build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски патека на Водно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Oct-2011 at 15:22
На Водно ќе се скија на вештачки снег
Петок, 28 Октомври 2011 12:39
Сподели

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Специјално ангажирана консултантска куќа дала одобрение за градење на скијачка патека на падините на Водно, футуристички проект на градоначалникот Коце Трајановски.


Според анализата на консултантската куќа која изработи и проект со финансиска конструкција постојат можности да се изгради ски-патека.

Скијачката патека ќе се протега од местото каде некогаш се наоѓала скијачка патека која денеска е запуштена, односно од врвот на Водно од десната страна на "Милениумскиот крст".

Според скопскиот градоначалник Коце Трајановски, овој проект ќе придонесе за привлекување туристи во зимскиот период, а воедно претставува и можност за скопјани да уживаат во зимските спортови.

Проектот моментно се наоѓа во втора фаза за подготовка на тендерска документација за избор на концесионер кој ќе биде заинтересиран за стопанисување со скијачката патека, а според Трајановски постои голема заинтересираност и можност за вештачки снег на Водно, за што последниот збор и одобрението ќе се чекаат од консултантската студија.


http://kurir.mk/republika/skopje/47561-Na-Vodno-ke-se-skija-na-vestacki-sneg
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Oct-2011 at 21:26

Иако сум максимален скептик, дека ќе има заинтересиран концесионер, се молам да сум грешка. Не би имало ништо поубаво од ноќно скијање на Водно после работа. Како и да е мислам дека овој проект би бил прескап, инвестицијата во технологија за подготовка на вештачки снег прегломазна а исплатливоста и повратот на инвестицијата речиси никаков. Но ајде, можеби некој убаво ќе не израдува.

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 31-Oct-2011 at 09:36
Originally posted by UrbanFreak

Иако сум максимален скептик, дека ќе има заинтересиран концесионер, се молам да сум грешка. Не би имало ништо поубаво од ноќно скијање на Водно после работа.



ПОТПИС. Истото си го помислив
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 02-Dec-2011 at 22:38

А наместо ски - патека, да имаме нешто како ова?

Или нешто поектремно, побрзо, но мислам дека и посигурно. Во секој случај се работи за иста замисла, ист систем, само пософистициран, и како што реков, посигурен според мене.

 

 

Еве нешто и од Википедија, италијанската (што да се прави кога нема на англиски, па затоа користете Google Translate)

Alpine Coaster

Нешто од ТрипАдвајзор

Alpine Coaster: Traveler Reviews

Веб-станицата за тој во Имст, Австрија.

Alpine Coaster - Imst

Краток инфо-извадок 

Alpine Coaster Imst
> Route length: 3,535m
> Altitude at the top terminal: 1,550m
> Altitude loss: 500m
> Highest section: 6m above the floor

И уште една додаток статија 

Alpine Coaster Imst


What snakes its way across the landscape in Imst? It’s the Alps’ longest Roller Coaster!

Take a seat and don’t forget to fasten your belts! A ride in the longest roller coaster of the Alps is a breathtaking experience. The start takes place at the Untermarkter Alm on 1,500 m above sea level. Once on the track, it’s too late to stop and the rolling adventure begins!

Exciting 12 minutes are coming up, and these minutes are not for the faint-hearted! Sharp curves, 16 Jumps, 25 waves and jumps of 5 metres are only some of the exciting elements that are included in the 3.5 km long Alpine Coaster in Imst. The top speed that can be achieved is about 40 kmph… oh wow! :-)

But don’t worry, for those who are not that brave: the sleds have been established compliant with the highest safety standards and are equipped with an easy to use brake! By the way: you can also enjoy this breathtaking experience in case of bad weather, as the sleds are equiped with a cover. And how to reach the Alpine Coaster? Take the double-seated chair lift from Hoch-Imst!

Please note: some rules for the little Alpine Coaster pilotes:

> children aged 3+ can ride in the Alpine Coaster
> children aged 8+ and 1.25 m tall are allowed to ride alone
> children aged 14+ can are also allowed to ride in two

Извор / Source: Welcome to Tyrol! (turol.tl)

CheersThumbs%20Up




Edited by FoSsiL - 02-Dec-2011 at 23:00
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 02-Dec-2011 at 22:54
ПС: Простете ми за извиците и р‘кањето (мислиш ќе се задави) на девојката ( жени! ) од двете поврзани видеа од Имст.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 03-Dec-2011 at 01:51
Фосил нема проблем да има и ски патека и вакво нешто. Ваквите костери се користат најчесто во потоплите денови, па така може слободно да двете решенија да се покрие цела сезона.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 14-Feb-2012 at 23:45
ДОДЕКА ГРАДОТ БАРА КОНЦЕСИОНЕР КОЈ ЌЕ ИЗГРАДИ СКИ - ПАТЕКА НА ВОДНО

Скијаат под жичницата

Гондолите на жичницата викендов беа преполни со скии и даски. Голем број скопјани наместо да одат на Шапка или Маврово, скијаа во Скопје. Досега до врвот на Водно скијачите не можеа да стигнат, но откако е пуштена жичницата, за пет минути се кај Милениумскиот крст, од каде што по дивите патеки скијаат сe до Средно Водно.
"Наместо да одиме до Маврово или на Шапка, можеме и тука да скијаме. Патеката под жичницата е одлична, а има и супер места за бордање. Секој викенд има сe повеќе скијачи што доаѓаат да се рекреираат", велат скопјани што викендов скијаа на Водно.
Тие се жалат дека билетот за жичницата им е скап. Повратен билет е 100 денари, а исто се плаќа и за еден правец. Бараат надлежните да направат некои поволности, затоа што скијачите купуваат по неколку билети во денот.



Од ЈСП Скопје, под чија надлежност е жичницата, велат дека се изненадени од големиот број скијачи што ја користат жичарницата.
"Не само што скијаат под жичницата и по дивите патеки туку го користат и патот до Средно Водно. На гондолите нема посебни држачи за скии, како што има за велосипеди, но во иднина ќе размислиме и за таква опција. На жичарницата нема билет во еден правец оти така е секаде во светот", вели директорот на ЈСП Скопје Мишо Николов.
Изградба на ски-патека на Водно пред две години најави градоначалникот Коце Трајановски. Тој рече дека оваа идеја мора да ја реализира, и во моментов во тек е постапката за избор на фирма концесионер која би ја изградила ски-патеката, а за возврат би го добила правото за стопанисување со неа. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=96414EF38AA7CA49A6FE9C99724866E8

Не сум знаел дека Мишко бил белосветски човек. Не дека е некоја сатисфакција да побиеш негов став, но сепак:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=295&KW=&PID=101446#101446
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 15-Feb-2012 at 01:26
Оффтопик, но јас не би излегувал со вакви поттикнувачки текстови за скијање на Водно, бидејќи мене пределов не ми изгледа како подготвена патека за скијање, авантуристички звучи, ама ако утре некој се повреди или му се случи нешто друго, тогаш директорот Николов ќе треба да се бара за одговорност.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 21-Mar-2012 at 13:56
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Предмет на договорот за јавна набавка:
Изработка на планска документација, Урбанистички план за вон населено место за Ски Центар Водно, КО Горно Водно, вклучувајќи изработка на ажурирана геодетска подлога ревизија на предметната планска документација и стратешка оцена за влијание на животна средина.

Вид на договорот за јавна набавка:
Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа.

Критериум за доделување на договор за јавна набавка:
Најниска цена

Понудите да се достават најдоцна до:
10.04.2012 во 13.00 часот

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieACPP.aspx?EntityId=c3cf5ab0-8e51-45c7-9f24-4ee3ef2649be&Level=2
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 25-Dec-2012 at 10:35
А ќе се сече шумата за патеките или таму нема дрва?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 26-Dec-2012 at 00:39


Цел тој предел е целосно и густо пошумен и не може да се прават патеки без да се исече многу шума.

Еве ја новата вест од завчера, не сме ја ставиле:

Јавно – приватно партнерство за ски центар на Водно

#

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе Одлука за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реализација на ски – центарот на Водно. Распишувањето на јавен оглас за избор на најповолен понудувач ќе следи во претстојниот период, по кој би се потпишал договор за концесија со приватниот партнер, со период на стопанисување од 25 години. Идниот инвеститор ќе треба да вложи финансиски средства во изградба на четири ски – патеки со вкупна должина од 3.850 метри, три ски – лифта со должина од 1.350 метри, центар за изнајмување на скии, ски – школа, ресторан и административни простории во новиот објект што ќе се гради на врвот на Водно. Покрај инвестирањето во зимско – рекреативниот центар, идниот управител ќе треба на градот да му исплаќа 1 отсто од вкупно остварениот приход од продажбата на билети. На ниво на Општина Карпош е завршена постапката за донесување на урбанистичкиот план за локалитетот со површина од преку 180 хектари.

Според плановите на градските власти, скијачката патека ќе се гради на потегот од врвот на Водно, од десната страна на Милениумскиот крст, во правец на селото Нерези. Проблемот со недостигот на доволни врнежи на снег во текот на зимските месеци ќе се реши со поставување на машини за производство на вештачки снег. Од Градот Скопје засега нема официјални информации за временската рамка во која би требало да се оствари проектот.  Покрај реализацијата на скијачките патеки, за потребите на ски – центарот во урбанистичкиот план е предвидено на врвот на планината Водно да се изгради нов објект со максимална висина од пет метри, кој би се лоцирал на левата страна од Милениумскиот крст. Во функција на уредување на целокупната околина, планирано е и парковско зеленило што ќе се простира од левата и од десната страна на објектот кој што е препознатлива знаменитост на Скопје.


#
Објавено на 24.12.2012 во категорија Вести.

Тагови: Водно, Нерези, Скијачки центри, Скопје, Спортски, Угостителски, Урбанистички планови

http://www.build.mk/?p=21369
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 26-Dec-2012 at 01:45
јас кога ја прочитав веста,на форумов ја немаше никој постирано,а јас не ја постирав бидејќи ми изгледа дека нема никогаш да се направи.едноставно не верувам дека може ова да успее.

би сакал за едно 5-8 години позитивно да се разуверам
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 26-Dec-2012 at 10:41
super e idejata, megutoa NEMA SNEG. kaj ste videle ski centar so najvisoka platforma na 1060 metri??? velat vestacki sneg, no toj treba da se izmesa so prirodniot i treba da drzi na niski temperaturi. a idejata za malo gratche/selce na vrvot na vodno otsekogas mi izgledala privlecna. da bide kako del od gradot, povrzan celo vreme no so planinska atmosfera
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 26-Dec-2012 at 14:26
Originally posted by xnx

super e idejata, megutoa NEMA SNEG. kaj ste videle ski centar so najvisoka platforma na 1060 metri??? velat vestacki sneg, no toj treba da se izmesa so prirodniot i treba da drzi na niski temperaturi. a idejata za malo gratche/selce na vrvot na vodno otsekogas mi izgledala privlecna. da bide kako del od gradot, povrzan celo vreme no so planinska atmosfera


Ќе морам да те корегирам. Сјеме, над Загреб, каде што впрочем се одвиваат и трки за светски куп, својата највисока кота ја имана 1030 метри http://www.sljeme.hr/default.aspx?id=56

Околу вештачкиот снег, доколку температурите се под -5 нема никаков проблем да се создаде вештачки снег (доколку има доволно вода и струја нормално) и тој нема потреба да се меша со природен. Така што идејата е технички возможна, колку е исплатлива со оглед на нашиот стандард тоа е веќе друга работа.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 26-Dec-2012 at 15:08
Originally posted by xnx

super e idejata, megutoa NEMA SNEG. kaj ste videle ski centar so najvisoka platforma na 1060 metri??? velat vestacki sneg, no toj treba da se izmesa so prirodniot i treba da drzi na niski temperaturi. a idejata za malo gratche/selce na vrvot na vodno otsekogas mi izgledala privlecna. da bide kako del od gradot, povrzan celo vreme no so planinska atmosfera

Јас се извинувам што ќе се замешам но во градот каде што живеев во странство има Скијачки центар кој највисоката кота му е на 930м ако не се лажам (врвот на планината е 950м) иако сега не работи центарот заради “транспарентна приватизација“ и денационализација.
Околината на градот е познат Скијачки центар во самата држава па и пошироко.И ниеден врв не е повисок од 1250м (само еден има толку). значи не ти држи вода тезата за највисоки платформи ,не споредувај ти со Алпите.


Edited by daci92 - 26-Dec-2012 at 15:12
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 26-Dec-2012 at 16:27
abe vidi ne znam kade si ziveel dali e po na sever, ama vo skopje sum cel zivot i znam kolku sneg ima na vodno. mavrovo so 1800 metra vrv raboti edvaj da si gi pokrie trosocite a ne pa vodno.

daj boze da gresam i se nadevam deka nekoj veke napravil studija za ova.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 26-Dec-2012 at 17:30
Знам дека во Дубаи има ски патека ставена во објект голем колку неколку спортски сали,системот работи и кога надвор е 40 степени,и нормално многу кошта.Сум ја гледал емисијата на Дискавери
Back to Top
FCB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Dec-2012 at 19:34
Vo Pensilvania ima ski resort se vika Poconos, ili Blue Mountain Ski area. Go posetuvaat okolu 300000 posetiteli godisno. Bev ednas I se iznenadiv sto se naoga na mnogu niska nadmorska visocina. Koga stignavme ocekuvav da vidam nekoja planina. No najvisokata tocka e 470m a bazata e na 140m so vertikalna elevacija od 330m.
Na site stazi imaat instalirano spricevi ili topovi za vetsacki sneg, i na niv se oslonuva celiot kompleks. Spored Wikipedia prosecnite vrnezi na sneg tamu se okolu 0.84m sto mislam deka e slicno ko na Vodno.
Znaci i na Vodno ova ke bide izvodlivo.I kajnas skijanjeto mislam deka e popularno i moze da uspee. No zosto bas sega bi go pravele na Vodno pokraj tolku golemi planini vo Makedonija e tema sto treba ubavo da se razmisli. Dali ke se narusi zivotnata sredina ili ne. Za da se napravat stazite sekako deka ke treba da se sece sumata. Toa ne znaci deka Vodno ke ostane bez suma no e nesto sto treba da se ispita. I zatoa ne bi izbrzuval vo negovata realizacija bez ubavo da se analizira. Pozitivo ke bide sto Skopje ke dobie skikjacki tereni vo neposredna blizina. Ke mozat da se koristat preku celiot den i pod reflektori I navecer. I poradi nivnata blizina ke bidat pogodni("convenient") za site.
P.S. Eve nekoja web strana od Poconos da vidite kako izgleda
http://www.poconosbest.com/bluemountainskiarea.htm
http://en.wikipedia.org/wiki/Blue_Mountain_Ski_Area

Edited by FCB - 26-Dec-2012 at 19:40
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 17-Jan-2013 at 13:00

Цело Водно со вештачки снег за 150.000 евра

Од градот велат дека скијачкиот комплекс ќе ги задоволи највисоките светски стандарди - ќе содржи четири ски-патеки со вкупна должина од 3.850 метри, три ски-лифта, два подвижни теписи и еден ресторан

 
 
%20  

 Вештачкиот снег ќе може да се одржи само на минусни температури

Проект скијачки патеки

 Водно од наредната година ќе биде наш снежен бисер, ќе изобилува со мноштво активности: скијање, бордање, санкање. Дури и да нема снег, сето ова може да се направи со вештачки снег, за што на Водно му се потребни шест топа, за да ги наснежи четирите ски-патеки. Мислењата на граѓаните се поделени, некои велат дека е одлично промовирање на градот, а други, пак, дека финансиите ќе бидат залудно потрошени. Од градот велат дека скијачкиот комплекс ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид објекти. Комплексот ќе содржи четири ски-патеки со вкупна должина од 3.850 метри, три ски-лифта, два подвижни теписи, еден ресторан. Ќе има административна зграда со ресторан, ски-рента и ски-школа. Предвидени се и изградба на технички објект, гаража за ратрак и моторни санки со сервис, прва помош, пумпна станица за системот за технички снег, ски-патрола, магацин за разновидна опрема, како и акумулација за вода и систем за технички снег. Професионалците во скијање велат дека ова е профитабилна инвестиција и дека е одлична перспектива за младите скијачи.

Современиот туристички скијачки комплекс ќе функционира не само за време на зимската сезона туку и во текот на целата година.

- Кога се вели да функционира во текот на целата година не подразбира само скијање во зимските месеци туку и други спортско-рекреативни услуги во текот на преостанатиот период во годината - велат од градот.

„Смешна“ инвестиција

За скијачите овој проект е од огромно значење за развој на професионалниот и рекреативниот спорт, како и за развој на туризмот.

- Овој проект, според мене, како претседател на скијачки клуб, тренер и вљубеник на зимскиот спорт, е одличен. Има многу скијачки комплекси што се на пониска надморска височина од Водно, па се одржливи. Ова ќе биде одлична перспектива, тоа се градски патеки за млади скијачи и за рекреативци - ни изјави Александар Атанасовски, претседател на алпскиот скијачки клуб Скади.

Дилема кај граѓаните се создаде поради температурата што преовладува во Скопје, сомневањата дека вештачкиот снег не ќе може да опстои повеќе од една недела и дека се работи за скапа инвестиција
- Инвестицијата е „смешна“, бидејќи колку повеќе се вложува, толку и се враќа. Тоа е профитабилна инвестиција. На Водно му се потребни шест топа со вештачки снег. А еден половен топ со вештачки снег изнесува до 25 илјади евра. Тоа е долгорочна инвестиција, бидејќи добро зачуваните половни топови траат од 10 до 15 години - вели Атанасовски.

Вештачкиот снег може да се одржи само во минусните температури, што значи дека снег може да има исклучиво во зимскиот период. Треба да се постават машини за вештачки снег, водни топови и потребно е два-три дена да заснежи, па потоа со ратрак за се измазни снегот.

- Траењето на вештачкиот снег е во зависност од температурата. Ако има минусни температури, ќе трае вештачкиот снег преку цела зима, само ќе треба да се прави минимален дотур на снег, голем плус е и ако има и природен снег. Но доколку температурите бидат над нулата, снегот ќе се стопи и за два-три дена - објаснува Атанасовски.
 
Закана за зеленилото

Во меѓувреме со негативни коментари за изградбата на ски-патеката се огласи ДОМ. Тие велат дека ќе се намали количеството на дрво и зелени површини во Скопје, ќе се зголеми загаденоста и на Водно, а со самото тоа и на Скопје.

- Сметаме дека оваа идеја не е во согласност со принципите на одржливиот развој, за кој ДОМ се залага.
И сметаме дека Скопје има подобри основни услови за развој на туризмот, пред сѐ богатото културно-историско наследство. Скопје има главни туристички обележја што може да се развиваат: Матка, Марков манастир, Катлановска Бања, скопската чаршија. Постојните ски-патеки на Шар Планина и Бистра и не се толку многу далеку, за вљубениците на зимските спортови - објаснува Тони Ристов, портпарол на ДОМ.


Топовите работат на вода

Топовите за вештачки снег функционираат само на минусни температури. Има два типа топови, едниот тип е со веќе поставени водоводни мрежи, а другиот со дизни од 100 до 400 метри. Потребно е да има довод на вода, планината да изобилува со вода, како и компресори за воздух. Се поставуваат неколку топа, се вшприцува водата во топовите и потоа се фрла снежна вода во висина до четири метри и се разнесува со ратрак-машина на целата падина. 


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11713924111&id=14&prilog=0&setIzdanie=22781
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 17-Jan-2013 at 13:06
Originally posted by axel

Има многу скијачки комплекси што
се на пониска надморска височина од Водно, па се одржливи.


kade? vo norveshka ili kanada? da, ima.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.