build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Надградба на ГТЦ
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 67>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7548
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Надградба на ГТЦ
    Posted: 24-Nov-2020 at 16:31
Животот на зградите : ГТЦ / Life of buildings : GTC



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7548
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Sep-2020 at 12:40
Дел од затворените дуќани(од твитер)











Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 166
  Quote David Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Sep-2020 at 13:54

Вакви популистички повраќаници ни тие пред нив не си набацуваа,срам ми е да дочитам.

Кров ќе правеле,на полупразен распаднат трговски,болест.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7548
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Sep-2020 at 13:21
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ ПОБАРА ПОМОШ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ДА ГО УРЕДИ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

Градоначалникот Петре Шилегов го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ). Шилегов на затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ побара помош покривот да стане култен културен простор во Скопје.

„Фестивалот ‘Синедејс‘ не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје. Дел од проекциите на фестивалот се одржаа пред поранешните кина Маџари, Влае, Кисела Вода, Напредок. И еве сме, пред еден предизвик. Јас сум спремен, претседателе Пендаровски, како градоначалник да го финансирам проектирањето и ве повикувам вас, заедно да го уредиме овој простор како нов културен простор, а во име на кандидатурата на нашиот град за Европска престолнина на културата во 2028 година. Заеднички, вие како покровител, а јас како реализатор, да отвориме еден нов културен простор како што е покривот каде што вечерва се наоѓаме“, рече градоначалникот Шилегов.

Град Скопје лани уреди дел од ГТЦ во зелен покрив.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shilegov-go-povika-pendarovski-zaedno-da-go-uredat-tseliot-pokriv-na-gtts/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2275
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Sep-2020 at 11:40
Други можности се кафич во сопственост на ГТЦ на кровот и редовно организирање културни и забавни настани, а може и спортски и едукативни (мали турнири во фудбал, ракомет, шах..., школски натпревари по секој предмет итн.) и намалено ДДВ/зголемен поврат на купеното од ГТЦ, Бисер и останатите трговски центри во пропаѓање.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Sep-2020 at 01:00
Всушност проблемот е што не ги прошират малце видиците и сфатат дека не е само можно издавање места за продавници.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 386
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Sep-2020 at 23:53
Originally posted by Staro Skopje

А неколку битни шалтери да преселат на 2 кат? Централни и локални даноци, вадење изводи, плаќање сметки... може и поголема училница каде студенти од повеќе факултети би изучувале македонски јазик и литература, предмет задолжителен за сите во првиот семестар. Ако не регуларна, наставата би била екстерна - курс без кој нема да може да се дипломира.


Да се малку повеќе креативни и храбри тие што треба да бидат, ГТЦ може да е преполн 24/7.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 555
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Sep-2020 at 23:00
Златно време за експропријација на дуќаните
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2275
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Sep-2020 at 22:43
А неколку битни шалтери да преселат на 2 кат? Централни и локални даноци, вадење изводи, плаќање сметки... може и поголема училница каде студенти од повеќе факултети би изучувале македонски јазик и литература, предмет задолжителен за сите во првиот семестар. Ако не регуларна, наставата би била екстерна - курс без кој нема да може да се дипломира.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7548
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Sep-2020 at 21:05
Лошите услови и високата кирија се резултат на лошото менаџирање со трговскиот,од прибраните пари може многу повеќе да се инвестира и средува но многу е опаднат и интересот на луѓето за купување низ продавниците претежно одат по моловите. Низ ГТЦ најраздвижено е околу Зегин,А1,ЕВН(пунктовите за плаќање сметки). Горните катови се дури језиви има во низа празни дуќани кои никогаш нема да заживеат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7419
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Sep-2020 at 17:30
причината зошто дуќаните се празни е поради лошите услови и високата кирија

инаку не знам зошто се лажете дека проблемот е до ГТЦ а не до трендовите, како се отвара нов мол, останатите изумираат, да не беше Косово во Сити мол и Рамстор сега штурци ќе свиреа... и Сити мол е до пола полн и дуќани стално се отвораат и затвораат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1789
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-Sep-2020 at 17:27
Originally posted by stef4o

Сите тие бутици и маалски дуќани се осудени на пропаст штом почнаа да никнуваат првите молови низ градот а сега тоа само се повеќе и повеќе доаѓа до израз бидејќи почнаа молови да никнуваат на многу места па така овие другиве ќе мора да стават клуч на врата...пустелија се и Мавровка,Скопјанка,Бисер каде освен по некоја кафетерија и бурекџилница друго ништо неможе да опстои.Изградбата на Ист Гејт и Дајмонд значително ќе ги загрози и Капитол и Рамстор за другиве да не коментирам,незнам каква понуда ќе даде молот во рамки на Скај Сити комплексот.
Za zal mnogu si vo pravo... a kako da ne bide taka koga GTС e vo faza na raspaganje i voopsto neprivlecen za onie so podlabok djeb.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 297
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Sep-2020 at 14:06
Уф би рекол тешко сето ова Сегашиве Власти живејат во некој свет кога Скопје некогаш било „преубаво и премодерно“ ама тоа е веќе минато. Таа некогашна „убавина“ со која се гордеат нема да донесе ништо освен повеќе „лоши“ денови и уште „празни дуќани“ во ГТЦ. На плус 35+ во лето или пак на -15 во зима со попатен смог, сигурно нема да шетам по ГТЦ за да „ме бие промаја“. ГТЦ има две опции според мене, брза модернизација (ако сака да остане „мол“) или нека го тргнат оттука па здравје боже натаму да видиме некој бизнис-центар како што и доликува на една „европска“ метропола.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 166
  Quote David Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Sep-2020 at 13:06
Добро не можеме да ги обвиниме луѓето дека сакаат да шетаат и трошат во убаво,снабдено и модерно место,нели...кој директор ќе ти привлече луѓе во она нешто.

Не барок,свети барок не го спасува гтц,дури и таа фасада ќе беше одлагање на неизбежното,само ќе предизвикаше некои нови гушкања од некоја друга страна во некое идно време.
Не знам од каде толку сентимент кон овој објект кај некои луѓе,и дали тоа го поврзуваат со "некое време,младост итн итн" но секое вложување во ваков ГТЦ е фрлање пари во бунар,да не речам перење пари.Никакви шминки и надоградби не го спасуваат објектов,дебакл е вака да ти изгледа центарот во центарот на главниот град,и финансиски,естетски и секако е штетно.
Прашањето е само дали ќе се најде некој со муда во новиот ГУП да нацрта нов вистински ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР,модерен,со кули,со продавници,ресторани со се, што ќе ги засени и ист гејт и дајмонд и да се заврши со градење трговски во градов,гтц да го има последниот збор,најголем со најдобра понуда ама...шансите се дека ќе остане статус кво.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7548
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Sep-2020 at 12:18
Сите тие бутици и маалски дуќани се осудени на пропаст штом почнаа да никнуваат првите молови низ градот а сега тоа само се повеќе и повеќе доаѓа до израз бидејќи почнаа молови да никнуваат на многу места па така овие другиве ќе мора да стават клуч на врата...пустелија се и Мавровка,Скопјанка,Бисер каде освен по некоја кафетерија и бурекџилница друго ништо неможе да опстои.Изградбата на Ист Гејт и Дајмонд значително ќе ги загрози и Капитол и Рамстор за другиве да не коментирам,незнам каква понуда ќе даде молот во рамки на Скај Сити комплексот.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-Sep-2020 at 12:05
Слична судбина ги чека сите бутици и маалски продавници по населбите...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13230
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Sep-2020 at 09:58
Со ГТЦ се управува лошо веќе неколку децении, можам да замислам што ќе се случи по отворање на трговските центри кај Дајмонд и Скопје Ист Гејт

Приземјето никогаш нема да одумре, подрумот можеби ќе опстои поради маркетите, но првиот и вториот кат и сега зјаат празни, пола дуќани се веќе затворени.
За сè има вторпат
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 297
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Sep-2020 at 07:01
„Нема ништо без пари“ -епа нека скапе и нека се распадне сега целиот објект. Ако кога вакви олицетворенија на сето она што е лошо во државата ставаат на вакви позиции.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7548
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Sep-2020 at 06:41
Над 80 дуќани во ГТЦ затворени - се издаваат без кирија, сметките „изгор“, дел од нив паушални



https://tv21.tv/mk/nad-80-dukani-vo-gtts-zatvoreni-se-izdavaat-bez-kirija-smetkite-izgor-del-od-niv-paushalni/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2275
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-Aug-2020 at 22:07
Дали е возможно да се избушат дупки од сегашните скалила до кровот? Зашто сега единствена врска се скалите од зеленото плато на 2 кат (не го нарекувам зелен покрив зашто кровот е кат погоре).

Други варијанти би биле зелено пазарче да оди на втор кат, или пак вториот кат да се застакли и во него да има студентска читална и библиотека, некој креативен центар, канцеларии, ресторан...



Edited by Staro Skopje - 26-Aug-2020 at 22:51
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 67>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.