build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Предлог стратегија против сообраќаен хаос - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Предлог стратегија против сообраќаен хаос - Скопје
    Posted: 07-Apr-2011 at 19:16
Добро сме сите запознаени со сообраќајниот хаос со кој се соочува Скопје, особено начинот како најлесно да се премости центарот. Се обидов во неколку фази да го сублимирам она за што сум се залагал, а и дурги членови го дискутирале. Се работи за замисла како би требало да изгледа центарската мрежа после неколку зафати.

Предфаза.

Се работи за решение за кои и јас едно време не бев поддржувач. Едно импровизационо решение кое од две улици прави една виртуелна двонасочна. Рекорд од 4 ленти наместо да функционира со по две во правец, се воведува нов режим со 3 ленти од Собрание према Палома Бјанка и една лента во обратен правец исклучиво резервирана за автобуски превоз. Автомобилите и другите возила од Палома Бјанка према Собрани се движат по улицата позади Собрание, од кај ТЦ Плаза, Беко итн, улица која сега има две ленти. Се добива функционален виртуелен булевар со 3 ленти во два правци. Ова решение би требало да се воведе независно дали ќе се пристапува кон наредните фази, нешто што воопшто и не чини освен боја и неколку знаци за регулирање на режимот. Дополнително двете раскрници од 4 страни, стануваат раскрсници со само 3 страни што дава простор за поголем процент време за проток.



Расксницата кај Палома Бјанка од страната на рекорд ќе мора да се примени некои понеобично решение заради олеснување на маневарскиот простор за автобусите.



Прва фаза. Изградба на булеварот Даме Груев со профил на делови од 3 ленти, на делови со 2 ленти по правец. За ова нужно е враќање на рекорд во првобитен режим со 2 менти по правец. поради проток низ центарот. Предфазата е само привремена импровизација што би требала уште одма да се примени се до почнување со другите фази. За зиградба на булеварот треба да се експропреираат две згради кои се на трасата. На мапата обележани со црвено. Изградбата опфаќа исправање на делница 1, поместување и оформување на комплетна раскрница кај Палома Бјанка, 2 и 4 може да бидат со средишно зеленило, но порадинедостиг на паркинг простор може и да се размислува во правец да се укине средишносто зеленило и трета лента за да се отвори доволно простор за одвоен паркинг. Можни решенија има многу, но практичната цел е обезбедување 4 сообраќајни ленти, за друго може да се земаат во предвид многу мислења и желби. Делницата 3 е обично решение со 4 ленти, без средишно зеленило.

Следната мапа содржи и дел од една наредна фаза. Односно привремен сообраќаен режим за она што следува. Затворање на рекорд за сообраќај откако е изграден булеварот Даме Груев со 4 ленти, по 2 за секој правец. Излезот од ГТЦ функционира со тоа што возилата и автобусите вртат во правец на Собрание и оние кои предходно го користеле рекорд продолжуваат по веќе двосмерниот булевар Даме Груев. Автобуските се вцртани со дебели зелени линии, едната е на паркингот пред сегашниот завод за статистика, другата на зеленилото кај Коктел Бар.



Сега откако рекорд е затворен може да се започне со она што за тука го предвидувам. Се работи за уличка на ниво -1 со 2 ленти кои се предвидени да бидат исклучиво за излез од ГТЦ. Може да биде целосно затворена, но може да биде и продолжение на она што е кај ГТЦ со некој полуотворен изглед поради природна светлина и воздух во уличката имајќи во предвид дека ваква уличка генерира слаб сообраќај, а сега за сега е само за излез на возилата од паркингот и автобуси кои и би можеле да сообраќајот преку новоизградениот булевар за кој предмалку зборував и воопшто да нема потреба да влегуваат во ГТЦ. Дури и може да се пушти во слободен промет уличката и за приватни возила, но не би генерирала особено голем проток. Уличката од излезот на ГТЦ се води подземно до неколку десетина метри после пресекувањето со улица Македонија и излага до ниво 0 на раскрницата кај министерство за образование. ОД рекорд делот од улица Македонија до Жена парк стаунува пешачка зона која со улица Македонија, жена парк, гтц и плоштадчето околу триумфална капија креираат една пешачка зона сврзана.Овој дел е особено погоден за угостителски објекти. Вториот дел од улицата, од пресекот со улица Македонија до раскрницата со Палома Бјанка се скратува по една возна лента во корист на тротоарот и се добива простор без значаен сообраќај кој исто така може да трпи некоја форма на помали угостителски објекти со само еден ред маси или нешто на стоење како сендвичари, пијалаци освежувачки или слично.



До тука е втора фаза.

Понатаму се пристапува за изгадба на тунелот под плоштад и тоа прво кракот од собрание со соборна. Пред собрание се спушат до едно ниво под предходно опишаната подземна улица и оди до соборна каде од како ќе се пробие со после тифани и комплетно заврши внатре поради време и потребни нови привремени режими се завршува компелтно до асфалтирање со сите пропратни системи за атмосферска канализација и оние кои не се од монтажерски работи туку од изградба.

Наредно што доаѓа е изградба на плоштадот Свети Климент Охридски којшто го имам опишано предходно http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=604

Поради тоа што кракот од Соборна до прекрстувањете треба да опслужува сообраќај од 2 крака за него предвидувам 3 ленти по правец, за двата крака, оние до собрание и према комлекс банки по 2 ленти по правец. Сега веќе има подземен коридор од Собрание до Соборна и булеварот Даме Груев.



Наредно е непречено пробивање на останатиот крак од тунелот под плоштад, делот од прекрстувањето до комлекс банки кои не е притиснато од никаков привремен режим.

Целосното компелтирање овозможува избалансиран проток на возила во тунелот и булеварот Даме Груев. Оние што имаат потреба од застанување во Голем Ринг го користат булеварот, оние што се за транзит се низ тунелот.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 713
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Apr-2011 at 19:48
против сообраќаен хаос
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Apr-2011 at 22:39
Сигурно сакаш да чуеш и мое мислење

За последната слика со зацртаниот тунел, немам коментар, навистина решението е светско и би било за Скопје измислено.

Но, околу претходните фази, дозволи малку да проанализирам. Крајниот ефект, практично ти е зголемен проток на возила околу Даме Груев и пешачка зона долж ул. Македонија.

Според мене, за ова да го постигнеш, имаш 2 скапи решенија - експропријација и рушење на 2 згради, потоа градење на подземна улица во сегментот пред Рекорд (откај ГТЦ). Тоа се реално двата најскапи елементи во твојата замисла.

Јас би се сложил со продолжувањето на пешачката зона преку Рекорд, но сум против решението истата да се прошири и до Триумфалната порта. Нема никаква потреба за тоа.

Сосема доволно решение за Скопје е да се добие од Даме Груев>Плоштад>Камени мост>Чаршија/Кале. Тоа е една прекрасна пешачка зона која има и јасна насока на движење. Ова се решеава до денивелација на улицата пред Рекорд и изградба на широк рамен со улицата пешачки мост преку неа.


За да се поевтини твоето решение, би го тргнал рушењето на зградите. Подземното решение кај Рекорд мора да остане, но наместо да се рушат зградите на Даме Груев, сосема доволно ќе биде да се искористи системот на еднонасочно движење.

1. Даме Груев>лево на Палома Бјанка>Рекорд>Градска Болница (еден смер)
2. Градска болница>зад Собрание>лево на Палома Бјанка (или десно во насока на еднонасочната кон рекорд

Со тоа практично раскрсницата кај Палома Бјанка се елиминира, бидејќи има само природни вртење лево-десно (нема правец право во ниедна насока што би го прекинал протокот). Ова мислам дека е подобро решение од во твојот пример.

Раскрсницата кај Градска би имала 3 правци, значи исто би се растеретила.



Трасата 1 (црвена) може да биде и само 3 ленти, па да се прошири тротоарот од страна на Собранието - посебно пред Собранието тоа би било доста фино решение, за малце да се зголеми просторот пред Собрание.


Трасата 2 (зелена) би имала единствено проблем со јавниот транспорт. Или би морал да се забрани јавен транспорт, па да се движи по Мито Хаџивасилев, или пак ако се дозволи во овој дел, да се направи проширување на 3 ленти во правец од Собрание до Палома Бјанка. Во вториот случај ќе мора да се руши и едната зграда што ја предвиде и во твојот план.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Apr-2011 at 02:21
Рушење две згради за сеиозен град не е никаков товар. се работи за стари згради што се предвидени за рушење многу оддамна. Неизбежно е кога тогаш. Тие траси без разлика во која насока ќе бидат мора да се пробијат. Цената не би била поголема од неколку стотици илјади евра што е балансирана према добивката што ја имаме.

Улицата на рекорд е со метода на површински ископ што воопшто не е скапа метода за разлика од други инфраструктурни зафати. Предлогот што се вртеше деновиве го зимаш како репер и удираш цена по метар. Ниту тоа е реална цена, ниту па пресметката ти е така лесна.

Овој режим што ти е предложен само ја комплицира раскрсницата кај Палома, затоа што повторно има виртуелни три улици само што едната нема блага врска со нашиот сообраќен систем зашто имаш трета виртуелна улица со возење од лева страна.  Друга работа е што Мито и Даме се две улици што би функционира во исти правец. Мито мора да остане во тој правец како тангента на јужен, а даме само ќе го преклопува и ништо не си добил. Идејата е да наизменично бидат во спротивни насоки да има резултат. Неможе никогаш таква раскрница во центар да ја елиминираш, особено што не го следиш кој е ефектот на големата слика и како ваквото решение ќе се одрази на околните раскрсници.

Пешачката зона намерно е споена за да се искористи можноста да се добие целина со жена парк. Зашто инако кога би биле блиску две пешаки зони не би ги врзале и зашто па мора па да биде само една пешачка патека од музеј на град скопје го кале, зашто не две или повеќе. Мојот предлог не е во насока да ја загрози таа патека. Еве ти размисјувај малку пошироко како што ни предложи и отвори го умот, даимаме повеќе пешачки патеки


Edited by lslcrew - 08-Apr-2011 at 02:26
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2280
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Apr-2011 at 07:16
Јас долго сум размислувал за истово и сакам да ви го претставам мојот предлог:
 
1.  На булеварите: Даме Груев, Димитрие Чуповски, Војвода Васил Аџиларски и Стив Наумов да се ставаат рампи и да се наплаќа возење по нив за секој приватен автомобил 100 ден. Бесплатно возење по нив да имаат автобусите, такси-возилата, Прва помош, Полиција, Пожарна, Пајак, возила за дотур на стока, возила на инвалидизирани лица и возила на хибриден погон.
 
2. Бесплатен јавен превоз во автобусите во затворената зона.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Apr-2011 at 08:03
Originally posted by lslcrew



Рушење две згради за сеиозен град не е никаков товар. се работи за стари згради што се предвидени за рушење многу оддамна. Неизбежно е кога тогаш. Тие траси без разлика во која насока ќе бидат мора да се пробијат. Цената не би била поголема од неколку стотици илјади евра што е балансирана према добивката што ја имаме.Улицата на рекорд е со метода на површински ископ што воопшто не е скапа метода за разлика од други инфраструктурни зафати. Предлогот што се вртеше деновиве го зимаш како репер и удираш цена по метар. Ниту тоа е реална цена, ниту па пресметката ти е така лесна.Овој режим што ти е предложен само ја комплицира раскрсницата кај Палома, затоа што повторно има виртуелни три улици само што едната нема блага врска со нашиот сообраќен систем зашто имаш трета виртуелна улица со возење од лева страна.  Друга работа е што Мито и Даме се две улици што би функционира во исти правец. Мито мора да остане во тој правец како тангента на јужен, а даме само ќе го преклопува и ништо не си добил. Идејата е да наизменично бидат во спротивни насоки да има резултат. Неможе никогаш таква раскрница во центар да ја елиминираш, особено што не го следиш кој е ефектот на големата слика и како ваквото решение ќе се одрази на околните раскрсници.Пешачката зона намерно е споена за да се искористи можноста да се добие целина со жена парк. Зашто инако кога би биле блиску две пешаки зони не би ги врзале и зашто па мора па да биде само една пешачка патека од музеј на град скопје го кале, зашто не две или повеќе. Мојот предлог не е во насока да ја загрози таа патека. Еве ти размисјувај малку пошироко како што ни предложи и отвори го умот, даимаме повеќе пешачки патеки


Ај кажи ми кога во Скопје во последните 40 години се срушиле две згради од таков калибар?

Значи нереално е.

Што се однесува до анализата, би појаснил неколку работи. Вртењето лево од еднонасочна во еднонасочна, воопшто не е непознато за нашите сообраќајни правила. Тоа е многу нормално и природно. Има веќе неколку такви примери во Скопје, иако не се улици со повеќе ленти, па може тоа те буни.

Елиминацијата на раскрсницата кај Палома Бјанка ќе биде страотно олеснување на сообраќајот, а уште поголем ефект ќе се постигне со фактот дека Даме и Чуповски ќе бидат строго еднонасочни, и тоа во целиот тек од крајот на Партизанска до Градска, во еден правец, и од Градска до Студенсткиот Кузман, во друг правец. Така овој дел од градот сообраќајно ќе се растерети.

Исто спомнав дека раскрсницата кај Градска ќе се растерети, зашто ќе има три правци. Исто ќе се растерети и раскрсницата на крајот на Партизанска, бидејќи таму би останале во тој случај само 2 правци (партизанска лево и десно - 1 правец; од мостот гоце делчев право кон даме - 2 правец).

Единствено оптеретување може да се случи на раскрсницата кај Домот Кузман, но со оглед на тоа дека други 3 централни раскрсници се растеретуваат, решението мислам дека е валидно.

А што се однесува до тоа дека Даме и Мито ќе одат во ист правец, тоа не е воопшто проблем. Впрочем истото се случува и во твојот предлот, само што не е Даме и Мито, него Чуповски и Мито, а успат си направил двонасочни улици и раскрсници кои функционираат полошо. Башка и невообичаеното решение за наши услови за јавен транспорт.

За ширењето на пешачката зона, таа може да се изведе и со мојот предлог, иако во овој момент сметам дека е непотребна и скапа. Некогаш во иднина можеби ќе може да се изведе.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 743
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Apr-2011 at 11:11
lslcrew imam edna mala zabeleshka vo odnos na poslednata faza kade tunelot pod ploshta izleguva kaj sobranie. Izlezot mora da bide malku ponazad nemozhe paralelno so sobranie da ima nagib bidejki dvata prioda za pred vlezot kaj sobranie mora da bidat direktno pristapni od ulica shto e na isto ramnishte. Ova e chisto radi bezbednostni prichini i merki na koi mora da se vnimava koga e vo prashanje drzhavna institucija od visok kalibar.Taka da sledstveno povrzuvanjeto na zhena park so plato pred triumfalna i rekord nema da mozhe da se ostvari.

@krale voopüto ne e isto toa shto go prtetstavi lslcrew i tvoeto reshenie, bidejkji vo tovoeto ima dve soobrakjajnici edna do druga koi se vo ist pravec dodek vo reshenieto na lslcrew nema sosedni paralelni soobrakjajnici koi se vo ist pravec.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2280
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Apr-2011 at 11:23

        И што правиме кога ќе има протести пред собранието. каде ќе го пренасочите сообраќајот од Димитрие Чуповски?

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Apr-2011 at 12:03
Originally posted by phenomenon

        И што правиме кога ќе има протести пред собранието. каде ќе го пренасочите сообраќајот од Димитрие Чуповски?



А зашто па да се дозволува блокирање на сообраќај за протести?

Многу нелогично, па уште и ќе планираме за тоа. Нека се протестира на плоштад кај што има место.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2280
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Apr-2011 at 12:27
          И јас не би дозволил. Би дозволил протести во Нова Брезница. Но, од досегашното искуство, секој кому му падне на памет, може да блокира фреквентни булевари и раскрсници. не гледам дека тоа ќе се промени во догледно време.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Apr-2011 at 16:43
Лани се срушија 5 куќи за илинденска и србија. Ако ти текнува пред некои 15-тина години се рушеше зграда за Кузман булеварот. Прашање и колку булевари се изгардиле за да се рушат. Па поле земјотресот колку маала се преклопени од булевари. Не е тоа така како што вишак, ако се решиме пари се наоќаат, еве сега и со првомајска.

Евентуални забуни не се никаква пречка. затоа постојат правила што ажат во македонија, неможе вечно да се ограничуваме од квалитетни решенија.

Деноноќно не убедуваше дека тунелот под плоштад не е потребен, за да ни кажеш дека треба привиден режим од партизнска преку Свети Климент Охридски и рекорд да биде некаков булевар. Неможе тоа да функционира така, капацитетот ниакде не се зголемува. Од шупло во празно.

Можам за пола саат да ти дадам решение како да растеретиш дестина раскрници од ценатр на сметка на една, ама што со таа.

Функционирање на две паралелни улици во иста правец го доведува до состојба на излишност сите меѓусебни врски, а тоа е третиот дел од улица Македонија. Трпиш штета кога постоечки улици ги правиш насукани џебови или слепи црепа. Губиш на капацитет. Постоечки уличен капитал го сметаш како компромитирачки елементи на други траси, наместо да им дадеш улога во ситуацијата.

Пристапот до сообранието може да се одвива во две варијанти кои не се исклучуваат една од друга туку може и двете да бидат. Ендата е позади собрание околу и пред собрание, другата е од подземното уличе од трговски према рекорд од -1 ниво со нагиб да се доаѓа до влезот на собрание. Простор има зашто се работи за широк простор и за целосно покриена уличка која би можело и дел под тротоарот да биде, а и така се работи за коридор под плоштад од 4 ленти кој би се градел на простор со сегашни 6 ленти и дополнително широк тротоар така да маневарски простор има повеќе од доволно. Практичната цел е намалување на гужвата во сообрачајот, а не да се има плато пред собрание. Безбедноста воопшто не се намалува ниту пристапот се ограничува.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Apr-2011 at 18:20
Предлогот отвара можност за две нови споменика од кои едната може со фонтана да биде на улица Македонија и новофорумираната пешачка зона, а другата кај триумфалната капија меѓу рекорд и паркот.

Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 743
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Apr-2011 at 19:39
off topic: lslcrew, se obiduvash da im go napravish simpatichen proektov na vlastive?
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Apr-2011 at 19:43
Previous Па што да не, ионака изгледа по форумиве паѓаат подобри идеи отколку во главите на главашите.
.....   .......
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Apr-2011 at 19:43
Ха хааа! Меѓудругото, не на властите само и за мене и за другите. Штета е два пешачки патеки да се прекрстуваат, а да нема никава содржина. Башка сега не ни прејудицирав барок, само маркици вцртав иако некаде на форумов за таа на рекор димам пример за барок приложено.

Отвори го предлогот за плоштад Свети Климент Охридски тамо иумам и предлог за две маркици што ќе се содадат во центар. http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=604&PID=78155#78155
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Apr-2011 at 20:27
Лсл, едно прашање, предлогов ти е како алтернатива на подземниот премин Партизанска/Веро или паралелен проект? Се прашувам, доколку би се  одела со целосна реализација на првиот, дали воопшто би имало потреба од овие зафати?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Apr-2011 at 01:15
Линиите испрекинати покажуваат дека како последно што треба да дојде е целосно тунелот изграден. не е алтернатива, само го немам цртано тоа. Таман работа, не ми паѓа тоа на ум.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Apr-2011 at 15:50
Originally posted by lslcrew

Лани се срушија 5 куќи за илинденска и србија. Ако ти текнува пред некои 15-тина години се рушеше зграда за Кузман булеварот. Прашање и колку булевари се изгардиле за да се рушат. Па поле земјотресот колку маала се преклопени од булевари. Не е тоа така како што вишак, ако се решиме пари се наоќаат, еве сега и со првомајска.Евентуални забуни не се никаква пречка. затоа постојат правила што ажат во македонија, неможе вечно да се ограничуваме од квалитетни решенија.Деноноќно не убедуваше дека тунелот под плоштад не е потребен, за да ни кажеш дека треба привиден режим од партизнска преку Свети Климент Охридски и рекорд да биде некаков булевар. Неможе тоа да функционира така, капацитетот ниакде не се зголемува. Од шупло во празно.Можам за пола саат да ти дадам решение како да растеретиш дестина раскрници од ценатр на сметка на една, ама што со таа.Функционирање на две паралелни улици во иста правец го доведува до состојба на излишност сите меѓусебни врски, а тоа е третиот дел од улица Македонија. Трпиш штета кога постоечки улици ги правиш насукани џебови или слепи црепа. Губиш на капацитет. Постоечки уличен капитал го сметаш како компромитирачки елементи на други траси, наместо да им дадеш улога во ситуацијата.Пристапот до сообранието може да се одвива во две варијанти кои не се исклучуваат една од друга туку може и двете да бидат. Ендата е позади собрание околу и пред собрание, другата е од подземното уличе од трговски према рекорд од -1 ниво со нагиб да се доаѓа до влезот на собрание. Простор има зашто се работи за широк простор и за целосно покриена уличка која би можело и дел под тротоарот да биде, а и така се работи за коридор под плоштад од 4 ленти кој би се градел на простор со сегашни 6 ленти и дополнително широк тротоар така да маневарски простор има повеќе од доволно. Практичната цел е намалување на гужвата во сообрачајот, а не да се има плато пред собрание. Безбедноста воопшто не се намалува ниту пристапот се ограничува.


Куќите на Илинденска беа нелегални (или приврмени не ми текнува). Тоа е голема разлика од легални згради со станови во сред центар на град.

Мене не ми пречи, не сум против твоето решение, да не ме сфатиш погрешно. Само со среќа со вакви идеи што ќе се фрустрираш цел живот бидејќи нема ништо да биде од тоа.

Мајсторите на архитектурата се оние кои успеале од ресурсите достапни во нивно време, да направат ремек-дела. Не да сонуваат за поголеми ресурси - тоа се поетите
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Apr-2011 at 16:15
Originally posted by lslcrew

Понатаму се пристапува за изгадба на тунелот под плоштад и тоа прво кракот од собрание со соборна. Пред собрание се спушат до едно ниво под предходно опишаната подземна улица
За да се спушти булеварскиот тунел што доаѓа од собрание на -2 ниво на толку мал простор (кратка дистанца), како што е опишано во планов:
http://i906.photobucket.com/albums/ac263/lslcrew3/sobb.jpg
, сигурно ќе требаат ужасно стрмни нагиби, што за ваква сообраќајница е неприфатливо.

Без реметење на севкупниот концепт кој го презентираше, решението за оваа конкретна точка би можело да биде обратно - улицата од ГТЦ да поминува под булеварскиот тунел. Како прво таа веќе стартува од ниво -1, а како второ далеку би биле поевтини било какви манипулации со улица од таков ранг, отколку со булеварот.



Originally posted by krale

А што се однесува до тоа дека Даме и Мито ќе одат во ист правец, тоа не е воопшто проблем. Впрочем истото се случува и во твојот предлот, само што не е Даме и Мито, него Чуповски и Мито
lslcrew има право, не е сеедно по кој распоред би биле подредени еднонасочните улици. Далеку подобро е:

<<<<< Д. Чуповски <<<<<
>>>>> Даме Груев >>>>>
<<<<< М.Х.Јасмин <<<<<
>>>>> Железничка >>>>>

отколку:

>>>>> Д. Чуповски >>>>>
<<<<<  Даме Груев <<<<<
<<<<< М.Х.Јасмин <<<<<
>>>>> Железничка >>>>>



Originally posted by krale

Ај кажи ми кога во Скопје во последните 40 години се срушиле две згради од таков калибар?

Значи нереално е.
Каква е оваа логика? Па тогаш да си застанеме во место и точка... И на терен и во свеста да си се забетонираме како што било во изминатите 40 години и решен проблем за сва времена...
Ама дури и да се поведеме по оваа твоја логика, пак не си во право. Еве пример за рушење на легална станбена зграда за пробивање на булевар, од доцните 80-ти. По твојата логика на „континуитет“, значи баш неопходно е да се држиме до ваквата пракса, а нереално е да не рушиме.




Edited by Cloverstack - 09-Apr-2011 at 16:17
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Apr-2011 at 16:29
Originally posted by Cloverstack


Каква е оваа логика? Па тогаш да си застанеме во место и точка... И на терен и во свеста да си се забетонираме како што било во изминатите 40 години и решен проблем за сва времена...Ама дури и да се поведеме по оваа твоја логика, пак не си во право. Еве пример за рушење на легална станбена зграда за пробивање на булевар, од доцните 80-ти. По твојата логика на „континуитет“, значи баш неопходно е да се држиме до ваквата пракса, а нереално е да не рушиме.


Кловер,

ние крв исплукавме во градов, од архитекти со бујна фантазија. Нивните сообраќајни решенија, тунели, подземни паркинзи и булевари... па па па... милина се тоа да се гледа. А во реалноста една куќа до Железничка се заобиколува и се крати целиот булевар. Иста таква ја стеснува Водњанска. Слична таква ја прекинува 4 Јули во Ѓ.П. Таква стои и на патчено во Керамидница, зад Саем. Да не редам примери ваљда знаете во кој град живеете, ама пак гледам не ви „светнува“.

Edited by krale - 09-Apr-2011 at 16:30
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.