build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова ограда на мост Гоце Делчев

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 15-Aug-2011 at 10:21
kolku ne odgovara ogradata na celiot most toa e nevideno nesto. utka ipol
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 15-Aug-2011 at 10:55
Многу е убава оградата, стигнати се до пола од страната на Калето и мислам дека со новите споменици ќе дојде како одлична целина.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 15-Aug-2011 at 11:47
Originally posted by Mjölnir

Многу е убава оградата, стигнати се до пола од страната на Калето и мислам дека со новите споменици ќе дојде како одлична целина.
А што е со мостот? Или него после ќе го срушиме и ќе изградиме нов да биде целина со спомениците и оградата?
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 15-Aug-2011 at 11:54
Мост ко мост, не е некој ултрамодерен, туку едноставен современ мост. На него се можни уште некои корекции за да се вклопи повеќе (ако веќе не ти изгледа вклопен).
P.S. погледни го и мостот кај МАНУ, мислам дека е одличен, извлечен е максимум со оглед на вложувањето.

Edited by Mjölnir - 15-Aug-2011 at 11:55
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 15-Aug-2011 at 12:32

Мостот Гоце Делчев има едноставни но елегантни модерни линии. И како таков требаше соодветно и да се третира. Само ние наопаку ги туркаме работите, на веќе изграден современ мост, ставаме ограда и споменици во некој друг стил и после ќе го менуваме и мостот да се вклопи. Повеќе од очигледна е нелогичноста. Не сум против оградата, истата би прилегала на друго место, нити сум против лавовите, но секако како целина со мостот (кој е сепак главнит лик во композицијата) немаат блага врска. Но што да должам понатака кога веќе се поставува, преостанува да ја прифатиме каква што е.

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 15-Aug-2011 at 13:13
Оградата на мостот Гоце Делчев нема воопшто да одговара со самиот стил на мостот, гледајќи од самиот мост и од кола тоа нема многу да се забележува, но погледот од кејот кон мостот ќе ја отсликува целата иронија.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 15-Aug-2011 at 14:29
имам подобра идеја ај да го срушиме калето па да одговара на модерниот мост гоце делчев, да ја срушиме и турската чарчија да одговара на модерниот пат и светилки. Откога го изрушија цел стар Скопје, објекти стари стотици години, па сега ќе пуштаме кродилски солзи по мост стар триесетина години. Аман веќе од носталгија по квази модерни објекти
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 15-Aug-2011 at 14:46
Originally posted by makonix

имам подобра идеја ај да го срушиме калето па да одговара на модерниот мост гоце делчев, да ја срушиме и турската чарчија да одговара на модерниот пат и светилки. Откога го изрушија цел стар Скопје, објекти стари стотици години, па сега ќе пуштаме кродилски солзи по мост стар триесетина години. Аман веќе од носталгија по квази модерни објекти
По којзнае кој пат, објектите кои биле срушени од земјотресот (и безмилосно после него од тогашните власти) биле стари 30-40 години. Мојата семејна куќа е постара. Дајте без вакви непроверени подсатоци ве молам, проверете прво кога кој објект е изграден и одземете ја таа година од 1963 па ке се зачудите колку тие објекти биле стари.
 
Што се однесува до компарацијата со мостот и Калето, незнам зашто упорно нас кои сме генерално против оваа турлитава на стилови во Скопје не поисоветувате со градителите на постземјотресно Скопје. Па јас сум се родил 15 години после земјотресот, и нити сум учествувал јас нити било кој од моето семејство во изградбата на постземјотресно Скопје.  Едноставно тоа е тука како и Калето и турската чаршија, Камениот мост... Но зарем тоа што се случувало 1963 го оправдува овој хаос?


Edited by UrbanFreak - 15-Aug-2011 at 14:50
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 15-Aug-2011 at 14:48
Originally posted by BOJAN

Оградата на мостот Гоце Делчев нема воопшто да одговара со самиот стил на мостот, гледајќи од самиот мост и од кола тоа нема многу да се забележува, но погледот од кејот кон мостот ќе ја отсликува целата иронија.


И од суво злато да ја направат и со најубав облик, на кривото дрво пак нема да му чини
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 15-Aug-2011 at 14:57
зборот ми беше дека во Скопје бил срушен најстариот дел на градот па никому ништо, па сега ќе се секираме дали овој мост требало да се зачува или пак да се изгради нов. А оградата што нема да одговара тоа е факт, како целина мостот не одоговара ни до калето, а таа нова ограда нема да го направи мостот да изгледа стар или барокен, повеќе го гледам како некоја шминка до некое по целосно решение. Инаку во делот околу калето имало објекти постари од 30 години и остатоци од далеку постари објекти, ама да беше Германија тоа ке бесе реставрирано, а нашиве селски архитекти удри руши, дај ни е нешто квази модерно
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 15-Aug-2011 at 15:02
Originally posted by leonid23

Originally posted by BOJAN

Оградата на мостот Гоце Делчев нема воопшто да одговара со самиот стил на мостот, гледајќи од самиот мост и од кола тоа нема многу да се забележува, но погледот од кејот кон мостот ќе ја отсликува целата иронија.


И од суво злато да ја направат и со најубав облик, на кривото дрво пак нема да му чини


Не знам навистина зошто ги пишувате коментариве,не е работава оградата на мостот да изгледа блескаво и да биде најскапа,туку треба да се вклопува,мене проектов ме потсетува на шеиците кои кога ќе купат Мерцедес на пример и ќе го направат со златни патосници,или пак каубоите во тексас со роговите на хауба.Кога нешто не оди не оди,џабе само се вртиме во круг со муабетиве.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 15-Aug-2011 at 15:05
Originally posted by leonid23

Originally posted by BOJAN

Оградата на мостот Гоце Делчев нема воопшто да одговара со самиот стил на мостот, гледајќи од самиот мост и од кола тоа нема многу да се забележува, но погледот од кејот кон мостот ќе ја отсликува целата иронија.


И од суво злато да ја направат и со најубав облик, на кривото дрво пак нема да му чини


За некого оградата на Гоце Делчев е со најубав облик, но на кривото дрво (мене) Скопје почнува да ми заличува Ашхабад.

Edited by BOJAN - 15-Aug-2011 at 15:06
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 15-Aug-2011 at 15:16

@makonix

Јас се сложувам дека тогаш не требало да се срушат објектите Официрски дом, Театарот и Народна Банка. Но сите овие објекти биле изградени во доцните 20 и 30ти години од минатиот век, далеку од тоа дека биле најстарите објекти во Скопје. Патем била срушена и еврејската синагога која што била постара од сите 3 претходно споменати објекти, и целото Еврејско маало. Но да го споредуваме предземјотресно Скопје ос Дрезден или Берлин после втората светска војна е бесмислица. Па кој и малку ја читал и проучувал историјата на Скопје знае дека градот бил обична турска касаба до почетокот на 20тиот век. За ова говори и Крлежа во своите хроники од Скопје кој во тоа време бил пограничен град во Отоманската империја полн со воени гарнизони и проститутки. Градот кој некогаш бил еден од најголемите на балканот бил запален и десеткуван од Пиколомини во 17 век и од тогаш па се до крајот на 1 светска војна во него немало никакви значајни објекти какви што вие се обидувате да му наметнете. Значи оној романтизам по предземјотресно Скопје се темели на 4-5 срушени објекти кои биле изградени во 20тите години на претходниот век, и тогаш биле стари максимум 40 години. Ајде побијте ме со објекти и година на изградба ако грешам.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 15-Aug-2011 at 15:40
има нишка за старо скопје, па не се баш 4-5, а и тоа не е битно, колку што е битно дека како целина Скопје е тотален промашај, хуманистичката димензија на градот е утка, градот поделен на делови, брутализам у сред старо скопско маало, безброј згради лишени од фасади, сиротиот мнт изграден до турска чаршија (таков објект се гради опкружен со парк, или покрај вода. Мостот гоце делчев поврзан со пат кој минува низ кале и низ најстариот дел на градот. Абе тоа ти е како унгарија сега да ги сруши објектите околу будим твдрината и изгради пат. Право урбанистичко злосторство, и уште тука коментари демек Скопје бил направен модерен град, дај не ме смејте. Модерно подразбира унапредување на квалитетот на животот и разубавување на градот, а не обратно. Не знам друг главен град на земја каде центарот бил срушен за да се изградат патишта за да можат од сарај побрзо да ги пренесат кравите до драчево. Единствено позитивно е што бар почнало да се внимава објектите да бидат поиздржливи на земјотреси, за тоа немам збор.

Како што кажав претходно, новата ограда ќе му даде една похуманистичка димензија на мостот од аспект на неговите непосредни корисници, и толку.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 15-Aug-2011 at 15:47
Originally posted by makonix

таков објект се гради опкружен со парк, или покрај вода.


Немам време да влегувам во дебата за другите работи во моментов, но ме зачуди ова... Кон што е ориентиран МНТ ако не кон Вардар? Вардар+МНТ една од најдобрите Скопски визури трајно уништени со СК2014.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 15-Aug-2011 at 15:58
Originally posted by pbanks


Originally posted by makonix

таков објект се гради опкружен со парк, или покрај вода.
Немам време да влегувам во дебата за другите работи во моментов, но ме зачуди ова... Кон што е ориентиран МНТ ако не кон Вардар? Вардар+МНТ една од најдобрите Скопски визури трајно уништени со СК2014.


вардар е мнофу мал и е само во близина на мнт и премногу долу, а најмалце МНТ е опкружен со вода, такви објекти буквално се понираат кон вода и се обично покрај далеку поголеми води, како море, или широки реки. Идејата е да изгледаат чисти покрај вода, поради нивната мазна текстура и да бидат осамени како карпи или брод. вие објекти не трпат урбана атмосфера околу нив како што МНТ има.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 15-Aug-2011 at 16:21


Не се сложувам. Платото пред МНТ, доколку не се запустеше како што се запусти имаше огромен потенцијал каде луѓе можеа да прошетаат, седнат со убав поглед кон реката па и кон градот. Убав пример е операта од Осло и искористеноста на нивното плато.



Дополнително, објектот даваше феноменална визура од другата страна на реката



Од оваа слика се гледа убаво дека Вардар и МНТ и те како може да комуницираат и воопшто не доаѓа во прашање големината на водната површина.

Да не зборам како ќе се надградеше оваа глетка со новата филхармонија.


Edited by pbanks - 15-Aug-2011 at 16:22
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 15-Aug-2011 at 16:29
ако било убаво платото пред МНТ зошто никој не проаѓаше навечер таму,луѓето бегаа како од заразно одделение.

А за оградата гледам општо кој е против цел проект Скопје2014 наоѓа мана и за оградава како и за секој друг дел од проектот,тој што е за Скопје2014 наоѓа оправдување и за оградава.Нека земи некој да направи статистика,вака ќе испадне
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 15-Aug-2011 at 16:36
Originally posted by Mjölnir

Многу е убава оградата, стигнати се до пола од страната на Калето и мислам дека со новите споменици ќе дојде како одлична целина.
Многу убаво...ти значи, капата со гаќите и чорапите ја комбинираш пред да излезеш...

Originally posted by makonix

имам подобра идеја ај да го срушиме калето па да одговара на модерниот мост гоце делчев, да ја срушиме и турската чарчија да одговара на модерниот пат и светилки. Откога го изрушија цел стар Скопје, објекти стари стотици години, па сега ќе пуштаме кродилски солзи по мост стар триесетина години. Аман веќе од носталгија по квази модерни објекти
Овој квази-став не знам како да го искоментирам, мостот знаеш што беше!? АРХИТЕКТУРА, ПОТЕГ, ЕЛЕГАНЦИЈА...а оградава е како од кај пластичарите, купена со ценкање...се надевам дека еден ден и ти ќе лиеш крокодилски солзи кога ќе лета истата во Вардар....

Убава ограда имаше „Гоце Делчев“ кога на неа имаше неонки, кој бил видел, знае на што мислам...после зошто ја променија, стварно не знам, ама веројатно неуки и неписмени луѓе ги имало и порано во изобилство, само повеќе ќутеле веројатно - денеска стапот е кај нив во рацете...и ќе ме лупа носталгија да ти кажам, ме потсеќа на детството во Скопје, не знам тебе на што те потсеќаат овие бљувотини, ама уживај си во нив...

Originally posted by pbanks


Да не зборам како ќе се надградеше оваа глетка со новата филхармонија.
Само со нејзе...и на кејот му фалеше обична козметика, зачистување, озеленување дополнително можеби....
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 15-Aug-2011 at 16:54
Originally posted by Dave Gahan

Само со нејзе...и на кејот му фалеше обична козметика, зачистување, озеленување дополнително можеби....


И ставање во функција... Неоформеноста на целито културен комплекс (фалат 3 објекти ако не се лажам) како и хроничниот недостаток на луѓе пред се околу делот на старата автобутска станица (кој го сметам за легитимен дел за надградба) како и неодстатокот на пешачкито мост од кејот (како разработена пешачка зона), зборувам за оној точно на средина помеѓу Холидеј ин и камени кој веќе е исто така историја доведоа до ситуација каква ја опишува Ѓоко погоре.

Или со други зборови, ако темелно се реновираше платото, се изградеше пешачкиот мост како што треба, се реализираа маркичките кои и сега се реализираат кај старата авботуска станица, се надградеше министерство за транспорт итн итн.... Платото пред МНТ можеше да биде ставено во функција и вистински прифатено од луѓето.


Edited by pbanks - 15-Aug-2011 at 16:54
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.