build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Македонски градови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ресен

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ресен
    Posted: 29-Apr-2011 at 22:23
Сарајот во Ресен (нема нишка за Ресен, доколку се отвори преместете го)

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Apr-2011 at 07:48
Зошто ова го нема во спотовите на Манчевски и на ниедна презентација на Македонија?
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Apr-2011 at 08:18
Сарајот во Ресен претставува најтипичен примен за неокласична западна аргитектура граден во почетокот на 20-тиот век. Ресен има доста стари куќи слично како Битола,но многу тешко се наоѓаат на нет. По мене Сарајот ееден од најубавите објекти во Македонија од тој период. Истиот беше темелно реновиран во 2005. Внатрешноста е уште поубава, а и околкината е прилично прикладно средена.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Apr-2011 at 09:33
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Apr-2011 at 12:52
дознав за овој објект не многу одамна, импресивно и покажува како народот овде на свој начин покушавале да се вклучат во тогашните ахитектонски текови и до го доловат францускиот раскош во МК
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-May-2011 at 22:43
Originally posted by stratus

Сарајот во Ресен претставува најтипичен примен за неокласична западна аргитектура граден во почетокот на 20-тиот век. Ресен има доста стари куќи слично како Битола,но многу тешко се наоѓаат на нет.

Нема допирни точки со неокласика. Прилично влече накај барок.
http://en.wikipedia.org/wiki/Ch%C3%A2teau_de_Maisons

За старите куќи во Ресен... И јас бев под слична импресија, но изгледа по инерција. Сега скоро бев таму (за жал со полна мемориска картичка) и баш обратив внимание на „староградската“ архитектура. Голем дел од тоа отишло во вода. Многу такви стари куќи се срушени за на нивно место да никнат разноразни гадости, а голем дел се целосно препуштени на забот на времето, па се распаднати до точка на неповрат, или се блиску до таа точка. Штетата е до толку поголема бидејќи Ресен имал прилично компактно градско јадро каде доминирала оваа архитектура, па со пополнување на празнините во таков стил би се добиле цели 10-тина хектари квалитетно подрачје, наместо денешниот хорор. Ме чуди и денешната максимална незаинтересираност на било која инстанца да преземе нешто околу таа стара архитектура, со оглед на моменталната наша опседнатост. Такво градско јадро, во комбинација со езерото, двете планини - национални паркови, прекрасните села како на пример Љубојно, јаболката, производство на органска храна... сето тоа ќе беше одлична подлога за сочен туристички профит во Преспа. Наместо тоа, го имаме Ресен каков што го имаме - ужас. А цела Преспа едвај живурка на економски план.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-May-2011 at 23:12
Вакво нешто имаме во Македонија? Се чувствувам помалку неписмен ако ова е стварно наше. Доказ дека се "грижиме" за нашата историска вредност.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-May-2011 at 00:17
Ресен на почетокот на 20 век:

Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-May-2011 at 00:38
Храмот „Св. Кирил и Методиј“ од крајот на 19 век:



Денес:



Интересен податок: Осветувањето на храмот во 1894 послужило како повод за организирање на Ресенскиот конгрес со кој претседавал Христо Татарчев а присутен бил и Даме Груев. Во истата година е одлучено револуционерната организација основана во 1893 во Солун да го носи името „Македонска Револуционерна Организација“.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-May-2011 at 00:39
Originally posted by N23

Вакво нешто имаме во Македонија? Се чувствувам помалку неписмен ако ова е стварно наше. Доказ дека се "грижиме" за нашата историска вредност.
Да го изградил турски бег кој студирал во Франција, и се инспирирал од тамошните замоци. Објектов е изграден на почетокот на 20 век ако не се лажам, и е единствен во Македонија.
 
ЕДИТ:
 
Најдов интересен линк:
 
ГРАДБА  НА  САРАЈОТ 


Сарај - Ресен

Се претпоставува дека изградбата на Сарајот била почната во периодот после Младотурската револуција (од 1904/05 до 1911/12 година), а кога започнале Балканските војни тој не бил комплетно завршен. Довршување на оваа зграда и внатрешни интервенции се изведувани со менувањето на властите. Тоа било во 1912/13 година со поставување на прозори и врати, а исто така и во 1922/23. 


Мермерот што е вграден во Сарајот е носен од локалитетот „Плочине“ кај с. Болно. Во основа, оваа зграда е симетрично решена, со централен дел и две странични крила (источно и западно). По вертикала, Сарајот е поделен на подрумски дел, приземје, кат и поткровје. Носивните ѕидови (Д=40-85 см) се изведени од тврд материјал - печена тула и вар како врзно средство, а меѓукатните конструкции се од челични профили (ходници и холови) и дрвени греди (во останатиот простор). 


Сарај - предна страна


Сарај - Ресен
Кровната конструкција и конструкцијата на кубињата е дрвена, но со реконструкцијата на кубињата во 1982 година дрвото е заменето со челични профили. Фасадните платна на Сарајот богато се обработени, посебно главната (северна) страна. Фасадите посебно се расчленети по хоризонтала со венци и фризови, редоследно обработени, а по вертикала со пиластри кои завршуваат со капители.

Сарајот по своите архитектонски и естетски вредности му парира на градбите од неокласицизмот од почетокот на XX век.


Edited by UrbanFreak - 09-May-2011 at 00:42
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-May-2011 at 00:56

Фала Урбан. Еве ми причина плус да го запознаам и тој дел на Македонија. Тек сега гледам какво мало богатство сме имале во Ресен.
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-May-2011 at 21:25
CEKAJ CEKAJ CEKAj.........sakas da mi kazesh deka ovaa pre ubava zgada sto lici na francusko chato e vo MAKEDONIJAAA??????????????????????
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 11-May-2011 at 00:29
Originally posted by nouseforname

CEKAJ CEKAJ CEKAj.........sakas da mi kazesh deka ovaa pre ubava zgada sto lici na francusko chato e vo MAKEDONIJAAA??????????????????????


Zalno sto nasiot narod e kaznet da gleda samo grozotii od arhitektura,
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-May-2011 at 00:49
 Ајде малку на шала.

Ова под хитно да се сруши за да теоријата дека барокот нема корен во Мкаедонија да се покаже за точна! Ќе мора така, само кај нас ставовите не се моделираат според теренската ситуација, туку теренот се моделира по ставовите на тесен круг занесеници. Како инаку пошта ќе биде врвна архитектура што не смее да се коментира.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-May-2011 at 09:00
Originally posted by lslcrew

 Ајде малку на шала.

Ова под хитно да се сруши за да теоријата дека барокот нема корен во Мкаедонија да се покаже за точна! Ќе мора така, само кај нас ставовите не се моделираат според теренската ситуација, туку теренот се моделира по ставовите на тесен круг занесеници. Како инаку пошта ќе биде врвна архитектура што не смее да се коментира.
Ако прочита она што е постирано за објектов ќе видиш дека корените на објектот се од Франција. Имено бегот кој почнал да го гради (во барокен стил од 18 век) тоа го направил како копија на француските дворци. Колку ова докажува дека имаме корен со баркната архитектура во европа процени и сам.
 
Поентата е, дека ако сакаш да прочиташ за светската барок архитектура, во ниту една енциклопедија нема како пример да ти ја даде Македонија и нашите барокни објекти туку тие од Италија, Франција. Додека искуцај брутализам па ќе видиш доста објекти од Скопје. Значи не дебатираме кој стил е поубав за кого, дебатираме од каде изворно и во кој период се застапени одерени стилови.


Edited by UrbanFreak - 11-May-2011 at 09:04
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-May-2011 at 10:27
Корените на барокот во Македонија:

Château de Maisons, изграден во Франција речиси 300 години пред Сарајот во Ресен.


Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-May-2011 at 11:20
Хе... никогаш не е доцна!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-May-2011 at 15:48
Шато де Месон кога бил нов и тогаш бил за некого нов и може предизвикал реакции. Триста години потоа изграден е копија во Ресен кој денес е архитектонско наследство. Сепак стилот бил дел од Македонија. Некогаш и не бил дел од Франција кога станал. Јас не ви тврдев дека Македонија го смислила барокот, стиловите не се со имотен лист на една држава, сакав да кажам дека историски во Македонија е граден барок и некласицизам во многу разни временски дистанци во споредба со денешната дистанца која се спори како врвен аргумент зашто не треба да се гради центарот на Скопје. Пред сто гидини може да се сметало во ресен дека го силуваат со таква копија но денес е архитектонско ценето дело. БАрок во Македонија има па видете колку објекти може да се најдат по градовите Македонски. За жал многу луќе не ни знаат дека има вакви згради некаде на малку километри оддалеченост.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-May-2011 at 15:55
Originally posted by lslcrew

Шато де Месон кога бил нов и тогаш бил за некого нов и може предизвикал реакции. Триста години потоа изграден е копија во Ресен кој денес е архитектонско наследство. Сепак стилот бил дел од Македонија. Некогаш и не бил дел од Франција кога станал. Јас не ви тврдев дека Македонија го смислила барокот, стиловите не се со имотен лист на една држава, сакав да кажам дека историски во Македонија е граден барок и некласицизам во многу разни временски дистанци во споредба со денешната дистанца која се спори како врвен аргумент зашто не треба да се гради центарот на Скопје. Пред сто гидини може да се сметало во ресен дека го силуваат со таква копија но денес е архитектонско ценето дело. БАрок во Македонија има па видете колку објекти може да се најдат по градовите Македонски. За жал многу луќе не ни знаат дека има вакви згради некаде на малку километри оддалеченост.
Само уште тоа што се градеше во центарот на Скопје да беше барок...

Он-топик: Го имам посетено Ресен само еднаш, и тоа како прилично мал на екскурзија,покрај фабриката на Агроплод каде јадевме топли смоки, она што ми остави најмногу впечаток беше сарајот. Навистина се работи за еден прекрасен објект, и е навистина жално што не се прави ништо за да се зачува.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-May-2011 at 16:21
Не би рекол дека не се превзема ништо за да се зачува. Реставриран е во 2005 со средства од владата и Светската банка преку проектот „Развој на општините и културата“. На сликата се гледа дека му е вратен сјајот. Денес зградата на сарајот е Дом на културата „Драги Тозија“, и тука се сместени постојаната поставка на дела на македонската сликарка Кераца Висулчева и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија.

Извори: Википедија и Дневник.

P.S. Можеби треба да ја отстранат антената, не одговара ниту на времето во кое е изграден Сарајот ниту пак на 21 век.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.