build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 646566
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1301 Posted: 05-Jun-2020 at 08:53
Originally posted by user8642

Една идеја што ми падна на памет како да се употреби последниот отворен спрат од ГТЦ, а притоа да решиме друг горлив проблем од Скопје.

"Глобализација" на ГТЦ.

Пренамена на последниот спрат во "зелен пазар". Сето тоа може да изгледа многу фино, модерно, спастрено. Тоа е ограничена површина и неможе да се прелева пазарот по тротоари и сокаци како што се случува на сегашната локација, над ГТЦ би му се знаела границата. Неатрактивниот трети спрат во ГТЦ може да ги аспорбира сите оние расфрлани дуќани околу сегашниот зелен пазар во пренаменети станови, гаражи, дивоградбичиња.

Всушност ГТЦ со години мачи мака да му најде содржина на третиот спрат кој никогаш не е заживеан. Го имаме и залудно изгубениот простор кровот на ГТЦ кој од изградбата стои така забатален. Кога ќе се спомне пазар кај нас одма ни доаѓаат слики познати на сите но сетете се само како може да изгледа фино тоа како на некои западно-европски градови на улични пазари во одредени денови.

Досега на некој начин "нападите" на ГТЦ со фасадата или со лифотот на некој начин направија некоја лажна претстава во обратна друга крајност и дека ГТЦ е некаква светиња во Скопје на која всушнсот не треба ништо да се прави, а не е така! ГТЦ не постои за да биде украс и "дострел на македонската архитектура", едноствано постои да биде трговски објект. Да го оставиме да биде така.

Со ова се отвора можноста да се расчисти цел тој дел на местото на стариот зелен пазар и да се изгради уште еден парк во центарот на Скопје.



Е, ова е веќе добра идеја (ти кометирав и кај префрлањето на Бит пазар). Зелено пазарче е чир во центарот на Скопје, негово префрлање на блиска и лесно достапна локација би било вистински погодок, а дефинитивно и ќе го заживее целиот ГТЦ кој моментално е во клиничка смрт.

Инаку, ако некогаш се случи тоа, заборави на парк на местото на пазарчето и биди сигурен дека тука ќе никне станбена зграда.

Edited by Џоле - 05-Jun-2020 at 08:54
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1978
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1302 Posted: 05-Jun-2020 at 12:15
Супер
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Online
Posts: 405
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1303 Posted: 05-Jun-2020 at 12:53
Супер идеја.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #1304 Posted: 05-Jun-2020 at 15:41
Originally posted by Џоле


Инаку, ако некогаш се случи тоа, заборави на парк на местото на пазарчето и биди сигурен дека тука ќе никне станбена зграда.

Ако се случи тоа подобро и пазарот и кровот да си останат исти.
Инаку супер идеја, замислете парк наместо пазарот, Димитрија Чуповски пешачка улица со подземен премин на сегашниот пешачки, и модерен отворен пазар во ГТЦ.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1305 Posted: 08-Jun-2020 at 15:57


https://www.facebook.com/aerofoto.mk/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1978
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1306 Posted: 08-Jun-2020 at 22:43
Како естетски би се решило зелено пазарче на кровот? Ќе мора да се издигне некаква конструкција за кров и помошни простории што може да го наруши излгедот на ГТЦ.

Треба да се размисли и за пренамена на петте станбени згради во хотели и деловен простор. Двете што се внатре дефинитивно треба да станат деловни, двете крајни надвор во хотели, а таа во средина сеедно. Дури може да се размисли Град Скопје да се пресели тука, Советот да биде во кино Милениум, а Милениум да се пресели во комплексот што ќе се гради карши. Најавено беше поврзување со кровот на ГТЦ.

Се разбира треба и целосна обнова на зградите од 1958 и трговскиот од 1973; за првиве имаше небарокен предлог. Менаџментот треба да се стреми кон привлекување меѓународни ланци кои ги нема или се малку застапени кај нас (H&M, McDonald's, Zara...) и други содржини.

Vallco Mall Redevelopment е интересен пример. Да му платиме на Вињоли и нека го воскресне ГТЦ и дизајнира комплексот од карши:

For architect Rafael Vinoly, Vallco project is a career-topper

Rafael Viñoly – one of the highest-profile architects in the world – can point to a laundry list of high-profile projects in some of the world’s premier cities.

But the Hills at Vallco, the redevelopment project slated for Cupertino’s famous-for-all-the-wrong-reasons “ghost mall,” will rank at the top.

(...)

The event comes ahead of a November vote in which the project’s sponsor, Sand Hill Property Co., is seeking to lock in approvals and beat back an opposition effort from a grassroots citizen’s group concerned about parking, traffic and school crowding. Their vision is to replace the dilapidated Vallco mall with a city center that’s been described as a larger and more modernist version of Santana Row.

The design is notable for its planned 30-acre green roof that hovers above 625,000 square feet of retail, 2 million square feet of office space and 800 residential units. The design, first revealed in August 2015, garnered international headlines for the ambitious design, which would be the largest vegetated roof in the world.

The project is a big one for Cupertino, which – despite its high-profile corporate tenant – is a profoundly suburban place where projects of three stories are considered ambitious and politically explosive.

(...)

bizjournals.com

Located adjacent to Apple’s new headquarters, The Hills at Vallco in the Silicon Valley community of Cupertino will revitalize the failing Vallco Shopping Mall into a vibrant, sustainable, walkable and safe new neighborhood with a mix of retail, dining, entertainment, recreation, offices, housing, open space, and public amenities.





brightworks.net

432 Park Avenue, Њујорк, од истиот автор

fieldcondition.com
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 646566

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.