build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 62>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1896
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 21-Oct-2012 at 01:50
Originally posted by makonix

Во ГТЦ се уште не знаат како ќе го финансираат проектот. Мнозински сопственик е Владата, но оставена е опцијата да се оди со концесионерство.

 
Па нели претходната влада на Република Македонија од периодот 2002 - 2006, изврши приватизација на ГТЦ Скопје ?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 21-Oct-2012 at 02:01
таму има управен одбор,што значи во превод `нашето мислење е исто со мислењето на господата од коцките покрај вардар`-нормално за доброто на народот.

ова не го кажувам напамет,бидејќи едно време член во управниот одбор беше сопруга на еден мој познаник,кој беше роден единствено како посланик на сите власти-т.е.`неговите` да ми ја редат работата.јас кога земав плата 14 600 за да се бркам по планините со пиромани,неговата `фуфа` земаше 35 000 само да се појавува во `управниот`
Back to Top
TIM View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Aug-2012
Location: Debar
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote TIM Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 21-Oct-2012 at 02:09
GTC navistina so tek na vremeto stanalo eden landmark na gradot. Toj ne e samo trgovski centar, nego sluzi kako ulica za dvizenje na lugjeto, mesto za sredbi, eden od glavnite tocki na centar, bez nego plostad makedonija (pred SK2014) ke izgledase kako golema pusta plockana povrsina bez zivot. Pa ke bese dobro da ne se cepkase, no samo da se renovira. Jas mislam deka trgovskiot treba da se fokusira na nov funksionalen plan, da im se posveti vnimanie na nadvoresnite koridori kade treba da se otvorat povekje kafici i terasi, a vo vnatresnosta navistina im treba eden "food court" so brendirani fast food-ovi, ili takanareceni "funny lands" kade lugjeto osven shopping bi otisle i za nesto drugo tamu. Znaci trgovskiot so malku povekje razum na funksioniranje moze da prezivee i bez totalno zatvaranje (pokrivanje) kako sto se zboruva da bide.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 03-Nov-2012 at 12:15
ГТЦ во футуристичко руво!
Објавено: пред 20 минути
Прочитано: 251
Печати
Сподели со твоите пријатели!

Новото идејно решение за фасадата на ГТЦ нема да биде во неоклацистички стил. Единственото идејно решение кое пристигнало на објавениот конкурс е футуристичко, објави порталот „Фактор“.
Архитектонското решение за фасадно обликување и надградба на ГТЦ, чии автори засега се држат во тајност, предвидува фасадата на трговскиот центар да содржи футуристички елементи, поточно целиот објект да биде застаклен, со челична конструкција и затворен по принципот на мол-систем, но, да има има и отворени делови. Од друга страна во однос на доградбата, според ова архитектонско решение, предвидено е трговскиот да се надогради со уште еден спрат на кој би имало деловни простории, хотелско сместување и спа-центри и игротеки.
Идејата за надградувањето на трговскиот центар е стара десетина година, и пред се се прави поради прокиснување на покривот, кој е рамен, а од друга страна и заради зголемување на атрактивноста и посетеноста.
Јавниот конкурс за промена на надворешниот изглед на Градскиот трговски центар беше објавен во јуни годинава, кога се изгласаа измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ донесен од општината Центар.
http://www.plusinfo.mk/vest/64520/GTC-vo-futuristichko-ruvo
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1896
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 03-Nov-2012 at 14:12
Previous
 
Eeek
 
Оооф, каков студен туш за нашинците.
 
Предлагам поставување на анкета на темава со прашање:
 
Дали очекувате властите да го прифатат предложениот футуристички изглед на ГТЦ Скопје ?
 
Со одговори:
 
 - Да
 - Не
 - Не е во нивни стил
 
Rollin

Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 713
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 03-Nov-2012 at 15:45
Јас очекувам: Поради немање на доволно пријавени на конкурсот, се распишува друг во најскоро време
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 03-Nov-2012 at 20:30
Штом Латас објави у вести и имаа директно линковско вклучување од пред ГТЦ (страшна работа), дефинитивно ќе иаме футуристички ГТЦ. 
23ka.wordpress.com
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 04-Nov-2012 at 03:03
Originally posted by stratus

Јас очекувам: Поради немање на доволно пријавени на конкурсот, се распишува друг во најскоро време


+1. Нормално истиот ќе биде проследен со јавна анкета на која граѓаните на РМ ќе се изјаснат дека не сакаат футуристички туку класистички трговски центар.



Edited by fichot - 04-Nov-2012 at 03:04
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 602
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 05-Nov-2012 at 09:22



НАЈСТАРИОТ ГРАДСКИ ТРГОВСКИ СО НОВ ИЗГЛЕД


ГТЦ со нова застаклена футуристичка фасада


Фасадата на Градскиот трговски центар нема да биде во неокласицистички стил, туку во футуристички. На завршувањето на конкурсот за нова фасада на ГТЦ беше отворено единственото пристигнато решение кое има изразени футуристички елементи. Архитектонското решение предвидува нејзино целосно застаклување и според истото трговскиот треба да функционира како мол, односно да има и отворен и затворен дел. Аго Абазовски, дирекоторот на ГТЦ, во изјавата за медиумите соопшти дека во следните седум дена тричелната комисија треба да го разгледа проектот и да одлучи дали дефинитивно ќе го прифати предлогот. По една недела би требало биде познато кога би почнала реконструкцијата на трговскиот центар и кој би бил изведувачот.

Според понуденото решение, ГТЦ треба да добие уште еден кат што ќе биде наманет за спа-центри, хотелско сместување и игротеки. Авторот на решението ќе биде откриен на јавноста откако ќе биде завршена целата процедура.

Проектант на градскиот трговски центар кој почнал да работи во 1971 г. е професорот Живко Поповски од Архитектонскиот факултет. ГТЦ се простира на површина од 150 илјади метри квадратни од кои половина се за комерцијални објекти. Конкурсот за промена на фасадата на ГТЦ беше објавен во средината на летото, откако се изгласа деталниот урбанистички план за Мал Ринг.




Edited by vladegf - 05-Nov-2012 at 09:23
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 05-Nov-2012 at 20:18
Подобро тоа одколку барок
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 06-Nov-2012 at 00:15
Ocekuvav vakvo resenie za GTC i ne veruvav deka ke bide prifateno nekoe drugo, odnosno barokno, koe bi bilo mnogu poskapo i neprilicno za trgovski centar vo cii granici ima stanbeni kuli, neposredno e do Soravia Centarot i hotelot, no i do idniot nov moderen trgovsko-stanben kompleks so tri kuli, a koga pred nego sega veke ima i park i toa so moderen, spored avtorot, spomenik...

Ubeden bev deka pogolema verojatnost postoi da bidat promeneti fasadite na visokata zgrada na EVN koja go rasipuva pogledot na Portata a uste poveke izgledot na objektot na Lumiks koj po zavrsuvanjeto na fasadite na City Gallery, noviot objekt na Narodna Banka i fasadite od Pelister do Pelagonija bi bil "grdoto pajce" vo novata vidoizmeneta okolina...


Edited by Tony Martin - 06-Nov-2012 at 00:23
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 06-Nov-2012 at 03:55
Originally posted by vladegf




.......... Архитектонското решение предвидува нејзино целосно застаклување и според истото трговскиот треба да функционира како мол, односно да има и отворен и затворен дел.




Малку сум збунет, Дали ова значи дека ќе има стаклен фасаден изглед неместо како што е сега, или сегашната бела фасада ќе стои но ќе биде претежно затворен објект. По мое ќе ја утнат работата ако го застаклат целиот објект. Тој предлог што циркулираше пред некое една две год беше доста солиден и требаа да го имплементираат, можда со мали промени на зградите но добар беше.
Back to Top
FCB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 31
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 06-Nov-2012 at 05:22
Spored mene fasadata ne e nisto losa za da treba da se menuva. Podobro sredstvata da gi iskoristat za negovo vnatresno renoviranje i usovrsuvanje. Ako treba i neka go zatvorat i klimatiziraat, ama fasadata neka ostane ista. A ako mu ja smenat fasadata a vnatre da go ostavat kakov sto e nema nisto da gi podobrat uslugite na objektot.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3171
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 06-Nov-2012 at 10:42
Основната идеја на архитектот при реализацијата на ГТЦ била таа да биде своевиден современ одговор на традиционалната турска чаршија. Поентата на објектот при неговата реализација била тој да биде од отворен тип и да стане секојдневно катче на граѓаните. Истовремено, наместо вештачка климатизација, природното струење на воздухот била круцијална идеја на тогашните планери.

Сите овие авангардни идеи се оствариле во реалноста, така што не гледам никаква причина за ГТЦ да се затвори, да се климатизира и да му се менува фасадата. Попрво би се сложил за негова доградба на покривот, реконструкција на фасадата(не велам барокна!) и најважната внатрешна санација на инсталацијата. Се разбира, да се распише и конкурс за архитектонски интервенции во рамките на самиот објект.

Инаку, и со ова што во моментов се прави сметам дека ќе се одземе оригиналната идеја на архитектот и ќе се убие препознатливоста на овој објект. Не мора нешто да се направи во барок за да биде грдо, ниту пак обратно.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6996
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 06-Nov-2012 at 17:27

токму така, поради истите причини, самиот трговски е сместен на поранешна улица што денес е прометен пешачки коридор... поради тоа, и покрај што е толку стар, ГТЦ сеуште е жив и сеуште го држи својот стандард и име после толку години

инаку, проект со кој најмногу би се согласил, е тоа ГТЦ на покривот да има висечка градина искористена во рекреативни цели, со пропратни содржини, како на пример кафулиња (доколку сето тоа е изводливо)
исто така, не гледам ништо страшно во тоа да се догради еден спрат (како на рендерите од темава)

а што се однесува до барокот, не ми е јасно како некој може да си го замисли како физички изводливо нешто, тоа е можеби и најцврстата причина зошто никој не бил заинтересиран да го превземе проектот со такви услови... јас мислам дека во моментов живи се јадат што не можат да им склопат фасади на објекти како поштата, МОБ, ГТЦ, НБРМ, МТВ и други доминантни објекти во градов...
ама секако, не би зборел пред време, дод искуство си знаеме дека се е можно...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 08-Nov-2012 at 23:33
Originally posted by zabegan

јас мислам дека во моментов живи се јадат што не можат да им склопат фасади на објекти како поштата, МОБ, ГТЦ, НБРМ, МТВ и други доминантни објекти во градов...
ама секако, не би зборел пред време, дод искуство си знаеме дека се е можно...


За некои од нив да, звучи крајно лудо и нереално, мада ете и најлудите идеи полека почнаа да се реализираат така да ништо нема да изненади.

Мада НБРМ, МТВ, ЕВН... Њујорк има мал миЉон арт-деко и сл. облакодери така да... не е неизводливо... ама Е надвор од умот.

ИМО, се сложувам дека не треба никакви промени освен надградба или само оплеменување на кровот со содржина. Мислам дека и футуристички (што и да значи тоа денес) ќе го направат фушерајски како и се останато.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 16-Nov-2012 at 14:40
30.000 евра за тродимензионално снимање на фасадите на ГТЦ!

Агенцијата за катастар на недвижности ќе и плати безмалку 30.000 евра за архитектонски услуги на „Гео Видл Мак“ ДОО од Скопје, друштво за трговија и деловни услуги. Оваа компанија во следните три месеци ќе треба да направи тродимензионално снимање на фасадите на Градски трговски центар во Скопје, вклучително со трите згради кои се издигнуваат од површината на која што е изграден ГТЦ.

Според објавата на Бирото за јавни набавки, Агенцијата за катастaр добила три понуди, од кои онаа на „Гео вилд мак“ била најповолна.

Највисоката понуда за тродимензионалното снимање на фасадите на ГТЦ била дури 75.000 евра.

извор фактор.мк
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 15-Dec-2012 at 12:44
Оф леле мори мајко... сега само што прочитав на порталот... го поништиле тендерот... 
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 15-Dec-2012 at 13:04
normalno, kaj dozvoluvaat oni da prdne nekoj vo centar a da ne e toa nakiteno so barokni elementi
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3171
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 16-Dec-2012 at 11:54
Необично е што не се развива никаква дебата околу овој проект, очигледно дека и форумашите се подведени на изборот на дневни вести од уредувачкиот тим на главните медиуми, на нивната медиумска agenda-setting.

Симптоматично ми е зошто не се објавува заклучокот на жири-комисијата, самиот директор на ГТЦ во својата изјава си кажува дека нешто не е во ред. Трите архитектонски стила објавени во огласот се обратно пропорционални со критериумите наведени во конкурсот кои јасно бараат зачувување на препознатливиот изглед на објектот.

Мислам дека е поприлично јасно дека се бара адекватно идејно решение изработено од „погодни“ архитекти. Изненадувачки ќе биде како директорот ќе го смени мислењето во последен момент во полза на оваа фасада, само не знам каква би била моќта на жири-комисијата да спречи вакво нешто?

Ако подобро размислам, можеби е најдобро какво и решение веќе да е избрано за објектов, а таму негде „горе“ е сигурно избрано, најдобро би било членовите на комисијата барем мала ревизија да му направат за да не излезе тотално промашување и потсмев.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 62>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.