build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Архангел Михаил - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Св. Архангел Михаил - Битола
    Posted: 29-Apr-2011 at 18:32
Во тек е изградба на нова црква, со прекрасен поглед кон Битола, но како и се друго, се гради многу бавно
Координати:  41° 2'34.43"N 21°19'53.00"E













Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-May-2011 at 22:26
Ова се обновува или на ново се прави, бидејки на некои слики каменот изгледа стар?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Dec-2012 at 11:51

31.07.2012

Битола - Жителите на битолски Баир, во местото познато како Раштански Лозја, со сопствени раце и скромна помош од добронамерници ја градат манстирската црква посветена на свети архангел Михаил.

Манастирчето „Свети Архангел Михаил“ постои четириесетина години, раскажува Милева Ристевска, жител на битолски Баир и сведок на зачетокот на народното верување дека токму на тоа место треба да постои црковно обележје посветено на овој светец. Чудата на Архангел Михаил, на 19 септември, светиот Архистратиг Михаил, на 21 ноември, празникот меѓу народот познат како зимски Арангел, како и Прочка од пред неколку години, се само дел од празниците кои засега се одбележуваат во оној битолски манастир.

„Се сеќавам добро кога на ова место почнаа да се палат свеќи и тоа да се третира како свето место. Од другата страна имавме лозје, овде имаше еден старец, сопственик на земјиштето. Но, на една жена и' се сонило нешто што ја натерало секој ден да доаѓа и да пали свеќи на имотот на старецот. Тој си помислил дека некој си поигрува со него. Ама, кога му кажале што е работата, им го оставил нивчето на мештаните и си заминал. Подоцна почнала и изградбата на првото црквиче“, се сеќава Ристевска.

Оттогаш баирчани ја презеле грижата за манастирчето и како што се менувала конфигурацијата на теренот, така растеле и желбите на месното население за изградба на достоинствен храм, посветен на архангел Михаил.

„Ги знам баирчани кои го градеа црквичето, се' на рамо носеа. Во најлони ставаа песок, ќерамиди, а во кофи носеа вода за да го подигнат“, раскажува Ристевска.

Сега, пак, Црковниот одбор со донации од месното население и со помош од мал број битолски фирми се обидува да изгради нова манастирска црква. Донесена е вода и струја до објектот.

„Тоа го правиме по сите канони на МПЦ. Местото е сопственост на манастирот и се' што правиме е со проект и со надзор. Важно ни е се' да биде како што треба“, вели Димче Ангелковски, член на Црковниот одбор.

Во иницијативата на Црковниот одбор за изградба на манастирот „Свети архангел Михаил“ како ретко на кое друго место е вклучена и помладата генерација.

„Ние, помладите, сакаме да помогнеме да заживее местото и да добие една друга димензија. Да има проток на луѓе, да биде како место за излет на битолчани, простор каде што ќе најдат мир“, вели Никола Крстевски.

Манастирот „Свети архангел Михаил“ од неодамна има и нов старешина. Протоереј Борис Тошевски рамо до рамо со месното население работи на што побрза изградба на храмот.

„Со благослов на владиката Петар и со голема помош, особено на баирското население, почнавме со издигање на манастирот во една традиционална градба. Овие луѓе не ме оставаат сам туку секогаш се во потрага по нешто ново, по нови понуди за манастирот. Ги повикуваме сите битолчани, кој колку може да помогне да се спитоми ова место. Да биде едно од најблиските места до градот за излет. Наместо на Широк Сокак луѓето да доѓаат тука, бидејќи убавината на овој манастир е голема. Да не дозволиме да го оставиме недоизграден“, повикува свештеникот Тошевски. (А.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CC8EC33A2C73C8428E38F149871241B0



Edited by Makedonij - 23-Dec-2012 at 11:53
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Jan-2013 at 20:51







од ФБ Октомври 2012
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Aug-2014 at 10:28

Донирани средства во битолскиот манастир Архангел Михаил

На Богојавление Водици 2014 година во најстарата битолска црква Свети Димитрија Владиката Петар го фрли Светиот крст. 
Годинава крстот отиде во рацете на баирчанецот Кире Кочанковски. 
Кочанковски тогаш во изјава не информира дека средствата кој ќе бидат собрани тој и неговите пријатели ќе ги донираат во манастирот Архангел Михаил кој се наоѓа во населбата Баир и е сеуште во доизградба. 
Интересно е што и минатата година кога баирчанецот Свенчев во истата црква во Битола го фати светиот крст, и тогаш средствата се донираа токму за истиот манастир.
 Свенчев заедно со останатите се упатија да ги донираат средствата на ова свето место. И оваа 2014 повторно истото Кочанковски собраните средства ги донира во битолскиот бисер на Баирот Архангел Михаил. 

Еден од организаторите на оваа хумана активност Владимир Индиго Петровски не извести, дека средствата се веќе донирани и тоа е благословено од отецот Борче.
 Петровски вели дека веќе 10 години во нивни раце останува Светиот крст а тие редовно донираат секоја година.

Имено, Александар Најдовски Сканта и тој битолчанец баирчанец кога го фати Светиот крст и тој донирал во манастирот Архангел Михаил. 
Според сето ова овој манастир поприлично се гради од донациите на овие млади но цврсти верници, кои секоја година се пријавуваат за да учествуваат на чинот за Водици.

За во иднина најавуваат, доизградба на манастирот Архангел Михаил заедно со населбата Баир и со верниците. 
Владимир Индиго Петровски воедно не извести дека, со дел од собраните средства за Водици уплатиле за икона која е во тек на изработка во бигорскиот манастир посветена на Крстител а наменета за детското одделение при битолската Болница.

Нека им се благословени хуманите дела

http://falanga.com.au/sliki/glavna/2014/03/33948_513416108742913_921387836_n.jpg
http://falanga.com.au/sliki/vnatresni/2014/03/1532112_411601272306002_1600305295_n.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Aug-2020 at 11:57


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Aug-2020 at 11:57

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Aug-2020 at 11:58
Zošto vo Bitola crkvite najbavno se gradat?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Aug-2020 at 14:13
Добро прашање, изминативе години преку турската агенција ТИКА се обновија 3-4 отомански џамии, а црквите немаат мрднато.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Jan-2022 at 19:22
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Feb-2022 at 03:38
Originally posted by Makedonij

Zošto vo Bitola crkvite najbavno se gradat?


Па јас би рекол најмногу е до организацијата која "дава амин" за вакви работи, т.е. Преспанско-пелагониска епарихја, и нејзиното среброљубие и човеконељубие. Битола е општина со најголема дијаспора, која многу успешно ја има раскарано и отуѓено драгиот ни дедо Перо.

Знам за случаи кога луѓе со свои пари и сопствен труд изградиле помали цркви и само осветување побарале од МПЦ (значи не пари или помош туку една чаша света вода и амин) и условот бил да уплатат одредена сума пари за црквата или ништо од осветувањето. Тоа е, кога една организација има уставен монопол за дадена религија (истото е и со ИВЗ)
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.