build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Демир Капија - Смоквица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 42>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 03-Apr-2014 at 00:38
Застој во изградбата...   Unhappy

Ја постирам оваа вест парцијално, без делот каде што се пишува за партии и слично. Кој сака да ја прочита целата, еве го линкот:
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=12912

Блокирани сметките на Актор, Европската комисија ги повика властите на истрага



од Томе Христов , НОВА | објавено на: 02-04-2014 14:59:04

Работата на автопатот Демир – Капија Смоквица е речиси блокирана. Единствено се работи на тунелите пред Демир Капија, а сета останата работа е прекината. Извори на НОВА во подружницата на „Актор“ тврдат дека сметките им биле замрзнати и голем дел од работниците морале да бидат пуштени дома. 

НОВА праша за потврда во Министерството за финансии дали и зошто се блокирани сметките, но одговор се уште нема. Градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев кого го побаравме за да ни одговори на шпекулациите дека наводно голем број од отпуштените работници утрово бил и кај него, одговори дека такво нешто не се случило, но потврди дека и до него стигнале информациите за блокираната сметка на „Актор“ директно од раководството на компанијата. 

„Застој има, така ми кажа еден од одговорните Грци во подружницата на „Актор“, чекале разврска од инспекцијата зошто им била блокирана сметката. Тој вели дека нема потреба од узбуна, ако не ја одблокирале за недела дена ќе направеле напори директно од Атина да ги исплаќаат луѓето. Колку што знам од нивните кажувања, ратите од ЕУ редовно се исплаќале, а отприлика 250 Грци и Албанци биле отпуштени неделава поради сметките“, вели градоначалникот Димитриев кој ги следи состојбите со оглед на тоа дека голем број жители на Демир Капија од тука го вадат лебот. 


Загриженост за менаџирањето на средствата од ЕУ со кои се гради дел од автопатот доаѓа и од Европската комисија која за оваа делница даде неповратен грант од 45 милиони евра. 

„Во овој случај одговорноста за правилно спроведување на договорите, како и финансирањето од ЕУ лежи во Министерството за финансии. Во однос на ИПА фондовите, Комисијата го задржува правото да преземе соодветни мерки за да го заштити буџетот на ЕУ. Комисијат е целосно свесна за извештаите во печатот. Сите наводи за погрешно работење трба да бидат истражени од страна на властите“, вели за НОВА Петар Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе. 

НОВА разговараше и со дел од работниците кои беа ангажирани на работата на овој пат. Тие тврдат дека отпуштањат почнале уште пред една недела, кога речиси половината од грчките работници биле вратени дома, назад во Грција, а се пуштиле дома и добар дел од македонските работници. Во моментов, според нивните кажувања, околу 80 работници се отпуштени, иако им нагласиле дека отпуштањето „може да е привремено“. 

„Претходно имавме договори на 3 месеци. Откако се појави аферата во медиумите, договорите ни ги направија на еден месец. Не сме пријавени, не исплаќаат преку авторска агенција, месец за месец. Последниот месец дури и ни ги намалија платите за половина, претходно зимавме од 300 до 500 евра, зависи кој што работи, сега земавме двојно помалку и еве, не пратија дома, не се знае до кога“, раскажува за НОВА работник кој сакаше да остане анонимен поради страв да не не биде повторно ангажиран. 


...


Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 05-Apr-2014 at 15:24
Зврлевски за случајот „Актор“: Има низок степен на основаност на сомнението – сметките на фирмата не треба да бидат блокирани!

Преткривичната постапка за случајот „Актор“ ќе продолжи со истражни дејства од страна на надлежните институции за проверка на наведените околности, но сметките на фирмите од случајот „Актор“ кои го градат автопатот Демир Капија – Смоквица, треба да бидат одмрзнати, смета Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Во изјава за телевизијата Телма, Зврлевски вели дека во конкретниот случај постои низок степен на основаност на сомнението.
„Во моментов степенот на сомнеж е на најниско ниво, но не е на степен на основано сомнение „сторено кривично дело од одредени лица што е услов за донесување наредба за истрага“. Тоа не значи дека постапката е запрена. Обвинителството смета дека сметките на фирмата „Актор“ не треба да бидат блокирани поради нискиот степен на основаност на сомнението но, и заради дополнителната можност да се зголеми штетата“, истакнува јавниот обвинител.

Минатиот месец по добивањето на барањето и предметот од Управата за финасиско разузнување, Јавното обвинителство ги блокираше сметките на посочената фирма, а Управата соопшти дека ги има преземено сите дејствија за испитување на случајот и утврдување на сите факти.

http://www.akademik.mk/zvrlevski-za-sluchajot-aktor-ima-nizok-stepen-na-osnovanost-na-somnenieto-smetkite-na-firmata-ne-treba-da-bidat-blokirani
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 10-Apr-2014 at 10:12
Ископаното на фотографијава ми изгледа како да е дел од новата траса на автопатот...



фотографија на Tito photo world
За сè има вторпат
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 10-Apr-2014 at 12:18
Originally posted by Џоле

Ископаното на фотографијава ми изгледа како да е дел од новата траса на автопатот...



фотографија на Tito photo world


Не е, тоа е пристапен пат од базата, до онаму, каде што ги копаат тунелите.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 10-Apr-2014 at 15:34
Kako sto se gleda na "google maps" novata trasa e prilicno oddalecena od stariot odnosno segasniot pat, taka sto "gorco" izgleda ima pravo. Na nekoi mesta rastojanieto dostignuva 5km vozdusna linija.
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 10-Apr-2014 at 16:48
odma posle tunelite ke ima most preku vardar i p[atot ke pominuva na desnata strana nizvodno a sega e na levata...taka da toa e pristapen pat do tunelite
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 10-Apr-2014 at 17:31
Мислам дека тоа го има многу одамна, јас летото (средина на Јули) поминував од таму и мене ми заличи како да копаат материјал од тоа место. 
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 19-Apr-2014 at 18:30
Јас поминав минатиот викенд, работите се со страшно брзо темпо.
Почнат е да се гради мостот на излез, кај тунелите. Како и клучката кај Смоквица е видлива од патот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 23-Apr-2014 at 12:54
„Актор“ продолжува со изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=13485

Edited by Џоле - 23-Apr-2014 at 12:57
За сè има вторпат
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 05-May-2014 at 19:18
а бе дечки имаше еден сајт за вакви градежни работи, како му беше линкот, гледам дека и таму има од вас активни, сакам да сум во тек со настаните од регионов посебно
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 05-May-2014 at 19:25
Originally posted by elnino

а бе дечки имаше еден сајт за вакви градежни работи, како му беше линкот, гледам дека и таму има од вас активни, сакам да сум во тек со настаните од регионов посебно

Previous
ЛИНК


Edited by Danielbtmk - 05-May-2014 at 19:25
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 22-Jul-2014 at 14:49
ПРОБИЕН ТУНЕЛОТ НА АВТОПАТОТ ДЕМИРА КАПИЈА -СМОКВИЦА

Вчера напладне беше пробиен тунелот кај Демир Kапија во рамките на градежните работи што грчката компанија „Актор“ ги изведува на новата делница Демир Kапија-Смоквица, која е дел од автопатот Скопје - Атина, дознава „Дневник“. На тунелот долг околу 1.200 метри се работи околу една година и по пробивањето останува тој да се доуреди.

Изградбата на автопатот. кој е дел од Kоридорот 10, се очекува да заврши во 2016 година.

Според проектот, новиот дел од автопатот се гради веднаш по Демир Kапија и продолжува од десната страна покрај Вардар. Понатаму се движи кај селото Миравци и ќе заврши кај селото Смоквица. Новата автопатска делница ќе биде долга 28,2 километри, ќе има по три ленти од двете страни и зеленило во средишниот дел. Планирана е изградба на две клучки кај селата Миравци и Смоквица, два тунела и шест моста. (С.Д.)

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=4F6120E953D5CB48AFE098A75B9885A0

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 22-Jul-2014 at 21:52
Браво ,ај да видиме фотки наскоро, мене ме интересира до каде се со останатата инфраструктура.
Back to Top
koska View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote koska Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 23-Jul-2014 at 15:44
Bash

Edited by koska - 23-Jul-2014 at 15:48
Back to Top
koska View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote koska Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 23-Jul-2014 at 15:45
Sega ke se gradi mostot ushte godina ipol!

Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 27-Jul-2014 at 18:34
Ексклузивна репортажа на Алфа од новиот автопат Демир Капија - Смоквица

Грчките плажи и гевгелиските казина 8 километри поблизу, а до нив ќе се стигнува и до 30 минути побргу. Новиот автопат од Демир Капија до Смоквица не го следи Вардар низ клисурата туку премостува реки и пробива ридови речиси во права линија.

Алфа ексклузивно ја мина целата должина од 28.2 километри на проектот кој треба да биде готов до крајот на 2016-та.

Ова е најтешкиот дел од Коридорот 10. Самата траса почнува со мост преку Вардар кој директно влегува во карпите, во тунел.

Грубите работи на овој прв тунел се речиси завршени. Едната цевка е ископана, а и другата е пред самиот крај.
Пред само неколку минути овде имаше контролирана експлозија. Преку 600 се потребни за да се пробие целата должина на тунелската цевка од 1.2 километри.

На секое детонирање му претходи внимателна пресметка, јачината се прилагодува на цврстината на карпата, ни објаснија изведувачите. Поради безбедносни причини сообраќајот по стариот пат времено се запира.

„Работата се одвива многу добро, мораме да ги отвориме останатите 350 метри од левата цевка, но во истата цевка веќе се прави бетонската облога. Очекуваме тунелот да биде готов со бетонска облога до крајот на годинава“ вели Христос Заркадис, градежен инженер – Актор.

Тунелот почнува, но и завршува со мост. Автопатот овде ќе ги прескокнува стариот пат и реката и ќе се качи на спротивниот рид кој веќе е зарамнет.

За да ја расчистат целата траса, машините и градежниците отстраниле 600 милиони кубни метри земја. Изведувачите горди на потфатот – велат тоа е како секој Македонец да ископал по 300 кубици.

Мост и повторно тунел, овој пат од 1.3 километри, па повторно мост. Природните бариери ги надминува инженерската остроумност.

Во моментов се наоѓам на 14-от километар од почетокот на трасата кај Демир Капија. Се качувам на најдолгиот мост од 600 метри со столбови високи над 30 метри.

Кога ќе биде готов ќе биде и најдолгиот во Македонија, а и прв со ваков тип на носечка конструкција.

„Проценуваме дека ќе биде готов до крајот на годината за да можеме да минуваме со автомобили околу Божик. Тој е еден од највисоките мостови на проектот, а е и најдолгиот од другите четири слични мостови. Изградбата оди добро“ објаснува Заркадис.

Сега градежните машини и работниците патуваат по над 60 километри пристапни патишта кои беа пробиени само за нив.

Последните неколку километри се речиси комплетирани, поставен е и првичниот слој асфалт кај Смоквица. Тука новиот ќе се поврзе со постоечкиот автопат.

Речиси половина од вкупните градежни работи се завршени. Кога ќе биде готов, за две и пол години, проектот ќе има 2 двојни тунела, 6 двојни мостови, 12 надвозници и подвозници, две клучки и сообраќаен контролен центар. Тогаш и старата делница Демиркаписката клисура ќе стане само регионален пат кој ќе ги поврзува околните населени места.

„Сите активности се одвиваат согласно динамиката и очекуваме зацртаната за завршување на градежните работи 2016-та година да се испочитува. Потоа, се надеваме дека ќе го користиме новиот автопат во должина од 28 километри“ изјави Љупчо Георгиевски, директор на ЈП за државни патишта.

Во моментов во изградбата се вклучени 700 градежници – 200 од Грција, од главниот изведувач Актор, и 500 од Македонија. Голем дел од нив се сместени во двата кампови крај Демир Капија кои се вистински мали гратчиња.

Делницата ќе чини 210 милиони евра, 45 милиони се од европските фондови, 6 милиони од буџетот, а останатите кредити од Европската инвестициска и Европската банка за обнова и развој.

Никола Крстиќ

Еве го и линкот ради најважното - видеото

Edited by Superman - 27-Jul-2014 at 18:35
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 27-Jul-2014 at 19:03
Премиерот(ако ја зборува вистината) рече дека ребалансот на буџетот се прави за да се дотурат плус пари за оваа година за автопатот Демир Капија-Смоквица,бидејќи работата на терен тоа го бара.Т.е. со исградба е стигнато повеќе и треба да се превземат пари од следните транши за да се прати темпото на градба
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 27-Jul-2014 at 19:21
Браво за репортажата, фалат вакви работи директнно од терен.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 27-Jul-2014 at 19:22
Не, премиерот, туку Ставрески. И не Демир Капија - Смоквица, туку Коридор 10. За овој дел финансиската конструкција е заокружена. Веројатно мислеше на реконструкцијата на делницата од Велес кон Скопје, таа се прави со буџетски пари. Демир Капија - Смоквица со кредити се прави.

Делницата ќе чини 210 милиони евра, 45 милиони се од европските фондови, 6 милиони од буџетот, а останатите кредити од Европската инвестициска и Европската банка за обнова и развој.

Edited by Superman - 27-Jul-2014 at 19:23
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 27-Jul-2014 at 19:26
Можеби затоа што беше стопирана градбата на автопатов па сега забрзуваат за да се запази рокот на изведба.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 42>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.