build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ПВЦ столарија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ПВЦ столарија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
iwojima View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote iwojima Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ПВЦ столарија
    Posted: 05-Apr-2011 at 22:31
Барам препорака за ПВЦ прозори и окови како и фирма која тоа квалитетно би го извела? Информациите по српско-хрватскиве форуми за пвц профили ми се прилично контрадикторни така да што повеќе читам се подалеку сум од одлука.
 
ПроСпера ми има прилично атрактивна понуда со Trocal профили. Некој нешто да каже за овие? Овие се дури поевтини од некои турски no-name профили а се рекламираат дека пакетот освен Trocal профилот е со и нискоемисони стакла плус аргон и во случајов тоа што се толку ефтини ме плаши.
 
Некој што ги купил/вградил па да каже колку тоа е ОК или не?
 
Поздрав...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Apr-2011 at 22:37
Јас имам вградено Трокал профили и сум прилично задоволен.

Иако кај нас Рехау и Саламандер се најизвикани, Трокал се одлична марка, германска фирма со 50 годишна традиција на производство и човек воопшто не треба да се сомнева во квалитетот на профилот.

Сепак профилот е само мал дел од еден прозорец. Можеби најбитен дел е оковот а тој највеќе влијае и на цената така да внимавај на тоа.

Од стакла јас имам одбрано 3 слојно стакло со К фактор заштита. Аргонска исполна ти треба доколку земеш двослојно стакло, ако се решиш за трослојно нема потреба.

Фирма неможам да ти препорачам, можам да ти препорачам човек кој кај мене ги работеше и кој цела набавка и монтажа ми ја истурка на своја рака.




Edited by pbanks - 05-Apr-2011 at 22:39
Back to Top
iwojima View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote iwojima Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Apr-2011 at 22:52
Како се препознава тоа т.н. нискоемисионо (К-фактор заштита) стакло?
 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Apr-2011 at 22:59
Тука би можел да те прелажам во смисла дали има некаков специфичен изглед.

Ако не се лажам на стаклото му дава накаква дискретна сино-зеленкаста нијанса.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Apr-2011 at 23:25
пбанкс, сино-зеленкаста Roll%20eyes

LOL



Јас имам искуство со саламандер прозори од човек, незнам како се вика фирмата точно од кисела вода е со своја работилница. Имаат и контакт со мајстори што мачкаат и кречат за еден ден, ова ако ти е за во веќе готов стан да не бараш дополнително, не за карабина. со пет комори, двојно стакло и изненаден сум од тишина што ќе ти донесат. Со три гуми, нема ни топло и ждирење, особено кога пече сонце заради некоја минимална неприметна скоро затемнетост даваат пријатна атмосфера. Влијае и на прашината што ќе ја бришеш дома од намештај, почист воздух имаш преку стари прозори и прашина влага.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Apr-2011 at 23:31
Originally posted by lslcrew

пбанкс, сино-зеленкаста Roll%20eyes

LOL





лошо звучи но зборуваме за дискретна нијанса која не ја ни конташ освен ако 3-4 прозорци не се наредени еден на друг. Тогаш некако се „агрегира“ бојата.

Инаку вака немаат некоја фалинка нити изгледаат страшно ко што може ги опишав.


Back to Top
iwojima View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote iwojima Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Apr-2011 at 23:44
да, изгледа ќе да имаат некаква зеленкаста нијанса.. На англиски ова се викало Low-E стакло.
 
Најдов и некој трик со рефлексија на пламен од упаљач за потврда дали стаклото е нискоемисионо или не...
Back to Top
goran222 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote goran222 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-May-2012 at 14:59
Дали може некој да ми каже колку е цената на метро  5 коморен пвц прозор и колку е квадрат термопан стакло.
Back to Top
VENOM View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-May-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote VENOM Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Jun-2012 at 18:02

Алупласт ИДЕАЛ 6000


Некој ако има искуство со овие нека каже дали се добри и препорака за некои други



Edited by VENOM - 27-Jun-2012 at 18:06
Back to Top
mirko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Aug-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote mirko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 20-Mar-2013 at 18:19
mose li nekoj da mi preporaca firma za PVC prozorci, baram kontakt za firma ili lice od koi ste imale pozitivno iskustvo i ste zadovolni od kvalitetot na prozorcite i montazata
Odnapred blagodaram
Back to Top
oxia View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote oxia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Mar-2013 at 21:28
Originally posted by mirko

mose li nekoj da mi preporaca firma za PVC prozorci, baram kontakt za firma ili lice od koi ste imale pozitivno iskustvo i ste zadovolni od kvalitetot na prozorcite i montazata
Odnapred blagodaram

Проспера.Контакт на гугл ќе најдеш.
Back to Top
nikola2004mkd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nikola2004mkd Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Oct-2013 at 14:58
Здраво на сите.
Размислувам за промена на сегашната дрвена столарија со PVC па ме интересираат повеќе работи:

- Кој профил ми го препорачувате?
- Дали има некоја реална разлика помеѓу 5, 6 и 6 коморен профил наменет за пасивни куќи (најчесто коморите се исполнети со некоја изолациона смеса слична на пур-пена)?
- Која комбинација на стакло пакет да одберам (К-стакло, обично, 4 сезони)?
- Дали некоја комбинација на од овие стакло пакети ја намалува пропусноста на светлина, бидејќи во просторот има релативно малку сончева светлина и не сакам и таа да ја изгубам?
- Како можам да бидам сигурен дека го добивам тоа што го плаќам? Дали има некој начин да се провери дали К-стаклото е навистина К-стакло или пак на пример дали нависта има исполна со аргон?
- Зошто се јавува влага и кондензација многу често кога ќе се заменат старите прозори со PVC? Како можам да бидам сигурен дека нема да ми се појави кондензација и влага?
- Што да правам со кутиите од ролетни? Дали да ги извадам и да го наполнам просторот со тер-вол, дали да ги преместам од надворешната страна, како е најдобро?
 
 
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Oct-2013 at 17:40
Кондензација се јавува обично кај алуминиумски профили,а кај ПВЦ послабо.

Реално еден профил гледаш и плаќаш,а друг ти ставаат-со помалку комори.Колку комори повеќе ,толку помалку топлина излегува низ рамот.

стаклата обично само ги лепат со црн силикон и се ставаат зрнцина за неутрализација на влагата,а треба да се извади воздухот од внатре со машина и да се вбризга некој гас,најчесто аргон.Ако само ги залепат стаклата тоа не е термопан стакло,туку обични две стакла херметички залепени помеѓу себе.

ако не ти мава светлина многу,стави обично стакло,нема потреба од поскапо
Back to Top
maci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 16
  Quote maci Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Oct-2013 at 08:06
јас мислам дека кај нас никој не се занивава со вадење воздух и ставање аргон.сите што кажуваат лажат.прават само пропаганда,не и се исплаќа да го прават тоа.
и јас кога нарачував со 5 комори одкај да знам дека не ми ставиле со 3?
кој и како може да го провери тоа?
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Oct-2013 at 19:24
Го дупчев најмалиот прозорец, оној од тоалетот, со дупчалка и ги броев коморите.
Е не, ќе го пуштам така на жими мајка...
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 19-Oct-2013 at 19:57
Еве неколку информации за тоа што треба да гледате кога купувате ПВЦ профили
-Од каков материјал е изграден прозорецот
-Број на комори
-Стакло
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 587
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Jan-2014 at 11:49
Пред некој месец ги заменив моите застарени дрвени прозорци со ПВЦ во мојата викендица во Охрид. Долго време се мислев, премислував, вагав, одев на разноразни форуми и конечно се решив. Освен практичноста кон дрвото ме влечеше и малку сентименталност (долго време работев во шумарството.
Но можам да речам дека не згрешив, на прозорците од дрво им поминува времето. Со новиве прозорци немам воопшто промаја, сметките за струја ми се 20% помали а верувам ќе бидат подолготрајни. Некој споемена погоре кондензација, јас немам таков проблем. Можеби ќе беше уште поуспешно да ставев алуминијумски, но ми беа прескапи во моментов.
Единствено ми е ‘шубе‘ што би рекле Охриѓани, дали навистина не се опасни за здравјето. Прочитав многу текстови, едни ја бранат дрвената столарија, други пластиката или алуминијумот. Секој треба да си одбере самиот. Ево неколку линка каде можат да се видат предностнте и маните на двете страни/се надевам нема да ви створам уште поолема конфузија

http://www.homebuilding.co.uk/design/choosing-products/doors-windows/buying-windows-timber-or-pvcu

http://www.kalesy.ee/wooden-windows-vs-pvc-windows.htm

http://www.inoutic.de/en/tips-on-window-purchase/why-pvc-windows-/advantages-of-pvc-windows-/vorteile-kunststofffenstern.html

http://www.enterijer.rs/content/pvc-aluminijumski-ili-drveni-prozori

http://www.pvcialustolarija.rs/

http://www.drvolik.com/index.php?option=com_content&view=article&id=6:zasto-drvo-a-ne-pvc&catid=1:latest-news
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 587
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Jan-2014 at 12:23
Пред некој месец ги заменив моите застарени дрвени прозорци со ПВЦ во мојата викендица во Охрид. Долго време се мислев, премислував, вагав, одев на разноразни форуми и конечно се решив. Освен практичноста кон дрвото ме влечеше и малку сентименталност (долго време работев во шумарството.
Но можам да речам дека не згрешив, на прозорците од дрво им поминува времето. Со новиве прозорци немам воопшто промаја, сметките за струја ми се 20% помали а верувам ќе бидат подолготрајни. Некој споемена погоре кондензација, јас немам таков проблем. Можеби ќе беше уште поуспешно да ставев алуминијумски, но ми беа прескапи во моментов.
Единствено ми е ‘шубе‘ што би рекле Охриѓани, дали навистина не се опасни за здравјето. Прочитав многу текстови, едни ја бранат дрвената столарија, други пластиката или алуминијумот. Секој треба да си одбере самиот. Ево неколку линка каде можат да се видат предностнте и маните на двете страни/се надевам нема да ви створам уште поgолема конфузија

http://www.homebuilding.co.uk/design/choosing-products/doors-windows/buying-windows-timber-or-pvcu

http://www.kalesy.ee/wooden-windows-vs-pvc-windows.htm

http://www.inoutic.de/en/tips-on-window-purchase/why-pvc-windows-/advantages-of-pvc-windows-/vorteile-kunststofffenstern.html

http://www.enterijer.rs/content/pvc-aluminijumski-ili-drveni-prozori

http://www.pvcialustolarija.rs/

http://www.drvolik.com/index.php?option=com_content&view=article&id=6:zasto-drvo-a-ne-pvc&catid=1:latest-news
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Jan-2014 at 14:39


 

конфузија е најчесто скриена во џебот а не во аберот Smile едно време max верглаше за тоа во тематаза pvc-парапет [1] иако ко што вика во темата за прозорци денес тешко да се начека квалитетно а ефтино дрво [1]

во принцип единстена грешка денес е стравот од шкарт материјали а со тоа и шкарт комфор односно здравје, но дури допрва ќе учиме колку истиот е оправдан [1]

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 587
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Jan-2014 at 16:00
Да,морам да се сложам со тебе, џебот диктира. А и трговциве прават финти, ќе стават голема цена, мислиш квалитет е, а тоа истиот шкарт, малку светнат со друга цена.
Човек мора добро да се информира.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.