build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св.Пантелејмон - Пантелеј, Кочани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Св.Пантелејмон - Пантелеј, Кочани
    Posted: 03-Apr-2011 at 20:01
Ногу убав манастир, кој не е ногу познат по Македонија но е прекрасен, сам го тражив веќе да го посетам но не успеах, патот секогаш ме носеше околу тоа место, но не и таму.

http://www.kocani.gov.mk/sliki%20voved/pantelej2.jpg

Изграден е во 1864 година. Возобновен е во 1885 година од игуменот Мартинија. По својата архитектура претставува трокорабна базилика, со три куполи. Фрескоживописот е од зографот Димитар Андонов Папрадишки од 1888-1892 година, од кој зограф се и иконите на иконостасот. Во 1988 година, по интервенција на Митрополиотот Брегалнички Стефан, од страна на Заводот за заштита на спомениците е извршена детална реставрација на кровната конструкција, кубињата и фреските.

http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/20934_228469104353_228464819353_2936249_3567609_n.jpg

елото Пантелеј, сместено на падините на Осоговските планини, се наоѓа на идеална надморска височина од 766 метри што го прави своевидна воздушна бања и локалитет за одмор и рекреација во кој било период од годината.

http://www.kocani.gov.mk/sliki%20voved/pantelej7.jpg

Манастирскиот комплекс во негова непосредна близина го прави уште поатрактивно и заедно со асфалтниот пат достапно за секој што би сакал да има духовен спокој и прекрасни мигови во питомата природа. Манастирот и селото постоеле уште во периодот на владеењето на српскиот жупан Стефан Немања (1166-1196 г.), со поинаква местоположба од денешната. Старото село Пантелеј веројатно се наоѓало северозападно од денешната населба, во месноста Трештеник, а во негова близина била изградена и црква посветена на великомаченикот и добродетел Свети Пантелејмон. Подоцна, во периодот на владеењето на султанот Мехмед IV (1648-1687 г.) оваа црква е срушена.

http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/13323_385127589353_228464819353_3631147_6392762_n.jpg

Во 1519 година султанот Селим I наредил попис во Османлиската империја и според тогашните податоци во Пантелеј живееле 11 семејства со околу 50 жители, а во втората половина на 16 век бројот се зголемил на 160-180. Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век во селото живеело само едно семејство во месноста Колибиште, а подоцна се доселиле жители од поблиските и подалечните населби, образувајќи го денешното село. За неговото создавање придонеле и блиските злетовски рудари во кои работеле селаните од Нивичани, Бели, Тркање, Бање и други, а неговата местоположба нудела блискост и посигурност. Според пописот од 2002 година селото брои 64 жители, пред се население во поодминати години.

http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash1/25428_386803524353_228464819353_3668206_6455078_n.jpg

Во 1872 година била изградена малата црква "Успение на Пресвета Богородица", а во 1885 год. и прекрасниот манастир "Свети Пантелејмон". Според преданието за изградбата на манастирот, на една триесетгодишна слепа девојка, по име Нејтана, на сон и се сонило да појде близу местото каде се уште постоеле урнатини од некоја постара црква, да копа и да пронајде вода со која ќе се излекува. Утредента отишла на местото и почнала да копа, иако селаните и зборувале да престане. Таа не ги послушала и продолжила да копа со раце, криејќи ја причината за својата упорност. Откако се изморила од долгото копање, легнала болна и по извесен период умрела, без да ја пронајде сонуваната вода. На претсмртниот час ги собрала селаните и им кажала за сонот и нејзината желба да прогледне, задолжувајќи ги да копаат се додека не ја пронајдат водата. По нејзината смрт, за кратко време тие ја пронашле сонуваната вода и таа брзо се прочула по својата лековитост. Местото станало собиралиште на луѓето кои барале здравје од секакви болести, а подоцна овде е подигнат и сегашниот манастир. Во неговата внатрешност и денеска има извор со вода за која селаните веруваат дека има лековити својства.

http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/20934_228484574353_228464819353_2936331_1422053_n.jpg

Големината на селото и повеќето извори со планинска вода во близина на манастирот, па и самиот негов двор со конаците, нуделе сигурен престој за секој патник што ќе поминел или ќе се задржел во овие предели. По осамостојувањето на  МПЦ (1958 г.) манастирот потпаѓа под Злетовско-струмичката епархија (подоцна Брегалничка), а по посетата на владиката Наум започнува неговата обнова и претворање во туристичко-религиозен центар на регионот. Со реконструкцијата на црквата, манастирот и околните конаци, како и изградбата на асфалтниот пат во 80-те години на минатиот век, Пантелеј не е заборавено село. Во неговата околина се појавуваат новоградби, викенд куќи, а за верскиот празник во август доаѓаат повеќе илјади посетители.

http://www.kocani.gov.mk/sliki%20voved/pantelej6.jpg
http://www.kocani.gov.mk/sliki%20voved/pantelej4.jpg

http://www.kocani.gov.mk


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.