build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски патека на Водно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 08-May-2013 at 17:09
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=55899
 

Никој не сака да гради ски патеки на Водно

 
08.05.2013 15:39:46
 
Никој, барем засега, не сака да гради ски- патеки на Водно. До крајниот рок на повикот на Град Скопје за партнер за проектот, денеска на пладне, не стигна ниту една понуда.
 

 
Никој, барем засега, не сака да гради ски- патеки на Водно. До крајниот рок на повикот на Град Скопје за партнер за проектот, денеска на пладне, не стигна ниту една понуда.
 
- „ Во предвидниот период не пристигна ниту една понуда за ски патека на Водно..Град Скопје дополнително ќе реши дали ќе ја повтори постапката.“ – велат од Град Скопје
 
Повикот на Градот за јавно- приватно партнерство за Ски- патеки на Водно предвидуваше- инвеститор да го добие на стопанисување земјиштето околу врвот на скопската планина на 25 години. За возврат обврските на приватниот партнер беа- да го изгради комплексот со четири ски патеки, три ски лифта, административен објект, ски- школа и други содржини но и да префрла 1% од годишниот приход во Градската каса. Условите во тендерот беа пропишани по претходна студија за која Град Скопје плати 165 000 евра на австриски Суфаг Спорт во 2011-тата.
 
Ски патеките на Водно досега беа тема за која има поделени мислења. Противниците аргументираа дека повторно ќе се уништува зеленило но и дека проектот не е исплатлив поради климата и малите количини на снег. Подржувачите пак сметаа дека недостатокот може да се надополни со вештачки снег, но и дека зиме многу скопјани се рекреираат на планината.
 
Александар Димитриевски

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12190
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 08-May-2013 at 17:35
Јас мислам дека овој проект ќе ја доживее истата судбина како и плажите во Скопје... ќе биде интересен година-две, а потоа ќе пропадне. Ако воопшто се оствари.

Edited by Џоле - 08-May-2013 at 17:35
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 08-May-2013 at 20:52
Ако имаме среќа и сплавовите ќе ја доживеат истата судбина.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 08-May-2013 at 21:48
dzabe ke go isposecat vodno. demek nie kakvi dobri skijacki centri izgradivme na nasive planini pa sega uste vodno ostana. uzas
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 22-May-2013 at 12:59

Интервјуто е од пред 10 дена.


РАЗГОВОР СО ДРАГУТИН ЖИЉАK, РАKОВОДИТЕЛ НА ЗАГРЕПСKОТО СKИ-ПРЕТПРИЈАТИЕ

Водно ќе биде поубав скијачки центар од Слеме



Kонфигурацијата на скопската планина е многу подобра од онаа во Загреб, има идеални патеки, а луѓето од кафеаните, рестораните, од становите ќе може во живо да гледаат како на планината луѓето се рекреираат по цел ден, вели гостинот на градоначалникот Kоце Трајановски

Драгутин Жиљак е раководител на ски-центарот на Слеме во Загреб, кој функционира од 1954/55 година. Воедно е член на Управниот одбор на Скијачкиот сојуз. Деновине престојуваше во Скопје за ги сподели искуствата со скопскиот градоначалник Kоце Трајановски и да го поддржи во идејата да направи ски-центар. Уверен е дека Водно ги има сите предиспозиции да биде подобар и поатрактивен од Слеме. Прави споредба и вели дека планината над Скопје е поголема е и поубава, терен кој сам по себе е подготвен за ваква инвестиција.

- Вашиот ски-центар е свртен кон север и оди рамно кон градот, додека оној на Слеме е свртен на југозапад, така што градот не го гледа ски-центарот. Вие, во Скопје ќе имате можност во живо, од кафеаните, рестораните, од становите, да гледате кон ски-центарот по цел ден. Ќе биде од интерес на граѓаните да се занимаваат со спорт, да се рекреираат, а и секојдневно, на половина час да појдат во ски-центарот, што во овој момент го нема ниту еден град во светот.

Особено ќе ве мами да отидете на ноќно скијање.

Освен тоа, идните скијачки патеки на Водно ќе бидат подолги отколку патеките кај нас, кои се само километар. Ние моравме со машини да направиме денивелација на теренот, да го приспособиме за безбедно скијање, да не биде премногу стрмен, за разлика од теренот на Водно, каде што има и рамнини.

На првиот повик за јавно-приватно партнерство не се јави ниедна фирма. Според Вас, ќе се нафати ли некој да вложи?

Градот Скопје многу тешко во овој момент ќе најде партнер да го финансира овој проект бидејќи оние што ќе инвестираат, сакаат за две години да си го повратат тоа што го вложиле. Kај нешто вакво тоа е невозможно и е процес што трае подолго. Од друга страна, ски-центарот е многу побитен за градот отколку за капитализмот.

Kога велите дека ваков центар е важен за градот, на што точно мислите?

На градот тоа ќе му биде потребно заради психологијата, развојот на младите, заради здравјето и пред с` дружењето. Скијањето е единствен спорт и рекреација во кој родителите и децата можат заедно да уживаат во ист момент и на ист терен.

Осветлените скијачки патеки и ноќното скијање ќе ги привлекуваат граѓаните кон планината. Има многу деца, луѓе што сакаат да се занимаваат со спорт. А сите немаат доволно пари за Банско, Швајцарија, за Австрија. Тоа што ќе го платат за седум дена во тие земји, надвор од државата, овде, дома, ќе им биде доволно за цела година. Kартите за скијање надвор чинат 30 до 40 евра дневно. За скијање надвор на едно четиричлено семејство му се потребни 3.000 до 4.000 евра. А кој денеска може да си го дозволи тоа.

Освен тоа, скијањето ќе ви донесе во градот 10 клуба и над илјада члена во нив, но и врвни скијачи. Ако не се направи, никогаш нема да го дознаете тоа. А не се потребни многу пари. Тие некогаш се трошат на работи од кои немаме баш никаква корист. Ова не е мртов капитал, ова е капитал кој создава нова вредност, кој создава поздрави генерации. Ова е најголема спортска аквизиција на градоначалникот.

Затоа апелирам до градоначалникот да го направи ски-центарот на Водно. Ова е приказна која има смисла.

На кој принцип функционира Слеме? Kолку чини билет за граѓаните и дали е бесплатно за ученици и за студенти?

Тој е во сопственост на Градот Загреб, дава и одреден износ за одржување. Пред неколку години бевме трговски друштво. Потоа се направи реорганизација на градските претпријатија и сите влегоа во рамките на еден холдинг. Тогаш станавме претпријатие кое управува со сите спортски објекти во градот.

Билетот чини 10 евра за возрасни, а за деца е поевтино. Kога беа времињата подобри, во текот на целата година бесплатно се скијаа учениците, студентите и пензионерите, па дури и децата од предучилишните установи. Тогаш имаше сезона кога имавме и 70.000 посетители. А сега, во услови на криза, успеавме од Градот да добиеме финансиски средства за да им обезбедиме на учениците, средношколците, студентите и на градинките бесплатни карти само за зимскиот распуст. Наместо да седат во кафеаните, покрај телевизорот, децата и тинејџерите беа во скијачкиот центар. А освен тоа, помалите деца мора некој да ги донесе. На тој начин, со една бесплатна карта, целото семејство доаѓа на планината. Всушност, тоа и е целта.

Kолку една ваква инвестиција привлекува туристи?

Туризмот е нешто што мора да опфати повеќе работи. Не може тоа да биде само ски-центар на Водно бидејќи тој би бил премал за да биде интересен како дестинација. Но заедно со сето културното наследство и богатство, со знаменитостите, со кањонот Матка, со новите градби, музеи, градот Скопје ќе може да понуди комплетна приказна - преку ден да ги посетите културните знаменитости, музеи, вечерта да ја поминете во театар или кино, а потоа да скокнете до хотелот, да се преоблечете и да одите на ноќно скијање. Освен тоа, туристите можат да се стимулираат и со евтините авионските карти.

Минатата година имавме меѓу 35.000 до 37.000 посетители. Вие би имале двојно повеќе. Kолку што сум информиран, сега и без скијачки патеки имате повеќе посетители.


Скопје нуди прикаска и визија

Во градот доаѓате првпат. Kој е Вашиот севкупен впечаток?

За жал, првпат доаѓам во Скопје, немав можност досега. Морам да кажам дека сум импресиониран од градот и од она што е направено во него. Бев фрапиран, мислејќи дека објектите во центарот се стари 200 години, но откако поубаво и одблизу видов, а и откако ми објаснија, сфатив дека тие сега се градат. Фасадите се готови, но однатре с` уште се гради. Тоа е мудро. Имаш визија за градот како објектите да се готови. Всушност, сега можеш да ја продаваш визијата, што е многу битно. Видов дека има многу туристи. Некои се фотографираа на Мостот на уметноста, а и јас, бидејќи визурата кога се фотографирате на него е прекрасна. Приказната е многу храбра и изгледа малку невистинита, како да си се вратил со некој времеплов во приказна пред 200, 300 години, кога и се граделе такви објекти. Го посетив и кањонот Матка и воодушевен сум од природата.

Анела Петрова


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=192F9F18BFB21646A28A71CB9D9F2BA8


Човекот го кажува тоа што и јас го мислам. Патеката на Водно исто како и Луна Паркот треба да бидат изградени од Градот и најверојатно така ќе биде затоа што не верувам дека ќе се најде инвеститор за овие проекти. 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 30-May-2013 at 12:21

Сепак, на Водно ќе има скијање

Град Скопје нема да се откаже од проектот ски-патеки на Водно, вели градoначалникот Коце Трајановск. Тој започна консултации со можните инвеститори кои се би требало во текот јуни да дојдат во Скопје. Кога ќе се заокружи тој проект со ски-патеките, Водно ќе стане планина која ќе биде една од ретките во Европа која пружа такви можности, вели Трајановски.

vodno

Трајановски, за реализирање на долгонајавуваниот скијачки центар на Водно, пред извесен период, побара совети од искусниот Драгутин Жиљак, раководител на ски-центарот на Слеме во Загреб, кој за прв пат беше гостин во Скопје. Жиљак си замина импресиониран од главниот град, а особено од планината Водно.

-Мислам дека ски патеките на Водно, ако ги споредиме со Сљеме, верувам дека многу Македонци го гледале светскиот куп во Сљеме… морам да кажам дека Водно е посилно, поголемо и поубаво од Сељме. Така сакал Господ, планината да биде поубава и поголема. Важно е да се каже дека вашето скијалиште е свртено на север и доаѓа директно до градот, а тоа на Сљеме е свртено обратно, па градот воопшто не го гледа ски центарот. Вие во Скопје ќе имате шанса од кафулињата, рестораните и становите постојано да го гледате скијалиштето. Оние кои не можат да одат да уживаат во него, да може да го гледаат од прозор. Особено кога ќе биде ноќно скијање, ќе ве намамува да дојдете на Водно на скијање. Патеките кои ќе бидат на Водно се подолги од оние на Сљеме. Ние немаме таква прилика, таков терен. Ние немаме идеална патека, моравме многу да работиме со машини за да го прилагодиме теренот. Ова што го видов е терен кој сам по себе е подготвен за ски патеки, истакна Жиљак во интервјуто за порталот Курир.

Жиљак кој воедно е и член на хрватскиот скијачки сојуз, констатираше дека скопско Водно е една од најубавите планини, со предиспозиции да стана најпосетувано скијалиште и упати апел до градскиот татко да го реализира замислениот проект и Водно да го претвори во модерен скијачки комплекс.

Инаку, студијата предвидува четири ски-патеки со должина од 3.850 метри, три ски-лифта со должина од 1.350, подвижни теписи, административна зграда со ресторан, ски-рента и школа, гаража за ратрак и санки со сервис, прва помош, ски-патрола, магацин, акомулација на вода, како и систем за технички снег. Сето ова треба да го изгради новиот концесионер за скијачкиот град на Водно, кој во иднина ќе биде новото обележје на Скопје.

http://ekonomski.mk/?p=41427

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 30-May-2013 at 13:42

Го подржувам проектот и мислам дека со негова реализација Скопје ќе го претвори во еден од ретките градови во Европа кој буквално на чекор од него ќе има скијачки патеки со тоа ќе се зголеми и атрактивноста на градот во зимскиот период. 

Сепак мислам дека на крај сепак градот Скопје или некоја државна институција како ЕЛЕМ на пример ќе мора да го изгради проектот што сепак и не е толку лошо .

Единствено е лошо што се плашам дека нема доволно квалитетен кадар кој би можел да го менаџира проектот. Така може да се случи да ја дели судбината со милениумскиот крст и место атрактивно место да стане место со вечно неискористен потенцијал.

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 20-Aug-2013 at 22:17
Денес прв пат прочитав дека патеките ќе водат кон Нерези. Мислам дека тоа е одлично решение со што се заокружува навистина убава понуда. Средно Водно, Милениумски Крст, Свети Пантелејмон и Етно Селото.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 25-Nov-2013 at 23:33

Се пронајде вода на Водно


Гордана Ваљакова

На 150 метри длабочина, Градежниот институт „Македонија“ кон крајот на октомври пронајде вода кај детското одмаралиште на Водно, што според најавите на градската власт, ќе се користи за  водоснабдување на содржините кои се предвидени на Милениумскиот крст, платото, планинарскиот дом  и за евентуалната реализација на проектот за ски-центар.



Според директорот на Институтот, Златко Илиевски, потребната количина на вода што ја барал Градот е пронајдена. Направени се хидрогеолошки истражувања, а понатаму на потег е градската власт, кој што е нарачател на истражувањето.

 

Истражувањето за подземните води на Водно што го спроведе Градежниот институт „Македонија“ што вклучува и изработка на физибилити студија за испитување и утврдување на квантитативните и квалитативните карактеристики на подземните води и за изработка на техничко решение за зафаќање и дистрибуција на водите за потребите на локалитетот, Градот го чини околу 65.000 евра.

 

Според проектот за ски-центарот на Водно, проблемот за производство на вештачкиот снег би се решил со поставување специјални машини, за што е потребно вода. Постои и можност водата да се носи со цевковод од друг извор, но, тоа е поскапа варијанта.

http://www.plusinfo.mk/vest/116042/Se-pronajde-voda-na-Vodno

Edited by Cloverstack - 25-Nov-2013 at 23:33
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 21-Jan-2014 at 13:03
steta sto ne go zavrsija ski centarov godinava, samite ke se uverevme vo isplatlivosta na ovoj proekt, ke se "utepavme" od skijanje
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Feb-2014 at 18:13
Нов обид за ски центар на Водно

Ски центар ќе се гради на Водно. На тендерот, што го објави вчера АД Електрани на Македонија се бара инвеститор со кој по принципот на јавно-приватно партнерство ќе изгради четири ски патеки од Милениумскиот крст кон Нерези и три ски лифта.

Според планот, планираните ски-патеки се со вкупна должина од 3.850 метри, а ски лифтовите со должина од еден километар и 350 метри.

Во проектот за скијачкиот комплекс е вклучена изградбата на административна зграда со површина од 240 метри квадратни, во чии рамки ќе има ресторан, скијачка школа и оддел за изнајмување скии. Највисоката точка на скијалиштето е на надморска височина од 1.050 метри.

Претходниот тендер за проектот „Ски центар Водно“ беше распишан од Градот Скопје на крајот од 2012 година и доживеа неуспех бидејќи ниту еден субјект не достави понуда
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Feb-2014 at 21:14
Ќе видиме како ќе им успее повторениов тендер.
Ако е успешен, мој предлог е следниот тендер да биде за изградба на море во околината на Скопје...чисто да имаме каде да одиме на плажа...Big%20smile
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 04-Feb-2014 at 21:41
Originally posted by Skopjanecot

Ќе видиме како ќе им успее повторениов тендер.Ако е успешен, мој предлог е следниот тендер да биде за изградба на море во околината на Скопје...чисто да имаме каде да одиме на плажа...Big%20smile

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 22-Dec-2014 at 16:56
Кога ќе се изградат ски-терените на Водно?

Ски-терени на Водно нема да се градат ниту оваа сезона. Државата компанија ЕЛЕМ, која го презеде проектот од Град Скопје, во моментов ја изработува проектно-техничката документација, која треба да биде готова кон почетокот на наредната година. Дури потоа ќе се распишува тендер за избор на фирма која ќе ги гради, пренесува Вест.



Во изминативе години Градот за овој проект потроши околу 220.000 евра. Најпрво ба потрошени 165.000 евра за консултантот австрискиот конзорциум "Суфаг спорт унд фреизеитанлафен и векон инт", кој го изработи проектот, а потоа и 65.000 евра за испитување на подземните води.

Според проектот, на Водно треба да се градат четири ски-патеки, со вкупна должина од 3.850 метри, и три ски-лифтови, со вкупна должина од 1.350 метри, и два подвижни тепиха, со вкупна должина од 160 метри. Концесионерот треба да изгради и придружни содржини, и тоа ресторан од 200 квадратни метри, административна зграда со ски-рента и ски-школа, гаража за ратрак, моторни санки, систем за вештачки снег, пумпна станица за системот за технички снег и акумулација за вода.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/92714803/koga-ke-se-izgradat-ski-terenite-na-bodno
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 21-Aug-2015 at 13:43
Ќе се гради Ски Центар на Водно!

„Електрани на Македонија“ продолжува со активностите за изградба на скијачкиот центар на Водно. Бара проектантска куќа која ќе го ревидира проектот за ски-патеките. Од ЕЛЕМ процениле дека за тоа ќе потрошат речиси 40.000 евра. Огласот за избор на ревизор, кој е распишан вчера, е уште еден доказ дека компанијата сериозно се зафатила со реализација на идејата за изградба на ски-центарот, проект што го наследи од градската власт. Ревизијата, како што посочуваат од ЕЛЕМ, е една од неопходните фази во целата постапка.



„Поради сложеноста на проектот, неблагодарно е да прецизираме кога ќе заврши ревизијата и кога би почнала теренската реализација на проектот. Но, сигурно е дека по извршената ревизија ќе се создадат услови за барање изведувач“, велат накусо од ЕЛЕМ Турс и посочуваат дека е извесно оти изградбата нема да започне годинава, пренесув Утрински.

Во меѓувреме, надлежните ќе треба да одлучат за начинот на финансирање на проектот. Првичните пресметки велат дека изградбата на скијачкиот центар би чинела околу 10,5 милиони евра. Не е исклучена можноста да се бара концесионер, но можно е и ЕЛЕМ да се одлучи да биде единствениот инвеститор, кој подоцна сам ќе стопанисува со центарот.

Инаку, капиталниот проект првично беше најавено дека ќе го реализира Град Скопје. Но, лани, ски-центарот како обврска му беше предаден на ЕЛЕМ. Наводно, пресудно беше искуството на компанијата во зимскиот туризам, како и фактот дека може да инвестира и да стопанисува со уште еден центар.

Проектот предвидува на Водно да се градат ски-лифтови и четири ски-патеки со вкупна должина од 3.850 метри на кои ќе има можност и за ноќно скијање. Предвидено е центарот да биде опремен со ресторани, ски-рента и ски-школа. Идејата е да се овозможи скијање и кога нема природни услови, па се проектираат и вештачко езеро и систем за производство на вештачки снег. Во рамките на ски-центарот ќе има и административна зграда, технички објект, гаража за ратрак и моторни санки со сервис, прва помош, пумпна станица за системот за технички снег, ски-патрола, како и магацин за разновидна опрема.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/627069757/ke-se-gradi-ski-centar-na-bodno
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 31-Aug-2015 at 13:41
Идејата за скијање на Водно сеуште на маса

Идејата за изградба на ски центар на Водно сеуште е на маса. Државната компанија ЕЛЕМ, која го презеде проектот од Град Скопје, објави оглас за ревизија на архитектонско-урбанистички проект, проектот за инфраструктура, идејниот и основниот проект за изградба на ски-центарот Водно. Според проценките, ревизијата ќе трае 6 месеци и ќе чини 2,4 милиони денари. Откако ќе се направи ревизија на проектот, ќе стартува постапката за избор на фирма која ќе ги изведува терените. Ревизијата на проектот ќе покаже како точно ќе изгледа проектот за ски-терените на Водно.





Изминативе години Градот Скопје за овој проект потроши околу 220.000 евра. Најпрво беа потрошени 165.000 евра за консултантот австрискиот конзорциум и специјалци за снег SUFAG и Векон Инт, кој го изработија проектот, а потоа и 65.000 евра за испитување на подземните води.
Според првичниот проект, на Водно треба да се градат четири ски-патеки со вкупна должина од 3.850 метри, да изградат и три ски-лифта со вкупна должина од 1.350 метри и два подвижни тепиха со вкупна должина од 160 метри. Концесионерот треба да изгради и придружни содржини, и тоа ресторан од 200 квадратни метри, административна зграда со ски-рента и ски-школа, гаража за ратрак, моторни санки, систем за вештачки снег, пумпна станица за системот за технички снег и акумулација за вода.



Според нашите обсервации, доколку би се граделе терени на Водно, доволна и една современа ски патека од типот на Сљеме над Загреб која би задоволувала повисоки стандарди, а би се опслужувала со веќе постоечката жичница. Предноста е што би се избегнале големи градежни зафати и уништување на поголема шумска површина, помали инвестиции и поголема искористеност на веќе постоечката инфраструктура, пред се гондолата.

Една таква патека секако е полесна за одржување во однос на планираните три за кои се потребни поголем број на снежни топови и што е најважно многу вода и ниски температури. Студените денови на Водно се во мал број најчесто во шпицот на зимата меѓу декември и јануари, а слично е и со количините на снег кои во најдобрите зими се задржуваат до месец дена.


Сљеме, Загреб

http://skimacedonia.mk/idejata-za-skijanje-na-vo/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 02-Nov-2017 at 22:00

значи оваа екскурзија завршува неславно, но знаејќи дека меѓу симпатизерите на сдсм има многу скијачи клизачи и санкаџии, не ме чуди матичниот брод да им угоди доколку се упорни ...

ајде ако го беа направиле ЕЛЕМ, а апропо озборувањата за негова продажба, колку и да е добронамерна идејата, на крај ќе беше само уште една елитистичка квака за боубав скотски живот ...



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 02-Feb-2019 at 12:07

колку еу би можело да фрли камен за ваков проект кој е повеќе забавен отколку професионален спортски, проектот со се ревизиите веќе ги имаме, штета би било за сите пари кои се фрлени за сето ова до сега, од друга страна јавно приватно партнерство е опција но од сите предуослови како груевци претходно ги товареле што е нормална појава за таков дил [1] делува одбивно ваква покана, попрво државата да го крене па после да го шитне или издава, едно Бачило кај Етно Селото така потенцијално имаат, треба уште едно слично околу Крстовар, ем Средно Водно може да се поврзе слично со се Поштенски и се на се би се добила некоја заокружена туристичка понуда на Водно која и во лето би можела да се прошири доколку попејсажно се поработи на падините, идеален Дендро Парк би било ако од сите краеви на Македонија би се донеле дрва и дрвенести растенија ...

но веројатно прва работа која мора да се заокружи е Жичарницата до Крстовар, која паметно би било да почнува од Клинички т.е. врз голема подземна катна гаража на местото на оуКочо Рацин, со што би се решил воедно и проблемот за клинички паркинг и цел тој хаос таму, но и би се опслужувале на ангро Скопјани со Жичницата, без ова ски патеки на Водно ќе бидат дисфункционална работа, дури екстра терсене ако само и Жичарницата оди од Свети Јован в Капиштец каде не би можеле да гргнат ниту сместат возила или пак има брза и голема автобуска конекција за да масовно се експлоатира Жичарницата, на страна што мирот на Теолозите во Капиштец би се осигурал од супер хедонизам кој си оди в топли денои кога кратки шорцеви и маици по прерамки се норма, вооппто размислува ли некој од архитектите за сите аспекти на одреден проект, или вежи коња где ти газда каже па и да је наопако!?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.