build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Подземна улица (К.Ј.Питу - Илинденска)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 25-Jun-2013 at 19:41
Ајде да ја реактивирам темава, не без причина.

Ако се сеќавата, а може и погоре во интервјуто да прочитате "крајниот рок за доставување на понудите е 10 јуни 2013-та".

Не ми текнува дека слушнав на вести изминативе 15 дена кој го добил тендерот иако треба да е јавно, нормално нели.

ВО ПРИЛОГ ви ја оставам тендерската документација во која покрај сите детали е наведено дека избор на фирма која ќе изведува ќе се случи на 10 јуни, а период на важност на понудата е 3 месеци (ИАКО на сајтот од каде се подигаше тендерската документација стоеше рок на важност на понуда 150 дена!).

Значи, дали знаеме кој го добил тендерот?

Градот има рок од 90 ИЛИ 150 дена да одлучи дали ќе гради, ако се реши очекувајте старт на работите за истиот период.

Edited by alexsend - 25-Jun-2013 at 19:42
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 30-Jun-2013 at 00:52
ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА ПОДЗЕМНАТА СООБРАЌАЈНИЦА

Наскоро плоштадот ќе стане градилиште


Ако јавниот повик за изведувач на подземната сообраќајница под плоштадот Македонија и кејот „13 Ноември“ заврши во август и притоа не се појават непредвидени работи, изградбата ќе почне до крајот на годинава, најави градоначалникот Kоце Трајановски на последната седница на Советот на Град Скопје. Улицата, која ќе има четири коловозни ленти (по две во една насока), ќе почнува кај мостот „Гоце Делчев“, а ќе излегува кај Народна банка.

На советничко прашање во која фаза од подготовките е капиталниот градски зафат, Трајановски информира дека го продолжиле рокот за прибирање понуди поради обемната техничка документација, која е потребна за аплицирање. Јавниот повик ќе трае до 12 август, а потоа ќе се избира градежната компанија, која ја дала најповолната понуда за изградба.

- Оваа подземна улица е најкапитален објект во метрополата во последните неколку децении. Со подземната улица кај „Рамстор“, која ќе ја изведе турската компанија „Лимак“, многу ќе придонесат за растоварување на сообраќајот во центарот на Скопје, но и за помало загадување во градот - потенцира Трајановски.

Тој рече дека изведбениот проект, кој го изработи шпанската компанија ИДОМ, покажал оти првично планираните 32 милиона евра можеби нема да бидат доволни за целосна реализација на подземниот тунел, односно ќе бидат потребни 40 милиони евра. Причина за поскапувањето се сложените градежни работи на терен, но и изградбата на двете надземни кружни раскрсници на две нивоа на влезот и излезот од улицата - едната кај мостот „Гоце Делчев“, а другата кај Народна банка. Тука се и големите трошоци за хидроизолација, имајќи ја предвид близината на реката Вардар.

Проектот е заедничка инвестиција на Владата и на Градот Скопје. Две третини од сумата ќе ги обезбеди централната власт, од државниот буџет и од кредит, а една третина ќе плати Градот, кој парите ќе ги обезбеди од издавање обврзници и од својата каса.

Должината на сообраќајницата е 1,7 километар, од кои 900 метри се под земја. Рокот за изградба е зацртан на две години.

Ќе се дислоцираат „Гемиџиите“ и „Јустинијан“

По почетокот на изградбата на подземната улица, чија траса е планирана од мостот „Гоце Делчев“ до Народна банка, веднаш до реката Вардар, ќе биде потребно да се дислоцираат два споменика од кејот - „Гемиџиите“ и „Јустинијан“.

На последната седница на Советот на Град Скопје, претседателот на комисијата за финансии, Предраг Трпески, упати критика до надлежните од Градот за трошоците што ќе мора да ги издвојат за преместување на обележјата. Според него, градската власт не требало воопшто да дозволи да се постават овие споменици, кога веќе ги имале плановите за подземната улица.

Јорданка Ивановска #

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2C6AA307E0874B4297C415F9107E13B6

Edited by Andrej_LJ - 30-Jun-2013 at 01:02
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 30-Jun-2013 at 01:01
Покрај постојаните критики за почетокот на тунелот и начинот на неговиот влез и излез, како и фактот што дефинитивно отпаѓа трамвајската траса (сами си газат врз своите планови), следниве работи ми се многу критични:

- како тоа ќе има два кружни тека на влез и излез? Зарем ќе има кружен и кај НБМ? Според мене преку тоа би можело да се пројде, но само доколу директното движение продолжува подземно во насока Центар-Аеродром под кружниот тек и понира непосредно после него.
- Горната моја замисла веројатно е невозможна заради тоа што само 900 од вкупно 1700м ќе бидат подземни! Зошто? Зарем помеѓу Холидеј ин и кружниот кај НБМ ќе биде надземен? Зарем ќе ни се уништи кејот?
- Никаде не се споменува каква ќе биде длабочината на тунелот и како ќе се копа? Дали по Милански, Нов-австриски или отворен метод? Ова не е маргинално прашање бидејќи се работи за самиот центар, главниот плоштад и кејот (кои успеавме да ги затвориме и уништиме за приватна криминална инвестиција, пак зар нема да го направиме тоа за јавен проект)?!

Како и да е продолжува тоталната некомпетентност и штетна политика на Градот и Владата и тоа обвиена со информативен мрак и молк. Како може во ова доба на информацијата на само неколку месеци пред почетокот на работата да не се знае ништо за цитирам "најголемиот проект во Скопје во последниве неколку децении"?

Edited by Andrej_LJ - 30-Jun-2013 at 01:04
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 30-Jun-2013 at 15:50


Максималната
длабочина на тунелот се спомнуваше дека ќе биде 10 метри, но кружеше и податок дека длабочината ќе биде 6 метри (без попрецизно да биде дефинирано). Дали се работи за измени, збрка, или променлива длабочина на различни сегменти, не знам, но веројатно е последното...


Originally posted by Andrej_LJ

Зарем ќе има кружен и кај НБМ?
Зарем не беше во тек? Сега чекаме само уште информација чив споменик ќе биде насаден таму...   Roll%20eyes
И после ќе правеле центар за контрола на сообраќајот и ќе координирале зелени бранови...
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 30-Jun-2013 at 16:38
Не, само го погледнав проектот на првата страница. Сега гледам на втората има повеќе инфо. Како што можам да видам барем на втората страница кружниот тек кај НБМ ќе биде само распределувач на другите насоки, додека главниот транзит Центар-Аеродром останува под кружниот тек и понира после помеѓу НБМ и Железничката. Или се лажам и заблудувам?
Никаде не се споменува барем бариера од еден метар помеѓу двата коловоза, незнам што ги чини еден метар?! Освен очигледно поголемата безбедност има и експлоатациони плусеви: на пример ако се слупа кола во ѕид, барем едната насока може да остане отворена за сообраќај.

Инаку размислував што значи ова за ЛРТ коридорот. Иако би било супер да го вметнеа во овој тунел (иако јас сум изрично против ова решени), сепак доколку се изгради вака како што е, крие поволности за шинскиот коридор. Пред се неговото преплетување нема да биде додатно оптоварено од автомобилски тунел, така што може комотно да си понира пред раскрсницата кај Соборна црква. Станиците нема да бидат заградени од автомобилските тунели (ако профатиме дека таков шински коридор би се градел помеѓу двата коловоза), така што нивната изградба (заедно со пешачките излези) се поедноставува и потенцијално можеме да добиеме одлични решенија. Трето трасата може да се измести на југ и од плоштадот да оди кон Жена борец/директ под ГТЦ/до ГТЦ каде што сега е автобускиот коридор и потоа повторно под паркингот кај Синдикатите да се вклучува кај НБМ многу поелегантно отколку комбинирано со авто-тунели. Исто така станицата под Плоштадот (која јас сеуште тврдам дека мора да биде трансферна со некоја идна подземна линија север-југ) може многу полесно и пофункционално да се изведе на три нивоа: -1 (до 5 метри) за касова сала и можеби некаков трговски околу споменикот на Александар, -2 (до 10-12 метри) да е линијата еден, а -3 (17-20 метри) да е линијата два се разбира со директна меѓу-платформна врска помеѓу двете. Со ова се добива систем низ центарот налик на метро (т.е. возилата и должината на платформите би биле помали, но самата станична инфраструктура ќе ги има поволностите и карактеристиките на трансферна метро станица).
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pfc View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 27-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote pfc Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 30-Jun-2013 at 16:43
Мене најчудно во сите ови бројки ми е каде ги најдоа 1,7км, го гледав на Google earth и отидов го мерев и со точак од средишниот триаголник кај владата до билбордите кај НБМ точно 1141 метар.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 30-Jun-2013 at 17:04
Андреј... забораваш дека трамвајот го планираат да го пуштат по Рекорд... каков тунел под плоштад...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 30-Jun-2013 at 17:06
1) Нели се бориме против тоа решение и целиот проект?
2) И да го пуштат, нема пречки во иднина да се подобри овој сегмент со изградба на ваков подземен коридор и Рекорд да отпадне.
3) СО изградба на автономен висококапацитетен коридор под Центарот се создаваат можности за периферно разгранување на трамвајската мрежа низ градот. Тој би имал капацитет да прими и 5 линии од различни насоки, што не е случај со отворен, неавтономен коридор кој се меша со сите други учесници во движението.


Edited by Andrej_LJ - 30-Jun-2013 at 17:07
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 23-Jul-2013 at 18:21
Со заем од 5 милиони евра Трајановски ќе гради подземна улица пред Влада

Вкупно 4,8 милиони евра ќе се задолжи Градот Скопје преку издавање обврзници со цел да се обезбедат пари за изградба на подземната сообраќајница во централното градско подрачје, која ќе го поврзува булеварот Кузман Јосифовски – Питу со булеварите Илинден и Партизански одреди.

На денешната седница советниците на Град Скопје со 24 гласа „за“ одлучија да го одобрат задолжувањето на Град Скопје, додека советничката група на СДСМ гласаше против со образложение дека финансии за изградба на оваа сообраќајница можело да се обезбедат преку пренамена на средствата од неекономични проекти, а не преку задолжување на градската каса.

- „Сојузот за иднината“ ниту во еден момент не го стави под прашање овој проект, напротив го поддржуваме проектот, но не го поддржуваме начинот на кој се финансира истиот. Во ниту еден момент не можеме сега да поддржиме дополнително задолжување на градот Скопје имајќи предвид дека многу средства се трошат непродуктивно. Отворивме дебата и наведовме неколку проекти за кои непродуктивно се трошат средства, дел од тие средства можеле да се пренаменат за овој капитален проект. Таков пример е зградата на „Водовод и канализација“ за која се задолжило јавното претпријатие. Целиот проект чини преку 500 милиони денари, еден дел можеле да се пренаменат и искористат за овој проект – изјави Предраг Трпески, советник од СДСМ.

Градоначалникот Коце Трајановски во одбрана рече дека овој проект е од голема важност за градот и дека сообраќајницата е еден од приоритетите.

http://www.plusinfo.mk/vest/100271/So-zaem-od-5-milioni-evra-Trajanovski-kje-gradi-podzemna-ulica-pred-Vlada-
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 23-Jul-2013 at 19:15
конечно и нашите општини ги `открија` и обврзниците како начин на финансирање.досега знаеја само за комерцијален кредит од банка
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7415
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 23-Jul-2013 at 22:46
сеуште се надевам и молам дека никогаш нема ни да се сликаат за темели за проектов Shifty
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 24-Jul-2013 at 14:24
Денес разговарав со главниот инженер на една од компаниите кои се пријавија на тендерот. Рече дека имало 3 опции кои ги понудиле. Една од нив, според него најдобра е следната, покрај тоа што има кружен тек кај мостот Гоце Делчев, возилата кои се движат кон Илинденска и обратно од Илинденска кон Комплекс банки воопшто нема да се вклучуваат на кружниот туку ќе поминуваат под него. И истата таа точка (кружниот кај Гоце Делчев) нема да биде на 2 туку на 3 нивоа. 1.кружен тек, 2.премин под кружен за илинденска-аеродром и 3.вклучување кон партизанска.
Експерт кој го ангажирале од една западно европска земја деновиве треба да дојде и да помогне во изборот и деталите за изведба. При зафатот ќе се дислоцираат минимум 3 споменици.

Има уште многу работа околу избор на фирма како и тоа која точно опција да се прифати, ќе треба малку да почекаме.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 24-Jul-2013 at 14:27
Кои 3 споменици? 2та лава од јужната страна на Вардар и?

Edited by UrbanFreak - 24-Jul-2013 at 14:28
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 24-Jul-2013 at 14:34
Samoil i gemigjiite mozebi?
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 24-Jul-2013 at 14:52
Аха, ама тогаш веројатно на Јустинијан мислиш не на Самоил? И така се 4 споменика? Освен ако едниот лав од страната накај Владата не го остават
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 24-Jul-2013 at 15:05
Секогаш кога ќе прочитам "кружен тек на 3 нивоа" се потсетува на оваа слика од кружен тек некаден во Украина.Песимизмот ми кажува дека изгледа е сеуште надреализам за наши услови

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 24-Jul-2013 at 15:41
Originally posted by UrbanFreak

Кои 3 споменици? 2та лава од јужната страна на Вардар и?


Гемиџиите, Јустинијан и Лавот од десната страна на мостот.


Edited by alexsend - 24-Jul-2013 at 15:42
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 24-Jul-2013 at 15:51
Јас мислам дека не се работи за ниеден лав ,туку најверојатно за тој што е одма после Јустинијан кога одиш по кеј накај парк.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7415
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 24-Jul-2013 at 17:18
Originally posted by alexsend

Денес разговарав со главниот инженер на една од компаниите кои се пријавија на тендерот. Рече дека имало 3 опции кои ги понудиле. Една од нив, според него најдобра е следната, покрај тоа што има кружен тек кај мостот Гоце Делчев, возилата кои се движат кон Илинденска и обратно од Илинденска кон Комплекс банки воопшто нема да се вклучуваат на кружниот туку ќе поминуваат под него. И истата таа точка (кружниот кај Гоце Делчев) нема да биде на 2 туку на 3 нивоа. 1.кружен тек, 2.премин под кружен за илинденска-аеродром и 3.вклучување кон партизанска.
Експерт кој го ангажирале од една западно европска земја деновиве треба да дојде и да помогне во изборот и деталите за изведба. При зафатот ќе се дислоцираат минимум 3 споменици.

Има уште многу работа околу избор на фирма како и тоа која точно опција да се прифати, ќе треба малку да почекаме.
има некој постручно мислење за ваквото решение? мене ми звучи добро, затоа што не се мешаат оските во една точка, ама од друга страна не верувам дека ќе се нафатат на таков (за нас) голем зафат
исто така, останува непроменет фактот што масивно прометен булевар е сведен на две ленти, без никаков простор за ништо друго


Edited by zabegan - 25-Jul-2013 at 01:11
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 24-Jul-2013 at 20:41
Originally posted by UrbanFreak

Аха, ама тогаш веројатно на Јустинијан мислиш не на Самоил? И така се 4 споменика? Освен ако едниот лав од страната накај Владата не го остават


да бе,последно време слабо ми работат бубрезите(мозокот)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.