дури во очи катастрофава и прозивките во однос институциита, скаларно векторски добива на сила, уште да беше тоа на форум па да се јавеше некој од старите градски татковци да треба да ја опрвада оваа распродажба, ќе треба за иста тема и научен и политички подфорум бидејки јасно е како ден дека тоа се додека не им преседне на граѓаните ќе биде агтипроповско бојно поле за бркање ветер и магла, но поарно на такво место и на волеј да истурат гурабиите, него ли да држат народ со празни муабети постојано во заложништво, она додека истиот медиумски секојдневно чека нечие ново капаче, бреј све сеирџии па уште и системски во тој филм завозени, ЗАТОА само обврзувачки државни форуми и веќе еднаш да прекрати сета оваа бесполезност на сета администрација

15.08.2016 - http://infomax.mk/wp/коце-ги-закопа-соросоидите-и-сдсм-п/




Edited by beTon - 15-Aug-2016 at 21:56
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Aug-2016 at 22:44

секоја чест за доброволците, во иднина истите и да ги попишуваат ако веќе тоа и не го сториле, а потем и симболично да ги наградат бар со пофалница, ако не со некоја скромна бенефиција како бесплатен јавен превоз и сл. иако самото учество во хуманитарна акција како космополитско чуство е награда само по себе за секој еден волонтер
што е за дезинфекцијата, не е лошо државата и понатака да ги упати граѓаните како да продолжат со чистење на домовите доколку за тоа имаат потреба, односно да им посочи кој е наједноставниот и најеколошкиот начин за секундарно или темелно чистење на просторот, опции веќе посочени во нишката за СТС дури и самата власт би можела да се ангажра да им стави на располагање на засегнатите буриња со раствор дали од боракс или од хидроген пероксид јасно со упатсво за употреба итн.

16.0862016 - ПРОДОЛЖУВА РАБОТАТА НА ТЕРЕН

РЕЧИСИ СИТЕ УЛИЦИ И ДОМОВИ ВО СТАЈКОВЦИ СЕ ИСЧИСТЕНИ

Во селото Стајковци, најголем дел од улиците и од домовите се исчистени. Извршена е дезинфекција во над 85 проценти од домовите.

Наскоро се очекува да започне и обесштетувањето на граѓаните чии домови и имоти беа поплавени и уништени во невремето што на 6 август го зафати Скопскиот Регион. Освен припадниците на АРМ, на терен работат и волонтери вработени во државните институции. Од 750 до 1.100 волонтери дневно им помагаат на граѓаните.

Премиерот Емил Димитриев вчера беше во посета на селата Стајковци и Инџиково и беше информиран од припадниците на Армијата за моменталната состојба на терен. Тој истакна дека се работи за голема сума пари што ќе треба да се исплати, но најважно е да им се помогне на граѓаните од поплавените подрачја.
"Сега работиме на исплатата на авансот. Многу луѓе немаат трансакциски сметки и, како Влада, го регулираме начинот како да го исплатиме авансот. Кога ќе бидат проценките конечни, како што ќе стануваат валидни, така ќе бидат исплаќани средствата. Нема да се чека целосно да заврши проценката. Големи средства ќе бидат ангажирани од Буџетот, но мора да покажеме солидарност и разбирање за луѓето", истакна Димитриев.

Покрај премиерот Димитриев, на терен беа и министерот за одбрана и министерот за труд и социјална политика, Зоран Јолевски и Диме Спасов, како и градоначалниците на Град Скопје и на Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=ED18C3AB6C62FF44BF513D4286EFFB4A
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Aug-2016 at 23:43



би било добро како спомен и за Трагедијата но и за Солидарноста, а како сеќавање стајковчани преку државата односно општната да кренат еден паметник, можеби да нарачаат мала реплика од овогодинешниот олимписки факел [1] бидејки невремето почна токму на првиот ден од олимписките игри , така и симболично лошиот настан ќе се поврзе со најсветлиот настан во овој момент, алудирајки на слогата како решение за секоја непогода, токму истата е и' лајтмотив на игрите каде садниците беа потенцирани како единствено чаре за климатските промени [2]

за наши услови тоа може да го сторат и симболично со изгравирана фотографија од факелот срочена слично на Фонтаната на Тоше во Лисиче, само нека ја стават во прилог некој пешачки мост, за да се знае дека не им бил лесен патот на стајковчани до подобро утре ... некој ќе рече глупости, но во споредба сите локални споменици, паркови и фонтани што се кренаа само заради естетски причини, еден ваков паметник па и со плоштад посреди ќе биде и потребен и оправдан




Edited by beTon - 16-Aug-2016 at 23:45
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 17-Aug-2016 at 17:19

17.08.2016 - ЕУ експерти: Уште три до четири недели ќе се чисти поплавениот регион

Се уште има потреба од чистење на калта и шутот во поплавените места, оцени холандскиот експерт за води Питер Глерум, кој го предводи тимот на ЕУ за проценка на штетите од поплавата.

Глерум вели дека ќе бидат потребни уште три до четири недели за да се исчистат регионите, но дека во оваа фаза невозможно е тоа да се направи со механизација, за тоа е потребна човечка рака.

Според експертот поплавените региони се уште не се целосно безбедни од можни нови поплави.

– Не е безбедно, бидејќи новите врнежи можат да предизвикаат поплави поради тоа што каналите се уште не се исчистени – рече Глерум и порача лицата кои спаѓаат во ранливата категорија засега да не се враќаат во поплавените региони.

Во однос на брзината на реакција за справување со поплавите, Глерум рече дека таа била слична како онаа во останатите земји каде тој вршел проценки.

Раководителот на Одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Клауке, истакна дека во изминатите 18 месеци ова е трета поплава во Македонија и дека минатата година на земјата и биле доделени 10 милиони евра за справување со овие катастрофи. Тој истакна дека е неопхпдно да се направат структурни промени за справување со поплавите и дека новата проценка ќе биде направена во координација со Светската банка и Обединетите нации.

– Врз основа на проценката ќе се оцени како да се справи со среднорочните и долгорочните последици од поплавата – рече Клауке.

Тој истакна дека потребно да се имплементираат системи за рано предупредување како и да се спроведат инструкциите од Европската Унија за справување со поплавите.

На новинарско прашање како го коментираат тоа што Владата бара финансиска и хуманитарна помош од амбасадите во земјата, а најавува градење забавен парк и нови барокни фасади, претставниците на ЕУ рекоа дека нема да ги коментираат приоритетите на владата.

Во однос на износот што ЕУ го издвои за поплавените, Клауке рече дека ова е првична помош, која е наменета за Црвениот крст за итно справување со кризата. Тој истакна дека благодарение на ЕУ, досега се обезбедени околу два милиони евра и тоа од земјите членки на Унијата и оти по проценката, ако е потребно ќе бидат доделени дополнителни средства.

http://meta.mk/eu-eksperti-ushte-tri-do-chetiri-nedeli-ke-se-chisti-poplaveniot-region/

можеби не е фер да се споредуваат поплавите, но онаа од циклонот Тамара имаше далеку поголеми материјални последици од оваа, иако доколку броиме статистички по жртви и популација процентуално ќе дојде дека приближно ист број на жртви сме имале, сепак парите што беа одвоени за Србија од солидарниот фонд не се споредуваат со овие одвоени за нас, иако овие 150к евра сега од EUSF се интервентни, додека подоцна посекако би требало да помогнат со далеку поголеми средства за ревитализација на инфраструктурата, сепак ова не ги спречува новинарите за сензационалистички наслови

17.08.2016 - Бриселска математика – ЕУ за поплавата во Србија одвои 99,75 отсто повеќе пари отколку сега за Македонија

Европската Унија ѝ најави на Македонија финансиска помош од 150 илјади евра за санирање на штетите од поплавите, односно само 0,25 отсто од помошта од 60 милиони евра што ѝ ја даде на Србија по катастрофалните поплави пред две години, пишува Дневник.

Тогаш Европската комисија одлучи од Фондот за солидарност да одвои 80 милиони евра за помош на настраданите земји, освен Србија, и Хрватска и Бугарија. За Хрватска и Бугарија беше предвидена помош од 8,96 и 10,5 милиони евра, а во соопштението на Kомисијата беше назначено дека овие средства треба да придонесат за обнова на виталната инфраструктура и услуга, надоместување на трошоците на спасувачките екипи, како и за чистење на подрачјата погодени од природната катастрофа.

Во соопштението потпишано од комесарот за проширување Јоханес Хан тогаш беше нагласено дека Србија пристап до парите од Фондот има бидејќи има статус на кандидат членство во ЕУ.

– Фондот за европска солидарност им помага на тие земји одново да застанат на нозе, да воспостават стабилност, по загрозеноста од штетите нанесени во економските сектори, како туризмот или уништените клучни инфраструктури – потенцира Хан.

Повеќе прочитајте во печатеното издание на Дневник

http://tocka.com.mk/1/204850/dnevnik-briselska-matematika-eu-za-poplavata-vo-srbija-odvoi-99-75-otsto-poveke-pari-otkolku-sega-za-makedonija%20


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-Aug-2016 at 10:44

денес ќе има рекапитулар за поплавиве во СОбрание, таман исчистија се на терен властите, бар она што е до проодност на терен и некаква враќање во нормала на ситуација околу последиците од штетите, бар дезинфекција комуналии и исхрана, нели колку да имаат чалам за правдање кога опозицијата ќе почне да ги прозива ... но од што иако нема бегање, сепак мислам дека речиси и непродуктивна ќе биде седницава в собрание денеска, та кој видел аир од политички агитпроп за изборни поени ... камо технократски да пристапат сите и со оладени глави да бараат решенија за во иднина, според мене во случајов најбитни:

1. нов Закон за Цивилна Заштита и формирање територијална одбрана
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3347&PID=215147#215147

2. неопходност од промоција на волонтерството и донаторството преку јавни кампањи, да се освести народ дека донираното законски им се одбива на фирмите од ДДВ-то, а така во голем дел многу и како ПР ќе донираат, што впрочем и оние големите го направија - ЗИК, Алкалоид, Пивара итн. но кога ова би им било јасно и на малите и средните претпријатија посекако сите безусловно ќе донираа, незнам кој е лимитот околу повратните донации, но и 5тина од фирмите во земјава да донираат симболично тоа би било екстра помош за нов почеток во кои и да е слични услови
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=429&PID=215136#215136

3. иако почетоков ќе нема крај за стајковчани додека власта не фрли камен за ново корито на булачанска река после обиколницата, претпоставувам сега после пороен дожд грото води околу обиколницата комплет се слеваат во тоа корито кај Стајковци
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=41537#41537

Продолжува собирањето помош, до сега собрани 740 илјади евра на сметка на Црвениот крст

Солидарната сметка и телефонските линии за донации на Црвен Крст ќе бидат отворени до следната недела. Рокот е продолжен поради големиот интерес од граѓаните и компаниите да помогнат на поплавените семејства. ДО сега се собрани 740 000 евра кои ќе ги распределат линеарно на секое од поплавените семејства. Дополнителна помош оштетените во поплавата од 6ти август ќе добијат и од ССМ.

До 29ти и ССМ продолжува со собирање средства и ангажирање волонтери на терен. Од сојузот контактираат за помош и со синдикатите од други земји.

Од утре помошта во материјални добра за настраданите во невремето ќе може да се предаде во магацинте на Црвен крст во Момин поток во Скопје од 08.00 до 18.00 часот.Телефонскиот број за донирање по 100 денари е 143 400 за сите мобилни оператори.

http://sitel.com.mk/prodolzhuva-sobiranjeto-pomosh-do-sega-sobrani-740-iljadi-evra-na-smetka-na-crveniot-krst

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Sep-2016 at 22:18

на пола саат од клипов Тони го правда кабаетот од обиколницата со ефектите во Страчинци, а некоја минута претходно вели дека водата како реки врвела по сите улички и улици во Стајковци, што дефакто упатува на тоа дека од цело сливно подрачје преку булачанска река се' ошло на крај во ова село, а што е резултат на немањето ерозивен кризен план кој би упатил на тоа дека буичните води самата обиколница ги турка кон булачанска река односно Стајковци ...

исто тука некаде во првиот дел од интервјуто се спомнува дека излегол и ИЗИИС на терен, та очигледно е дека ќе има процена и за статиката на оштетените куќи, а тоа значи дека обештетувањата ќе бидат целосни односно токму 100%, а јасно во добар дел покриени од европскиот кризен фонд, иако ќе мора и власта да притрча на помош

инаку на 1 час и 6 минути од клипов има информација дека на поклон сме добиле 6 сушалки за решавање на влагата која е апсорбирана во ѕидовите, а на што останува чудење како со нив ќе се поминат 5000 куќи, затоа неопходно е државата да им испрати на сите куќи по еден два тајфуна но и да им ја покрие истрошената струја при санацијата со нив, односно им донира ценовно одреден број киловати колку што би се утврдило дека с неопходни за одредена квадратура целосно да се исуши со нив

за каналската мрежа пак изненадува дека допрва ќе купуваме искуства од запад, а што правеа до сега позајмуваа од исток!? ќе копале езера и слично, хм 100 да ги направат бадијала заради тоа подземните воси во скопско поле, таму на пола метар имаш вода и сега да копнеш удоле, зошто јабучарот излегуваше таков ко што е и порано без многу многу пудрење, она што треба е масивни канали и големи корита кои каква и да е буица би ја канализирале кон Вардар



патем не видовме некоја општа мапа каде првично биле а каде ги нашле загинатите, немаше ни официјално објаснување зошто на телата не е извршена аутопсија [1] ниту пак што беше фората со тоа најдените мајка и дете 4 дена подоцна во калта [2][3] дали се фантоми дали се бело робје дали е заебанција, некој велат тој дел ид скопско поле е затрупан од диви доселеници од Косово кои на ангро креваат таму куќи бидејки горе е речиси се сотрено со осиромашен ураниум, а заради што во поплавата имало доста настрадани кои и не се евидентирани, што како трач бар ќе го шпекулираа и медиумите доколку беше вистина, можеби не милуваат да дробат на тема ејлиени па затоа



Edited by Max - 03-Sep-2016 at 04:28
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Sep-2016 at 11:18
tl;dw

го прашаа ли зошто проблемот, идентификуван уште во 2009та (баш кога е пуштен тој дел од обиколницата), досега не е решен.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Aug-2017 at 17:42
Нема друга соодветна тема за текстов, па тука нека биде...

Наумоски: Андреј Жерновски е катастрофален градоначалник

Мактел: Господине Наумоски, вие сте дел од невладината Плоштад Слобода, и ми се чини дека го насочивте вашето работење во следење на работата на градоначалниците во Скопје, пред сѐ Скопје и Центар, поправете ме ако грешам...

Н.Н: Па, да, локалните власти ни се примарен интерес.

Мактел: Вие, ми се чини, сте доста меродавни да ја оцените работата на екипата на Жерновски, како ја оценувате нивната работа? Дали би препорачале негово повторно кандидирање за градоначалник на Центар или пак дури и на Скопје, има такви амбиции кај Андреј, а и јавно се зборува дека е еден од можните кандидати за градоначалник на Скопје... Повелете објаснете во повеќе точки...

Н.Н: Катастрофално. Барем за прашањата кои нас нѐ интересираат, а тоа се СК014, јавните добра и простори.

Во однос на првото, Жерновски направи „ревизија“ на СК014 која е далеку полоша од онаа на БИРН, ги предаде спомениците на одржување на Коце Трајановски (како со тоа да не се плаќаат големите трошоци од сечии пари), ја доизгради колонадата кај обвинителството со „врзани раце“ бидејќи морал, не се обиде да спречи ниту еден нов објект од СК014 заради тие проклети „вразни раце“, а богами не успеа да ја урне и очигледната дивоградба пред зградата на ВМРО, иако најавуваше.

Кандидирањето на Жерновски ќе биде катастрофална грешка за коалицијата. Човекот нема никаков сенс за јавните простори, за доброто на послабите учесници во сообраќајот, за децата, хендикепираните, велосипедистите...

Човек кој ниту еднаш не се појавил на работа на точак, оди со кола низ Дебар Маало, кој никогаш не платил казна или имал проблем да најде паркинг, не може да знае каков е животот на овие луѓе.

Мактел: А што е со другото, градинки, школи, улици, паркови?

Н.Н: Би се воздржал од коментари за градинките, школите и сл. бидејќи ниту ни се од интерес, ниту пак сум родител за одблиску да сум информиран. Во однос на улиците и школите, тука лежи најголемата манипулација на Жерновски. Погледнете ги новите улици во општината. Реновирани се само коловозите, но не и тротоарите! Улицата не е само делот што го користи тој (оној со колите)!

На секоја од новите улици тротоарот е претворен во паркинг (кој патем корумпирано се наплаќа), на оние каде што има столбови за да ги заштитат пешаците, сепак не се проодни затоа што се неисчистени од стара урбана опрема. Во Дебар Маало нема ни 50 метри слободен тротоар! Еве го канам Мактел да оди на терен и да најде! Вклучувајќи ја и најголемата лажга - боемска улица.

Во однос на парковите, битно е да се укаже дека тоа се стари локации коишто се само раззеленети со прескапо платени грмушки, цвеќенца и „високошколувани дрвја“. Земете го за пример паркот кај Кино Карпош. Одеднаш го отвори, којзнае колку чинеше, а ако погледнете во ДУП-от, се работи за градежна парцела. Тоа значи дека уште утре може сопственикот да дојде, да ги пресече дрвјата и да почне да гради.

Еве, не мора утре, може на 16 октомври веднаш по изборите. ДУП-овите што сакаше да ги донесе, особено оние во Дебар Маало, предвидуваа дополнително намалување на зеленилото на сметка на зградите. И тоа вели морал да го направи, зашто му биле врзани рацете.




Мактел: Значи кај вас има една генерална недоверба во однос на тој изговор врзани раце, можно ли е навистина да му се врзани рацете, зарем очекувате ДПМНЕ така лесно да му ги даде спомениците за тој да ги руши со хилта? И кога велите прескапо платени, со кои аргументи го кажувате тоа, имате ли споредба направено со други такви паркови, ги знете ли цените на тие грмушки и останати апликации, како што се детски игралишта итн. кои се дел од овие паркови... Ние новинарите добивме чувство дека се работи за градоначалник кој работи домаќински, 14 пати помалку трошел на репрезентација, со релативно мали пари направи многу убави училишта и градинки споредено со она што го трошеше режимот за споменици и фонтани...


Н.Н: Никој од него не барал да ги руши со хилта, дури ни во најлудите сништа. Но, мораше да има каков било осмислен пристап кон СК014. Врзаните раце беа убав изговор за него да не се бави со горлив проблем и да се фокусира на потребите на боемите во Скопје.

Во однос на СК014, погоре ви наведов неколку примери, но би додал и дека не поднел ниту една кривична пријава против претходниот градоначалник или неговата администрација за злоупотреби со спомениците (самиот во ревизијата најде лиени споменици платени како мермерни).

Цените не се достапни на увид во јавноста, бидејќи се затскриени со тековни програми, а не со јавни набавки - еднократни тендери.

Така што, нека повели Жерновски нека каже колку чини една грмушка и ќе видите зошто ги има толку многу на квадратен метар во секое паркче.

Секоја споредба со режимски градоначалник би го направила Жерновски да личи на ангелче, но сепак, да го мериме со асални луѓе.

Мактел: Кој поднесува кривични пријави, тој или обвинителството и МВР, ние и ден денес немаме никакви кривични за никого а СДСМ е на власт 3 месеца ради копукот Зврлевски?

Н.Н: Кривична пријава може да поднесе и физичко и правно лице, но и институција. А тој ги има на располагање општината, документите, правната служба, сите ресурси за да поднесе кривична пријава, а не го направил тоа.

Инаку, да ве потсетам дека обвиненијата на СЈО беа првично процесирани како кривични пријави од СДСМ до ЈО на Зврлевски, така што очигледно е можно.

Мактел: Овие ваши ставови дали се лични или се на повеќе луѓе во вашата НВО, колку луѓе брои Плоштад Слобода, дали овие ставови се раширени меѓу останатите луѓе кои живеат во Центар?

Н.Н: Не само што не се лично мои, туку имам впечаток дека сѐ повеќе луѓе се согласуваат со овие ставови. Распрашајте се по невладините организации, луѓето што живеат и работат во Центар, дали се задоволни од неговата работа.

Мактел: Дали во критицизмот кон сработеното ги земате предвид сопките кои му ги ставаше режимот, дали е ова можеби максимум што можеше да се направи или мислите дека се работи за нешто друго?

Н.Н: Многу е јасно дека имаше сопки, тоа никој не го оспорува. Но, јасно е дека не му беше проблем и да се ујдисува со режимлиите за лична корист.

Земете ја за пример зградата на КК Работнички. Жерновски си објави дека на парцелата Бауер ќе гради нова сала со јавно-приватно партнерство. Како може да објави такво нешто ако не е во договор со најголемиот изведувач на СК014!?

Мактел: Значи алудирате на корупција?

Н.Н: Апсолутно! Друг пример: скараните Шиповиќ и Жерновски на крајот на минатата година се договориле дека нашите тротоари ќе ги дадат за некоја фирма да печали пари со билборди.

Распишале оглас на 31.12 со рок од седум дена, се појавила една фирма и ги добила локациите по багателна цена (500 евра по билборд чинам или 10.000 годишен приход за општината). Па уште и Коце го наговориле да им ги одобри локациите! Кога се работи за корупција, нема врзани раце!

Еве и линк до веста што порталите упорно ја игнорираат: http://gradzasite.mk/11-bilbordi-na-orce-nikolov-6-na-leninova/

Мактел: Која е таа фирма, како се вика?

Н.Н: Пишува на линкот погоре.

Мактел: Да, некоја Медиа Центар Маркетинг... Сумите се навистина комични...

Н.Н: Ете така, децата ќе немаат тротоари и паркчиња, а општината ќе добие 10.000 евра за тоа. Кој е овде луд!?

Мактел: А како ја оценувате работата на Паркинзи Центар?

Н.Н: ПОЦ го сметам за бесмислено претпријатие. Не затоа што паркинг фирмите немаат смисла, туку затоа што кога е јавно, тогаш мора да се грижи за општото добро, а не за парите.

Во таа смисла, ПОЦ нема никаква мисија да го уреди јавниот простор, да воведе ред, да едуцира, да помага. Напротив, целта им е само да генерираат поголема наплата и затоа не им е проблем да наплаќаат и од неуредно паркирани коли на необележани места.

Општина Центар нема поим колку коли има во општината, колку секојдневно се влеваат и излеваат, колку паркинг места има, колку од нив се на улица, колку се на тротоар, колку има во приватни гаражи или парцели.

Ги нема овие податоци и не сака да ги има. Затоа што тогаш ќе мора да се бори со проблемот со паркингот, наместо да го јава. Единствена олеснителна околност во оценката е постоењето на Градски Паркинг и нивните постојани кавги коишто веројатно обесхрабруваат каква било севкупна паркинг политика.

Мактел: Па нели треба да има приход со кој ќе се плаќаат паркинг простори, катни гаражи итн.? По таа логика не треба да има ниту Паркинзи Скопје?

Н.Н: Треба да има, но не треба да биде приоритетен пред слободното движење, здравјето и безбедноста. И на Менхетен можат да имаат богато паркинг претпријатие, најбогатото во светот веројатно, па ете се движат кон ослободување на островот од возила.

Мактел: Последниот смртен случај во Дебар Маало крена многу врева, се префрли одговорноста на општината, а не на возачот или пешакот?

Н.Н: Таа уличка (Грубишиќ и Дебарца) беше тема на разговор и преписки со Жерновски многу одамна и многу често.

Му укажавме дека има хаос на улицата, дека нерегуларно се паркира, а никој не казнува, дека секојдневно има камиони што возат во рикверц (заради запушената улица) на место каде што има школо, библиотека и факултет, каде старци секојдневно одат на пазар и се враќаат со тешки торби. Жерновски не само што ги изигнорира нашите барања, туку и сакаше да ја направи уличката двонасочна и да ја отвори кон Партизанска.

А богами и во текстуалниот дел на ДУП-от сакаше да прошверцува и бензинска пумпа на местото на пазарчето. Возачот е секако највиновен во случајот, но вакво нешто ние предвидувавме дека ќе се случи бидејќи и неодговорните возачи треба да ги имате предвид при проектирањето на просторот.

Мактел: А од каде ви се толкавите познавања за уредување на простор, преку невладините или сте по образование архитект каде овие работи се учат? Овие размислувања првпат ги слушам, ретко се отвораат вакви дебати, освен онаа старата тема дали да се градат или не згради, на што вие знаеме дека сте против...

Н.Н: Не сум архитект, но зелените политики ме интересирале од секогаш. А тоа се политики на јавни добра, простори и одржливост. Не сум против градење, апсолутно. Против непланско и неодржливо градење сум!

Мактел: Но, кога сме на таа тема што е со интересот на бизнисмените, сопствениците на парцели, идните жители кои би сакале да живеат во атрактивна општина, идните дуќанџии и фирми кои сакаат деловен простор таму? И самата општина што треба да наплати комуналии за да инвестира потоа во нови потребни школи, градинки итн...

Н.Н: Одлично прашање. Всушност, голема придобивка од зелените политики имаат малите и средните бизниси. Ослободените тротоари го зголемуваат прометот во продавниците и кафаните. Тоа е вистина докажана многу пати во секој напреден град.

Преселувањето од кола на точак го намалува загадувањето, ја зголемува безбедноста и просечниот животен век во градот и дури и тоа може да се квантификува во пари за да се докаже дека е повредно.

А за зградите - градењето на неплански, непотребни згради, ниту ја намалува цената на квадратот (како што гледаме насекаде во Скопје), ниту го подобрува животот во маалата.

Лошо поставените и изградени згради ја спуштаат вредноста на соседните станови, го влошуваат проблемот со паркингот, со тротоарите и никако не придонесуваат кон подобар локален развој. Во однос на приходите од комуналиите, ве поканувам да ги видите бројките на Општина Центар за да заклучите дали се навистина толку потребни. Најголемиот дел од буџетот на општината доаѓа од други места, а не од комуналии. А и секаде е така.

Впрочем, кои комуналии ќе ги наплаќа Општина Центар кога ќе се изгради зграда и на последната празна парцела? Како ќе се финансира тогаш?

Мактел: Ви благодарам за интервјуто.

РЕАКЦИЈА НА АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ: Дали некој верува дека Груевски, кој сакал да ме шамара, ме оставил мене раат нелегално да работам во Центар? Наумовски зборува паушално и покажува огромна омраза кон мене, но еве ги фактите!

Господинот Наумовски повторно демонстрира големо непознавање на работите од една стана, но и голем личен анимозитет спрема мене од друга страна.

Јавноста не треба да остане изманипулирана и лошо информирана, па решив да одговорам на неговите обвинувања.

Ревизијата на криминогениот проект „Скопје 2014“ е одличен документ, изработен од поранешните претседатели на Антикорупциската комисија, Драган Малиновски и Слаѓана Тасева, како врвни експерти во наведената област, кој имаше огромно влијание во разбивање на власта и откривањето на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

За негова информација, документот е во јавното обвинителство уште ден по неговата изработка. Со промената на Зврлевски, обвиненија по таа ревизија може да се донесат веднаш.

Второ, кога ја презентиравме ревизијата во јавноста, за првпат и медиумите и граѓаните можеа одблиску да се запознаат со обемот и начинот на кој се правел криминалот од страна на тогашната власт.

Трето, ревизијата беше преведена на англиски јазик и веднаш доставена до сите меѓународни организации и амбасади, кои многу сериозно го разгледаа тој документ и врз кој ги правеа информациите за работата на Владата на Груевски.

И за крај, таа ревизија беше основа за градење на предметите на СЈО за „Скопје 2014“, што подоцна го потврди и самото СЈО. Ако ова не му е доволно на г-дин Наумоски, тогаш или е политички неук или е крајно тенденциозен.

Наумоски манипулира кога вели дека не сум направил ништо да го спречам „Скопје 2014“ Еве шанса да го потсетам што сѐ направив во таа насока, па нека суди јавноста.

Спречивме изградба на три барокни катни гаражи и ги пренаменивме парите или парцелите за нужни капитални инвестиции.

Кредитот за барокната катна гаража кај „Нова Македонија“ го пренаменивме за изградба на новото основно училиште, најсовремено на овие простори, кое него, цитирам, не го интересира.

Барокната катна гаража, пак, кај „Автомакедонија“ ја спречивме целосно и не се изгради. А огромната и најгрдата од сите, катната гаража во Градски парк, ја спречивме и на тоа место во моментов имаме конкурс за предлог-решение за изградба на спортска сала.

Второ, ВМРО-ДПМНЕ, по губењето на власта во Центар, над 20 пати пати вршеше промена на Законот за градење и Законот за просторно и урбанистико планирање, при што се одземени ингеренциите на локалната самоуправа (нормално, поради Општина Центар) и дадени на Градот Скопје.

Со овие промени, ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги префрли ингеренциите за менување на фасадите на зградите во рацете на Град Скопје и на тој начин продолжија со унаказување на центарот. Сѐ останато, кое ние можевме да го спречиме, го спречивме.

Трето, имав преку десет прес конференции со кои алармирав за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа кои луксузни парцели во Центар ги одзедоа од локалната власт под превезот на „градби од посебен интерес“. Дури на една од овие прес конференции бев заедно со Наумоски, се чудам како тоа го заборавил.

Наумоски не ја кажува вистината ниту за ДУП-овите. Манипулира со фактот кој го знае добро, а тоа е дека Општина Центар не може да спречи градби за кои се добиени дозволи поради претходното изгласаните ДУП-ови од страна на претходната општинска власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Повторувам, сѐ што се гради во Центар во овие четири години е изгласано од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ! Законски не смее да се спречи издавање на дозвола за градба, колку и да сме против тоа.

Што предлага Наумоски, да одговарам кривично за попречување на градби? Ние во нашиот мандат не донесовме ниеден ДУП и со тоа де факто имаше мораториум на нови градби. Единствен ДУП кој е донесен е оној кој ВМРО-ДПМНЕ го донесе со поддршка на Претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ.



Многу е чудно како и тоа не го споменува Наумоски. Со тој ДУП се започна изградбата на десеткатницата на Водно, да го потсетам. Второ, во сите предложени ДУП-ови во прва фаза, ги продолжувавме јавните анкети за двојно повеќе од предвидениот законски рок, за граѓаните и нивната невладина организација да имаат доволно време да ги разгледаат.

Ниту една друга општина го нема сторено тоа, најмалку Центар со претходното раководство. Преку 10 состаноци сме имале и транспарентно сме работеле во таа насока. ДУП-овите нема да се донесат без отворена консултација, а колку што се сеќавам, низа забелешки се прифатени токму од него и неговата група.

Ноторна лага е дека сум се обидел да го „прошверцувам“ ДУП-от Дебар Маало, каде сум сакал да дозволам изградба на бензиска пумпа. Убаво се сеќавам и одговорно тврдам дека тој и неговите соработници беа први кои во рака го имаа предлог ДУП-от и таму немаше никаде бензиска пумпа! Сакам, за крај, да му порачам нешто и за омаловажувањето на притисоците и сопките, за кои вели дека сум ги имал, ама не биле за оправдување.

Никола Наумоски не може ни да замисли, ни на сон може да му дојде, за какви притисоци и закани по мене и по мојата фамилија станувало збор. Од сесрце му посакувам такво нешто да не му се случи никогаш, особено не на неговите деца. Правните и политичките сопки да не ги ни спомнувам, тие него и не го интересираат.

Според обвинувањата во интервјуто, очигледно е дека го избегнува тоа, не сака да го призае како проблем во работењето на општината. Наумоски многу лесно си изјавува дека „апсолутно имало индиции“ за некаква корупција во Центар. За каква? Има ли докази? Ќе го истражи ли тоа, ќе поднесе ли обвинение? Ние ништо не криеме, но паушални обвинувања не трпиме.

Второ, знае ли Наумоски, дека ако имаше некаква корупција, досега ВМРО-ДПМНЕ ќе ме имаше затворено десет пати? Знае ли Наумоски дека финансова полиција имаше три екипи кои исклучиво и посветено работеа на барање криминал и неправилности во општина Центар и не најдоа?

Дали некој верува дека Груевски, кој сакал да ме шамара, ме оставил мене раат нелегално да работам во Центар? Шпекулации и неосновани обвинувања за корупција се недозволиви за некој кој се дефинира себеси како борец за правда. Тоа не е правда. Тоа не е во ред и зад тоа однесување на Наумовски сметам дека има скриени намери кои само тој си ги знае.

Многу е очигледна неговата нетрпеловост од фактот што ниеднаш не пофалил ниеден проект во Центар. Пазете, кажува дека паркот во Дебар Маало, кој е прв парк по 13 години во оваа населба, бил на градежна парцела и некој ќе го срушел. Смешно. Не спомнува преку 250 насадени дрвја и реконструирано зеленило, кое го смета за „обична работа“.

Не ги спомнува новите дрвореди во Дебар Маало, на улица каде ВМРО-ДПМНЕ ги исече итн. Знаете, ст
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.