build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5556575859 66>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #1121 Posted: 27-Apr-2015 at 16:30
Сношти бев многу разочаран од сето ова, но денеска кога размислувам со ладна глава логични ми се две објаснувања зошто се одеше на референдум:
1.СДСМ го има навлечено Жерновски со некакви некредибилни анкети во кои имало резултат дека излезноста ке биде 62%
2.Жерновски соработува со Владата, и сето ова е направено во договор помеѓу владата и него
Не гледам друго објаснување зошто Жерновски им го отвори патот за Барок на ГТЦ, после ова нема никаква можност да се стопира овој проект, приказните од типот не е се завршено, борбата продолжува, можеме да си ги кажуваме и да се тешиме. Но војната е изгубена, останува само егзекуција, гушкања и бацувања можеме да правиме, но тоа ништо нема да промени. ВМРО секогаш ке се повикува на вољата на народот.

Останува да го видиме инвеститорот и датумот на почеток на скрнавење на ГТЦ.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2451
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1122 Posted: 27-Apr-2015 at 16:59
Originally posted by Z|evzek

Од бомбите Грујо збори за некој французин како го шетале со Миле низ ГТЦ. Значи реконструкцијата ќе почне најбрзо што може зашо јавнiot приватен партнер битребало да е веќе пронајден


Ја колку што можев да разберам, Албанец католик кој живеел во Француска некој период (најверојатно во времето на Наполеон ). Уметник чоек - сакал барок.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1123 Posted: 27-Apr-2015 at 17:29
Мотивите за референдумот немаат никаква врска со ГТЦ. Но за тоа во друга прилика,бидејќи треба да се вметнин политика во муабетот а нејзи не и е местото овде
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1124 Posted: 27-Apr-2015 at 18:18
Originally posted by Џоле

Навигатор, па и ти го правиш истото за што обвинуваш! И ти групираш, сместуваш членови на форумов во таборот на опозицијата без да знаеш нешто повеќе за нив. Знаеш колку пати ми се случило досега да бидам обвинет за проопозициски ставови само затоа што се противам на одреден проект што го турка владејачкава гарнитура? За жал, длабоко сме исполитизирани и поделени во општеството, и тоа се одразува на секое ниво, вклучувајќи и обичен муабет пред продавничка, додека се пие пиво со пријателите.

Референдумот не успеа, но постојат уште многу други механизми и акции за одбрана за архитектонското наследство на Македонија кое се уништува под налетот на насилниците.


Не Џоле, јас не групирам и не генерализирам членови на форумот. Му се обратив директно на Декстер (кој отворено ги брани ставовите на опозицијата и во секој можна прилика ја вреѓа власта и нејзините приврзаници) и на неговите политички истомисленици.

Во врска со тебе и неколку други поискусни членови, единствена замерка ми е користењето на погрдни зборови, повторно за власта. Насилниците, силувачите, диктаторот, фирерот... Едноставно, не е вкусно. И јас имам лошо мислење за еден куп политичари и повеќето партии, па се воздржувам, сакам да се одржи некои пристојно ниво на дискусија.

За останатото се сложувам. За етикетирањето, за исполитизираноста, дури и за изнаоѓање на друг концепт за заштита на ГТЦ од бавната и болна смрт што му се случува. Мислам дека моментов е идеален за изнаоѓање на компромис, неутрално решение, кое ќе биде помеѓу потенцијално грдиот барок и моментално грдата реалност на ГТЦ.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1125 Posted: 27-Apr-2015 at 18:55
можеби комплетно реновирање со задржување на истиот стил и инсталирање на воздужни врати(топло -ладно) на секој влез за колку толку развивање на балансирана клима во внатрешниста. Вака е некако како ``хотел-промаја``
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1126 Posted: 27-Apr-2015 at 21:12
Филип Јовановски

Како што не е во ред уметниците да одговараат на зборовите на критичарот, така не е во ред ни да им одговарам на Ге/Жоро за нивното мислење по однос на референдумот. Сепак, имам впечаток дека дечките дошле на погрешна претстава/изложба и појма немаат што виделе. Еве пар појаснувања:

1. Жерновски не стоеше зад референдумот, туку иницијативата ‪#‎ГОсакамГТЦ‬. Има таму многу луѓе со име и презиме, со лик и дело, со блескави професионални кариери и тешка активистичка километража. Се понашате со нас како со деца, па неуспехот му го припишувате на Жерновски, наместо на иницијативата. Кон нас сте добрички, не милувате со благи критики, а кон него сте строги. Ко он да е наш старател, а ние негови деца.

2. Нашата километража е подолга од вашата, иако сме во просек 20 години помлади од вас! И по однос на СК014 и по однос на ВМРО и вмроидните ликови во нашата политика/медиуми. Немојте да ни кажувате каква прилика сме проуштиле затоа што не ни е прва. Затоа што ГТЦ го браниме, а и се бориме против СК014 долго пред вие тројцата (сосе Жерновски) да го кажете/напишете првиот збор против проектот.

3. Ја имам 100 пати повеќе и подобри причини да му барам оставка на Жерновски, а и сум му ја барал дооолго пред вас. Се сеќавам дека вашите медиуми мудро молчеа по однос на нашите соопштенија за неговиот однос кон СК014 уште пред 18 месеци. Но, разликата помеѓу нас и вас е што ние знаеме да ја тргнеме суетата на страна кога успехот ни е на дофат и кога редовите треба да се збијат. Знаеме кога е време за кавга, а кога не е, а и одговорноста знаеме да ја лоцираме прецизно, а вие не.
Ова истово што го правите вие вчера и денес, можев да го правам и јас на 25.12.2012, а и на изборите во 2013, затоа што длабоко не се согласував со потезите што ги тегнеше опозицијата, па не се дрзнав за да не го полнам куририте со вести за криза меѓу опозиционерите. Притоа, вие сте многу почитани и повлијателни од мене/нас, а сепак деновиве сте главни ѕвезди во театарот на Илија Димовски.

4. Мое лично мислење е дека успехот на еден проект се цени според остварувањето на претходно утврдени цели, а не по собирањето на купче на позитивните аспекти од поразот. Во таа смисла, референдумот беше неуспешен. Тоа секој од нас го признава. Но, ние барем се обидовме да направиме нешто, а и имавме право на тоа (со оглед на тоа што сме меѓу најжестоките негови противници уште од почетокот). Референдумот го бараме подолго време, пред бомбите воопшто да постојат. Тоа што вие сте си го сфатиле како темпирана алатка за помагање на уривањето на ‪#‎Ж‬, тоа е ваш проблем. За нас, и двете се еднакво важни. Ни се даде приликата што ја баравме, дадовме све од себе да ја зграбиме и потфрливме. Тоа е. Простете и на нашата маленкост.

5. Преку глава ми е веќе од луѓе кои и во 2015-та не го сфаќаат озбилно проектот СК014. Вие мислите дека оваа битка е само скалило во војната со владата, а јас мислам дека е војна сама по себе. Војна против авторитарноста, уништувањето на културното наследство, приватизацијата на јавните простори, фашизмот, милитаризмот, загадувањето, правото на град итн. Досега мислев дека од пропагандни причини се држите само до финансиите и криминалот на проектот, но сега сфаќам дека вие воопшто не ги разбирате другите аспекти и како се тие поважни од оние за кои што вие сте се фатиле. За вас, СК014 е само скандал со кој што оваа влада треба да падне, а отпосле не би имале проблем да живеете крај неговите грозотии, немам сомнеж за тоа.

6. Заборавате дека резултатите од вчерашното гласање не се лоши, дека се подобри од било кои до сега, дека на овој референдум излегоа и се активираа луѓе кои претходно не гласале или избегнувале политика. Дека за прв пат луѓето гласаа дали сакаат автентичен град или барок и дека волјата е јасно изразена, дури и со претпоставените гласачи на ВМРО ставени во равенката. Вашите анализи за бројките се методолошки погрешни, па нема ни потреба да се коментираат заклучоците. Споредувате референдуми со избори, а притоа избори со избори не можат просто да се споредуваат. Локални со претседателски, минатогодишни со овогодишни, бојкотирани со небојкотирани... Притоа, селективно ги наоѓате бројките и соодносите што ви одговараат, а ги игнорирате другите.

Ако погледнете на која претстава/изложба сте дошле и ја прочитате програмата, ќе видите дека Жерновски/СДСМ не стои зад неа, туку автентична иницијатива која што, покрај тоа што не успеа во своите намери, сепак напиша една страница во историјата на Скопје/Македонија и нашата демократија. Успехот е поголем, а разочарувањето помало кога ќе погледнете на тој начин.

(ФБ статус на авторот)


http://plusinfo.mk/mislenje/482/deckite-doshle-na-pogreshna-pretstava
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1127 Posted: 27-Apr-2015 at 21:23
Originally posted by Navigator

Жалам што си заглавен во таквото размислување, за кое упорно се докажува дека е губитничко. Повторно ист пристап, а тоа е дека има милион други надворешни фактори кои се виновни за неуспехот, само вие самите не сте. Ако свесно вршеше анализа како што велиш, ќе разбереше дека тие 10% што фалеа за референдумот да биде успешен се околу 4300 гласачи. Дали ти сериозно веруваш дека 4300 гласачи беа спречени да излезат и да гласаат заради неисправни лифтови и измешани гласачки списоци. Нели сфаќате дека со тоа што лифтовите ви се најсилните аргументи, го губите кредибилитетот пред јавноста. Колку се тие луѓе во една општина како Центар што не можат да искачат 7-8 ката за да гласаат, ако така силно веруваат во некоја опција/предлог? 100-200 изнемоштени стари лица и уште толку лица со хендикеп на кои неопходен им е лифт? Тоа ли ќе ја надомести разликата, сериозен ли си? Причината за неуспехот е едноставна, на форумов неколку луѓе ја убаво ја предвидоа: На Жерновски му беа потребни околу 5500 гласа повеќе од тоа што тој го доби на изборите пред 2 години. Со бојкот на ВРМО (што патем е несериозна, но истовремено легитимна одлука), само лудак може да поверува дека во една општина ќе успее да привлече 5500 нови гласачи за 2 години во вакво политички заровено општество.

И уште една работа, дај конечно сфатете дека не смеете да ги вреѓате луѓето што моментално не размислуваат како вас. Една паметна опозиција ја напаѓа само власта, а не сопствената држава или уште помалку народот од кого потоа бара гласови. За тебе секој што размислува поинаку, секој што не гласал ЗА вчера е подлизурко на власта. Затоа не можеш да привлечеш ниту еден иделошки различен од тебе, затоа не можете да растете како група, како партија, како опозиција. Со години ве слушаме како ја напаѓате власта дека го поделила народот и ги етикетира поединците. Исти сте, истото го правите! Секој што не е со вас, е против вас. Само вие одите и чекор подалеку, го вреѓате народот.

И те молам, ако планираш да ми одговориш, излези на 5 минути од ровот, разгледај што се случува, па пиши. Ако планираш да ми транскрибираш партиски прес, фала, не мора, ги читам на Плусинфо.

 
И јас жалам бидејќи ти си заглавен во твоето размислување - не знам како го етикетираш твоето лично размислување, дали како губитничко или не знам какво - но и тоа е твое право.
 
Но реплицираше само за расипаните лифтови, а не и за граѓаните кои не можеа да се најдат во избирачкиот список - за волја на вистината ги спомнуваш само ЕДНАШ во твојата реплика, но не коментираш за истата таа појава, како и зошто истата се случи.
 
Јас не сум политичар, не се занимавам со политика, не обработувам ничија политичка или партиска агенда, ниту ме интересира како гледаш ти на моите коментари упатени кон тие кои јас ги нарекувам партиски подлизурковци.
 
Чисто колку за потсетување, и јас го имам таквото право на размислување и на изразување, исто како и ти.
 
Originally posted by gjoko

Мотивите за референдумот немаат никаква врска со ГТЦ. Но за тоа во друга прилика,бидејќи треба да се вметнин политика во муабетот а нејзи не и е местото овде

 
И јас го делам твоето мислење Ѓоко - дека не треба да се вметнува политика во муабетот - но ајде кажи како да ја избегнеме, кога ова што се случува во Скопје и во државава изминативе 7 и повеќе години, е профитерски криминал изведен преку политички механизми ?
 
Се обидуваме да избегнеме политика, но политиката не сака да не избегне нас.
 
Работава испаѓа како што велат Британците - или вие ќе се позанимавате со политиката, или политиката ќе се позанимава со вас:
 
If you don't do politics, then politics will do you.


Edited by Dexter26 - 27-Apr-2015 at 21:39
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #1128 Posted: 27-Apr-2015 at 22:54
Originally posted by Џоле

Филип Јовановски

Како што не е во ред уметниците да одговараат на зборовите на критичарот, така не е во ред ни да им одговарам на Ге/Жоро за нивното мислење по однос на референдумот. Сепак, имам впечаток дека дечките дошле на погрешна претстава/изложба и појма немаат што виделе. Еве пар појаснувања:

1. Жерновски не стоеше зад референдумот, туку иницијативата ‪#‎ГОсакамГТЦ‬. Има таму многу луѓе со име и презиме, со лик и дело, со блескави професионални кариери и тешка активистичка километража. Се понашате со нас како со деца, па неуспехот му го припишувате на Жерновски, наместо на иницијативата. Кон нас сте добрички, не милувате со благи критики, а кон него сте строги. Ко он да е наш старател, а ние негови деца.

2. Нашата километража е подолга од вашата, иако сме во просек 20 години помлади од вас! И по однос на СК014 и по однос на ВМРО и вмроидните ликови во нашата политика/медиуми. Немојте да ни кажувате каква прилика сме проуштиле затоа што не ни е прва. Затоа што ГТЦ го браниме, а и се бориме против СК014 долго пред вие тројцата (сосе Жерновски) да го кажете/напишете првиот збор против проектот.

3. Ја имам 100 пати повеќе и подобри причини да му барам оставка на Жерновски, а и сум му ја барал дооолго пред вас. Се сеќавам дека вашите медиуми мудро молчеа по однос на нашите соопштенија за неговиот однос кон СК014 уште пред 18 месеци. Но, разликата помеѓу нас и вас е што ние знаеме да ја тргнеме суетата на страна кога успехот ни е на дофат и кога редовите треба да се збијат. Знаеме кога е време за кавга, а кога не е, а и одговорноста знаеме да ја лоцираме прецизно, а вие не.
Ова истово што го правите вие вчера и денес, можев да го правам и јас на 25.12.2012, а и на изборите во 2013, затоа што длабоко не се согласував со потезите што ги тегнеше опозицијата, па не се дрзнав за да не го полнам куририте со вести за криза меѓу опозиционерите. Притоа, вие сте многу почитани и повлијателни од мене/нас, а сепак деновиве сте главни ѕвезди во театарот на Илија Димовски.

4. Мое лично мислење е дека успехот на еден проект се цени според остварувањето на претходно утврдени цели, а не по собирањето на купче на позитивните аспекти од поразот. Во таа смисла, референдумот беше неуспешен. Тоа секој од нас го признава. Но, ние барем се обидовме да направиме нешто, а и имавме право на тоа (со оглед на тоа што сме меѓу најжестоките негови противници уште од почетокот). Референдумот го бараме подолго време, пред бомбите воопшто да постојат. Тоа што вие сте си го сфатиле како темпирана алатка за помагање на уривањето на ‪#‎Ж‬, тоа е ваш проблем. За нас, и двете се еднакво важни. Ни се даде приликата што ја баравме, дадовме све од себе да ја зграбиме и потфрливме. Тоа е. Простете и на нашата маленкост.

5. Преку глава ми е веќе од луѓе кои и во 2015-та не го сфаќаат озбилно проектот СК014. Вие мислите дека оваа битка е само скалило во војната со владата, а јас мислам дека е војна сама по себе. Војна против авторитарноста, уништувањето на културното наследство, приватизацијата на јавните простори, фашизмот, милитаризмот, загадувањето, правото на град итн. Досега мислев дека од пропагандни причини се држите само до финансиите и криминалот на проектот, но сега сфаќам дека вие воопшто не ги разбирате другите аспекти и како се тие поважни од оние за кои што вие сте се фатиле. За вас, СК014 е само скандал со кој што оваа влада треба да падне, а отпосле не би имале проблем да живеете крај неговите грозотии, немам сомнеж за тоа.

6. Заборавате дека резултатите од вчерашното гласање не се лоши, дека се подобри од било кои до сега, дека на овој референдум излегоа и се активираа луѓе кои претходно не гласале или избегнувале политика. Дека за прв пат луѓето гласаа дали сакаат автентичен град или барок и дека волјата е јасно изразена, дури и со претпоставените гласачи на ВМРО ставени во равенката. Вашите анализи за бројките се методолошки погрешни, па нема ни потреба да се коментираат заклучоците. Споредувате референдуми со избори, а притоа избори со избори не можат просто да се споредуваат. Локални со претседателски, минатогодишни со овогодишни, бојкотирани со небојкотирани... Притоа, селективно ги наоѓате бројките и соодносите што ви одговараат, а ги игнорирате другите.

Ако погледнете на која претстава/изложба сте дошле и ја прочитате програмата, ќе видите дека Жерновски/СДСМ не стои зад неа, туку автентична иницијатива која што, покрај тоа што не успеа во своите намери, сепак напиша една страница во историјата на Скопје/Македонија и нашата демократија. Успехот е поголем, а разочарувањето помало кога ќе погледнете на тој начин.

(ФБ статус на авторот)


http://plusinfo.mk/mislenje/482/deckite-doshle-na-pogreshna-pretstava


Незнам кој е Јовановски, ама ова е класичнен обид за перење на нашиот дебакал. Можеме да се надмудруваме и да пробуваме од петни жили да го претвориме поразот во победа, ама на крај ке си легнеме тажни. Тажни што со една погрешна проценка нанесовме голема штета и му дадовме пас на Груевски да си заврши со започнатото.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7315
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1129 Posted: 28-Apr-2015 at 01:02
Originally posted by kultuzin

Originally posted by zabegan

Originally posted by kultuzin

Знае ли некој колку ја платија оваа авантура граѓаните на Центар? Ако добро се сеќавам потрошени се околу 3 милиона евра буџетски средства.
од сите а-ла-наредба од штаб коментари што ги даде во последно време (што не ни очекував до тој степен) овој ти е најсмешен...
а колку ќе кошта лепешката ко од ликовно во забавиште, што ќе му се залепи на ГТЦ? ...сигурно не помалку од референдумов, баш напротив...



нема везе... да не се наведувам понатаму на такви дискусии... тоа што е битно е што народов на ваков или онаков начин го заслужува тоа што го добива
ние не заслужуваме свет на култура и развој и справување со прашања по цивилизиран и професионален пат, без политика и чаршиски ракија-муабети
на фејсбук негде прочитав коментар дека жалосен е фактот што за протести, гласање и останати форми на „искажување мислење“ потребни се или закани, или ситни и бедни задоволувања со бесплатни сендвичи... епа ако е така, нека биде така

и некој ќе каже дека некој треба да ја гради свеста на народот и нешто посебно да го образова... ама со сила не можеш ништо да му пикаш во врат


Забеган јас сум првиот што секогаш апелира да не се политизира форумот. Но неможам да молчам кога се злоупотребува форумот за политички цели а особено ако се работи за манипулации и извртување на вистината. Ако забележуваш моите постови секогаш се реакција а никогаш или многу ретко акција кога се работи за политиката. Ќе повторам уште еднаш да ја оставиме политиката на страна и да не го труеме овој простор кој овде ни е даден за одишка од постојаното политичко малтретирања на кое сме изложени секојдневно и во секое време. Значи по природа сум човек што не поднесува манипулации и затоа реагирам но ТВРДАМ дека треба да се работи на деполитизирање на општеството. А тоа треба да тргне од секој поединец. Ако во иднина воопшто сакаме како граѓани да имаме повеќе моќ за критика и за промени во општеството.
на политичка манипулација, одговараш со политички коментар на ниско ниво... тоа ми беше поентата... ако не сакаш политизирање, тогаш воопшто не треба да пласираш реакција (иронично што ова јас ти го кажувам, ама ај, нема везе)
јас барем постојано констатирам дека битна ми е крајната цел и она што сметам дека е правилно, а не банални работи... задржување на оригиналниот концепт на ГТЦ е правилниот избор, и нека се обиде некој да го докаже спротивното барем еднаш за промена, наместо да збориме за Жерновски, Сорос и колку коштал референдумов

и јас бев против организирање на референдум, ама тоа беше последен излез, кога секој друг професионален пристап кон работите беше саботиран
и штета што само околу ГТЦ се крена галама, има еден куп други објекти иконични за градов, кои ќе бидат трајно и неповратно упропастени, а напротив, треба да се заштитени како културно наследство на градов и земјава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #1130 Posted: 28-Apr-2015 at 06:42
Ако се вратиш најмалку 50 постови наназад ке видиш дека сите се политички, со тоа што некој се пишувани поумерено, а други се побрутални. На крај на краевите, референдумот беше политички мотивиран, нашата идеа за ГТц само беше злоупотребена. Во таква концтелација, ти какви постови очекуваш?

Edited by King - 28-Apr-2015 at 06:43
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1131 Posted: 28-Apr-2015 at 08:23
Originally posted by King


Незнам кој е Јовановски, ама ова е класичнен обид за перење на нашиот дебакал. Можеме да се надмудруваме и да пробуваме од петни жили да го претвориме поразот во победа, ама на крај ке си легнеме тажни. Тажни што со една погрешна проценка нанесовме голема штета и му дадовме пас на Груевски да си заврши со започнатото.


Тој е еден од активистите од групата „Го сакам ГТЦ“ која, всушност, е иницијатор на референдумот. Сметав дека неговиот став во врска со (не)успешноста на референдумот за ГТЦ е битен да се прочита, ако ништо друго, за барем да се добијат некои информации од прва рака и да не се пишуваат секакви претпоставки во врска со самиот референдум и луѓето што стојат зад него. А јас се познавам лично со споменатиот Филип Јовановски. И иронично е тоа што тој, битолчанец по потекло, се бореше повеќе за зачувување на ГТЦ од многу скопски „фраеришта“.

Edited by Џоле - 28-Apr-2015 at 08:23
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1132 Posted: 28-Apr-2015 at 08:48
mislam deka so malku razmisluvanje mozese da se dojde do uspesen referendum. Znaejki deka stavot na vladeackata partija ke bide bojkot, bese mnogu neizvesno dali ke ima dovolno izleznost, i toa ispadna pogubno i porkaj toa sto 95% od lugeto bea ZA.

dokolku referendumot glasese: "dali sakate GTC da dobie barokna fasada?", togas nemase da moze da odat na bojkot, bidejki dokolku ne uspeese referendumot toa ke bese kraj za barokot.

vo ovoj slucaj ke izlezea site na referendum, i onie za i tie protiv, kvotata ke bese ispolneta, a tie koi ke bea protiv barokot spored site anketi ke bea ubedlivo mnozinstvo.

ke imavme 2 mozni krajni ishodi:

1. neuspesen referendum, sto vo slucajov ke znacese NE za baroken GTC

2. uspesen referendum, so okolu 80% od glasovite PROTIV barokna fasada

Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1133 Posted: 28-Apr-2015 at 09:43
Originally posted by Dexter26



Originally posted by Navigator

Жалам што си заглавен во таквото размислување, за кое упорно се докажува дека е губитничко. Повторно ист пристап, а тоа е дека има милион други надворешни фактори кои се виновни за неуспехот, само вие самите не сте. Ако свесно вршеше анализа како што велиш, ќе разбереше дека тие 10% што фалеа за референдумот да биде успешен се околу 4300 гласачи. Дали ти сериозно веруваш дека 4300 гласачи беа спречени да излезат и да гласаат заради неисправни лифтови и измешани гласачки списоци. Нели сфаќате дека со тоа што лифтовите ви се најсилните аргументи, го губите кредибилитетот пред јавноста. Колку се тие луѓе во една општина како Центар што не можат да искачат 7-8 ката за да гласаат, ако така силно веруваат во некоја опција/предлог? 100-200 изнемоштени стари лица и уште толку лица со хендикеп на кои неопходен им е лифт? Тоа ли ќе ја надомести разликата, сериозен ли си? Причината за неуспехот е едноставна, на форумов неколку луѓе ја убаво ја предвидоа: На Жерновски му беа потребни околу 5500 гласа повеќе од тоа што тој го доби на изборите пред 2 години. Со бојкот на ВРМО (што патем е несериозна, но истовремено легитимна одлука), само лудак може да поверува дека во една општина ќе успее да привлече 5500 нови гласачи за 2 години во вакво политички заровено општество.

И уште една работа, дај конечно сфатете дека не смеете да ги вреѓате луѓето што моментално не размислуваат како вас. Една паметна опозиција ја напаѓа само власта, а не сопствената држава или уште помалку народот од кого потоа бара гласови. За тебе секој што размислува поинаку, секој што не гласал ЗА вчера е подлизурко на власта. Затоа не можеш да привлечеш ниту еден иделошки различен од тебе, затоа не можете да растете како група, како партија, како опозиција. Со години ве слушаме како ја напаѓате власта дека го поделила народот и ги етикетира поединците. Исти сте, истото го правите! Секој што не е со вас, е против вас. Само вие одите и чекор подалеку, го вреѓате народот.

И те молам, ако планираш да ми одговориш, излези на 5 минути од ровот, разгледај што се случува, па пиши. Ако планираш да ми транскрибираш партиски прес, фала, не мора, ги читам на Плусинфо.
 И јас жалам бидејќи ти си заглавен во твоето размислување - не знам како го етикетираш твоето лично размислување, дали како губитничко или не знам какво - но и тоа е твое право.  Но реплицираше само за расипаните лифтови, а не и за граѓаните кои не можеа да се најдат во избирачкиот список - за волја на вистината ги спомнуваш само ЕДНАШ во твојата реплика, но не коментираш за истата таа појава, како и зошто истата се случи.  Јас не сум политичар, не се занимавам со политика, не обработувам ничија политичка или партиска агенда, ниту ме интересира како гледаш ти на моите коментари упатени кон тие кои јас ги нарекувам партиски подлизурковци.  Чисто колку за потсетување, и јас го имам таквото право на размислување и на изразување, исто како и ти.

Мислев дека лифотвите се посилниот аргуемент, затоа се задржав на тоа. Во однос на избирачкиот список, уште поедноставно е - Жерновски без никаков коментар го прими финалниот изглед на избирирачкиот список што го спреми ДИК, на чие чело е кадар предложен од опозицијата. Жерновски знаеше дека списокот е надуен и дека не е комплетно ажуриран и пак отиде на референдум, без ниедна забелешка. Може ако бевте реални пред референдумот, а не еуфорични, ќе искоментиравте за тие проблеми. Сега, одново слушаме само оправдувања. Навикнавме веќе.

А тоа дека не си политичар се сложувам. Нема многу политичко знаење во тебе. Ти единствено сакаш да го напаѓаш и вреѓаш она што не ти се допаѓа во политиката, притоа без многу аргументи. Политика на рекла-кажала, како што впрочем е огромен дел од политичката дебата кај нас.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1134 Posted: 28-Apr-2015 at 10:58
Истите тие на кои проблем им биле расипаните лифтови, без проблем ќе трчаат, па ако треба и ќе те прегазат кога треба да се качат во автобус на ЈСП кога им е бесплатен ден.

Опозицијата воопшто не требаше да си го пика носот во референдумот за ГТЦ. Само му наштети и според мене е главната причина за неуспехот.
Треба да си малоумен и ретардиран за да ги следиш оние на кои им се битни трговски дуќанчиња и кафеанчиња и за кои повикуваат да се излезе на референдум, а не им беа битни Македонците кои со Законот за територијална поделба станаа граѓани од втор ред во Западна Македонија и за чиј референдум од петни жили се заложија за бојкот со познатата реченица:„Некои прашања не заслужуваат одговор“.

Па ако за тебе Македонците во Струга и Кичево не заслужуваат одговор и повикуваш на бојкот за референдум клучен за нивниот опстанок во тие средини, со кое лице повикуваш излегување на референдум за трговски центар?

И уште една многу важна работа. Како да верувам на некои дека им е битен ГТЦ како објект од културно наследство, а не им се битни ситни политички поени кои веруваа дека ќе ги добијат на популизам, кога не им беше битна Старата скопска чаршија која ја отстапија на Чаир, општина со една од најнеспособните локални самоуправи во Македонија, која дозволи живеалиштата на нејзина територија да се претворат во сламови и гета.

Отвори Google Map и види на што личат куќите и уличките во Чаир. И ти на таква општина ѝ ја отстапуваш Старата скопска чаршија која е од огромно културно значење не само за Скопје, туку и за Македонија, и после сè, очекуваш да ти поверувам дека ти е гајле за ГТЦ.


Edited by phenomenon - 28-Apr-2015 at 11:55
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1135 Posted: 28-Apr-2015 at 11:11
Некој поназад постираше слика од трговскиот центар во Хонолулу. Јас пребарав низ Интернет и видов дека се работи за трговскиот центар Ала Моана.

http://www.alamoanacenter.com/

Би сакал истото решение да се примени и на ГТЦ, па не барок, ако сака и рококо нека биде.











Edited by phenomenon - 28-Apr-2015 at 11:16
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1136 Posted: 28-Apr-2015 at 11:38

Ама не може вака бе дечки. Не може да го споредуваме Скопје со Хонолулу. Трговскиов убаво изгледа, ама во Хонолулу, во текот на целата година температурата се движи меѓу 20 и 30 степени. Во Скопје имаш 40 степени во Јули и 40 сантима снег во Јануари. Нели заради дождот/снегот го покрија ГТЦ. Сите се сеќаваме на тие бари кога ќе заврнеше. Не знам, неприменливо е ова според мене.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1137 Posted: 28-Apr-2015 at 12:03


Во право си. Затоа ГТЦ нека биде затворен одозгора.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1138 Posted: 28-Apr-2015 at 12:18
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1139 Posted: 28-Apr-2015 at 12:56
Originally posted by Navigator

Мислев дека лифотвите се посилниот аргуемент, затоа се задржав на тоа. Во однос на избирачкиот список, уште поедноставно е - Жерновски без никаков коментар го прими финалниот изглед на избирирачкиот список што го спреми ДИК, на чие чело е кадар предложен од опозицијата. Жерновски знаеше дека списокот е надуен и дека не е комплетно ажуриран и пак отиде на референдум, без ниедна забелешка. Може ако бевте реални пред референдумот, а не еуфорични, ќе искоментиравте за тие проблеми. Сега, одново слушаме само оправдувања. Навикнавме веќе.

А тоа дека не си политичар се сложувам. Нема многу политичко знаење во тебе. Ти единствено сакаш да го напаѓаш и вреѓаш она што не ти се допаѓа во политиката, притоа без многу аргументи. Политика на рекла-кажала, како што впрочем е огромен дел од политичката дебата кај нас.

 
Но затоа ти очигледно си политичар бидејќи премногу употребуваш политички аргументи како еуфорични, опозиција, а особено Жерновски кого многу сакаш да го користиш во твоите коментари.
 
И пак не одговори на прашањето:
 
Дали разместените гласачи од едни во други гласачки места, а не надуениот избирачки список, заедно со постарите лица кои не можеа да гласаат поради расипаните лифтови - доколку не беа спречени во реализирање на своето гласачко право, ќе успееа да постигнат цензус од минимум 50% плус 1 (ЕДЕН) граѓанин со право на глас или не ?
 
И да, во право си, судејќи според твоите коментари рекла-кажала, кои и тоа како само те отсликуваат тебе како член на форумов кој единствено сакаш да ги напаѓаш и да ги навредуваш тие кои не се согласуваат со тебе на форумов, притоа без многу аргументи, дефинитивно те прикажуваат тебе како политички агитатор на форумов, за разлика од мене.
 
Те охрабрувам да ми одговориш на прашањето за цензусот, а притоа да не ги искористиш Жерновски, опозицијата, еуфоријата и пред се, политиката во твојот одговор.
 
Ајде да видиме дали си способен да дадеш еден објективен одговор како полнолетен граѓанин со право на глас - без разлика дали си жител на Центар или не - или ќе дадеш уште еден политички одговор и ќе ме етикетираш мене како некој со губитничко размислување и без политичко знаење.
 
Дај еден објективен одговор, а потоа врати се на дискусијата на темава од архитектонски и урбанистички карактер, наместо од политички карактер.
 
Originally posted by Navigator


Ама не може вака бе дечки. Не може да го споредуваме Скопје со Хонолулу. Трговскиов убаво изгледа, ама во Хонолулу, во текот на целата година температурата се движи меѓу 20 и 30 степени. Во Скопје имаш 40 степени во Јули и 40 сантима снег во Јануари. Нели заради дождот/снегот го покрија ГТЦ. Сите се сеќаваме на тие бари кога ќе заврнеше. Не знам, неприменливо е ова според мене.

 
Е добро де, покривањето на ГТЦ го реши тој проблем, иако за волја на вистината, можеше, а и сеуште може да се реши тој проблем, со отстранување на покривите и изградба на атмосферска канализација - нешто што дури во 2014 година им текна на нашинците да го направат под стоковната куќа Мост, на булевар Војводина - или булевар Киро Глигоров како што го нарекуваат сега, и на некои други места. Но така објектот повеќе ќе добие на грдосија, поради што поприфатливи се покривите кои беа поставени.
 
Временските услови не се сериозен проблем кој бара целосно затворање на ГТЦ.
 
Имаш некој друг аргумент зошто е потребно целосно затворање на ГТЦ ?


Edited by Dexter26 - 28-Apr-2015 at 13:07
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1140 Posted: 28-Apr-2015 at 13:36
Сериозен си? Тоа што јас го напишав за тебе, сега ти го пишуваш за мене, само препакувано? Готово, изгубив волја за дебата со тебе. Терај си како знаеш. Ако мислиш дека си успешен ти и твоите истомисленици, само така продолжете, ве охрабрувам.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5556575859 66>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.