build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Вести
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 46>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 30-Nov-2009 at 21:49


Не само тоа, туку јас не гледам простор ваква зграда како на рендерот да се вклопи на локацијата кај Агенција за млади и спорт. Отпаѓаат и Симпо и големиот блок карши Симпо. Останува Ангелковски како единствена логична опција.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 17-Dec-2009 at 01:05
Има и по некоја добра вест(подземната сообраќајница)


Плоштадот ќе стане голема дупка

Скопјани со години ќе останат без плоштадот Македонија ако се реализираат сите најавени инвестиции како фонтаната, споменикот на Александар Македонски, црквата „Свети Константин и Елена“, но и подземната сообраќајница, која градоначалникот Трајановски сака да почне да ја гради до крајот на мандатот

Откако ќе почне копањето за поместувањето на подземната инсталација на плоштадот Македонија, скопјани долго ќе останат без него. Со оглед на сите најавени зафати - фонтана, споменик на Александар Македонски, црква, но и подземна сообраќајница - плоштадот во наредните неколку години ќе биде едно големо градилиште. Освен овие објекти, во изградба е и зградата на местото на некогашната Народна банка, а се очекува и изградба на Градска куќа и хотел со пет ѕвездички во зеленилото пред Телеком.

Според детаљниот урбанистички план за Мал ринг, под плоштадот се предвидени и подземни паркинзи, но нив засега никој не ги споменува, иако е најразумно и финансиски најисплатливо се' да се изгради во исто време, а потоа да се поплочи.

СЛОЖЕН ЗАФАТ

Според најавите на градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, плоштадот ќе почне да се копа по новогодишните празници. Прво ќе се поместува подземната инсталација, па ќе се гради фонтаната на која ќе биде поставен споменикот на Александар Македонски.

Поместувањето на подземната инфраструктура ќе биде мошне сложен градежен зафат затоа што ќе треба да се поместат главните водови на фекалната и атмосферската канализација, како и на водоводот. Бидејќи Скопје нема подземен катастар, не се знае што се' има под плоштадот и на која длабочина е поставено. Со оглед дека атмосферската канализација на Илинденска беше поставена на длабочина од седум метри, се очекува цевките под плоштадот да се или на таа длабочина или уште подлабоко.

Потребата за поместување на инфраструктурата излезе на виделина по најавата за изградба на црква пред објектот на „Лумикс“, која инаку ќе требаше да лежи над цевките на фекалната канализација.

Град Скопје распиша конкурс за изведувач, на кој е избрана фирмата „Вардарградба“. Таа ќе треба да ги помести цевките на потегот од плоштадот до улицата 11 Октомври, која минува пред Собрание. За да почне со работа, фирмата чека само налог од инвеститорот, Општина Центар.

- Ние како Град Скопје распишавме конкурс за поместување на цевките. Другите инсталации, како струја и телефон, ќе треба да ги поместуваат самите компании. При дислокацијата на инфраструктурата нема да има прекин во водоснабдувањето или во функционирањето на одводите. Најверојатно старата мрежа ќе остане, а откако ќе се изгради новата, само ќе се направи ново поврзување - велат во Градот.

Оттаму додаваат дека не знаат колку ќе чини поместувањето на инфраструктурата, затоа што тоа е инвестиција на Центар, која треба да ја плати сметката.

ПОЛОВИНА ПЛОШТАД ЗА ФОНТАНА

Од Општина Центар велат дека фонтаната ќе се гради откако ќе биде завршен овој зафат. Проектот за фонтаната е готов и е дело на „Инпума“, а е подготвен и посебен проект за хидро и електроефектите. Изведувач на градежните работи ќе биде „Бетон“.

Од општината се' уште не откриваат колку ќе чини изградбата на фонтаната.

- Фонтаната ќе биде поставена во зелениот круг на плоштадот. Ќе биде кружна, со дијаметар од 30 метри. Околу неа ќе има пешачка патека, која ќе биде поставена на 60 сантиметри од нивото на плоштадот со обезбеден пристап со скали и рампа. Целта е посетителите да се качуваат и да дојдат до кружната патека, која ќе биде широка три метри. Фонтаната ќе биде изработена од бел масив мермер, а на дното ќе биде изведен мозаик. Во централното место ќе има столб опкружен со осум војници, обработен наизменично со богати релјефни прстени од мермер и бронза. На скалилата околу фонтаната ќе бидат поставени осум бронзени лава, од кои четири ќе гледаат на надворешната, а четири кон внатрешната страна. Од устите ќе им тече вода - објаснуваат од Општина Центар.

За изградбата „Бетон“ ангажирал свои подизведувачи од Италија, кои ќе бидат одговорни за изведба на светлосни и водени ефекти.

На мермерниот столб, кој ќе биде висок 12 метри ќе биде поставена бронзена скулптура на Александар Македонски, претставен како коњаник, висока 12 метри. Според надлежните, споменикот треба да биде поставен во 2011 година. Неговата изработка чини околу 10 милиони евра.

ВРВНИОТ ПРИОРИТЕТ ПОСЛЕДЕН НА СПИСОК

Сепак, најголемото раскопување на плоштадот ќе се случи за изградбата на подземниот булевар со шест коловозни ленти, кој е ставен како приоритет во програмата на градоначалникот Коце Трајановски. Од Градот објаснуваат дека изградбата на оваа сообраќајница е врвна потреба за Скопје, бидејќи сега сите поголеми булевари завршуваат како слепи и се вкрстуваат во тесните улици што го формираат Малиот ринг во центарот.

- Целта на градоначалникот Коце Трајановски е до крајот на мандатот да почне изградбата на подземниот коридор, затоа што е премногу значен за Скопје - вели Неделчо Крстевски, портпарол во Градот.

Тоа би значело дека откако ќе бидат изградени фонтаната и спомениците, плоштадот во 2012 или 2013 година целосно ќе се раскопува, затоа што подземната сообраќајница сече 40 отсто од неговата површина.

- Според Генералниот план подземниот коридор понира од „Партизанска“, минува под Телекомот, плоштадот и под кејот 13 Ноември и излегува кај банките. Долг е 1.200 метри, а ќе минува на длабочина од 12 до 15 метри. Министерството за транспорт нарача да се изработи студија за скопскиот сообраќај и идејно решение за подземната сообраќајница, што веќе ги изработува шпанската компанија „Идом ингенериа и консулториа“. Тие треба да бидат готови до крајот на 2010 година, по што ќе се знае вредноста на оваа сообраќајница и најповолниот начин за нејзина изградба, односно со површински или со подземен коп - вели Крстевски.

Тој објаснува дека оваа сообраќајница ќе биде многу скапа, односно можеби и најскапиот проект изведен во последните децении во Скопје. Досега беше лицитирано со различно суми, при што некои проценуваа дека изградбата може да чини и до 60 или 70 милиони евра. Ќе се разгледуваат различни модели на нејзино финансирање - со кредит, концесии, со меѓународни партнери итн.

Плоштадот Македонија беше реконструиран во 2003 година, во времето на градоначалникот Ристо Пенов. Тогаш беше извадена старата коцка, беше изградена мала сала за фонтана, која сега ќе биде урната, плоштадот беше поплочен со гранит од Босна, а сето тоа чинеше три милиони евра државни пари. Дали по поставувањето на споменикот Трајановски ќе ја врати коцката и ќе ја вади за подземната сообраќајница, останува да покаже времето.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=88B5B1E926A3224F9CD323632AC0F71E
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 17-Dec-2009 at 01:49
Originally posted by pbanks



Еве го проектот за кој говориш ЛСЛ... Сеуште единствена логична локација на раскрсницата Партизанска-Рузвелтова останува таа кај Ангелсковски

Originally posted by pbanks

Деловно-станбен објект на аголот помеѓу Партизанска и  Рузвелтова. Колку што гледав на Google Earth единствена логична и непополнета локација е онаа залепена до новите згради кај што е Кројач Англековски. Нема наведено инвеститор, незнам дали тоа треба да не прави песимисти за овој проект Ohno





Ова локацијавае кај Агенција за Млади и спорт ? Бидејки никако не можам аголот да го уклопам кај Ангелковски поради она зеленитото во средина
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 17-Dec-2009 at 09:31
gorco, кај гледаш зеленило во средина на сликиве? Мене сосема ми изгледа како можна локацијата кај Ангелковски.

Ќошот кај АМС не е сигурно бидејќи е очигледно дека улицата има 2 ленти (вкупно), а не како партизанска 6 ленти (по 3 во правец, плус средишно зеленило). Теоретски би било можно да е карши АМС (од истата страна на партизанска), но таму има станбени блокови веќе оформени, така што и ова отпаѓа.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 24-Dec-2009 at 13:49

Објавен тендер за продажба на девет градежни локации


Јавен повик за продажба на девет локации со вкупна површина од 27.822 метри квадратни, објави во четвртокот Министерството за Транспорт и Врски

На продажба е државно градежно земјиште наменето за изградба на девет нови згради и деловни објекти во Маџари, Хиподром, и во општината Гази Баба. Почетната цена на земјиштето се движи од 3.500 до 5.400 денари.
„Со изградба на станбените згради  освен што ќе се овозможи заживување на овој дел од градот, ќе се овозможи и дополнителен простор за домување што ќе доведе до стимулирање на конкуренцијата во областа на недвижностите“ изјави Драган Симоновски од Министерството за Транспорт.
На наддавањето може да учествуваат домашни и странски компании, а понудите за тендерот треба да пристигнат најдоцна до 20 јануари 2010 г.
Најповолниот понудувач ќе биде обврзан во рок од две години да ги изгради зградите за домување.

http://forum.com.mk/_tools/article/14499/view
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 28-Dec-2009 at 01:16

Спомен-парк за загинатите во бродската несреќа

ОХРИД - Здружението на граѓани „5 Септември“ од Охрид го доби признанието „Иницијатива на годината“ што му го додели Ротари-клубот од општина Пирдоп од Бугарија. Тоа, како што стои во образложението, е знак на благодарност за граѓаните на Охрид кои не дозволија трагедијата со потонувањето на бродот „Илинден“, при што се удавија 15 бугарски туристи, да се злоупотреби и да ги наруши односите меѓу двете држави. Здружението од Охрид најавува реализација на идејата за востановување на спомен-парк за жртвите во несреќата што веројатно ќе биде лоциран на кејот на Охридското Езеро, во близина на хотелот „Денариус“.

„Никој не може да ја надомести болката и тагата на блиските на туристите што ги изгубија животите во бродската несреќа на 5 септември во Охрид. Ние го цениме сето она што го направија охриѓани и македонските власти за спасување на луѓето. Токму затоа високото признание ‘Иницијатива на годината‘ го доделивме на здружението на граѓани ‘5 Септември‘. Тие покажаа дека од несреќата не треба да се прави нешто што би ги разделувало луѓето од Македонија и од Бугарија“, смета Георги Георгиев, претседател на Ротари-клубот од општина Пирдоп.

Во Охрид здружението „5 Септември“го прифати признанието токму во духот на пораката дека несреќите не треба да ги делат, туку да ги обединуваат луѓето со добра волја. „Набрзо ќе ја реализираме идејата за востановување спомен-парк за жртвите во несреќата“, вели претседателот на здружението „5 Септември“, Сашо Алче. За него, признанието на Ротари-клубот од Пирдоп, Бугарија, е искрен гест за она што го направиле за да ја намалат болката и искрено да сочувствуваат со семејствата на загинатите.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=EE4243F379425248AAE9BAD96ECDE76C
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 31-Dec-2009 at 16:50
АГОРА  СТРУМИЦА

http://www.youtube.com/watch?v=au5gGE03a_0

Дали овој проект е веке почнат?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 31-Dec-2009 at 16:57
БАНСКО СПА Струмица

http://www.youtube.com/watch?v=wpDnr-do46g&feature=related

??
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 14-Jan-2010 at 12:14

Спо­ме­ни­кот на Зебрњак ќе се обновува напролет

Со договор за културна соработка помеѓу министерствата за култура на Ма­ке­до­ни­ја и на Србија ќе се обновува Спомен-костурницата на Зебрњак, Ку­ма­нов­ско. Договорот предвидува нашето министерство да даде сог­лас­ност, а српското да обезбеди средства за обновување на споменикот.
"На 100-годишнината од битката на Зебрњак на 24 октомври, на спо­ме­ни­кот треба да му биде вратен некогашниот изглед. Проектот за ре­конс­трук­ци­ја веќе е готов, од април би требало да почнат работите на терен", из­ја­ви Драган Недељковиќ, заменик-министер за култура .
Спо­ме­ни­кот на Зебрњак бил изграден во 1937 година, на местото каде што се од­ви­ва­ла Кумановската битка и била извојувана голема победа на српската вој­ска против Турците во Првата балканска војна. Споменикот бил висок 48,5 мет­ри, а го урнала бугарската војска за време на Втората светска вој­на.

http://vest.com.mk/?ItemID=8151DCDAD2ECEF4D8A487276669FEC5D


Колку што се сеќавам Волан имаше на блог нешто историја за спомеников и доста материјали. Ако не чита нека сподели!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 14-Jan-2010 at 12:19
Ја еве ќе пуштам само линк до неговиот блог запис http://volanskopje.blog.mk/2009/10/07/zebrnjak-zebrnjak-foto-zapis/

И една слика како ова некогаш изгледало...

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 14-Jan-2010 at 13:18
sum bil na mestovo 100 pati imam i nekoi sliki.misteriozno mesto me fakalo strav koga odev sam tamu.vnatre ima grobnica polna so koski od zaginatite 1912-1913.redno beshe da se obnovi da se vrati vo prvobitnata sostojba kako sto beshe se do 1943 god.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 14-Jan-2010 at 17:02
ima nekoi inf za prodadeno drzavno zemjiste za izgradba na stambeni zgradi trgovski objekti i de na www.mtc.gov.mk.ne mozev da kopiram i da postiram.neka proba nekoj neka ja postira informacijata                                                    
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 15-Jan-2010 at 00:34


Продадени 13 парцели во Горно Лисиче

Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање што се одржа на 31 декември продаде 13 градежни парцели во Горно Лисиче, на кои според детаљниот урбанистички план ќе се градат станбени згради, големи трговски единици и деловни објекти.

Фирмите „Дијас контракшн“ ДОО Скопје и „Настел“ ДООЕЛ од Куманово купија по три градежни парцели. По две парцели купија „Адора инженеринг“ ДООЕЛ Скопје, „Нова градба, Владимир и други“ ДООЕЛ и „Алфа импорт“ ДОО Скопје. ДПТУ „Глиц“ ДООЕЛ Кичево купи една парцела.

„Дијас контракшн“ за една од своите парцели понуди 8.300 денари за квадратен метар или околу 17 милиони денари, за втората понуди 8.700 денари за квадрат, односно вкупно 13,5 милиони денари, а за третата 8,3 милиони, односно 5.200 денари за квадрат.

„Настел“ ДОЕЛ Куманово за една парцела понуди 8.700 денари за квадрат, а за втората и третата по 5.200 денари. Оваа фирма за трите парцели ќе плати вкупно околу 29 милиони денари (475 илјади евра).

За своите парцели „Адора инженеринг“ понуди по 10.200 денари по квадратен метар или вкупно 15,5 милиони денари, а „Нова градба, Владимир и други“ ќе платат по 6.200 денари за квадрат, односно вкупно 9,6 милиони денари. „Алфа импорт“ понуди по 5.200 денари за квадрат, односно вкупно 8,3 милиони денари.

Околу 15,6 милиони ќе плати „Глиц“ за својата парцела, односно за квадрат земјиште по 10.200 денари.

Од продажбата на ова земјиште државата инкасира околу 2,2 милиона евра.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека најповолните понудувачи веќе ги уплатиле парите, во предвидениот рок од 15 дена. По склучувањето на договорите за отуѓување на градежното земјиште, најповолните понудувачи се обврзуваат дека во рок од шест месеци ќе обезбедат одобренија за градба на предвидените објекти и дека ќе ги изградат за две години. Ако објектите не се изградат во определениот рок, договорите ќе бидат раскинати.

Министерството за транспорт и врски претходно се обиде да ги продаде овие парцели, но сите наеднаш, на еден инвеститор. Обидот пропадна оти големите градежни компании не покажаа интерес да ги купат сите наеднаш, поради преголемата цена, па Министерството реши да ги продава поединечно.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E807D4D0254EC0408316CB1121D4E35F
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 15-Jan-2010 at 21:07
Заграден е паркингот карши Дал Фуфо на Водњанска. 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 16-Jan-2010 at 12:09
Приватните населби се градат, на државните идеи не им оди
 
Иницијативите на Владата да се продаваат земјишта од по дваесетина илјади квадрати за на нив да се прават цели населби не наидуваат на очекуваниот одѕив кај инвеститорите, бидејќи огласите за јавно наддавање редовно пропаѓаат  
 
%20  
Тешко се одвива планското ширење и развивање на градот со изградба на цели населби одеднаш, наместо куќа по куќа среде ниви, каква што е практиката веќе неколку децении. Имаше неколку иницијативи од Владата да се направат населби на периферијата на градот и во приградските општини кои би биле според високи европски стандарди, нивните жители би уживале во здрава и чиста околина, далеку од сообраќајниот метеж и од градската бучава, а сепак релативно блиску до градот. Сепак, огласите за продажба на земјиштето постојано пропаѓаат, а и таму каде што ќе се склучат договори, се појавуваат пречки. Засега без проблеми се одвива изградбата само на новите населби што се прават по приватни иницијативи, една во подножјето на Водно, а друга кај Радишани.


СОНЧЕВ ГРАД


%20Овој проект стана симбол на неостварените планови за модерни приградски населби. Сé се одвиваше како што беше предвидено, се донесе урбанистички план во општината Сопиште, се најде инвеститор, израелската фирма „Индустриал билдингс корпорејшн“, се склучи договор и веднаш почнаа проблемите. И по три години откако се спроведоа овие постапки ништо не се гради. Од Министерството за транспорт и врски, кое ја туркаше постапката, постојано објаснуваа дека решавале проблеми со упис на земјиштето во катастарот, но не дадоа конкретни објаснувања каде е заглавена целата работа. Иако за многумина ова е пропадната инвестиција, тие го негираат тоа. Засега е неизвесно и како ќе се пристапува до оваа населба, бидејќи на владиниот план да се направи пат низ парк-шумата Водно остро се спротивставуваат еколошките здруженија и многу граѓани. Според проектот, во Сончев Град треба да се направат 604 куќи и 11 згради, односно тој да биде дом на околу 700 семејства.


ХИПОДРОМ 2


Досега пропадна еден јавен повик ова земјиште да му се продаде на некој инвеститор, а во тек е вториот, според кој јавното наддавање треба да се одржи на 27 јануари, ако има заинтересирани. Населбата е предвидена со детален урбанистички план од март 2008 година. Таа треба да се гради веднаш до Хиподром 1 и до автопатот и да има 5.020 жители. Таа треба да биде комплекс од девет згради на локации со површина од две до пет илјади квадрати, како и комерцијален објект на плац од 2.280 квадрати. Покрај овие објекти планирано е населбата да се облагороди и со социјални установи, градинка, училиште, фонтана, паркови и со зелен појас да биде оградена од автопатот. Населбата би ја опслужувал јавен превоз, а предвидени се и паркиралишта.


ЗАЈЧЕВ РИД


Идејата е стара три години, а според неа на оваа локација во близина на Управата за хидрометеоролошки работи треба да се прават луксузни куќи, односно таа да биде миниград во рамките на Скопје. Предвидени се и комерцијални и деловни објекти, хотел со конгресна сала, дискотека, ноќни клубови, поликлиника, градинка, основно училиште, црква и објекти во кои би се сместиле дипломатски претставништва. Населбата треба да биде одделена од улицата Скупи со зеленило. Урбанистичкиот план е донесен во ноември 2008 година. Населбата ќе зафаќа 150 хектари и ќе има четири влеза. Според некои информации, реализацијата не може да почне поради проблеми со ажурирањето на геодетската подлога, за да се види дали таму може да се гради.


МЕНХЕТН ВО АЕРОДРОМ


Покрај булеварот Србија во општината Аеродром се предвидуваат три висококатници со максимална висина до 500 метри или 126 ката, а ако некој сака да ги гради треба да направи по најмалку 29 ката. На плацот од 21.247 квадрати е предвидена населба во височина, но според досегашните искуства со тендерите, таа тешко дека ќе стане реалност. Два досега пропаднаа, бидејќи немаше ниту еден заинтересиран инвеститор, иако земјиштето се нудеше со почетна цена од нешто над 100 евра за квадрат. Од Министерството за транспорт најавуваат дека наскоро ќе распишат и трет оглас.


ХОТ-ХОТ НАСЕЛБА ВО АМЕРИКАНСКИ СТИЛ


Таму каде што нема државна иницијатива, туку сé се одвива според плановите на приватните инвеститори, нема проблеми ниту со градењето. Таков пример е Хот-хот населбата во близина на Радишани, која ќе се простира на 17 илјади квадратни метри и ќе има 34 елитни куќи направени од еколошки материјали, на два ката, со површина од 150 до 250 квадрати, со гаража за најмалку две возила, базен и комбинирано греење, односно каминско загревање и греење на соларна енергија, како и со електрична енергија. Инвеститорот, истоимената фирма, планира целиот простор да го огради и да постави видеонадзор, рампа на влезот и чувари, за поголема безбедност на идните жители. Роберт Хот, сопственикот на фирмата, најавува дека сите објекти ќе бидат вселиви во септември идната година. Тој вели дека фирмата наскоро ќе почне да гради и викенд-населба кај Горно Соње.


ЛУКСУЗ ДО ОЛИМПИСКО СЕЛО


И австриската компанија „Соравиа“ пред еден месец почна да гради 200 луксузни резиденцијални апартмани на Водно, веднаш до Олимписко Село, на површина од 25 илјади квадратни метри. Становите ќе бидат со големина од 75 до 190 квадрати, а ќе се загреваат и се ладат со геотермална енергија. Во првата фаза од проектот треба да се изградат 60 стана, мал хотел, спа-центар и ресторан, а под секој објект ќе има подземен паркинг. Комплексот ќе има и свое обезбедување.




Новата населба Горно Лисиче може да се гради

%20По неколку неуспешни обиди, државата конечно го продаде целото земјиште од 22.180 квадратни метри во Горно Лисиче, каде што според деталниот урбанистички план треба да се направат 14 станбени згради од по седум ката. Иако претпоследното јавно наддавање не беше надежно, бидејќи се продаде само еден, а останаа 13 плаца, на последното, што се одржало на 31 декември, имало тотална распродажба. Оваа населба, според роковите, треба да се направи за две-три години, а ќе се наоѓа зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ кај Ново Лисиче и наспроти ресторанот „Мирко 919“. Според процените, во неа треба да има од 350 до 400 стана, односно околу 1.500 жители.

Минатото лето беше распишан првиот јавен оглас за ова државно земјиште, но тогаш се нудеше целото одеднаш, односно се бараше еден инвеститор за сите 14 станбени објекти. Почетната цена беше 4.200 денари за квадратен метар или околу еден и пол милиони евра за сите 22.180 квадрати. Наддавањето требаше да се одржи на 2 септември, но никој не се пријави и тоа пропадна. Потоа се распиша нов повик, на кој 14-те парцели беа нудени посебно, со истата почетна цена. Лицитацијата се одржа на 29 октомври, но се продаде само една парцела, ја купи фирмата „Настел“, која за простор од 1.510 квадратни метри плати 5.200 денари од квадрат.

Сепак, пред крајот на изминатава година се најдоа инвеститори и за сите останати објекти.

- Најповолните понудувачи ги уплатија парите според постигнатите крајни цени на наддавањето. По склучувањето на договорите, тие ќе имаат рок од шест месеци да обезбедат градежна дозвола од општината Аеродром, а објектите да ги изградат за најмногу две години потоа - информираат од Министерството, кое ги спроведуваше јавните наддавања за земјиштата.

Плацевите што ги нудеше државата беа со површина од 1.445 до 2.060 квадратни метри, а максималната висина на зградите што треба да се градат на нив изнесува на некои 19 метри, а на други 21 метар. Најмногу, по три, купиле „Настел“ и „Дијас констракшн“, по две „Адора инженеринг“, „Нова градба“ и „Алфа инпорт“, а една компанијата „Глиц“ од Кичево. Највисоки цени биле постигнати за земјиштата што ги купиле „Адора“ и „Глиц“, по 10.200 денари за квадратен метар. Пет плаца биле продадени по двојно пониска цена, односно само 5.200 денари за квадрат, а за другите инвеститорите понудиле по 6.200 денари, 8.300 денари и 8.700 денари за квадратен метар. Сé на сé, од оваа продажба се собраа вкупно 2,4 милиони евра, од кои, според последните законски измени, 80 отсто одат во буџетот на општината Аеродром, а 20 отсто остануваат за државата.
 
   
Автор: Радмила Заревска                                                                   http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=116101041328&id=14&prilog=0&setIzdanie=21886


Edited by pbanks - 16-Jan-2010 at 12:50
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 17-Jan-2010 at 16:40
ОДЛИЧНА ВЕСТ !!!



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 17-Jan-2010 at 16:43
odlicna vest e samo za naselbata gorno lisice i hot i hot drugive se zalni po vina na vlastite i tromata neefikasna i mrzliva administracija
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 18-Jan-2010 at 17:36
mnogu vetuvanja mnogu malku ostvareno                                                                                                            Интервју на Миле Јанакиески, Министер за транспорт и врски за „Форум“ - 18.1.2010



2010 – ќе биде клучна за инфраструктурата

 

,

Изградбата на патната инфраструктура останува приоритет во работењето на Министерството бидејќи развиената патна инфраструктура ги јакне стопанските, транспортните и комуникациските врски помеѓу определени населени места, но истовремено создава предуслови за влез на странски директни инвестиции.

Во 2009 г. реализиравме и започнавме со реализација на изградбата на повеќе делници во Република Македонија. Првенствено, во 2010 година ќе продолжиме со реализација на веќе започнатите делници, со цел нивно докомплетирање. Проектите кои ги почнавме не само што ќе подобрат националната патна мрежа, туку и ќе овозможат изградба на нови локални патишта, односно рехабилитација на застарените. Интензивно се работи на изградбата на патниот правец Табановце – Куманово на ниво на автопат за која е предвидена да заврши во првата половина на 2010, азатворена е финансиската конструкција за изградба на делот Демир Капија – Смоквица со чијашто реализација Република Македонија ќе добие комплетен автопат долж Коридорот 10. Со несмален интензитет се работи и на изградбата на регионалните патишта од кои дел се финансираат преку проект со Светската банка, а дел со средства од Буџетот, предвидени со Програмата на Агенцијата за државни патишта. До крајот на првата половина од 2010 очекувам да се заврши изградбата на 7 регионални патни правци, меѓу кои и делниците од Лакавица до Неготино, од Ржаничино до Овче Поле и од Прилеп до Македонски Брод, сите со поголема должина од 30 километри, а во текот на следната година очекувам комплетирање на изградбата на правците Коњско – Кожув и патот до Порече, каде се врши пробивање во тежок карпест дел со минирање. Овој пат ќе ги оствари долгогодишните барања на жителите на Порече.

 

Владата на Република Македонија секоја година донесува Програма за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија. Согласно оваа програма, предвидена е изградба на вкупно 22 објекти со вкупно 1.712 социјални станови кои ќе се градат на различни локации во државата. Во оваа насока, Министерството за транспорт и врски успеа, преку Банката за развој при Советот на Европа, да обезбеди кредит во висина од 23,3 милиони евра за реализација на проектот за социјално-ранливите групи. Исто така, сакам да истакнам дека со воведувањето на електронскиот начин на дистрибуција на социјалните станови пред две години, Министерството за транспорт и врски воведе нови, високи стандарди во борбата против корупцијата, модернизирајќи го процесот на пријавување и дистрибуција на социјалните станови, со што максимално го елиминира човечкиот фактор, а со тоа и можностите за коруптивно дејствување. Со овој начин на распределба се потврдува темелниот постулат на Министерството за транспорт и врски во социјалната политика – само оние граѓани кои навистина ги исполнуваат критериумите, да добијат стан, притоа целосно исклучувајќи го човековиот фактор во процесот на распределба. Незадоволствата што доаѓаат од страна на граѓаните се резултат на тоа што постои многу голем интерес кај граѓаните отколку што има расположливи станови, и ние тоа многу добро го разбираме. Што се однесува до комерцијалните станови, кои се предвидени со програмата за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија, во тек е изградбата на 4 објекти со повеќе од 300 станови, а предвидена е изградба на дополнителни 168 станови во Скопје, како и повеќе од 300 станови наменети за станбено необезбедени лица. Со реализирање на предвидените проекти, односно изградбата на станбените згради ќе се овозможи и дополнителен простор за домување со конкурентни цени што дополнително ќе доведе до стимулирање на конкуренцијата во областа на недвижностите.

 

Со цел обновување на возниот парк на ЈСП Скопје, а со тоа овозможување и подобри услуги на корисниците на јавниот превоз и намалување на сообраќајниот застој, лани беше одржана електронска аукција за доделување на договор за јавна набавка за производство на 80 новопроизведени соло автобуси, и 4 новопроизведени зглобни автобуси, на која за најповолен понудувач беше избрана компанијата „ЛАЗ“ од Украина. Автобусите, од кои првите очекуваме да почнат да возат низ Скопје во текот на следната година. Автобусите кои ќе ги користат граѓаните за јавен градски превоз се современи во секоја смисла на зборот, ги исполнуваат сите потребни стандарди, односно имаат емисија за издувни гасови „ЕУРО 4“,дигитален тахограф за работа, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички и истовремено се целосно климатизирани и далеку поудобни од оние автобуси кои моментално се користат во главниот град.

Во февруари ќе заврши и јавниот повик на кој очекуваме да се избере компанија која ќе понуди 200 новопроизведени двокатни автобуси од затворен тип и 2 новопроизведени двокатни автобуси од отворен тип-кои ќе се користат за туристички цели.

 

Меѓуминистерскиот комитет кој е формиран за следење на изработката на Физибилити студијата за гасоводен систем во Република Македонија со идеен проект ги утврди приоритетни магистрални правци за изградба на гасната инфраструктура во Република Македонија, а тоа се правецот Клечовце - Битола со крак до Струмица, во зависност од точката на поврзување и правецот Скопје - Тетово - Гостивар. Согласно ова почнавме постапка за избор на економски оператор за изготвување на основни и изведбени проекти. Реализацијата на севкупната гасоводна инфраструктура во Република Македонија се проценува како инвестиција во висина од приближно 270 милиони евра. До доаѓањето на оваа власт, сите претходни влади на СДСМ ништо конкретно не превзедоа во однос на имплементација на проектот за гасификација на Република Македонија, а бевме сведоци на нивно критикување на овој проект што за мене е крајно неразбирливо.

 

Договорот за концесија со компанијата „ТАВ Холдинг“ треба да стапи во сила во утврдениот рок - 01. март 2010, со што Република Македонија ќе добие современ аеродромски систем кој ќе функционира во согласност со сите меѓународни стандарди и современи технологии. Со спроведувањето на овој проект аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св.Апостол Павле“ во Охрид ќе добијат подобрување според светски стандарди на аеродромската инфраструктура, но ќе сезголемат на капацитетите и авиосообраќајот. Потпишаниот договор се однесува на концесија за период од 20 години, во кои ТАВ ќе инвестира околу 230 милиони евра. Со оглед на големината на инвестицијата, падот на визната бариера, како и на искуство во оперирање и развојот на аеродроми кое го поседува ТАВ, можеме да очекуваме зголемување на ефикасноста во работењето на аеродромите и зголемување на капацитетот на превозот на патници и товар, со што ќе се оствари идејата на Владата на Република Македонија за рентабилни и атрактивни авиопристаништа.

 

Во 2009 година беа распишани повеќе од 160 објави за преку 400 локации. Од овие локации до сега се продадени повеќе од 300 локации и за нив постапките за добивање на одобрение за градба или роковите за изградба течат. Согласно она што го следиме како постапки, сите овие инвеститори имаат сериозни намери да ги изградат објектите, за што се и обврзани во самите договори за отуѓување на земјиштето. По пат на јавни лицитации, отуѓени се локации на кои ќе бидат изградени гаражи, трговски центри, но и стабени згради и хотели. Тенденцијата да се привлечат инвеститори кои ги градат на градежното земјиште сопственост на државата согласно неговата намена, ќе продолжи и во текот на годинава која почна. На тој начин, сметаме дека ќе го поттикнеме локалниот економски развој на општините и очекуваме да се отворат и нови работни места за граѓаните.                                                             

Edited by lslcrew - 18-Jan-2010 at 20:04
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 20-Jan-2010 at 15:54
.................Та­ка, со недели отворена стои огромна дупка на раскрсницата на булеварот Пар­ти­зан­ски одреди и улицата Рузвелтова. Според кажувањата на жителите, тука се из­ве­ду­ва­ле приклучоци за нова зграда, работи, за кои  тврдат дека траеле само два де­на, се завршиле пред 20 дена, а кратерот уште стои...........
Znaci cekame nova zgrada vo partizanska
ako e mozno neko ojt nekoj neka vidi?!

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 20-Jan-2010 at 18:36
Potpolno ista vakva dupka ima i na parizanska kaj Apce, i ako zabelezuvas megju dvete dupki celosno e raskopana ulicata... Najverojatno se raboti za postavuvanje na nova instalacija od kaj apce do ruzveltova, za potrebite na novite zgradi sto se veke napraveni na partizanska (dnk i drugata...)

Edited by Cloverstack - 25-Jan-2010 at 05:19
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 46>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.