build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Пресвета Богородица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 26-Aug-2014 at 19:41
Не е проблем само тампонирањето. Конкретно за овој плоштад проблем е и тоа што кога има венчавка во црквата, сите гости доаѓаат со сопствени возила кои ги паркираат токму на плоштадот. Под тежината на толку возила нормално е дека ќе се појават вдлабнатини. Грешка е што им се дозволува тоа. Неколку пати досега сум бил на венчавка во црквата, и сум ја видел таа грда слика. Мора да се забрани влез за возила на плоштадот, по секоја цена.
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 26-Aug-2014 at 21:39


Нема дилема дека треба да се забрани пристапот на возила. Во секој случај, за цена од 4,2 милиони евра би очекувал делеку посериозна и потрајна изведба. Онакви ровови не би смеело да бидат предизвикани дури ни од возила. „Скопје 2014“ е еден неверојатно скап, а истовремено неверојатно фушерајски и неквалитетно изведен проект. Грабеж од епски пропорции! Сите други проблематични аспекти на „Скопје 2014“, колку и да се големи и бројни, избледуваат во однос на неговиот сооднос цена/квалитет. Плаќаме за Мерцедеси и Ферарија, добиваме Варбурзи и Трабанти.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7415
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 27-Aug-2014 at 01:19
Originally posted by Џоле

За пешачката атрактивност не се согласувам со тебе... Веднаш покрај црквата има автобуска постојка на која редовно се симнуваат луѓе кои одат накај Центар, па сакале-нејќеле мора да поминат низ плоштадчето. Е сега, тоа што нема друга содржина која би ги задржала таму (има црква, но тоа очигледно не е доволно) е друга приказна. Самото место е пријатно и тивко, иако се наоѓа во центарот на градот. Многу често кога има некој настан во МКЦ, со пријателите се чекаме токму тука (понекогаш и ќе испиеме по некое пиво). Можеби кога околината ќе се доизгради со други зданија (станбени, деловни, угостителски и слично) плоштадот ќе си ја добие својата улога. Вака можеби се чини недовршен, недоосмислен. Сепак, дење преку него транзитираат многу луѓе. Тоа ми беше зборот.
ок, транзитно е местото, ама има многу повеќе од тоа

мене лично ужасно ме нервира тенденцијата од секој празен простор кој не е намерачен за објект, да се направи плочник со обавезен „споменик“ и паушално да се нарече плоштад
како прво, не е јасна намената на тој простор
на пример ако црквата има право на просторот околу објектот и ако им треба простор за собири, нека го заградат, и тоа нека биде двор на црквата кој ќе си го уредат, онака како што доликува да изгледа двор на црква, и нека има збирно плато за празници и венчавки
а ако просторот нема никаква атрактивност на него да застанеш и да се одмориш и рекреираш, тогаш се прави да биде пријатен за поминување, а тоа се прави со хортикултура и сенка, а за тоа не ти треба коцка (најнеудобна површина за пешачење после калдрмата на нашите простори), ниту пак мегаломански споменици на столбови и фонтани кои повеќе го задушуваат просторот, отколку што го освежуваат
а за да земе титула плоштад, треба да биде раскрсница, централен чвор на поширок простор и барем објектите околу него да бидат јавни и секојдневни, а тука не игра улога простата близина на автобуска станица и една пешачка линија, ниту пак тоа дали „плоштадот“ ќе биде опкружен со објекти

да не го должам, основната поента е што кај нас не се планира намената на пешачкиот простор затоа што се прави без цел и не се зема во предвид карактерот на локацијата, ниту неговата форма која произлегува од неговата намена... затоа најголем дел од „парковите и плоштадите“ после пет минути слава, ни пропаѓаат најпрво од некористење и непопуларност, па потоа од фушерај и неодржување
поради таква недовршеност, недостиг од планирање и некреативност, во Скопје пропаднаа многу локации и мислев дека барем некој тука може да научи од грешките
...фактички се вадат на актуелизирање на неатрактивни простори и создавање нови, за повторно да ги направат неатрактивни
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 10-Sep-2014 at 13:21


Света Лидија Македонка на постаментот кај Светите Апостоли Петар и Павле



We shape our buildings; thereafter they shape us.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 10-Sep-2014 at 17:15
Со оглед на значењето на Света Лидија за Македонија па и светот мислам дека овој споменик е сосема на место. Незнам каде точно е лоциран но добро е што на овој плоштад се оформи една целина на која има само Светци.

Edited by kultuzin - 10-Sep-2014 at 17:16
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 10-Sep-2014 at 17:28
На оваа слика се гледа постаментот


We shape our buildings; thereafter they shape us.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 27-Mar-2015 at 01:08
„Урбан инвест“ ќе го догради плоштадот „Пресвета Богородица“

Градот Скопје ќе ја реконструира левата страна на Кејот на Вардар, на потегот помеѓу булеварите „Филип Втори Македонски“ и „Крсте Петков Мисирков“. Со овој проект во наредните девет месеци ќе се проширува плоштадот „Пресвета Богородица“ кон реката Вардар и јавниот простор ќе се оформи како единствена целина. На неодамна завршениот тендер биле доставени осум понуди, а за најповолен понудувач е избрана фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци.



Во реконструкција на улицата „Димитар Влахов“ од градскиот буџет се предвидени 34.295.857 денари, односно околу 550 илјади евра. Вкупниот трошок за новиот плоштад пред црквата „Св. Богородица“ достигна 4,7 милиони евра, ако се земат во предвид и парите потрошени за изведба на самиот плоштад во периодот до август 2013 година. Покрај поплочување и осветлување на просторот, плоштадот „Пресвета Богородица“ тогаш доби и три фонтани со скулптури на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле.

http://www.build.mk/?p=43827
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 09-Apr-2015 at 21:10
Работата е веќе започната ,денес поминував од таму и видов дека целата стара улица кај плоштадот е ископана и теренот е израмнет ,најверојатно наскоро ќе се тампонира па ќе се поставува плочникот.
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 09-Apr-2015 at 21:42
А дали улицата целосно ќе се затвори т.е. дали по изградбата на плоштадот улицата ќе функционира за возила?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 09-Apr-2015 at 21:58
Јас колку што знам нема повеќе да постои улица таму туку ќе биде пешачка зона.
Еве и потврда од урбанистички план . (пдф фајл на линкот)
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 09-Apr-2015 at 22:36
Сепак подземна улица е предвидено
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 20-Apr-2015 at 13:39
ПЛОШТАД ОД ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ДО ВАРДАР

Според најавите на градските власти, целиот простор од платото пред црквата до ѕидот на кејот на Вардар во следните 60 дена треба да прерасне во плоштад

Нема повеќе паркирање на улицата со коцки пред црквата "Пресвета Богородица" во центарот на градот. Град Скопје ги извади коцките од улицата, со што го означи почетокот на градежните работи за проширување на плоштадот пред црквата. Според најавите на градските власти, целиот простор од платото пред црквата до ѕидот на кејот на Вардар треба да прерасне во плоштад.
"Се прават последните подготовки пред воведувањето во работа на изведувачот на работите за партерно уредување на плоштадот пред црквата 'Пресвета Богородица'.



Фото Д. Перковски

Пред започнувањето на работите, при оформувањето на градилиштето, отстранети се дел од новите коцки, кои беа дотраени и уништени и тие ќе бидат сменети со нови. Со проектот е предвидено да се уреди партерот пред црквата, да се докомплетираат урбаната опрема и зеленилото и да се постави ново осветлување", рекоа од Град Скопје.

Градежните работи ќе ги изведува фирмата "Урбанинвест", а рокот за изградба на плоштадот е 60 дена. За новиот плоштад, Градот ќе потроши 29 милиони денари без ДДВ. (Ѓ.А.)

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=0B7A27AA35BABC4DBB40FB6C7F7763FA
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 20-Apr-2015 at 16:19
Originally posted by Џоле

ПЛОШТАД ОД ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ДО ВАРДАР





отстранети се дел од новите коцки, кои беа дотраени и уништени и тие ќе бидат сменети со нови.



http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=0B7A27AA35BABC4DBB40FB6C7F7763FA


кои се овде нови коцки??????
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2463
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 20-Apr-2015 at 18:28
вајда се мисли на коцки таму околу фонтаните.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 20-Apr-2015 at 20:14
тоа ми беше и поентата-дали се вадат веќе новопоставени коцки и се заменуваат со уште понови или е печатна грешка
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 20-Apr-2015 at 22:28
Печатно-фројдовска грешка е: мислеле на старите коцки, напишале новите.
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 22-Apr-2015 at 15:31
Фоткиве се од пред некој ден, ги сликав ама заборавив да ги постирам... Очигледно во меѓувреме го раскопале и тротоарот.

1


2

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 22-Apr-2015 at 23:32
требаше овој дел да се среди,беше право ругло на само 50 метри од плоштадот.но ете вистинска шанса да се употребат гранитните плочи што се извадија од плоштадот.

ќе биди навистина невкусно ако и за овде се набавуваат нови коцки или плочи
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 23-Apr-2015 at 07:09
Само да не ги стават плоч(к)ите на Урбан Инвест кои ги ставаа низ центарот на Скопје последниве неколку години, а кои се покажаа како страшно неквалитетни (тука свој удел има и човечкиот фактор, односно нашето дивјаштво) и кои за брзо време се испокршија.
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 22-May-2015 at 09:36
ПЛОШТАД ОД 5.500 КВАДРАТИ ПРЕД „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“



Просторот пред црквата „Пресвета Богородица“ ќе добие нова плоштадска површина со големина од околу 5.500 квадратни метри. Во изминативе денови интензивно се работи на вадење на старите гранитни коцки на улицата и се прави тампон за поставување нови. Улицата на која во минатото беше лоцирана старата постојка на приградските автобуси ќе остане само во сеќавањето на скопјани.

Предвидено е да се уреди партерот пред црквата, да се докомплетира со урбана опрема, зеленило и да се постави ново осветлување. Проектот, согласно со спроведената постапка за избор на изведувач, ќе го реализира фирмата „Урбан-инвест“, а работите треба да завршат во рок од 60 дена од денот на воведување на изведувачот во работите, велат од Градот. Вкупната вредност на изведените работи изнесува 29 милиони денари плус ДДВ.

http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=B24FB8B1278CF4489E7C7A0B7A7BE6C3
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.