build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Американска амбасада

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 06-Apr-2010 at 17:00
КАЛЕТО БЛОКИРАНО ОД ВОЗИЛА НА ГРАЃАНИ ШТО ЧЕКААТ ПРЕД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА
Нема паркинг за визата на САД

Роза Петкова

Пешаците немаат каде да поминат, а возачите се мачат да се разминат откако на Кале се изгради американската амбасада, па сега целиот тротоар и дел од улицата Самоилова се блокирани со паркирани возила на граѓаните што чекаат за виза. Во кругот на амбасадата не е дозволено паркирање, освен за службените лица, па тие што дошле како странки во институцијата мака мачат за да најдат место каде да се паркираат.
Метежот од редовите возила им пречи и на тие што секојдневно поминуваат по улицата, но најголем проблем имаат жителите. Тие се жалат дека влезовите им се блокирани и велат дека нема шанса да си го извадат сопствениот автомобил од гаража, па за да се заштитат почнале да поставуваат и гајби пред куќите. - Тротоарите се тесни и на нив се паркирани автомобили од резиденцијата на архиепископот Стефан, па се до влезот во Калето, дури и подолу. Кога не можат да се качат на тротоарот, луѓето што дошле по работа во амбасадата се паркираат и на коловозот, а и тој е тесен и има место само колку да се разминат две возила. Кога веќе се изгради огромна амбасада, не можеше ли да се направи и еден паркинг за странките што ќе доаѓаат - прашуваат жителите.
На проблемот со паркирањето се жалат и тие што не доаѓаат по виза, туку на приеми кај амбасадорот на САД, Филип Рикер и велат дека и ним не им е дозволено да се паркираат во кругот на зградата. Во американската амбасада тврдат дека имаат паркинг за посетителите, а тоа била кружната уличка пред главниот влез од институцијата. - Свесни сме дека паркинг за нашите вработени и за посетителите е предизвик. Како и повеќето згради во Скопје сместени во центарот на градот, вклучувајќи ги и тие на македонската влада, ние моментно немаме паркиралиште за посетители. Активно работиме на тоа да најдеме начин со кој ќе одговориме на предизвикот, иако не предвидуваме дека ќе бидеме во можност да им понудиме паркинг на сите посетители, особено што значителен број од нив се посетители дојдени за да извадат виза. Кога ја планиравме новата амбасада го избравме централниот дел на главниот влез за простор за паркирање, кој е и подостапен за јавниот транспорт и за евтин такси-превоз. Ова не е случај со повеќето од новите амбасади што сме ги изградиле во други земји бидејќи тие се лоцирани многу подалеку од градските центри - велат од канцеларијата за односи со јавност во Амбасадата на САД. Од одговорност се оградуваат и локалните власти, кои во други случаи имаат надлежност да го решаваат паркирањето и сообраќајот во Скопје, а во оваа ситуација се сметаат за ненадлежни.
- Паркирањето, како и на другите локации, треба да се регулира со ДУП и затоа прашањето треба да се реши со надлежните органи за реализација на ваквите планови - ни рекоа од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Кога се обративме во Општина Центар, која ги донесува деталните планови, не препратија во Министерството за транспорт и за врски, затоа што, според законите, тоа било надлежно за издавањето градежни дозволи за амбасади, како објекти од втора категорија.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1986&ArticleID=137788
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 08-Apr-2010 at 21:45
a glasanje koga za ovoj proekt??
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 08-Apr-2010 at 23:21
Може да го ставиме и веднаш но дали имаме доволно информации за гласање? Погледите ни завршуваат кај влезната капија и скоро се непостоечки материјали од внатрешноста на комплексот. Или идејата ти е да ја гласаме токму таа состојба? 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 09-Mar-2011 at 03:30
1


2

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 09-Mar-2011 at 15:55
Едно прашање, под оваа чудо имало археолошки локалитет Градиште, знае некој нешто за тоа?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 09-Mar-2011 at 19:23
Mislam deka gresno si razbral, Gradiste e povrsinata severno od Kaleto, kaj sto se odrzuva Pivolend, bar taka jas mislam
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 09-Mar-2011 at 19:48
Абе дајте, после толку сондажи и ископувања, те имало муслимански гробишта, те илирски гробишта, те православни цркви, те словенски светилишта, не знам што не ќе се измисли за да им се прикажат рогови на Американците.

Нема ништо таму!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 09-Mar-2011 at 19:51
Originally posted by Makedonij

Едно прашање, под оваа чудо имало археолошки локалитет Градиште, знае некој нешто за тоа?
Пред да започен градењето на овој објект се направија неколку сонди од страна на нашите археолози, и освен муслимански гробшта од 19 век, не најдоа ништо друго. Барем во јавноста беше така пренесено во медиумите.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 09-Mar-2011 at 20:11
Незнам ни самиот за што станува точно збор, но има таму некаде локалитет кој го поврзува кале со скупи. Тоа сакав да прашам ако некој знаее нешто повеќе?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 09-Mar-2011 at 20:18
Па не реагирав така толку поради твоето прашање, туку поради констатното инстистирање од кој ќе стигне дека таму има нешто што се крие. Нема ништо, освен неколку гробови од XVIII или XIX век, не ми текнува.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 09-Mar-2011 at 20:24
Од кај знаеш ти сондажа си правел? Нема ништо батали тоа, што археологија глупости, четири пет цркви, затрпај тамо свашта. Проблем е што тие истражувања не се малку поотворени да може секој да има увид да не се јавуваат после сомнежи. Инаку секој има легитимно право да се сомнева и да оспорува, така да не е проблем тоа да се дискутира. Може не ви е некои луѓе поле на интерес, но на други им е од разни причини, така да слободно кој сака нека прашува нека коментира. Ако некогаш се почне да се прави тој тунел под кале затоа и се залагав да биде вертикален ископ, јас тука очекувам да се појават некои примероци, ако не други барем керамика ќе излезе.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 09-Mar-2011 at 20:24
Јас колку што знам, Кале со Скупи никогаш не било поврзано. Бидејќи Скупи е од времето на Римјаните, а Калето од подоцна, а најмногу се развило за Отоманско време.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 09-Mar-2011 at 20:42
Originally posted by lslcrew

Од кај знаеш ти сондажа си правел? Нема ништо батали тоа, што археологија глупости, четири пет цркви, затрпај тамо свашта. Проблем е што тие истражувања не се малку поотворени да може секој да има увид да не се јавуваат после сомнежи. Инаку секој има легитимно право да се сомнева и да оспорува, така да не е проблем тоа да се дискутира. Може не ви е некои луѓе поле на интерес, но на други им е од разни причини, така да слободно кој сака нека прашува нека коментира. Ако некогаш се почне да се прави тој тунел под кале затоа и се залагав да биде вертикален ископ, јас тука очекувам да се појават некои примероци, ако не други барем керамика ќе излезе.


Просторот не само што беше отворен за секого, дури и новинари снимаа. Побарај на YouTube ќе најдеш. Или требаше тебе и пола МПЦ да ве викнат да се уверите дека не ве лаже никој?

Јака ти е теоријата на заговор. Сигурно 30 цркви биле, не пет.

Него си праша човекот, му кажав дека не е прва теорија дека имало нешто таму. Затоа и беа ископувањата.

Edited by гитардемон - 09-Mar-2011 at 20:43
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 09-Mar-2011 at 20:46
Е јас го прочитав овој весник, и за тоа  ве прашав ако некој знае нешто повеќе, бидејки таму е сега амбасадата?

Прочитајте ја постарата вест, па ако некој нешто знае, би го замолил да го сподели мислењето.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2846&stID=61802
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 12-Nov-2011 at 11:08

ЦИА во Белград гради „шпиунски центар”?

popara на 12 ноември, 2011 во балкан - Нема коментари
cia-beograd

Во рамки на новата Амбасада на САД во Србија, која се гради на местото на некогашниот Маршал на Дедиње, ќе биде сместен и регионалниот центар на ЦИА за Балканот.

Амбасадата ќе се простира на повеќе од 40.000 квадрати, ќе биде составена од седум згради, ќе вработи околу 400 службеници, а проектот е вреден околу 117 милиони долари.

Официјалните лица од Амбасадата на САД, своевремено обелоденија дека овој комплекс, опкружен со високи ѕидови, всушност ќе биде составен од седум згради, со објект за сместување на маринци, работилници, „техничка зграда”, додека главната зграда на Амбасадата ќе биде најголема и ќе се простира на 14.000 квадрати, односно – дури на три спрата.

Експертите од областа на безбедноста немаат дилема дека САД се одлучиле токму во Србија да го сместат седиштето на ЦИА за овој дел на Европа, пишува порталот „Вести онлајн”.

„Американците ја одбраа Србија и Белград затоа што станува збор за фантастична геостратешка опсерваторија. Србија е на идеално место и во однос на Јадранот и во однос на источна Европа”, оценува некогашниот професор на стратегија, во Школото за национална одбрана, генералот Радован Радиновиќ и додава дека поради оваа цел ќе биде инсталирана најмодерна шпиунска опрема.

Работата за изградбата на нова Амбасада во САД и Србија отпочнаа на почетокот на фебруари минатата година, а каменот темелник симболично го удрија американската амбасадорка Мјери Ворлик, министерот Оливер Дулиќ и градоначалникот на Белград Драган Џилас.

Планирано е Амбасадата на САД да биде свечено отворена на 2012 година, а изградбата е поверена на американската фирма Фрамако интернешнл. Во изградбата се вклучени 500 работници и инжењери од Србија.

Властите во Белград се пофалија дека комплетната процедура за издавање на градежната дозвола траела само два месеци, што е своевиден рекорд за Србија.

http://daily.mk/cluster3/329a1a56df9a419f658c503735b4332e/994330/cia-vo-belgrad-gradi-shpiunski-centar
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 12-Nov-2011 at 16:29
Тууу штета.Таман ние се гордеевме дека центарот на ЦИА е кај нас во Скопје.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 12-Nov-2011 at 18:05
А ти мислиш не е ? Кај ке дозволат србите такво нешто во србија ,99 % кај нас има шпиунски центар,за џабе не се 6-7 нивоа под земја.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 13-Nov-2011 at 16:15
Previous Не се за џабе, ама гледај на светлата страна ќе се вработаат едно 50 луѓе што ќе косат ќе чистат по лифтови итн..... и ќе земаат по 700-800 евра плата Big%20smileBig%20smileBig%20smile
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 13-Nov-2011 at 17:31
Јас имам разбрано дека кај Американската Амбасада во Скопје ке се вработат 2000 административци,ќе видиме дали тоа е точно во скоро време,ова место одамна се мерка од многу амбасади,сигурно е некој поволен пристап на информации башка тука во близина  беше најголемата воена база во СР.Македонија ,касарната Маршал Тито.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.