build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Љубљана, Словенија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Alex View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2009
Location: Paris / Ohrid
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Alex Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-May-2011 at 18:18
Stvarno mnogo ubav grad ! bravo za slikite Applause 
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 01-May-2011 at 18:37
Originally posted by Andrej_LJ

Луѓе што ви е со споредбиве? Никој не се споредува со никого, нити со Талин, ниту со Базел... Тоа го кажав како една шала и анегдота која ја кажува градоначалникот. И што сега ако Базел е поубав од Љубљана и ќе сме виделе што е град? Сакаш пак слики од Лондон да видиш, па да видиш што е Базел за споредба? Само презентација е, без желба за натпреварување, само со желба да се покаже како се прават некои работи во различни градови и држави. Инаку со задоволство би видел репортажи и од Талин и од Базел, таму не сум бил сеуште.


Pa neli smeovde i da sporeduvame ???
Ne pravime sporedba so metropolite kato London!Tuku "Malite Stolici na EU"
Kako: Tallin, Luxembourg, La Valleta, itd , itd

Tallin vo Sporedna na Ljubljana e kako od Bajka( Isto taka cela zemja Estonska vo Sporedba so Slovenija )
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-May-2011 at 18:41


Еве совршена нишка за овој тип на споредби и дискусии.

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1146

Да и ја оставиме оваа нишка на Љубљана.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Online
Posts: 360
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-May-2011 at 19:47
Прекрасна репортажа Андреј.CheersГи чекаме останатите делови!


Edited by Мартин - 01-May-2011 at 19:47
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 01-May-2011 at 20:49
Андреј, бидејќи на неколку наврати приметувам дека си доста детален во своите репотажи, дали би можел да набавиш инфо како тоа успеваат да им бидат шеталиштата, кејовите и тротоарите толку рамни и компактни, а сепак се од плочи со релативно мали димензии /без разлика дали е камен, травиертин, пефабрикат итн./
Мене сеуште не ми е јасно како кај нас не може ни 100 метра поплочување да остане рамно барем 1 година после неговата изведба. Имаат ли некој посебен начин на подготовка и тампонирање, дренирање на теренот итн..
.....   .......
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 01-May-2011 at 21:21
Originally posted by Gradinarot

Андреј, бидејќи на неколку наврати приметувам дека си доста детален во своите репотажи, дали би можел да набавиш инфо како тоа успеваат да им бидат шеталиштата, кејовите и тротоарите толку рамни и компактни, а сепак се од плочи со релативно мали димензии /без разлика дали е камен, травиертин, пефабрикат итн./
Мене сеуште не ми е јасно како кај нас не може ни 100 метра поплочување да остане рамно барем 1 година после неговата изведба. Имаат ли некој посебен начин на подготовка и тампонирање, дренирање на теренот итн..
Ме погоди и мене со ова баш во најболното место. Стварно не знам, правиме нови тротоари, плоштади, улици а за многу краток период стануваат складишта за вирови. Мислам дека нема да биде срамно нашиве изведувачи да побараат стручни консултации, впрочем кога толку сакаме државата во последно време да ни има европски лик мислам дека треба да се потрудат и "европски" да го изработаат сето тоа, бидејќи се што се прави кај нас изгледа како да се прави фушерајски.

За репортажата на Андреј

Edited by Buliwyf - 01-May-2011 at 21:22
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 01-May-2011 at 21:25
Споредба не може да правиме не само затоа што се прави фушерајски туку затоа што сме јужњачки народ со балканска култура и секогаш ќе заостануваме зад западот во кој е вклучена и Словенија.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-May-2011 at 21:28

За жал ќе се сложам целосно со твојот став, бетер од Арапи сме.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 02-May-2011 at 00:09
Менталитетот влијае, ама не би требало да се занимаваме со тоа дали нашиот чини, нивниот не. Ај вие за 9 000 месечно секој ден да треба да правите тротоари, улици и сл. Се кладам дека ќе гледате на најлесниот начин да ја завршите работата. Нема мотивација кај нашите работници, гледаат да стават 3 коцки бекатон и да пијат пиво под сенка. Дај му 1000 евра на работникот, мотивирај го дека ако ја направи фушерај работата ќе летне од работа, градската или централната власт наместо да се слика, прво да види какво е стањето, па веднаш да интервенира, е само во таков случај ќе бидеме ко Словенија. Кај нас на тој план се спие. Словенците во многу погледи изгледаат целпидлаки. Поминете низ македонско село и слвеначко село и ќе ви стане јасно како стојат работите. За да изгледаат работите под конец, треба да ја засакаш земјата. Искуства не се битни, битно е дали ќе запнеш нешто поубаво да го направиш. На 2 саати вожња од Љубљана е Загреб каде иако се далеку посредени тротоарите и дел од улиците него кај нас, се гледа дека има нерамнини и простор за солидни вирови.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 02-May-2011 at 00:31
Муабетот ми е токму поради опкружувањето менталитетот и културата и те како имаат врска и СЕКОГАШ ќе бидат неколку чекори пред нас.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-May-2011 at 01:31
Си го барате местото на проблемо кај што не е, ама ај да не се објаснувам по сто пати
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 02-May-2011 at 10:28
Vo mkd ne se raboti kvalitetno.Tatko mi e gradezen vodac, toj treba sto pati da gi kontrolira rabotite dali se dobro napraveno, ako ne, togas treba se od novo!
Koga go prasav nego, sto misli za za kvalitetot na gradiznistvoto vo mkd, mi se nasmea i mi kaza deka toa ne e gradiznistvo tuku eksperimenti.
Istotaka i drzavata e kriva posto zema firmi, sto nudat najniski ceni toa znaci kvalitetot e isto nisk.Rabotnicite vo mkd rabotat poradi toa sto nemaat druga rabota, kjef vo rabota e 0%. Nikoj ne kontrolira kako e napraveno a rabotnikot kako kje si pravi, taka kje ostane.Mozebi kje mi se smeete ama za da rabotis vo gradnizvoto treba da imas obrazovanije, a ne lugje od ulica da si zemas. Ne unistat lugjeto asvalt, ne sme konji, asvaltot sam si raspadnuva.Toa e se...nema kvalitet, nema obrazovanije, za gradenje kukji ili stanovi ne komentiram, se poloso
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 02-May-2011 at 11:40
Многу ме радува и додатно ме мотивира големиот интерес кон оваа нишка. Гледам веќе е погледната повеќе пати од сите останати во Патеписи. Затоа ви ветувам дека константно ќе биде освежувана и проширувана со нови фотографии од различни места. На прашањата ќе ви одговорам малку подоцна. Да ја продолжиме прошетката низ останатиот интересен дел од центарот на празнична Љубљана.



1) ЦАНКАРЈЕВО НАБРЕЖЈЕ:
Ова е всушност најживиот, раздвижен и посетен дел на кејот на реката Љубљаница. Има неколку кафичи, главно собиралиште за жителите и гостите на градот. Погледи од Цанкарјевото набрежје кон Хрибарјево набрежје, од другата страна на реката:







И самиот кеј. Како што може да се види нема тврди конструкции, огромни надвиснати чадори, масите се подредени на начин на кој нема да пречат на минувачите, локалите се уредени едноставно и непретенциозно:





Продолжуваме кон најстрогиот центар, односно во насока на Конгресни и Прешерноу трг:









Edited by Andrej_LJ - 02-May-2011 at 13:36
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 02-May-2011 at 11:52
Се искачуваме кон Конгресни трг, преку едно мало мостче, од каде се нуди веројатно најубавата и експлоатирана гледка во Љубљана. Поглед кон Тромостоује и Прешерноу трг:







Конгресни трг е најголемиот централен плоштад на Љубљана, кој сега е затворен (веќе трета и според најавите последна година) поради изградба на голем подземен паркинг. Изграден е во барокно време. Плоштадот изобилува со високи, стари и убави дрвја, кои нудат незаменлива сенка во топлите летни месеци и создаваат убаво место за одмор и собиралиште на младите луѓе. Токму заради постоењето ан дрвјата, гаражата се гради со подземен метод на изградба, да се одбегне нивното сечење или сушење. Поголем дел од плоштадот е завземен од паркот, кој се именува Звезда, поради симетричната форма на патеките (изгледаат точно како Македонското знаме погледнати од високо). Тука е поставена голема скулптура на котва, која го симболизира припојувањето на регионот Приморска, кон матичната држава-Словенија. Околу овој плоштад, се наоѓаат неколку амбасади, Љубљанската Филхармонија, зградата на Рефератот на Универзитетот на Љубљана, Уршулијанската црква, бившите Казина и други важни државни и репрезентативни објекти. За жал скоро целиот е ограден и достапот е забранет.

Ректоратот:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 02-May-2011 at 11:57
2) ВОЛФОВА УЛИЦА:

Оваа улица иако е доста мала и кратка, е една од најотмените и скапи улици во градот. Ги сврзува Конгресни и Прешерноу трг. Пред неколку години, откако беше укинат автобускиот превоз низ строгото централно градско подрачје, беше целосно реконструирана во ист стил со сите околни улици:





Оражноу Дијашки Дом (Оражноу Ученички Дом) е ученички дом, основан од словенскиот интелектуалец Иван Оражен и е едно прекрасно место за живеење на учениците. Првично бил наменет за студентите кои студираат медицина во Љубљана, уште пред Првата Светска Војна:





И повторно доаѓаме на Прешерноу трг:



Се веат знамињата на ЕУ, Словенија и Љубљана:

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-May-2011 at 12:01
Неколку интересни нешта поставени в страни од плоштадот:

Најпрестижната адреса во државата:



Релјефна мапа на центарот на Љубљана-место кое редовно предизвикува внимание и љубопитност на туристите и малите дечиња:







Информативен пункт за промоција на новиот начин на градски превоз-велосипедите:




*БицикеЛЈ-најбрз и најефтин превоз низ Љубљана.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-May-2011 at 12:05
3) ЧОПОВА УЛИЦА:
Оваа пешачка улица, ги сврзува плоштадот Франце Прешерен и главната сообраќајна улица на Љубљана-Словенска цеста. Тука е централата на престижната Местна Хранилница Љубљанска (Градска Штедилница Љубљанска), денес дел од гигантот НЛБ, Местно Гледалишче Љубљана (Градски Театар Љубљана) и многу шопинг локали. Продолжува се до паркот Тиволи:



Местна Хранилница Љубљанска-неспорно една од најубавите палати во градот:





Поглед кон Тиволи:



И назад кон Прешерен:

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 02-May-2011 at 12:10
cerkev Marijinega oznanjenja
Црквата на Марииното Благовештение
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 02-May-2011 at 13:25
@phenomenon Благодарам за преводот, веќе е сменето

Хрибарјево набрежје, од другата страна на Љубљаница:









Еден интересен графит:





Спуштањето на Конгресни трг кон реката, зградата на Ректоратот од друг агол:



"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 02-May-2011 at 13:35
5) СТАРА ЉУБЉАНА:

Продолжуваме таму, каде што во претходната прошетка застанавме. Во овој дел живееле многу еминентни Евреи:








Пристигнуваме до Стари трг. Тука се наоѓа средната музичка школа, изградена во 1700тите години:







Уште еден урбан елемент, кој навистина незнам како се вика-пано за поставување на плакати/афиши. Нешто што многу фали во Скопје, за да немаме бандери, ѕидови и се друго изналепено во неколку слоја со плакати:

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.