build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриска зона Жабени

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 191
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Индустриска зона Жабени
    Posted: 20-Mar-2018 at 13:27
Чекор поблиску до заедничката цел – Кромберг & Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола го прослави 6000-тиот вработен

link so sliki od noviot del na fabrikata

Link
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 191
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Sep-2017 at 02:01


Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 191
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Sep-2017 at 01:59
На барање на фабриката „Кронберг и Шуберт“, Општина Битола започна со реализација на проектот за изградба на пристап до фабриката од нејзината десна страна. Фабриката веќе се проширува и за нови 1500 вработувања. „Според најновата информација од вчера, тука се вработени 4400 наши граѓани, така што ние веднаш се согласивме и пристапивме кон градежни активности во овој дел на ИЗ Жабени, затоа што ќе им треба пристап, а пристапот од левата страна не им е доволен за да ги прифати сите вработени, од сите смени. Се работи за завршена атмосферска канализација во должина од околу 170 метри која е поврзана со останатиот дел од атмосферската канализација, како и коловоз во должина во 660 метри и паркинг простор. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 13 500 000 денари“, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески. Градоначалникот Талески потсети дека инвестициите во Индустриската зона „Жабени“, продолжуваат да се реализираат со зголемен интензитет: „Во првите два мандати, некои од медиумите знаеа да не обвинат дека гледале сончогледови полиња, но како што забележувате, тука нема таква работа. Напротив, има два објекти кои веќе се почнати да се градат, трет ќе почне на почетокот од овој дел, а од другата страна каде што имаме пристап има тројца инвеститори кои што веќе го купија земјиштето и чии што проекти се веќе во фаза на изработка. Вкупната инвестиција која што Општина Битола досега ја има вложено во Индустриската зона „Жабени“ е над 290 000 000 денари, односно 4 780 000 евра. Сето тоа го правевме, затоа што сме првите, кои што понудивме максимални услови за инвеститорите, бидејќи ценевме дека еден од главните приоритети кој што се покажа на нашите анкети, уште првиот мандат, беше невработеноста. Бевме убедени дека правиме добро дело и еве резултатите се покажуваат денес, затоа што вработувањата од ден на ден се зголемуваат“, додаде Талески. Со постојаното проширување на фабриката Кронберг и Шуберт во зоната, веќе се врши приближување кон проектираната бројка на корисници во изградените капацитети во зоната, која изнесува 5000. „Кога ќе се завршат објектите на останатите фабрики, кои секако нема да бидат со капацитет како Кронберг и Шуберт, но ќе бидат со 100, 300 или 600 вработувања итн. многу брзо бројката ќе се надмине, што значи дека треба да се планира проширување на капацитетите на ИЗ Жабени и се надевам дека и тоа ќе остане приоритет на следниот мандат на локалната самоуправа“, информираше градоначалникот Талески. На денешната прес конференција, директорот на Индустриската зона Жабени, Сашо Илковски информираше дека во изминатите две години во зоната градежни парцели имаат купено турската фирма „Челмак“, грчката „Цереметал“ и италијанската „Натуралиа фуд“. На последниот повик од Општина Битола, интерес покажа и домашна компанија која планира производство на термоизолациони панели и за изградба на својот капацитет купи земјиште од 2500 метри квадратни, додека пак, во изминатите три месеци со градба започнаа и две домашни компании „ФАЛКО“ и „Еуроинжинеринг“.






https://youtu.be/17AIxQMuEDA

Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Oct-2016 at 10:47
Грчката „ЦераMетал“ ќе инвестира во Битола, нови 600 вработувања

Грчки капитал на голема врата влегува во Македонија. Компанијата „ЦераMетал“ од Коропи, Атина ќе вложи 12 милиони евра во Битола и ќе отвори 600 нови работни места. Реализацијата на оваа инвестиција е веќе во напредна фаза. „ЦераMетал“ на јавен повик купила градежно неизградено земјиште во индустриската зона „Жабени“ со површина од 45.000 квадратни метри.

Директорката на грчката компанија „ЦераMетал“, Марија Пападопули, вели дека поради добрата бизнис клима и поддршката од Владата решиле да инвестираат токму во Битола.

- Поддршката од Владата и локалната самоуправа беше еден голем предуслов за да одлучиме ние за инвестирањето тука во Битола. Спремноста и обученоста на работната рака на луѓето кои сакаат да работат кај нас, расположливоста за комуникација и познавањето на англиски и грчки јазик беше пресудно за да одлучиме дека ние треба да го развиеме нашиот бизнис во оваа земја, вели директорката на грчката компанија „ЦераMетал“, Марија Пападопули.

Во тек се подготовките за едукација на првите машински и електроинженери кои ќе бидат пратени на тримесечна обука во фабриката во Атина, по што ќе почне циклусот вработувања.

Инаку, низа фактори биле клучни за влез на „ЦераMетал“ во земјава. Од менаџментот на компанијата велат дека пресудни биле поволната бизнис клима и инфраструктурната поврзаност со матичната земја, ниските трошоци за работа, квалитетната и образована работна сила.

- Цераметал ја избра оваа индустриска зона за да ги вложи своите средства за градење на нова индустриска единица, како главен предуслов беа поволната бизнис клима, инфраструктурата, блискоста со Грција, исто така и рангирањето преку дуинг бизнис членот на земјата во 2016 година беше прогласена за најповолна земја за инвестиции, вели Пападопули.

Се работи за компанија што е специјализирана за производство на метални производи и зајакнати метални конструкции, како и на материјали за заварување. Нејзините производи се наменети за енергетскиот сектор и за делот на градежни машини.

Грчката фирма е ориентирана на извоз, односно 40% од вкупното производство и завршуваат во Германија, па следуваат Шпанија, Канада, Чиле, Бразил, Турција, Русија, Индонезија, Јапонија и Тајван.

Компанијата веќе ги има изработено плановите за Македонија. Во првата фаза вложува 5 милиони евра, за потоа вкупната инвестиција да достигне 12 милиони. Бројот на вработени се проектира на 600. Во почетокот ќе се стартува со производствен капацитет на површина од 5.000 квадратни метри, а потоа се планира проширување до 23.700 квадрати.

Првата фаза ќе опфати 150 вработени во производството, а уште 30 ќе бидат вклучени во делот на дистрибуција, одржување, шпедиција.

Извор
Back to Top
Geordie Boy View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Feb-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Geordie Boy Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Feb-2015 at 12:45
Парцелите во ИЗ Жабени и нивна намена:



Локацијата на ИЗ Жабени и идната ИЗ Жабени 2:

Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 191
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Sep-2014 at 20:36
http://bitolskivesnik.mk/turskata-kompanija-najavi-vrabotuvane-na-400-bitolchani/

Турската компанија најави вработување на 400 битолчани




Турската компанија “ОХИ Груп” која денеска потврди дека ќе отвори фабрика за лепенки за гуми во Битола, во првиот период ќе вработи најмалку 400 работници.
Ова го соопшти менаџментот на фабриката по средбата со министерот за странски инвестиции, Џери Наумов и претставници на “ОХИ Груп” и на уште три други компании од Турција, кои деновиве беа во посета на Македонија.
Засега, нема поединости околу потребната стручна подготовка за вработување во оваа турска компанија, како и локацијата каде истата ќе се гради. Но според добро информирани извори, фабриката најверојатно ќе биде лоцирана во индустриската зона “ Жабени “.


https://www.youtube.com/watch?v=NJshIW5ZUvU

Edited by JOE - 09-Sep-2014 at 20:41
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1781
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Sep-2014 at 01:52
Nie, za zal nemame funkcionalen sistem so sto avtomatski drzavnite institucii stanuvaat nefunkcionalni. Ete drzavata nema sila da napravi popis i tuka zavrsuva sekoj musbet sto se odnesuva so statistikata vo Makedonija.

Kako i da e, mislam deka rabota moze se najde, no kako sto kaza "Stratus" pogolem problem se malite plati i losite uslovi, taka sto lugeto lesno se demotiviraat i baraat care po zapadna evropa. Uste pogolem problem za nevrabotenosta e golemata administracija. Zamislete 30% od niv da rabotat vo privatniot sektor kolku ke se zgolemi proizvodstvoto so sto ke se otvorat novi rabotni mesta. namesto toa, tie se zakaceni za budjetot i pravat samo steta koja tesko ke ja pokrijat stranskite investitori na koi vladata tolku mnogu im se raduva.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 733
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Sep-2014 at 00:43
28% невработеност во Мк е илузорна бројка, со оглед на тоа колу се иселени времено или трајно и колку цвета сивата економија ќе се дојди до една бројка од 100 илјади или 15% невработеност. Што и се поклопува со т.н. активни баратели. Ако ништо повеќе тие 200 евра што ги зеле 2000 работници се 400 илјади евра месечно или скоро 5 милиони евра годишно, што во најгоелм дел остануваат (се трошат) во локалната економија. Тоа значи ново отварање на продавници, кафичи, ресторани, бутици и дополнителни индиректни вработувања како на пр за доставувачи или транспортери за самата фабрика.
Точно е дека најголем бенифит е раздвижувањето на пазарот на труд, едноставно мора од некаде да се почне.
Инаку за тоа што се "труби" дека мора да се отворат што повеќе работни места. Сметам дека најголем проблем во Мк не е невработеноста туку нискиот стандард (малите плати), а тоа за жал со вакви фирми нема да се промени. На пр. Белорусија има 0% невработеност но сепак лошо се живее и државата губи нселение.

Edited by stratus - 03-Sep-2014 at 00:52
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Sep-2014 at 00:40
За платите јас знам дека им се од кај 10 до 15 илјади ,зависи од позицијата и кој како.
Овие фирми ја раздвижуваат економијата во државата но сепак се незначајни за домашниот есап.
Инаку Култизин реалната бројка на невработени во Македонија по ЕУ стандарди не би надминувала 15-17% и тоа го тврдам одговорно.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Sep-2014 at 00:34
„ако ништо повеќе има бесплатен топол оброк и прецизно зацртани правила на однесување и работно време.„

Ова го имат и во Дракслермаер

Туку фати еден битен момент. А тоа е можноста за ибор. Значи колку и да се мали платите а мали се кога нашле 2 илјади вработени значи има луѓе што немале ни такви а како што викаш имало и луѓе што работат и во текстилните фирми кои зимале помалку. Самиот факт дека фирмата го дислоцирала производството е едно скалило повеќе или од текстил на кабли. Сега трет степен е да дојдат уште неколку фирми со вработување на поквалификуван кадар. И тоа е еден природен развиток. Во меѓувреме секак оне е лошо да се работи на домашно предузимаштво , стартап бизниси и слично. Како и да е факт е дека и Кромберт и Драксел го раздвижија пазарот на трудот а ја раздцижија колку толку и потрошувачката и обртот на сретства. Тоа секако многу поочигледно е во Кавадарци затоа што е помал град.
И уште еден момент интересен од твојт пост е дека се вработиле луѓе кои веќе имале работа со што само се потврдува тоа што и онака го мислам дека во Македонија луѓето кои што навистина сакат да работат наоѓат работа. Другите или на црно вртат нешто или имат други приходи како и да е бројката од 28 % невработеноста е далеку од реална.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 733
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Sep-2014 at 00:12
Почетната плата е минималец (~150еур) и со ноќни смени и саботи стига до 200еур (нето) за работник. А 90% од вработените се со такви плати, главно неквалификуван кадар. Највисоката плата на менаџерите на линија е 40000 нето, што не е лошо, но во споредба со РЕК е, каде што тоа е плата на бравар.
Условите за работа се наводно подобри од тие во Дрекселмаер, ако ништо повеќе има бесплатен топол оброк и прецизно зацртани правила на однесување и работно време. Инаку оваа фабрика во пакет со неколкуте слични ново отворени во внатрешноста (Дрекселмаер во Кавадарци, Џонсон Контролс во Штип, Анфенол во Кочани...) се места каде што се зема најмала плата во МК после конфекциите.
Да не бидам погрешно сватен, Сепак ми е мило што се отвори оваа фабрика ако ништо побеќе ќе има едно сигурно место каде што би се вработувале и би добивале каква-таква плата на први најнискиот слој од населението (без навреда). Но сепак она што му фали на битола се едно 2-3 фабрики вкупно со 1000-2000 вработувања на квалификуван кадар за подобри плати. Фабрики слични на оние во Бунарџик како Ван хул, Џонсон Мети, Кемет (и подобри) за да се спречи на миграцијата од Бт во Ск и странство. Слично важи и за останатата внатрешност. Дури и тука Скопје е фаворизирано во споредба со внатрешноста. Не дека е главен и поголем град туку заради подобрите услови во зоната што се нудат, пред се финансиската помош од владата.
Еден интересен податок. Кога почна да се гради К&Ш и беа најавени 2000 вработувања, никој не веруваше дека бројките ќе се исполнат. Еве се исполнија. Но тоа главно не беа невработени лица кои претходно не земаа плата. Повеќето од сегашните работници работеја во грчките конфекции или беа регистрирани земјоделци. После отварањето на фабриката, најголемата грчка конфекција Конигтон која вработуваше неколку стотини луѓе, го префрли производството во Валандовско, поради проблемите за потрага по кадар. Официјално во општина Битола моментално има околу 6000 невработени. Но голем број се водат во Битола, а работат во Скопје или надвор од Македонија, како и има и луѓе што работат на црно, се нерегистрирани земјоделци или воопшто не им се работи. Е сега дали ќе се исполнат 3500 и јас не верувам, бидејќи тие што би работеле за 150-200еур плата веќе се вработија, сега или ќе се увезат вработени од околните градови (Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево) или ќе мора да се покачат платите.
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 191
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 02-Sep-2014 at 18:46
Платата па и не е баш висока со оглед на денешниве давачки , се работи во смена , а поплаки има од луѓе кои работат на лента многу им било напорно во цела хала немало ни еден стол каде да седниш , велат аплицирај тука веќе ептен ако не можиш да се снајдиш .Нормално има и позитивни искуства тие што ракуваат со машините веројатно се и подобро платени . Во почетокот ги носат на обука.

Во 95% од случаите е така. Колку е поголема фирмата толку помалку платени се работниците и се однесува експлоататорски. Најдобри фирми за вработување се до 50 души. Тие фирми бараат високо образовани луѓе и најчесто работат во сектор на услуги (интернет, софтвер консалтинг, ПР и разни други), таквите фирми имаат многу предности.. флексибилни, ефективни, напредни итн... Отвори на листа на 10 најголеми работодавачи во светот... све робовладетели се. Мене не ми е за радување со такви големи фирми со многу вработувања баш поради тие причини.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Sep-2014 at 17:42
Битола има ментален проблем како и Кичево поради термоелектраните.Имено во РЕК Битола работат над 3000 луѓе а платите им се многу големи во споредба со останатите државни институции.

ВО РЕК Осломеј најниска плата има чистачка која зема 25 000 денари,а кај нас инспектор во крим полиција со се стаж зема 23-24 000 денари.Инженерите кои одат по смени земаат над 50 000 денари.

Е што е проблемот.проблемот е што тие што не се вработени во рек-овите кога ќе им се понуду работа во фабрика како Кробмерт за 12-15 000 денари несакаат да чујат за тоа.не прифаќаат и се надеваат дека некако ќе влезат во електраните преку пријатели,партии(тука најчесто користат уцени пред избори),......и нормално се ствара љубомора.

Дополнително тензијата ја креваат вработенитево електраните кои се однесуваат да речам `неконтролирано`.Скоро сите одат на работа со коли наместо со фабричките автобуси(така им било `поевтино),по цел ден се по кафани,трошат без милост,а многу од нив од бес почнаа да се коцкаат.

Тоа предизвикува голема завист кај останатите граѓани и све потешко можат да се најдат работници за по проватните фирми.

Сите без исклучок одбиваат со зборовите-јас да работам за 200 евра а оние од РЕК-от да беснеат од пари?

Моментално во кичево најзаглавени во кредити се баш вработените во РЕК-от.Изгубија компас за реален живот и влегуваат од еден во друг кредит.Повеќе од половината воопшто не земаат плата,бидејќи скоро целата им оди на кредити.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Sep-2014 at 15:34
ЗНае некој какви се условите на работа во Кромберт , плати , работно време , одмор.
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 191
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-Sep-2014 at 15:20






           
Се бара работник повеќе во германската „Кромберг и Шуберт“




     
Досега во фабриката се вработени вкупно над 1.950 работници и, ако се знае дека неделно во фабриката се вработуваат по најмалку триесетина нови работници, постојат реални услови во текот на идната недела да ја достигнеме бројката од вкупно 2.000 работници, велат во компанијата




     
Осумстотини деца на вработените ја посетија компанијата

Зоната „Жабени“ го размрда пазарот на трудот во Битола

Во наредните неколку дена бројот на вработените во германската фабрика „Кромберг и Шуберт“, која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“, ќе достигне 2.000 работници. Според информациите од компанијата за изминатите 8 месеци од крајот на минатата 2013 година, во оваа фабрика се вработени околу 1.200 нови работници.

- Досега во фабриката се вработени вкупно над 1.950 работници и ако се знае дека неделно во фабриката се вработуваат по најмалку триесетина нови работници, постојат реални услови во текот на идната недела да ја достигнеме бројката од вкупно 2.000 работници - велат од „Кромберг и Шуберт“.
Се вработуваат работници од разни профили, но најголемиот број од нив се со средна стручна подготовка. „Кромберг и Шуберт“ секојдневно во Агенцијата за вработување и на огласната табла објавува огласи за нови вработувања, а речиси секој ден се спроведуваат интервјуа со кандидатите за вработување.

Во компанијата не кријат дека во завршна фаза се подготовките за организирање голем музички хепенинг во Градскиот парк, со што и официјално ќе биде означено вработувањето на двеилјадитиот работник.

Школски прибор за децата на вработените

Строго држејќи се до германската прецизност и темелност, во „Кромберг и Шуберт“ ништо не се препушта на случајот, па така и реализацијата на амбициозниот проект за 2.000 вработувања ќе биде одбележан на специфичен германски начин, во природа, со музички хепенинг во кој ќе земат учество дечињата на сите вработени. На тој начин, како и со организирањето на заедничкиот ручек што во изминатите три дена оваа компанија го организира во кантината на фабриката за над 800 деца на вработените, како и доделувањето на школски прибор за сите нив пред почетокот на новата учебна година, „Кромберг и Шуберт“ на најдобар начин покажува дека покрај тоа што се грижи на вработените да им овозможи добри услови за работа, многу води сметка и за семејната традиција и за фамилијарните врски на сите вработени.

Во компанијата се водат од филозофијата дека само среќен работник, кој има хармонизрана семејна врска, може да го даде својот максимум во процесот на производство. Таму се свесни дека работник што има семејни проблеми никогаш не може да се внесе доволно во работата и да го даде својот придонес во производството.

- При прошетката на одредени клучни места во погонот, претставници од раководството на фабриката на конкретни оддели им го објаснуваа процесот на производство, а посетите завршуваа со заедничко дружење и со забава во кантината на фабриката, каде што децата цртаа, се дружеа и меѓусебно подобро се запознаваа - нагласуваат во „Кромберг и Шуберт“, каде што не кријат дека постојаното подобрување на работната атмосфера, зајакнувањето на тимскиот дух и колегијалноста, како и грижата за вработените остануваат врвен приоритет за менаџментот на фабриката.

Ќе се произведуваат кабли за „Ауди“

Инаку, во фабриката моментно се произведуваат кабли за автомобилската индустрија за возилата „мини морис“, „бмв“ и „мерцедес“. Додека порано каблите што се произведуваа во „Кромберг и Шуберт“ одеа на доработка во Романија, сега комплетно е заокружен процесот на производство и сите кабли што се произведуваат се пласираат на странските пазари. Наскоро во „Кромберг и Шуберт“ ќе почне производството на кабли за возилата на „Ауди“, со што уште повеќе ќе се зголеми производството, а тоа ќе придонесе до ново зголемување на бројот на вработените.

Во „Кромберг и Шуберт“ не кријат дека доколку продолжи ваквиот пораст на производство наскоро бројот на вработените ќе достигне до 3.500 работници, по што оваа фабрика ќе биде компанија со најголем број вработени во земјава, многу повеќе отколку што во моментот вработува РЕК „Битола“.
Имено, „Кромберг и Шуберт“ е германска семејна фабрика со над 110-годишна традиција, која моментно вработува над 27.000 работници во 22 држави во светот.

     
Автор: Менде Младеновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82614192716&id=9&prilog=0&setIzdanie=23260#.VAAfrLUSbHM.facebook     
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 30-Apr-2014 at 23:25
Originally posted by daci92

Секако дека се добредојдени ,но нас ни се потребни фирми кој ќе даваат готов производ од тука. Моментално Ванхол најавува такво нешто (со тоа што се гради фабрика во Штип на наша фирма која ќе произведува школки за автобусите) и што според некој муабети ќе се шири наскоро (за 1-2 години). Ги знам и јас придобивките и тие се многу поголеми ,ама во функционална економија и доколку нашите компании можат да понудат сервисни услуги.
Инаку обично транспортерите добро заработуваат од овие компании , случајно познавам еден транспортер кој работи/работел за компанија во бунарџик и беше презадоволен ,односно вика дека од таа фирма го заработува лебот и плаќа даноци ,а другите му се како некоја дополнителна заработка.


Даци ти пишав и погоре прво се учи одење а после се трча. Значи за да правиш готови производи потребно е да имаш прво доволно фирми што ќе произведуваат полупроизводи. Па види нашите фирми неможат да ги снабдат ниту овие додавувачи со потребни делови а не пак да се потпрат со фирми кои ќе произведуваат готов производ. Освен тоа а можеби и поважно е образованието. Се разбира дека е најдобро да се произведува готов производ кој има и најголема додадена вредност но за да се дојде до тој степен прво треба да го поминеме овој процес кој моментално се случува со Македонија. 

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Apr-2014 at 23:11
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Apr-2014 at 22:42
Секако дека се добредојдени ,но нас ни се потребни фирми кој ќе даваат готов производ од тука. Моментално Ванхол најавува такво нешто (со тоа што се гради фабрика во Штип на наша фирма која ќе произведува школки за автобусите) и што според некој муабети ќе се шири наскоро (за 1-2 години). Ги знам и јас придобивките и тие се многу поголеми ,ама во функционална економија и доколку нашите компании можат да понудат сервисни услуги.
Инаку обично транспортерите добро заработуваат од овие компании , случајно познавам еден транспортер кој работи/работел за компанија во бунарџик и беше презадоволен ,односно вика дека од таа фирма го заработува лебот и плаќа даноци ,а другите му се како некоја дополнителна заработка.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Apr-2014 at 18:05

Даци покрај тоа што во регионите каде што доаѓаат овие фирми се намалува невработеноста и се зголемува куповната моќ, според мене можеби и најбитен фактор е дека овие фирми воведуваат други стандарди на работа кои подоцна би требале да бидат пример и за нашите работодавци. Значи секаков вид на осигурување на вработените, дисциплина и хигиена на работно место, заштита при работа и слични работи кои верувам дека ќе се спроведат приближно на Германските стандарди. Исто така во овие фирми ќе се обучат луѓе некој за поедноставни но некој и за менаџерски и инженерски функции, значи во овој дел што  е многу битно може да се подобрат условите за практично образување на средношколци и студенти. Потоа се зголемуваат и можностите на нашите домашни фирми за пласирање на своите производи за потребите на овие компании а зошто да не за снабдување и на оние филиали кои се надвор од Македонија. Исто така треба да се земаат предвид и сите оние кои секојдневно вршат некоја услужна дејност а тоа се превозници и снабдувачи на храна. Освен тоа овие фабрики некој ги гради и одржува така да и во тој дел има луѓе кои имале некоја добивка. Исто така со зголемување на бројот на вакви компании се зголемува и потребата и исплатливоста за изградба на инфраструктура. Да не зборувам дека луѓето што зимаат плата од овие фирми своите пари некаде ги трошат и тн. и тн. Ова се оние придобивки кои во моментов ми паднаа на памет.

За платите може да се дискутира, како и за исплаќањето на прекувремената работа. Може и да се дискутира за тоа што овие неколку фирми се исклучиво трудови и најголем дел од вработувањата се ниско квалификувана работна сила., а продуктите немаат некоја голема додадена вредност ниту пак некој "know how". Но според мене тоа е и некој    природен развој на една држава, сликовито кажано период кога учиме да зборуваме и одиме, после тој период логично би било да учиме и да пееме и трчаме. А тој период се најавува со фирмата  со фирмата најавена во Велес (Маркард или така нешто се викаше неможам да се сетам во моментов)

Така да како и да завртиш овие фирми се добредојдени во Македонија се додека се држат на законите и екологијата .

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Apr-2014 at 13:40
 Култизин тешко дека така ќе покачиме плати ,плати се покачуваат со добри синдикати и добра организација на вработените а воедно и комуникација со државата, платите сами по себе со зголемувањето на вработеноста нема да се качат барем не на задоволително ниво ,туку можеби некој 20-25% би се покачиле кај овие минималциве (се што е испод 15 треба да се смета за минималец) кај другите сметам дека засега не треба да се покачуваат бар додека не се добие некоја приближна сума на сите а не разликата да биде 300%.

Инаку без домашни компании кој ќе даваат солидни плати и работа за едуциран кадар џабе ни се овие компани кај кој би можеле да стекнеме знаење и искуство бидејќи немаат конкуренција и строго диктираат плати на пазар. Но секако позитивно е бар да ја намалиме невработеноста бидејќи таа е најголемиот извор на сиромаштијата моментално во државава.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.