build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Демир Капија - Смоквица
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Демир Капија - Смоквица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 36>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Автопат Демир Капија - Смоквица
    Posted: 12-Oct-2017 at 20:11
Автопатот конкретно за целата делница е речиси готова , има некој ситни делови кој што треба да се дотераат за комплетно да биде готов, и никој не оспорува дека автопатот не е готов и дека не е спремен за возење , туку деловите кој што се придружни за овој автопат не се готови , а тоа се далноводот кој што треба да се премести , сега има струја но таа струја е од агрегат и може да имаат само тунелите струја а останиот дел од трасата нема струја , бидејќи тој агрегат е само за тунелите , а и целата делница нема и неможе да има струја додека не се среди далноводот ,и втората работа е контролниот центар што треба се изгради во Неготино , а без овие две работи автопатот едноставно неможе да функционира , тоа верувам дека на повеќето ви е јасно. А типот кој што снима или пробува да праве будала од нас или самиот е будала , ги вози едни исти 4-5 километри и ги врти во целото видео , и незнам што ова видео докажува дека е готово и завршено.Тоа беше и очекувано дека уште еднаш ќе се пролонгира за да се средат тие две работи ... По ова а и по сите останати проблеми со автошатиштата се докажа дека ние како држава сеуште не сме зрели , способни и искусни во вакви работи , ни фали многу учење од овие грешки и многу по сериозно да се почне и да се тера некоа работа и да се заврши на крај како што треба ,ова не е смешно ни трагично туку жално , за 28 километри пат да се прави повеќе од 5 години и за некои банални работи некој на време да не ги среде е сосема жалосно и неоправдано ,после сето ова искрено не верувам дека на некој ќе му биде толку мил овој автопат а можевме да се гордееме со него како држава ама се тоа пропадна во вода.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1758
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Oct-2017 at 08:41
Изгледаат готово тие 5 км што се снимани,ама дури и тунелот го возат во погрешна насока. Вертикалната сигнализација не ќе да е за да се пушти во употреба.
Погледни го видеото на претходната страна што е 10тина дена старо и ќе видиш дали е завршено.
Back to Top
LOD View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2016
Online Status: Online
Posts: 1
  Quote LOD Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Oct-2017 at 08:01
Вака изгледа дека е готово и знаци и огради и осветлување во тунели и сигнализација дека се е завршено.
https://www.youtube.com/watch?v=WDDhoYR_NLM
Автопат Демир Капија-Смоквица видео
Back to Top
bakigvg View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote bakigvg Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Oct-2017 at 06:50
Од што сме толку неспособни како нација, на натпревар за неспособни би освоиле последно место.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Oct-2017 at 14:06
Originally posted by Џоле

...
 
се продолжува рокот за изградба до 28 февруари 2107.
 
...

 
Нека им се најде на пра-пра-правнуците. Applause
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10865
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Oct-2017 at 13:33
АВТОПАТОТ КОН ГРЦИЈА ЌЕ ДОЦНИ ДО МАРТ 2018, НОВИ 850.000 ЕВРА ЗА НАДЗОР

Автопатот кон Грција на делницата Демир Капија – Смоквица треба да биде пуштен за сообраќај најдоцна на почетокот на март идната година, соопшти Владата на Македонија.

На вчерашната седница било одлучено да се потпише анекс со кој се продолжува рокот за изградба до 28 февруари 2107.

„Освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидува дополнителни средства за градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот“, стои во соопштението на Владата.

Градежните зафати се однесуваат на дислокацијата на далновод и изградба на контролен центар.

Дополнителни 850.000 евра се потребни за надзор на градежните работи. Владата вели дека овие пари се обезбедени во рамки на тековниот заем наменет за реализација на проектот.

Оваа делница е долга 28 километри. Чини 280 милиони евра. Ја гради грчката компанија Актор. Се гради од 2012 година. Требаше да биде пуштен за сообраќај во септември 2017.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/avtopatot-kon-grtsija-ke-dotsni-mart-2018-novi-850-000-evra-za-nadzor/
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Oct-2017 at 07:02
https://www.youtube.com/watch?v=jn4a3orLVB0 Procenete sami koga ke se puste avtopatot ..
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Sep-2017 at 05:02
https://www.youtube.com/watch?v=eS1cq4FE0rY Cenata na avtopatot e sosema i realna cena za vakov tip na izgradba ,teskiot teren za izgradba , kvalitetot i izveduvanjeto na rabotite se takvi kakvi sto Makedonija nemala koga stanuva zbor za izgradba na avtopat pa za toa e i normalno da cine poskapo ,Vakov tip na proekt e ''PROTOTIP'' na proekt , toa go potenciraat Francuzite firmata za nadzor , i tvrdat deka kvalitetot e sosema zagarantiran , Na videoto se prikazani i nekolku interesni inserti na del od trasata od pred okolu 2 meseci.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1474
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 11-Jun-2017 at 18:45
Tolku od nadezta da ja izvozeme tolkuocekuvanata delnica vo letnata sezona. Cekajte ja na esen.

https://www.youtube.com/watch?v=Q6Fosecok_o
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Jun-2017 at 18:44
http://www.libertas.mk/video-vecherva-vo-360-stepeni-sluchaj-aktor-skandali-od-pochetok-do-kraj/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10865
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Jun-2017 at 14:50
СЕ РАСПЛЕТКУВААТ СОМНЕЖИТЕ ЗА ПОТКУП

На случајот „Актор“ за поткуп на македонски функционери работат органи од три земји

Oд Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција велат дека за случајот „Актор“ ги преземаат сите неопходни активности за прибирање на податоци за утврдување на околностите. Обвинителството од Европската канцеларија за борба против финансиски измами (ОЛАФ) добило известување дека истрагата е завршена и дека постојат индиции за сторени кривични дела и резултатите од нивната истрага се доставени до надлежните органи во Македонија и Грција. Случајот на конференција за медиуми го отвори СДСМ во 2014 година.

Основното јавно обвинителство информира дека доставиле и ургенција до надлежните органи на Република Грција за доставување на прибраните докази од нивна страна, а одговорено било и на барањето од ОЛАФ за некои податоци.

Во 2014 година тогаш опозициската СДСМ тврдеше дека преку грчката компанија „Актор“ која го гради патот Демир Капија – Смоквица се изнесувале милионски суми во кеш.

Грчките медиуми вчера јавија дека Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) утврдила перење на пари во вредност од 50 милиони евра за што била и изречена соодветна казна за компанијата „Актор“ , а грчките власти покренале и истрага за наводен поткуп на официјални претставници во Македонија за да го добијат тендерот.

„Скандалозното непостапување на Марко Зврлевски кој ја зароби правната држава се покажа на дело со извештајот на ОЛАФ, Европската агенција за борба против корупцијата, по што е покренато обвинение против фирмата Актор за перење пари и проневера при изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица“, соопшти вчера СДСМ.

Грчката градежна компанија во 2012 година го доби тендерот за изградба на автопат во должина од 28 километри вреден 257 милиони евра, од кои 130 милиони евра се средства од Европската инвестициона банка, 70 милиони се заем од Европската банка за обнова и развој, 45 милиони се грант од ИПА фондовите на ЕУ, а Македонија обезбеди шест милиони евра.

Измамата, според обвинителот, е против интересите на Европската Унија, објави вчера грчкиот весник Катимерини.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/na-sluchajot-aktor-za-potkup-na-makedonski-funkcioneri-rabotat-organi-od-tri
За сè има вторпат
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 350
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Jun-2017 at 11:10
A ke go zavshat ili?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Jun-2017 at 11:05
Точно така.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Jonski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jun-2017
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote Jonski Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Jun-2017 at 10:41
Класичен криминал за што треба да се покрене ригорозна истрага и соодветно обвиненија. Да не ни се случи ситуација како со обиколницата невини луѓе да страдаат. Тие што го бранат криминалот зад патриотизам треба да сфатат дека и ние критично настроените ја сакаме оваа расклатена земја но сакаме и функционален систем независен од партија зависен од стручност.

Edited by Jonski - 09-Jun-2017 at 10:42
Сервилноста е лоша болес
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-Jun-2017 at 10:00
А што сакаш да кажеш, дека 50 милиони не се испрани?

Или од што немаш што да кажеш одиш со лошиов хумор мислејќи дека некој ќе те сфати за сериозно?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1298
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Jun-2017 at 07:50
Originally posted by Vasilij


Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by Vasilij



Што да се каже после ова... И уште некои овде имаат образ и да ни зборат на останатите дека сме биле политички пристрасни...СРАМОТА!!! 50 Милиони евра владата на Никола Груевски проневерила од буџетот на Р.М и европката инвестициска банка за изградба на 28 километри автопат. СКАНДАЛ! Ова мора вака да го напишам бидејќи неможам изгледа на друг начин на допрам до совеста на некои луѓе. Со 50 милиони евра се прави Скопје - Блаце или Куманово - Страцин на ниво на автопат...Какоо бе е ова можно?! 50 Милиони од овде, 150 од Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, па кај го има ова бе?! ГРАБЕЖ на сопствениот народ... РЕЗИЛ пред цела европа, пред цел светт. Километар автопат 8 милиони евра... КАТАСТРОФААА!!!!!http://tv21.tv/mk/%d0%bf%d0%be%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b1%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-2/





испиј дијазепамот и легни си - доцна е !
Пластичен пример за грујопид кој не води грижа ни за општеството и неговиот прогрес ни за моралните и цивилизациски вредности туку само за партијата (читај злосторничкото здружение) и лична корист. Во чесно и праведно општество веројатно би бил помал од зрно лешник, понизок од тревата, потивок од водата..

Од пишан збор те плаќаат или од реченица?
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Jun-2017 at 00:49
Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by Vasilij



Што да се каже после ова... И уште некои овде имаат образ и да ни зборат на останатите дека сме биле политички пристрасни...СРАМОТА!!! 50 Милиони евра владата на Никола Груевски проневерила од буџетот на Р.М и европката инвестициска банка за изградба на 28 километри автопат. СКАНДАЛ! Ова мора вака да го напишам бидејќи неможам изгледа на друг начин на допрам до совеста на некои луѓе. Со 50 милиони евра се прави Скопје - Блаце или Куманово - Страцин на ниво на автопат...Какоо бе е ова можно?! 50 Милиони од овде, 150 од Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, па кај го има ова бе?! ГРАБЕЖ на сопствениот народ... РЕЗИЛ пред цела европа, пред цел светт. Километар автопат 8 милиони евра... КАТАСТРОФААА!!!!!http://tv21.tv/mk/%d0%bf%d0%be%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b1%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-2/





испиј дијазепамот и легни си - доцна е !



Пластичен пример за грујопид кој не води грижа ни за општеството и неговиот прогрес ни за моралните и цивилизациски вредности туку само за партијата (читај злосторничкото здружение) и лична корист. Во чесно и праведно општество веројатно би бил помал од зрно лешник, понизок од тревата, потивок од водата..
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1298
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Jun-2017 at 23:11
Originally posted by Vasilij



Што да се каже после ова... И уште некои овде имаат образ и да ни зборат на останатите дека сме биле политички пристрасни...СРАМОТА!!! 50 Милиони евра владата на Никола Груевски проневерила од буџетот на Р.М и европката инвестициска банка за изградба на 28 километри автопат. СКАНДАЛ! Ова мора вака да го напишам бидејќи неможам изгледа на друг начин на допрам до совеста на некои луѓе. Со 50 милиони евра се прави Скопје - Блаце или Куманово - Страцин на ниво на автопат...Какоо бе е ова можно?! 50 Милиони од овде, 150 од Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, па кај го има ова бе?! ГРАБЕЖ на сопствениот народ... РЕЗИЛ пред цела европа, пред цел светт. Километар автопат 8 милиони евра... КАТАСТРОФААА!!!!!http://tv21.tv/mk/%d0%bf%d0%be%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b1%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-2/





испиј дијазепамот и легни си - доцна е !
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Jun-2017 at 23:07
Што да се каже после ова... И уште некои овде имаат образ и да ни зборат на останатите дека сме биле политички пристрасни...СРАМОТА!!! 50 Милиони евра владата на Никола Груевски проневерила од буџетот на Р.М и европката инвестициска банка за изградба на 28 километри автопат. СКАНДАЛ! Ова мора вака да го напишам бидејќи неможам изгледа на друг начин на допрам до совеста на некои луѓе. Со 50 милиони евра се прави Скопје - Блаце или Куманово - Страцин на ниво на автопат...Какоо бе е ова можно?! 50 Милиони од овде, 150 од Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, па кај го има ова бе?! ГРАБЕЖ на сопствениот народ... РЕЗИЛ пред цела европа, пред цел светт. Километар автопат 8 милиони евра... КАТАСТРОФААА!!!!!


http://tv21.tv/mk/%d0%bf%d0%be%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b1%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-2/






Edited by Vasilij - 08-Jun-2017 at 23:10
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 322
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Jun-2017 at 08:32
Обвинител од грчко Обвинителство за корупција ја казни градежната компанија „Актор“ која е дел од „Боболас“ за перење пари и измама во висина од околу 50 милиони евра поврзани со изградбата на автопатот во Македонија, објавија грчки медиуми.

Измамата, според обвинителот, е против интересите на Европската Унија, а случајот е отворен откако, тогашниот лидер на опозицијата, претседателот на СДСМ, Зоран Заев обвини за нерегуларности во изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица, пишува грчки „Катимерини“.

Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ започна истрага и открила дека, меѓу другото во периодот 2012-2013 година се префрлале пари во готовина наменети за плати, кои не завршувале кај луѓе вработени во компанијата туку кај трети лица или пак, се користеле за „пумпање“ на цената на проектот.

Аферата „Актор“ ја обелодени СДСМ пред повеќе од три години кога објави дека грчката фирма „Актор“ преку грчки државјани кои ја поминувале организирано границата, од филијала на Стопанска банка во Неготино во кеш се испумпале повеќе од три милиони евра и ги повика државните институции да го расветлат случајот. Тогаш официјалните претставници на „Актор“ во Скопје и во Демир Капија молчеа и кусо соопштија дека ги почитуваат законските прописи на Македонија.

По објавувањето на скандалот Управата за финансиско разузнавање извести дека „навремено, уредно и согласно ингеренциите, ги има преземено сите мерки, активности, процедури и дејствија согласно законот“.

Една година подоцна се огласија и грчките и европските институциии кои објавија дека сепак, имало нечесни работи за добивањето на тендерот и најавија голема истрага.

Грчката компанија „Актор“ го доби на тендер договорот за изградба на новата делница од автопатот низ Македонија од Демир Капија до Смоквица, која е дел од паневропскиот коридор 10. Оваа делница е долга 28,2 километра и има два тунела за двосмерен сообраќај, шест мостови, две раскрсници, пет надвозници и седум подвозници. Договорот е вреден 270 милиони евра.

Лидерот на ВМРО-­ДПМНЕ Никола Груевски лани во август, заедно со тогашниот министер за транспорт и врски и со директорот на ЈП за државни патишта изврши увид во градежните активности, а раководството на компанијата „Актор“ која го гради овој автопат го информирала дека по Нова година останува да се заврши електрификацијата на тунелите и на мостовите, па се најавуваше автопатот да биде пуштен до мај годинава.

На почетокот на годинава, пак српските медиуми јавија дека српскиот дел од Коридорот 10 нема да заврши годинава, како што беше планирано, бидејќи грчки „Актор“ ја прекинал изградбата.

„Фирмата „Актор“, на која ѝ е доверена изградбата на четири делници од источниот крак во Србија, го напуштила градилиштето, а сметката една година ѝ е блокирана за десет милиони евра“, пишуваше тогаш во извештајот на работната група на српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура.


http://www.mkd.mk/makedonija/politika/grchki-aktor-kaznet-za-perenje-pari-i-izmama-za-izgradbata-na-avtopatot-vo
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.