build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Надградба на ГТЦ
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 626364
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 541
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1261 Posted: 30-Aug-2019 at 12:51
Добар спин и даде на веста
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #1262 Posted: 30-Aug-2019 at 13:14
Не ми е намерата ни да спинувам,ни па политички да бранам или кудам некого. Нека биде избришано мислењето ако е претерано,или ако е оф топик.

Edited by Enzo - 30-Aug-2019 at 14:02
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1263 Posted: 31-Aug-2019 at 14:16
Ти стварно не мислиш дека е претерано (не)мислењето?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #1264 Posted: 31-Aug-2019 at 14:46
Originally posted by гитардемон

Ти стварно не мислиш дека е претерано (не)мислењето?

Јас мислам дека многу се замараш со мене,кажав таков ми е начинот на изразување,се кладам дека наназад ад свртиш на било која тема ќе најдеш слични жаргонски мислења,беше постирано некој ги демолирал цвеќињата јас пишав,глупа намештаљка со цел да се потрошат пак пари за истата работа....


Него кажи ми,ти се свиѓа ова зеленково,нема да се гушиме зимава ?

П.С. Ако си модераор избриши го мислењето што да ти кажам..

Edited by Enzo - 31-Aug-2019 at 15:03
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 385
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #1265 Posted: 31-Aug-2019 at 15:56
Факт е дека Шилегов тера политиканство со проектов и реално не се малку 500к за еден кафич е навистина многу. Тука не станува збор за никаков зелен покрив мисалм знаме стие како изгледа зелен покрив нели

Edited by Dzeksi - 31-Aug-2019 at 15:58
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 64
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1266 Posted: 03-Oct-2019 at 13:12
Од Твитер


Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2611
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1267 Posted: 07-Oct-2019 at 18:08
Град Скопје ја запира градбата на покривот на ГТЦ



Десетина градежни работници со полна пареа денеска ги редеа бекатонските плочки на железниот костур над ГТЦ за кој се шпекулира дека ќе никне во кафуле.

Сепак, активностите од утре запираат.

Критиките од јавноста го притиснаа градот градењето да го стави на „стенд бај“. Зеленилото на покривот ќе продолжи да се поставува, но за функцијата на објектот градоначалникот ќе одлучува со архитекти и активисти.

Четири месеци по започнатата изградба никој ниту потврдуваше ниту демантираше дали бетонската конструкција ќе стане угостителки објект. Извршниот директор на ГТЦ Ѓоко Трајчевски денеска ја искористи нашата посета да се пофали за интензитетот со кој се зазеленува покривот – но не сакаше тоа да го стори пред камерата на Канал 5.

Извршниот директор на ГТЦ се огради од природата на железната конструкција на покривот од објектот. Вели дека таа не е најголемиот проблем во целата ситуација туку дека треба да се согледа позитивниот момент на енергетска обнова на просторот кој со децении не бил саниран, а предизвикувал штети од поплави на дуќаните под покривот.

Од „Го сакам ГТЦ“ велат дека објект за комерцијални цели е оправдан но само доколку се оспособи и зазелени целиот покрив на објектот, а не само на минималниот дел на кој во моментов се работи.

Крајниот рок за изградба на зелените 1800 метри квадратни истекува на 30 ноември.



https://kanal5.com.mk/articles/392321/grad-skopje-ja-zapira-gradbata-na-pokrivot-na-gtc
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 64
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1268 Posted: 08-Oct-2019 at 12:17
Ова изгледа како тумор.


Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1269 Posted: 08-Oct-2019 at 12:33
Кога веќе таму го ставаат кафичот, нека има прозорци и од страната кон ЕВН/ЕЛЕМ. Вака на ништо не личи...
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #1270 Posted: 08-Oct-2019 at 15:26
Каде се гушкачите на ГТЦ да реагираат,не ми е јасно,го одобруваат ова,ова не е обезличување на ГТЦ ?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2611
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1271 Posted: 08-Oct-2019 at 16:42
Од ГТЦ децидни: Не се гради ресторан, туку помошни простории!

Откако во јавноста се крена прашина дека се гради ресторан на зелениот покрив, директорот на Градскиот трговски центар, Ѓоко Трајчевски објасни дека тоа ќе бидат простории во кои ќе бидат сместени вработените кои ќе го одржуваат зеленилото, тоалети и простории каде што ќе бидат сместени компјутерите. – Целиот проект ќе биде компјутеризиран. Системите капка по капка со кои ќе се наводнува зеленилото ќе бидат поврзани со софтвер. Не се работи за никаков ресторан, тврди Трајчевски. Градоначалник Шилегов, за весникот „Вечер“, изјави дека причината за стопирањето е да се утврди статусот на објектот



Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја стопираше изградбата на зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) откако во јавноста се крена прашина дека на дел од покривот се гради објект. Претходно, на 29 август годинава покривот беше демолиран од сопственик на хотел кој не работи веќе неколку месеци, па сакал да го пренамени угостителскиот објект, при што побарал дел од зелениот покрив да го користи како летна тераса, но од ГТЦ не му дозволиле.

Градоначалник Шилегов, за весникот „Вечер“, денеска изјави дека причината за стопирањето е да се утврди статусот на објектот. Од одделението за односи со јавноста на Град Скопје појаснија дека е одлучено на заедничка маса да седнат и разговараат претставници од Градот, од Асоцијацијата на архитекти и граѓанското здружение „Го сакам ГТЦ“, заради бранувањата во јавноста.

– Да почекаме да видиме да се изгради објектот, па потоа да осудуваме – потенцираат од Одделението за односи со јавност во Градот.

За тоа каков објект се гради на зелениот покрив, од таму велат дека информации треба да се побараат од раководството на ГТЦ.

– Се работи за трипартитен проект на Градот, УНДП и ГТЦ. Проектот го правеше ГТЦ, затоа за одговор треба да се обратите до нив. Градот само финансира. Инаку, самиот објект зафаќа само 5 проценти од целиот зелен покрив – велат градските власти.

Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски вели дека се работи за помошни простории.

– Тоа ќе бидат простории во кои ќе бидат сместени вработените кои ќе го одржуваат зеленилото, тоалети и простории каде што ќе бидат сместени компјутерите. Целиот проект ќе биде компјутеризиран. Системите капка по капка со кои ќе се наводнува зеленилото ќе бидат поврзани со софтвер. Не се работи за никаков ресторан – тврди Трајчевски.

Тој објасни дека се работи за специјално зеленило и современи системи за наводнување.

– Не е само да се засадат садниците, туку тие треба да се одржуваат, во спротивно ќе се исушат. Според договорот 12 месеци зеленилото ќе го одржува фирмата што ќе го засади, а потоа го презема ГТЦ. Затоа, тие 12 месеци наши вработени ќе се обучуваат околу одржувањето. Ние немаме искуство околу тоа. Зелениот покрив е новина во државава. Но, ќе биде пресвртница. Убеден сум дека сите ќе се гордееме кога ќе биде готов – дециден е Трајчевски.

Тој вели дека во моментов се поставува изолација на жардиниерите, каде ќе се става земја, а потоа ќе се засадат садниците и дека според договорите до 1 ноември зелениот покрив треба да биде готов.

На изградбата на објектот на зелениот покрив реагираше и Советничка група на ВМРО ДПМНЕ. Тие изразуваат загриженост поради, како што велат, урбаното дивеење и узурпирање на таканаречениот зелен кров на ГТЦ и сето тоа под одобрение на Петре Шилегов. Тие бараат итно обелоденување што се крие зад бетонската тврдина на ГТЦ, односно дали позади тоа стои бизнис-интерес на познат скопски угостител близок до Шилегов и власта и кој е процентот и провизијата за таквата зделка.

За кофинансирање на овој проект, градските власти имаат издвоено 20 милиони денари. Проектот за изградба на зелен кров на ГТЦ е трипартитен проект во кој учествуваат Град Скопје, УНДП и АД ГТЦ..

На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници.
(А.П.)

https://www.vecer.press/од-гтц-децидни-не-се-гради-ресторан-ту/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2611
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1272 Posted: 10-Oct-2019 at 16:47
Објектот на покривот на ГТЦ ќе се демонтира

Град Скопје донесе одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ.

Ќе се отстранат изѕиданите блокови, кровниот покрив и челичната конструкција над подот.

„По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ“ рече скопскиот градоначалник Шилегов.

Работата на останатиот дел од кровот ќе продолжи – наредната недела ќе се постави земјената подлога и првото зеленило.

Планот за зелениот покрив на Градскиот трговски центар еднаш веќе е коригиран со конуслтации на архитекти.

Со зелениот покрив треба да бидат зазеленти 1.800 квадратни метри односно просторот што гледа кон Плоштадот Македонија, со што би се намалила температурата на една од најжешките точки во градот.

https://novatv.mk/objektot-na-pokrivot-na-gtts-ke-se-demontira/
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 385
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #1273 Posted: Today at 12:02
Mislam deka segasnava vlas si igra kurtashak so naraodov (izvinete na recnikot ama preku taseta mi e) vakvo politikanstvo nemashe ni vo vremeto na nebanajtite!

Site nie znaeme deka ova go pravat da zamackaat oci ko so praveshe grujo, pa uste Shilegov vo top tema go pravda so toa deka nema kade da odat po nuzda lugjeto nebare vo GTC sega nema javni toaleti kogo pravi glup tuka i stvarno neznam zosto ne go napravija bas zelen krov na celata povshina da go lici i kako sto treba a ne da stavaat zardinjeri i da tvrdat deka stanuva zbor za zelen krov ma daj neka ne ne jebat dosta e!

https://www.greenroofs.com/projects/

Eve kako se toa pravi!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 626364

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.