build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Демир Капија - Смоквица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34353637>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #701 Posted: 11-Oct-2017 at 13:33
АВТОПАТОТ КОН ГРЦИЈА ЌЕ ДОЦНИ ДО МАРТ 2018, НОВИ 850.000 ЕВРА ЗА НАДЗОР

Автопатот кон Грција на делницата Демир Капија – Смоквица треба да биде пуштен за сообраќај најдоцна на почетокот на март идната година, соопшти Владата на Македонија.

На вчерашната седница било одлучено да се потпише анекс со кој се продолжува рокот за изградба до 28 февруари 2107.

„Освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидува дополнителни средства за градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот“, стои во соопштението на Владата.

Градежните зафати се однесуваат на дислокацијата на далновод и изградба на контролен центар.

Дополнителни 850.000 евра се потребни за надзор на градежните работи. Владата вели дека овие пари се обезбедени во рамки на тековниот заем наменет за реализација на проектот.

Оваа делница е долга 28 километри. Чини 280 милиони евра. Ја гради грчката компанија Актор. Се гради од 2012 година. Требаше да биде пуштен за сообраќај во септември 2017.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/avtopatot-kon-grtsija-ke-dotsni-mart-2018-novi-850-000-evra-za-nadzor/
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #702 Posted: 11-Oct-2017 at 14:06
Originally posted by Џоле

...
 
се продолжува рокот за изградба до 28 февруари 2107.
 
...

 
Нека им се најде на пра-пра-правнуците. Applause
Back to Top
bakigvg View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote bakigvg Quote  Post ReplyReply #703 Posted: 12-Oct-2017 at 06:50
Од што сме толку неспособни како нација, на натпревар за неспособни би освоиле последно место.
Back to Top
LOD View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LOD Quote  Post ReplyReply #704 Posted: 12-Oct-2017 at 08:01
Вака изгледа дека е готово и знаци и огради и осветлување во тунели и сигнализација дека се е завршено.
https://www.youtube.com/watch?v=WDDhoYR_NLM
Автопат Демир Капија-Смоквица видео
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #705 Posted: 12-Oct-2017 at 08:41
Изгледаат готово тие 5 км што се снимани,ама дури и тунелот го возат во погрешна насока. Вертикалната сигнализација не ќе да е за да се пушти во употреба.
Погледни го видеото на претходната страна што е 10тина дена старо и ќе видиш дали е завршено.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 408
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #706 Posted: 06-Nov-2017 at 23:59
http://press24.mk/node/301129
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #707 Posted: 07-Nov-2017 at 08:44


Фотографиите од линкот:

1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.


10.


11.


12.


13.
За сè има вторпат
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Online
Posts: 328
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #708 Posted: 07-Nov-2017 at 09:44
Делницава изгледа страшно!
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 408
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #709 Posted: 07-Nov-2017 at 10:26
И тоа како изгледа одлично, и Кичево-Охрид ќе изгледа страшно , пределите и на двете делници се исти , и кога само ќе видеш како една планина е пробиена со тунели , мостови самата глетка воодушевува
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #710 Posted: 07-Nov-2017 at 13:18
Чисто информативно овој автопат ќе се смета ли во новите 500 ни километри автопат што ќе ги изгради новата влада. Или се работи за 500 километри сосема нови делници?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #711 Posted: 07-Nov-2017 at 14:41
Овој автопат ќе се смета дека е изграден со пари од Европската Унија и од други европски банкарски институции. Македонски пари тука нема дадено, тие отидоа на други приоритети. Сепак, она што ќе се смета како „придонес“ направен од владата (стара!) е скандалот со Актор.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1336
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #712 Posted: 07-Nov-2017 at 15:59
Originally posted by BOJAN

Овој автопат ќе се смета дека е изграден со пари од Европската Унија и од други европски банкарски институции. Македонски пари тука нема дадено, тие отидоа на други приоритети. Сепак, она што ќе се смета како „придонес“ направен од владата (стара!) е скандалот со Актор.


„дојде живот“ а ти уште си хибернираш....
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #713 Posted: 07-Nov-2017 at 19:56
Originally posted by BOJAN

Овој автопат ќе се смета дека е изграден со пари од Европската Унија и од други европски банкарски институции. Македонски пари тука нема дадено, тие отидоа на други приоритети. Сепак, она што ќе се смета како „придонес“ направен од владата (стара!) е скандалот со Актор.


Без разлика со кој пари мене ми интересира дали влегува во тие 500 ни километри автопатишта кои ќе се направат во следните 3,5 години? Исто ме интересира дали и Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип влегуваат во тој есап?
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 408
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #714 Posted: 07-Nov-2017 at 20:03
BOJAN неможеш да ги гледаш работите од тој аспект , како ќе бевме сигурни ако сдсм беа на власт и не го направија истиот тој скандал со Актор , ? сакаш да кажеш дека тие немаа да лапнат пари ако можеа и ако имаа прилика? дај не заебавај со такви муабети , од коа е нашата држава осамостоена секоја партија која дошла на власт направила некоја проневера во институции , тендери и уште што не и секоја влада гледаше само да искраде што е можно повеќе од колку што да направи/изгради нешто, ниедна влада не беше чиста како солза , таква сме немале бар до сега , немој да ги форсираш сдсм те молам дека се цвеќе за мирисање , да не набројуваме и во нивниот толку мал период од владеење што проневери направија не е темата и форумот таков може да дискутираме за тоа приватна порака или на друго место ... Барем до сега од сите партии кој што му се даде шанса за да водат држава не направија ама ништо и не запустија и упропастиа и не оставиа последни да бидеме буквално во се , не само инфрасруктурно , во секое поле , само да се молиме и да се надеваме дека државата наша полека ќе оди нагоре , влез во ЕУ и ред други работи , да не го гледаме минатото , јасно ни е на сите што и како е , да гледаме иднината да ни биде подобра , зошто се менуваат генерации се менува и времето така да очекуваме подобри денови за нашата мила држава.
Back to Top
Sashko View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Online Status: Online
Posts: 33
  Quote Sashko Quote  Post ReplyReply #715 Posted: 09-Nov-2017 at 10:26
Нова тура сликички...














Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #716 Posted: 09-Nov-2017 at 11:37
I koga ke se pusti vo upotreba, sto se ceka uste?
Back to Top
Sashko View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Online Status: Online
Posts: 33
  Quote Sashko Quote  Post ReplyReply #717 Posted: 09-Nov-2017 at 12:34
Не ми се допаѓа како директно од тунелите се излегува на мост и на некоја угорница , мислам дека би требало да бидат покреативни во решението. Исто на последната слика нели по правила за автопати во тунелот треба и од левата и десната страна да зрачат црвени светла?
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 408
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #718 Posted: 09-Nov-2017 at 14:21
Штом не е направено така значи и неможело да има рамнини секаде , сигурно така било најдобро и не се кој зна што какви угорници , ништо специјално како и на секој автопат кој што минува низ вака тежок ридски терен ... Иначе 28.02.2018 е најавено пуштањето ,бидејќи во моментот се поместува далновод и се гради контролниот центар во Неготино , тоа се чека , а без тоа неможе да се пушти автопатот , тие се некој европски стандарди и закони за безбедност во сообраќајот кој што мора да се почитуваат , а некој не ги предвидел или ги заборавил тие две работи

Edited by WolfLeader - 09-Nov-2017 at 14:21
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #719 Posted: 11-Nov-2017 at 10:53
Добро е што новите тунели под Демир Капија се споени па така да нема да може да се застанува меѓу планините и да се фрла ѓубре! 
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #720 Posted: 11-Nov-2017 at 19:35
Kolku sto me drzi sekavanjeto ova e najgolemiot i najseriozniot proekt vo patnata infrastruktura od osamostojuvanjeto na RM. Prvicnite vpecatoci se prilicno pozitivni. Se nadevam deka i kvalitetot na izgradbata ke ja potvrdi serioznosta na proektov.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34353637>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.155 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.