build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Новоизградени џамии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Новоизградени џамии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1362
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 10-Jan-2021 at 20:18
5. Стрелци

Нова џамија (тука според некои извори на ова место се наоѓала некогашната црква „Св. Меркуриј“)

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1362
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 10-Jan-2021 at 20:19
6. Челопеци

Стара џамија од 1900 г., која добила ново минаре

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1362
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 10-Jan-2021 at 20:20
7. Шутово

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1362
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 10-Jan-2021 at 20:22
8. Поповјани

Нова џамија

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 10-Jan-2021 at 21:11
Република Македонија/Република Северна/Горна/Вардарска/Нова Македонија/Република Македонија (Скопје)/Republika Makedonija (на англиски) многу веројатно веќе ќе беше членка на ЕУ да не беше нео-фашизмот на Грција во 90-тите (и одобрувањето на бирократите од Брисел), а без подривање на државноста од првиот ден, ембарго и држење надвор од организациите каде припаѓаме, решени или помали ќе беа уште еден куп проблеми. Така да нема никаква неразумна параноја против Грција во Македонија.

Во моментов верскиот конзерватизам, наместа и фундаментализам поддржуван од неколку режими е многу поголем проблем за светот (пр. Франција тоа го гледа и адресира). Проблемот со Грција е воглавно надминат (и Грција тоа почна да го користи за своја економска и геополитичка корист), со Бугарија не е зашто се убер-балканци, ништо не научија од изминативе 30 години па креваат тензии предизборно, без оглед што на долг рок губат. Нас многу повеќе ни одговара геополитички да се сврземе со соседите, кои сепак сега се помал проблем и остатокот од ЕУ, отколку држави кои глумат пријатели а имаат задни намери. За земјине од заливот не вреди ни да се коментира.

Нео-османизмот сам по себе не е некаква закана (иако не е поволен развој), но верските последици од него се. И сè повеќе изгледа дека Европа го менува курсот во однос на ова прашање, па јасно е со кого ние треба да се дружиме.


Edited by Staro Skopje - 10-Jan-2021 at 21:14
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 897
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 11-Jan-2021 at 07:20
Originally posted by Staro Skopje


Република Македонија/Република Северна/Горна/Вардарска/Нова Македонија/Република Македонија (Скопје)/Republika Makedonija (на англиски) многу веројатно веќе ќе беше членка на ЕУ да не беше нео-фашизмот на Грција во 90-тите (и одобрувањето на бирократите од Брисел), а без подривање на државноста од првиот ден, ембарго и држење надвор од организациите каде припаѓаме, решени или помали ќе беа уште еден куп проблеми. Така да нема никаква неразумна параноја против Грција во Македонија.
Во моментов верскиот конзерватизам, наместа и фундаментализам поддржуван од неколку режими е многу поголем проблем за светот (пр. Франција тоа го гледа и адресира). Проблемот со Грција е воглавно надминат (и Грција тоа почна да го користи за своја економска и геополитичка корист), со Бугарија не е зашто се убер-балканци, ништо не научија од изминативе 30 години па креваат тензии предизборно, без оглед што на долг рок губат. Нас многу повеќе ни одговара геополитички да се сврземе со соседите, кои сепак сега се помал проблем и остатокот од ЕУ, отколку држави кои глумат пријатели а имаат задни намери. За земјине од заливот не вреди ни да се коментира.
Нео-османизмот сам по себе не е некаква закана (иако не е поволен развој), но верските последици од него се. И с<span ="aCOpRe"><span>è повеќе изгледа дека Европа го менува курсот во однос на ова прашање, па јасно е со кого ние треба да се дружиме.</span></span>



И пред 50 години да сме станеле член на ЕУ немаше да го реши главниот проблем,а тој е внатрешен и не доаѓа нити од бугари нити од грци нити од власи па дури ни од нео-османизам. Предизвикот доаѓа од едно малцинство, сите знаеме кое е.
Во моментов во државата продолжува уште подлабински да се гаји етничка пета колона, систем во системот, пара-држава која само прашање на време е кога ќе ги раздрма самите темели на кои почива општественото уредување.
Моја проценка според мои неутрални согледувања на процесите и промените од страна, во наредните 10-15 години не повеќе ќе почне тотална деградација на државата. Тој тек уште повеќе се засилува како повеќе на сцена стапуваат и завземаат позиции во системот оние генерации кои се раѓани после Југославија (значително помалце квалитетни и дисциплинирани во секој поглед).Особено овие генерации после 90'тите што се, бидејќи оние од 90'тите го фатија малце периодот кога Македонија вирееше на некаква стабилна пост-ју основа.

Ако онаа Македонија која постоеше 1945-2001 станеше членка на ЕУ, ќе имаше некаков потенцијал за стабилен развој...оваа кулиса-држава што сега постои само слеп може да тврди дека може да ни тргне, уште помалце па преку интеграција во ЕУ.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4005
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 11-Jan-2021 at 17:12
Македонија од 1945-2001 немаше никогаш да стане членка ниту ќе добиеше една буква Ч од членка, не терај со глупости. Стабилна пост-ју со апсење и репресија...??!
Целиот текст ти е за во канта. Смири се
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 897
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 12-Jan-2021 at 06:52
Originally posted by my Macedonia

Македонија од 1945-2001 немаше никогаш да стане членка ниту ќе добиеше една буква Ч од членка, не терај со глупости. Стабилна пост-ју со апсење и репресија...??!
Целиот текст ти е за во канта. Смири се


Поентата ми беше дека системот во Македонија тогаш беше многу постабилен, унифициран и силен отколку оваа калакурница што сега ја имаме.
Апсења и репресии нормално ќе има кон антидржавни елементи...
Во тој период сите гранки од спорт преку инфраструктура и медицина па до театар и кино цветале, не е случајно што најголеми стручњаци во Македонија во било која област се луѓе кои се развиле во тој систем, а од независноста најплодороден период е оној од 90 тите, кога уште нештата се држеа на стари ларви од предходниот систем.

Абе сега во Тетово имате слобода со два државни универзитета и уште колку приватни, а цел град има проблем со водоснабдување, загадување на воздух (град со 60,000 население има роблем со смог човече!)...на толку академци како еден не се најде да организира нешто повеќе од фејсбук група за напредок во тие сфери. Или погледни ја зградата на министерство за политички систем, онда прошетај од Ченто преку Чаир до Сарај, албанците живеат во гето без канализација и сокаци од турско...

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4005
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 12-Jan-2021 at 17:32
Добро си раскажа како се дискриминирале албанците. Давај му добри платени работни места и инвестирај како држава па ќе си видиш, убаво ќе е. Пс: Ќе немаше хаос ако се реализираше еден дел од кензо танге
Гето има тука каде нема леб, па ете најдобро се гледа во скопје. Замисли колку се инвестираше во Чаит пред 3-4 години и колку во другите општини.. Во Центар имаш повеќе од 300мил евра инвестирано за ништо, во Чаир 0 евра. Дојди во реалност човеку.
Тетово има повеќе од 90 илјади граѓани, а лоши градочалници како теута има насекаде во Македонија, пример поранешниот градочалник на Скопје и многу други. Оди си во Гостивар и ќе видиш, за тој буџет Таравари гради добар Гостивар. Истото важи и за Кичево.


Edited by my Macedonia - 12-Jan-2021 at 17:42
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14142
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 17-Jan-2021 at 18:57
Во село Патишка Река



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 02-Mar-2021 at 15:45
Планирано за во Велес,Чашка







https://www.facebook.com/statikaagostivar
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1362
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 02-Mar-2021 at 19:27
Веројатно се работи за грешка, затоа што во населбата Чашка, општинското седиште на истоимената општина, има 0 муслимани. Веројатно џамијава е наменета за некое од селата со муслиманско население (веројатно тоа новото село Клуковец), зашто другиве сите имаат.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 897
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 27-Apr-2021 at 08:45
Арнакија,Сарај

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 897
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 09-Oct-2021 at 14:56
Во Куманово во тек е изградба на голема џамија но неможам да најдам фотографии



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 01-Nov-2021 at 17:50
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 08-Jan-2022 at 17:40
(Фото) Вахабистичка џамија се гради во Злокуќани без никаква дозвола



Во скопската населба Карпош се гради вахабистичка џамија, без благослов од Исламската верска заедница, но и државата.
Се работи за дивоградба џамија во близина на гробиштата во населба Злокуќани.
Од општина Карпош велат дека верскиот објект не располога со дозвола од општина Карпош.

Од претходните контакти кои Инфомакс ги имаше со ријасетот на ИВЗ, џамијата не се наоѓа во нивниот регистар на верски објекти.

Спорен информациите на Инфомакс се работи за вахабистичка џамија која со верниците практикува радикален ислам кој не е одобрен од ИВЗ, а државата од близу ги следи дејствијата на oвие радикални верници.

Жителите во Злокуќани се загрижени за нивната безбедност поради радикалниот ислам кој се пропагира во нивното соседство и повеќе пати се обратиле кај надлежните за да се реши овој нивен проблем, но сега за сега државните органи се без слух.

https://infomax.mk/фото-вахабистичка-џамија-се-гради-во-з/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 10-Jan-2022 at 07:56
Кој гради џамија на диво во Општина Карпош? Општината ја стопираше изградбата



Во ноќните часови на Божиќ никна минаре во скопската населба Злокуќани. Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците поголго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу, кои, како што велат, најинтензивно се граделе во време на избори.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, потврди дека џамијата се гради бесправно и вели дека околу неа има три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледа од надвор што се гради. Јакимовски објаснува дека ноќта на Божиќ се градело минарето, кое всушност се издигнало над оградата и сега веќе се гледа од секаде.

Градоначалникот тврди дека ја стопирале изградбата. Раководител на општинскиот инспекциски надзор веќе излегол на терен и одговорните се повикани на средба во општината утре наутро.

Од Исламската верска заедница не добивме официјален одговор дали тие стојат зад изградбата на овој верски објект, бидејќи одговорното лице за тој регион бил на пат.

Сител се обиде да добие одговор и од оџата од новата џамија во Злокуќани, но тој не сакаше да разговара со новинари.

Инаку, мештаните не се жалат само за џамијата. Тие веќе подолг период имаат проблеми со новодоселените бидејќи секојдневно пуштале премногу гласна музика. Се жалат и на неподнослива миризба поради тоа што новите соседи, кои во последните неколку години масовно се доселуваат во населбата, често горат пластика, гуми и кабли.

Само во последните две години поднеле над 200 пријави до Полицијата, но решение за проблемот нема. Не сакаат да зборуваат пред камера бидејќи се соочуваат дури и со физички напади од новодојденците.

Ако надлежните не го решат проблемот, најавуваат блокади и протести.

https://sitel.com.mk/koj-gradi-dzhamija-na-divo-vo-opshtina-karposh-opshtinata-ja-stopirashe-izgradbata
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 128
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 10-Jan-2022 at 09:17
Рушење,моментално.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 10-Jan-2022 at 14:37
ЏАМИЈАТА ВО ЗЛОКУЌАНИ Е ДИВОГРАДБА, ОНИЕ КОИ ЈА ГРАДАТ ТРЕБА ДА ЈА УРНАТ ВО РОК ОД 15 ДЕНА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА КАРПОШ



Џамијата која се гради во скопската населба Злокуќани е дивоградба и лицата кои ја градат имаат рок од 15 дена да ја урнат, велат од Општина Карпош. Откако граѓани алармираа дека среде населба, меѓу куќите се гради џамија, инспектори од Општината излегле на терен во саботата. Кога отишле на увид не се вршеле градежни работи, но било констатирано дека постои објект за кој не е издадена градежна дозвола.

Одговорните лице биле повикани да дојдат на средба со градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска во 9.30 часот.

„Никој до овој момент не одговори на поканата за средба и не дојде во Општината. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам“, велат од Општина Карпош.

Граѓаните до редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК испратија фотографии од џамијата која се гради во Злокуќани, велејќи дека никаде нема никакво известување што се гради, ниту табла на која стои кој го гради објектот и кога е издадено одобрението за градба како што предвидува законот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dhamijata-vo-zlokukani-e-divogradba-onie-koi-ja-gradat-treba-da-ja-urnat-vo-rok-od-15-dena-velat-od-opshtina-karposh/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 10-Jan-2022 at 18:23
Минарето на џамијата во Злокуќани продолжува да се гради под црниот најлон



Одговорните што ја градат дивоградбата денеска не се појавија на средба со раководителот на Секторот за инспекторат во Општина Карпош, по што се одредени 15 дена за доброволно отстранување на нелегалниот објект. – Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, наведуваат од локалната самоуправа

И покрај тоа што инспекциските служби на Општина Карпош наредија стопирање на бесправното градење на џамијата во Злокуќани, како што информираше денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски, има сознанија дека под црниот најлон, поставен над минарето, продолжуваат градежните активности.

– Добивме информации дека и во неделата под најлонот повторно се работеше – тврди Јакимовски.

Иако одговорните за дивоградбата вчера во 9:30 часот требаше да се сретнат со раководителот на Секторот за инспекторат во Општина Карпош тие не дошле. Од општината велат дека Инспекторатот одредил 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект.

– Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам – наведуваат од локалната самоуправа.

Инаку, Јакимовски за весникот ВЕЧЕР обелодени дека нелегалните активности ги изведуваат Роми од муслиманска вероисповед. Како што објасни, повеќе години постои објект во кој тие ги извршуваат верските обреди, а сега тие му додаваат минаре.

Инспекциските служби на Општина Карпош, во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, во саботата излегле на терен, но во моментот кога е извршена контролата, како што велат не се вршени градежни дејствија.

Минарето како што истакна Јакимовски никнало точно на Божик вечерта, во 19 часот, а оти околу џамијата имало три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледало од надвор што се гради. Но, откако почнало да се гради, минарето се издигнало над оградата и сега веќе се гледа од секаде.

https://www.vecer.press/минарето-на-џамијата-во-злокуќани-про/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.