build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Новоизградени џамии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3801
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 30-May-2017 at 14:29


Se gradela Djamija na divo. Nisto novo na brdovitom balkanu. Gazat se pred sebe.


НА ДИВО СЕ ГРАДИ ЏАМИЈА НА ПОПОВА ШАПКА, ИВЗ НЕ ЗНАЕ ИАКО ГРАДБАТА ЈА РЕКЛАМИРА НА БИЛБОРДИ







AddThis Sharing Buttons
Share to TwitterShare to FacebookShare to PinterestShare to WhatsAppShare to Повеќе...



 27


30 мај 2017     
Тетово, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

НА ДИВО СЕ ГРАДИ ЏАМИЈА НА ПОПОВА ШАПКА, ИВЗ НЕ ЗНАЕ ИАКО ГРАДБАТА ЈА РЕКЛАМИРА НА БИЛБОРДИОбјектот се наоѓа на самиот влез во викенд населбата и за неговата градба веќе е пробиен пристапен пат, а еден багер го расчистува и го рамни теренот при што се исечени и искорнати повеќе зимзелени дрвја и ниско стеблести растенија (Фото: СДК.МК)





Изминатиов викенд на Попова Шапка на диво започнаа градежни работи на објект за кој се мисли дека ќе биде џамија. Објектот се наоѓа на самиот влез во викенд населбата и за неговата градба веќе е пробиен пристапен пат, а еден багер го расчистува и го рамни теренот при што се исечени и искорнати повеќе зимзелени дрвја и ниско стеблести растенија. Објектот кој ќе се гради се наоѓа само на некоку метри од првите викендички во викенд населбата.


Иако ИВЗ не кажува дали е вклучена во изградбата на џамија, на три места пред влезот во овој туристички центар поставени се големи билборди на кои е преставен идејниот изглед на џамијата што ќе се гради на Попова Шапка. Претставен е голем објект на три ката со придружни објекти и големо и високо минаре. На билбордите стои дека инвеститор е ИВЗ на Република Македонија – Муфтиство Тетово, а испишани се денарска и девизни сметки на кои можат да се уплатат пари за изградбата (Фото: СДК.МК)

По два дена работа градежните активности работата беа стопирани, најверојатно од општинскиот инспекторат, бидејќи од оваа општинска институција засега не даваат никакви информации за нивните активности. Денеска градењето продолжи.

Од тетовското муфтиство на ИВЗ не знаат дали на Попова Шапка навистина се гради џамија.

„Во овој момент немаме никакви активности на Попова Шапка. Сега сме многу ангажирани околу рамазанските празници. Кога ќе заврши рамазанскиот пост, ќе видиме“, кусо изјавија од муфтиството.

Иако ИВЗ не кажува дали е вклучена во изградбата на џамија, на три места пред влезот во овој туристички центар поставени се големи билборди на кои е преставен идејниот изглед на џамијата што ќе се гради на Попова Шапка. Претставен е голем објект на три ката со придружни објекти и големо и високо минаре. На билбордите стои дека инвеститор е ИВЗ на Република Македонија – Муфтиство Тетово, а испишани се денарска и девизни сметки на кои можат да се уплатат пари за изградбата.

Оние малубројни постојани жители во викенд населбата на Попова Шапка велат дека само слушнале оти тука ќе се гради верски објект.

„Ние не сме против изградба на каков било верски објект, па не сме ни против изградба на џамија, но тоа мора да биде направено со дозвола за градба а не вака на диво. Не може да гради кој што сака, каде што сака и каков што сака објект. Мора да има дозвола и објектот мора да биде ускладен со останатите објекти кои веќе се изградени тука“, велат жителите на викенд населбата.

Дека станува збор за класичен пример на дивоградба потврдуваат и од Секторот за урбанизам на Општина Тетово.


ивоградба Дека станува збор за класичен пример на дивоградба потврдуваат и од Секторот за урбанизам на Општина Тетово (Фото: ДК.МК)

„Пред неколку месеци на јавен увид беше ставен детален урбанистички план за викенд населбата на Попова Шапка, но потоа беше повлечен поради неажурирани податоци. Во тој детален план нигде не била вцртана, односно не е предвидено изградба на верски објект џамија. Ние како сектор за урбанизам за посоченото месо на кое во моментов се вршат градежни активности, немаме издадено никаква градежна дозвола и ако таму се вршат некои градежни активности, тоа се работи без дозвола и на диво. Исто така ние немаме дадено дозвола и за поставување на трите билборди на патот кон Попова Шапка па и тие се еден вид дивоградба“ ни изјави Неџати Беџети раководител на секторот за урбанизам на Општина Тетово.

Од службата за односи со јавноста и од инспекторатот на Општина Тетово и засега не даваат никакви информации околу понатамошните постапки со оваа дивоградба.

Од Државенот градежен инспекторат ни потврдија дека до нив е поднесена преставка дека на Попова Шапка се гради верски објект – џамија без дозвола за градба.

“На основа на преставката, ние ќе направиме вонреден надзор на работата на овластениот инспекторат на Општина Тетово“, ни изјавија од градежниот државен инспекторат.

И додека инспекторатите се подготвуваа за конкретни активности, по дводневниот прекин, градежните работи на спорната парцела денеска продолжија, а багерот продолжи да го расчистува прострот на кој треба да се гради објектот.

З. АНДОНОВ

http://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-divo-se-gradi-dhamija-na-popova-shapka-ivz-ne-znae-iako-gradbata-ja-reklamira-na-bilbordi/
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 30-May-2017 at 14:43
^ Super! Uste koga ke priklucat toa zvucnicite i koga ke viknat od Popova Sapka do Skopje ke gi slusnat
ApplauseCrazyBanana
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3801
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 30-May-2017 at 14:49
Originally posted by iGi_PoP

^ Super! Uste koga ke priklucat toa zvucnicite i koga ke viknat od Popova Sapka do Skopje ke gi slusnat ApplauseCrazyBanana


Odi na skianje da te vidam. Ke odis ama treba da znaes jasno i glasno na cija teritorija si zatoa mora da e do patot i zatoa mora sekoj da ja vidi. A zvucnicite se samo tonsko dopolnuvanje na vizuelnoto. Da ima kako vozuhot sto go diseme ke ni go zemat.
Za crkva vo Tetovo i Gostivar kaj li ne otidoa nasite da im se dade dozvola za gradba a gospodata bukvalno kade ke im tekne. Vo grona ili dolna Belica ne se sekavam ne dozvolija veke postoecka crkva da obnovat gospodata "tolerantni".

Edited by kultuzin - 30-May-2017 at 14:52
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 30-May-2017 at 16:15
za toa i demokratija ne e za site... tek glava ke udiraat od zid Evropjanive koga ke pocnat izbeglicive Djamii da im gradat po Germanija, Francija, Italija.. itn...
Toa im e kapacitet na itelektualno rabiranje i dostignuvanje... tie nikogas nema da se integriraat vo opstestvoto, nego ke gledat opstestvoto da go integriraat vo nivnoto rabzbiranje i ne-razbiranje
Makedonija se dvizi vo toj pravec na de-evolucija...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1137
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 30-May-2017 at 17:49
Мислам дека светот треба поактивно да се бори против ова фашистичко, радикално десничарско и конзервативно зло наречено ислам, едно од многуте составни делови на злото религија. Македонија е мала и немоќна земја, па затоа треба ЕУ целосно да ја ревидира нејзината имиграциона политика и да воведе нови закони кои ќе мора да ги спроведуваат сите нејзини членки и кандидатки. Некои од тие закони би биле:
- данок од 70% на верските заедници;
- забрана за финанирање верски заедници од странство;
- забрана за градење верски објекти во локални единици каде што има повеќе од 1 на 20.000 верници;
- максимална висина на камбани, минариња и останати верски кули да биде 10 метри. Сите кои се повисоки од ова, а не се културно наследство и се изградени по 2010 година, ќе бидат срушени;
- рушење на сите дивоизградени верски објекти;
- зголемена интеграција на имигранти од Блискиот исток;
- депортација на сите имигранти кои не го почитуваат либералниот и модерен европски поредок;
- друго.
Овие реформи би биле значително помогнати со падот на исламистичкиот турски диктатор и вахабистичкиот режим во Саудиска Арабија, кој ќе се распадне како кула од карти кога ќе снемаат нафта поради неодговорното и краткогледо работење.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 503
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 30-May-2017 at 21:09
Абе ко ќе удриме сега на една демократија, џамииве сами ќе стивнат...
Јасно ко ден дека се работи за маркација на територија и етничко чистење.

Edited by Bojan10 - 30-May-2017 at 21:10
Од чаламот си патиме!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3801
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 30-May-2017 at 21:26
Originally posted by Bojan10

Абе ко ќе удриме сега на една демократија, џамииве сами ќе стивнат...
Јасно ко ден дека се работи за маркација на територија и етничко чистење.


Сега не само демократија туку се отворија и нови хоризонти кои не биле во предвид да се чистат.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1137
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 30-May-2017 at 22:27
Да надополнам и ограничување на гласноста на верските објекти, упатените нека кажат колку децибели би било прифатливо. Мој предлог е 50. Исклучок би се правел за најголемите верски празници, кога границата би била погоре.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2352
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 30-May-2017 at 23:38
Па на ПШ 90% ако не и повеќе одат шиптари, шо сакате. Македонците патриоти одат на Банско.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11783
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 31-May-2017 at 01:52
Originally posted by kultuzin

Odi na skianje da te vidam. Ke odis ama treba da znaes jasno i glasno na cija teritorija si zatoa mora da e do patot i zatoa mora sekoj da ja vidi. A zvucnicite se samo tonsko dopolnuvanje na vizuelnoto. Da ima kako vozuhot sto go diseme ke ni go zemat.


На Попова Шапка веќе има црква, ама ете они сепак одеа да скијаат, а ти емигрираше во Германија за од таму да ни држиш лекции по патриотизам и по скијање.

Ако навистина сакаш нешто корисно да направиш за Македонија, што не се организирате малку таму во дијаспора, наместо да труете по форуми за цркви и џамии, напрајте една фондација за стипендии за талентирани деца. Или фондација за унапредување на образовниот систем во МК воопшто, за децата да учат наука, наместо попови и оџи да им перат мозоци од најмали години и да ги подготвуваат за живот во среден век.



Edited by Cloverstack - 31-May-2017 at 01:52
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3801
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 31-May-2017 at 09:35
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by kultuzin

Odi na skianje da te vidam. Ke odis ama treba da znaes jasno i glasno na
cija teritorija si zatoa mora da e do patot i zatoa mora sekoj da ja
vidi. A zvucnicite se samo tonsko dopolnuvanje na vizuelnoto. Da ima
kako vozuhot sto go diseme ke ni go zemat.
На Попова Шапка веќе има црква, ама ете они сепак одеа да скијаат, а ти емигрираше во Германија за од таму да ни држиш лекции по патриотизам и по скијање.Ако навистина сакаш нешто корисно да направиш за Македонија, што не се организирате малку таму во дијаспора, наместо да труете по форуми за цркви и џамии, напрајте една фондација за стипендии за талентирани деца. Или фондација за унапредување на образовниот систем во МК воопшто, за децата да учат наука, наместо попови и оџи да им перат мозоци од најмали години и да ги подготвуваат за живот во среден век.


Мнoгу ти е нискo нивoтo aдминистрaтoре дa прoзивaш некoј сo лични прaшaњa. Никoј не ти е дoлжен дa ти пoлaгa сметки кoлку и дaли јaс / ние пoмaгaме тoa ќе гo зaдржaм зa себе. Нo oвде збoриме зa мнoгу големи темaтики кoи не се ни црквиче нa Пoпoвa Шaпкa ни стипедирaње нa тaлентирaни децa туки се рaбoти зa векoвнa стрaтегијa нa еднa религијa кoј имa еднa и единственa цел узурпaцијa и асимилација нa нoви теритoрии. Зa жaл нa нивниoт пaт кoн Еврoпa Мaкедoнијa еднa oд првите нa фрoнтoт. И зaтoa иритирaaт ликoви кaкo тебе кoи сaкaaт дa јa релaтивизирaaт рaбoтaтa вo стил имa црквa зoштo дa немa џaмијa. Црквa имa aмa едвaј се гледa и слушa aмa џaмијaтa се грaди зa пoкaжувaње нa мускули. Ќе се урлa 5 пaти дневно , веднaш дo патот и висoкo дo небoтo секoј дa јa види.

Edited by kultuzin - 31-May-2017 at 09:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11783
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 31-May-2017 at 12:19
Kultuzin, се разбира дека не си должен да полагаш сметки, со своето време и со своите пари прави што сакаш, но во тој случај оди на германците кажувај им како да ја уредуваат државата, бидејќи таму плаќаш данок. За во Македонија нема што да си го пикаш носот и да држиш лекции од безбедна дистанца, бидејќи освен омраза очигледно немаш што да понудиш. И тука не мислам само на меѓуетничка омраза, туку и на омраза меѓу самите Македонци, постојано пронаоѓајќи „предавници“ и „разнебитувачи“ на секое ќоше. Некој од Германија да кажува кој тука бил патриот а кој предавник, тоа не проаѓа.


Originally posted by kultuzin

И зaтoa иритирaaт ликoви кaкo тебе кoи сaкaaт дa јa релaтивизирaaт рaбoтaтa вo стил имa црквa зoштo дa немa џaмијa.

Воопшто не ја релативизирам работата во тој стил. Џамија не треба да има. Исто како што не треба да има ниту црква.

Повторно, да не ме сфатиш погрешно, тоа не значи дека го изедначувам обемот на општествена токсичност на сите религии во момтналиот контекст. Има разлика. Вие сте затуцани во 14-ти век, а они се затуцани во 8-ми.


Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3801
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 31-May-2017 at 15:48
Клoвер ти блaгoдaрaм зa времетo кoе гo пoсветувaш зaнимaвaјќи се сo мoјoт прoфил и приватност. И покрај тoa твoите oбвинувaњa се пaушaлни и пoлни сo етикети вo клише фoрмa. Нa oвa местo сaмo ќе ти кажам декa требa дa прaвиш разлика пoмеѓу ширење нa oмрaзa и укажување нa реaлнa опасност кoјa секoјдневнo ни се случува. Штo се oднесувa дo даноците верoјaтнo знaеш декa дијaспoрaтa мнoгу пoвеќе допринесува вo буџетот oд мнoгуминa кoи зе чукaaт пo гради и пoстoјaнo гo вaдaт плaќaњетo нa дaнoци кaкo аргумент. Oсoбенo тoa се oднесувa нa oние кoи цицaaт пaри oд стрaнски фoндaции.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11783
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 31-May-2017 at 16:25
Originally posted by kultuzin

Клoвер ти блaгoдaрaм зa времетo кoе гo пoсветувaш зaнимaвaјќи се сo мoјoт прoфил и приватност. И покрај тoa твoите oбвинувaњa се пaушaлни и пoлни сo етикети вo клише фoрмa. Нa oвa местo сaмo ќе ти кажам декa требa дa прaвиш разлика пoмеѓу ширење нa oмрaзa и укажување нa реaлнa опасност кoјa секoјдневнo ни се случува. Штo се oднесувa дo даноците верoјaтнo знaеш декa дијaспoрaтa мнoгу пoвеќе допринесува вo буџетот oд мнoгуминa кoи зе чукaaт пo гради и пoстoјaнo гo вaдaт плaќaњетo нa дaнoци кaкo аргумент. Oсoбенo тoa се oднесувa нa oние кoи цицaaт пaри oд стрaнски фoндaции.


1. Со години мене и сите оние кои имаат макар малку слично мислење, не сврстуваш во предавници и странски платеници, а ако јас го ставам под знак прашање твојот кредибилитет да се впушташ во такви води, одма кукаш, навреден си, тоа биле цитирам „oбвинувaњa пaушaлни и пoлни сo етикети вo клише фoрмa.“

Puke


2. Ако ти си праќаш пари на роднини, тоа си е твоја приватна работа. Буџетот директно не го полниш. И не зборам јас за цела дијаспора, немам ништо против дијаспората, зборам за таквите како тебе - интернет патриоти што не прават ништо друго освен што од безбедна дистанца  „ловат“ надворешни и внатрешни непријатели.

3. За какво цицање пари од странски фондации збориш? Можеби мислиш на парите кои бандата на Груевски со својата крипто-фашистичка „партија“ ги цицаше од фондацијата Конрад Аденауер? Фондација која во Македонија, освен во ДПМНЕ, нема потрошено ниту цент за некоја друга намена. Кога ќе почнеме да збориме за мотивите на фондацијата Конрад Аденауер а?

4. Го изостави цицањето на пари од државниот буџет. И буџетот ли го цицаа „предавниците“ во изминативе 11 години?

5. Клучното прашање е, кога таков голем патриот и загрижен Македонец како тебе, ќе се врати да ја брани Македонија од сите овие непријатели, душмани, предавници...  Што бараш во некоја злосторничка западна земја што му слугува на НАТО и којашто ионака ја мразиш? Дојди во Македонија, потребен си и на татковината kultuzin.


Edited by Cloverstack - 31-May-2017 at 16:35
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3801
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 31-May-2017 at 19:55
Клoвер мнoгу си нервoзен очигледнo некoј теми не ти прилегaaт. Нo нејсе ќе ти пoвтoрaм уште еднaш збориш зa мене кaкo цел живoт неразделни дa сме биле, a не кaкo некoј кoј свoите зaклучoци ги извадил врз oснoвa нa кoметaри нa фoрум. Искренo мнoгу ми гoди твoјaтa пoсветенoст нo мoрaм дa те рaзoчaрaм декa проценката ти е мнoгу пoгрешнa и вo пoгрешен прaвец.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 22-Jun-2017 at 12:42
Удрени темели на нова џамија на Попова Шапка, за која надлежните констатирале дека е дивоградба

Синоќа на Попова Шапка беше поставен камен темелник на новата Џамија,за која општинскиот инспекторат има констатирано дека е дивоградба и донесено решение за запирање на работите.

На свеченоста присуствуваа високи претставници на ИВЗ и тетовското муфтиство. Претседателот на ИВЗ, Сулејман еф. Реџепи, рече дека ова било историски резултат, и остварување на сонот на многу верници.

Изјава- Сулејман Ефенди Реџепи- Претседатл на ИВЗ(“Ставаме камен темелник на овој свет храм, џамија, на ова историско и туристичко место, на оваа прекрасно место каде големиот бог ја создал оваа убавина. Ова е исклучителен историски резултат. Јас не сум прочитал дека порано тука имало џамија, но еве сега и тоа ќе се реализира“)

Инаку, спроведувањето на оваа иницијатива се реализира со поддршка на приватни донатори, верници, и локални бизнисмени,а инвеститор на објектот е ИВЗ.Но, досега не сакаа да коментираат како ќе тече понатамошната постапка,со оглед на тоа што се работи за дивоградба.

Тетовскиот муфтија иако денеска беше овде во просториите на ИВЗ во Тетово, не сакаше за зборува со новинарите -да објасни зошто продолжува со изградба Џамијата на Попова Шапка, иако е утврдено дека се работи за дивоградба.

Објаснување за целата ситуација, засега нема ниту од другите надлежни институции. Инаку, Џамијата се гради над патот кој води кон викендичките, а според најавите објектот треба да биде на три ката.







Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1137
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 22-Jun-2017 at 13:48
Овие срања некој ден ќе мора да се срушат (тука ги вбројувам и црквичињата низ Цркводром). Либералниот Запад треба да престане да ја воздигнува оваа ултрадесничарска, ултраконзервативна и ултрафашистичка идеологија и да го среди проблемот со нејзините паразити кои живеат во Европа и го поткопуваат нејзиниот систем на вредности. Потоа, треба воен пуч во една држава позната по тоа, по што би се вовела воена диктатура, апсење на стотици илјади луѓе и враќање на земјата на европскиот пат. Па треба драстични промени во белата и црвената палата, т.е. светските лидери, и на крај една (а може и шест) држава зависна од нафта да престане да постои.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.