build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија > Ваши концепти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концепт решенија за Скопје.

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Концепт решенија за Скопје.
    Posted: 27-Mar-2011 at 18:16
Па ајде... да даваме решенија...

Јас ќе почнам со ова... Кулите на Градски ѕид, со ЛЕД фасади, сме го збореле ова и претходно и за кулите на ГТЦ, но бидејќи нема модел од нив, само овие ги направив... едвај две... ќе ми цркнеше компјутерот...

Но би ми било мило, да дадете и други решенија, дали стаклена фасада, дали некое освежување, нешто друго... очекувам...




Edited by FoSsiL - 27-Mar-2011 at 22:42
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Mar-2011 at 20:04
Еве нешто друго....

Целосно покриен "Градски". Најмногу поради заштита од дожд за публиката, па и играчите, иако тие можат и на дожд да играат. Воедно се добива и заштита од сонце.

Инаку функционира многу просто и едноставно. Како балон, и најверојатно со хелиум. Би имало црвсто, но лесно и тенко проѕирно платно. И бил прицврстен на носачите, но најмногу поради фиксирање отколку за потпирање на некоја евентуална тежина. Мислам дека би можело да функционира а да биде ефтино и доста практично, мобилно и и лесно за поставување и одржување. Кога ќе биде сончево, односно кога не е планирано да врне, тогаш платното се отстранува многу едноставно и лесно. Се издувува, односно хелиумот се враќа во резервоар, каде ќе биде осигуран и употреблив за наредни потреби. А платното се спушта на терен, се собира, се здиплува и се остава на одреден простор, ќе се најде, не е проблем тоа... Притоа мислам дека балонот најдобро е да има и прегради, за во случај да се скине, да не пукне и да не се издиши целиот, па да предизвика повреди на луѓе или материјални оштетувања. Што мислите, можна е ваква модификација...

Сепак не бев доволно способен, а не стојам добро со време да се фатев да го нацртам покривот кој се поставува деновиве... Можеби гитар ќе треба да му направи апдејт за брзо време на стадионот... И, благодарам Гитар, се надевам не се љутиш што вака на готово ти го земав моделот за да ја нацртам идејата, зашто јас и да почнев да го цртам од поново немаше никогаш да го нацртам...

Инаку балонот е длабок 50cm









И еве една слика преку скеч ап, како изгледа со сенка...од внатре... без пуштени рефлектори





Edited by FoSsiL - 27-Mar-2011 at 22:44
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 27-Mar-2011 at 21:59
bas dobra idea za kulite ts za cel gratski zit nekako da se stavi slaklo ili led..a toa moze da i se napravi i na postata vo centar zosto spored mene taa e vo mn polosa sostojba od gratski zid,a inace balon mislam deka e malce ne prakticno pr mozze da se napravi so ETFI kako aleaz arenata ili pticjoto gnezno i kockata vo peking ?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Mar-2011 at 22:26
Ама во тој случај ќе треба дополнителна потпора, а со тоа ќе е потребно модификација на цела конструкција на стадионот, на носачите, и дали е тоа воопшто можно на скоро готов стадион, а без многу потребни средства.... Или е можно?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Mar-2011 at 23:05
pa ETFI e relativno lesna materia sto ne mislam deka e nesto poteska od neznam pr platnoi so mn mala potpora sto ne bi znacelo deka stadionot treba da se zacvrstuva a inace ne te rabrav bas dobro toa so balonot ideata a dali postoe na nekoe drugo mesto?
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Mar-2011 at 23:13
eve link vidi inace moja greska bilo ETFE :S
http://en.wikipedia.org/wiki/ETFE
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Mar-2011 at 23:14
Незнам, ми дојде идеја од Катар, ама тоа е друга приказна и сосем различно.

Но мислам дека може да функционира. Ајде каде се нашите научници, академи, да ги ангажираме малку. Но добро се зависи од платното. Од каков материјал ќе биде.

А за тоа ЕТФИ, дали е тоа мобилно. И каков материјал е уствари.

Зашто не е добро да се затвори стадионот. Потребна е светлина за тревата, воздух, итн.... тогаш баш ќе биде арена Па затоа во опција влегува се што е мобилно и што може за брзо време да се постави и да се размонтира, секако по потреба, најчесто кога врне дожд или во зима кога паѓа снег, има магла или слично...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Mar-2011 at 23:18
Originally posted by nouseforname

eve link vidi inace moja greska bilo ETFE :S
http://en.wikipedia.org/wiki/ETFE


Аха, па добро тука сме негде... и мене ми се вртеше во глава ова.

Ако може да е мобилно, тогаш сигурно дека влегува во опција... А и убаво изгледа...

Леле како ги сакам тие бели чадори, шатори, тенди, што и да се..... можеби треба да се постават и такви околу стадионот...


Edited by FoSsiL - 27-Mar-2011 at 23:24
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 28-Mar-2011 at 21:07
pa mobilno e da stadionot vo montreal e pokrien so etfe ama znam deka imase nekoj problemi im se kinese ama pa toj stadion ima nekako mn cuden sistem za da go dvizi a inace i da ne se trgne da bide staticno bidejki e prozirno ne bi trebalo za trevata da ima problem a inace toa e vid na plastika koja ne moze da se zapali a mislam deka e silno kako kevlar ama sega kolku kosta toa neznam
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 28-Mar-2011 at 21:59
more samo da se molime deka vakov ke bide
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Mar-2011 at 22:41
Па добро ќе видиме. Фасада секако дека е неопходна, а ако е и соодветно осветлена ќе биде супер. А за ова ЕТФЕ ќе видиме. На крај па ќе треба некој да ни ги прочита или да ги помисли овие можности за затварање на стадионот за време на временски неприлики, и да се фати да го реализира тоа во живо.

Но еве, во меѓувреме почнав нешто, па се мислев дали да го пуштам недовршено, со оглед на фактот дека често ме фаќа мрза, но сепак еве полека полека ќе го доградувам...

Иако исто така мислам дека можеби подобро е да стои во нишката за трамвај во Скопје, сепак ќе го оставам тука. Мислам дека е добро да стои тука како архива па да го користиме по потреба.

И бидејќи има отворено многу слични нишки од моја страна, ќе треба да се договориме со модераторите и администраторите некако да ги артикулираме заедно. Јас со големо извинение поради таквата состојба сум, но што да правам... Сепак имаат и различности, на пример во Наши идеи... за Скопје нишката таму нема вака модели... Сепак мислам дека со тек на време ќе ги средиме тие работи, и јас навистина се извинувам што почнува нишки и ги оставам така, а сите се слични едни со други.... Истото важи и за концепт моделите и моите и на ФТ. Дали да ги префрлиме во една нишка, па така и можеби повеќе луѓе би се заинтересирале и би ги имале на преглед сите, па кој за кое му се коментира да коментира... или пак во нова секција, подсекција, што и да е... А ФТ? Што мислиш? Модератори, администратори, Вие?

Е ај сега, после цел реферат и малку филозофија... Да се вратам на тоа што го почнав погоре....

Моделот на трамвај-возилото е позајмен од Билбао, ми беше најпогоден за поставување, но секако во опција влегуваат многу марки и врсти на тамваи, се додека се ЛРТ-стил

Исто така ова е недоработена идеја, па може да има некои пропусти, забелешки, конфликтни точки, но со време ќе ги исправам... Сега е и генерално претставено, ќе се потрудам и подетално...

Па еве некои слики, а полека потоа и со објаснување и дополнување на материјалот....

Еј, и поради конфигурацијата на теренот на Гугл Земја, едниот ми пропадна малку во земја, но ќе ја сфатите поентата....

пример-местото е ТЦ Бисер во Аеродром, Скопје... но ќе ја исцртам цела претпоставена Линија 1 со тек на време. Ќе пуштам и некои паинт скици... ако се прашувате што се тие жолтите линии ќе објаснам кога ќе дојде ред...

Најважно е тоа што ова концепт решение во основа се разликува со она кое е зацртано со ДУП-от и ја претставува трасата во средишното зеленило на Булеварот Јане Сандански...


























Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Mar-2011 at 22:50
Дали да ги префрлиме во една нишка, па така и можеби повеќе луѓе би се заинтересирале и би ги имале на преглед сите, па кој за кое му се коментира да коментира... или пак во нова секција, подсекција, што и да е... А ФТ? Што мислиш? Модератори, администратори, Вие?
Мислам не е страшно и вака, но има потреба материјалот да се одвои од она што претставува проектот Виртуелна Македонија во потесна смисла, односно реалните модели посебно, а за концептиве да се отвори нов субфорум токму овде.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 302
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Mar-2011 at 22:53
Originally posted by Cloverstack

Мислам не е страшно и вака, но има потреба материјалот да се одвои од она што претставува проектот Виртуелна Македонија во потесна смисла, односно реалните модели посебно, а за концептиве да се отвори нов субфорум токму овде.

Така би било најдобро.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Mar-2011 at 21:32
Еве најдов време да обjaснам како функционира замислата.

Ќе ја препостирам скицава за да биде попрегледно, а и за да можам подобро да објаснам.



Значи, целиот концепт е многу важен бидејќи не се работи само за трамвајот, иако вака се олеснува неговото движење а исто така и би биле потребни помалку средства за негово реализирање, кои би се искористиле за други намени кои ќе ги покажам и во решението....

Најпрвин како што што реков и претходно трамвајот, кој во овој случај би бил комплетно ЛРТ, без никакви препреки на неговата траса, а притоа и ќе има доволно место и за станици и за други попратни содржини, и секако комфор, се заснова на тоа да биде на страните на булеварот Јане Сандански, наместо во средишното зеленило како што е предвидено во повеќе случаи.
Сепак ќе треба да се жртвуваат трафиките и дрворедите (кои можат повторно да се засадат како ниски дрвја, или пак да се дислоцираат)кои пречат на неговата траса, но мислам дека тоа не би требало да претставува голем проблем. Сепак трамвајот е работа со поголемо значење и корист.
Најпрвин генерална претстава, а потоа би покажал и како ќе биде просторот уреден околу станиците не трамвајот, но и на автобуските станици, пешачките патеки и велосипедските патеки... за да не се појавуваат конфликти меѓу овие потребни објекти и инфраструктура.

На мапата трамвајот е обележан со Сино. Се гледа каде поминува неговата траса.

Но можеби најважниот дел е делот обележан со жолто. За ова разговарав со повеќе луѓе, вклучувајќи го и татко ми. Бидејќи се појавува еден конфликт, кој сепак е решлив, иако можеби се коси со меѓународни стандарди. Но сепак има решение кое мислам дека е одлично функционално.

Се работи за укинување на сите раскрсници по булеварот Видое Смилевски-Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу.

Како функционира тоа. Лесно. Замислете си дека се наоѓате на излез кај катната гаража кај ТЦ Бисер. И сакате по Јане Сандански да се упатите кон Центар. Но вртењето лево е забрането, односно не смеете да го пресечете булеварот и да се приклучите на него, наместо тоа го правите ова:

Со црвено, не е дозволено
Со зелено, дозволено е



Што се случува? Бидејќи го ја користите зелената патека, ќе треба да свртите полукруг на ‘‘раскрсницата‘‘ кај Веро. Но кога ќе свртите влегувате во брзата лента. Тоа немора да биде потребно. Може да се влезете и во средната и во првата лента, иако таа би била наменета најмногу за автобуси. Но еве, влегувате со брзата лента. Но нема да има проблем, бидејќи со добар систем за управување на сообраќајот и со ограничување на брзината на макс. 50км/ч нема да има никаков проблем. Зошто 50км/ч, зашто нема да биде потребно повеќе. Зашто ќе нема семафори, и движењето би било ‘‘побрзо‘‘. Дури и многу побрзо за разлика од големи брзини, и чекање на семафори. Значи ефективноста се зголемува многу пати, а времето на патување се намалува, а секако и се растеретува сообраќајот, а притоа безбедноста е на доволно високо ниво. Камерите би ги снимале сите кои ќе го надминат овој лимит. А и прегледноста би била голема бидејќи Јане Сандански е прав и широк булевар. Можеби ќе биде потребно мало поткастрување на дрвата во средишното зеленило. Така нема да има проблем и небезбедност да се вклучите и на брзата лента.

Ова има многу добри страни, и практично многу малку лоши. Едноставно со промена на режимот на сообраќај, патувањето од Ново Лисиче до Транспортен центар би траело 2-3 минути. А исто така би се зголемил и капацитетот, односно би се искористел целосно капацитетот на овие булевари по оваа траса. Па и за во иднина кога Аеродром би се проширил да нема потреба од некои комплицирани сообраќајни решенија.

Е зошто сега трамвајот не е во средина. Па најмногу поради недостигот на простор во средишнотото зеленило, но и поради зголемување на безбедноста на другите учесници во сообраќајот (читај, да нема потреба да пазат и на него кога би влегувале во брза лента, или пак да не се најдам измеѓу).

Со реализирање на трамвајот по страните на булеварот, скоро и да нема никаков допир со коловозните ленти. Освен со приклучоците за влез и излез во населбите, но бидејќи може да се врти само десно, нема да има проблем, односно не би се правеле гужви. Прегледноста е секако голема.




Сега малку одмор. Вие ако имате коментари, забелешки, критики или алтернативни решенија, слободно.

Ќе продолжам за некое време.




Edited by FoSsiL - 30-Mar-2011 at 00:52
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.