build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концесија на автопатишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 20-Jul-2009 at 21:25

Владата го одолговлекува тендерот за концесија на седум автопатиштата

Откако премиерот Никола Груевски пред повеќе од еден месец најави распишување на тендер за давање под концесија на седум патни правци во рок од еден месец, роковите сега се поместуваат. Министерството за транспорт и врски се уште го нема распишано тендерот и најавува дека тендерот ќе се распише во август а изборот на концесионер кој ќе ги гради 550 километри нови патни правци ќе биде дури во септември.

Овој тендер требаше да биде распишан дури откако анализата нарачана од француската консултантска куќа Луис Берже требаше да покаже дали оваа идеја е економски исплатлива. Иако платена со буџетски пари, анализата се уште не е јавно достапна.
Од Агенцијата за патишта добивме краток одговор дека анализата е готова и дека е дадена на разгледување во Владата која треба да одлучи кога ќе биде распишан тендерот.
Идејата за давање на патиштата под концесија е стара скоро три години. Минатата година беше распишан јавен повик чија цел беше да се види првичниот интерес на кој се јавија 48 заинтересирани компании.
Под концесија ќе се даваат седумте патни правци,  Куманово-Романовце-Деве Баир, Гостивар-Ќафасан, Миладиновци-Штип, Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија, Битола-Охрид, Велес-Штип-Кочани-бугарска граница и Скопје-Блаце.

Експертите велат дека давањето на патишта под концесија е обемен проект и во најмала рака од објавувањето на тендерот до старт на реализацијата би поминале две години.
Во Македонија сега има 227 километри автопатишта. Годишно во просек се издвојуваат стотина милиони евра (од буџетот и од кредити), главно за рехабилитација и крпење на дотраените патишта. Ако се реализира овој проект ќе биде најголем во патната инфраструктура од осамостојување на државата.


http://total.com.mk/

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 21-Jul-2009 at 17:21
Originally posted by pbanks



луѓе пак ги рипате очигелдните параметри за кои имаме дискутирано. Македонија има исклучително слаб сообраќај и тоа се осеќа веќе на излезот на Скопје каде би требало да е најгусто. Зборуваме за слаб сообраќај, за никаков ПГДС на главните патни правци како коридорите 8 и 10. Што пак останува за оние други делници. Врз која основа мислите дека некој концесионер ќе вложи толкави пари за траси кои нема да му носат приход не ми е јасно. Сепак е ова бизнис, сосема различно од моделот кога државата инвестира за да поттикне развој во некои дел од земјата. Не гледам никаква реална основа за овие најави, можеби на некои делници ќе има кандидати но тие се малку. Едно е и нормално да има заинтересирани фирми кои секако сакаат да ја увидат состојбата на теренот а сосема различно некоја од тие фирми да аплицира и да добие концесија.


Epa bas toa mi bese i mene muabetot....kolku i da kostaat delnicite, se raboti za ogromna investicija, za koja vekje kazav deka sum skeptik nekolku posta pogore....edinstvena zemja za koja sigurno znam oti ima davano avtopati pod koncesija e francija, so koja i taka nema teorija da se sporeduvame, zosto kaj nas kolku i da e patarina, so vakov protek na vozila kakov sto imame sega na avtopatite ke im trebaat 100 godini da si gi vratat parite....

ne znam, da bese taka lesno, daj go pod koncesija i se ke ide samo po sebe, site zemji ke imaa do sega dobra patna mreza...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 26-Jul-2009 at 17:57
@kire

Мапата од германската википедија ги претставува главните патишта според нашата нумерација, но не сум сигурен дека таа целосно кореспондира со некој некогашен план за автопати (инаку фали М-5к1 и М-7 кој е заведен во просторниот план на РМ). Во просторниот план до 2020 се предвидени многу помалку автопати, а владата моментално тера сосема трет филм и игнорира некои правци од М-мрежата и просторниот план, но измислува сосема нови како Миладиновци-Штип.
Може да се каже дека во моментов немаме вистински план туку дека лутаме, иако приоритетите не е толку тешко да се препознаат и рангираат.

Инаку мислам дека е погрешен податокот од 198км автопати во Македонија во 2008. Еднаш имам броено километри според официјални податоци за делниците и мислам дека сосе скопската обиколница стигнав до ~240км, а без нејзиниот источен дел кој беше пуштен годинава, таа бројка сепак останува значително над 200.

За концесиите, се разбира дека не е идеален пристап, но мора да се соочиме со тоа колкава ни е чергата. Всушност очигледно и со концесиите претеравме, па нудиме делници и пакети кои само луд би ги прифатил или па ќе ги прифати со таков договор кој ќе ја осакати државава за неколку децении во иднина.
Инаку на листата на земји кои дале/нудат автопатски делници под концесија би ги додал: Италија, САД, Хрватска, Србија, а Република Српска и Црна гора слично како нас практично цела мрежа сакаат да ја изградат така. Порадо би бил во првото друштво...


Што се однесува до цените, и ти и lslcrew отидовте во крајности. Како репер може да се земе автопатот Д.Капија-Смоквица каде за новата траса од 26км се проектира цена од 155 милиони евра. Низ Македонија има и полесни и потешки автопати за пробивање, но како репер секако може да служи, со тоа што треба да се земе во предвид дека со пораст на стандардот на кој сите се надеваме, постепено ќе растат и цените на инфраструктурните зафати. Ама нема проблем, само нека расне он  Big%20smile

Но како што нагласи и ти и пбанкс, џабе ни се сите овие планови без еден автопат да има доволен ПГДС или голема долгорочна стратешка важност. Таков автопат 99,99% нема да се изгради, а и да се изгради нема да биде од корист за економијата туку товар.
Впрочем ќе видиме што ќе излезе од нереалниот мегаломански проект за концесии кој моментално го туркаме. Јас лично уште од сам почеток сум голем скептик и песимист.


Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 06:03
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 10-Aug-2009 at 03:06
 

ВЛАДАТА НЕ ОТСТАПУВА ОД ПРОЕКТОТ ЗА ДАВАЊЕ ПОД КОНЦЕСИЈА НА СЕДУМ ПАТНИ ПРАВЦИ


Тендер ќе има кон крајот на август или во септември!


Во моментов се разгледуваат сите детали околу овој проект за кој францускиот консултант Луис Берже има направено анализа за економската исплатливост и таа е дадена на Владата на разгледување


Владата не отстапува од реализација на проектот за давање под концесија на нови седум патни правци што концесионерот претходно ќе мора да ги изгради. Од Министерството за транспорт и врски велат дека тендерот за избор на концесионерот ќе биде објавен кон крајот на август или на почетокот на септември.
- Се разгледуваат сите детали околу натамошните активности во врска со овој проект, чија цел е унапредување и развој на патната инфраструктура и постигнување на модерен транспортен сектор, кој опфаќа изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта - истакнуваат од Министерството за транспорт.

Откако премиерот Никола Груевски пред околу два месеца најави распишување на овој тендер, роковите досега се поместуваа. Претходно беше најавено дека тендерот ќе биде распишан во август, а изборот ќе се направи во септември.

Проектот за давање на 550 километри патишта под концесија, како идеја на оваа Влада е во игра речиси три години, при што лани беше распишан јавен повик со цел да се види првичниот интерес на заинтересираност, а се јавија дури 48 компании и финансиски институции и конзорциуми од Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Турција и Грција, а имаше и од Северна Америка, Кина и Индија. Меѓу заинтересираните беа и австриски Шрабаг и Рајфаизен инвестментс, хрватска Ингра, американската Бехтел и грчката Терна. Од Агенцијата за патишта неодамна посочија дека очекуваат на претстојниот тендер да се јават четири-пет сериозни компании, кои во конзорциум ќе можат да ги исполнат строгите тендерски услови за ваков тип проекти.

Под концесија ќе се даваат патните правци: Куманово-Романовце-Деве Баир, Гостивар-Ќафасан, Миладиновци-Штип, Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија, Битола-Охрид, Велес-Штип-Кочани-бугарска граница и Скопје-Блаце. Според експертски проценки, од објавувањето на тендерот до почетокот на реализацијата се очекува да поминат две години. Од Агенцијата за државни патишта сметаат дека изградбата на некои од седумте патни правци би можела да почне во втората половина на 2010 година, а комплетното окончување на проектот да се случи за три години.

Ангажирана е француската консултантска куќа Луис Берже да направи анализа за економската исплатливост на проектот. Според некои информации од Агенцијата за патишта, анализата е готова и е дадена на разгледување во Владата, која ќе го има последниот збор и околу распишувањето на тендерот. Се уште виси и дилемата дали овој мега проект, за чија реализација се потребни милијарда евра, да се даде под концесија на еден изведувач или, пак, седумте патни правци да се поделат на неколку концесионери. Исто така, треба да се допрецизираат условите и начинот на концесионирање на патиштата, согласно некои измени во Законот за јавни патишта, донесен во јуни минатата година.

Светлана БЛАЖЕВСКА
Фото: Ѓ. Личовски

 
 
Vecer
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 11-Aug-2009 at 16:55
E stvarno mi e misterija kako im ispadnalo za 550 km. samo 1 milijarda.....ne znamDunno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 27-Aug-2009 at 15:58

Одложен тендерот за концесија на патиштата

Седумте патни правци ќе почекаат за концесионер. Министерството за Транспорт дури во текот на септември ќе го објави тендерот за издавање на патиштата под концесија. Ова е уште едно одлагање откако рокот два пати беше поместуван летово. Во Транспорт велат дека тендерската документација мора прво да биде усвоена на владина седница па потоа да се оди со јавен повик.

Дел од условите сепак остануваат исти. Концесионерот може да биде странска или домашна компанија но и конзорциум. Избраниот ќе стопанисува со патиштата за период од 35 години.

Концесионерот ќе има рок од шест години да ги догради седумте патни правци. Негова обврска ќе биде да ги изгради на ниво на автопат, да врши нивно одржување и наплата на патарина.

Со оглед на состојбата на патиштата и на потенцијалот за градење и модернизација, предизвикот за странските концесионери е голем. За изградба на 550 км автопат досега интерес пројавија 48 фирми од Европа, Кина Индија и Северна Америка.

Дали ова ќе биде исплатлива инвестиција за концесионерот преку патарина да ги врати вложените пари? Експертите предупредија дека е ризично да се даваат сите седум делници на само еден концесионер, но е нужно да се инвестира во инфраструктурата.

Според стратегијата на Владата за 10 години Македонија треба да добие целосна нова патна мрежа.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=52681
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 31-Aug-2009 at 11:46

Концесиите за патиштата во септември!?

Од Министерството за транспорт и врски ни беше даден познатиот одговор дека „во наредниот период се очекува на седница на Влада да биде усвоена тендерската документација, како и нацрт-договорот за концесија, за да биде распишан јавен повик за издавање патишта под концесија“

%20
Големиот инвестициски пакет за изградба на неколку патни правци со давање под концесија, сé уште чека одобрување од Владата. Иако беше најавувано дека целата постапка ќе биде заокружена до крајот на летото, неизвесно е кога ќе бидат распишани меѓународните тендери за изборот на идните концесионери. Одобрувањето на концесиите за изградба на 555 километри патишта требаше да го означи почетокот на инвестицискиот циклус од неколку милијарди евра што беше најавуван од премиерот Никола Груевски.

На нашето прашање кога ќе бидат одобрени концесиите, од Министерството за транспорт и врски ни беше даден познатиот одговор што медиумите го имаат објавено. Во него е набележано дека „во наредниот период се очекува на седница на Влада да биде усвоена тендерската документација, како и нацрт-договорот за концесија, за да биде распишан јавен повик за издавање патишта под концесија“!? Разликата од поранешната информација од Министерството е дека место во август, огласот ќе биде објавен во септември.

- Во моментот се разгледуваат сите детали околу јавниот повик чие објавување претстои во текот на септември. Со овој проект ќе се унапреди и развие патната инфраструктура и ќе се постигне модерен транспортен сектор, кој опфаќа изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта - велат од Министерството за транспорт.

Моделот на концесионирање предвидува времетраење на концесијата за период од 35 години, од склучувањето на договорот за концесија. Предвидено е предмет на концесија да бидат патните правци: Романовце - Узем, Стенковец - Блаце, Гостивар -Требеништа, Ќафасан - Битола, Велес - Меџитлија, Велес - Обел и Миладиновци - Штип. Идните концесионери ќе добијат конкретни рокови за исполнување на условите за концесионирање, како што е изградба на патните правци на ниво на автопат, нивно одржување и наплата на патарина од концесионерот и предавање на сообраќајниците на Владата по завршување на периодот на концесија. Периодот на изградба е земен да биде 6 години, а вкупната должина на автопатите е 555 километри - велат од Министерството за транспорт.

Давањето и изградбата на инфраструктурни објекти под концесија беше главниот адут на Владата на премиерот Никола Груевски, во остварувањето на засилен економски развој на земјата. Под овој принцип беше дадена и реконструкцијата на македонските аеродроми и изградба на нов карго аеродром, на турската компанија ТАВ, која двапати бараше и доби согласност од македонската влада за пролонгирање на почетокот на „градежните“ работи.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=83191030268&id=10&prilog=0&setIzdanie=21776
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 28-Sep-2009 at 16:46
Ко слеп за стап се држат за овој автопат Миладинвци-Штип, а уште немаме слушнато ниту еден аргумент зошто паралелно ни се потребини ем овој ем автопат Отовица-Штип, кој исто така е во пакетот за концесии.
Додека овие муви без глави во министерството за транспорт не бидат спуштени на земја од потенцијалните концесиониери, нема да им дојде умот... а од досега виденото, можеби ни тогаш  Roll%20eyes

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ НАЈАВИ ТЕНДЕР ЗА ИДНИОТ МЕСЕЦ

Автопатот до Штип прв ќе оди на концесија

Делницата е во должина од 50 километри, а концесионерот ќе има обврска автопатот да го пушти во употреба во рок од 7 години од денот на потпишувањето на концесионерскиот до­го­вор

Вла­да­та не се откажува од изградбата на автопатот Миладиновци - Штип, пре­ку Свети Николе, со кој патувањето од час и петнаесетина минути се скра­ту­ва на само четириесетина минути. Изградбата, според Ми­нис­терс­тво­то за транспорт и врски, треба да почне во првата половина на 2010 го­ди­на, а тендерот за избор на концесионер кој ќе го гради автопатот ќе се распише уште идниот месец, најдоцна до 15 октомври. Концесионерот ќе има обврска автопатот да го пушти во употреба во рок од 7 години од денот на потпишувањето на концесионерскиот до­го­вор, да се грижи за неговото одржување и да наплаќа патна такса во вре­мен­ски период кој ќе го одреди Владата.
Ав­то­па­тот, кој треба на половина да го скрати патувањето од почетната до крај­на­та дестинација, Владата го избра како приоритетен за изградба, по­ра­ди новиот аеродромот и индустриската зона кои треба да никнат на прос­то­рот меѓу Свети Николе и Штип. Аеродромот, кој ќе го гради турската ком­па­ни­ја ТАВ, првин ќе функционира како карго, а потоа ќе прерасне во гла­вен цивилен аеродром. Автопатот ќе биде дел од коридорот 10. Спо­ред идејниот проект, треба да биде долг само 50 километри, а приклучокот на патниот правец М1 да му биде кај Миладиновци.
Се­га оддалеченоста на двата града е околу стотина километри, од кои око­лу шеесетина се возат по автопат, а останатите по пат кој е во ка­тас­тро­фал­на состојба и на кој дневно има фреквенција од околу 4.000 во­зи­ла. Патот е единствен во Македонија со најмногу црни точки на кои го­диш­но има и по десетина жртви во сообраќајни незгоди.
При­о­ри­те­тот за изградба на автопатот Миладиновци - Штип пред околу ед­на година во Штип го најави и министерот за транспорт и врски Миле Ја­на­ки­е­ски. Тогаш Јанакиески изјави дека за оваа делница, иако е предмет на концесија, ако не се најде концесионер, Владата ќе најде други из­во­ри на пари за да го реализира проектот.
"На почетокот на 2010 година ќе имаме можност да започнеме со из­град­ба­та на автопатот. Ќе се направат напори проектите да бидат готови оваа го­ди­на и до крајот на годината да се заврши со експропријација на земјата на која ќе поминува трасата за автопатот", рече тогаш Јанакиески. (И.С.)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 28-Sep-2009 at 16:49
Една од опциите што ми се вратат низ глава е дека има некоја тенденција долгорочно да се создаде некој вид metropolitan area Скопје до Штип. Само што 60 километри тешко дека може така да се оформат. Да биде ова некоја оска на индустрија и стопанство.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 28-Sep-2009 at 16:52
Не треба да се отиде подалеку од оваа информација која е содржана во текстот за да се увиди дека тука автопат не треба да има сега за сега

...на кој дневно има фреквенција од околу 4.000 во­зи­ла...

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 28-Sep-2009 at 17:11


Доколку има поуздани проекции за зголемување на сообраќајот, некаква стратешка потреба, или доколку тој автопат биде навистина силен импулс за развој, тогаш таа бројка не е проблем.

Но тоа е вкупна бројка, која според планов на министерството за транспорт ќе ја поделиме на два автопати  Nuts



@ lslcrew

Министерството за транспорт турка нелогични концепти, а ние се обидуваме да најдеме било какво објаснување...
Ама не знам како би го окфалификувал тоа што го спомна освен како нереално, утопистичко, мегаломанско...
Плус тоа, гледам ние ги развивме пределите во близина на постоечките автопати и економски оски, па сега ни требале нови, специјално за да го насочиме и сместиме цел тој развој...  Roll%20eyes
Да бидеме реални. Ако евентуално има таков развој на настаните, тоа е во некоја далечна иднина и за автопат Миладиновци-Штип ќе имаме сосема доволно време да го изградиме. А во догледна иднина е чист вишок!

Туку конечниот одговор сепак ќе го дадат потенцијалните концесионери. Се плашам дека воопшто нема да го споделат нашиот ентузијазам и дека ваквата несериозност на министерството ќе ги поткопа изгледите за вистински потребните делници.
Единствена светла точка во текстов е што изгледа конечно добивме дефинитивен демант на шпекулацијата што проструи неодамна, дека можеби сите пакети ќе се нудат заедно на еден концесионер. Вака со посебно нудење барем ќе се намали и ограничи штетата од крајно несериозното планирање.


Edited by Cloverstack - 28-Sep-2009 at 17:13
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 28-Sep-2009 at 21:56
Нешто што е долгорочно немора и да е Мегаломанско! МЕгаломанско е ако праат поо седум ленти од правец. Проблемот е што ние воопшто не сме анализирале дали како општество сакаме да правиме вакви нови оски на развојот. Ако сметаме дека Македониај на пола век треба да изгледа така, тогаш е све легитмно, но проблемот е во паушалноста на решенијата.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 28-Sep-2009 at 23:15
Паушално е туркање на автопат кон регион во кој гравитира малку население и кој не е дел од главни коридори ниту било какви сериозни текови на луѓе и стоки. Тоа не значи дека до таму не треба да има пат, туку дека патот треба да биде правилно димензиониран а автопат е предимензионирано решение.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 28-Sep-2009 at 23:25
@ lslcrew

Каде направив еднаквост помеѓу долгорочно и мегаломанско?

А проектов не е долгорочен туку едноставно несериозен.
Глеедам како ги развивме постоечките и природни економски оски, па сега ќе сме измислувале нови. И после проектов не бил мегаломански... Roll%20eyes

Всушност зошто воопшто да се задлабочуваме до толку во таа конструкција? Владата без аргументација и објаснување турка чуден и нелогичен проект, а ти паѓаш во стапица да бараш некакво објаснување за тоа крајно нерационално однесување и еве завршуваме со оваа теза за мегалополис помеѓу Скопје и Штип... Ајде те молам, ова сериозно ли?

Владата и министерството не само што треба да одговорат зошто паралелно ни се потребни двата автопати (Отовица-Штип и Миладиновци-Штип), туку треба да одговорат и зошто вториот воопшто влетал во комбинација и да ги побијат овие информации:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=18023#18023
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 29-Sep-2009 at 01:51
Па да тоа и е муабетот дека е несериозно заклучено дека треба да се прави некаков мегаполис Ск-Шт, и со аеродромите и автопатов. Проблемот е аргументацијата зашто тоа треба да е така. Инку во светски рамки автопат не е никаков чудо, тоа што ние немаме пари ни за регионален пат е друг проблем.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 29-Sep-2009 at 09:39


ЛСЛ, автопат секако ни во Макеоднија не е светско чудо. Имаме респектабилна мрежа за земја со перформанси како Македонија (во која состојба е дел од мрежата е друга работа). Работата е дали еден проект е физибилен или не.

Како што спомнав во претходниот пост нема никакви аргументи кои наведуваат дека таа траса има реална перспектива. Како прво автопат чини пари да се одржува и затоа мора да биде и солидно искористен за да преку патарини (или соодветно преку вињета чија цена секако зависи од должината на мрежата) се собираат ресурси за негово одржување. Недомаќински е да се градат автопатишта само за да имаме погуста мрежа која наводно ќе генерира развој. Или во најмала рака приоритетна треба да е мрежата која ги покрива главните правци а за вакви егзотични делници може да размислуваме дури после покривање на истата. Вака работава е исто како изградам куќа од 500 квадрати во Маврово (каде трошам 2 недели годишно вкупно и која ќе ме чини еден тон пари за одржување иако заработувам една македонска просечна плата на пример) додека во Скопје каде го трошам остатокот од годината живеам во некаков ќумез со полско WC во дворот.

А ако некогаш навистина се наметне интерес за ширење на мрежата кон Штип? Зошто да не... Но тоа време дефинитивно не е сега од XYZ причини.

Скопје-Блаце
Куманово-Граница
Демир Капија-Смоквица

Ова се единствените коридори во кои јас лично би инвестирал во моментов. Другите ресурси би ги насочил кон дотерување на постоечките траси а све останато во железничката пруга кон Бугарија.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 29-Sep-2009 at 09:44
А ако некогаш навистина се наметне интерес за ширење на мрежата кон Штип? Зошто да не... Но тоа време дефинитивно не е сега од XYZ причини.


Па тоа и ми беше муабетот, ако имаме потреба наметната или па ако имаме дури и доволно издражни аргументи дека ќе имаме потреба што ќе се наметне апсолутно ќе го поддржам проектот, но ние немаме дури ни некои основен аргумент. А некако и ми изгледа дека рипаме неколку етапи. Немаме регионален пат па да речеме ете се преоптоварил па сега да име на погорно ниво автопат. Вака исто како од седумкатници што идеме на стокатници, така и ова од локален пат на автопат.

Нормално ако се најде некој инвеститор што ќе се нафати да го прави автопатов сигурно дека нема да му речам "не"!

Но сепак автопатов е трн у здрава нога, непотребно бреме, паразит на сметка на другите автопати па затоа и се даде во комплет со другите автопати, зашто сам нема никој да го гради макар сме го дале и на цел век концесија. Исто како што и штипскиот аеродром што требаше да се шлепа на грбот на ск и ох. Да не беше штипскиот аердорм и штипскиов автопат може би досега ќе имавме багери на терен! Нормално, штипјани no offens!


Edited by lslcrew - 29-Sep-2009 at 09:49
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 19-Oct-2009 at 02:13
Луис Берже ги крои пакетите за патиштата


Распишувањето на тендерот доцни веќе 1,5 месец, а од Владата тоа го оправдуваат со финансиската криза поради што најверојатно ќе има отстапки од првичната варијанта сите седум автопати да ги гради еден концесионер


Француската консултантска куќа Луис Берже ги прави последните финансиско-технички анализи за владиниот проектот за давање под концесија на седум патни правци. Консултантот работи на подготовка на пакетите кои патишта и во колкава должина ќе треба идниот концесионер да ги изгради до ниво на автопат, а потоа да стопанисува со нив во наредните 20 години. Распишувањето на тендерот доцни веќе 1,5 месец, а од Владата тоа го оправдуваат со финансиската криза поради што најверојатно ќе има отстапки од првичната варијанта сите седум автопати да ги гради еден концесионер.

Во Проектот, кој треба да ја подобри патната инфраструктура во државава, се уште во играта како најважни патни правци се посочуваа: Скопје-Штип преку Свети Николе, автопат кој треба да го заживее источниот дел од Македонија, а кој очигледно ќе остане во втор план. Во игра се и правците Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија и Битола-Охрид како краци од транснационалниот Коридор 10. Во фокусот се и делницата Скопје-граничен премин Блаце, како и Гостивар - Ќафасан. За изградба на овие патни правци Владата веќе определи максимален рок од три години.

Иако експертите тврдат дека со оглед на обемноста на проектот, кој е во игра веќе три години, а кој привлече интерес кај дури 48 компании, од објавувањето на тендерот до реализацијата треба да минат две години. Сепак, од Владата се упорни дека најголемиот зафат во патната инфраструктура што се потпира на концесионирањето е топ-бизнис и предизвик за потенцијалните концесионери, поради што мора да почне да се реализира што поскоро и во зададените рокови.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека целосната изградба на паневропските коридори кои поминуваат низ Република Македонија претставува еден од врвните приоритети на Владата. Од вкупните 172 км должина на Коридорот 10 во Република Македонија, повеќе од 70 отсто се веќе изградени на ниво на модерен автопат. Останатиот дел, односно делницата Табановце - Куманово, е во фаза на изградба и се очекува градежните работи да завршат во првата половина на идната година. За изградбата на оваа делница е потпишан договор со Светска банка во износ од 7,5 милиони евра, а од државниот буџет се издвоени 4,37 милиони евра. Вториот проект кој се однесува на целосното комплетирање на патниот дел од паневропскиот Коридор 10 во Република Македонија претставува изградба на автопатска делница Демир Капија - Смоквица, со вкупна должина од 28 километри. За оваа делница се изготвува и изведува проект кој треба да биде завршен на почетокот на следната година. Притоа, финансиската конструкција на проектот е затворена со обезбедени средства од Европската инвестициска банка во износ од 131 милиони евра и средства од ИПА компонентата за регионален развој во износ од 45 милиони евра. По завршување на изведбениот дел, ќе биде распишан јавен повик за избор на изведувач кој треба да почне со работа во првата четвртина на 2011 година. Во однос на патниот Коридор 8, деловите што не се целосно изградени на ниво на автопат е предвидено да бидат предмет на концесија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D20B85007E584E4C9CCE334315C5DFC8
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 05-Nov-2009 at 18:32
Се уште е нејасно во колкава мерка, но реалноста конечно ги плесна надлежните во лице.
Факт е дека многу време и енергија отидоа во ветар, но подобро и тоа отколку целосно фијаско на проектот. Се надевам утре ќе чуеме нешто логично и реално.

Владата го напушти стариот модел за концесија на патиштата - сега ќе ги нуди во пакети

Утре ќе се знае колку пакети Владата ќе понуди за изградба на седумте нови патни коридори што треба да се градат во земјата. Веќе е извесно дека е напуштена првичната идеја еден концесионер да ги гради сите 550- те километри нови патишта. Не се открива точниот модел, но Канал 5 дознава дека се поизвесно е патиштата ќе се нудат во два или три пакети. Но не сите одеднаш, прво ќе се нудат приоритетните патни правци. Но кој ќе бидат тие треба да одлучи анализата на консултантот ЛуисБерже кој ја изготвува втората студија, а до крајот на неделата треба да ја достави до Агенцијата за патишта. Ако студијата помине на Влада идната недела, Министерството за Транспорт ќе почне со распишување на тендерите.
Зошто се прави дополнителна студија?
Со првата идеја како што беше предвидено, требаше да се дадат на концесија 7 делници за што концесионерот мораше да плати 1 милијарда и 900 милиони евра. Според информации на Канал 5 за оваа висока сума ниту една компанија не пројавила интерес.
Преработката на анализата за патиштата треба да понуди модел на концесија на само два пакети патишта со вредност до 600 милиони евра наместо првичните речиси 2 милијарди евра. Инаку за ваков модел на концесија со два пакета веќе пројавиле интерес околу дваесетина странски но и домашни компании.
Овие информации ги потврдија и од Агенцијата за патишта.
Концесионерот кој ќе ги земе патиштата ќе има обврска да ги менаџира во наредните 35 години а на секои 10 да ги ревитализира.
05.11.2009, 17:54


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=55027
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 09-Nov-2009 at 09:33

Владата ги дефинираше двата пакети патишта што ќе одат под концесија

09.11.2009 | автор: Сител

Сител од владини извори дознава дека, првиот пакет или т.н. Источна концесија во должина од 177,5 км ги опфаќа патните правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, постоечката обиколница Скопје, постоечката делница Миладиновци - Скопје.


Вториот пакет или Западна концесија е во должина од 196 км и ги опфаќа патните правци Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требеништа - Охрид и Подмоље - Струга.

Тендерот на кој ќе се бара концесионер ќе биде распишан во текот на овој месец. Извори од Владата велат дека, рокот во кој концесионерите ќе треба да ги изгрдатат патиштата изнесува 8 години, а концесијата ќе трае 35 години. Заради краткиот рок за градба, анализата покажала дека Владата во првите години ќе треба да им исплаќа субвенции на идните концесионери.

Финансиските детали до кои дојде Сител се следните. За првиот пакет вкупните трошоци на инвеститорот се очекува да изнесуваат 434 милиони евра.  Концесионерот би имал поврат на инвестицијата од 16% и нето приходи од 844 милиони евра. Приходите на Владата за целиот период би изнесувале 76 милиони евра, а во текот на првите години ќе исплати субвенции во висина од 121 милион евра.

Вториот пакет има вредност од 558 милиони евра, и овде повратот од инвестицијата изнесува 16%, а нето приходот 1.559 милиони евра. Приходите на Владата ќе изнесуваат 183 милиони евра, а за субвенции во првите години ќе исплати 72 милиони евра.

http://www.mkfondovi.com/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.