build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриска зона Жабени

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 31-Aug-2011 at 16:55
Тешки нека вработат 2500 луѓе, и да земат барем плата 300 евра, градо ке живни, а ако вработат 4000 Битола ке доживеј вистинска преродба !
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8902
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 31-Aug-2011 at 17:06
Бројката од 2500 ми звучи многу амбициозно, но најбитно е да се отвори капацитетот во било каков формат. Секоја фабрика од овој тип е голем плус за Македонија а особено е добро што би се правела надвор од Скопје како за промена.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 31-Aug-2011 at 19:25
Одлична вест ова за Kromberg & Schubert

Но навистина што е со бројкиве за најавените вработувања? Ако 2500 звучи многу амбициозно, што правиме тек со 4000 ?!? Со денешна технологија навистина не ми е јасно што може да работат 4000 луѓе во фабрика за кабли. Ова е завидна бројка дури и за оние гранки кои се трудово најинтензивни...

Инаку во првата најава за Kromberg & Schubert беше спомнато дека во прва фаза ќе биле 400 вработувања која во наредни фази евентуално би пораснала во најголема гринфилд инвестиција во земјава и бројот на вработени би нараснал до 2500:
http://www.msi.gov.mk/?q=node/112

Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 31-Aug-2011 at 19:58
Како што разбрав, впонеделник камен темелник ке се поставува

Нешто подетално има на ова видео




Edited by Cloverstack - 01-Sep-2011 at 00:12
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 31-Aug-2011 at 20:17
Се убаво арно ама 2,5 илјади до 3 илјади вработени и кога сум најоптемистички расположен неможам да поверувам. Сепак се работи за произведувач на кабли а не на Автомобили.
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 20-Sep-2011 at 19:32

Менаџерите од компанијата „Кромберг и Шуберт" задолжени за човечки ресурси денеска ја посетија Битола, се сретнаа со претставници од универзитетот „Свети Климент Охридски", техничкиот факултет, општина Битола и договорија формирање на тим кој треба да помогне во изборот на лица кои ќе работат во фабриката која треба да се гради во индустриската зона „Жебени".


-Со изградбата на новата фабрика предвидено е да се вработат околу 2.500 луѓе од различни профили – рече Зигмунт Франаш, менаџер за човечки ресурси.


-Бидејќи во Битола нема фабрика за автомобили, ќе овозможиме тренинг за било кој профил, од луѓе на лента до менаџери и директори – рече Роберт Ласк, менаџер за HR.


Техничкот факултет ги презентира постојните студиски програми кои би биле од корист за идната фабрика, но најави и отварање на нови токму за задоволување на идните потреби на фабриката.

¬ Позитивно е за нас што ќе се зголеми интересот за техничките науки, особено за машинскта струка. Во идната академска година ќе се изготви студиска програма за мехатоника – рече проф. д-р Весна Ангелевска, декан.


Активностите на „Кромберг и Шуберт" ќе бидат мотивација за сите оние кои сакаат да инвестираат во индустриската зона „Жабени", смета градоначалникот.

-Присуството на „Кромберг и Шуберт" ќе ни помогне во решавање на најголемиот транзициски проблем невработеноста и нивното доаѓање е од голема важност за земјата и регионот затоа што тие поставуваат високи стандарди до кои другите треба да се доближат – рече Владимир Талески, градоначалник.

Фабриката се очекува да биде изградена и да почне со работа на пролет, изјавија претставниците на германска компанија „Кромберг и Шуберт".


Edited by JOE - 20-Sep-2011 at 19:33
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 04-Nov-2011 at 14:44

Преводот ги избрка Германците од Жабени?

Битола - Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ ги одложува градежните работи во Индустриската зона „Жабани“ крај Битола за изградба на фабрика за автомобилски кабли. Проблемот бил технички, и тоа на релација Влада на Македонија и германската компанија, тврдат од локалната власт во Битола. Според информациите со кои располага градоначалникот Владимир Талески, багерите ќе добијат зелено светло за работа откако ќе биде соодветно преведен договорот меѓу Германците и македонските власти.

„Идните неколку седмици треба да се довршат повеќе технички работи што се однесуваат на релација Влада - германски инвеститор. Се работи за договор што треба да се преведе на многу стручен и соодветен јазик. Усогласувањето ќе заврши брзо“, рече Талески.

Според градоначалникот, без разлика на одложувањето на градежните работи, германската „Кромберг и Шуберет“ ќе ги добие сите општински олеснувања за инвестицијата во „Жабени“.

„Фабриката ќе проработи во април или во мај наредната година, а рокот што и' е даден на компанијата ’Кромберг и Шуберт‘ е крајот на 2012 година. Тие ги исполнија сите услови од првиот дел од договорите. Се пријавија и купија парцели. Вториот дел од нашите критериуми како Општина е германскиот инвеститор да изгради фабрика и да вработи најмалку 20 нови работници до крајот на 2012 година. Свесни сме дека за три дена не можат да изработат главен проект и затоа го дадовме рокот и оставивме плус цела градежна сезона за да ги изградат објектите и да ги стават во функција“, вели Талекси.

„Кромберг и Шуберет“ ќе биде прва инвестиција во „Жабени“ која, според големите планови, треба да обезбеди работа за стотици битолчани. Во меѓувреме, Талески тврди дека се завршени водоводната и канализационата мрежа во зоната, и сега се работи на промена на планот за изградба на пречистителна станица. Плановите се менувале поради неочекувано големата заинтересираност да се инвестира во „Жабени“. Покрај најавените 19 инвестиции, за битолската зона биле заинтересирани уште три фирми. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0E21873A377EFB41A1A9C829629C895F
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 09-Nov-2011 at 18:47
http://www.time.mk/read/NONE/641b57e3fd/index.html

Инвеститори заглавени во администрација

Германската компанија „Кронберг и Шуберт“ која инвестира во индустриската зона Жабени никако да почне да гради поради сложените административни постапки.

Големина на буквите

09.11.2011

Во индустриската зона Жабени инвеститори дојдоа, купија парцели, но никако да ги удрат темелите од фабриките заради сложените административни постапки. Германската компанија за производство на автомобилски кабли „Кронберг и Шуберт“ уште пред два месеца добија дозвола за градба, а сега ќе треба да ја менуваат заради промена на планот во зоната. Имено, Жабени мора да располага со пристапен пат зашто не е дозволено индустриска зона да излегува на транзитна сообраќајница. Со тоа се помести дел од инфраструктурата, па сега германската компанија за да ги спои купените парцели треба да докупи дел од местото кое некогаш било предвидено за пат.
Тие купија десет парцели кои беа поделени со пат кој минуваше помеѓу нив. Тој пат кој беше меѓу парцелите сега не постои и треба да го докупат.
Владимир Талески, градоначалник на Битола

„Тие купија десет парцели кои беа поделени со пат кој минуваше помеѓу нив. Меѓутоа тие бараа целина за сите парцели. За да се ​направи тоа, дел од ингеренциите беа во општините, дел во Владата и Министерствата. Тој пат кој беше меѓу парцелите сега не постои и треба да го докупат делот кој беше пат порано, а немаа можност да го докупат зашто не се продаваше“, вели битолскиот градоначалник  Владимир Талески.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески.
​​
По ова германските инвеститори ќе треба да добијат нова довола за градба за сите десет парцели. Воедно, процедурата се издолжува и со комплетирањето на документацијата.
Се работи за договор кој треба да се преведе со стручен јазик од македонски на германски. Тоа потоа ќе треба да се завери, постапка која ќе бара најмногу две до три седмици.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

„Идните неколку седмици треба да се дозавршат технички работи кои се однесуваат на релација Влада-„Кронберг и Шуберт“. Се работи за договор кој треба да се преведе со стручен јазик од македонски на германски. Таквото усогласување брзо ќе се заврши. Тоа потоа ќе треба да се завери, постапка која ќе бара најмногу две до три седмици“, додава Талески.

Според него, сето ова нема да доведе до одложување на градбата на фабриката која во иднина треба да вработи 2000 битолчани. Тој вели дека компанијата нема да ги загуби поволностите што ги дава општината за бесплатни комуналии зашто го исполнила првиот услов, земјиштето го купила до 31 март годинава, а до крајот на идната треба да ја изгради фабриката и да вработи најмалку 20 лица.


Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 09-Nov-2011 at 18:57
А важно направија ДУП пред да имаат заинтересирани инвеститори и за тоа се фалеа една година...

Добро, можеби и не се криви општините, редно е некој да размисли за поинкави урбанистички алатки, барем кога се во прашање индустриски зони и пренамена на касарни и слично..
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 25-Nov-2011 at 19:37

Кромберг и Шуберт во Битола ќе почне со гардба до Нова година

Германски Кромберг и Шуберт во декември ќе стартува со градење во Битола. Долгоочекувата фабриката за кабли на возила која својата инвестиција ќе ја лоцира во индустриската зона жабени веќе од мај се очекува да почне и со вработувања на работници. Во прво време ќе вработат околу 500 лица, а потоа оваа бројка ќе се зголеми на 2 500.

Талески очекува уште 6 нови инвестиции во Битола, за изградба на хотел, но има интерес и за вложување во дрвна, прехрамбена, млечна индустрија.

Во меѓувреме владиниот тим изминатата недела ги презентираше инвестициските можности на македонија. Веќе стигнаа најави за интерес за инвестирање на неколку австриски и германски компании, поголем дел од автомобилската индустрија.

Во дел од преговорите се вклучени и Сименс и БМВ. Владиниот тим си подаде рака со текспорт, компанија која веќе има два погона во Скопје и Кочани, сега ќе гради фабрика за заштитна облека во Виница. Инвестицијата е околу милион евра а ќе вработи околу 200 лица.

Вкупните инвестиции до август годинава изнесуваат 197, 3 милиони евра.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kromberg-i-shubert-vo-bitola-ke-pochne-so-gardba-do-nova-godina
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 02-Dec-2011 at 20:18
Ќе се гради нова фабрика во Жабени
Петок, 02 Декември 2011 18:28
Сподели


Општина Битола, денес го издаде второто одобрение за градба, на нов инвеститор во Индустриската зона Жабени.

„ Се работи за ИМВ Велковски во Жабени која е Г2 од втор градежен објект."- вели м-р Владимир Талески градоначалник на општина Битола.


Денешниот настан, бил резултат на повеќе годишната заложба на општината, со инвестиции во зоната, како во докумантацијата така и во инфраструктурата, поволностите за секој кој ќе купи парцела во Жабени до 31 март, ќе изгради објект до крајот на 2012г и ќе вработи најмалку 20 лица, 100% е ослободен од комуналии, допринеле, стопанствениците битно да се заинтересираат за инвестиции во Жабени.


„ Тие поволности мотивираа многу наши стопанственици и се охрабрија да инвестираат."- вели Талески

Инвеститорот, аплицирал во март на конкурс и добил 10 000 м2. Во Жабени добиле локација првично за 2000 и дополнителни 2000м2 за втора фаза на градба.


„ Првата фаза проектот е за собирен центар за млеко кој ќе поченеме уште веднаш да го градиме ќе го собираме суровото млеко, бидејќи Пелгонија би требало и има вакво млеко."- вели Мирко Велковски ИМВ Велковски.

За првата фаза, веќе биле проектирани 25 вработувања и за втората планирале уште нови 25, кога планираат отварање на млeкарница, но со посебна дејност.

„ Не е конзумна млекара туку од млeчната лактоза, што е многу барана во светот, значи од тие млечни шеќери, ќе произведуваме олигосахариди."- вели Велковски

Задоволен од брзината и леснотијата при добивањето на одобрението за градба, Велковски ги повика стопанствениците, да ги искористат бенефитите кои ги нуди, само битолската и ниедна друга општина.

Линк



Изјавите

Edited by JOE - 02-Dec-2011 at 20:28
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 05-Dec-2011 at 18:57

Министерот без ресор Веле Самак и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески во посета на Индустриската зона "Жабени"

Министерот без ресор Веле Самак  во придружба на градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска ја посети и разгледа Индустриската зона "Жабени" која се наоѓа во непосредна близина на македонско-грчката граница.
"Цел на посетата е на терен да се уверам какви се состојбите во оваа индустриска зона и со каква владина поддршка можеме да продолжиме. Се информирав за подготовката и градежните активности што треба да ги изврши компанијата "Кронберг и Шуберт" од Германија, бидејќи во последните неколку недели завршија сите административни процедури околу нивната инвестиција, одобренија и договор за државна помош" изјави министерот Самак.

Очекуваме, нагласи, во наредните неколку недели договорот официјално да биде потпишан.

"Со тоа оваа најголема инвестиција во Македонија по однос на очекуваниот број на вработувања, околу 2.500, ќе има големо значење за цел регион, за Битола, за Прилеп и другите општини" истакна министерот Самак.

Тој потврди дека надлежните направиле се инвестицијата на "Кронберг и Шуберт", која се движи меѓу 20 и 25 милиони евра, да не ја заобиколи нашата држава бидејќи станува збор за солидна можност за нови вработувања.

http://www.time.mk/read/NONE/5803cf104d/index.html

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 22-Dec-2011 at 17:35
Почнува реализацијата на инвестицијата на „Кромберг и Шуберт“- ќе се вработат над 2.000 лица

Скопје, 22 декември 2011 (МИА) - Инвестицијата од 20 милиони евра на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ формално почна да се реализира. Договорот се потпиша денеска во Владата, а финишот на инвестицијата се очекува во третиот квартал од наредната година кога треба да почне производството на новата фабрика во индустриската зона Жабени во Битола каде ќе бидат вработени на почетокот 400 лица, бројка која во првите пет години ќе достигне до 2.000.

Договорот го потпишаа министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и претставниците на германската компанија Волфганг Тупи и Сами Загуани.

Фабриката во Жабени ќе изработува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа како што се „фолксваген“, BMW, „ауди“ и „мерцедес“.

За германската компанија одлучувачко да инвестира во Македонија била квалитетната работна сила и конкурентските услови, рече претставникот од компанијата Тупи.

- Најважно прашање за секоја инвестиција е обучена работна сила која е на располагање и ова беше најрелевантно, истакна Тупи.

Според премиерот Груевски, најважно од оваа инвестиција и она што радува се новите работни места која бројка е околу 2.000 директни вработувања, но почетокот на работењето на фабриката во Битола ќе отвори и индиректни работни места како што се во транспортот, логистиката, сервисирање и други потреби кои компанијата ќе ги користи.

- Директно и индиректно се очекува отворање на значителна бројка нови работни  места што е од огромно значење за Битола и целиот Пелагониски регион и претставува значаен чекор во решавање на тешкиот предизвик на недоволната вработеност кај граѓаните во овој дел од државата. За мене како премиер на државата нема подобар момент од вакви моменти  кога се отвораат нови работни места, рече премиерот Груевски по потпишувањето на Договорот, кој, како што истакна, покажува дека во Македонија продолжува инвестицискиот циклус.  

Според него, овие вработувања се нови извори на приходи за многу семејства и многу млади луѓе и можности за подобрување на стандардот на граѓаните. Владата, рече, ќе продолжи и натаму да биде фокусирана на ова поле. Секое ново отворено работно место е значајно и за секое отворено ново работно место вложуваме максимум од нашите потенцијали.

Покрај отворањето на работните места, истакна Груевски, позитивно од реализацијата на оваа инвестиција е и подобрувањето на трговскиот биланс за 20 милиони евра, како и зголемување на бруто домашниот производ преку додадената вредност за Македонија која во првите шест години се очекува да изнесува околу 140 милиони евра.

Изрази верување дека со посветената работа на Владата, германската компанија во индустриската зона во Битола ќе добијат соседи, други компании кои планираат да отворат свои капацитети што ќе значи нови работни места во оваа индустриска зона.

- Македонија со посветена работа и во актуелниве сложени услови на економски предизвици во Европа со мерките и политиките што ги презедовме во изминатите неколку години постепено успеа да ја зајакне својата конкуретност до ниво на препознатливост како атрактивна инвестициска дестинација. За тоа најдобра потврда се веќе реализирани проекти и тековните инвестиции како и интересот и најавите што ги добиваме од потенцијални глобални инвестиции за доскорешно почнување нивни проекти во Македонија, истакна премиерот Груевски и додаде дека овој пристап на континуирани реформи во многу области, како и резултатите од нив даваат за право да веруваат дека успешно ќе се справат и со новите надворешни економски предизвици кои доаѓаат од еврозоната.   

Самак потенцира дека ова е најголема гринфилд инвестиција во Македонија по бројот на вработувањата.

- На компанијата обезбедивме поддршка во рамки на законите што ги имаме,  пакет на бенефиции не многу различен од она што се даваат во слободните индустриски зони, со цел да се обезбеди токму тие 2.000 работни места да бидат  во Македонија, а не во друга земја, рече Самак.

Тој додаде дека инвестицијата е резултат на петгодишни разговори, средби, анализи, дискусии, пресметки, ветувања, одлагања и да се дојде денес до потпишување на договор.

- Со оваа фабрика вртиме нова страница во историјата на Битола и Прилеп и ја ставаме лошата транзиција зад нас. Гледајќи со неа на една нова и подобра иднина за овој регион, истакна Самак.

За вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски реализацијата на оваа инвестиција е потврда дека Македонија е земја која има што да понуди и дека знае како да понуди.

- Стратегијата на Владата за привлекување странски инвестиции дава резултатити и ние ќе продолжиме со она што го правиме досега со уште поголем интензитет имајќи ги предвид состојбата во која се наоѓаме. Ќе продолжиме и со роуд шоата и со промоција на државата и со интензивни разговори со компании, бидејќи гледаме дека и во вакви времиња има компании кои бараат алтернативни дестинации за инвестирање, рече Пешевски.

„Кромберг и Шуберт“ е германска семејна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Има над 20 фабрики во светот со 25.000 вработи. Главен пазар е Европа, но се присутни и во Северна и Јужна Америка и Африка. Фирмата развива и произведува високо технолошки производи, како кабли, кабловски инсталации, пластична технологија и мехатроника. Со искуство и компетентност, фирмата е заснована како важен партнер на автомобилската индустрија.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89767311&lId=1

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 17-Jan-2012 at 00:36
Од пред 4 дена

Стартува градбата на фабриката “Кромберт и Шуберт“

Турската градежна компанија “Пера констракшан“ која треба да ја гради фабриката на Германците “Кромберт и Шуберт” во Жабени, започна со подготовките на теренот за изградба на фабриката во индустриската зона.

Покрај подготовките на теренот за градба на Фабриката денеска оваа градежна компанија, која отвори сестринска градежна фирма со седиште во Скопје, “ Пера констракшан - интернационал ДОО Скопје “ објави конкурс за прием на десетици архитекти, градежни инжинери, техничари, работници , техничари за заштита при работа, кои ќе бидат ангажирани во изградбата на Фабриката.

Инаку Турската градежна фирма “ Пера констракшан” го градеше трговскиот центар “ Рамстор “ и аеродормот “Александар Велики “ во Скопје, со кој стопанисува турската компанија ТАВ. (М.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=745879C9DDA88046BCC402A31ADC4F23
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Jan-2012 at 18:06

Се продаваат парцели во Жабени

петок, 20 јануари 2012, 17:51

Се продаваат 31 парцела во индустриската зона Жабени во Битола. Општина Битола денеска објави нов оглас за продажба на државно земјиште по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е наменето за изградба на деловни и комерцијални објекти за производство, дистрибуција и сервисирање на стоки и услуги. Јавното наддавање ќе се одржи на осми февруари,а заинтересираните компании треба да ги достават пријавите најдоцна до 31-ви јануари. Од општина Битола соопштуваат дека досега се продадени 29 парцели во индустриската зона Жабени. Одобренија за градба добија две компании, германската Кромберг и Шуберт и Велковски од Битола. Од општината очекуваат во наредниот период да започне изградбата на 12 фабрики во зоната.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=45126
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 21-Jan-2012 at 12:46

„Кромберг и Шуберт“ нема да плаќа персонален данок

Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ нема да плаќа персонален данок на доход и ќе плаќа само 50 отсто од обврските по основа на задолжителни социјални надоместоци и придонеси за вработените во период од неколку години.
Владата одлучила германската компанија да добие регионална државна помош за реализација на инвестицискиот проект - изградба на фабрика за производство на кабелски инсталации за автомобилската индустрија.
Со владината одлука ќе се покрие дел од износот за вкупните оправдани инвестициски трошоци на компанијата за реализација на проектот со кој треба да се отворат нови работни места.
Според комисијата за заштита на конкуренцијата, која веќе ја разгледала оваа владина одлука, нема ништо спорно во доделувањето ваков вид државна помош. Точниот износ на државна помош не го откриваат ниту Владата, ниту КЗК.
В.Н.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1211295065&id=10&prilog=0&setIzdanie=22485

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 09-Feb-2012 at 13:38

Продадени 16 парцели во индустриската зона „Жабени“

Во индустриската зона „Жабени“ на спроведеното јавно електронско наддавање, продадени се 16 парцели чии сопственици се три компании од Австралија, една германско-грчка, а останатите се инвеститори од Македонија. 

bitola-industriska-zona-240
Ова го соопшти градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески кој рече дека дека 15 парцели ќе бидат наменети за објекти од индустријата, а една е за комерцијални цели.

- Продадено е земјиште со површина од 9,2 хектари кое заедно со претходната продажба значи дека во индустриската зона „Жабени“ досега се продадени околу 34 хектари или над 60 отсто од предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти, истакна Талески.

Во индустриската зона „Жабени“ свој бизнис ќе може да почнат 24 инвеститори кои изградбата на објектите ќе ја почнат на пролет според критериумите на општина Битола за да ги искористат и поволностите предвидени со условите за продажба на парцели во таа зона, посочи битолскиот градоначалник.

На новинарско прашање во врска со процедурата за предложената локална урбанистичка планска документација за изградба на џамија во местото викано „Средно поле“ во битолското село Лажец, градоначалникот Владимир Талески истакна дека општината има законска обврска да спроведе регуларна и транспарентна процедура.

- Ние сме должни на најрегуларен начин да спроведеме постапка за измена или дополнување при донесување на детален урбанистички план. Планот е јавно изложен и секој граѓанин може да го погледне и да даде свои забелешки кои потоа ги разгледуваат стручни комисии и претставници на Советот на општина Битола. Убеден сум дека за проблемот кој подолго време го има ќе се најде решение на задоволство на сите граѓани од местото за каде е предвиден урбанистичкиот план, одговори градоначалникот Талески.

Јавната презентација и јавната анкета за изградба на џамија во село Лажец, како и за изградба на стопански објект во местото викано „Гарван“ во село Кукуречани ќе се одвиваат до 14 февруари, додека јавната анкета за работната зона северно од патот кон село Новаци ќе се одвива до 21 февруари во просториите на општина Битола

http://kurir.mk/republika/opstini/60246-Prodadeni-16-parceli-vo-industriskata-zona-Zabeni

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 27-Feb-2012 at 09:58

Нашинци од Австралија ќе градат фабрики во Жабени

Нови 16 парцели со вкупна површина од 9,2 хектара се продадени во индустриската зона крај Битола

Битола - Нови 16 парцели со вкупна површина од 9,2 хектара се продадени во индустриската зона „Жабени“ крај Битола преку електронско наддавање. Според Општината, сопственици на 12 парцели се три компании од Австралија, една е со германско-грчки капитал, а останатите се домашни фирми.

Засега не се откриваат имињата на фирмите ни на бизнисмените кои ќе градат во „Жабени“, ниту, пак, со кои дејности ќе се занимаваат. Единствено е познато дека инвеститорите од Австралија се наши иселеници од Перт, Мелбурн и од Сиднеј. Од фирмите што купија парцели во зоната досега се обелоденети само имињата на „Кромберг и Шуберт“ и „ИМБ Велковски“.

„Во ’Жабени‘ досега се продадени околу 33-34 хектари земјиште, што е над 60 отсто од предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти. Во зоната има 86 хектари, но целата површина не е предвидена за фабрики. Таму има и патишта, паркинзи, простор предвиден за зеленило и паркови. Што значи за фабрики планираме околу 58 хектари од земјиштето“, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Инвестициите на австралиските бизнисмени во „Жабени“ неодамна ги потврди и Милорад Додевски, пратеник во Македонија од Австралија и Нов Зеланд. Тој вели дека не само бизнисмени од македонската заедница, туку, генерално, од австралискиот бизнис-сектор имале големо интересирање за инвестирање во нашата држава.

„Треба да разбереме дека далечината си го прави своето. Не е лесно човек се' да остави и да дојде да инвестира тука. Но, со вакви поволни услови зошто да не се инвестира во родната грутка. Затоа и градоначалникот го поканивме да дојде во Австралија и да ги презентира можностите не само пред македонската заедница, туку воопшто и пред бизнисот во Австралија“, рече Додевски во Битола.

Градоначалникот Талески се надева дека напролет новите инвеститори ќе ги завршат своите проекти и ќе побараат градежна дозвола, а до крајот на 2012 година ќе никнат и новите фабрики. Според него, веќе се создадени услови за намалување на процентот на невработеност во градот и во Пелагонискиот регион во целина.

„Ние дадовме поволности, но инвеститорите ако сакаат да ги искористат, треба да ги исполнат условите што ги имаме. Се надевам дека кон крајот на 2012 година ќе ги изградат објектите и ќе вработат минимум по 20 нововработени лица. Вработувањето ни беше и главна цел“, нагласува Талески. (А.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F9918F0E7667704196FFD6F23F40E0A6
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 13-Mar-2012 at 18:39
http://www.youtube.com/watch?v=jYJZNfg6hds&feature=player_embedded

Кронберг и Шуберт" ќе биде готова до ноември евентуално декември
изјава од градежната фирма ПЕРА КОНСТРАКШН
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 688
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 15-Mar-2012 at 01:33

ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ЖАБЕНИ КАЈ БИТОЛА


Започна изградбата на фабриката на "Кромберг и Шуберт"


Во фабриката ќе се изработуваат кабелски инсталации и мехатроника за автомобилски компании од Европа. Доколку компанијата работи со полн капацитет ќе обезбеди вработување на над 2.500 лица кои живеат на територијата на Битола, односно 3% од вкупното население во општината што ќе значи намалување на невработеноста за 30%


Германската компанија "Кромберг и Шуберт" почна со изградба на својата фабрика во индустриската зона Жабени. Во фабриката ќе бидат вложени 20 милиони евра, а ќе ја гради турската градежна фирма "Пера Констракшн".
-Почнавме со тампонирање и дренажи и набрзо ќе почнеме со другите активности. Се надеваме дека до крајот на ноември, евентуално декември годинава, ќе заврши изградбата. Му благодарам на градоначалникот за поволностите кои ни ги даваат градските власти во индустриската зона - изјави почесниот конзул на Р. Турција Ајдуван Адемовски на неговата средба со градоначалник на општина Битола, Владимир Талески, а на која присуствуваше и амбасадорот на Република Турција.

"Пера Констракшн" во Македонија го градеше трговскиот центар Рамстор, потоа НЛБ Банка, ТАВ Аеродромот - терминална зграда, Џонсон Мети, во моментот гради фабрика во Бунарџик.
Градоначалникот Талески изјави дека со турскиот амбасадор разговарале во Битола да дојдат турски инвеститори.
-Јас сум убеден дека Турција навистина и од срце е заинтересирана да инвестира во Република Македонија. Го понудив она што во моментов е најдобро во РМ - индустриската зона Жабени, Касарната... Амбасадорот беше изненаден од сето она што го имаме како услови. Побара материјали и сите материјали што ги имаме за презентација му ги дадовме. Уште веднаш ќе се сретне со дел од инвеститорите кои сакаат да инвестираат во Република Македонија - рече Талески.

Тој истакна дека амбасадорот првпат слушнал за поволноста што ја дава Општина Битола под одредени услови за 100% ослободување од комуналии. Инаку, 26 потенцијални инвеститори купија околу 34 хектари земја во Жабени или 45 парцели.

Во фабриката на Кромберг и Шуберт" ќе се изработуваат кабелски инсталации и мехатроника за автомобилски компании од Европа. Доколку компанијата работи со полн капацитет ќе обезбеди вработување на над 2.500 лица кои живеат на територијата на Општина Битола, односно 3% од вкупното население во Општина Битола што ќе значи намалување на невработеноста за 30%. Кромберг и Шуберт" е компанија позната во светски рамки по изработка и пакување на кабли за автомобили од светски познатите брендови БМВ, Ауди и Мерцедес.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.090 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.