build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зграда за јавна администрација и ФДУ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Зграда за јавна администрација и ФДУ
    Posted: 12-Oct-2010 at 14:34
Овој текст ни промакнал пред некој ден. Денес има најава за зграда во која ќе се смести Факултетот за Драмски Уметност, па барајќи ја веста го најдов овој текст за овој објект со коктел функција. Ова не е дел од клипот Скопје 2014, ова е нешто сега ново додадено. Немаме последна верзија од ДУП-от, ако може некој да ми посочи координати или скица каде треба да е ова. Единствено празно тука е онаа празната ливада пред црквата, ама за тука имаше некоја најава за богословски кампус, а и башка оваа локација не е дел од Мал Ринг, или па ова е од некој друг ДУП.
АРХИТЕКТИТЕ БАРААТ ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА АД­МИ­НИС­ТРА­ТИ­ВЕН ОБЈЕКТ КАЈ "СВ. БОГОРОДИЦА"

Новиот ФДУ поголем од маркичката

За Здружението на архитекти на Македонија е недозволиво во една згра­да да бидат сместени државни и образовни институции, односно Да­ноч­на­та управа, Бирото за јавни набавки и Факултетот за драмски умет­нос­ти

Кон­кур­сот за изградба на административна зграда до црквата "Пресвета Бо­го­ро­ди­ца", во која ќе биде сместен Факултетот за драмски уметности и 13 др­жав­ни институции, меѓу кои Даночната управа и Бирото за јавни на­бав­ки, е незаконски, тврдат од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Спо­ред нив, проектната програма не соодветствува со изводите од ДУП-от, донесен во февруари годинава. Со планот се предвидува максималната по­вр­ши­на­та за градба на зградата и на паркинг-просторот да биде 19. 134 квадратни мет­ри, а нарачателот, во овој случај Владата бара од ар­хи­тек­ти­те да проектираат зграда со паркинг-простор кои ќе зафаќаат 21.340 квадратни мет­ри. Проектната програма е спротивна и на Правилникот за стан­дар­ди и нормативи на урбанистичко планирање, оти предвидува во ед­на зграда да бидат сместени државни и образовни институции. Имено, Пра­вил­ни­кот не дозволува да се мешаат државни и образовни дејности.
"Ба­ра­ме од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го по­ниш­ти конкурсот. Се ограничуваат и архитектите. Заедно со конкурсните до­ку­мен­ти се делат слики од зградата на МНР и на Уставниот суд и ги учат дека таа архитектура е македонска, и е создавана низ долгата ис­то­ри­ја на земјата. Во проектната документација се бара оригиналност и сов­ре­ме­ност, а, од друга страна, фасади во стил на барок, класицизам, не­ок­ла­си­ци­зам, романтизам и неоромантизам", велат од Асоцијацијата на ар­хи­тек­ти на Македонија.
Од Службата за општи и заеднички работи на Владата тврдат дека кон­кур­сот е распишан во согласност со сите правила.
"Не е точно дека со конкурсот се предвидува поголема површина на об­јек­тот од онаа што е предвидена во ДУП-от, а нема ништо страшно и ако на ед­но место се сместени државни и образовни институции. Тоа што на ар­хи­тек­ти­те им даваме слики од Уставниот суд и од зградата на МНР е оти тие са­ми си бараат. Во ДУП-от е предвидено фасадата на овој објект да биде во склоп со овие два, па затоа авторите сами си бараат слики за да знаат во кој правец да ги прават проектите", вели Васе Доневски, директор на Служ­ба­та за општи и заеднички работи на Владата.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=4BD003F3E07B3543950A6E8FED120EC0


Edited by lslcrew - 12-Oct-2010 at 14:38
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Oct-2010 at 17:59
Едвај една поширока вест..

...

Деканот Кирил Ристевски, истакна дека веќе се работи на изградба на нов објект каде ќе биде префрлен факултетот.

http://www.kurir.mk/makedonija/kultura/3914-Dramski-ke-sozdava-magistri

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3629
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Apr-2011 at 17:06

Скопје 2014-та се шири

петок, 01 април 2011, 17:46

Барокот низ Скопје и дефинитивно се шири надвор од проектот 2014-та. Службата за општи и заеднички работи на Владата распиша тендер за изградба на новата зграда за Јавна администрација и Факултетот за драмска уметност. Парцелата, според Деталниот Урбанистички План на о. Центар, се наоѓа во опкружувањето на црквата Св. Богородица- локација која ја немаше во 3д анимацијата на проектот Скопје 2014-та.

Одлуката да се гради на локацијата значи дека ќе мора да се урнат и старите куќи на парцелата, што според првиот човек на СОЗР Васе Доневски е завршена работа.

- „ Што се однесува до старите објекти извршени се сите процедури за експропријација. Имаме согласност од сите засегнати.“- изјави меѓу другото Доневски.

Според објавата и ДУП- от, објектот ќе гледа кон зградите на Македонската Опера и Балет и новото МНР. Неговата максимална висина е 29 метри односно 7 ката со поткровје, на основа од 2126 метри квадратни.

Според Деталниот урбанистички план, покрај црквата Св. Богородица има место уште за неколку згради. Дали и тие ќе бидат во барок стил, засега не се знае. Но како и за остатокот на проектот 2014-та, има место за споменици и фонтани.

Зградата за Јавна администрација и Драмскиот Факултет беше проблематична за дел од архитектите уште за време на изработката на идејното решение. Нејзината намена според ДУП-от е за државни институции, што според правилникот за стандардите и нормативите за урбанистичко планирање не дозволува во неа да има и образовни институции. Од Владата сметаат дека тоа не е пречка.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=35527
Back to Top
Alex View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2009
Location: Paris / Ohrid
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Alex Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Apr-2011 at 09:49

Скопје 2014-та се шири

петок, 01 април 2011, 17:41

Барокот низ Скопје и дефинитивно се шири надвор од проектот 2014-та. Службата за општи и заеднички работи на Владата распиша тендер за изградба на новата зграда за Јавна администрација и Факултетот за драмска уметност. Парцелата, според Деталниот Урбанистички План на о. Центар, се наоѓа во опкружувањето на црквата Св. Богородица- локација која ја немаше во 3д анимацијата на проектот Скопје 2014-та.

Одлуката да се гради на локацијата значи дека ќе мора да се урнат и старите куќи на парцелата, што според првиот човек на СОЗР Васе Доневски е завршена работа.

- „ Што се однесува до старите објекти извршени се сите процедури за експропријација. Имаме согласност од сите засегнати.“- изјави меѓу другото Доневски.

Според објавата и ДУП- от, објектот ќе гледа кон зградите на Македонската Опера и Балет и новото МНР. Неговата максимална висина е 29 метри односно 7 ката со поткровје, на основа од 2126 метри квадратни.

Според Деталниот урбанистички план, покрај црквата Св. Богородица има место уште за неколку згради. Дали и тие ќе бидат во барок стил, засега не се знае. Но како и за остатокот на проектот 2014-та, има место за споменици и фонтани.

Зградата за Јавна администрација и Драмскиот Факултет беше проблематична за дел од архитектите уште за време на изработката на идејното решение. Нејзината намена според ДУП-от е за државни институции, што според правилникот за стандардите и нормативите за урбанистичко планирање не дозволува во неа да има и образовни институции. Од Владата сметаат дека тоа не е пречка.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=35527

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3629
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Apr-2011 at 21:02

Владата ќе гради зграда за 14 државни институции

Владата%20ќе%20гради%20зграда%20за%2014%20државни%20институцииВладата ќе гради зграда во која ќе бидат сместени 14 државни институции и Факултетот за драмски уметности.

Според објавата на Службата за општи и заеднички работи на Владата, на дивиот паркинг пред црквата Богородица во центарот на Скопје, ќе се гради деветкатница во која ќе бидат сместени државни институции и дел од јавната администрација.

Во новата зграда освен Факултетот за драмски уметности ќе биде сместен дел од Управата за јавни приходи- службата за големи корисници, потоа  Бирото за јавни набавки, Управата за спречување на перење пари, Бирото за судски вештачења, Агенцијата за индустриска сопственост, Дирекцијата за технолошки индустриски и развојни зони и уште неколку други институции“ потврди за капитал Васе Доневски, директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Според објавата, Службата бара компанија која ќе ги изведува градежните  работи за изградба на објектот во сите фази.

Објектот припаѓа  на градба од прва категорија. Површината за градење изнесува 2.12 6 метри квадратни, а вкупно изградената површина на објектот, според планот на Владата треба да изнесува 19.134 метри квадратни.

Максималната дозволена висина до завршен венец на објектот, според објавата изнесува 25 метри. Заинтересираните компании понудите ќе треба да ги достават најдоцна до 9 мај. Колку ќе чини изградбата на објектот ќе се знае откако ќе се избере најдобриот понудувач.

http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/27168/vladata_kje_gradi_zgrada_za_14_drzhavni_institucii.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3629
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Oct-2011 at 09:25

до краЈот на октомври темелник за ОСУМKАТНИЦА KАЈ ХРАМОТ „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“

Актерите ќе се селат од бараки во зграда

ФДУ ќе биде дел од административната зграда, чија изградба ќе почне до крајот на октомври, и во која ќе се преселат уште 10 државни институции како УЈП, Агенцијата за планирање на просторот, Дирекцијата за спречување перење пари, Државниот девизен инспекторат и други

Покрај Вардар, во околината на црквата „Пресвета Богородица“ до крајот на октомври ќе почне изградбата на административната зграда во која ќе бидат сместени 10 државни институции, како и новите простории на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Студентите на овој факултет, а и вработените, со децении функционираат во привремени бараки, подарени по земјотресот, а и расфрлани на неколку локации во Скопје.

Објектот готов за 20 месеци

Kога објектот ќе биде готов, во него ќе се преселат Бирото за судско вештачење, дел од Управата за јавни приходи, Агенцијата за планирање на просторот, Дирекцијата за спречување перење пари, Државен девизен инспекторат, Државниот завод за индустриска сопственост, Националната агенција за европски образовни проблеми, Бирото за регионален развој, Технолошки индустриски зони, како и Агенцијата за цивилна воздушна пловидба. Секоја од институциите ќе има посебен влез.

Службата за општи и заеднички работи во Владата на Македонија веќе распиша оглас за избор на фирма која ќе го гради објектот.

- Изборот е во тек, а најповолната понуда се очекува да биде избрана за две недели, а наскоро треба да добиеме и одобрение за градба од Општина Центар - изјави Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи.

Околу деталите за објектот, информираше дека ќе биде со површина од 24.000 квадратни метри, на седум ката плус потпокрив, а паркирањето ќе биде решено со подземна гаража на две нивоа со капацитет за 130 возила. Инвеститорот, според договорот, има обврска да ја заврши градбата во рок од 20 месеци.

Плоштад пред црквата „Пресвета Богородица“

Директорот Доневски не откри колку ќе чини изградбата на објектот, со образложение дека тоа ќе биде познато откако ќе заврши тендерот за избор на најповолен изведувач.

Урбанистичкиот план за локалитетот „Пресвета Богородица“ ги решава и барањата на Македонската православна црква, за содржините околу православниот комплекс. Па така, зад храмот се предвидени библиотеката на МПЦ во која ќе се чуваат нивните вредни книги, крстилница и простории за богослужителите на црквата. Во предниот дел, кон реката Вардар ќе биде седиштето на МПЦ и официјалната резиденција на архиепископот охридско-македонски.

Пред самата црква, како што објаснија надлежните од Општината Центар, се подготвува проект за плоштад, кој ќе се простира до самата река Вардар. Kомуникацијата со другата страна на реката ќе биде решен со пешачки мост.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=83C4A3B0CA667644ABC23B12B4EE759F
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11883
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Oct-2011 at 02:39
Покрај Вардар, во околината на црквата „Пресвета Богородица“ до крајот на октомври ќе почне изградбата на административната зграда во која ќе бидат сместени 10 државни институции, како и новите простории на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).
Која е логиката зад ваквите егзотични коктели? Или со оглед на се, премногу е човек да бара некаква логика?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Oct-2011 at 03:40
Па уствари незнам што има разлика од досегашните коκтели. Однодно коктелите и не се толку проблем и бројноста на иституциите што се во нив, проблем може да биде, односно може да дискутираме за мешовитоста колку е можна на инσтитуции од различен тип, на пример образовни со оние на системот за прогон. Институциите особено во вакви мали и често променливи системи во држави како Македонија до сега има те вакви те онакви инстуитуции, едни се формираат други се распуштат, така да треба зградите да си ги планираме за подалекусежни намени. Тоа јас порано и го критикував зашто "комунистичките" згради па беа целосно од тој еден исти тип ходник од страна канцеларии некој атриум и така на лента, вака од дистанца кога ќе видам и бил практичен ама па претеран. Институции на кој може да им се дадело зграда која ќе ги одбележи не им се дало, така да ниедна крајност не е добра. Затоа кога станува збор за ваков сплет од треторазредни институции и не треба нешто особено да се води сметка освен да се добие деловен простор, нормално за функционалното решение збориме не за естетското кое друга приказна, мене ме збунува ова за секоја посебен влез, што ќе правиме утре со нив, како ќе ги уклопиме.

Да бидеме објективни и директни уште додека не сме почнале со жестока дискусија, фасадата што е во план нема да се смени (за тие што би сакале да се смени) ако сега оспоруваме зашто се 13 или колку и да се институции под иста капа, да дебатираме за она што може и треба да се дебатира зашто идејќи на квантитет "контра" аргументи само ги деградираме дискусиите, а и легитимитет се губи. Прво, се е подобро од оваа ситуација барака-држава, и второ прашањето е што бара Драмски Факултет меѓу ваков склоп од институции. Како и прашањето што погоре го наметнав, зашто се гради според една привремена распределба на иснтитуции која за кратко време ќе се модификува барем во делот на една од тие институции.


Edited by lslcrew - 07-Oct-2011 at 03:44
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Oct-2011 at 08:21
Originally posted by lslcrew


Тоа јас порано и го критикував зашто "комунистичките" згради па беа целосно од тој еден исти тип ходник од страна канцеларии некој атриум и така на лента, вака од дистанца кога ќе видам и бил практичен ама па претеран. Институции на кој може да им се дадело зграда која ќе ги одбележи не им се дало, така да ниедна крајност не е добра. Затоа кога станува збор за ваков сплет од треторазредни институции и не треба нешто особено да се води сметка освен да се добие деловен простор, нормално за функционалното решение збориме не за естетското кое друга приказна, мене ме збунува ова за секоја посебен влез, што ќе правиме утре со нив, како ќе ги уклопиме.Да бидеме објективни и директни....


Види, ова све што напиша тешко дека може да се карактеризира како објективно...прво за „коктелите“ од институции, може тебе ти изгледа дека е така тоа шлапосај ги како ќе ти текне, ама во најмала рака тие така се групираат да самите институции ако имаат блиска соработка или се од сродни области бидат групирани во еден простор, објект, комплекс како тие не би имале големи трошоци за транспорт, паркинзи, еден корисник-граѓанин истовремено би завршил повеќе работи за пократко време и со помалку нервози - ама дека сето ова е „атомска физика“ за тој што го склопил и тие што го одобруваат е јасно како бел ден - тоа е објективно гледање...и само како надополнување, работава е сега се' што е државна институција, а што наводно има потреба од нов простор да се смести во барокна торта затоа што на приватните инвеститори малку потешко им се става пиштол на глава да праат такви скапи ретро-фасади без потреба, па најлесно е тоа да се игра со државни пари...

Провери го уште еднаш концептот на организирање на канцелариски простор и организирање на објекти со деловна намена (ако воопшто си се сретнал во научна пракса со овие поими) и упати не каде тоа баш комунистите организирале такви канцеларии!? Ако баш тие, комунистите ги правеле такви административните објекти, како вие капиталистите сте ги правеле во исто време...не има доста што не знаеме, па објасни ни...
Ај еве, се изнаслушав од разни изгубени типови на форумов некакви небулозни теории (несфатливи за 21 век) за тоа колку неопходни ни се објекти со вакви скапи, смешни, ретро фасади, па сега уште почна да се зборува за некакви концепти на внатрешно уредување на просторот - демек сега подлабоко почнавте да навлегувате во архитектурата - добро утро!
Да не набивам тензии, ама околу тие поими барем овде на форумов апсолвиравме одамна и сеа пак на иста тема (и тоа од модератор )...ама ајде...

Дека во овој и во претходните постови се чувствува доза на „инсајдерство“ може да ни објасниш за каква фасада зборувате!? Не видов ништо во темава...никој не ја видел (а веќе некој сака да ја смени!?) Ова значи дека пак нешто се крчка кај некој Мангар-Вангел фраер и ние како глупи ќе треба све тоа да проголтаме пак!?

Edited by Dave Gahan - 07-Oct-2011 at 08:24
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Oct-2011 at 14:43
Дејв премногу некако идеологизирано разговараш со мене како да незнам што ти реков, некако оптеретен си, настапуваш со априори став дека сум рекол нешто што не сум само зашто се обидуваш да ме сметиш во еден од кошевите што си ги имаш зацртано.

Баш истото што го кажа и се случува, административните објекти се групираат. Македонија после којзнае колку години прв пат дби некакво природно групирање на објекти по дејност со она мало комплексче од неколку управи на банки на Максим Горки. Добро има и три комплекси факултети низ Скопје, збориме за формирани од поново време.

Значи аман никој не фрлил бомба, збор е. Затоа и го стаив во наводници кога го употребив. Знаеме на што се мисли немор така да се реагира. Ниту требаше да има навредлива намена ниту да биде дел од спамерски пост. Баш и ме зачуди што реагираше, особено што во некој позитивен контекст ги спомнав тие згради.



Edited by lslcrew - 07-Oct-2011 at 15:08
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Oct-2011 at 15:24
Идеологизирано!? Јас не зборев за „комунистичките“ административни објекти...
Еве ова не е на некакво ниво на групирање на намени како во урбанизмот, ама која е логиката на групирањево - Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и дел од Управата за јавни приходи (за работа со големи даночни обврзници или не знам што)!? - врскава е драматична, посебно со ова цепкањево на УЈП....не можеа уште некоја помалку логична државна агенција да тупосаат, групирањето е се' само не природно, малку вулгарно ама како игротека и секс-шоп во иста зграда да ги сместиш...
И се' само за да се пополни некаква програма за да се има практичен изговор да се влегува во овие во моментов крајно непотребни владини инвестиции....
Не само што не сум против конечно средување на овие локации, туку и во ваква присилена ситуација и претходно сум напишал дека ќе беше 100 пати подобро голем дел од 2014 да се смести во овој потег место во мал ринг, ама принципот по кој се работи не се менува и не се остава никакво место за размислување и дискусија...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3629
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Oct-2011 at 12:09

Факултетот за драмски уметности ќе добие нова зграда


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/10/crkca.jpg

Актерите конечно ќе студираат во достојни услови. Старите бараки во Карпош каде што е сместен Факултетот за драмски уметности ќе се заменат со нова зграда во близина на црквата „Пресвета Богородица“, што ќе почне да се гради кон крајот на овој месец или најдоцна следниот.


Васе Доневски, директор на секторот за општи и заеднички работи на Владата, вели дека деновиве се чека да се добие дозволата за градба и да се почне со реализација на проектот.


Новина зацртана во деталниот план на општина, Центар кој ја предвидува изградбата на овој објект, е и црковен комплекс околу „Света Богородица“, во кој ќе бидат сместени крстилница, библиотека на Македонската православна црква, а во предниот дел на црквата ќе се гради објект кој ќе биде официјална резиденција на МПЦ.

Во тој дел ќе се гради и плоштад, кој со нов пешачки мост ќе се  поврзува со другата страна на кејот на реката Вардар. Идејата за овој мост не е нова и се сретнува во ДУП-овите од 1965 година па наваму, како и во проектите на Кензо Танге, но досега не е реализирана.

http://daily.mk/cluster3/34d74282cb296a4f7e7cdaa5ce81d6f4/939330
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11883
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Oct-2011 at 13:33
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1987
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Feb-2012 at 01:10
Ќе кажев дека ми е мило бидејќи Факултетот за Драмски Уметности конечно ќе добие пристојно седиште во најдобрата околина во строгиот центар на главниот град на Република Македонија, соседи ќе му бидат националната и универзитетската библиотека Свети Климент Охридски, Македонската Опера и Балет, Македонската Филхармонија, средното музичко училиште, Факултетот за музичка уметност (поправете ме за ова последново ако грешам, не помнам точно), а малку подалеку е и староновиот скопски театар, звучи како да тоа ќе биде вистинско маало на уметници и креативци.
 
Но потоа си помислив, соседи ќе им бидат и Министерството за Надворешни Работи, Јавното Обвинителство, Агенцијата за Електронски Комуникации, Уставниот Суд, Државниот Архив, Археолошкиот Музеј, а како капак на се, нема целата зграда да биде на Факултетот за Драмски Уметности, туку во истата таа зграда ќе се сместат дури 14 државни институции.
 
Ако се земе во предвид фактот дека зградата ќе ги има 7 ката, следува претпоставката дека ќе има по 2 државни институции на секој кат.
 
А Факултетот за Драмски Уметности ќе добие само 1 (ЕДЕН) кат ?
 
Да не го планираат приземјето или поткровјето да му го отстапат на Факултетот за Драмски Уметности ?
 
И како да не е тоа доволно, изградбата на овој објект ги отвора вратите за изградба на нови објекти веднаш до Вардар, од другата страна на улица Стив Наумов спроти Министерството за Надворешни Работи, засега не сум слушнал нешто такво да е планирано, но нема да ме изненади ако и тоа се случи во иднина, не дај Боже.
 
Јас сум за изградбата на оваа зграда, но само ако биде во целост отстапена на Факултетот за Драмски Уметности, во такви околности нема да мора да ги има дури 7 ката, доволни ќе бидат приземје, 3 ката и поткровје.
 
Во целост сум против градење на нови објекти за државни институции, бидејќи со тоа само ќе се прошират бирократските лавиринти на кои местото дефинитивно не им е во централното градско подрачје во близина на Вардар или покрај самиот Вардар.


Edited by Dexter26 - 06-Feb-2012 at 01:12
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Feb-2012 at 10:20

Седумкатница од 20 милиони евра ќе се извиши кај „Пресвета Богородица“

 
Зградата заеднички ќе ја користат административци и студентите на Факултетот за драмски уметности

Владата се подготвува да гради уште една административна зграда, седумкатница на просторот кај црквата „Пресвета Богородица“, чија изградба ќе чини дури 20 милиони евра. Во неа ќе се сместат 13 државни институции меѓу кои Даночната управа и Бирото за јавни набавки, а соседи во истиот објект ќе им бидат и студентите од Факултетот за драмски уметности.

Иако од Факултетот, но и дел од архитектите реагираа дека недозволиво е во иста зграда да се сместат административци и ученици, сепак, од Владата веќе договориле да се гради објектот. „Гранит“ е избран за најповолен изведувач, планирано е реализацијата да стартува на 1 март, а да заврши до крајот на октомври во 2013 година.

Како ќе изгледа зградата досега не е презентирано во јавноста, иако пред повеќе од година и пол надлежните го избраа идејното решение за објектот кое е дело на „Неимар инженеринг“.

Според деталниот урбанистички план, тој ќе може да достигне висина до 29 метри, односно да има седум ката и поткровје. Ќе гледа кон зградите на Македонската опера и балет и новиот објект на МНР.

Седумкатницата, всушност, ќе биде дел од урбанизацијата на реонот, која е предвидена со последните измени на ДУП-от што се усвоија минатата година. Предвидено е во непосредна близина на седумкатницата да има плоштад со три фонтани, една централна и две помали. Според најавите, и тие ќе почнат да се градат наскоро. Општина Центар, која е носител на проектот, деновиве треба да избере фирма изведувач.

Предвидено е во фонтаните да бидат поставени барелјефи на апостолите Петар и Павле, на свети Никола и света Богородица, кои се леат во леарницата „Јеремиќ“ во Србија. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=91D65E9E9000524C8DDAE7594E1316B4

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 06-Feb-2012 at 19:45
@Dexter26 потпис на се што кажа, тоа е меѓудругото една огромна катастрофа на редот објекти пред МОБ, што се сруши нешто што тематски и детално беше испланирано, и не само што не се испочитува никаков просторен план, се извитопери целината на просторот со тоа што се измешаа објекти кои не се ни малку меѓусебно поврзани...
покрај другото, поради ова најмногу се противам на се она што се изгради на Вардар и секогаш ќе го гледам со презир
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Feb-2012 at 01:06
16.02.2012, 18:23
По снегот, ќе никне ново градилиште кај „Пресвета Богородица“



Во седумкатницата ќе се сместат 13 државни институции и ФДУ

Се' е подготвено за отворање на уште едно градилиште наменето за изградба на административна зграда. Ова ќе биде во близина на црквата „Пресвета Богородица“. Се чека само да се подобат временските услови, па екипите на „Гранит“ да почнат со оградување на просторот на кој е предвидено да се гради седумкатница во барокен стил во која ќе се сместат 13 државни институции и Факултетот за драмски уметности.

Од владината служба за општи и заеднички работи, која ги спроведе постапките за избор на идејното решение на зградата и за изведувач, велат дека тие се подготвени за старт на проектот. Единствено чекаат затоплување на времето, па да издадат налог за работа на „Гранит“, која ќе го гради објектот за 20 милиони денари. Според потпишаниот договор, градежната компанија е обврзана да ја изгради зградата до крајот на октомври 2013 година. Објектот ќе гледа кон зградите на Македонската опера и балет и новиот објект на МНР.

Инаку, освен градилиштето за седумкатницата, наскоро во истиот реон е планирано да почне да се копа и за изградба на мини-плоштад на кој ќе има три фонтани, една централна и две помали. Во нив ќе се постават барелјефи на апостолите Петар и Павле, на свети Никола и света Богородица. Плоштадот е проект кој ќе го реализира Општина Центар. (Дс.Т.)

извор
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Feb-2012 at 18:55
A kupola?
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Feb-2012 at 19:11
стилот е сличен како на МНР
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2389
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Feb-2012 at 19:11
Стварно, заслужува барем 2.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.