build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Демир Капија - Смоквица
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Демир Капија - Смоквица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 37>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 21-Jul-2009 at 06:24
АКАДЕМИК ако прочита неколку поста поназад, јас пред неполн месец видов геодети се мотаа непосредно кај селото Смоквица на почетокот/крајот на делот што не е автопат. е сега дали биле за тоа или за некој друг објект што се планира незнам. Кога е завршена геодетската документација?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 26-Jul-2009 at 17:57
Originally posted by AKADEMIK

Ne znam dali kazal nekoj do sega, megjutoa geodetskiot proekt (podloga za proektiranje) za potegot Demir Kapija-Smokvica e gotov. Sega se izrabotuva Glavniot proekt.
Која траса е финална? Трасата што го прати постоечкиот пат од левата страна на Вардар, која според своите карактеристики не ги исполнува сите автопатски стандарди, или новата траса од десната страна.
Претпоставувам и се надевам дека е втората, бидејќи мислам за првата веќе постоеше главен проект, или грешам?



Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 06:02
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 03-Sep-2009 at 10:45
Најава за денес...

Гевгелија -  Министерството за животна средина и просторно планирање организира јавни расправи за студијата за процена на влијанието врз животната средина на проектот „Надградба на Коридорот 10, автопат Е-75, секција Демир Капија - Смоквица“.

- Месна заедница Миравци/14:00

- Пионерски дом  „Јосип Броз Тито“ во Гевеглија/18:00

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 02-Feb-2011 at 15:06
Македонија доби 130 милиони евра од ЕИБ за изградба на патниот правец Демир Капија-Смоквица

Скопје, 2 февруари 2011 (МИА) - Европската инвестициска банка и одобри 130.000.000 евра на Република Македонија за изградба на  дел од автопатот на Коридор 10, односно патниот правец Демир Капија – Смоквица.

Како што соопшти Министерството за финансии, парите се одобрени под исклучително поволни услови, со каматна стапка која во моментов изнесува 1,3 отсто, со рок на отплата од 15 години со вклучени пет години грејс период.

Вредноста на целиот проект изнесува околу 245 милиони евра. Покрај ЕИБ, во финансирањето ќе учествуваат и Европската Унија со грант од 45.000.000 евра преку ИПА - програмата и Европската банка за обнова и развој со заем од 107.000.000 евра, од кои 90.000.000 евра се наменети за изградба на автопатот, а остатокот за модернизација на системот за наплата на патарина и наплатните станици долж автопатот на Коридор 10. Република Македонија учествува во проектот со околу 6.000.000 евра обезбедени од буџетот на државата.

- Изградбата и развојот на главните пан-европски коридори кои поминуваат низ нашата земја се висок приоритет на Владата на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Со автопатското решение на Коридор 10 ќе се изгради модерна делница во согласност со европските стандарди. Таа ќе придонесе за намалување на патните трошоци како и за заштеда на време, преку олеснување на протокот на возила. Со доизградбата на оваа алка во должина од околу 28 км, ќе се обезбеди поврзување на главните урбани, индустриски и трговски центри долж Коридорот 10 во рамките на регионот и пошироко во Европа, што ќе влијае на зголемување на транзитот на возила низ земјава и трговската размена.скс/дма/14:34

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=80816724&lId=1&pmId=504
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 02-Feb-2011 at 15:45
На здравје кредитов, макар што подоборо би било ИПА да беше во поголем процент.

ЕИБ 130 + ЕУ 45 + ЕБОР 90 = 265. Да не е грешка некоја со рачуниците пишува 245 а искачаат 20 повеќе.

Што е со 70-те од Грција што се вртеа едно време. Ништо на крај.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 02-Feb-2011 at 15:47
del od tie pari ke se trosat za modernizacija na patarinite lsl
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 02-Feb-2011 at 15:52
Од ЕБОР има 107 вкупно од кои 90 се за изградба и 17 за модернизација. Тие 17 воопшто не ни ги набројав. Во тој случај ако ја броиме и модернизацијата има 282 вкупно.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 325
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 02-Feb-2011 at 15:54
Навистина убава вест. Се надевам дека во најскоро време ќе има најава за почеток на работите!Cheers
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 02-Feb-2011 at 16:32
Да, навистина се изначекавме да ја чуеме оваа убава вест. Се надевам дека нема да има нови одложувања или било какви нови непријатни изненадувања. Ваљда наскоро ќе се излезе и со дата за старт на работите и рок на изградба, како и детали за проектот.


Originally posted by lslcrew

Што е со 70-те од Грција што се вртеа едно време. Ништо на крај.
Зарем од тие 70 милиони не се простивме дефинитивно, кога автопатот неприкладно, мазохистички, и просто дебилно беше именуван „Автопат Александар Македонски“?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 02-Feb-2011 at 16:51
Не ми се верува дека сеуште некој во државава мисли дека тоа има било каква врска. И да се викаше Ние сме србизирани бугари грчки кираџии пак ќе имаше исти исход. Еве и пречистителната станица во Гевгелија ќе ја јрстиме Александар Македонски, пада видиш како пак ќе дадат пари.

Тие 70 беа грчкиот удел во европските пари. Дали сега нешто им ги засметале, дали па Грција никогаш и немала намера да ги дае тие пари. Или па сега Грција влезе во криза па секој милиопн не го фрла туку така. Дали европа и институциите конечно изнашле друга структура на финансирањето повеќе кредити наместо фондови но со цел да се изнајдат средства. Не дека не е одбран моментот, биран е, да пројдат рунда преговори и сите политички шљаканици па да видиме колку стварно ќе остане кредитов актуелен, дали пак ќе се најде некоја печатна грешка во нашата битократија што незнаме да пополнува формулари и тоа ќе биде техничка грешка за што ќе се одложи земањето кредит.

Веста е позитивна вест само не се радувам одма, ќе почекам да видам да се префрлат и да видам градежни работи па ќе може да бидам убеден дека стварно ќе се гради автопат.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-Feb-2011 at 16:57
Тие пари немаше да бидат од грчкиот буџет, туку се дел од програмата на ЕУ за меѓугранична соработка или за стратешка инфраструктура, или што ти знам што. Сепак, за таков меѓуграничен проект да успее треба волја од двете страни. Значи не е дека не им се даваат пари, сепак сите Унгарци и Срби поминуваат по М1 за да одат да потрошат пари на Халкидики и Пиерија (Неи Пори, Лептокарја, Платамонас, Паралиа итн), така што ќе имаа корист тие од тоа. Ама оди објасни после на фанатичните националисти дека му даваш пари на Скопје за да гради автопат што се вика Александар Велики. Никој политичар не би си пукал така в нога.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 02-Feb-2011 at 17:05
Originally posted by lslcrew

Не ми се верува дека сеуште некој во државава мисли дека тоа има било каква врска.

Мена па не ми се верува дека има некој во државава што мисли дека тоа нема никаква врска. Гитар добро објасни околу политичката воља:
Originally posted by гитардемон

Ама оди објасни после на фанатичните националисти дека му даваш пари на Скопје за да гради автопат што се вика Александар Велики. Никој политичар не би си пукал така в нога.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 02-Feb-2011 at 17:10
Тешко на Грција и на европа ако оставила регионалните проекти да и зависат од пар будали. Ама пошто е така и пошто во Грција радикалните партии се сериозен дел од власта и мислат со гс а не со глава тогаш може и да има ефект. макар што ипак не сум убеден дека некој во Грција треба да се правда пред националистите за проекти од нивни државен интерес.

Нема врска никакво име на автопат. се вика е-75 макар и кој какво сака име нека дава по пат, од е е75. Нема врска преименување со сериозни проекти.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 02-Feb-2011 at 17:14

Почитувани,

 

Ве информираме дека за изградба на патната делница од Коридорот 10, Демир Капија – Смоквица во 2010 година е изготвен изведбен проект. Со изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, која е со вкупна должина од 28 км, патниот Коридор 10 во Република Македонија ќе се издигне целосно на ниво на автопат.

 

Предвидено е оваа делница да почне со изградба во 2011 година, а финансиската конструкција на проектот ќе биде со средства од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, како и од ИПА компонентата за регионален развој на Европска Комисија.

 

Тендерската постапка за избор на изведувач на градежните работи е предвидено за започне во првиот квартал од 2011. За оваа постапка, изготвената тендерска документација е доставена до Европската Комисија и откако истата ќе биде усогласена, ќе биде распишан меѓународен тендер за избор на изведувач на градежните работи.

 

Во рамките на активностите за целосна изградба на патната инфраструктура на Коридорот 10 во Република Македонија на ниво на автопат, во 2008 година започна изградбата на автопатот на делницата Табановце – Куманово, и се очекува неговата изградба да заврши во средината на 2011 година.

 

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 02-Feb-2011 at 17:20
Originally posted by lslcrew

Тешко на Грција и на европа ако оставила регионалните проекти да и зависат од пар будали.
Хмммм... а блазе си и на земјата која на автопат му дава име „Александар Македонски“ и тоа веројатно зависело од пар генијалци  Roll%20eyes

Originally posted by lslcrew

Нема врска никакво име на автопат. се вика е-75 макар и кој какво сака име нека дава по пат, од е е75. Нема врска преименување со сериозни проекти.
Штознам, ние на нашата делница на автопатот и залепивме име „Александар Македонски“ со одлука на владата, па сега дали тоа и е името или не, нека суди секој како знае. А токму Е75 нема никаква официјална тежина, тоа е факултативна номенклатура која голем дел земји воопшто не ја применуваат, а останатите ја применуваат делумно. И од цел тон меѓународни и ЕУ документи што сум ги прочитал, Е-номенклатурата ужасно слабо се користи.

А дека преименувањето нема никакви последици, ако главата ни е во песок, тогаш нема.


Edited by Cloverstack - 02-Feb-2011 at 17:26
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-Feb-2011 at 17:21
Ова претпоставувам е нова вест? Супер штом така. Сепак, не значи дека ќе биде меѓудржавен проект. Пари од ЕУ може да добиеме по многу основи, ама тука сигурно нема да бидат по основ на задграничен проект со Грција.

Инаку автопатот не се вика Е75! Автопатот „Александар Македонски“ е само една мала делница од европскиот Е75. Името и тоа како е „Александар Македонски“.

Edited by гитардемон - 02-Feb-2011 at 17:22
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-Feb-2011 at 17:34
Не знам како ви се влегува во овие лицитации и глупости дека името на патот било важно. Убеден сум дека како и да се викаше автопатот од крајно грчка позиција до крајно македонска, па и воопшто да не се чепкаше старото име, кое патеми го немаше, туку само техничка ознака м1 е75, пак ќе си беше исто. Еве и на овие кредити моментот е биран, еве денеска има уште некои пари 100 милиони за јавна администрација нешто неможам да најдам вест. Пак се се врти околу крајната цел која знаеме која е. Никој не инвестира толку во попатни стази како преимнување на автопат, дајте ве молам ем забегуваме во политики што сме се заложиле дека го сметаме за офтопик и непожелна дискусија, а друго што па влегуваме во сосема друг домен колку политиката игра улога во кредити и донации зашто согласен сум со вас, но во овој случај преименувањето не е тоа што има врска, друго е целта на која се игра.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 02-Feb-2011 at 17:41
lsl ајде ти се молам, толку очигледно ја подбуцна дискусијата за тие 70 милиони, а потоа и ја прошири, и сега се чудиш. Праша и доби објективен одговор. Ако сакаш да продолжиш со главата во песок, терај, ама поштеди ја дискусијава.


Edited by Cloverstack - 02-Feb-2011 at 17:41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 02-Feb-2011 at 17:49
Па не еднаш се имаме убадеувано по ова прашње. три четири пати, само го рециклираме. Објективен одговор е далеку од тоа дека ете автопатот сме го преименувале и сега заради тоа нема пари. Нема врска ај, мислете си дека е така.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 02-Feb-2011 at 19:15

Што е со 70-те од Грција што се вртеа едно време. Ништо на крај.


Toa bese edna ponuda od togasnatsa ministerka za Nadvoresni Raboti Dora Bojkojani ako se reshi sporot so imeto.

Dali nekoj znae zosto ovoj del od Koridorot 10 go narekuvaat kako naj kompliciraniot del i zosto koshta 265 miljoni a patot e dolg samo 28 km?? Za patarinite toa ke kosta 3-4 miljoni evra maks ne znam zosto tolku mnogu ke koshta za sosema mal del od avtopatot.

http://sitel.com.mk/video/biznis/eib-odobri-130-milioni-evra-za-koridorot-10
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 37>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.