Објектот „Езерце“ и летово ќе го
нагрдува Градски парк
По
раскинување на договорот, Општината размислува како да му го врати
стариот лик на култниот ресторан
Деспина Трајковска
Наместо култен ресторан
на местото на некогашното „Езерце“ во Градски парк, и летово ќе има само
урнатина. Металната конструкција и градежниот шут ќе сведочат за
периодичните преземени акции на општинарите за отстранување на
недозволената градба, што беше причина за раскинување на договорот за
стопанисување со објектот од страна на фирмата „Вени, види, вици“.
Општината
Центар го раскина договорот, бидејќи закупецот не го испочтува
дозволениот габарит за реконструкција и сега допрва ќе одлучува на кој
начин да му го врати сјајот на омиленото катче на скопјани. Истовремено
ќе се чека и на завршница од судската постапка што ја поведоа
општинарите за наплата на долгот по основ на наемнина. Градоначалникот
Владимир Тодоровиќ информира дека Општината размислува за три варијанти
за решавање на проблемот и враќање на достојниот лик на култниот
ресторан.
„Една од варијантите е Општината автентично да го
реконструира објектот, па потоа да го издаде. Можно е објектот во ваква
состојба да му го дадеме на инвеститор да го обнови, а трета варијанта е
да направиме сосема нов проект“, вели Тодоровиќ, кој се надева дека
наскоро ќе биде одлучено за иднината на објектот барем летово да почне
да се реконструира.
Инаку, Општина Центар допрва ќе ги
расчистува договорните односи со „Вени, види, вици“, бидејќи поранешниот
закупец имал неисплатени кирии за 2009 година. Тодоровиќ не знае колку
закупецот и' е должен на Општината, единствено посочи дека долгот што го
имала фирмата за кирија од 2008 година бил наплатен по судски пат.
Фирмата
„Вени, види, вици“ го доби објектот во своја сопственост во 2008 година
преку лицитација. Општината му наплаќаше кирија од 10.000 евра месечно.
За кратко време сопствениците одлучија да го реконструираат објектот.
Ги започнаа градежните работи, но набрзо на терен се издигна метална
конструкција што ги надмина границите дозволени со одобрението за
градба. Под притисок на јавноста градежната инспекција неколку пати ја
уриваше доградбата, за, конечно, Општината да го раскине договорот за
закуп. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=89B21F286C0C834184BC46C92E367BC1
Десетте општини од југоисточниот
дел на државата со заеднички сили ќе го развиваат туризмот во регионот.
Еден од локалитетите на кој ова година ќе биде ставен посебен акцент е
Смоларскиот водопад.
Согласно проектот кој беше изготвен од страна на
Центарот за развој на југоисточниот плански регион, а поддржан од сите
десет општини, комплетно ќе биде уреден просторот околу водопадот во
зоната на активното управување.
- Центарот за развој на југоисточниот плански регион до Бирото за
регионален развој аплицираше со три проекти, доста значајни кои беа
избрани од градоначалниците, односно Советот за развој на југоисточниот
плански регион.
Како приоритет на регионот во однос на туризмот е уредување на
просторот околку Смоларскиот водопад кој е прогласен за споменик на
природата.
Таму е предвидена изградба на објект за одмор и рекреација и плус
неколку летниковци и патеки.
- Висината на овој проект е со вкупен износ од 3.800.000 денари -
рече Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на југоисточниот
регион.
Смоларскиот водопад се наоѓа над селото Смоларе, сместен длабоко во
планината Беласица на надморска височина од 630 метри. Има пад на
водата од 39,5 метри и е најголемиот постојан водопад во државата.
Согласно статистиката на општина Ново Село овој локалитет годишно
го посетуваат околу 25.000 домашни и странски туристи. Истиот веќе
неколку години е внесен и во туристичкиот водич на Велика Британија.
За уредувањето на Кејот на реката Вардар во Гостивар ќе се инвестираат речиси 100 илјади евра. Парите за шеталиштето и опремувањето со клупи, канделабри и друга опрема се обезбедени преку проектот „Форуми во заедницата“. До изборот се дојде со активно учество на стотина гостиварци, кои предлагаа што му е најпотребно на градот. Од трите понудени проекти, групата граѓани на последната средба, со мнозинство гласови го избра предлогот „Шеталиште на Кејот на Вардар“. Во уредувањето на кејот, 4 милиони денари обезбеди Швајцарската агенција за развој, а 2 милиона се влог од општината. Се очекува уредувањето да почне в лето. (З.Г.М.)
Општина
Карпош ќе инкасира 15 милиони евра од четири проекти
Парите по
основa на комуналии ќе се соберат од „Меркатор“, „Глобал“ и од две
мешовити компании
Деспина Трајковска
Општина Карпош
годинава ќе инкасира 15 милиони евра во буџетот и тоа само од комуналии.
Општинската каса ќе се наполни благодарение на четири големи проекти
кои веќе почнуваат со реализација. По основа на комуналии ќе се уплатат
пари за изградба на три трговско-деловни центри и за комплекс станбени
објекти. Станува збор за инвестициите на словенечки „Меркатор“, на
израелската компанија „Глобал“, како и на домашно-странските инвеститори
„Фешн груп“ и „Импексел“. Градоначалникот Стевчо Јакимовски информира
дека речиси сите четири проекти се започнати со реализација, а
автоматски се уплатени и дел од средствата за комуналии.
„Меркатор“,
кој треба да гради трговско-деловен центар во близина на бензинската
пумпа на „Илинденска“, веќе има добиено локациски услови за градба, исто
како и „Фешн груп“, кој ќе гради трговски центар во близина на салата
„Партизан“. Во тек е и постапката за издавање одобрение за градба на
израелската компанија „Глобал“, која на местото на поранешната фабрика
„Алумина“ ќе гради трговски центар. „Импексел“, пак, ќе инвестира во
шест станбени згради на местото на поранешните бараки на механизацијата
на „Гранит“.
„Годинава сигурно ќе почне изградбата на сите
објекти, што ќе обезбеди автоматски прилив на средства во буџетот од
комуналиите. Пресметавме дека по таа основа касата ќе ни се наполни за
речиси 15 милиони евра“, вели Јакимовски, кој планира парите од
комуналиите да ги реинвестира во изградба на неопходната инфраструктура
за локален развој. Сепак, дел од средствата Општината ќе треба да ги
пренамени и за изградба на нова општинска зграда.
„Речиси
принудно дел од парите ќе треба да ги искористиме и за оваа намена,
бидејќи, поради изградбата на бензинската пумпа, но и поради тоа што дел
од општинските бараки ќе бидат денационализирани, мора да планираме да
изградиме нов административен објект“, објаснува Јакимовски. За таа цел,
Општината веќе подготвува проект и работи на затворање на финансиската
конструкција. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2D84D6362448B149906BCEC07A7FED96
За приватни плацеви
невклопени во урбанистички планови се плаќало и по 30 евра за квадратен
метар, а државата со два огласа одвај успеа да продаде шест градежни
парцели со сите можности за легално градење, а со цена од само 10 евра
за квадрат
Крајбрежјето на езерото Козјак веќе ја доживува судбината на
некои други вештачки акумулации, како тиквешката. Неконтролирано и
бесплански се градат нови викенд-куќи, ги има повеќе од 50, главно
групирани во две населби, едната над селото Близанско, а другата во
близината на Близанскиот мост покрај патот за Здуње. Но тоа што е
различно кај оваа акумулација, за разлика од другите, е што слабо се
купуваат државните плацеви по само 10 евра за квадратен метар иако
властите овозможуваат легална градба. За разлика од тоа, пак, за
приватни земјишта на кои потоа би се градело без дозвола се плаќа и по
25-30 евра за квадрат. Интересот за градење, според раскажувањата на
локалните жители е голем, и покрај тоа што уште неколку години од Скопје
до овие населби ќе се патува по најмалку четири часа.
ИМА 540 ПЛАЦА
Милосим Војнески, градоначалникот на општината Македонски Брод, под која
потпадна езерскиот брег откако се укина локалната самоуправа во Самоков
во 2005 година, вели дека се направени детални урбанистички планови за
две викенд-населби покрај акумулацијата и една кај селото Белица, со
вкупно 540 плаца. Земјиштето на кое тие треба да се изградат е државно и
се продава преку Министерството за транспорт и врски.
Минатиот месец на оглас се нудеа осум плаца, со површини меѓу 300 и 500
квадратни метри, со почетна цена од само 10 евра за квадрат, но се
продадоа само пет. Тоа, всушност, беше повторување на понудата што
првпат се објави лани, кога се нудеа парцели за девет викендички, а се
продаде само една. Министерството сега ќе треба да распише нов оглас за
преостанатите три плаца, како и за сите други што се на располагање.
- Сега се во тек роковите за жалби, пред да се потпишат договори со
новите сопственици на овие градежни парцели. Тие ќе имаат рок од шест
месеци да обезбедат одобренија за градење, а потоа уште две години за да
ги изградат викенд-куќите - велат од Министерството.
УРИВАЊЕТО ПОЧНА И ЌЕ ПРОДОЛЖИ
Градоначалникот Војнески смета дека езерото, како најголема вештачка
акумулација во земјава, е главниот адут за развојот на неговата општина,
која е една од најсиромашните. Затоа порачува да се купуваат државните
плацеви.
- Има интерес за градење, пред сé, од скопјани за делот кај Здуње и
Близанско, а од прилепчани за Белица Но, граѓаните треба да си купат
земјишта со легални маркички за градба и да не ризикуваат, бидејќи ќе се
урива. Можат да дојдат до плац за само две-три илјади евра, а со тоа
што градат на диво ризикуваат да загубат 30-40 илјади евра кога ќе им ги
урнат објектите - вели Војнески.
Решенија за уривање се издадени за сите новоизградени викендички покрај
езерото. Досега се урнати само три, непосредно до Близанскиот мост, кои
беа изградени веднаш до брегот, односно со своите тераси влегуваа во
водата. Траги од ѓубре, градежен шут и полициски ленти со кои се
обезбедувал просторот за време на уривањето сé уште стојат на теренот.
Но тоа е единствениот знак за спроведување на редот во градењето во ова
место. Веднаш до урнатините има уште дваесетина новоградби, со понекој
скап џип или автомобил во беспрекорно уредените дворови, стокмени како
за на натпревар или како за сценографија на некој гламурозен холивудски
филм.
Општината Македонски Брод нема надлежности во областа на градежништвото.
Тие се одземени од државата, па сега сите постапки за регулирањето на
изградбата околу езерото ги води Државниот градежен инспекторат.
- Нашите активности ќе продолжат и во наредниот период. Целосно и
доследно ќе ги спроведуваме Законот за градење и другите законски
прописи што ја третираат бесправната градба - соопштуваат од
инспекторатот.
Патот што се гради уште долго ќе биде остров
Градежните
работници на „Бетон“ без застои ја градат патната делница од
Близански
мост до месноста Коломот, како дел од регионалниот пат што треба да
го
поврзе Скопје со поречкиот крај. Тоа е пат долг 8,4 километри и широк
шест метри, кој ќе има два асфалтни слоја, со вкупна дебелина од 13
сантиметри, со соодветни заштитни огради и подземни пропусти за
животни
на три места, за да не се наруши биодиверзитетот. Патот се пробива
низ
тежок карпест терен, со минирање, а се најавува дека главните работи
ќе
завршат веќе кон крајот на оваа година.
Но тој уште долго време
ќе биде делница што нема да поврзува ништо со друго ништо. Од Коломот
до Брезница, Скопско, допрва ќе се прави проект за тоа како да се
пробие пат низ шумскиот резерват Јасен, а од Близанско до Самоков
веќе
неколку години се патува по земјен пат, на некои места разјаден од
водите што се слеваат по ридот. Од Агенцијата за државни патишта
соопштија дека за оваа делница нема планови во програмата за
годинава.
Не Козјак, туку Поречко езеро
Само браната треба да се
вика Козјак, а акумулацијата да се именува како Поречко езеро. Ова е
едно од барањата на здружението „Порече“, кое е и иницијатор да се
направи директен пат од Скопје до овој крај.
- Езерото е долго
30 километри и речиси целото се наоѓа во поречкиот крај. Затоа е
несфатливо што се нарекува Козјак. Така се вика само местото каде што
е
браната. Треба да се преименува во Поречко езеро - вели Стојан
Стојчевски од ова здружение.
Ова барање било поддржано и од
општината Македонски Брод, чиј совет усвоил и таква одлука, а таа
потоа
се препратила до Владата.
ja postirav uste ednas ovaa vest oti ima malku podetalni inf..
За две-три
години овој дел од градот ќе се „збогати“ со неколку трговски центри,
станбени објекти, а инвеститори се „Газит глоуб“,
„Меркатор“, „Фешн груп“ и
„Импекс Л“
Луксузни трговски центри, хотели, станбени објекти, хипермаркети
се само дел од содржините кои четирите големи компании „Газит глоуб“,
„Меркатор“, „Импекс Л“ и „Фешн груп“ ќе ги изградат на подрачјето на
општината Карпош. Овие четири инвестиции ќе го наполнат општинскиот
буџет со над 13 милиони евра. Градоначалникот на општината Стевчо
Јакимовски вели дека со овие средства уплатени на име на комуналии, ќе
можат да се обноват многу училишта.
- Компанијата „Меркатор“
веќе доби локациски услови и изградбата на трговскиот центар ќе почне за
шест месеца. Овој трговски ќе се гради пред базенот „Младост“. Дел од
парите за комуналии ќе бидат за изградба на нова општинска зграда, а
останатите за реновирање на училиштата. Општинската зграда не очекувам
да нé чини повеќе од 1,5 милион евра - вели Јакимовски.
Според
проектите, израелската компанија „Газит глоуб“, преку своето
претставништво „Г Македонија“, во август ќе почне со изградбата на
објектите на местото на некогашната фабрика „Алумина“. Објектите ќе
бидат исклучиво од комерцијален карактер. Централен ќе биде хотелот
висок 105 метри, а ќе се изградат и трговски центар, зимски и летни
галерии, како и киносали. „Газит глоуб“ го купи земјиштето од 150.000
квадратни метри на јавно наддавање во 2007 година и за него плати 19
милиони евра. Компанијата планира на оваа локација да изгради и луксузен
комплекс „Џ-мол“ со паркинг за околу 2.500 возила.
На истата
локација, станбени објекти ќе гради фирмата „Импекс Л“. Земјиштето на
фабриката е поделено на два дела, кои меѓусебно ќе се разделат со нова
сервисна улица, која ќе ги поврзува улиците Прашка и Митрополит Теодосиј
Гологанов. Предвидени се шест згради со приземје, осум ката и покрив со
висина од 30 метри. За да не се создава проблем со паркирањето, секој
објект треба да има сопствена подземна гаража според бројот на
становите. Зградите ќе се одвојат со зеленило, а ќе се изгради и детско
игралиште.
На просторот меѓу булеварите Партизански одреди и
Илинден и улиците Љубљанска и Манапо, австриската фирма „Мен фешн“,
преку своето претставништво „Фешн груп“, гради голем трговски центар.
Центарот ќе има четири киносали, кугларница, фитнес-центри, ресторани за
брза храна, кафулиња, бутици, хипермаркет, како и деловни простории.
Објектот ќе биде на приземје и два ката, а паркирањето ќе се реши
странично и подземно, со капацитет за 2.000 возила. Предвидена е
изградба и на катна гаража, како и на повеќе станбени објекти од кои
еден ќе има 14 ката.
Словенечката компанија „Меркатор“, пак, ќе
гради трговско-забавен центар, сличен на оние во Загреб, Белград и во
Сараево, пред базенот „Младост“ до хелиодромот на парцела од 20.000
квадратни метри. Комплетната словенечка инвестиција ќе тежи околу 30
милиони евра. Овој дел од општината долги години не можеше да се среди,
бидејќи беше приватна сопственост, но сега делот од парцелата е откупен и
подготвен за урбанизација. Трговскиот центар ќе има две нивоа, со
хипермаркет, дуќани и паркинг. Компанијата веќе доби локациски услови и
за шест месеца треба да почне да го гради објектот.
ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште опственост
на Република Македонија по пат на јавно наддавање , кое се наоѓа во
Општина Аердром, наменето за изградба на деловни простории -
7.4.2010
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО
НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено
земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален
Урбанистички План “локалитет Мичурин –УЕ А ,донесен со општ акт одлука
бр.07-188/2 од 06.08.2008година, на општина Аеродром на кое е
предвидено да се изградат деловни простории. ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост
на Република Македонија, по пат на јавно наддавање, кое се наоѓа во
Општина Гевгелија , наменето за изградба на објекти за производство
,дистрибуција, и сервиси -
7.4.2010
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено
земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален
Урбанистички План за стопанска зона „Блокотехна„Негорци ,Одлука
бр.85-54/1 од 04.02.1993година наменето за изградба објекти со намена за
производство ,дистрибуција и сервиси .
ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште по пат на
јавно наддавање, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во
Општина Гази Баба, наменето за изградба на домување во станбени згради
А2,Б1 -
7.4.2010
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено
земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален
Урбанистички План “Маџари – Хиподром”, со одлука бр. 07-293/3 од
29.01.2008година ,на кое е предвидено да се изгради домување во станбени
згради –А2 ,Б1 опишани во табелата.
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2445
Министерството за транспорт и врски деновиве објави
тендер за изградба на висококатници и хотели во скопската општина
Аеродром, кои некои ги сметаат за најатрактивните локации во земјата,
како и во овој дел од Европа
Локацијата за изградба на двата хотели се наоѓа покрај
реката Вардар во Општина Аеродром, во чија околина треба да се градат
повеќе содржини, меѓу кои, забавен аква парк, сала за хокеј, тениски
игралишта и други атрактивни објекти. Локацијата се наоѓа на речиси пет
минути од строгиот центар на град Скопје. Локацијата на која е
предвидена изградба на висококатница се наоѓа на раскрсницата на двата
фреквентни булевари „Трета македонска бригада“ и „Србија“. Исто така,
Министерството за транспорт и врски објави и тендер за оттуѓување на
градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на јавно
наддавање, кое се наоѓа во населбата Мичурин во Општина Аеродром, што ќе
биде наменето за изградба на деловни простории. http://forum.com.mk/20857
ubav projekt no malku pari!straf mi e da ne bidi samo mackanje oci na graganite/(turistite)!?!!
НОВ ПРОЕКТ НА ВЛАДАТА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТУРИСТИ
1,5 милион евра за пешачки патеки околу езерата
Проектот го најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и ќе се реализира во 4 фази, но министерот не прецизираше точно за колку време ќе се изградат патеките околу езерата
Сите езера во Македонија, и природни и вештачки, ќе добијат пешачки патеки, осветление и клупи, со најновиот владин проект, кој државата за три години ќе ја чини 1,5 милион евра. Проектот, кој ќе се реализира во 4 фази, вчера на прес-конференција го најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, но и покрај тоа што веќе е распишан јавен повик, не прецизираше точно за колку време ќе се изградат патеките околу езерата. "Први патеки ќе добијат Дојранското Езеро, езерото Младост, Мавровското Езеро и Езерото во Крушево. На тој начин ќе се зголеми интересот за посета на домашните и на странските туристи, што значи и подобрување на условите за зголемување на туристичката дејност, што ќе влијае позитивно врз целокупното подобрување на економската слика на Македонија", рече вчера Јанакиески. Пшачката патека околу Дојранското Езеро ќе биде долга 3,5 километри и широка шест метри, а кај езерото Младост во Велес 5,7 километри и широка два метра. Патеката кај Мавровското Езеро во Општина Маврово -Ростуше треба да биде два километра долга и два метра широка, а кај Габеловото Езеро во Крушево ќе се гради со должина од еден километар и широчина од 2,5 метри. Во втора фаза ќе се уредуваат крајбрежјата на Дебарското Езеро, Беровското и Прилепското Езеро. Третата фаза го опфаќа уредувањето на крајбрежјата на Охридското Езеро, Преспанското и Глобочичкото Езеро, и во четвртата фаза се предвидува да се уредуваат крајбрежјата на Тиквешко Езеро, езерото Водоча, езерото Мантово, Турија, Калиманци, езерото Матка, Треска, Градче, езерото Паљурци, Липковското Езеро, Козјак и на езерото Мавровица. (И.С.)
Да убава вест, пред неколку дена ја имаше само сме пропуштиле да ја постираме.
Вакво нешто навистина добро ќе дојде, можеби на Дојранското езеро и не е толку ургентно но верувам дека ќе легне супер на Мавровското езеро па и на езерото Младост. На Крушевското не сум бил.
Она што веројатно ќе ме разочара е изработката. Претпостауввам дека ќе никнат нови павер патеки со класичните придружни елементи. Навистина би било жално во еден национален парк како Маврово да не се направи една патека која ќе се вклопува во амбиентот и ќе се претопува со природата.
1. Бледско езеро. Патеката е бетонска ако не се лажам но беспрекорното хортикултурно уредување околу го прави искуството прекрасно. Соодветно за Дојран и Младост каде има поголема широчина на бреговите.
2. Текот на реката Рајна. Одлично решение на мал простор. Соодветно за Маврово со оглед на тоа дека теренот е доста стрм на поголемиот дел од езерото. 3. Плитвички езера. Вакви патеки може да послужат за премостување на помали водни текови кои се влеваат во езерата.
Ваквите патеки убаво се вклопуваат и низ делови во шума. На езера како Мавровското патеката би ја насочувал низ "шумести предели" на одредени делови со што патеката би станала и поинтересна а и убаво би се камуфлирало повлеченото езеро, под услов патеката да се насочува така токму во деловите као падот на теренот е благ и каде повлеченото езеро најмногу доаѓа до израз.
На плитвичките езера поголемиот дел патеки се добро натабана земја која многу убаво се вклопува во амбиентот.
Познати се имињата ама во текстот не ги кажуваат,само во видеото,ако некој го мрзи да го гледа,а го интересира:,Марко Цепенков,Блаже Конески,Стале Попов,Круме Кепески,Пеце Атанасоски,Атанас Бадев,Борко Азески,Ѓорѓи Ачески,Илија Џувалекоски,Дарко Дамески,Илија Милчин,Нада Гешоска...
Откриени имиња на заслужни прилепчани кои ќе се најдат на Улицата на славните
11.04.2010 - 17:04 | Македонија
Познати се имињата на првите неколкумина заслужни прилепчани кои ќе си најдат свое место на таканаречената „Улица на славните“, која интензивно се гради во строгиот центар на Прилеп, како дел од комплексниот проект “Арт плоштад”.
Советот на општината, на последната седница, беше едногласен во одлуката за обезбедување на 55 места за личностите кои потекнуваат од градот, а со својата дејност оставиле длабока трага врз историјата на Македонија.
Арт плоштадот, како единствен од ваков вид во државава, веќе подолго време се гради пред Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Истиот ќе се простира на површина од 2.000 метри квадратни и ќе чини околу 3 милиони денари.
Арт плоштадот претставува втора фаза од комплетниот проект, а со третата, која ќе се рализира годинава, ќе се изгради “пирамида” и т.н. “водена завеса”.
Целиот плоштад ќе се простира на вкупна површина од 5.000 метри квадратни.
10-11.04.2010) ОБЈАВА за оттуѓување на градежно
неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на
јавно наддавање кое се наоѓа на територијата на општина Струмица со
намена за изградба на производство ,дистрибуција и сервиси Г2;Г4
лесна индустрија стоваришта -
12.4.2010
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО
НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено
земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со
Урбанистички План вон населено место Водоча м.в.Тилци донесен со одлука
бр.07-2931/1 од 15.05.2009година КО Водоча на Општина Струмица со
намена за изградба на изградба на производство ,дистрибуција и сервиси
Г2 лесна индустрија и стоваришта.
(10-11.04.2010) ОБЈАВА за оттуѓување на градежно
неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на
јавно наддавање кое се наоѓа на територијата на
општина Кисела Вода со намена за времено сместување ,мал сместувачки
капацитет за спортисти со придружни објекти,ресторански
дел и тераси,паркинг простор за посетители –А4 -
12.4.2010
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено
земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со
Урбанистички План за вон населено место Туристички комплекс “Три круши
„донесен со одлука на општина Кисела Вода 07-3020/5 од 20.03.2008 со
намена за изградба на изградба на времено сместување ,мал сместувачки
капацитет за спортисти со придружни објекти,ресторански дел и тераси
паркинг простор за посетители.
(10-11.04.2010)ОБЈАВА за оттуѓување на градежно
неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на
јавно наддавање кое се наоѓа на територијата на
општина Кисела Вода со намена за мали комерцијални и деловни дејности
-
12.4.2010
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО
НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено
земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со
Урбанистички План за вон населено место Туристички комплекс “Три Круши „
за КО Драчево донесен со одлука на општина Кисела Вода 07-3020/5 од
20.03.2008 со намена за изградба на изградба на мали комерцијални и
деловни дејности.Вкупната површина на гардежната парцела предмет на
јавното наддавање е 3500м2.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum