build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Демир Капија - Смоквица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 37>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Автопат Демир Капија - Смоквица
    Posted: 15-Sep-2007 at 01:56


Исто така во тек се и активности околу двете делници на М-1 (Е-75, Коридор 10) што недостасуваат да се комплетира автопатот Табановце-Богородица.

Тие се:

- Делница Демир Капија-Смоквица од км 0+000.00 до км 27+700.00
и
- Делница Табановце-Куманово, км. 0+764.70 - км. 8+388.43

Со вкупна должина од 34,6км или 35,5км (контрадикторни информации) и цена од 166.000.000 €

Првата делница е најтешка по целата должина на автопатот и ќе не чини околу 155.000.000 €. За возврат ќе добиеме прилично спектакуларен автопатски сегмент. Совладувањето на Демир-Каписката клисура е само почеток...  Теренот е предизвик се до Миравци. Вкупната должина на тунелите ќе изнесува 2,2км, а на премостувањата 1,6км (во новинарските текстови се спомнува еден единствен мост од 1,6км, ама тоа не е баш логично). Мене лично ме копка колав ќе биде најдолгиот тунел - се надевам дека нема да е помал од 1км.
Инаку малку е збунувачки фактот што фондот објави делница долга 27,7км а сите медиуми 26,8км. Ова останува да се разјасни.
Во секој случај ме радува фактот што се гради по сосема нова траса, наместо да се надоградува постоечкиот пат. Причините ги објаснија надлежните - изборот беше јасен:
-нов пат, со подобри карактеристики
-пократок пат
-поевтина изведба
-пократка изградба
-без застој на сообраќајот за време на работите
-стариот магистрален пат се зачувува
Работите треба да почнат кон средината на 2008 и да завршат кон крајот на 2011.

Втората делница ќе го докомплетира сегментот помеѓу Табановце и Куманово. Се работи за 7,6км кои ќе се надградуваат. Околностите се сосема различни од првата делница и надградба е природно решение во случајов. Цената е 11.000.000 €. Работите треба да почнат кон крајот на годинава или почетокот на наредната, а се надевам ќе бидат готови за неколку месеци.



Еве два текста на темава. Содржат по некоја грешка (глупост), ама подобри нема...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AC5E8880C1B1FC48A2ADC314EE54620F

Aвтопатот Демир Капија - Смоквица ќе се гради на десната страна на Вардар

Автопатот, кој е дел од Коридорот 10, ќе биде во должина од 26,8 километри и ќе чини 155 милиони евра

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Од десната страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица, ќе се гради нов автопат. Оваа нова делница на автопат, што претставува дел од Коридорот 10, Владата ја дефинираше како приоритетна на последната седница, чија изградба ќе стартува кон средината на 2008 година. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри и ќе чини 155 милиони евра.

Директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска, вели дека имало две алтернативи за изградба на нов автопат од Демир Капија до Смоквица. Едната варијанта била да се гради автопат од левата, а втората од десната страна на Вардар. Но, Владата се одлучила за автопат од десната страна на Вардар, затоа што била поевтина за 50 милиони евра и затоа што рокот за изградба на делницата бил за три години пократок. Од друга страна, должината на делницата е пократка за 6 километри, а дополнително олеснување е тоа што автопатот ќе се гради без да предизвика пречки во одвивањето на сообраќајот, бидејќи станува збор за нов пат. Сегашниот регионален пат од Демир Капија до Смоквица ќе стане алтернатива по изградбата на автопатот.

На автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе има неколку тунели со вкупна должина од 2,2 километра и мост преку реката Вардар во должина од 1,6 километри.

Овој проект се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции.

Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската унија (ИП-фонд), кредитни извори и нашата Влада. Македонија ќе треба да учествува со 15 отсто од вкупно потребните средства за реализација на делницата од Демир Капија до Смоквица, но дополнително прашање е дали овие пари ќе се одвојат од Буџетот или Владата ќе земе кредит.

Трасата на автопатот поминува низ државно и приватно земјиште, а директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска, вели дека приватните сопственици на земја ќе бидат обесштетени. Парите за обесштетување, според Валкановска, ќе се одвојат од Буџетот на РМ. Вкупните трошоци за оваа намена ќе се знаат дури откако ќе се направи елаборат за површината и цената на земјиштето.

Во почетокот на идната година ќе се распише тендер за изведувач, а се очекува изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица да стартува во текот на летото во 2008 година.

Како дел од Коридорот 10, ќе се проширува и патот од граничниот премин Табановце до Куманово за да стане автопат во должина од 7,3 километри. Овој проект ќе чини околу 11 милиони евра, изведбата ќе почне кон крајот на оваа година или во почетокот на идната.




http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=231256EED4ED9D41A44832632E20629E&arc=1

ДОИЗГРАДБА НА КОРИДОРОТ 10

Автопатот кон Грција ќе минува надвор од Демиркаписката Клисура

Изградбата ќе чини 150 милиони евра, а дел од нив ќе бидат грантови од грчката влада и од ЕУ, а остатокот кредити и од буџетот

Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе се гради по сосема нова траса што ќе поминува од десната страна на реката Вардар, велат во Фондот за патишта.

За новиот автопат ќе се градат два тунела кај постојниот тунел кај Демир Капија. Автопатската траса низ тунелите ќе биде префрлена од другата страна на Вардар и ќе се пробие надвор од Демиркаписката Клисура.

Делницата долга околу 22 километра ќе продолжи по висорамнината до месноста Горно Јаболце, по што ќе се спушта кон Миравци. Со автопатот кој води до границата со Грција ќе се поврзе со клучка што ќе се гради кај Смоквица. Трасата на новиот автопат во најголем дел минува низ државно земјиште. Помалку од 10 отсто од земјиштето е приватно, но тоа е од 4. или 5. класа, па во Фондот не очекуваат големи трошоци за експропријација.

Изградбата на новиот автопат ќе почне кон средината на 2008 година, а ќе чини 150 милиони евра. Дел од парите ќе бидат грантови од грчката влада и од ЕУ, а остатокот ќе се обезбедат од кредити од меѓународни финансиски институции и од буџетот. Новиот автопат ќе има по две ленти за возење и една за застанување во двете насоки. Ќе бидат изградени и неколку мостови и тунели.

Според директорката на Фондот, Наташа Валкановска, изградбата на нов автопат е подобро решение отколку изградбата на уште една паралелна траса на сега постојниот пат од левата страна на Вардар.

- Ова решение е за 50 милиони евра поевтино и за 5 километри пократко отколку да се гради паралелен автопат. Студијата покажа дека изградбата на нов автопат би траела 3,5 години. Ако се врши надградба, тогаш се потребни 6-7 години, затоа што изградбата би се одвивала под сообраќај, а тоа ги забавува работите - вели Валкановска.

Во план на Фондот за патишта е целосно да се изгради автопатот по Коридорот 10. За ова, треба да се надгради на ниво на автопат делницата од Куманово до Табановце во должина од 7 километри. Бидејќи на оваа делница само ќе се направи уште една паралелна траса на постојниот пат, неговата изградба ќе чини околу 11 милиони евра што ќе се обезбедат од сопствени средства. Средствата за експропријација на земјиштето се обезбедени од државниот буџет.

(М.Б.)



Edited by Cloverstack - 15-Sep-2007 at 02:01
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Nov-2007 at 11:54
Yes
 
Остануваат уште 25те километри во клисурата.
 

Се турка изградбата на автопатот Гевгелија-Смоквица

Создадени се услови за изработка на главен проект и на тендерска документација за избор на фирма која ќе ја гради автопатската делница Демир Капија-Смоквица. Ова беше заклучено на вчерашниот Трет координативен состанок за Проектот за доизградба на Коридорот 10, јави Макфакс.

На состанокот учествуваа претставници на Европската комисија, Европската инвестициона банка, Министерството за надворешни работи на Грција и на Владата. Вицепремиерката Габриела Коневска-Трајковска изрази надеж дека овие консултации ќе доведат до преминување на проектот во последната фаза од подготовките.

Вкупната вредност на инвестицијата е 155 милиони евра и се обезбедуваат од Европската комисија, ЕИБ, Грчкиот план за обнова на Балканот и од државниот буџет.

 
Извор: Дневник
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Mar-2008 at 03:28

Грција го спречува стартот на автопатот од Демир Капија до Смоквица

Изградбата ќе доцни затоа што Владата се' уште нема потврда од Грција за изработка на проектот


Изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица е дел од Коридорот 10

Изградбата на новиот автопат од Демир Капија до Смоквица нема да започне годинава, како што лани најави Фондот за регионални и магистрални патишта. Почетокот на работите е стопиран од Грција, која заедно со Македонија е вклучена во овој заеднички проект. Тоа го потврдува и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој вели дека стартот доцни поради грчката страна. Според Јанакиески, за изградбата на автопатот треба да се изработи проект, за што се неопходни пет-шест месеци. Но, како што појаснува тој, Владата се' уште нема потврда од Грција дека планира да започне со изработка на проектот.

Изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица е дел од Коридорот 10. Тој ќе се гради од десната страна на реката Вардар и ќе биде во должина од 26,8 километри, а ќе чини 155 милиони евра. За оваа делница имало две алтернативи. Едната варијанта била да се гради автопат од левата, а втората можност, од десната страна на Вардар. Но, Владата се одлучи автопатот од Демир Капија до Смоквица да биде од десната страна на Вардар, затоа што бил поевтин за 50 милиони евра, а второ, рокот за изведба е покус за три години. Од друга страна, должината на делницата, доколку се гради од десната страна на реката Вардар, е покуса за 6 километри. Дополнително олеснување е тоа што автопатот ќе се гради без да предизвика пречки во одвивањето на сообраќајот, бидејќи станува збор за нов пат. Сегашниот регионален пат од Демир Капија до Смоквица ќе стане алтернатива по изградбата на автопатот. Предвидено е на автопатот од Демир Капија до Смоквица да има неколку тунели со вкупна должина од 2,2 километра и мост преку реката Вардар во должина од 1,6 километри.

Сосема новиот автопат од Демир Капија до Смоквица треба да се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции.

Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската Унија, кредитни извори и нашата Влада. Македонија ќе треба да учествува со 15 отсто од вкупно потребните средства за реализација на делницата од Демир Капија до Смоквица. (В.Г.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E3231E336AC6EA47A73657DF64F91B10
 
 А зошто грциве да го изработуваат проектот? Па нели обично странциве учествуваат во финансискиот дел а ние сами си тераме со се друго Dunno 
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Mar-2008 at 05:04
Ме чуди..а не би било нешто ново да е новинарско еба*е
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Mar-2008 at 11:24
И мене не ми е јасно каква врска имаат Грците со проектот, но не е исклучено. Во секој случај, за некој банален дел што учествуваат, веќе со години ни го кочат автопатот, то ест ги блокираат средствата што се од други извори, а они се за жал „менаџери“.

Ете така функционира ЕУ, не можеш ни да им речаеш на Грците да одјебат и дека ти сам ќе си го финансираш делот за кој се нафатиле они, туку мора да се расправаш и за средствата кои немаат врска со нив.
Не знам која е поентата на тој „надзор“ што по видување на ЕУ треба да го врши Грција, како нивни локален играч. Ако целта е со надзорот да се спречат злоупотреби, тогаш очигледно е тотален промашај, затоа што токму Грција врши една крајно груба злоупотреба.

А морам да признаам дека ова фашизоидно и тотално деструктивно однесување на Грција кон Македонија, кај мене веќе почнува да предизвикува вистинска омраза. Џабе човек да се труди да биде рационален и отворен спрема нив, изгледа треба само да им се возврати со крајна деструктивност. Излегува дека немаме ни што да изгубиме,затоа што Грците према нас секако се однесуваат најгнасно што можат, без разлика како се поставуваме ние. Ако им возвратиме со истата таа крајна деструктивност може бар да добиеме некаква сатисфакција.


Edited by Cloverstack - 17-Mar-2008 at 11:27
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Mar-2008 at 22:18
Originally posted by Cloverstack


А морам да признаам дека ова фашизоидно и тотално деструктивно однесување на Грција кон Македонија, кај мене веќе почнува да предизвикува вистинска омраза. Џабе човек да се труди да биде рационален и отворен спрема нив, изгледа треба само да им се возврати со крајна деструктивност. Излегува дека немаме ни што да изгубиме,затоа што Грците према нас секако се однесуваат најгнасно што можат, без разлика како се поставуваме ние. Ако им возвратиме со истата таа крајна деструктивност може бар да добиеме некаква сатисфакција.
 
Со ова се согласувам целосно,  ниту кон еден од нашите соседи немам она  знаеш примитвна целосна омраза , но со потезите и провокациите на јужниве а и источните полека ме влечат во таа насока. Највеќе пак ме нервира што некои другари кој уште од времето имаат вградена омраза кон овие држави сега ми викаат шо ти викам ја цело време, тие се вакви такви..... обично не прифаќам стереотипи за еден народ и држава али ако самите си ги потврдуваат тие стереотипи.........
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Jun-2008 at 00:32
Гледам пред извесно време била ставена на увид на јавноста студијата за оценка на влијание врз животната средина на делницата Д.Капија - Смоквица.

Студијата (и разни анекси меѓу кои и интересни мапи) можете да ја погледнете/превземете од овде http://www.vlada.mk/eia/eia.htm


Браво за надлежните за овој чекор, иако е само мал дел од она што треба да се практикува.  Да се надеваме дека брзо ќе се движиме во тој правец и дека во блиска иднина ваквите и секакви други јавни информации задолжително ќе се објавуваат Cheers




Инаку, од студијата покрај влијанието на животната средина, се разбира може да се извлечат и доста други корисни податоци. Еве да сумирам од она што го прочитав и пролистав...

Ако памтите, кога прв пат објавиваме вест на оваа тема (во септември 2007), во игра беа две варијанти за трасата на оваа делница:
1. Надградба на постоечкиот пат што ја прати долината на Вардар (од левата страна), за што постои детален проект уште од 90-тите.
2. Сосема нова траса од десната страна и надвор од долината, за што се уште нема детален проект и во игра се неколку модификации.

Тогаш беше спомнато дека веќе е одбрана втората варијанта, но еве не било баш така.
Како прво, оргиналната траса на втората варијанта е сега битно модифицирана, пред се за да се избегне штетното влијание врз живиот свет во пештерата Бела Вода. Така сегашнава модифицирана втора варијанта на почетокот се движи приближно по постоечкиот пат, го премостува Вардар кај Демир Капија и со тунел ја пробива клисурата на левата страна од реката, а веднаш потоа уште еднаш го премостува Вардар и продолжува по претходно предвидената траса за оваа варијанта, то ест од десната страна, далеку од реката.

Сепак, прашање е дали и оваа траса нема да претрпи некакви измени, а како што кажав, за оваа варијанта уште нема детален проект.


Еве на оваа мапа на коридорите кои влегле во студијата ги вцртав двете варијанти кои моментално се разгледуваат.
Со црвено е првата варијанта, која речиси целосно го прати стариот пат.
Со жолто е модифицираната втора варијанта која речиси целосно оди по засебна траса.




Според студијата, и модифицираната втора варијанта има понегативно влијание врз флората и фауната одколку првата варијанта, а исто така е потенцијално понеповолна од археолошки аспект. Но тука престануваат поволностите на првата варијанта, а листата на нејзините неповолности е прилично подолга...

-- И покрај различните податоци во игра за втората варијанта, првата варијанта е грубо нешто над 20% подолга од втората, што е прилично значајна разлика.

-- Техничките карактеристики на првата варијанта се многу полоши... Ова особено се однесува на проектираната брзина... Да се има автопатска делница долга над 30km проектирана за брзини од 80 и 100 km/h, е многу голем минус за оваа варијанта




-- Првата варијанта би наметнала подолг период на градба (на времето во медиумите беше наведен податокот 3 години подолга изградба него втората варијанта)

-- Првата варијанта би наметнала одредено попречување на сообраќајот на постоечкиот пат, за време на работите за негова надградба. Вистински алтернативен пат се разбира нема.

-- Втората варијанта би значела зачувување на стариот пат како алтернатива со одлични технички карактеристики за таква потреба, што е уште поважно кога ќе се земе во предвид дека оваа делница е тесно грло и стратешка слаба точка во нашиот транспортен систем.

-- Првата варијанта би уништила многу повеќе плодно земјоделско земјиште одколку втората, која во најголем дел поминува низ слабо пошумени предели во државна сопственост.

-- Како капак на се, првата варијанта и покрај сите овие неповолности е и поскапата варијанта... (на времето беше спомнат податок од 155 милиони евра за втората варијанта, а првата варијанта дека би била поскапа за 50 милиони евра)


Кога се ќе се собере, очигледно дека првата варијанта има цел куп на непоправливи слабости, додека слабостите на втората варијанта се релативно мали и претпоставувам може во голема мерка да се корегираат.
Во делот на негативните влијанија кон локалната флора и фауна - иако студијата ги проучува ефектите врз животната средина и овој проблем е автоматски пренагласен, сепак не добив впечаток дека се работи за критични штетни влијанија, така да уште на сам почеток овој аргумент е прилично слаб. Дополнително, овие штетни влијанија можат да се минимизираат со вложување во разни еколошки „лекови“, како зелени мостови, пошумување и ред други многу поспецифични решенија кои се наведени во студијата...
Во делот пак што се однесува на културното наследство, втората варијанта потенцијално навлегува во три помали археолошки локалитети. Но дури и ако тие локалитети се од голема важност (а тоа воопшто не се тврди во студијата) и дополнително доколку не можат да се истражат пред изградбата на тие сегменти, сепак лесно би можеле да се направат мали модификации на трасата со кои локалитетите би биле заобиколени. Тоа јасно се гледа на оваа мапа:
http://www.vlada.mk/eia/Appendix%20I-4%20Habitat%20Map.jpg

Јас мислам дека дилеми воопшто не треба да има - треба да се оди на финално рафинирање на втората варијанта, а првата варијанта засекогаш да остане во архивите... Се надевам дека и надлежните размислуваат во овој правец. Единствено ме плаши да не никнат некои квази-еко ЕУ бирократи и целата работа да ја превртат наопаку, затоа што за финансиите за проектов во најголем дел зависиме од нив... ЕУ и по овие прашања има некои идиотски „политички коректни“ тенденции, па откако го истребија пола жив свет во нивните држави, сега одеднаш се „освестија“ и почнаа да одат во друга крајност... Единствено ова ме плаши, инаку стварно не треба да има никаква дилема која траса треба да се избере.



За крај едно непријатно изненадување...



Не е наведено за која варијанта се однесува ова, но последната фалба беше дека ќе се возиме по комплетираниот М-1 до 2011 (мада ни тоа не беше прва фалба, на времето имаше фалби дека се ќе било готово до олимпијадата во Атина)
И да се надоврзам на фалбите на владата за сите оние илјадници километри автопати (од кои голем дел би биле буквално непотребни) кои наводно ќе се изграделе во најскоро време. Ова само покажува дека дури и да се обезбедени финансиски средства, планирањето и изградбата на автопати е ужасно долг процес... Понекогаш објективно, понекогаш ради глупи фактори, но сеедно... Погледнете само колку се оддолжи работата со другиот сегмент кој недостасува за комплетирање на М-1, северно од Куманово, кој е многу пократок и поедноставен...
Јас би им предложил да престанат да летаат во облаци и да и сервираат глупости на јавноста, а енергијата да ја вложат во работи кои се навистина изводливи и ни се навистина потребни - дооформување на примарната сообраќајна мрежа во Скопје без лоши импровизации и железничко поврзување по коридорот 8.


Edited by Cloverstack - 30-Jun-2008 at 00:44
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Jun-2008 at 04:29
А зашто демир-капија смоквица има толку многу голем рок?! Па тој пат може да се подели на неколку фирми паралелно да работат.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Sep-2008 at 13:03
Според статијава  смоквица-демир капија  ќе биде негде 5.8 мил/КМ (поскапата верзија испаѓа 7.6 мил/КМ)
 
 
 
Originally posted by vardar

Грција го спречува стартот на автопатот од Демир Капија до Смоквица

Изградбата ќе доцни затоа што Владата се' уште нема потврда од Грција за изработка на проектот


Изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица е дел од Коридорот 10

Изградбата на новиот автопат од Демир Капија до Смоквица нема да започне годинава, како што лани најави Фондот за регионални и магистрални патишта. Почетокот на работите е стопиран од Грција, која заедно со Македонија е вклучена во овој заеднички проект. Тоа го потврдува и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој вели дека стартот доцни поради грчката страна. Според Јанакиески, за изградбата на автопатот треба да се изработи проект, за што се неопходни пет-шест месеци. Но, како што појаснува тој, Владата се' уште нема потврда од Грција дека планира да започне со изработка на проектот.

Изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица е дел од Коридорот 10. Тој ќе се гради од десната страна на реката Вардар и ќе биде во должина од 26,8 километри, а ќе чини 155 милиони евра. За оваа делница имало две алтернативи. Едната варијанта била да се гради автопат од левата, а втората можност, од десната страна на Вардар. Но, Владата се одлучи автопатот од Демир Капија до Смоквица да биде од десната страна на Вардар, затоа што бил поевтин за 50 милиони евра, а второ, рокот за изведба е покус за три години. Од друга страна, должината на делницата, доколку се гради од десната страна на реката Вардар, е покуса за 6 километри. Дополнително олеснување е тоа што автопатот ќе се гради без да предизвика пречки во одвивањето на сообраќајот, бидејќи станува збор за нов пат. Сегашниот регионален пат од Демир Капија до Смоквица ќе стане алтернатива по изградбата на автопатот. Предвидено е на автопатот од Демир Капија до Смоквица да има неколку тунели со вкупна должина од 2,2 километра и мост преку реката Вардар во должина од 1,6 километри.

Сосема новиот автопат од Демир Капија до Смоквица треба да се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции.

Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската Унија, кредитни извори и нашата Влада. Македонија ќе треба да учествува со 15 отсто од вкупно потребните средства за реализација на делницата од Демир Капија до Смоквица. (В.Г.)

 
  
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Sep-2008 at 13:07
Пред некој ден Грција одобри средства така да веќе се работи на ова. Мислам дека министерот го кажа ова во некое од двете интервјуа што ги даде прошлата недела.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-Sep-2008 at 17:19
A mene ne mie jasno sto ima veze Grcija so seto ova? Tie si go rabotat nivniot del nie nashiot zosto morame nie od niv da zavisime??

Pa 26 kilometri se ne e toa nekoj golem pat, sigurno mozheme da napravime neshto na nekoj drug nachi.

155 Miljoni evra mnogu skapo e toa.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Sep-2008 at 18:26


Прочитај ја нишкава од почеток, ќе најдеш инфо за улогата на Грција.

Цената исто така е реална, затоа што се работи за тежок терен. И за ова можеш детално да се информираш ако внимателно ја прочиташ нишката од почеток.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Oct-2008 at 12:40
Владата ја одобри апликацијата за користење средства од претпристапната помош на ЕК за доизградба на автопатот Е-75

Скопје, 3 октомври (МИА) - Министерството за транспорт и врски информира дека Владата ја одобрила нивната апликација  со која се бара користење на средства од претпристапна помош на Европската комисија (ЕК) за инвестиции во транспортната инфраструктура.

Средствата се во износ од 24,7 милиони евра и се наменети за финансирање на изградбата на автопат на делницата Демир Капија – Смоквица на националниот пат М-1 (Е-75), како составен дел од Паневропскиот коридор 10 кој поминува низ Република Македонија.

- Поднесената апликација содржи детален опис на проектот, резултати од изработена физибилити студија, временска рамка на проектот, анализа на придобивки и трошоци, анализа на влијанието врз животната средина и финансиски план, се вели во соопштенеито од Министерството за транспорт и врски и се додадва дека со реализацијата на предвидениот проект во целост ќе биде изграден делот од Коридорот 10 кој поминува низ Република Македонија.

Владата ја одобри апликацијата на Министерството за транспорт и врски за користење средства од ЕК за доизградба на автопатот Демир Капија - Смоквица

Скопје, 3 октомври

Ве информираме дека Владата на Република Македонија ја одобри Апликацијата на Министерството за транспорт и врски со која се бара користење на средства Европската Комисија, според член 10 од Регулативата на Европска Комисија бр. 1085/2006 за воспоставување на Инструментот за претпристапна помош и член 157 од Регулативата на Европската Комисија бр. 718/2007 за спроведување на Инструментот за претпристапна помош, дел за инвестиции во транспортната инфраструктура.

Средствата се во висина 24.7 милиони евра и се наменети за финансирање на изградбата на автопат на делницата Демир Капија – Смоквица на националниот пат М-1 (Е-75), како составен дел од Паневропскиот Коридор 10 кој поминува низ Република Македонија. Поднесената апликација содржи детален опис на проектот, резултати од изработена физибилити студија, временска рамка на проектот, анализа на придобивки и трошоци, анализа на влијанието врз животната средина и финансиски план.

Со реализацијата на предвидениот проект, односно комплетирање на предвидената делница на ниво на автопат во целост ќе биде изграден делот од Коридорот 10 кој поминува низ Република Македонија. 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

mia.com.mk

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Oct-2008 at 00:07

Пари од ЕУ за автопатот Демир Капија-Смоквица

Министерството за транспорт и врски поднесе барање за да добие 24,7 милиони евра од претпристапните фондови на ЕУ за финансирање на изградбата на автопат на делницата Демир Капија - Смоквица.

Поднесеното барање содржи детален опис на проектот, резултати од изработена физибилити-студија, временска рамка на проектот, анализа на придобивки и трошоци, анализа на влијанието врз животната средина и финансиски план.Со спроведувањето на предвидениот проект, односно комплетирање на предвидената делница на ниво на автопат, ќе биде изграден делот од Паневропскиот коридор 10, кој поминува низ Македонија.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=908387B7CD86BA4C8784212465B9E173


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Feb-2009 at 17:55
Оставајќи ги на страна случувањата со името на автопатот и еве да прифатиме дека финансирањето ќе се одвива како што било претходно зацртано, не може да се премолчи постојаното одложување.

Почеток во 2010, градба најмалку 4 години?!?

Колку години припрема и ефективна градба се потребни за 20-тина кулометри???
Да потсетам дека оваа делница требаше да биде готова до 2004, не до 2014 (мада не оставиле простор да им се верува дека дури и вака лабав рок ќе испочитуваат, па испаѓа дека треба да бидеме среќни доколку навистина се реализира и до 2014).
Од 2004 навака скоро секоја година најавуваат дека кај да е ќе започнат со работите. Роковите по обичај се менуваат и се менуваат, а на терен уште нема ништо...

До кога вака? Wallbash



ИНФРАСТРУКТУРАТА НИКАКО ДА СЕ ДОГРАДИ
Коридорот 10 ќе го чекаме уште шест години

Властите во Скопје тврдат дека Грција ќе ја финансира изградбата на делницата од Демир Капија до Смоквица и покрај одлуката на Владата автопатот Табановце - Гевгелија да го именува Александар Македонски. Од Агенцијата за државни патишта велат дека немаат известување дека е одложен грантот од Грција за изградба на делницата. Градбата на делницата ќе почне во 2010 година и ќе трае најмалку четири години. - Од Секретаријатот за европски прашања, кој е задолжен за координација на странска помош имаме позитивен одговор на апликацијата за финансирање на делницата. Доколку Грција официјално ги известила дека нема да се дадат пари, ние први ќе знаевме - вели Наташа Валкановска, директорка во Агенцијата. Таа информира дека е во тек изработка на главниот проект за изградба на делницата од Демир Капија до Смоквица, елаборат за експропријација, како и сите други документи што се дел од проектната документација. - Од 155 милиони до 160 милиони евра се потребни за градба на делницата. Од овие пари две третини ќе се обезбедат од фондовите ИПА и од грандот од грчкиот план за обнова и за развој, а 15 проценти ќе се обезбедат од државниот буџет - изјави Валкановска. Поголемиот дел од автопатот на Коридорот 10 е веќе изграден, а во моментов се гради делницата од Табановце до Куманово. Коридорот 10 е еден од најважните паневропски сообраќајни коридори. Оди од Австрија до Грција, а поминува низ Словенија, Хрватска, Србија и низ Македонија. Коридорот опфаќа железнички дел, долг 2.528 километри и патен коридор. Од земјите од поранешна Југославија, Македонија најмногу доцни со изградбата, а најголемата причина за тоа е што проектот мируваше цели пет години и тоа од 2001 до 2006 година. Од другите земји само Србија се уште не го заврши коридорот во целост. Министерот за инфраструктура во Србија, Милутин Мркониќ во вторникот изјави дека автопатот на Коридорот 10, од Лесковац до границата со Македонија и од Ниш до границата со Бугарија ќе биде завршен за две и пол години. За таа намена се обезбедени 1,5 милијарди евра, од кои една милијарда ќе се обезбедат од кредит од Светската банка, а 500 милиони евра ќе бидат обезбедени од буџетот на Србија.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=14&tabid=1&EditionID=1615&ArticleID=107046
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Feb-2009 at 17:04

Сопрено финансирањето за Коридор 10


Коментари (0)   
27.02.2009 16:40
Шил: Одлуката на Владата предизвика одредени последици

 

Македонија сега треба да бара други извори на средства за да го гради автопатот „Александар Македонски“.

Ова доаѓа по грчките притисоци во Брисел да се сопре финансирањето на овој коридор поради неговото преименување.

Грчките закани денеска во Скопје ги најави претставник на Европската комисија, не сакајќи да навлегува во политичките моменти на спорот.

„Тоа беше одлука на македонската Влада и таа одлука предизвика одредени последици во однос на финансирањето, одредени средства кои беа предвидени за овој коридор, ќе треба да се најдат други извори“, рече Џонатан Шил

Преговорите меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан за воспоставување на транспортна заедница започнаа во јуни минатата година.

Договорот ќе помогне регионот сообраќајно да се интегрира со Европа и да ги усогласи правилата за безбедност, заштита на животната средина и услугите.

Според Европската комисија, нема пречки Македонија да биде дел од овој систем.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105050
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Feb-2009 at 17:10
Досега едно чудо пари влегоа, па отсега многу ќе ни се накрши! Roll%20eyes Само лицемерие и политика! Ништо повеќе!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 27-Feb-2009 at 17:20
па види реално не дека МКД ќе процвета доколку патниот коридор се стокми целосно и сега има услови за оние кои сакаат да тераат низ МКД, мислам главна осовина за нас се железничките коридори т.е. фокусот мора да биде на нив, па засега и на оваа тема не е ни премногу штетно по МКД преименувањето на автопатот, мерено по некој македонски аршин, иако реално средствата од еу се потребни, истите нема да ни бидат многу од полза доколку некој упорно негира дека ние полагаме право на македонската култура и историја, особено не користејќи се со шовинистички методи на угнетување на една самостојна земја!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 06-Jul-2009 at 10:34
Непосредно пред селото Смоквица кај Гевгелија, не повеќе од километар од местото каде што е преминот од автопат, уствари баш кај што е клучката за село с. Смоквица (41°15'32.11"N 22°28'28.27"E), вчера имаше геодети на терен. Се работи ваљда на прибирање на техничка документација за делницата Смоквица - Демир Капија.
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Jul-2009 at 05:01
Ne znam dali kazal nekoj do sega, megjutoa geodetskiot proekt (podloga za proektiranje) za potegot Demir Kapija-Smokvica e gotov. Sega se izrabotuva Glavniot proekt.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 37>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.