build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 63646566>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1281 Posted: 29-Nov-2019 at 21:03
Супер е ова, само да се обезбедува и одржува. Уште 10 пати по толку и цел ГТЦ
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1712
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1282 Posted: 29-Nov-2019 at 21:10
Makedonska rabota. Na gorniot sprat fontani i parkovi a prizemjeto e vo faza na raspaganje!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1439
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1283 Posted: 29-Nov-2019 at 23:35

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 628
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1284 Posted: 30-Nov-2019 at 10:15
Протече зелениот кров



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1285 Posted: 24-Apr-2020 at 07:41
ФОТО: ГТЦ не доби нов лик но доби нов кафез



Додека во овие тешки денови се справуваме со корона кризата и додека народот е принуден да седи дома со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, градските власти „работаат“ со полна пареа.

Имено, откако претходно ја раскопаа скопската стара чаршија која што е прогласена за културно наследство, сега во ГТЦ никна нов објект…

Имено, ГТЦ можеби не доби нов лик, затоа па доби нов кафез.

https://kurir.mk/republika/skopje/foto-gtc-ne-dobi-nov-lik-no-dobi-nov-kafez/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4668
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1286 Posted: 24-Apr-2020 at 07:57
Ова ќе да е лифт.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1287 Posted: 24-Apr-2020 at 08:26
Да би требало да е лифт за новиот парк/зелен покрив...

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1288 Posted: 24-Apr-2020 at 09:17
ПАНОРАМСКИОТ ЛИФТ СЕГА НЕ Е УБАВ ОТИ СЕ ГРАДИ, АМА ЌЕ ГО РАЗУБАВИ ГТЦ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ТРАЈЧЕВСКИ

На влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ) од кај Портата, спроти кружното скалило кое е симбол на овој легендарен објект на македонската современа архитектура и обележје на Скопје, се гради панорамски лифт. Директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека лифтот првенствено ќе биде наменет за лица со инвалидитет и мајки со деца.

Тој смета дека панорамскиот лифт нема да го наруши изгледот на ГТЦ туку, напротив, ќе му даде атрактивност на објектот. Изведбата на лифтот чини 4 милиони денари (околу 65.000 евра).

„Нормално дека сега не изгледа убаво бидејќи се гради. Не е наменет само за зелениот покрив туку ќе има пристап до подрумот, приземје, прв кат и на покривот. Потребно е вакво нешто, бидејќи лифтови има само на средина во трговскиот кои се многу користени. ГТЦ мора да се развива“, вели Трајчевски.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/panoramskiot-lift-sega-ne-e-ubav-oti-se-gradi-ama-ke-go-razubavi-gtts-veli-direktorot-trajchevski/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1289 Posted: 24-Apr-2020 at 09:22
Добро, мислам дека веќе сме доволно умни за да не споделуваме вести од „Курир“, „Република“ и останатите „куртон-медиуми“ чија основна задача е само ширење паника и лажни вести. Оваа добронамерна критика не е упатена кон stef4o, туку кон сите корисници на форумов.

Edited by Џоле - 24-Apr-2020 at 09:22
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 904
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1290 Posted: 24-Apr-2020 at 21:33

Не е само Курир, за овој лифт реагираа и од МАРХ, портал за македонска архитектура, каде што баш од архитектонска гледна точка го спореа моментот на лифтот.

Мене не ми е струка тоа, ама јасно се гледа погрешната локација на лифтот. Па ако сакале да оди до подрумот и до сите катови, можел лифтов да биде и во внатрешноста на самиот ГТЦ.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 630
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1291 Posted: 24-Apr-2020 at 22:12
Се знаеше дека ова ќе се случува. Место да се направи целосен проект за модернизација и реконструкција што ќе ја задржеше оригиналната естетика, сега ќе гледаме вакви глупости.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1292 Posted: 26-Apr-2020 at 11:36
Лифтот кај ГТЦ ги разлути архитектите

Кај спиралните скали кај ГТЦ деновиве „никна“ конструкција за лифт, што предизвика реакции меѓу архитектонската фела и граѓаните, особено што се работи за објект – обележје на Скопје и репрезент на македонска современа архитектура, дело на Живко Поповски.

Даница Павловска – Циги, архитектка и дел од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, повикува на разумност и реакции од надлежните. Потенцира дека уште од првиот ден кога се прошири фотографијата за лифтот, за неа било разочарувачки што некој се осудил да доградува кај ГТЦ, до симболот што го гушкаа илјадници граѓани.

Веднаш побарала да ја прими директорот на ГТЦ. Се организирала средба со менаџерскиот тим, каде бил презентиран проект за лифтот.

За да функционира лифтот, срушена е бетонската ограда од самиот објект на ГТЦ. Така да, целата постапка има повеќе димензии. Да не зборуваме за авторски права, посегнување по нешто што е неприкосновено – ГТЦ како комплекс, структура и систем. Ако менаџерскиот тим смета дека ова е некој приоритет, тогаш, веќе им реков дека страшно многу грешат. Пред се’, сметам дека како стопански субјекти, како одговорни лица – не смееле да прават дивоградба. Одобруваа на она што го говорев, дури ми рекоа дека се стопирани. Грешката е направена, ужасна е, но може да се поправи“, вели таа за Радио МОФ.

Но, Павловска нагласува дека е вознемирена како професионалец и фронтмен од „Го сакам ГТЦ“, од фактот што не е извлечена поука од минатото. Свесноста за вредноста на ГТЦ, смета таа, очигледно, се’ уште не постои.

Според неа, симптоматично е што лифтот не доаѓа до нивото на т.н. „зелена градина“, па прашува дали постои некој друг интерес, на нивото под „зелениот покрив“.

„Се сомневам дека е поставен таму од други причини. Затоа сугерирав, ако имаат некаков проблем што сакаат да го разрешат, постојат професионалци. Дали од правна, естетска, економска природа. На крајот на краиштата, таму има и архитект, кој секако нема да дозволи да се сквернави културно наследство“, нагласува Павловска.

Таа потсетува и за законите поврзани со ГТЦ. Значајните објекти во центарот имаа утврдено ниво на заштита, за потоа ГТЦ да биде исфрлен од таа листа, па сега новата листа со ГТЦ, вели таа, е низ процедура да ја усвои Собранието.

„Toa e важно како правен статус на заштитата на ГТЦ. Мојот совет е општина Центар брзо да го разреши со Решение за рушење и Решение за доведување во претходна состојба. Во спротивно, ако се одовлекува и продолжи со градба, стојам пред ‘Го сакам ГТЦ’ и мобилизација на ова движење. Сите тие луѓе се спремни уште еднаш да застанат пред ГТЦ, ако треба повторно ќе има ‘гушкање’. Потребна е колективна осуда да се избрише ова од тлото, и од меморијата. Да се искажат принципи, да се гради однос кон архитектонското и градителско наследство“, потенцира Павловска.

На реакциите се приклучи и архитектот од „Радиус архитекти“ и претседател на Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ), Мартин Пановски.
„ГТЦ мора да се развива. ‘Би се користел за лица со посебни потреби и мајки со деца. Лифтот сега се градел и затоа не бил убав. Чинел 65.000 евра’. Ова се изјавите на Управителот на ГТЦ АД Скопје. Намерно го потенцирам ГТЦ АД Скопје зошто мора да стане јасно дека ГТЦ не е само на едно АД кое може да прави што сака со архитектурата на објектот ГТЦ. И да не станува збор за наградуван објект за кој многу пати како Архитекти сме го кажале мислењето, сепак станува збор за објект во центарот на главен град на една држава и недопусливо е кон тој објект да се однесувате со ‘пиљарски’ менталитет. Уште една тезга, па фриждер, па тенда. Да ве потсетам на дуќанчето под скалите“, реагира Пановски.

Тој потенцира дека, точно – ГТЦ мора да се развива. Но, вели Пановски, пред да се развива, менаџментот треба да исчисти, па да види дали ќе се вратат муштериите и дали можеби е тоа проблем.

„Потоа реновирајте го, таков каков што е. Запалете светло и нека не ве мрзи прегорените светилки да ги менувате. Всушност видете дали управувате со АД-то као што треба или не, па потоа гледајте дали објектот има проблем или проблемот е управувањето. ГТЦ е пристапен за лица со посебни потреби и мајки со деца и без лифтот. Е да, можеби треба да се пооди малку повеќе, што всушност е и целта на шопинг центрите. Ама зошто АД-то би се занимавало со тоа. Сигурно ако ставиме уште една ‘тезга’ ќе се развиеме“, нагласува претседателот на ААМ.

На изјавите дека „лифтот ќе биде убав“, Пановски иронично ги замолува архитектонските факултети да го повикаат ГТЦ АД Скопје да одржи експертско предавање на тема „Убави лифтови како услов за развој“.

„Всушност не. По прикладно би било ‘Убава архитектура’ да не го стеснуваме изборот само на лифтови, има убавина и во дуќанчиња под скали. И да чини нула евра местото не му е таму. Аплауз за инвестицијата изгледа треба овде? Е нема“, реагира Пановски, потенцирајќи дека е излишен коментар дали е потребен лифтот и дали ќе го наруши објектот.

Архитектката Сара Симоска од колективот „МЕЛЕЕМ“, на прашањето за коментар за лифтот, ни испрати нејзин став искажан преку социјалните мрежи:

За ситуацијата со лифтот се обративме и до Општина Центар. Чекаме одговор за нивните надлежности и можноста за реакција за конструкцијата, со оглед што лифтот се наоѓа на општинска територија.

Претходно, директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски за СДК рече дека лифтот првенствено ќе биде наменет за лица со инвалидитет и мајки со деца. Тој смета дека панорамскиот лифт нема да го наруши изгледот на ГТЦ, туку, напротив, ќе му даде атрактивност на објектот. Изградбата на лифтот чини 4 милиони денари (околу 65.000 евра).

„Нормално дека сега не изгледа убаво бидејќи се гради. Не е наменет само за зелениот покрив туку ќе има пристап до подрумот, приземје, прв кат и на покривот. Потребно е вакво нешто, бидејќи лифтови има само на средина во трговскиот кои се многу користени. ГТЦ мора да се развива“, изјави Трајчевски за СДК.

Бојан Шашевски

https://www.radiomof.mk/liftot-kaj-gtc-gi-razluti-arhitektite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1293 Posted: 26-Apr-2020 at 11:56
ЛИФТОТ ВО ГТЦ СЕ ГРАДИ НА НАЈИДИОТСКО МЕСТО, ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕ ТРЕБАЛО ДА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ПРОЕКТОТ, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ ПАНОВСКИ

За панорамскиот лифт кој почна да се гради на влезот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, општината не е задолжена да издава градежна дозвола бидејќи станува збор за пристап за инвалиди, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, откако стручната јавност реагираше дека се нагрдува архитектонското наследство. Тој вели дека според законот, секој објект треба да има обезбеден пристат за лица со инвалидитет и во вакви случаи само се доставува решението до Општината, која потоа само контролира дали се градело според параметрите.

„Од Градскиот трговски центар добивме решение дека ќе се поставува лифт за пристап на лица со посебни потреби. Не треба да се издава градежна дозвола за градба на вакви објекти“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Мартин Пановски смета дека лифтот треба да се тргне од ГТЦ, а Општина Центар не требало да даде согласност за проектот кој бил доставен до нив, бидејќи објектот е достапен за лисца со посебни потреби и без овој лифт.

„Дали имаат добиено решение за поставување на лифт не знам. За поставување лифт за олеснување на пристап на лица со посебни потреби не е потребна градежна дозвола, но е потребно да се поднесе проект и да се добие согласност од Општината. Доколку постои такво решение, референтите во Општина Центар не требало го издадат бидејќи ГТЦ веќе е пристапен за лица со посебни потреби. Објектот и да не е пристапен, а è, референтите требало да оценат дека лифтот е поставен на најидиотското можно место и да го вратат проектот за да се најде ново решение. Но, изгледа некому му треба лифт точно тука и очигледно не ја согледуваме крајната идеја. Сепак станува збор за тераси, јавен простор во епицентар на главен град на држава, кој најверојатно некој сака да го зграби. Друго логично објаснување би било дека станува збор за некадарни игноранти“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК Мартин Пановски.

Лифтот, кој се гради кај кружното скалило кое е симбол на овој легендарен објект на македонската современа архитектура и обележје на Скопје, дело на архитектот Живко Поповски, ќе чини 65.000 евра. Директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски ни изјави дека панорамскиот лифт нема да ги наруши изгледот на ГТЦ, напротив ќе бил многу убав и ќе му дал развој на објектот.

„Пред пет години роденденска желба ми била да помине референдумот за ГТЦ. Дури и торта добив со контура од рампите на ГТЦ. Тогаш не ми се исполни желбата, но некако се спаси ГТЦ. Сега после 5 години, желба ми е, не, не ми е да го тргнат лифтот од ГТЦ, туку да се тргнат. Сите да се тргнат од сѐ, не само од ГТЦ. Да се тргнат од идејата дека архитектурата е куп градежен материјал со кој располагаат и кој нема никакво значење, никаква вредност освен материјална и дека може да си додаваат и одземаат делови како што им треба или уште полошо, како им се сака. Тргнете се од архитектурата, ‘ГТЦ АД Скопје’ тргнете го лифтот!“, вели Пановски.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/liftot-vo-gtts-se-gradi-na-najidiotsko-mesto-opshtina-tsentar-ne-trebalo-da-dade-soglasnost-za-proektot-veli-pretsedatelot-na-asotsijatsijata-na-arhitekti-panovski/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1294 Posted: 29-Apr-2020 at 13:26
ПОСТАВУВАЊЕ ПАНОРАМСКИ ЛИФТ Е ИСТО СО ГТЦ ВО БАРОК, ПРОЕКТОТ ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов смета дека во Градскиот трговски центар не треба да има панорамски лифт оти тоа е исто како и да добие барокна фасада. Шилегов денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто дозволил во ГТЦ кој е симбол на Скопје, да се гради лифтот, за кој архитектите рекоа дека е дивоградба и го сквернави трговскиот, рече дека Град Скопје за жал нема ингеренции во ГТЦ ниту пак панорамскиот лифт бил дел од проектот за зелен покрив.

„Јас лично не се согласив со таквото решение на управата на ГТЦ и тоа во разговор со директот го истакнав и побарав тие активности да престанат. Колку што сум јас информиран тие се престанати и ќе се откаже тој проект токму поради тоа што не можете да имате двојни аршини кон ГТЦ. Имате аршин дека го сакате ГТЦ и ќе се обидете да го сочувате како дел од условно кажано културно-историско наследство на нашиот град или ќе влезете во негов барок. Дали ќе правите фасада барок или панорамски лифт е сосема сеедно, ако не го направите на начин на кој треба да го направите. Овдека не беше запазена минимум постапката и ја тоа многу јасно и гласно му го кажав на директорот“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Раководството на ГТЦ во понеделникот ја стопираше изградбата на лифтот и ги повика на дијалог претставниците на стручната фела.

Лифтот минатата недела почна да се гради на влезот во ГTЦ спроти вртеното скалило, кое е еден од градските симболи, а директорот Ѓоко Трајчевски за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека првенствено ќе биде наменет за лица со инвалидитет и мајки со деца. Тој кажа оти смета дека панорамскиот лифт нема да го наруши изгледот на ГТЦ туку, напротив, ќе му даде атрактивност на објектот.

Веста предизвика жестоки реакции на стручната и општата јавност. Архитектите сметаат дека лифтот е дивоградба што го нагрдува архитектонското наследство. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ кажа дека Општината општината не е задолжена да издава градежна дозвола бидејќи станува збор за пристап за инвалиди, но беше конфронтиран од Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Мартин Пановски, кој кажа дека лифтот треба да се тргне од ГТЦ, а Општина Центар не требало да даде согласност за проектот кој бил доставен до нив, бидејќи објектот е достапен за лица со посебни потреби и без овој лифт.
За Скопје, ГТЦ е културна икона и еден од најпрепознатливите објекти за градот, дело на архитектот Живко Поповски и еден од цветовите на македонската модерна архитектура. Изградбата официјално почнала на 11 октомври 1969 година, а на 27 април 1973 е пуштен во употреба.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/postavuvane-panoramski-lift-e-isto-so-gtts-vo-barok-proektot-ke-se-otkazhe-veli-shilegov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1295 Posted: 12-May-2020 at 07:38
Првата пролет на Зелениот кров на ГТЦ.











https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #1296 Posted: 12-May-2020 at 09:06
a so chernobil-ov sto se izdignal nad parkot sto pravime? nema sredstva za edno asalno novo platno?

gletkata ja pravi apsurdna celata ovaa inaku pozitivna akcija.


Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #1297 Posted: 12-May-2020 at 13:13
Убаво изгледа, мора да се признае. Само кровот, не целата слика.
Се надевам ќе направат напори поголем дел од кровот да се направи парк ама најпрвин комплетно реновирање на ГТЦ. Кога ќе го дочекаме и тоа чудо?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1298 Posted: 12-May-2020 at 13:47
Без вода и тоалет во време на корона

Секојдневно мака мачат продавачите што работат во објекти без санитарен јазол. Нивното долго поставувано прашање е како може законски да се дозволи отворање објекти што не ги задоволуваат ни основните санитарни критериуми. Продавниците во кои нема ниту тоалет ниту вода претставуваат сериозен проблем за вработените, кои секојдневно во текот на работното време мора да одат до најблискиот тоалет од соседната продавница или можеби во некој подалечен трговски или друг објект. Продавници без санитарии има во трговски центри, на зелени пазари, особено во мали колонијали во сите скопски населби.

– Работам во продавница за книги во Градскиот трговски центар, а дуќанот е изнајмен. Во него нема ниту тоалет ниту вода. Подот го чистам со џогер на кој има хигиенско средство, а по бришењето на рафтовите рацете ги бришам со влажно марамче и потоа користам средство за дезинфекција. Кожата ми се исуши и имам чувство дека постојано имам валкани раце, бидејќи не можам да ги измијам, иако, нели, во ова време на пандемија се препорачува правилно миење на рацете. Но најголем проблем ми е кога морам во тоалет, бидејќи морам да трчам до улицата Македонија, до другиот дуќан, бидејќи во блиското кафуле во кое претходно ни дозволуваа да користиме тоалет сега не можеме.
И во ТЦ „Соравија“ не ни дозволуваат, бидејќи јавниот тоалет одамна го затворија за надворешни лица и сега имаат право да го користат само нивните вработени. Не можам да разберам како може некој да издава дуќан или да отвори продавница а во неа да нема тоалет, зарем не е многу нормално тој да биде составен дел на деловниот простор – прашува една скопјанка.
Проблемот што го имаат сите продавачи што работат во вакви објекти без санитарен јазол од физиолошки, лесно може да стане здравствен, особено во периоди кога се шират вируси и бактерии. Тоа го потврдуваат и лекарите.

– Коронавирусот ќе извади на виделина многу проблеми со кои ќе треба да се справуваме адекватно и на соодветен начин. Секогаш сме на страната на здравјето на граѓаните и тука веднаш во прв ред ќе ги спомнам продавачите во маркетите што работат и во отежнати услови. Од тој аспект, како доктор ќе кажам дека не може некој да работи осум часа и да се воздржува од физиолошки потреби. Долгото воздржување може да предизвика уринарна инфекција, дури и заболување на бубрезите. Досега фармацевтската индустрија отиде далеку, ако зборуваме за брзата дезинфекција на раце, но, секако, тоа не е доволно во една продавница.

Во денешно време ние зборуваме за правилно миење раце, а се соочуваме и со проблемот за непостоење на вода или тоалет во една продавница. Секаде во светот во близина на фреквентни улици, каде што има трговски објекти и центри, надлежните водат сметка да изградат и тоалети, како за дел од вработените во продавниците или други продажни локали, така и за муштериите што ги посетуваат тие места. Што е интересно, никој не се прашува дали тие дуќани ја исполнуваат законската регулатива, во согласност со намената за која се отворени.
– Две институции се одговорни за издавањето на дозволите, во зависност од тоа за каков тип продавници станува збор, дали се тоа колонијали за храна, маркети или се продавници за козметички производи или аптеки. Дозволи издаваат Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат – вели д-р Верица Фидановска Добросавлевиќ, специјалистка по хигиена и раководителка на Одделението за хигиена со здравствена екологија во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека продавачите во вакви продавници можат да користат тоалет во непосредна близина. Ако станува збор за оператор со храна што опслужува гости, тогаш задолжително мора да има санитарен јазол.
Од Државниот санитарен инспекторат, пак, во однос на прашањето дали постои законска регулатива со која ваквите објекти треба да имаат тоалет и секако проточна вода, нѐ упатија до Државниот инспекторат за труд, од каде што сметаат дека можеби имаат одговор од аспект на условите за работа на вработените во ваков вид објекти.

– Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во согласност со законските надлежности, не е надлежен за ценење на условите за работа на наведениот вид објекти при нивното отворање, ниту пак овие објекти во текот на работењето подлежат на инспекциски надзор од страна на овој орган – објаснуваат од Државниот санитарен инспекторат.

Одговор на прашањето зошто се отвораат и изнајмуваат продавници без санитарен јазол побаравме и од првиот човек на ГТЦ, но и оттаму не добивме.
Без оглед кој е одговорен за надгледување на состојбите, нормално е строго да биде утврдено дека секој што сака да отвори продавница или да ја изнајмува, објектот задолжително мора да има вода, односно санитарен јазол, независно дали ќе продава храна, обувки, книги или што и да е друго.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/без-вода-и-тоалет-во-време-на-корона/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1299 Posted: 28-May-2020 at 14:49
СРУШЕН ПАНОРАМСКИОТ ЛИФТ ВО ГТЦ, РАКОВОДСТВОТО НА ТРГОВСКИОТ ВЕЛИ ГО ПОСЛУШАЛЕ ГЛАСОТ НА ЈАВНОСТА



Отстранет е панорамскиот лифт кој почна да се гради на влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ), кај вртеното скалило, кое е еден од симболите на Скопје. Откако на 27 април раководството на ГТЦ ја стопираше изградбата на лифтот, по реакциите на архитектите дека е дивоградба и го сквернави еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура, денеска е извадена железната конструкција и тој нема да се гради.

Од Градскиот трговски центар за САКАМДАКАЖАМ. МК велат дека го послушале гласот и барањето на јавноста лифтот да не се гради.

„Со фирмата изведувач имаме склучено договор да им се плаќа по фази на изведба. Изведена беше првата и втората фаза, што значи ќе мора да им исплатиме околу 20 отсто од вкупната сума“, велат од раководството на ГТЦ.

За изградбата на панорамскиот лифт требаше да бидат потрошени 4 милиони денари односно 65.000 евра.

Панорамскиот лифт во ГТЦ, за кој раководството кажа дека е за пристап на лица со хендикеп, почна да се гради во април. Веста предизвика жестоки реакции на стручната и општата јавност. Архитектите сметаат дека лифотот е дивоградба што го нагрдува архитектонското наследство. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ кажа дека Општината не е задолжена да издава градежна дозвола бидејќи станува збор за пристап за инвалиди, но беше конфронтиран од Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Мартин Пановски, кој кажа дека лифтот треба да се тргне од ГТЦ, а Општина Центар не требало да даде согласност за проектот кој бил доставен до нив, бидејќи објектот е достапен за лица со посебни потреби и без овој лифт.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов тогаш кажа дека смета оти во ГТЦ не треба да има панорамски лифт, оти тоа е исто како и да добие барокна фасада, и дека во разговор со директорот Ѓоко Трајчевски побарал градбата да престане.

https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/srushen-panoramskiot-lift-vo-gtts-rakovodstvoto-na-trgovskiot-veli-go-poslushale-glasot-na-javnosta/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 295
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1300 Posted: 05-Jun-2020 at 04:42
Една идеја што ми падна на памет како да се употреби последниот отворен спрат од ГТЦ, а притоа да решиме друг горлив проблем од Скопје.

"Глобализација" на ГТЦ.

Пренамена на последниот спрат во "зелен пазар". Сето тоа може да изгледа многу фино, модерно, спастрено. Тоа е ограничена површина и неможе да се прелева пазарот по тротоари и сокаци како што се случува на сегашната локација, над ГТЦ би му се знаела границата. Неатрактивниот трети спрат во ГТЦ може да ги аспорбира сите оние расфрлани дуќани околу сегашниот зелен пазар во пренаменети станови, гаражи, дивоградбичиња.

Всушност ГТЦ со години мачи мака да му најде содржина на третиот спрат кој никогаш не е заживеан. Го имаме и залудно изгубениот простор кровот на ГТЦ кој од изградбата стои така забатален. Кога ќе се спомне пазар кај нас одма ни доаѓаат слики познати на сите но сетете се само како може да изгледа фино тоа како на некои западно-европски градови на улични пазари во одредени денови.

Досега на некој начин "нападите" на ГТЦ со фасадата или со лифотот на некој начин направија некоја лажна претстава во обратна друга крајност и дека ГТЦ е некаква светиња во Скопје на која всушнсот не треба ништо да се прави, а не е така! ГТЦ не постои за да биде украс и "дострел на македонската архитектура", едноствано постои да биде трговски објект. Да го оставиме да биде така.

Со ова се отвора можноста да се расчисти цел тој дел на местото на стариот зелен пазар и да се изгради уште еден парк во центарот на Скопје.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 63646566>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.