build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од светот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 18-Feb-2016 at 22:11
За Шпанија можам од лично искуство да тврдам дека има подобри патишта од Германија, Италија и Франција. Односно е во друштво со Австрија и Холандија во поглед на квалитет и густина на автопатиштата.
Додека за Русија се сегласувам дека не им е потребна толку голема мрежа на автопат со оглед на географијата на земјата. Во Русија е најнормално и многу често внатрешното патување со авион.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 18-Feb-2016 at 22:13
Јас велам државата не инвестира надвор од Москва скоро ништо. Русија е многу заостаната земја со инфраструктура тоа е факт. Патиштата се државни и им служат на сите граѓани, авионски превоз е обично приватен и се плаќаат сепак поголеми средства.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 145
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 18-Feb-2016 at 22:51
Добро Русија има и железница која ја поврзува со Владивосток (Транс-Сибирската), така да сигурно и тоа користат. Можеби треба да инвестираат повеќе, но во Азискиот дел живејат само 30-35 милиони луѓе и тоа се обично во големите градови и нивните предградија со што не би им требало некој си автопат. Деодека САД е со голема популација а за Кина и да не правиме муабет.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 18-Feb-2016 at 23:08
80% од површината на Русија е дивина без никакви индустриски или економски центри, најбитниот дел на Русија се наоѓа во Европа и баш таму е мрежата на автопати од картава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 19-Feb-2016 at 17:17
Сум патувал низ Русија , и слободно можам да кажам дека гледано инфраструктурно се многу за никаде , патиштата нешто слично како нашите , тесни , каде необележани па и многу нерамнини и често дупки имаше , дали можеби сум имал таква среќа да поминам баш покрај тие делови од државата незнам , ама искрено квалитетот на патиштата не им беше ништо подобар од овој што е кај нас , а и реално гледано русија како држава со таа економија што ја поседува незнам зошто се остава на едно такво ниво и не се интересира околу инфраструктура , сите знаеме што им е нив целта уште од кога постојат , само вооружување и градење непобедлива војска ништо друго не ги интересира
А за Шпанија факт е дека ги имаат едни од нај убавите автопатишта како држава , и ако се земе во предвид дека во каква криза се наоѓа таа држава , доволен е фактот само дека колку пати до сега и банкротирала во последните неколку години ,имаат најголем број на невработени и дека преку 28.000 компании пропаднаа во последните години , и пак успева на крај да одржува инфраструктура во секое гледно поле тоа е за пофалба , нема зборови со кој можат да се опишат убавините кога возиш низ таа држава. Еве едно видео само да видите како тоа изгледа . https://www.youtube.com/watch?v=rpdGQBsNA88
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 19-Feb-2016 at 18:29
Автопатот на видеото е фантазија. Колку е само чист и уреден, колку само се обратило внимание на зеленилото околу коловозот.

П.С. Секојпат кога патувам Скопје-Тетово ми се смачува од ѓубрето што го гледам покрај патот. Никој не го чисти.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 19-Feb-2016 at 20:11
И тоа во една од најсиромашните автономни заедници во Шпанија, секоја чест.

Џоле, добро ќе беше ѓубрето да беше присутно само на автопатите, дури и во најзафрлените делови на Македонија, во кои мислиш дека е само природа, ќе пронајдеш ѓубре и мини-депонии
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 20-Feb-2016 at 10:00
Шпанија има развиена мрежа на автопати, исто така има и развиена мрежа на брзи железници. Но како велат: тоа им е и благослов и клетва. Одржувањето и градењето на нови патишта стана преголем товар кои државата ја фрлаат во долгови. Шпанија е доказ дека не е исправна економската логика на градење скапи патишта и каде што треба и каде што не треба и дека тие по автоматизам ќе донесат раст на економијата.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 20-Feb-2016 at 19:17
Originally posted by WolfLeader

Сум патувал низ Русија , и слободно можам да кажам дека гледано инфраструктурно се многу за никаде , патиштата нешто слично како нашите , тесни , каде необележани па и многу нерамнини и често дупки имаше , дали можеби сум имал таква среќа да поминам баш покрај тие делови од државата незнам , ама искрено квалитетот на патиштата не им беше ништо подобар од овој што е кај нас , а и реално гледано русија како држава со таа економија што ја поседува незнам зошто се остава на едно такво ниво и не се интересира околу инфраструктура , сите знаеме што им е нив целта уште од кога постојат , само вооружување и градење непобедлива војска ништо друго не ги интересира
А за Шпанија факт е дека ги имаат едни од нај убавите автопатишта како држава , и ако се земе во предвид дека во каква криза се наоѓа таа држава , доволен е фактот само дека колку пати до сега и банкротирала во последните неколку години ,имаат најголем број на невработени и дека преку 28.000 компании пропаднаа во последните години , и пак успева на крај да одржува инфраструктура во секое гледно поле тоа е за пофалба , нема зборови со кој можат да се опишат убавините кога возиш низ таа држава. Еве едно видео само да видите како тоа изгледа . https://www.youtube.com/watch?v=rpdGQBsNA88

Го делам првиот дел од твоето мислење. Фактот е дека Русија во медиумите посебно кај нас е претставена како силна, непобедлива дури и развиена земја, а фактите се дека дека сето тоа е само маска. На пример да се патува од Москва до Волгоград потребни се дури и 2 дена поради лошите патишта, неодржување на истите и немање на брзи сообраќајници. Сето тоа си ја прави големината но и според мене немање интерес на државата на долг рок да се развие и насочени се кон вооружување.
Кога Русија би била развиена земја, Македонија би била над секашното ниво на Швајцарија ако двете се развиваат со исто темпо.
И за крај би рекол како правилно се развива и функционира една светска суперсила тоа е само Кина а не Русија, не само поради големината на таа земја исто така и според фактот што има преку 1 милијарда жители.
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 21-Feb-2016 at 02:12
Originally posted by one1

Тоа е затоа што и ти ја гледаш само медиумската слика за Кина, а не реалната. Стотина добро нашминкани градови во Кина не се слика за нивната економија и социјала. Таа држава има 1,35 милијарди жители и секоја година додава +10-15 милиони нови жители така да најголем дел од популацијата таму сеуште живее во мизерија и лоши услови. Огромната пренаселеност им носи многу послаби можности да развијат квалитетни услови за живот додека контролираниот наталитет им донесе големо стареење на популацијата што во иднина би значело големо проблем за економијата. Тие се меѓу две зла.

Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 21-Feb-2016 at 12:52
Originally posted by nenad

Шпанија има развиена мрежа на автопати, исто така има и развиена мрежа на брзи железници. Но како велат: тоа им е и благослов и клетва. Одржувањето и градењето на нови патишта стана преголем товар кои државата ја фрлаат во долгови. Шпанија е доказ дека не е исправна економската логика на градење скапи патишта и каде што треба и каде што не треба и дека тие по автоматизам ќе донесат раст на економијата.

Па да се слагам со твоето мислење , нешто слично и со нашите јужни соседи грците , изнаправија огромни сали , стадиони , изградија преубави и големи модерни автопатишта а тоа и не беше баш толку потребно , узалуд фрлање на огромни пари ,океј е за патиштата што толку многу вложија бидејќи тие патишта ќе ги користат многу идни генерации и секој ќе има корист од тоа,али сепак патиштата им се многу безбедни во секој поглед, во грција ако некој најде дупка на автопат или нерамнина тоа е невозможно , толку се средени , башка на секој километар има електронски знаци за известување , камери на секое ќоше ,а за тунелите па да не правиме муабет колку се убави , одморалишта да не кажам на секој 20 километри има место за одмор како WC ,чешми , клупи некој се дури и покриени за возилата од сонце ,исто така има и многу ресторанчиња кој што работат 24/7 што е за пофалба во секој поглед, а ако некој некогаш патувал до Закинтос (via Egnatia Odos /A2/E90 ) околу 560 километри и ќе примети дека долж тој пат има 81 тунел и самото тоа кажува колку многу вложија во инфраструктура, ,и завлегоа во тешка економска криза но барем направија и нешто корисно како држава , тие сали , стадиони , патишта , бродови и пристаништа , аеродроми има на секој остров ќе служат како што кажав на многу идни генерации и секој ќе види убаво од тоа.И една интересна случка беше тоа кога се возевме по самите автопатишта од десна страна на лентата према нас идеше едно малечко возило нешто слично како овие што се низ скопје за чистење на улиците , само што имаше една долга цефка и на крај беше стесната , и беше наместена на крајот од патот накај тревата и полека си се движи , и јас си помислив овој има изгубено нешто и сеа пробува да го вшмука со тоа , и баш намалив да видам што прави од радозналост , дали верувате дека човекот уствари травичката што беше подадена па еве нека биде и по 4 сантима ја гореше со тоа а таа ептен ептен малце беше подадена на самиот асвалт ни ту сметаше на некој ни ту пак од далеку може да примет дека има трева а не па да дојдиш и да ја сечиш, тоа кога го видов верувајте дека немав зборови и неколку дена се чудев до каде се грците отидени и колку свеста им работи кога станува збор за одржување на инфраструктурата во својата држава.Еве неколку видеа и ќе ви стане јасно за што зборувам . https://www.youtube.com/watch?v=2kTR5KXUVAA , https://www.youtube.com/watch?v=6T6e4rcqFQE , https://www.youtube.com/watch?v=u3CJO2uf2wE погледнете од страните се какви знаци има.

Edited by WolfLeader - 21-Feb-2016 at 12:57
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 21-Feb-2016 at 13:47
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 21-Feb-2016 at 18:23

јака им е клучкава, прв пат гледам нешто во овој стил
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 22-Feb-2016 at 15:47
На вакви убавини да не ти е криво и 100 евра патарина да им платиш )
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 23-Feb-2016 at 22:52
Вучиќ: Ниш и Приштина ќе ги поврзува „автопат на мирот“

Ниш и Приштина ќе се поврзат со „автопат на мирот“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ на инвестициската средба на земјите од Западен Балкан, организирана од Европската банка за обнова и развој во Лондон, пренесоа српските медиуми.

Во својот говор на средбата Вучиќ кажа дека што е можно поскоро треба да почне изградбата на автопатот Ниш-Приштина, затоа што тој на подобар начин ќе ги поврзе Србите и Албанците, и притоа ја повика ЕБОР да помогне во реализирањето на проектот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 15-May-2016 at 12:47
Vo Germanija vo momentov ima okolu 100 tn. "Zeleni mostovi"... Bravos!

http://thumbs.dreamstime.com/z/wilde-br%C3%BCcke-gr%C3%BCne-br%C3%BCcke-%C3%BCber-landstra%C3%9Fe-43133199.jpg

http://www.taz.de/picture/220785/948/Cyber_N2_auf_4sp_sw_10.jpg
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 15-May-2016 at 14:33
Софија - Благоевград има многу такви.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 12-Jun-2016 at 15:35
Унгарија

За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 07-Sep-2016 at 20:15
Германија: Импресивна мрежа на автопати во водечката економија во Европа

Германската мрежа на автопати (Autobahn), има вкупна должина од 12.949 километри во 2015 година, што ја вбројува меѓу нарразвиените и најдолги системи во светот. Подолга автопатска мрежа имаат само Кина (111.950 километри), САД (77.017 километри) и Шпанија (16.583 километри). Автопатската мрежа во Германија била доградувана и проширувана систематски во текот на повеќе децении.

Идејата за изградба на автопат за првпат се појавила уште во средината на 20тите години од минатиот век, во времето на Вајмарската република., но изградбата течела бавно притисната од економска криза и без политичка поддршка. Првиот пат од ваков вид бил завршен во 1932 година помеѓу Келн и Бон, и бил отворен од страна на Конрад Аденауер (тогашен градоначалник на Келн а подоцнежен канцелар на Западна Германија).

По преземањето на власта од страна на нацистите во 1933, Хитлер започнал амбициозен проект за изградба на автопати преку кој до 1936 година биле директно вработени 100.000 лица. Неговиот министер за пропаганда создал од овој проект главна медиумска атракција која привлекла внимание и на меѓунатоден план. Веднаш по Втората светска војна, западна Германија извршила сериозна санација на автопатската мрежа, а во текот на 70тите години изградени се и нови делници. Некои делови пак, биле комплетирани дури по реунификацијата на Германија во 1990. Во табелата е дадена вкупната должина на автопатите во Германија по години.

Како резултат на развиената и модерна патна инфраструктура, во периодот од 1970 до 2010 година , бројот на сообраќајни несреќи се намалил за 80% (од 19.193 на 3.648), а бројот на жртви од сообраќајни несреќи на автопатите за истиот период се намалил од 945 на 430.

Колку развојот на патната инфраструктура влијаел на развојот на економијата на оваа земја, би било предмет на некоја посложена анализа, но не е тешко да се воочи зависноста.

http://www.porta3.mk/germanija-impresivna-mrezha-na-avtopati-vo-vodechkata-ekonomija-vo-evropa/
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 31
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 07-Nov-2016 at 16:24
Diverging Diamond Interchange

Интересен концепт

Edited by Blagh - 07-Nov-2016 at 16:36
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.