build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Традиционална архитектура во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Традиционална архитектура во Македонија
    Posted: 14-Mar-2011 at 22:00

Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Mar-2011 at 22:03







Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Mar-2011 at 22:26
Интересна анализа и споредба на "македонската традиционална куќа" низ повеќе региони во Македонија. Интересна е историјата на архитектурата, инсолацијата, отвореноста/заствореноста, конфорот(релативно висок), како круцијални и пресудни фактори.

Иако градовите кај нас се појавуваат од антика до денес, она што нам ни е познато како наша традиција се формира во XIX век, од предиодот со постепените реформи во Отоманската имерија. Кога сме кај градката куќа таа може да се подели во две групи христијанска и муслиманска куќа. Муслиманските се граделе на поголема и равна површина со простран двор и високи огради, кои биле најчесто со приземје и кат. Внатрешноста била била украсувана со разни детали и мотиви. Додека христиајнската куќа била градена на непревилен ридест ртерен, што е причина за градење во висина со асиметрична форма поради ограничената локација за градба.

Е сега интересна е споредбата на куќи во поедини градови како скиците погоре. Охридската куќа(рибарска) се карактеризирале со два влеза, едниот према улицата и другиот према езерото. Крушевската градска куќа се карактеризира со затвореност поради острата клима и чардакот е затворен. Струмичката куќа се карактреризира со поголема отвореност и со големи чардаци поради благата клима. И ред други примери.
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Mar-2011 at 02:35
dobra podloga za moderna interpretacija .. standardi , galerii imale , posebna banja vo sekoja soba !  so ogled na toa so se pravi vo denesno vreme vo Mak. , mozam da recam voda mozime da mu nosime na nasive predci Big%20smile
Nuts
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Mar-2011 at 02:38
se nadevam imate dobra dioptrija , poso tesko se cita napisanoto od slikite Smile
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 15-Mar-2011 at 23:20
добро се читаат буквите
G.I Joe од каде ти се материјаливе? има некоја книга целосно посветена на ова или нешто друго е?
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-Mar-2011 at 18:50
Материјали (дел од нив) за писмениот дел од испитот по Архитектура и уметност во Македонија на АФС....предметот е во трета година, а кога ќе се положи овој дел, се полага усно за кое има еден тон материјал што се учи од милион книги...

Edited by Dave Gahan - 16-Mar-2011 at 18:51
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Mar-2011 at 21:27
ГИЈ, обично ме нервираш со постовите, но секоја чест и благодарност за ови податоци, инаку овоо е од некоја книга или? Аке е дали таа може некаде да се купи?

Оште еднаш благодарам за постот.Thumbs%20Up
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Mar-2011 at 04:41
Originally posted by Dave Gahan

Материјали (дел од нив) за писмениот дел од испитот по Архитектура и уметност во Македонија на АФС....предметот е во трета година, а кога ќе се положи овој дел, се полага усно за кое има еден тон материјал што се учи од милион книги...


tocno taka Thumbs%20Up kolega ??!! Big%20smileWink

ke gi postiram preostanatite crtezi denovive
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Mar-2011 at 16:20
Мислам дека професорката има книга издадено на темава, само не сум сигурен за насловот...името и е Јасмина Хаџиева-Алексиевска, па можеш да побараш по продавнициве за книги или библиотеките...во библиотеката на Архитектонски факултет ја има сигурно...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 17-Mar-2011 at 18:55
Jas nogu teško možam da ja pobaram, no nekoj od vas bi možel da mi napravi usluga?Yes
Jas sum nogu daleko za da ja baram po Skoje!Thumbs%20Up
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 17-Mar-2011 at 18:59
gi joe kade se naogja ova mesto?Mozes da mi dajdes koordinati??
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Mar-2011 at 20:59
Originally posted by my Macedonia

gi joe kade se naogja ova mesto?Mozes da mi dajdes koordinati??


Za Arhitektonskiot fakultet prasuvas koordinati ?  41°59'58.80"N 21°25'9.14"E
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-Feb-2016 at 22:11

Касапана од фрактална архитектура, уште Касапови да имаа нешто со Андон Ќосето - Касапот во прицип разиграноста на формите кај традиционалната мак. куќа е аналогна на ваквата претпоставка, се миксало и се дополнувало од сите страни [1][2] но дефинитивно препознатливи сме по лебдечките еркери кои претпоставувам биле од исток увезени но кај нас дополнети и надградени со европски елементи

http://marh.mk/category/до-xx-век/

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1189&PID=196524#196524


http://www.cdnh.edu.mk/multimedija2006/veles_proekt/Veles/Drugi_strani/Stara_gradba.htm

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=681&PID=89891#89891

http://balkon3.com/poznatite-kuki-na-veles-chardaci-nitu-na-nebo-nitu-na-zemja/



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Feb-2016 at 08:28


ако се види подобро од тоа првата фуснота во горниот пост пр. под табот на Грција претставени се градби од Егејска Македонија кои се идентични со градителскиот стил на мијачките и костурските тајфи кои греле ширум балканот од Истанбул па се до Венеција
дилемата ми е колку и каде е потипичен ваквиот стил на расфрлани еркери, дали истите биле норма во отоманската империја, и колку истиот стил е застапен навор од географска Македонија односно масовно присутен во друг регион, иако заради Мијаците пр. цел Елбасан или Драч биле извезени со еркери во минатото, а претпоставувам тоа било случај и со Москополе со оглед дека власите ко позафатени лихвари ги најмувале токму мијачките и костурските градителски тајфи да им ги скротат домоите

да не бидам погрешно разбран, не ми е цел да фрлам чалам, ами пробувам да го фатам моментот на даден тренд во дадено време, ко што е тоа случај со фракталните еркери кои токму тука во Македонија доживеале експлозија, макар истите претходно ко обични конзолни испусти биле веќе норма во византија, а можеби и грешам бидејки аберов не ми е потпен на нечие истражување од некој историчар на уметност, но и да имало таков тешко дека истиот би можел да посочи каде и во колкава мера се јавил некој архитектонски тренд а кој потем станал специфика за одредено поднебје
во овој контекст попрво би помогнала поука ко онаа од митот за Курбизје кој за време на својот архи аџилак по балканот бил изненаден од македонските градови и нивната фракталност како во урбанизмот така и во архитектурата, која изненаденост ето велат потем ја преточил во своите револуционерни архи пориви, визии кои ги црпел од 1906 до 1912 кога архитектонски се сефтосал ... токму во тој период Македонија имала доживеано архи процут, едно заради неимарите кои ко тајфи чинам дури и се такмичеле кој како и за колку време би кренал некоја чорбаџиска палата, но воедно било време и на печалбари кои ко архитекти пеле занат по надвор а потем го комбинирале со локалната ука за да истераат монументални архи парчиња, примерот со AАндреј Дамјанов или Стојан Везенков [1]
од тој период најдобар поглед на овој тренд со еркери може да се добие од фотомонографијата Македонија во Слики издадена во 1919

http://promacedonia.com/rami/am/

добро би било да се најдат слични фото ковчези та да се споредуваат и трендови и те атмосферата, и по румелиските вилаети, но и по големите отомански центри на блискиот исток, а само така и би оживеале тогашните патеписи пр. на Евлија Челебија, на сето ова ако има некој кабает да ги врзе и локалните хортикултурни трендови та сето тоа и да замириса убаво средновековно, посекако тогаш цвеќето било она што денес е телевизијата, занимација која го разубавувала и денот и светот но со пофин и подуховен стил

во овој контекст имаме нешто абер и за македонската градина но не ми се верува дека истата биднала особено автохтона во однос на останатите балкански региони со оглед дека цветала во време на пустоши, кога релативно преживувалале и селските тврдини од куќи а не пак бавчите по двороите ... нејсе, тек преку ваквата дума пр. засветлуваат поинаку не само патеписите но и цела историја на овие простори особено Црковната [1] ако се има предвид дека на кревањето и одржувањето на духоносната архитектура трпеливо се посветувале цели заедници [2] па така и селските Цркви, па и најрурлните Манастири, биле најубавите претставници на локалната градба и градина [3]

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=196461#196461




Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Feb-2016 at 09:34


еве примери од Егеј [1] и од Пирин [2] а за Вардарот и не треба да спомнувам [3]

~

Дејги Душо Измачена е работава во однос животот во бетон и копнежот за камен, иако за кратко пишувам од село а в камена куќа, она печалбарска со полметро ѕидои, но за жал со пвц дограма и лимен кров нанеа, можеби гротескно, но за градски луѓе веројатно и ваков кросовер е добредојден за полесно да се аклиматизираат и комфорно уживаат во зимувањето, до душа ова пластикава незнам веќе дали и некаде ја нема, ќе повторам загреота, но како велат на поклонет коњ нели не му се пули во забалото, бар скалите се зачувани ко дрвени ако ништо друго, а кога ги гледам селава испустени би прифатил и ваков компромис само за да се вратат во живот ко некогаш, ајде до следната катаклизма има доволно време за преку ИПАРД истиот и озбилно да се релативизира  [1] та зар никој несака да живее сред убаини со овци, мечки, волци, селска идила и контраразузнавање по старата селска калдрма ил макадам

~

кога на архитектурата пак ќе и се пришие историскиот момент, воопшто на урбаниот табиет на некое место неговите преданија и митови, сето ова оживува особено, ова село во кое сум сега е трипати опожарено од турците пред по и за време Илинден, а претходно пак било на рутата на Виа Игнациа, претпоставувам во среден век Петар Делјан тука мрсел нечии руси коси, а денес дише осамено чекајки на идните еко-револуционери да го оплеменат со везени пиперки по стреите и чардаците



Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Feb-2016 at 21:34


може ли некој да посочи колку тоа Килерот, Кералот (кералчето) односно Шпајзот бил задолжителен дел од тремот кај братската куќа, иако логично е дека уште во неолит намирниците се чувале в соба   но сепак мислам дека тек потем кога  почнале стоката да ја одвојуваат во плевна, дури тогаш се отворило простор кујната со се килерот да добијат засебно место...

има една интересна книга која допира до овие моменти, но истата е  само мал дел од традициите на различните региони в Македонија,  пр. некому килерот му бил под душеме ко кај јапонците [1][2] а некаде тоа било галерија на таван доколку станувало збор за едноспратна куќа, та зар не сме познати по езгиите, чинам ако некого прашаат која е главната одлика на Македонците единствена а универзална би била - Импровизацијата, што се вели и брусли да ни позавиди  

http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/MKD/Kniga_Trpeski.pdf

http://iskonmakedonija.blogspot.mk/2011_05_01_archive.html

~

едит: за неупатените, да не ве чуди муабетот за Килерот,  истиот веројатно  е одомакинет гурбетлиски превод за шпајзот http://www.makedonski.info/show/килер/м 




Edited by +Protagorist - 22-Feb-2016 at 22:44
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Sep-2016 at 05:18

интересна аналогија за потеклото на мак.арх. дека не треба да се гледа како отомански или византиски сублимат на стилови туку попрво античко неолитски кросовер на кој се надоврзуваат следните автохтони архи изрази, што донекаде е точно доколку се споредуваат неолитските колиби и средновековните братски куќи како профана арх. или пак античките тумули и средновековните куполи[/url како сакрална архитектура

https://soundcloud.com/user-427976499/korenite-na-makedonskata-arhitektura

се останато вреди да се чуе и анализира од аспект на архитект [1][2] кој ако не ги инспирирал и мотивирал посекако отворено ги подржал надлежните за скопското патинирање, иако нивната мотивација е пред се финансиски фундирана, а затоа и недоносена во изведбата ... во еден дел заради макроекономски спин, во друг туристички, трет дневнополитички (кој мислам е и најкорисен денеска) со кој се дефокусира вниманието од името и одродувањето односно постојаното уценување на масите за еа-пенетрација, вака власта речиси им го бапна проектов на медиумите и дома и надвор како најбитна тема, купувајки време во однос на се' ... но нема оправдување зошто посреди сета класика не најдоа простор за кросовер со византиската архи мисла ...

конечно последното неокласично скопско патинирање даде акцент токму на византиските и отоманските споменици на културата кои претходно здраво беа угушени од брутализмот, за сега вака да добиеме токму архи шопска салата на која речиси неокласицизмот и легна како сирење, но ко што и порано имам истакнато одговорните не увидоа дека идентитот не е нит сирење нит кашкавал та со рендање да го посипуваат, но ајде фастфуд времиња потреби и желанија, па и разбирлива е сета еклектичност, баш бидна идеален архи-еклер работава [1]

~
зошто ова го постирам овде, просто нека им биде за поука на идните генерации да синкретизираат што повеќе мак. арх. традиционални елементи во своите архи визии, ако не директно индиректно и експериментално, но нека бидат храбри и што поавтентични, искрено би сакал бар Керамопластиката [1][2] да добие на тренд и цена, да ја редат и на огради и на прозори, макар и ко витраж или пак алубонд лепенка, битно некаде некако да истакнеме од каде ни е коренот и изворот од кој се напојува ... речиси чукни во дрво е работава бидејки за ова и ден денес нит професорите имаат акал ...

... да не говорам што фракталниот момент ни од блиску го немаат наследено од своите предци кои не само во акралната него и во профаната архитектура изобилно го користеле, па еркерите не се само класичен испуст, туку и изортиран давајки им на куќите динамика па и мелозвучност во одност цела околина









Edited by beTon - 18-Sep-2016 at 09:18
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Sep-2016 at 16:00


колку значи расцветана авлија во една сцена, нормално и фотографот бар малку од малку да има осет за сцена и техника, но да знае да брка и моменти, а не само попатни фотографии



а и традиционалната градба во различни сезони, а не пак периоди, различно зрачи, истава Куќата на Кочо Рацин горе делува неверојатно транзиционо, додека тука е како од чорбаџиска бајка

еве на следниов пример Куќата на Васил Главинов колку и со една две ластарки надпорти знае да развесели визура, а не пак ко во минатото кога градината и нејзините цветни фрактали по сокаците биле речиси неодминливо доминантен елемент и кај селските и кај градските куќи во земјава, повеќе како домакински фетиш него малџиски чалам, нормално домакинките немале комп и тв па слободното време го минувале хортикултурно преку пролетта и летото



патем изротирани еркери, ова мислам не е правилен архи термин, знае ли некој како поточно се викаат ваквите испусти можеби полу-еркер или кос-еркер ...



http://www.veles.herobo.com/index.php/kultura/spomenici-veles/91-spomen-kuka-vasil-glavinov



ме чуди до сега немам налетано на абер за тоа кои биле неимарите на попознатите мак.тра. градби, веројатно историчарите, етнолозите или архитектите со време требало да разберат кои тајфи биле прочуени, а доколку постојат такви податоци дефакто треба некој да ги популаризира, можеби Архивот на РМ во некој устабаџиски анали, а доколку немаат инфо дури и ден денес не е касно да се прибира истото но за денешни услови најефективно преку јавна медиумска анкета, бар додека дедовците на заминување сеуште имаат вишок чаршиска меморија за споделување ... камо на вакви теми локално секој град да имаше по една тв-бурекџилница каде место политика би се бистреле културно-историски мотиви



Edited by beTon - 18-Sep-2016 at 19:19
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 27-Sep-2016 at 15:21

еден од начините како после земјотрес да се осигура стара камена куќа без струкнурно да се гиба истата

а ете со малку оштроумност сето тоа може и фино пејсажно да се замаскира

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.