build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Традиционална архитектура во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Традиционална архитектура во Македонија
    Posted: 25-Dec-2018 at 18:44
пред некоја минута само што потфатив на МРТВ изворна песна во интерпретација на Васка Илиева ... поточно крајот ... вели

КУЌА ЧАРДАКЛИЈА со ДУШЕМЕ ЈАЈЛИЈА ем ПЕНЏЕРЕ ЌОШЛИЈА та и ТАВАН АМАЈЛИЈА

првиот и третиот епитет разбирливи, но вториот и четвртиот не ми се познати, има ли некој абер на што се однесуваат овие два епитети Под Јајлија и Плафон Амајлија, поледново претпоставувам се однесува за Таваница т.е. Плафон а не за Таван под Кров ... можеби амајлија е формата или пак резбани орнаменти на Таваницата!?

Јајлија како збор е вбројан под Предмети со одредени надворешни карактеристики, a како турцизам - стр.59 од Филолошкиов Зборник, логично форма на Јајце но немам сртенатот таков Под т.е. Душеме, Патос ... можеби Лакиран Под е во прашање да свети ко Погача премачкана со Јајце ...

има ли некој Етнолог на форумов!?
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Oct-2016 at 08:08

кадар на маалото каде се фотнати куќите



Edited by +Protagorist - 14-Nov-2017 at 04:07
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Sep-2016 at 07:07


може кога би немале разгалени имиња кај револуционерите ко Гоце Пере Даме може во овој случај би успеале народ да ослободиме, но уште на Никола да гледаат како Николче и ето шанса за дефокусирање, а после ќе исполнуваме футуристички хирови ко разводнети етно села или меани меѓу пицерии, нели се во име на профитот наместо животот, та зар не стремиме кон изботирана иднина [1]


~

еве сличен пример како погоре каде исто предниот дел од горниот спрат е со керпич, но не настрадал толку ко останативе, можеби бидејки лицето не му е на југ туку на запад, но за ова фактор може не е само сонцето туку и локално ветерот за во комбинација со дожд така да влијаел на срозување на фасадите ... инаку куќиве се кренати пред околу еден век, повеќето печалбарски, а има и братски а такви ко цели касарни, но бидејќи беа фрактално камуфлирани од зеленило та ги заобиколив, здравје во друга прилика

кај овој пример интересно е дека не само предниот дел од фасадата него сите освен задниот кон плевната е малтарен со украсна фасада, што за двоспратна куќа дефинитивно укажува дека домакините биле печалбари, а според стилот куќата е крената некаде околу балканските војни, интересно кај нас ќе да нема никој некаква студија за фасадна орнаментика од 19-ти и 2о-ти век









Edited by +Protagorist - 26-Feb-2017 at 01:04
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Sep-2016 at 21:00

интересна појава ова малиот отвор под кушакот, сигурно нешто како испустен канал, но бидејки е мал ем ниско на метар висина, веројатно бил за вода, но ако е тоа случај на тој дел фасадата би била замината, можеби простор каде бил заглавен држач за ограда некогаш, друг чуден момент е што нема ни оџак, хм мистична куќа и ко род и ко архитектура ...

~

од спротива под неа уште една полураспадната грамада, а на која и паднал токму предниот јужен дел кој бил од плитар, додека како кај куќата од првиот пост погоре сите останати од трите страни сеуште стојат, ваквата состојба колку што се сеќавам е можеби две децении, а за да се ревитализирапосекако ќе треба и некој цирклаж, иако со пола метар камен ѕид макар само и тространо врзан ни тоа не треба







интересно дека ни последните земјотерси не успеаја да ги сотра



Edited by +Protagorist - 29-Sep-2016 at 21:12
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Sep-2016 at 14:58

оваа е гро план од куќата горе десно во продолжение на горната фотка


~

и не мора да се напола распаднати за да се отуѓат, што ако не се направи бидејќи не се безбедни или пак заради културно наследство, да се национализираат заради небрежност, та штета е и за оние кои се колку толку во добра состојба да се запуштат, и под итно да им се наложи на сопствениците, или итно да мора да ги обноват во своја режија, или тоа да го направат во сослух со државата, а за сметка на таквата помош да мораат куќата да ја стават туристички на располагање на општината ... но само комуналии да почнат да наплаќаат општините, мислам дека и самите сопственици ова ќе го бараат доброволно како компромис, со оглед дека најголемиот дел немаат регулирано сопственички права, па како повеќе деленици на една куќа ова и за нив би било повеќе од прифатливо ...



... пр. следнава куќа е сопственост на поранешен македонски владика во бугарската егзархија, и ај што истиот сигурно нема свои наследници ами и подалечните роднини посекако нит ќе ја наследат нит пак би плаќале за неа комуналии








Edited by +Protagorist - 14-Nov-2017 at 04:03
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Sep-2016 at 14:48

во однос последниот пост за селски туризам во нишката ЗРЖ еве за кои и какви куќи говорам дека би требало да се национализираат како културно наследство (оние кои немаат решена сопственост и нема изгледи да се реши) а ко такви и државата да ги обнови индиректно [1] можеби доволно како емотивна компензација за семејствата на кои ќе им се конфискува дадена куќа да им се даде право еднаш годишно да имаат бесплатен престој таму пр, месец дена туристички престој, така и волкот сит и овците на број, а потенцијално бар 10% од традиционалната архитектура по селата обновена и впрегната во рурален туризам, запчаник кој потака може да повлече и социјални спони, а потенцијално и самоодржливи комуни

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=216075#216075

аберов од линкуваниов пост разберете го како револуционерна можност за ослободување на градски заробените сограѓани, чии стремежи за слобода заглавиле пред тв или комп, на страна што нема ни кој да ги организира, да не звучам ко Пере Тошев но дефинитивно е време да се формира бар ~ организација за ослободување ~ [1][2][3] иако не мора востанието да е урането [1][2][3] колку да се фрли чалам ко во случајот со етно селото

~

во следните неколку поста еве примери од полураспаднати куќи во едно исто маало од едно подпелистерско село, бар оние куќи кои не беа толку зажбунети и можев да ги фотнам, вакви ги има на илијадници ширум земјава, навистина жално и греота сето ова да се поштомдоса!

предниот дел од третиот спрат на куќава го ѕидале со тули, а денес потенцијално може да се обнови со балирана слама [1][2][3] реално за целосна автентична обнова нема ни простор ни време во ваков случај, а евентуални компромиси заради ипард се дозволиви само како природен материјал а во костец асеизмичка интервенција ~ сламените бали гарантираат лесна конструкција ем здрава изолација, идеален компромис за секоја селска куќа      

фактички бидејќи е на рид куќата е скалесто исправена со визба до патот приземје над патот, а спратот над тумба














Edited by +Protagorist - 14-Nov-2017 at 03:40
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Sep-2016 at 15:21

еден од начините како после земјотрес да се осигура стара камена куќа без струкнурно да се гиба истата

а ете со малку оштроумност сето тоа може и фино пејсажно да се замаскира

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Sep-2016 at 16:00


колку значи расцветана авлија во една сцена, нормално и фотографот бар малку од малку да има осет за сцена и техника, но да знае да брка и моменти, а не само попатни фотографии



а и традиционалната градба во различни сезони, а не пак периоди, различно зрачи, истава Куќата на Кочо Рацин горе делува неверојатно транзиционо, додека тука е како од чорбаџиска бајка

еве на следниов пример Куќата на Васил Главинов колку и со една две ластарки надпорти знае да развесели визура, а не пак ко во минатото кога градината и нејзините цветни фрактали по сокаците биле речиси неодминливо доминантен елемент и кај селските и кај градските куќи во земјава, повеќе како домакински фетиш него малџиски чалам, нормално домакинките немале комп и тв па слободното време го минувале хортикултурно преку пролетта и летото



патем изротирани еркери, ова мислам не е правилен архи термин, знае ли некој како поточно се викаат ваквите испусти можеби полу-еркер или кос-еркер ...



http://www.veles.herobo.com/index.php/kultura/spomenici-veles/91-spomen-kuka-vasil-glavinov



ме чуди до сега немам налетано на абер за тоа кои биле неимарите на попознатите мак.тра. градби, веројатно историчарите, етнолозите или архитектите со време требало да разберат кои тајфи биле прочуени, а доколку постојат такви податоци дефакто треба некој да ги популаризира, можеби Архивот на РМ во некој устабаџиски анали, а доколку немаат инфо дури и ден денес не е касно да се прибира истото но за денешни услови најефективно преку јавна медиумска анкета, бар додека дедовците на заминување сеуште имаат вишок чаршиска меморија за споделување ... камо на вакви теми локално секој град да имаше по една тв-бурекџилница каде место политика би се бистреле културно-историски мотиви



Edited by beTon - 18-Sep-2016 at 19:19
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Sep-2016 at 05:18

интересна аналогија за потеклото на мак.арх. дека не треба да се гледа како отомански или византиски сублимат на стилови туку попрво античко неолитски кросовер на кој се надоврзуваат следните автохтони архи изрази, што донекаде е точно доколку се споредуваат неолитските колиби и средновековните братски куќи како профана арх. или пак античките тумули и средновековните куполи[/url како сакрална архитектура

https://soundcloud.com/user-427976499/korenite-na-makedonskata-arhitektura

се останато вреди да се чуе и анализира од аспект на архитект [1][2] кој ако не ги инспирирал и мотивирал посекако отворено ги подржал надлежните за скопското патинирање, иако нивната мотивација е пред се финансиски фундирана, а затоа и недоносена во изведбата ... во еден дел заради макроекономски спин, во друг туристички, трет дневнополитички (кој мислам е и најкорисен денеска) со кој се дефокусира вниманието од името и одродувањето односно постојаното уценување на масите за еа-пенетрација, вака власта речиси им го бапна проектов на медиумите и дома и надвор како најбитна тема, купувајки време во однос на се' ... но нема оправдување зошто посреди сета класика не најдоа простор за кросовер со византиската архи мисла ...

конечно последното неокласично скопско патинирање даде акцент токму на византиските и отоманските споменици на културата кои претходно здраво беа угушени од брутализмот, за сега вака да добиеме токму архи шопска салата на која речиси неокласицизмот и легна како сирење, но ко што и порано имам истакнато одговорните не увидоа дека идентитот не е нит сирење нит кашкавал та со рендање да го посипуваат, но ајде фастфуд времиња потреби и желанија, па и разбирлива е сета еклектичност, баш бидна идеален архи-еклер работава [1]

~
зошто ова го постирам овде, просто нека им биде за поука на идните генерации да синкретизираат што повеќе мак. арх. традиционални елементи во своите архи визии, ако не директно индиректно и експериментално, но нека бидат храбри и што поавтентични, искрено би сакал бар Керамопластиката [1][2] да добие на тренд и цена, да ја редат и на огради и на прозори, макар и ко витраж или пак алубонд лепенка, битно некаде некако да истакнеме од каде ни е коренот и изворот од кој се напојува ... речиси чукни во дрво е работава бидејки за ова и ден денес нит професорите имаат акал ...

... да не говорам што фракталниот момент ни од блиску го немаат наследено од своите предци кои не само во акралната него и во профаната архитектура изобилно го користеле, па еркерите не се само класичен испуст, туку и изортиран давајки им на куќите динамика па и мелозвучност во одност цела околина









Edited by beTon - 18-Sep-2016 at 09:18
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Feb-2016 at 21:34


може ли некој да посочи колку тоа Килерот, Кералот (кералчето) односно Шпајзот бил задолжителен дел од тремот кај братската куќа, иако логично е дека уште во неолит намирниците се чувале в соба   но сепак мислам дека тек потем кога  почнале стоката да ја одвојуваат во плевна, дури тогаш се отворило простор кујната со се килерот да добијат засебно место...

има една интересна книга која допира до овие моменти, но истата е  само мал дел од традициите на различните региони в Македонија,  пр. некому килерот му бил под душеме ко кај јапонците [1][2] а некаде тоа било галерија на таван доколку станувало збор за едноспратна куќа, та зар не сме познати по езгиите, чинам ако некого прашаат која е главната одлика на Македонците единствена а универзална би била - Импровизацијата, што се вели и брусли да ни позавиди  

http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/MKD/Kniga_Trpeski.pdf

http://iskonmakedonija.blogspot.mk/2011_05_01_archive.html

~

едит: за неупатените, да не ве чуди муабетот за Килерот,  истиот веројатно  е одомакинет гурбетлиски превод за шпајзот http://www.makedonski.info/show/килер/м 




Edited by +Protagorist - 22-Feb-2016 at 22:44
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Feb-2016 at 09:34


еве примери од Егеј [1] и од Пирин [2] а за Вардарот и не треба да спомнувам [3]

~

Дејги Душо Измачена е работава во однос животот во бетон и копнежот за камен, иако за кратко пишувам од село а в камена куќа, она печалбарска со полметро ѕидои, но за жал со пвц дограма и лимен кров нанеа, можеби гротескно, но за градски луѓе веројатно и ваков кросовер е добредојден за полесно да се аклиматизираат и комфорно уживаат во зимувањето, до душа ова пластикава незнам веќе дали и некаде ја нема, ќе повторам загреота, но како велат на поклонет коњ нели не му се пули во забалото, бар скалите се зачувани ко дрвени ако ништо друго, а кога ги гледам селава испустени би прифатил и ваков компромис само за да се вратат во живот ко некогаш, ајде до следната катаклизма има доволно време за преку ИПАРД истиот и озбилно да се релативизира  [1] та зар никој несака да живее сред убаини со овци, мечки, волци, селска идила и контраразузнавање по старата селска калдрма ил макадам

~

кога на архитектурата пак ќе и се пришие историскиот момент, воопшто на урбаниот табиет на некое место неговите преданија и митови, сето ова оживува особено, ова село во кое сум сега е трипати опожарено од турците пред по и за време Илинден, а претходно пак било на рутата на Виа Игнациа, претпоставувам во среден век Петар Делјан тука мрсел нечии руси коси, а денес дише осамено чекајки на идните еко-револуционери да го оплеменат со везени пиперки по стреите и чардаците



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Feb-2016 at 08:28


ако се види подобро од тоа првата фуснота во горниот пост пр. под табот на Грција претставени се градби од Егејска Македонија кои се идентични со градителскиот стил на мијачките и костурските тајфи кои греле ширум балканот од Истанбул па се до Венеција
дилемата ми е колку и каде е потипичен ваквиот стил на расфрлани еркери, дали истите биле норма во отоманската империја, и колку истиот стил е застапен навор од географска Македонија односно масовно присутен во друг регион, иако заради Мијаците пр. цел Елбасан или Драч биле извезени со еркери во минатото, а претпоставувам тоа било случај и со Москополе со оглед дека власите ко позафатени лихвари ги најмувале токму мијачките и костурските градителски тајфи да им ги скротат домоите

да не бидам погрешно разбран, не ми е цел да фрлам чалам, ами пробувам да го фатам моментот на даден тренд во дадено време, ко што е тоа случај со фракталните еркери кои токму тука во Македонија доживеале експлозија, макар истите претходно ко обични конзолни испусти биле веќе норма во византија, а можеби и грешам бидејки аберов не ми е потпен на нечие истражување од некој историчар на уметност, но и да имало таков тешко дека истиот би можел да посочи каде и во колкава мера се јавил некој архитектонски тренд а кој потем станал специфика за одредено поднебје
во овој контекст попрво би помогнала поука ко онаа од митот за Курбизје кој за време на својот архи аџилак по балканот бил изненаден од македонските градови и нивната фракталност како во урбанизмот така и во архитектурата, која изненаденост ето велат потем ја преточил во своите револуционерни архи пориви, визии кои ги црпел од 1906 до 1912 кога архитектонски се сефтосал ... токму во тој период Македонија имала доживеано архи процут, едно заради неимарите кои ко тајфи чинам дури и се такмичеле кој како и за колку време би кренал некоја чорбаџиска палата, но воедно било време и на печалбари кои ко архитекти пеле занат по надвор а потем го комбинирале со локалната ука за да истераат монументални архи парчиња, примерот со AАндреј Дамјанов или Стојан Везенков [1]
од тој период најдобар поглед на овој тренд со еркери може да се добие од фотомонографијата Македонија во Слики издадена во 1919

http://promacedonia.com/rami/am/

добро би било да се најдат слични фото ковчези та да се споредуваат и трендови и те атмосферата, и по румелиските вилаети, но и по големите отомански центри на блискиот исток, а само така и би оживеале тогашните патеписи пр. на Евлија Челебија, на сето ова ако има некој кабает да ги врзе и локалните хортикултурни трендови та сето тоа и да замириса убаво средновековно, посекако тогаш цвеќето било она што денес е телевизијата, занимација која го разубавувала и денот и светот но со пофин и подуховен стил

во овој контекст имаме нешто абер и за македонската градина но не ми се верува дека истата биднала особено автохтона во однос на останатите балкански региони со оглед дека цветала во време на пустоши, кога релативно преживувалале и селските тврдини од куќи а не пак бавчите по двороите ... нејсе, тек преку ваквата дума пр. засветлуваат поинаку не само патеписите но и цела историја на овие простори особено Црковната [1] ако се има предвид дека на кревањето и одржувањето на духоносната архитектура трпеливо се посветувале цели заедници [2] па така и селските Цркви, па и најрурлните Манастири, биле најубавите претставници на локалната градба и градина [3]

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=196461#196461




Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-Feb-2016 at 22:11

Касапана од фрактална архитектура, уште Касапови да имаа нешто со Андон Ќосето - Касапот во прицип разиграноста на формите кај традиционалната мак. куќа е аналогна на ваквата претпоставка, се миксало и се дополнувало од сите страни [1][2] но дефинитивно препознатливи сме по лебдечките еркери кои претпоставувам биле од исток увезени но кај нас дополнети и надградени со европски елементи

http://marh.mk/category/до-xx-век/

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1189&PID=196524#196524


http://www.cdnh.edu.mk/multimedija2006/veles_proekt/Veles/Drugi_strani/Stara_gradba.htm

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=681&PID=89891#89891

http://balkon3.com/poznatite-kuki-na-veles-chardaci-nitu-na-nebo-nitu-na-zemja/



Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Mar-2011 at 20:59
Originally posted by my Macedonia

gi joe kade se naogja ova mesto?Mozes da mi dajdes koordinati??


Za Arhitektonskiot fakultet prasuvas koordinati ?  41°59'58.80"N 21°25'9.14"E
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 17-Mar-2011 at 18:59
gi joe kade se naogja ova mesto?Mozes da mi dajdes koordinati??
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Mar-2011 at 18:55
Jas nogu teško možam da ja pobaram, no nekoj od vas bi možel da mi napravi usluga?Yes
Jas sum nogu daleko za da ja baram po Skoje!Thumbs%20Up
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Mar-2011 at 16:20
Мислам дека професорката има книга издадено на темава, само не сум сигурен за насловот...името и е Јасмина Хаџиева-Алексиевска, па можеш да побараш по продавнициве за книги или библиотеките...во библиотеката на Архитектонски факултет ја има сигурно...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Mar-2011 at 04:41
Originally posted by Dave Gahan

Материјали (дел од нив) за писмениот дел од испитот по Архитектура и уметност во Македонија на АФС....предметот е во трета година, а кога ќе се положи овој дел, се полага усно за кое има еден тон материјал што се учи од милион книги...


tocno taka Thumbs%20Up kolega ??!! Big%20smileWink

ke gi postiram preostanatite crtezi denovive
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Mar-2011 at 21:27
ГИЈ, обично ме нервираш со постовите, но секоја чест и благодарност за ови податоци, инаку овоо е од некоја книга или? Аке е дали таа може некаде да се купи?

Оште еднаш благодарам за постот.Thumbs%20Up
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Mar-2011 at 18:50
Материјали (дел од нив) за писмениот дел од испитот по Архитектура и уметност во Македонија на АФС....предметот е во трета година, а кога ќе се положи овој дел, се полага усно за кое има еден тон материјал што се учи од милион книги...

Edited by Dave Gahan - 16-Mar-2011 at 18:51
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.