build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Новоизградени џамии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Новоизградени џамии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6957
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Новоизградени џамии
    Posted: Yesterday at 01:11
Originally posted by Џоле

Како и секогаш, расправата тргна во погрешна насока. Главното прашање што овде треба да се постави е зошто Општина Чаир е нетранспарентна во врска со овој проект? Потоа: дали има потреба од толкав верски објект во зелена површина пред станбени згради? Јас го познавам теренот, сум поминувал оттаму, нема доволно простор и нема шанси да се изгради објект со толкава површина како на рендерите, освен ако не планираат да уриваат дел од зградите. Едно од другите прашања што треба да се постават е дали воопшто има потреба од уште еден муслимански верски објект во тој дел од градот? Кој ќе ја финансира изградбата? Дали има градежна дозвола за проектот? Итн. итн. А доколку законот не е запазен, ете добра можност тие што се на власт да го покажат својот патриотизам и да го сопрат проектот, барем додека не ги исполни сите законски услови.
зашто воопшто се трудиш?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1029
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Apr-2017 at 21:17
ДОМ: Сечење парк и градба на џамија без легална процедура?

ДОМ јавно бара одговор од општина Чаир, Градот Скопје и од Министерството за транспорт и врски, дали е спроведена легална процедура, дали се издадени и со кое образложение, дозволи за сечење на стариот парк во Топанско Поле и за изградба на џамија среде стамбени згради.


a1on.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Apr-2017 at 21:53
Видете вака во врска градењето на верски објекти лично мислам дека се залудно потрешени ресурси, бидејќи нема некоја голема корист од нив, ова го мислам и за двете страни. Е сега бијеќи законите им дозволуваат да си градат што си сакаат, тоа и си го прават и тука нема што да се буниме. Во врска со тоа дека многу се градело, да точно е. Џамии можат да се најдат во секое забутано село во републикава, дури и онаму каде нема потреба од нив. Како и од каде се финансирани они си знаат, и тоа државата треба да си го регулира.
Е од другава страна, МПЦ (исто како ИВЗ) си води евиденција и регулира каде има потреба од верски објекти за нивните следбеници. Дали и од каде имаат финансии не занм, но тоа е нивен проблем. Ако и они исто како и фанатициве од ИВЗ сакаат да градат што повеќе, нека си ја свиткаат главата и ајт на исток да молат за пари за објектите, а верувам дека сигурно ќе добијат.

Е сега бидејќи се стремиме кон еднаквост во општеството, строго треба да се казнат градоначалиците на "албанските" општини кои го блокираат секое барање за изградба на православни цркви во тие делови каде македонците се во помал број. Ова навистина не е во ред, и само додаваат во веќе кревките односи помеѓу двете најбројни заедници.

Во глобала со вакви закони каде секој може да отвори религиозна установа, па и не е нешто страшно, се додека фрустрациите ги лечат со тоа кој е поголем, ќе тераме барем минимум уште дваесет години додека не изумреме од колера или некоја болест од пречистата околина, или се додека не му фркне на некој и не го повлече чкрапалото прв.

ПС. Приметив дека за време на Велигден (барем кај мене во Ѓорче) не се слушаше повикот за молитва од Сарајските џамии, или беше по тивок? Ме интересира дали некој друг го примети ова? Ако е точно,навистина добар гест е.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 361
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Apr-2017 at 16:01
Originally posted by Џоле

Како и секогаш, расправата тргна во погрешна насока. Главното прашање што овде треба да се постави е зошто Општина Чаир е нетранспарентна во врска со овој проект? Потоа: дали има потреба од толкав верски објект во зелена површина пред станбени згради? Јас го познавам теренот, сум поминувал оттаму, нема доволно простор и нема шанси да се изгради објект со толкава површина како на рендерите, освен ако не планираат да уриваат дел од зградите. Едно од другите прашања што треба да се постават е дали воопшто има потреба од уште еден муслимански верски објект во тој дел од градот? Кој ќе ја финансира изградбата? Дали има градежна дозвола за проектот? Итн. итн. А доколку законот не е запазен, ете добра можност тие што се на власт да го покажат својот патриотизам и да го сопрат проектот, барем додека не ги исполни сите законски услови.


Саудиска Арабија и Турција се најголемите донатори за изградба на џамии во МК, а конкретно џамијава е турска инвестиција. Нели нашите најголеми пријатели, лол.

Џамијата е точно пикирана помеѓу зградите каде што сеуште живее македонско население. Иако џамиите исполнуваат некакви национални стратегии тие на подолг рок не се некаква стратешка инвестиција, затоа што џамијата нема да им донесе леб на маса. Пак ќе имигрираат со зголемено темпо и ќе се враќаат два пати годишно во тој голубарник наречен Чаир без средени паркови и зеленила, широки булевари, квалитетна инфраструктура и така натаму. Чаир е една од најгусто населените општини во Европа. Факт што точно зборува каков хаос владее таму. Убаво средена околина креира и драстично поубава психа и поздрави луѓе.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10396
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Apr-2017 at 13:56
Originally posted by my Macedonia

џоле може координати?


Според фотографијата на статијата од Утрински весник, отприлика тоа е тука (има и табла со џамијата, а и местото е заградено со лимени тараби)

https://www.google.de/maps/@42.0181353,21.4309169,3a,75y,32.06h,89.55t/data=!3m6!1e1!3m4!1s3K8knnlek95b_GpaWbsSIA!2e0!7i13312!8i6656
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3570
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Apr-2017 at 12:04
џоле може координати?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10396
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-Apr-2017 at 11:58
Како и секогаш, расправата тргна во погрешна насока. Главното прашање што овде треба да се постави е зошто Општина Чаир е нетранспарентна во врска со овој проект? Потоа: дали има потреба од толкав верски објект во зелена површина пред станбени згради? Јас го познавам теренот, сум поминувал оттаму, нема доволно простор и нема шанси да се изгради објект со толкава површина како на рендерите, освен ако не планираат да уриваат дел од зградите. Едно од другите прашања што треба да се постават е дали воопшто има потреба од уште еден муслимански верски објект во тој дел од градот? Кој ќе ја финансира изградбата? Дали има градежна дозвола за проектот? Итн. итн. А доколку законот не е запазен, ете добра можност тие што се на власт да го покажат својот патриотизам и да го сопрат проектот, барем додека не ги исполни сите законски услови.

Edited by Џоле - 20-Apr-2017 at 11:58
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1029
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Apr-2017 at 14:55
Џамијата треба да престане да се гради што поскоро, а парите да се пренаменат за градинка или училиште. А крстот треба да се продаде на старо железо.
Кога конзервативните лидери од ПЈРМ и соседството ќе заминат во историјата, заедно со нафтата и новопечените богаташи од Заливот, ова ќе биде остварливо.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3570
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Apr-2017 at 14:29
Не дискутирам со тебе, барем не се градат со ДРЖАВНИ пари како други верски заедници. А колку за инфо, за ова џамија донира турција и ЕДНАШ една државна институција како општината.
За големината хахахах леле а што да кажам за крстот во водно што се гледа и од авион и од тетово дури?
Што да кажам за крстот веднаш зад охридскиот аеродром а тука си живеаат се речиси муслимани, па демек видете каде налетавте хаха. Св. павле аеродром, ајде ок сега ајде мурат паша да се нарекува скопскиот?? На твое место би ќутел, немаш врска што зборуваш.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3766
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Apr-2017 at 13:58
И преку ден да е. Големината, висината и неподносливото озвучување на стоцтиците џамии кои се изградија со пари од надвор имаат само една и ЕДНИСТВЕНА цел.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3570
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 19-Apr-2017 at 12:51
Како преку ноќ? Веќе пред 3-6 месеци се зборуваше за ова ај види малку поназад низ темата па ќе разумеш.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3766
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Apr-2017 at 12:30
КРСТ не МОЖЕ но затоа ЏАМИЈА може и тоа онака ПРЕКУ НОЌ, што поголема и погласна, за да се знае кој е газда во тој дел. И така чекор по чекор.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3570
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Apr-2017 at 10:45
Чиста шпекулација и ширење омраза. Најголемото е секако што се гради во истанбул, потоа во центарот на тирана, во приштина , косовска митровица па потоа во чаир
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10396
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Apr-2017 at 09:12
ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЏАМИИ ВО ЕВРОПА СЕ ГРАДИ ВО ЧАИР!?



На огромна парковска површина со многудеценски дрвја во населбата Топанско Поле ќе се гради џамија. Просторот е веќе ограден со лимена ограда, а со забрзано темпо речиси за два дена е изградена монтажната лимена куќа, која веројатно ќе се користи за градежните работници. Пред оградениот простор на огромен билборд може да се види како ќе изгледа новиот верски објект. Меѓу околното население се шират шпекулации дека оваа џамија е инвестиција на некоја турска фирма и ќе претставува една од најголемите џамии во Европа. Од паното се гледа зданието со голема површина и две минариња.

За тоа колкав ќе биде верскиот објект, кој ќе го гради, на чие земјиште, колку ќе чини и кој ќе финансира, како и за тоа кога е донесена одлука за изградба на џамијата, се обидовме да добиеме одговор од Општина Чаир. Одговорниот за информирање, Куштрим Алла, уште минатата недела ни рече дека штом ќе се сретне со одговорниот на одделението за урбанизам, ќе одговори писмено на сите прашања на „Утрински весник“. Потоа ни соопшти дека раководителот на урбанизам го преупатил до градоначалникот Изет Меџити, кој единствено можел да одговара на овие прашања. Трпеливо чекавме градоначалникот да се растовари од партиските обврски и да се појави во Општината, во средата Алла не' информираше дека ќе се сретне со Меџити и ќе ни одговори на прашањата. Но, потоа ни кажа дека градоначалникот не одговорил на прашањата и не' преупатил до Исламската верска заедница. Празничниот денови ја завршија нашата потрага по одговори, па на претходните сега се наметнуваат нови прашања. Зошто Општина Чаир не сака да одговори, иако грандиозен верски објект ќе се гради на нејзина територија? Од друга страна, пак, зар кога станува збор за вакви прашања, не треба да се прашаат и граѓаните дали повеќе сакаат џамија или парк и чист воздух. Како да стана практика да се уништуваат зелените површини и столетните дрвја и на нивно место да се бетонираат огромни тревни површина.

Инаку, Општина Чаир има површина од 3,52 километри и 64.823 жители. Со изградбата на оваа џамија ќе има вкупно пет вакви објекти во општината, што би значело дека ќе има по една џамија на речиси 13.000 жители, меѓу кои има граѓани од сите религии, а не само со муслиманска вероисповед. Во Чаир моментално има четири џамии. Едната е на улицата „Македонско-косовска бригада“ пред влезот во општината Шуто Оризари, втората е на улицата „Дижонска“. Третата џамија беше изградена пред неколку години пред маркетот „Принц“ и четвртата е на Бит-пазар. Во моментов на нејзината реконструкција работи турската фирма „Тика“.

Она што е идентично сега со изградбата на џамијата во Топанско Поле и онаа пред некогашниот „Тинекс“, е нетранспарентноста на Општината. И тогаш објектот беше изграден, иако за тоа не беа согласни сите чаирчани. Чаир веројатно е единствената Општина која не ги информира новинарите ниту за датумите на одржување на седниците на општинскиот Совет, ниту, пак, за која било одлука донесена од советниците.

Веб-страницата на Чаир одамна не е на македонски

Оние кои сакаат да се информираат за тоа што се случува во Чаир, тоа не можат да го сторат преку веб-страницата на Општината доколку не знаат албански јазик. Веб-сајтот на Општина Чаир не функционира на македонски јазик веќе неколку години. Кога ќе се кликне на „мк“ се појавува текст дека сајтот привремено е недостапен и се надградува, но надградбата трае со години, веројатно затоа што некој не е заинтересиран за двојазичноста на страницата.

http://utrinski.mk/?ItemID=5569535E185A1545B4E916D94D273F99

Edited by Џоле - 19-Apr-2017 at 09:12
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3570
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 12-Apr-2017 at 22:37
За инфраструктурата е државата тука. За територија не сакам многу да се фаќам, има добар пример што се дешава со крст-црква во секој ќош.


Edited by Џоле - 12-Apr-2017 at 23:13
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1029
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Apr-2017 at 19:54
Оваа верска заедница треба да излезе од средниот век.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3766
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Apr-2017 at 15:12
Nema vrska Djole ova e poraka TUKA sme ovaa TERITORIJA e zazemena od nas. Neli gledas znaminja i minarinja po 50 metri baska dve Dzamii na 100 metri. Vas uste izgleda ne vi e jasna porakata na dzamiite. Ako nekoj saka da se moli ne mora toa da bide vo Dzamija so 100 metarsko minare koe "MORA" da se gleda i sekako da se SLUSA vo radius od 50 kilometri. No tie dzamii ne se za molenje tuku za obelezuvanje na teritorija.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10396
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-Apr-2017 at 09:07
Нема асфалтирани улици, се обложувам дека нема водовод и канализација, ама затоа ќе градиме стометарски верски ташаци
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6957
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-Apr-2017 at 23:52
а има минарево бикон за авиони?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-Apr-2017 at 23:43
Црнилиште,Прилепско

Старата џамија





Старата-Новата





Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.