build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Технолошки парк, Карпош

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Технолошки парк, Карпош
    Posted: 19-Mar-2011 at 10:13




 
 
 
 
%20  

Во Карпош

Објект што ќе биде опремен со системи на сите видови обновлива енергија и кој целосно ќе ги задоволува сите потреби за електрична и топлинска енергија ќе се гради на подрачјето на општината Карпош. Енергетскиот нулти-објект, именуван како „Технолошки парк“, треба да биде лоциран на булеварот Илинден, на просторот од хотелот „Александар палас“ до населбата Карпош 4. Општината сé уште нема обезбедено локациски услови, но работат на реализација на проектот.

Вкупната проценета вредност на објектот, кој ќе има корисна површина 1.400 квадратни метри, изнесува 34.700.000 денари, или 570.000 евра. Финансиските средства целосно ќе се обезбедат со меѓународни грантови и донации.

- До крајот на месецов ќе биде готово идејното решение. Сметаме дека за два-три месеци ќе имаме направено финансиска конструкција. Оптимистички гледано, за пет-шест месеци може да се дојде до фаза за почеток на изградбата. Планираме „Технолошкиот парк“ најдоцна до крајот на 2012 година да биде целосно готов - вели Љупчо Димов, еден од креаторите на проектот и раководител на секторот по енергетика во општината Карпош.

Ова ќе биде прв ваков објект на Балканот. Во средината на објектот ќе има стаклена кула со надреалистички изглед, на три ката, висока 16 метри. Во неа ќе бидат сместени сали за конференции, компјутерски центар, помошни простории и лифт. Кулата, како и целиот објект, ќе биде поставен на воздушни перници и сама по себе ќе биде пример за асеизмичка градба, отпорна на каков било земјотрес. Стаклата ќе бидат со натпросечен коефициент на енергетска заштеда. Пресекот на стаклата ќе биде исполнет со инертен гас, со што ќе се добијат комплетно заштитени ѕидови.

- Зградата ќе штеди максимум енергија и самата ќе може да се осветлува, грее и лади. Тој пресек на ѕидовите, со таа транспарентна изолација, односно вакуумирана стаклена волна, со дебелина од два и пол до три сантиметри, всушност е еднаква на изолацијата од „тервал“. Предвидено е електричното напојување да се обезбедува со пет-шест фотоволтаични системи. Имаме фотоволтаици што се со фиксна оска и не можат да се мрдаат. Тие ќе се наоѓаат на нишката поставена одозгора, која ќе биде извиткана како змија и ќе бидат свртени кон југ. Вториот тип панели ќе се наоѓаат на вртлива оска, поставени на таканаречени соларни дрва, во дворот, свртени кон југ. И тие ќе даваат струја за внатре, која ќе се складира со атомски батерии и ќе се претвора во наизменична струја - објаснува Димов.
Третиот тип преку кој ќе се добива енергија се системите што од сончевата енергија прават струја, но и топла вода. Четвртата важна компонента се сензибилните фотоволтаици, кои сé уште се во фаза на експеримент во Франција, кој функционира по принципот на фотосинтеза. Ќе може да дава струја додека е светло надвор. Петтата компонента се фотоволотаици што ќе бидат на стаклената фасада, која самата по себе е извор на енергија.

Греењето и ладењето ќе се обезбедуваат и преку геотермални пумпи, сместени во подрумот. И тој простор ќе биде изложбен, па посетителите преку посебен ЛЦД-дисплеј ќе може да видат како изгледа и работи геотермална пумпа.

Во дворот ќе биде поставена фонтана, поточно мала бетонска брана, со водопад и езерце, поврзана со цевка, која ќе води до централата, која всушност ќе биде генератор и ќе биде врзана за пумпите што црпат технолошка вода, 10-12 литри во секунда, и ќе ја носат до геотермалните пумпи во објектот и ќе дава струја.

Од 84 локални самоуправи, само 14 имаат донесено вакви програми, и покрај тоа што со Законот за енергетика се обврзани да изработуваат такви проекти, што е пропишано со сите европски закони. Вакви паркови во Европа има десетина, како во Минхен, Стокхлом, Варшава.

 

 Образовен и иновативен центар
 Проектот „Технолошки парк“ во суштина ќе претставува образовен и иновативен центар за надградба на знаењата на учениците и на студентите од областа на енергетската ефикасност.
- Посетителите ќе имаат на располагање 15 компјутери, кои ќе бидат поврзани со базите на податоци на ваквите технолошки паркови во Европа, како и со дигиталните библиотеки. Ќе подготвиме посебна база на информации за основците, приспособена на нивната возраст. Оградите ќе бидат од рециклирана пластика. Сакаме секоја компонента да биде како да е од иднината. Знам дека ова е преамбициозно, ама на проектов работеше тим од 13 лица, претежно архитекти и професори од Машинскиот и Електро-техничкиот факултет и од Американ-колеџот во Скопје - вели Димов.

  http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31911733502&id=14&setIzdanie=22235



Edited by kultuzin - 19-Mar-2011 at 10:14
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Apr-2011 at 12:20

Во Скопје ќе се гради проект на иднината

 

Во Скопје наскоро ќе се гради Технолошки парк, прв од ваков вид во Македонија, на Балканот и пошироко во Европа. Објектот ќе биде издржлив на земјотреси и ќе користи обновливи извори на енергија од сонце, ветер и вода.

 

Во близина на хотелот „Александар Палас“, до кејот на реката Вардар во Скопје, за пет до шест месеци треба да започне изградбата на нов објект - Технолошки парк. Во средината на објектот ќе има стаклена кула со надреалистички изглед на три ката, висока 16 метри. Објектот ќе има три главни содржини. Во првиот, во холот кој ќе биде изложбен и образовен центар, ќе има ЛЦД дисплеј на кој за посетителите, главно ученици и студенти, ќе бидат претставени сите видови обновливи извори на енергија, а со кои објектот сам ќе се снабдува. Втората содржина е салата за конференции, наменета за македонските научници и инженерите од оваа област. Третата содржина, пак, ќе биде компјутерскиот центар за обука и надградба на младите и талентирани кадри.

Повеќесистемско напојување на објектот со електрична струја

Љупчо%20Димов,%20%20%20инженер%20по%20електроника%20е%20дел%20од%20тимот%20на%2013%20научници,%20идејни%20носители%20и%20%20%20креатори%20на%20проектотBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Љупчо Димов, инженер по електроника е дел од тимот на 13 научници, идејни носители и креатори на проектот

Објектот целосно ќе ги задоволува сопствените потреби од електрична енергија, греење и ладење, потенцира за Дојче Веле, Љупчо Димов, раководител на секторот по енергетика во Општината Карпош, еден од креаторите на проектот, во кој е вклучен тим од 13 македонски научници од разни области. Предвидено е електричното напојување да се обезбедува со пет-шест фотоволтаични системи, потенцира инженерот по електроника  Димов и појаснува. „Тоа се фотоволтаици на фиксна оска, со константен нагиб кон сонцето. Вториот тип се волтаици, кои ќе бидат на вртлива оска и ќе се движат согласно движењето на сонцето. Третиот вид се комбинирани фотоволтаици, коишто даваат електрична енергија и вода; четвртиот вид се фотоволтаици во форма на фолии, поставени на стаклените фасади и петиот тип се сензибилни фотоволтаици“, објаснува Димов.

Асеизмичка градба конструирана според светски патент од македонски научник 

Проектот%20ќе%20%20%20се%20напојува%20со%20електрична%20енергија%20од%20микрохидроелектранаBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Проектот ќе се напојува со електрична енергија од микрохидроелектрана

Од другите обновливи извори на енергија, како ветер, во дворот на објектот ќе биде поставена ветерница, а ќе има и мала хидроелектрана. „Ќе има и дел електрична енергија од една микрохидроелектрана во форма на фонтана,  поставена во дворот, која ќе се напојува со бунарите за технолошка вода, врзани за геотермалните пумпи, кои ќе го греат и ладат објектот со проток од 10 до 12 литри во секунда и тој проток ќе создава одредена количина енергија. Ќе бидат поставени и соларни колектори, вакуум инјектори за санитарна топла вода и дел ќе се користат во изменувачите на геотермалните пумпи за греење и ладење.“

Објектот ќе биде асеизмички граден, според најновиот, светски првонаграден патент на македонскиот научник Данило Ристиќ, со тоа што стаклената кула ќе биде градена на воздушни перници. „Тој ќе биде видлив  во форма на експонат  во самите темели, за студентите по архитектура, за идните проектанти на вакви објекти. Теоретски, изумот овозможува издржливост и од најсилниот земјотрес.“

Пример за Балканот и Европа

Скопје%20ќе%20%20%20добие%20објект%20на%2021-от%20век.Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Скопје ќе добие објект на 21-от век.

Технолошкиот парк ќе има големо значење, не само за Македонија и Балканот, туку и пошироко за Европа, потенцира Димов. „Ќе ги учиме младите генерации како треба да се градат објектите во нашата иднина. Значи, ќе биде новитет, кој не е новитет на денешницата, туку на она што  ќе значи типови на градби, начин на размислување, градење до крајот на овој 21 век. Во функција ставена ќе биде технологија и техника на иднината.“

Зградата ќе штеди максимум енергија, стаклата ќе бидат со натпросечен  коефициент на енергетска заштеда исполнети со инертен гас, со што ќе се добијат комплетно заштитени ѕидови. Пресекот на ѕидовите со транспарентна изолација, односно од вакуумирана стаклена волна, е еднаква на изолација од тервал. Технолошки ќе биде изграден од највисоката енергетска класа на објекти од таа категорија, согласно германските стандарди за заштеда на енергија. Македонскиот тим научници пресметал дека годишно објектот ќе троши под 50 киловат часови по метар квадратен.

Според првичните пресметки, Технолошкиот парк ќе чини околу 600 илјади евра, а ќе се финансира од странски и домашни фирми и грантови во вид на опрема од страна на производителите на обвновливи извори на енергија.

http://www.time.mk/read/NONE/a5374cbea7/index.html
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 264
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Nov-2017 at 13:08

кинезите веќе почнуваат кај Борча в Белград слична екскурзија, а ние ко што ми се чини од први последни ќе бидеме, што и не е така лошо доколку и амбициозноста е норма за успех ... вакво нешто би било добро да има во парко зад ПМФ или комотно студентскиот дом од таму да го дислоцираат од таму а на негово место да кренат технолошки парк ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.