build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Демир Капија - Смоквица
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Демир Капија - Смоквица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 343536
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10865
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #701 Posted: 11-Oct-2017 at 13:33
АВТОПАТОТ КОН ГРЦИЈА ЌЕ ДОЦНИ ДО МАРТ 2018, НОВИ 850.000 ЕВРА ЗА НАДЗОР

Автопатот кон Грција на делницата Демир Капија – Смоквица треба да биде пуштен за сообраќај најдоцна на почетокот на март идната година, соопшти Владата на Македонија.

На вчерашната седница било одлучено да се потпише анекс со кој се продолжува рокот за изградба до 28 февруари 2107.

„Освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидува дополнителни средства за градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот“, стои во соопштението на Владата.

Градежните зафати се однесуваат на дислокацијата на далновод и изградба на контролен центар.

Дополнителни 850.000 евра се потребни за надзор на градежните работи. Владата вели дека овие пари се обезбедени во рамки на тековниот заем наменет за реализација на проектот.

Оваа делница е долга 28 километри. Чини 280 милиони евра. Ја гради грчката компанија Актор. Се гради од 2012 година. Требаше да биде пуштен за сообраќај во септември 2017.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/avtopatot-kon-grtsija-ke-dotsni-mart-2018-novi-850-000-evra-za-nadzor/
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #702 Posted: 11-Oct-2017 at 14:06
Originally posted by Џоле

...
 
се продолжува рокот за изградба до 28 февруари 2107.
 
...

 
Нека им се најде на пра-пра-правнуците. Applause
Back to Top
bakigvg View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote bakigvg Quote  Post ReplyReply #703 Posted: 12-Oct-2017 at 06:50
Од што сме толку неспособни како нација, на натпревар за неспособни би освоиле последно место.
Back to Top
LOD View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2016
Online Status: Online
Posts: 1
  Quote LOD Quote  Post ReplyReply #704 Posted: 12-Oct-2017 at 08:01
Вака изгледа дека е готово и знаци и огради и осветлување во тунели и сигнализација дека се е завршено.
https://www.youtube.com/watch?v=WDDhoYR_NLM
Автопат Демир Капија-Смоквица видео
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1758
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #705 Posted: 12-Oct-2017 at 08:41
Изгледаат готово тие 5 км што се снимани,ама дури и тунелот го возат во погрешна насока. Вертикалната сигнализација не ќе да е за да се пушти во употреба.
Погледни го видеото на претходната страна што е 10тина дена старо и ќе видиш дали е завршено.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #706 Posted: 12-Oct-2017 at 20:11
Автопатот конкретно за целата делница е речиси готова , има некој ситни делови кој што треба да се дотераат за комплетно да биде готов, и никој не оспорува дека автопатот не е готов и дека не е спремен за возење , туку деловите кој што се придружни за овој автопат не се готови , а тоа се далноводот кој што треба да се премести , сега има струја но таа струја е од агрегат и може да имаат само тунелите струја а останиот дел од трасата нема струја , бидејќи тој агрегат е само за тунелите , а и целата делница нема и неможе да има струја додека не се среди далноводот ,и втората работа е контролниот центар што треба се изгради во Неготино , а без овие две работи автопатот едноставно неможе да функционира , тоа верувам дека на повеќето ви е јасно. А типот кој што снима или пробува да праве будала од нас или самиот е будала , ги вози едни исти 4-5 километри и ги врти во целото видео , и незнам што ова видео докажува дека е готово и завршено.Тоа беше и очекувано дека уште еднаш ќе се пролонгира за да се средат тие две работи ... По ова а и по сите останати проблеми со автошатиштата се докажа дека ние како држава сеуште не сме зрели , способни и искусни во вакви работи , ни фали многу учење од овие грешки и многу по сериозно да се почне и да се тера некоа работа и да се заврши на крај како што треба ,ова не е смешно ни трагично туку жално , за 28 километри пат да се прави повеќе од 5 години и за некои банални работи некој на време да не ги среде е сосема жалосно и неоправдано ,после сето ова искрено не верувам дека на некој ќе му биде толку мил овој автопат а можевме да се гордееме со него како држава ама се тоа пропадна во вода.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 343536

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.