build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Новоизградени џамии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Aowek View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 37
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 10-Jan-2022 at 20:10
Џиганштанава што праи вакви работи директива у робија. Све нелегално изградено околу џамијава никој не смее да зуцне. Една поговорка од постар член на друг форум.


ДРЖАВА ДАДЕНА ГРАТИС ЛЕСНО СЕ ПРОДАВА.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 477
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 10-Jan-2022 at 22:43
Прочитав една смешка на фејсбук, дајте му на Стевчо едно минаре и се ќе биде во ред.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14978
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 11-Jan-2022 at 18:22
Градилиштето во Нерези каде бесправно се градел верски објект, инспекцијата го затворила минатиот јуни



Градилиштето во Нерези каде бесправно се градеше верски објект, чиј инвеститор е Исламската верска заедница (ИВЗ), е затворено во јуни минатата година. Ова го тврдат од Општина Карпош, откако Левица Карпош објави дека, по утврдување на бесправноста на изградбата на џамијата во Злокуќани, жители на Нерези реагираат дека и во оваа населба се гради верски објект без дозвола.

Поради тоа, советниците на Левица поднеле барање за информации до Општина Карпош кои се однесуваат на овој случај и бараат општинските служби јавно да ги соопштат со цел да не се остави простор за шпекулации и тензии, a воедно и да излезат на терен за да ја утврдат фактичката состојба.

Изградбата на било какви верски објекти без дозвола е спротивно на законот. Воедно, изградбата на верски објекти не е од никаков приоритет на жителите на Општина Карпош па оттаму бараме наместо верски објекти на територијата на Општината да се градат инфраструктурни објекти од општ интерес – велат од Левица Карпош.

Од Општина Карпош објаснуваат дека на катастарските парцели 912/2 и 912/1 во Нерези, започната била градба на бесправен објект за што е составен Записник за извршен инспекциски надзор на 17 јуни минатата година.

– Потоа е донесено Решение за отстранување Ип1 бр. 64-184 од 21.06.2021 година како и Заклучок за дозвола на извршување Ип1 бр.64-184 од 24.06.2021 година. Од причина што и по достава на актите до ИВЗ објектот продолжил да се гради, на ден 25.06.2021 година составен е Записник од извршен вонреден инспекциски надзор ИП1 бр. 64-184 со кој се констатира дека се затвора градилиштето – велат од Општина Карпош за „Слободен печат“.

https://www.slobodenpecat.mk/gradilishteto-vo-nerezi-kade-bespravno-se-gradel-verski-objekt-inspekcijata-go-zatvorila-minatiot-juni/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 18-Jan-2022 at 16:47
Мислам дека ова би требало да е таа џамија

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 19-Jan-2022 at 17:16
Објективно гледано, има потреба и верници во Средно Нерези, Горно Лисиче, Дамјан Груев и Злокуќани за да бидат изградени џамии, прашање е само зошто општините легално не им дадат дозвола, наместо да се доведуваат двете страни во конфликт.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 909
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 19-Jan-2022 at 19:56
Зашто не ни бараат. Полесно им е дифтарски да тераат без проект, елаборати, чекање од општина, плаќање комуналии итн.

А општините па комплетно ги разбирам ако се резервирани за џамии. Да имаше нормална полиција и инспекторати кои ќе спроведуваат закон за бучава, ок. Вака, на страна тоа што иритира гласачи, брка и инвеститори во радиус од 1км.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14978
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 05-Feb-2022 at 18:01
На Македонско-Косовска Бригада-Топанско Поле



јуни 2015



јануари 2022



од Google Maps



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14978
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 05-Feb-2022 at 18:08
Текстови/вести поврзани со џамијата од 2017

--------------------------------------------------------
Нова „Османлиска“ џамија ќе се изгради во Скопје





Преземени се првите чекори за изградба на новата „Топанска централна џамија“ во Скопје, која ќе ја гради Фондацијата на управата за верски работи во Турција (ТДВ).

Во населбата Топанско Поле во Скопје, ќе се изгради нова џамија со османлиска архитектура, од што се очекува да ги задоволи потребите за вршење на верските обреди на населението. Земјиштето, каде што ќе биде изградена џамијата започна да се заградува, а во тек е и монтирањето на градежните канцеларии.

Џамијата ќе биде во форма на комплекс, во чии рамки ќе има затворен паркинг простор, курсеви за Куран, сали за конференции, кујна, летниковец, како и административна зграда. Оваа џамија, со своите карактеристики, ќе наликува на Михримах Султан џамијата, која се наоќа во Едирнекапи, во Истанбул и на џамијата Коџатепе, која се наоѓа во Анкара

Советникот за верски услуги при амбасадата на Турција во Скопје, Мурат Алкан, во изјава за Аnadolu Аgency (AA), рече дека, проектот ќе биде воден од ТДВ и компанија на ТДВ, КОМАШ, Исламска верска заедница на Македонија и Општина Чаир.

Алкан соопшти дека, џамијата ќе има османлиски карактристики и ќе биде со две минариња.

„Планираме да ја завршиме изградбата за 2 – 2,5 години од самото започнување. На ова земјиште, ќе биде изградена џамијата и административна зграда, која ќе ѝ припаѓа на Исламската верска заедница“, рече тој.

ој исто така рече дека, процесот на трансакција на земјиштето на Исламската верска заедница во Македонија бил комплетиран пред една година од страна на Општина Чаир, и додаде дека фирмата која ја води изградбата го заврши процесот на формирање, како и дека започна со затворање на околината за безбедноста на градежното земјиште.

- „Џамиите се места, каде се спојуваат срцата на сите верници“

Алкан посочи дека во минатото џамиите се граделе на убавите утврдени места, а оти потоа градовите се формирале околу самите џамии и додаде: „Најпрво се правеше џамија, а потоа околу неа, згради, чаршија, пазари, работни места. За жал, во последно време, ја загубивме оваа карактеристика. Прво ги градиме градовите, а потоа бараме простор за градење на џамија. Овде состојбата е иста.“

Нагласувајќи дека, џамиите се места, каде се спојуваат срцата на верниците, Алкан рече: „Џамија, значи она што спојува, што собира на едно место. Во нашата цивилизациска замисла, џамиите се простори, каде што се спојуваат срцата на верниците, и каде се интегрираат молитвите и боженствените обреди.“

Тој посочи дека, конструкцијата на џамијата е проектирана земајќи ги предвид лицата со попреченост и жените, и забележа дека Топанската џамија, ќе ги има сите архитектонски карактеристики, за да одговори на потребите на секого.

Алкан, посака на сите муслимани, најпрвин од Скопје и од целиот Балкан, џамијата да им биде од корист.

- Џамијата ќе има капацитет на 1.500 лица

Граджниот шеф, Атила Акширин, потврди дека, џамијата ќе има капацитет од 1.500 лица, а оти целокупното градежно земјиште опфаќа 10 илјади метри квадратни.

Акширин додаде дека, џамијата ќе биде со две минариња, една главна купола и 7-8 помали куполи, а дека по затворањето на градежното земјиште, ќе се премине на ископување на земјиштето.

https://www.aa.com.tr/mk/балкан/нова-османлиска-џамија-ќе-се-изгради-во-скопје/779429

Очигледно градбата доцни

------------------------------------

Најголемата џамија во Македонија се очекува да биде пуштена во употреба во 2020 година

Новата џамија во Топанско поле (Топанската џамија) во Скопје, која се гради под покровителство на на Турската Фондација Дијанет (ТДВ) при Управата за верски работи на Р. Турција, и ќе биде најголемата џамија во Македонија, се очекува да биде пуштена во употреба во 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркан Кара, го посети местото каде што се гради џамијата, за чија изградба е задолжена компанијата „Комаш А.Ш.“ која што работи во рамките на турската Управа за верски работи.

Амбасадорката беше придружувана од страна на заменик-амбасадорот на Р. Турција во Скопје, Мурат Сумер, како и од советникот за верски прашања при Амбасадата на Турција во земјата, Мурат Алкан. Таа беше информирана од страна на надлежните лица за текот на изградбата на џамијата, а разговараше и со работниот персонал.

Во писменото соопштение на Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, се наведува дека по завршување на изградбата, оваа џамија со капацитет од 1.500 лица, ќе го преземе епитетот најголема џамија во Македонија.

Според соопштението, џамијата ќе претставува еден комплекс во чии рамки ќе има затворен паркинг простор, простории за курсеви по Куран, сали за конференции и состаноци, библиотека, канцеларии, деловни простори, просторија за гусул (просторија за капење на починатите).

„Оваа џамија ќе наликува на Михримах Султан џамијата, која се наоѓа во Едирнекапи, во Истанбул. Џамијата ќе има две минариња високи 48 метри, со што ќе ја одразува османлиската архитектура“, се вели во соопштението, во коешто се нагласува дека целокупното градежно земјиште опфаќа 9.997 квадратни метри, од кои главниот објект опфаќа 2.280 кватратни метри.

Според соопштението, се очекува џамијата, чиј камен темелник беше поставен во септември минатата година, да биде пуштена во употреба во Рамазан, месецот на постот, во 2020 година.

https://religija.mk/najgolemata-dzamija-vo-makedonija-se-ochekuva-da-bide-pushtena-vo-upotreba-vo-2020-godina/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14978
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 02-Apr-2022 at 10:50
Originally posted by stef4o

Текстови/вести поврзани со џамијата од 2017

--------------------------------------------------------
Нова „Османлиска“ џамија ќе се изгради во Скопје













https://www.facebook.com/terraplanpartners
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 24-Apr-2022 at 16:23
Нова џамија во изградба во Средно Нерези, Карпош



Edited by kiriOK - 24-Apr-2022 at 16:26
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 24-Apr-2022 at 16:27
Ајде аирлија, нека се множат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4008
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 24-Apr-2022 at 23:31
Originally posted by гитардемон

Ајде аирлија, нека се множат.

Амин😬
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 25-Apr-2022 at 09:47
Ајде Стевчо кажа 4 цркви ќе ни изгради во Карпош не се лутете одма
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 03-May-2022 at 01:50
Јакреново, општина Крушево

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.154 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.