build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Демир Капија - Смоквица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 42>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1510
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 07-Mar-2018 at 19:17
Od ovaa ke zaklucam deka - avtopatot ne go pustile deka nema koj da go iscisti kvalitetno - pa da ne se brukaat si rekle ke pocekame da se stopi
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 07-Mar-2018 at 19:31
Или стравуваат од солта да не го раскопа асвалтот
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 09-Mar-2018 at 21:36

Па сега и нов автопат ли да чистат, значи навистина претерувате
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 13-Mar-2018 at 20:26
Преку „Актор“ испрани над 28 милиони евра

Постојат сериозни индиции дека преку изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица се испрани над 28 милиони евра, дознава БИРН од истражни и финансиски извори упатени во истрагата за злоупотреба на европски пари. Ако се има предвид дека должината на автопатската делница е 28 километри, според индициите за манипулации со средствата за изградба, произлегува дека секој изграден километар бил „поплочен“ најмалку со еден испран милион (евра). Според неофицијални сознанија, во перењето пари биле инволвирани повеќе лица и три домашни фирми кои „работеле“ за грчки „Актор“. Токму во тој круг се испумпувале парите, преку добро осмислена шема за подигање кеш и негово предавање на службеничка од грчката подружница.

Во тој скен за движењето на парите, не влегуваат штетите нанесени на македонскиот буџет, откако „на чуден начин“ (со менување на условите во текот на тендерската постапка), тендерот за автопатот го изгуби компанијата со најповолна понуда – италијанската „Тото“, а го доби грчки „Актор“ со понуда повисока речиси за 40 милиони евра. Трагите за ваквиот тендерски пресврт водат до високи функционери на претходната власт.

...

Хронологија на случајот

Најпрво се вклучи алармот во Европската канцеларија за истраги против измами со пари од европските фондови – ОЛАФ, која отвори истрага за случајот.
Претходно ништо не одеше „брзо“, ако се има предвид дека „случајот Актор“ беше обелоденет од опозициската СДСМ пред четири години, на 8 март 2014 година.

„Од сметката на фирмата ‘Актор АДГ Грција’ – Подружница Скопје, се одлева кеш кај државјани на Грција. Податоците од трансакциите направени во Македонија покажуваат дека 9 лица со презиме Константинас подигнале 313.000 евра во поединечни исплати во висина од 20, 40, 80 илјади евра. Грчките државјани кои го земаат кешот, го даваат исклучиво на едно лице, а тоа е сметководителката на ‘Актор’, Атина Зиога, и по завршената работа си заминуваат за Грција. Подигнатите суми во стотици илјади евра не излегуваат од Македонија. Управата за финансиско разузнавање отворила случај, но по нечиј налог постапката е стопирана. Офицерите на филијалата на ‘Стопанска банка’ во Неготино, преку која оделе извлекувањата на парите, пријавиле подигнување кеш во огромни суми, над 15.000 евра, што Управата за финансиско разузнавање била должна да го испита“, обелодени тогашниот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

Според податоците што ги објави СДСМ, во 2013 и 2014 година само во рок од десет месеци 95 лица извлекле кеш од сметките на „Актор“ во над 278 трансакции. Од нив, 79 трансакции се случиле во еден ден – на 5 декември 2013 година, кога се создала вистинска турканица во просториите на „Стопанска банка“ во Неготино. Честите посети на грчки државјани во банката со месеци го привлекувале вниманието на локалните жители, но не и активностите на надлежните институции.

Но, со оглед дека автопатот Демир Капија-Смоквица се градеше со 130 милиони евра средства од Европската инвестициска банка, со кредит од 107 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, и со 45 милиони евра грант од Европската комисија, најпрво се вклучи алармот во Европската канцеларија за истраги против измами со пари од европските фондови – ОЛАФ, која отвори истрага за случајот.

Тогашната македонска Управа за финансиско разузнавање се правдаше дека реагирала навреме и дека по првичните сознанија уште на 11 ноември 2013 година отворила предмет за случајот. Јавното обвинителство по бурни реакции во јавноста на 13 март 2014 година отвори постапка за „Актор“ и донесе времена мерка за блокирање на имотот и сметките на две трговски друштва во Македонија.

Ден потоа (14 март), по еднонеделен молк, за првпат се огласи и компанијата „Актор“, која преку соопштение тврдеше дека „сите плаќања се извршени преку банкарскиот систем согласно законот“. Со сличен став се огласи и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека се почитувани сите европски и домашни закони.

„На месечни состаноци со претставници на Европската комисија се констатира финансискиот и физички прогрес на целиот проект. Ваков тип состаноци, на секои шест месеци, се одржуваат и со претставници на ЕИБ и ЕБРД. Каде и како фирмата, избрана во транспарентна постапка, ги троши парите, дали за работници, дали за опрема, машини или градежни материјали, господинот Шилегов треба да си ја праша фирмата која го добила тендерот. Тендер кој е верификуван од сите релевантни европски институции. Доколку се сомнева во нивната работа, има начин тоа да го пријави до институциите, а институциите ќе си постапат“, изјавија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

„Актор“ казнет

Последен пат институциите постапија две години подоцна – во 2016 година. Како што информираше тогаш Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција остварила соработка со ОЛАФ во прибирање на потребниот доказен материјал за случајот „Актор“ и го доставила таму во периодот од 15 до 19 февруари 2016 година. Пресвртот се случи во јуни 2017 година, кога грчките медиуми објавија дека „Актор“ е казнета со 50 милиони евра поради измама и перење пари при изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица.

„Европската канцеларија за борба против измами со пари од европски фондови во истрагата за случајот откри дека во периодот од 2012 -2013 година се префрлани пари во готовина наменети за плати кои не им биле исплатени на вработените во фирмата туку завршувале кај трети лица или се користеле за зголемување на вредноста на проектот“, објавија грчките медиуми.

Но, во Македонија ниедна институција не го спомна случајот „Актор“, сѐ до декември лани, кога СЈО обелодени дека предметот од Јавното обвинителство го презема во своја надлежност. Според нашите извори, сосема е извесно дека се стега обрачот и околу македонските актери во „Актор“. Но, не соопштуваат дали податоците на ОЛАФ добиени од грчките истражни органи можат да ѝ помогнат на македонската истрага и дали е воспоставена таква соработка.   

Со делницата Демир Капија – Смоквица е завршен последниот дел од Коридорот 10 низ Македонија. Нејзината изградба во должина од 28 километри почна во септември 2012, а крајниот рок што го постави претходната Влада, но не го постигна, беше септември 2016 година. Делницата има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина од 100-500 метри, шест потпатници и два натпатници. Останува уште да се утврди бројот на натрапниците во финансиската конструкција на проектот.

http://prizma.mk/preku-aktor-isprani-nad-28-milioni-evra/

Edited by Џоле - 13-Mar-2018 at 20:29
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1640
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #765 Posted: 14-Mar-2018 at 16:36
Кај се сега оние што дигаа галама за 5те мил од Клинички да напишат некаква осуда за ова! Или ов ане смета?
Срамота Актор да го казнат во грција за дело во македонија, а кај нас нема никакви реакции! Брука.

Edited by alexsend - 14-Mar-2018 at 16:36
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #766 Posted: 15-Mar-2018 at 10:57
Едното е криминал, другото е фрлање пари во ветер. Тоа дека нема реакции, особено од државата, кажува многу.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #767 Posted: 15-Mar-2018 at 11:47
Previous
 
Тоа и јас ќе го кажев, истата централна власт која своеволно одлучи да го гради новиот клинички центар на друга локација и со тоа да ни` наплати цех од 5 милиони евра на нас граѓаните само за промената на локацијата без зрно песок или цемент да биде фрлено на темелите на новиот клинички центар - за изградбата допрва ќе следува цехот, но тоа е веќе друга приказна, истовремено има овластувања за да спроведе истрага за било какви криминални дела.
 
Како и зошто молчат, треба тие да одговорат, а не ние граѓаните кои бараме одговори и одговорност од политичарите кои тврдат дека ги застапуваат и штитат нашите интереси.


Edited by Dexter26 - 15-Mar-2018 at 11:48
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3390
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #768 Posted: 21-Mar-2018 at 18:47
ОТВОРЕНИ ТРИ НОВИ ИСТРАГИ

-Третата истрага – „Актор“ се отвора поради основано сомнение дека е сторено кривично дело при постапката за јавна набавка за избор на најповолен понудувач за градење на автопатот Демир Капија – Смоквица. Дополнително, оваа истрага се отвара и поради основано сомнение за перење на пари кои фирмата добитник на тендерот ги добила со злоупотребата во постапката на јавна набавка.

Имено, постои основано сомнение дека во 2012 година, во периодот кога се разгледувале и оценувале понудите на тендерот за градење на автопатот Демир Капија – Смоквица, првоосомничениот, како претседател на Владата, со цел во постапка на јавна набавка за избор на понудувач кој ќе го гради автопатот Демир Капија – Смоквица да не биде избран понудувач од Република Италија, кое правно лице според првоосомничениот во Република Македонија го претставува „комуњар“, и кое нешто воопшто не му се допаѓа, и повеќе му се „допаѓаат оние од југ“, искористувајќи го своето влијание, со умисла извршил поттикнување врз второосомничениот како министер за транспорт, кој го прифатил налогот и истиот ги поттикнал осомничените службени лица од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија да ги искористат своите службени овластувања како членови на евалуационата комисија (комисијата за оценување на понудите) со право на глас одговорни за спроведување на евалуација и оцена на доставените понуди за проектот „Изградба на нова автопатска делница Демир Капија – Смоквица“ како дел од Пан-европскиот коридор X, и во изборот за најповолен понудувач да го фаворизираат правното лице „Актор “ од Грција.

Ова, според доказите и било реализирано, со што му овозможиле на правното лице „Актор СА“ да прибави противправна значителна имотна корист во износ од 480.412.974,00 денари.

Конкретно, постои основано сомнение дека во текот на постапката за спроведување на евалуација и оценка на доставените понуди, после отварањето на понудите, првоосомничениот остварил телефонска комуникација со второосомничениот и откако второосомничениот му кажал дека Италијаните се најевтини, побарал да се најде начин тендерот за автопатот да не го добијат Италијаните поради „лошата комбинација што комуњарот е во игра“, па второосомничениот како министер за транспорт и врски ги повикал во својот кабинет осомничените членови на евалуационата комисија со цел да го фаворизираат понудувачот „Актор СА“ Грција.

Истите, иако биле свесни дека понудувачот „АКТОР СА“ согласно доставената тендерска документација и според член 16 од Огласот за доделување на договор за јавна набавка не го задоволува критериумот и условот понудувачот да има еден завршен проект од 250 милиони евра во патниот сектор или еден проект кој што е во тек на реализација, а чија реализација заклучно до 31.12.2011 година е 60 процентно завршена и кој што износот од реализираното 60 отсто треба да не биде помал од 250 милиони евра, а поради кој услов и ја отфрлиле поефтината понуда на „Тото“ од Република Италија, се согласиле со барањето на второосомничениот, по што го злоупотребиле институтот на мнозинско одлучување и дале три позитивни мислења во табелите за евалуација и искористувајќи ја својата службена положба и овластување ја избрале понудата од правното лице „АКТОР“ со понудена цена од 210.148.177,23 евра, како економски најповолна понуда за проектот „Изградба на нова автопатска делница Демир Капија-Смоквица“ иако знаеле дека истото правно лице не ги задоволува техничките критериуми, со што му овозможиле на правното лице Актор СА да прибави значителна имотна корист во износ од 480.412.974,00 денари.

Меѓутоа, ова е само почетокот на криминалните дејствија за кои постои основано сомнение дека се извршени, односно кривичното право го познава како предикатно дело на делото перење пари, односно ова е само претходното дело од кое противправната имотна корист е предмет на понатамошната истрага за перење пари, која сега ќе ви ја презентирам.

Имено, постои основано сомнение дека во период од 2012 до 2016 година со повеќе дејствија, со искористување на ист траен однос и исти прилики, непосредно по добивањето на тендерот и започнувањето со градежните активности во Република Македонија, кои што ги презема „Актор“ АДТ Подружница Скопје, формирана од осомниченото правно лице „АКТОР СА“ Република Грција, со намера да ја сокрие целокупната добивка на осомниченото правно лице, која има третман на принос од казниво дело бидејќи паричните средства потекнуваат од незаконито добиениот тендер со кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, шестоосомничениот како одговорно лице на подружницата формирал група која се занимава со перење на пари и пуштање во промет пари кои се прибавени со казниво дело.

За таа цел ги поврзал во заедничко делување останатите пет осомничени, па сите дејствувајќи заедно како членови на група што се занимава со перење на пари од лични – лукративни побуди, со цел на прикривање на трагата на парите кои што се исплаќани на сметките на „Актор“ АДТ Подружница Скопје од незаконски добиениот тендер за изградба на автопат од Коридор Х и создавање на готовински пари, пуштиле во промет пари за кои што знаеле дека потекнуваат од казниво дело„Злоупотреба на службена положба и овластување“,.

Ова на начин што, шестоосомничениот како одговорно лице управител на подружницата на Актор АДТ Скопје, договорил трајна деловна соработка во вид на договор за вршење на подизведувачки работи со останатите осомничени одговорни лица како преставници на осомничените правни лица ГЛОБАЛ КОНСТРАКШН КОМПАНИ, ТОПОМЕТРИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ и ИНВИКТА БОРО ДООЕЛ Скопје, со единствена цел на пренос на парични средства од Актор АДТ Подружница Скопје кон правните лица Глобал Констракшн ДООЕЛ Скопје, Топометрија ДООЕЛ Скопје и ИНВИКТА БОРО ДООЕЛ Скопје.

Па така, во повеќе наврати се исплатени износи од сметките на Актор АДТ Подружница Скопје кон сметките на правните лица Глобал Констракшн Компани, Топометрија и Инвикта во вкупен износ од 31.856.811 евра.

Потоа, три осомничени лица искористувајки ги вработените лица во сопствените компании и искористувајки ја трајната основа на работниот однос на вработените развиле систем на паралелно ангажирање преку фиктивни договори за вршење на услуги и тоа, на вработени од Топометрија Дооел во правното лице Глобал Констракшн компани, и на вработените од Глобал Констракшн Компани во правното лице Топометрија, притоа договарајки нереално висок надоместок за услугата на вработените спрема реалната цена на трудот во дадениот временски период и која што веќе им била исплатувана од страна на правното лице во кое што истите веќе биле редовно вработени. За илустрација, еден работник без некои посебни квалификации, добивал и по 6 до 7000 евра месечи примања, а поквалификувани вработени и двојно повеќе.

Постои основано сомнение дека на тој начин, во повеќе наврати на десет редовно вработени лица во правното лице Глобал Констракшн компани од страна на правното лице Топометрија ДООЕЛ е исплатен износ од 699.000,00 евра во денарска противвредност, а од сметките на правното лице Глобал Констракшн Компани во повеќе наврати на десет редовно вработени лица во правното лице Топометрија ДООЕЛ Скопје е исплатен износ од 1.173 000,00 евра во денарска противвредност, кои што пари веднаш по самата исплата по претходна најава до филијалата во Неготино за обезбедување на доволно количество ефективни странски валути, биле конвертирани во странска валута – евра и во ист момент подигнати во готовина од страна на вработените, кои што готовински пари биле предавани на една од осомничените, која што понатаму ја прикрива локацијата на готовинските пари.

Во меѓувреме, во истиот временски период, од сметките на АКТОР АДТ Подружница Скопје кон сметките на Инвикта ДООЕЛ Скопје, искористувајки ист траен однос – договор за вршење на подизведувачки работи, биле исплатени пари во вкупен износ од 181.736.436,00 денари, околу 3 милиони евра, од кои што 35.777,951,00 денари околу 580.000 евра, веднаш по приливот во готовина му биле исплатени на осомничениот В С – основачот на правното лице – Инвикта Скопје по основ на дивиденда, по што се прикрива понатамошната локација и движењето на парите.

– со дејствијата опишани како предикатно дело прво и второсомничениот сториле по едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. со ст.1 и в.в. со член 23 од КЗ, а останатите осомничени едно кривично делоб – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. со ст.1 и в.в. со член 22 од КЗ

-со дејствијата опишани во вториот дел на истрагата осомничените сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од 273 став 5 в.в. став 3 в.в. став 1 в.в. член 22 в.в. член 45 од КЗ.

Извор: Специјално јавно обвинителство, http://www.jonsk.mk/?p=1619
Back to Top
bakigvg View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote bakigvg Quote  Post ReplyReply #769 Posted: 27-Mar-2018 at 11:12
https://republika.mk/898590

Ако ова е вистина, тогаш комотно можат овие неспособниве да бидат прогласени за најнеспособна Влада во историјата на Македонија. Готов автопат да не можеш да го пуштиш, па колку треба да бидеш неспособен за такво нешто ? Срамота, дно.
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #770 Posted: 27-Mar-2018 at 16:35
просто е ... пушти го автопатот ... гони криминал .. докажи криминал ... спроведи казни согласно „словото“ на законот
Новава влада е толку неспособна да не може ни готов автопат да пушти, не па да изгради нешто, плус прави штета што нешто што е завршено не работи
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #771 Posted: 27-Mar-2018 at 18:29
Јас не би му верувал на медиум од типот на „Република“ (т.н. куртон-медиуми). Но и не би се изненадил од нови продолженија на драмата „Автопат Демир Капија-Смоквица“.
За сè има вторпат
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1510
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #772 Posted: 27-Mar-2018 at 19:08
Originally posted by Џоле

Јас не би му верувал на медиум од типот на „Република“ (т.н. куртон-медиуми). Но и не би се изненадил од нови продолженија на драмата „Автопат Демир Капија-Смоквица“.


Хммм..ај ќе ти речев нешто ама ќе си премолчам!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #773 Posted: 27-Mar-2018 at 23:27
Не се криви 'република' ништо , синоќа поминав таму , долж целата делница сеуште се гледа дека има машини , кранови , и чисто сумљам дека овој автопат ќе преработи воопшто во 2018 година , и ова што е пишано во текстот е точно , бидете сигурни во тоа , се вработуваат луѓе кој што не се ни ту со такво школо , ни со искуство за да извршуваат таква обврска , башка тие луѓе ај што не се едуцирани за такво нешто , тие треба да поминат одреден период за обука и да добиат сертификат за работење , такво нешто во Македонија не постои ,дали се обучуваат во Грција незнам , но дека се вработува по партиска определба тоа е точно ... Највероватно за почеток грци ќе работат со оперативата во тунелите а тек после одреден период наши да се обучат и да почнат самостално да работат , бидејќи тоа е многу сериозна работа и бара искуство , секој еден човек неможеш да го ставиш на компјутер и да си игра со животот на луѓето , бидејќи најмала грешка може да биде катастрофална , такви грешки се случувале во многу европски земји , а за кај нас пак со неоубучен кадар би се случило се и сешто ...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #774 Posted: 28-Mar-2018 at 08:25


Па, убаво во вториот дел од мојот коментар си нагласив дека јас не би се изненадил од нови продолженија на драмата „Автопат Демир Капија-Смоквица“.

Originally posted by Obedineta Makedonija



Хммм..ај ќе ти речев нешто ама ќе си премолчам!


Ако имаш нешто конструктивно да кажеш, секогаш си добредојден.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #775 Posted: 28-Mar-2018 at 09:21
Originally posted by WolfLeader

Не се криви 'република' ништо , синоќа поминав таму , долж целата делница сеуште се гледа дека има машини , кранови , и чисто сумљам дека овој автопат ќе преработи воопшто во 2018 година , и ова што е пишано во текстот е точно , бидете сигурни во тоа , се вработуваат луѓе кој што не се ни ту со такво школо , ни со искуство за да извршуваат таква обврска , башка тие луѓе ај што не се едуцирани за такво нешто , тие треба да поминат одреден период за обука и да добиат сертификат за работење , такво нешто во Македонија не постои ,дали се обучуваат во Грција незнам , но дека се вработува по партиска определба тоа е точно ... Највероватно за почеток грци ќе работат со оперативата во тунелите а тек после одреден период наши да се обучат и да почнат самостално да работат , бидејќи тоа е многу сериозна работа и бара искуство , секој еден човек неможеш да го ставиш на компјутер и да си игра со животот на луѓето , бидејќи најмала грешка може да биде катастрофална , такви грешки се случувале во многу европски земји , а за кај нас пак со неоубучен кадар би се случило се и сешто ...


Зошто би им биле потребни машини и кранови?? Во видео материјалите и сликите видов дека автопатот е речиси завршен,преостана само далноводот и контролниот центар кај Неготино. Или пак има некој пропуст па сега го корегираат. Ако не го пуштат и оваа сезона ќе биде ужас. Патем и делницата Неготино-Демир Капија ја влечкаат скоро година и пол а уште абер нема,кога ли ќе го почнат спротивниот правец.Реално тој зафат не треба да трае подолго од 3-4 месеци а они ќе направат две години ако нешто не забрзаат пролетва. А исто така како што слушнав ќе треба да се прават уште две патарини една кај Д.Капија а друга кај Смоквица што сметам дека само ќе создава непотребни застои особено летно време бидејќи на потег од 200 км ќе има 6 застанувања а неверувам дека до јуни ќе ги стават во функција неколкуте дополнителни наплатни пунктови кои сега ги градат кај Велес и на уште некои места.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 30
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #776 Posted: 28-Mar-2018 at 12:03
Sramota i uzas. Da ne odime daleku. Vo "edno" Kosovo i poslozeni proekti se zavrsuvaat na vreme i kako sto treba.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #777 Posted: 28-Mar-2018 at 13:04
Banderata uste na ja trgnale. Aj kje bide strpenie spasenie. Tuku sega koga kje ne zapukaat so avtopatista onaka kako sto vetija 600 kilometri za eden mandat (odnosno od sega za tri godini)kaj kje ni bide krajot.
Tuku jas uste Ednas da prasam. Ovaa delnica kje bide vleze li vo presmetkite za 600 km novi avtopatista?
Back to Top
kokimih View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jan-2017
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote kokimih Quote  Post ReplyReply #778 Posted: 28-Mar-2018 at 13:39
Министерот денес изјави дека до крајот на Април годинава ќе го пуштат во употреба Демир Капија - Смоквица. Останува да почекаме и да видиме.

https://www.youtube.com/watch?v=DDeNrKz-aqQ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3793
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #779 Posted: 28-Mar-2018 at 14:12
Според гугл мапс снимка од јануари покажува дека навистина има работа тука. Видете сами.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #780 Posted: 28-Mar-2018 at 15:42
Не знам што работат и дали работат , само ги видов машините дека се сеуште таму , највероватно сеуште има некој ситни детали кој што се доработуват ....
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 42>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.