build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Љубљана, Словенија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 22-May-2011 at 11:06
Кловер, на што поточно мислиш урбано дивјаштво врз зградите? Преградување на балкони итн.?

Ајде да продолжам јас да ги покажувам населбите. Јас живеам во населбата Пруле. која е доста блиску до центарот и е градена во периодот 1950-1955 година. Според изгледот на зградите и нивниот просторен распоред, многу потсеќа на скопската Карпош 1.



Пред секоја зграда има задолжително резервирано место за инвалиди:



Во моментот се градат подземни контејнери, така што овие досегашните верувам брзо ќе заминат:



Бидејќи во населбата има само тесни улички, сите се направени едносмерни:



Основното училиште на Прулах:



Еве една добра финта за паркирање на возилата, онаму каде што нема доволно простор за паркирање на коловозот. Затоа е одземен мал дел од тротоарот, но при добро спазување на ограничувањата, има простор и за пешаците и за автомобилите:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 22-May-2011 at 11:10
Ова би му дошла главната улица која ја дели населбата Пруле, која се спушта се до реката Љубљаница и љубљанската плажа:





Автомобил на тн. Местно редарство (Градска служба за ред или општинска полиција) и нивните служители кои се задолжени за казнување на неправилно паркираните возила:



Новото пешачко мостче на Љубљаница:



И самата градска плажа, каде се собираат многу млади. Во позадина се гледа блоковската населба Трново:






"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 22-May-2011 at 11:13
Едносмерната улица долж кејот на Љубљаница:





Еве како е тука решен проблемот со паркирањето. Има гаражи во секоја населба во која има блокови, кои се многу едноставни и ефтини за изведба, во истото време максимално практични и ефикасни. Иако се стари, сеуште се употребуваат од страна на сите сопственици:





И пространството пред еден блок:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 22-May-2011 at 11:18
Почнуваме долж главната улица на Љубљана - Словенска цеста. Масивната зграда на филолошкиот факултет (сликано од автобус):





Еве го самиот зглобен автобус, МАН;





Еден од поновите автобуси, исто така МАН:



И постојката каде што се симнав, во строгиот центар на градот (постојката се вика Пошта бидејќи тука се наоѓа главната зграда на Пошта Словеније). Забележете дека оваа постојка е доста потесна од останатите, заради ограничениот простор на тротоарите. Исто така нема клупи за седење туку само рамки за наслонување:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 22-May-2011 at 11:22
Зградата на Банка Словеније (Централната банка на Словенија), каде се наоѓа и првата од сега веќе 5-те ЗАРА продавници во Словенија (две во Љубљана и по една во Марибор, Целје и Копер). Во позадина се гледа познатата зграда наречена Неботичник (или Облакодер) која е градена во 30-тите години на 20 век и заради нејзината неприкосновена височина во тоа време е наречена токму така:



Поглед кон паркот Тиволи (од каде планирам скоро да направам убава посебна репортажа):



Словенска цеста кон Железничката станица:



Зградата на Пошта Словеније:






 
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 22-May-2011 at 11:48
Малку автобуси (овој е зголбен Мерцедес Цитаро):








Сега мал прекин, следуваат слики од еден неделен ден. Се качив во автобус на мојата станица (Горњи трг) и отидов до центарот, каде се наоѓаат највисоките деловни згради на Љубљана.





Т.н. Урбаномат-место каде што се купуваат и полнат градските карти за интегриран градски транпост (обично поставени крај главните автобуски постојки), со кои може да се плаќа и паркинг, П+Р, градките велосипеди, сметките кои се должат кон Општината, сите градски музиеи и институции итн.




"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 22-May-2011 at 11:55
Се приближува мојот автобус, модел Ирибус:





Овие модели на Ирибус се сопред мене идеални за град како Скопје, во кој примарен (и за жал единствен) начин на транспорт е автобусот, зато што внатрешноста на самото возило е многу просторна, се дава целосен проритет на местата за стоење пред местата за седење. Исто така и излезните врати се отвараат нанадвор, при што салонот за патници е со зголемен капацитет. Во Љубљана вакви Ирибуси има само единечни, но во цела Италија и Загреб има и двојни, што сметам дека би биле идеални за најоптоварените линии во Скопје (нпр. 2, 5, 15, 41, 50, 57):





Интересна финта, која ја има во секој градски автобус на ЛПП Љубљана е следново- на влезот на автобусот (тука, како и во Скопје се применува (според мене грешното) правило на влез во возилото само од предната врата) има поставено интересно прашање на научна тематика, додека одговорот се наоѓа помеѓу последните две излезни врати. Со тоа ЛПП ги мотивира патниците да се движат кон задниот дел на автобусот, ослободувајќи ја предницата за лица во неравна состојба (инвалиди, пензионери или родители со деца) и намалувајќи ја гужвата. Еве еден таков одговор на тема Вселена:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 22-May-2011 at 12:02
Се симнувам на главната автобуска станица во ЉубЉана-Баварски Двор, каде се сечат скоро сите градски линии (нешто како Рекорд, Транспортен, Бит Пазар или Буњаковец во Скопје) и сакам да ви ги покажам деталите кои ги содржи секоја постојка.

На предниот дел е напишано името на станицата, додека на бочниот се напишани сите линии кои застануваат на истата:



В десно од самиот билборд (само на едната страна има билборд, за да не се наруши погледот на патниците кои чекаат на автобусот кој се наближува) има мапа на линиите, како и број и дестинација на линиите кои тука застануваат:



На другата страна на билбордот (надворешната страна на станицата) има мапа на Љубљана и градските автобуски линии, со симболот Вие сте тука:



На самите стакла се изгравирани огранучувањата-забрането пушење и забрането плакатирање:



На станицата Баварски Двор се лоцирани и Берзата и централата на Автотехна:




"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 22-May-2011 at 12:07
Словенска цеста завршува со најважната раскрсница во градот (улиците Дунајска (или во превод Виенска /Виена-Дунај/), Словенска, Тиволска и Освободилне фронте), во непосредна близина на Железничката станица.







Подвозникот под железничките колосеци во насока Крањ и Копер, во позадина централата на најтиражниот весник во Словенија-Дело:



Тиволска цеста:





"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 22-May-2011 at 12:09
Главната зграда на Телеком Словеније, Електро Љубљана и Автотехна:









Тука за жал ми цркна батеријата на фотоапаратот, затоа следат уште неколку слики од мобилен телефон, кои се со послаб квалитет:










Edited by Andrej_LJ - 22-May-2011 at 12:11
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 22-May-2011 at 12:17
И уште една серија, како за крај, од студентскиот кампус на Кардељева плшчад, каде се наоѓаат факултетите за економија, администрација, педагогија и општествени науки, како и два студентски дома- Дом Подипломцеу и ФДВ (Факултета за дружбене веде-факултет за општествени науки). Треба да се напомене дека ова се државни објекти, во склоп на Универзитетот на Љубљана! Факултетот за администрација:





Студентскиот дом ФДВ:



Влезот на факултетот за општествени науки:





Корпусот на библиотеката на ФДВ и студентските мензи и кафулиња:





За крај, враќајќи се дома, прв пат начекав еден од релативно новите автобуси во Љубљана-серијата мидибус (односно нешто помеѓу класичен и мини автобус):





Cheers Чиирс!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 22-May-2011 at 12:22
Факултет за Администрација? Хмм... добро би дошло и кај нас нешто такво...

А за презентацијава само пофални зборови... Љубљана е убав град, а и ти си направил убави фотки...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 22-May-2011 at 12:26
Originally posted by FoSsiL

Факултет за Администрација? Хмм... добро би дошло и кај нас нешто такво...

А за презентацијава само пофални зборови... Љубљана е убав град, а и ти си направил убави фотки...


Да, се изразив непотполно-се работи за факултет за јавна администрација. Иначе ти благодарам за убавите зборови, мило ми е што ти се допаѓа мојот труд, а  ме радува и големиот интерес кон оваа нишка!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 22-May-2011 at 12:36
Па да... отприлика и јас мислев за тоа, државна, јавна администрација.

Тогаш мислам дека ќе се подобри многу состојбата... зашто ќе имаме специјализирано обучени кадри кои исклучиво би работеле во администрација... А воедно нема да има вработувања на некомпентентни луѓе...

Од друга страна пак е добро што ќе се има некоја ограничена квота... и ќе можеме да ги проценуваме и задоволуваме потребите во администрацијата многу лесно... И да го знаеме точниот број на истата... Така мислам дека доволно би се оптимизирала администрацијата во Македонија...

Во секој случај мислам дека е навистина добра работа... иако имаме уште многу да работиме на самата администрација (како поим, систем и нејзино разбирање) преку законски одредби, но ова би бил одличен чекор... Дури има мислам простор и за иновирање и подобрување на системот преку самиот факултет...

Уште еднаш, само продолжи со презентацијата, не запирај, те следиме...


Edited by FoSsiL - 22-May-2011 at 12:39
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 22-May-2011 at 13:01
.

Edited by гитардемон - 22-May-2011 at 17:48
Back to Top
jonny View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jonny Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 22-May-2011 at 14:29
Една поправка: погоре кај што имаше напишано зградата на Филолошки факултет, тоа е всушност средно хемиско, техничко и какво уште не училиште.
Наспроти е Филолошкиот факултет
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 22-May-2011 at 17:29
Originally posted by Andrej_LJ

Кловер, на што поточно мислиш урбано дивјаштво врз зградите? Преградување на балкони итн.?
Да, а гледам некој си го преградил и дворчето со висока ограда и си направил некаков дрвен „летниковец“. Овие работи се екојдневна глетка во Македонија, а дури и кај нас барем во теорија се знае дека не треба така. Ме интересира дали словенечката јавност и медиуми реагираат на ваквите појави. Од кога воопшто датира појавата таму, дали е свежа или има подлабоки корени?



@ fossil
Непотребен офтопик...
Back to Top
jonny View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jonny Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 22-May-2011 at 18:55
Во мојата населба, безмалку сите си ги имаат така заградено дворчињата.
Или па си го имаат продолжено станот со + 2,3 соби.

Мислам дека тоа е во нивна сопственост, не е на цела зграда и можат да си прават што сакаат.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 04-Jul-2011 at 22:18
Еве неколку мои слики од Љубљана







Мрдната работа Млеко од автомат






Веројатно седиштето на НЛБ Банка. Најверојатно лузната на Љубљана, поради местоположбата


Собрание на Република Словенија






Стар Град




Панорамски поглед на Љубљана






Edited by N23 - 04-Jul-2011 at 22:24
Back to Top
DtheGreat View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Jul-2011
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DtheGreat Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 04-Jul-2011 at 23:18
Епа вака, после подолг период од само следење на форумов, се решив да се регистрирам.
И јас сум од Љубљана, не сум архитект меѓутоа сакам архитектури, градби и патувања
Видов дека некој праша за Љубљана и комунистичките згради тука, Андреј не го познавам, инаку браво за сликите, ама јас живеам во Штепанско и тука се крш социјалистички згради иако сум на 15мин. од центар
деновиве ќе сликам и ќе ви ставам слики, а ќе одам и до Фужине и Шишка и они се полни со сивила и бетон.хехе
Инаку, горе што имате спомнато за Талин и Љубљана, да го кажам моето мислење дека се работи за два сосема поинакви града и типови на архитектура и во Талин згдарите се многу, многу постари (датираат дури и од 15век и нормално не се толку сочувани), а во Љубњана сите се од 18 век па наваму, инаку како урбанистичка целина, не дека сум од Љубљана, ама ќе кажам дека е поубава, посредена и се е под конец! А и Талин е прекрасен, бидејќи е стар и уникатен!
очекувајте патеписи и од мене, оти имам многу слики на компјутер од моите патувања од Европа, Азија и Америка
поздрав и извинете ако направам некоја грешка во пишување!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.