build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 434445
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #881 Posted: 17-Aug-2018 at 18:15
Интервју со Шилегов на Кајгана


Не сакам да копирам извадоци, бидејќи ќе е субјективно. Целото е за инфраструктура и градски услуги.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1368
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #882 Posted: 17-Aug-2018 at 20:46
„Многу средства Градот годинава троши за изработка на градежни проекти за реализација на нови сообраќајници. Очекувам дека есенва ќе почне со реализација првата фаза на новиот градски булевар, од мостот „Близнаци“ до Скопски саем. На почетокот на наредната година во делот на спојувањето на Ќерамидница со Аеродром ќе почнеме со реализација на мостот, а потоа и на булеварот низ Ќерамидница. Очекувам дека во наредните две години тој проект ќе се реализира и сериозно ќе го растовари сообраќајот во Скопје.“

Претпоставувам дека тука не мисли на мостот (жолто), туку на булеварот означен со црвено (сл.1). Во ГУП-от од 2001 овој дел е поинаку испланиран, па може да мисли и на спојување со Перо Наков (сл.2):

Инаку, до каде се со налепниците за загадување за возилата? И воопшто почнување на решавање на загадувањето?


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-May-2018
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #883 Posted: 19-Aug-2018 at 13:20
Previous

Поверојатно е дека се мисли на булеварот со мостот (жолтиот), а проектот да вклучува и проширување на АВНОЈ од Хотел Русија до мост Близнаци.

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 537
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #884 Posted: 01-Nov-2018 at 15:47
Не знам во шо нишка би можела да спаѓа оваа препозитивна вест, па еве ја овде.

ХРВАТ ГРАДИ АВТЕНТИЧНО БАЧИЛО НА ШАР ПЛАНИНА
На падините на Јелак, еден од најубавите предели на Шар Планина, се гради бачило. Сепак, тоа не е обично бачило какви што на Шара има во голем број. Се гради од дрво, камен и кал и со покрив од слама, со автентичен изглед, каков што имале бачилата на Шара пред стотина и повеќе години.

Месноста Јелак во минатото беше позната по планинарскиот дом, кој во конфликтот од 2001 година беше разрушен. Овој реон под концесија го има земено фирмата „Treasure mountain project“, која веднаш над разрушениот дом почна да го гради бачилото, за кое велат дека ќе биде единствено по своите изглед и намена.

Идеен творец на оваа градба е Хрватот Томислав Тишка, кој уште од мали нозе се заљубил во Шар Планина. Пред 15 години, на Шапка отворил фирма, која со ратраци ги превезува скијачите по скијачките терени на Шара.



„Всушност, фирмата која го гради ова бачило е на жена ми, а јас само ги спроведувам моите идеи како треба да изгледа едно бачило кое целосно е интегрирано со природата. За градба користиме исклучиво природни материјали, како дрво, камен, кал и слама. Со ова сакаме да направиме еден вид етнолошки запис за тоа како се градело и живеело на овие планински простори пред сто, 200, па и повеќе години“, вели Томислав Тишка.

Објектот на бачилото е готов и останува само да се покрие со слама. Колибата до бачилото ќе биде за бачот, односно главниот мајстор и за помошниците кои ќе го прават сирењето. И таа е сета направена од дрво, со тоа што ќе биде покриена со плочки од костеново дрво. До нив се и две трла, едното е овците, а второто за кравите.

„Бачилото ќе има покрив од `ржова слама, и тоа од `рж кој расте само во селото Вејце. Тоа е стара сорта, не е како оној `рж од полето. Оваа слама е многу, многу потрајна. Единствен проблем ни е што ја нема доволно. Сега во овие планински села ретко кој сади `рж. Тоа за мене е несфатливо, бидејќи побарувачката за оваа слама е голема и нејзината цена е висока. Еве, сламата за покривот од бачилото ме чинеше над 2.000 евра“, вели Тихомир.

Сламениот покрив го прават мајсторот Шабан, неговиот брат и еден пријател. Тројцата се од Вејце. Тие се, можеби, последните мајстори кои знаат да направат сламен покрив на старински начин.

„Кога ѝ кажав на жена ми дека ќе правам покрив од слама, се изначуди. Во Вејце има само две-три плевни со сламен покрив. Покривот со слама е најдобрата изолација во планинава, ама младите не знаат да го ценат тоа, а уште помалку да го стават на нивните куќи. Жал ми е што никој од младиве не се заинтересира да го научи овој занает“, вели Шабан.

„Едвај најдовме мајстори и за градба на ѕидовите. Ни ги правеа мајстори од Пустец, Албанија, бидејќи само тие знаеја како се ѕида по старински, само со камен и кал. Немаме употребено ниту грам цемент. Дрвото за дрвенаријата го носиме од градот, бидејќи не сакаме да исечеме ниту едно дрво од оваа прекрасна природа околу нас. Кога ќе биде готово бачилото, сирењето ќе го ставаме во дрвени качиња, а не во метални канти. Внимаваме секој детаљ да биде автентичен и од природни материјали“, дополнува Томислав.

Томислав Тишка на оваа работа не ѝ приоѓа од економска страна, туку во неа внесува животна филозофија за здрав начин на исхрана и живот. Сето тоа го поврзува со неговото животно искуство.

„Мојата среќа во несреќа или, пак, несреќа во среќа е што за време на конфликтот во бивша Југославија работев како преведувач-координатор за Европска Унија на теренот од Вуковар до Босанска Посавина. Сето она што таму го видов и доживеав за мене беше страшно животно искуство. Затоа, откако сето тоа заврши, решив да се свртам кон природата. Откако прочитав книга на јапонскиот филозоф Масанобу Фокуока, целиот свет ми се отвори. Така со време дојде и идејата за ова бачило. Сакам сѐ да биде автентично, амбиентот, градбата, животните кои ќе ги чувам. Веќе набавив неколку крави од локалната раса буша, а купив и неколку овци од локалната раса шарпланинска праменка“.

Томислав Тишка доаѓа од Загреб и на шега вели дека дедо му ја имал најблиската фарма до Загреб, „на само четири километри од опашката на коњот на споменикот на Бан Јелачиќ“. На Попова Шапка доаѓал уште како мал и се заљубил во нејзината убавина.

З. АНДОНОВ

sdk.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 434445

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.