build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура и сообраќај во Источна Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 25-Jul-2013 at 17:40
Vo Kocani sega na golemo se raboti vo naselbata Usova Cesma e asfaltirana ulicata Miso Arsov a za asfalt se sprema i ulicata Krum Vraninski vo istata naselba. Vo industriskiot del na gradot ke se asfaltiraat 3 ulici, a deneska pocnaa so rabota na prvata ulica, a vo skoro vreme ke pocne i da se raobote na kruzniot tek kaj Policijata na ul. Teodosija Paunov


Edited by ko4ani - 25-Jul-2013 at 17:42
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 02-Sep-2013 at 07:58
Започна работата на крижниот тек во Кочани ее и некои слики
Изграден е потпорен зид со степеници за станирите и постоечкиот паркинг ке се помести напред




А еве и рендер како би требало да изледа

Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 02-Sep-2013 at 08:16
Исто се работи на улиците во т.к. Мало стопанств
Асфалтирана е улицата 555 (Крижевска)
-пробивање и тампонирање




Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 02-Sep-2013 at 08:20
Aсфалтирање




Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 04-Sep-2013 at 08:08
http://www.komarec.com.mk/poveke.php?id=8999ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БЕХАТОН ПЛОЧИ НА ШЕТАЛИШТЕТО

2013-09-03

Во должина од 350 метри започна поставувањето на бехатон плочи на десната страна од кејот на „Кочанска река“, поточно од потегот кај „Шопинг центарот“ па се до „Крушарскиот мост“.

Надлежните од општината се надеваат дека целосното поставување на бехатон плочи на овој потег ќе заврши во мошне кратко време, а доколку се отворат услови може веднаш да почне и поставувањето на бехатон плочи и на потегот од „Шопинг центар“ до Мостот кај Водостопанство.

Со овие промени поголемиот дел на кејот на „Кочанска река“ во централното градско подрачје ќе добие многу поубав изглед од сегашниот.

С. Ивановски
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 02-Oct-2013 at 10:46
Neznaev deka da go stavam ova pa ajde neka go tuka, Izgradba na glavna soobrakajnica na CRC Ponikva - Investor: Opstina Probistip





Ova e ezeroto izgradeno za de se sobira voda i od nea so topovite da se pravi vestacki sneg, invesitor Mepso


Uploaded with ImageShack.us
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 09-Oct-2013 at 19:12
Se raboti na kruzniot tek itenzivno eve novi sliki :





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12621
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 23-Oct-2013 at 08:33
Започна асфалтирањето на улицата „Осоговска“ во Крива Паланка



Во рамките на проектот за асфалтирање на девет улици и мост во Крива Паланка, деновиве привршува градбата на улица „Осоговска“ односно се поставува асфалтниот слој и се уредуваат банкините и околниот простор.

Улицата беше со првично планирана должина од 518 метри, но по барање на Општината и со одобрение на МСИП-Светска Банка должината е продолжена за уште 70-тина метри.

Изградени се и неколку потпорни ѕидови, а по целата должина поставена е атмосферска канализација.

http://lokalno.mk/zapochna-asfaltiranjeto-na-ulicata-osogovska-vo-kriva-palanka/
За сè има вторпат
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 28-Oct-2013 at 21:28

Kruzniot tek vo kocani skoro gotov


Uploaded with ImageShack.us


Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 05-Nov-2013 at 11:43
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 12-Nov-2013 at 20:01

kruzen-tek-asfalt01.11.2013  Нов асфалтен слој добива коловозот на кружниот тек кај Полициската станица. Со тоа завршуваат градежните работи, што започнаа на крајот од август.Претходно, градежната компанија Стоименов  ја комплетираше изградбата на ротондата со поставување парапет, обложен со камени плочки. Исто така, во нејзината внатрешност е поставена потребната електрична и водоводна инсталација.Кружниот тек е исполнет со земја, а  во средината има бетонска основа за метален столб за осветлување. На дел од коловозот во непосредна близина на новото сообраќајно решение е поставена камена коцка, а остатокот е асфалтиран.Како дополнување на околината на кружниот тек, изградени се нови пешачки островца, како и соодветни спуштени премини за лицата со инвалидитет и отежнато движење. Исто така, внатрешноста на ротондата ќе добие хортикултурно уредување, со внатрешно осветлување.По асфалтирањето ќе биде поставен столбот за улично осветлување, а ќе се изврши и обележуваае на хоризонталнат сигналзиација. Дополнително ќе бидат монтирани и соодветните сообраќајни знаци, како предупредување за возачите и другите учесници во сообраќајот. За изградба на кружниот тек беа планирани 4 милиони денари, пари што се обезбедени од буџетот на Општината.Останува по изградбата на новото решение возачите да се навикнат на него, но и да се потсетат на сообраќајните прописи што важат за кружен тек, за да избегнат полициски казни од 300 евра за непочитување на предноста на минување.

Т. Ајтовски

http://www.youtube.com/watch?v=3jjFN_uMeqU

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 15-May-2015 at 11:56
Се асфалтираат улици во Штип



Општина Штип денес започна со асфалтирање на две улици, „Вита Поп-Јорданова“ и „Џемал Бједиќ“ а во текот на неделата се очекува асфалт и на улицата „Сремски Фронт“.

За улицата „Џемал Бједиќ“ се издвоени 950.000 денари, додека за „Вита Поп Јорданова“ 1,8 милиони денари. Половина од оваа улица добива асфалт а на другата половина ќе бидат прередени коцките како траен и квалитетен материјал.



Завршени се подготвителните работи за асфалтирање и на улицата „Сремски фронт“ од кружниот тек кај некогашен „Базалт“ па се до спојот во населбата Дузлак и Баби. Отстранет е стариот слој на асфалт и се очекува набрзо во рок од неколку дена да се асфалтира и оваа улица. Ова е една од подолгите и поглавни сообраќајници во градот. Ќе се асфалтираат околу 1,5 километри, а сообраќајницата е со широчина од 7 метри. Асфалтирањето, според тендерската постапка ќе го врши фирмата „Ескаватори МК“ од Скопје која понудила најниска цена за улицата од 4,4 милиони денари.

http://www.porta3.mk/se-asfaltiraat-ulici-vo-shtip/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 13-Jun-2015 at 16:41
Асфалтирање на 10 сообраќајници во Штип



Луѓето кои на почетокот на јуни дојдоа во Штип со цел да го следат фестивалот „Макфест“, имаа поинаква опсервација за она што се случува во градот под Исарот. Можеби немаше еуфорија за музика, но затоа пак со задоволство се коментираше дека во Штип е преземена голема офанзива на асфалтирање на локални улици и сообраќајници.



Подобрувањето на патната инфраструктура во градот и селата е приоритет на градоначалникот прим.м-р Илчо Захариев и Советот на Општината. Од стартот на градежната сезона на почетокот на мај, за само еден месец се асфалтирани десетина улици, а планот предвидува уште толку до крајот на летото. Инвестирани се над 17 милиони денари во локална патна мрежа а течат тендерски постапки за уште десетина улици:

- Наша цел е да ги асфалтираме сите сообраќајници во градот. Сообракајници кај кои не е интервенирано повеќе од 30 години. Досега се завршени „Славчо Стојменски“, „Маршал Тито“, дел од „Вита Поп Јорданова“ и „Мирче Ацев“, како и „Карл Маркс“ каде се одржува Пастрмајлијадата, потоа една од најдолгите улици во градот „Сремски фронт“, па „Џемаил Бједиќ“, дел од „Радански пат“ до „Черења“.Нов асфалт има и „Д-р Слободан Јовановски“ која води до штипската касарна, а ќе се работи и „Булевар ЈНА“. Во тек се зафатите и на улицата „Христијан Карпош“ – вели штипскиот градоначалник Захариев.



Тендерски постапки течат за улиците во населбата „Деснаци“, за втор крак од „Радански пат“, за „Вардарска“, „Сутјеска“ пред ОУ „Гоце Делчев“, „Широк дол“, за улица „Лески“ во Бабите која целосно ќе биде асфалтирана од градинката до ОУ „Славејко Арсов“, потоа тендерска постапка тече за „Тодор Коларов “, „Маршал Тито“ втор дел од детската градинка „Вера Циривири-Трена“ кон леваците покрај Отиња.



Во овој период во тек е и тендерска постапка за селото Чардаклија каде во план е изградба на улици во должина од околу еден километар, а ќе се инвестира и во населбата „Железничка“ на влезот во Штип каде асфалт ќе добијат повеќе улици. Ќе се асфалтира и пристапниот пат до игралиштето во Блок 2000 кое е направено со донација од ФИФА преку ФФМ, а во план е асфалтирање од терминалот до бензинската пумпа на Лукоил.



Тендерска постапка тече и за улицата „Драги Крупишки“, а она што особено е важно за Штип е што општината планира изградба на кружен тек на Булеварот „Гоце Делчев“, по влегувањето во Штип, кај крстосницата под хотел „Изгрев“. Паралелно со новиот кружен тек, ќе се оформи и влезот во Штип при доаѓање од Велес, што значи нов асфалт и уредување на патот од кружниот тек до Кампус 4 на Универзитетот „Гоце Делчев“. Со веќе асфалтираниот пат на влезот во Ново Село од Радовиш, ако се асфалтираат и другите два пристапи од Кочани и од Велес, тогаш ќе успее замислата да се уредат сите влезови во Штип.



http://www.porta3.mk/asfaltiranje-na-10-soobrakjajnici-vo-shtip/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 06-Jul-2015 at 13:31
Заврши асфалтирањето на крак од улица „Тодор Коларов“ во Штип



Заврши асфалтирањето на крак од улицата „Тодор Коларов“ што води околу клиничката болница. Станува збор за околу 300 метри од улицата кои добија нов асфалт.
Инвестицијата во вредност од над 20.000 евра, е oбезбедена од буџетот на општина Штип. Оваа недела се продолжува со плановите за асфалтирање на нови улици. Асфалт ќе добијат улиците во долна Железничка, улица „Широк дол“, потоа долниот дел од „Радански пат“, главната улица „Лески“ во населба Баби како и „Драги Крупишки“ во Дузлак.



http://www.porta3.mk/zavrshi-asfaltiranjeto-na-krak-od-ulica-todor-kolarov-vo-shtip/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 10-Jul-2015 at 01:52
Се асфалтира улицата „Радански пат“ во Штип



Општина Штип денес започна со асфалтирање на уште еден крак од улицата „Радански пат“, во т.н Ромско маало во градот. Сообраќајницата е со должина од 800 метри и беше една од најоштетените.



Сообраќајот се одвиваше тешко бидејќи улицата беше во лоша состојба, затоа што цементот кој беше ставен пред неколку децении беше распаднат и во очајна состојба, пренесува „старплус“ на ТВ Стар. Со асфалтирањето, се овозможува користење на оваа сообраќајница за поврзување на центарот со населбата „Сењак“ по скратен пат. Градоначалникот Захариев најави уште поголема патна офанзива и дека наместо 20, до крајот на летото во Штип ќе бидат асфалтирани најмалку 30 улици.

http://www.porta3.mk/se-asfaltira-ulicata-radanski-pat-vo-shtip/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 14-Aug-2015 at 17:48
Започна уредувањето на влезно-излезниот дел од Штип кај кружниот тек



Општина Штип започна со уредување на влезно-излезниот дел на Штип кај населбата Железничка. Во текот на вчерашниот ден, започна гребењето на асфалтот, како прва фаза од активностите по што ќе следи поставување на асфалт а потоа и конструкција на тротоарно-пешачки површини.



Уредувањето ќе биде се до подвозникот кој води до излезот за Три Чешми што значи обнова на сообраќајницата и кајКампус 4 на УГД, со цел овозможување на безбеден приод на студентите до кампусот, но од друга страна и уредување на влезот на Штип кој со децении не беше среден онака како што доликува. Инвестицијата е во вредност од 200.000 евра.Градежните зафати ги изведува „Македонија пат“ – Штип.

Со обновата, нов асфалт ќе има кај кружниот тек, ќе се уреди руинираниот премин преку пругата, како и сообраќајницата која е влез на Штип од Велес и Скопје. По асфалтирањето, општината ќе изгради тротоарно-пешачки површини.

http://www.porta3.mk/zapochna-ureduvanjeto-na-vlezno-izlezniot-del-od-shtip-kaj-kruzhniot-tek/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 24-Sep-2015 at 10:03
Асфалтирани улици во населба Горна Железничка во Штип



Општина Штип заврши со асфалтирањето на неколку улици во населбата Горна Железничка. По неколку децении, конечно жителите од овој дел на градот нема да газат кал:

- Инвестицијата е во вредност од 3,5 милиона денари, а градежните зафати преку соодветна тендерска постапка ги реализираше штипската фирма „Коле транс инженеринг“. Асфалтирани се околу 650 метри и дополнително се уредени уште 350 метри од улиците во населбата. Денес почнавме и со работа околу асфалтирање на улици во населбата Балканска каде и таму жителите неколку децении чекаа да им се направи пат а започнавме со работа и на асфалтирање на пристапот до Еврејските гробишта – изјави Тоше Ѓоргиевски од општина Штип.



Претходно општина Штип асфалтираше околу 1.2 километри од главната улица во населба Долна Железничка, проект вреден околу четири милиона денари. Се додека временските услови го дозволуваат тоа, ќе се асфалтираат улици а во тек се уште неколку тендерски постапки за обнова на улици.







http://www.porta3.mk/asfaltirani-ulici-vo-naselba-gorna-zheleznichka-vo-shtip/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 09-Oct-2015 at 14:21
За пет месеци во Штип за улици инвестирани 83,8 милиони денари



Од мај до почетокот на октомври годинава, Општина Штип инвестираше над 83,8 милиони денари или над 1,3 милиони евра. Според статистичките показатели, од асфалтирањето на првиот дел од патот до село Пухче во мај годинава, па се до засега последната асфалтирана улица „Тодор Чучков“ минатиот викенд, до сега локалната самоуправа асфалтирала 28 улици.

- Следи асфалтирање на дел од „Вардарска“ за што веќе се издвоени 4,4 милиони денари, а завршени се и тендерите за улици во селата Врсаково и Долани, а во тек е тендерската постапка за пат до село Суво Грло - изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност на Општина Штип.

Во општината веќе се подготвува листата за нови улици кои ќе бидат дел од програмата за идната пролет.

http://www.porta3.mk/za-pet-meseci-vo-shtip-za-ulici-investirani-83-8-miliona-denari/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12621
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 12-Nov-2015 at 09:54
Влезот во Штип со нов асфалт:







За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 12-Nov-2015 at 11:47
Dzole sekoj od nas 5% da dava od to ti sto go davas na forumot mesto prazni diskusii ke imavme mnogu poveke korisni informacii. Patem pokraj asfaltot mislam deka i osvetluvanjeto na kluckata e od pred godina dena.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.