build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 46>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 14-Apr-2010 at 11:04

Градските власти распишаа конкурс за избор на идејно решение за реконструкција на фасадите на зградите околу плоштадот „Македонија“, кои согласно проектот „Скопје 2014“ треба да се добијат барокен лик. Зградата над ресторанот „Пелистер“ е првата за која е распишан конкурс за нова фасада. Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија велат дека не добиле никаква покана за учество на овој конкурс

 
 
%20  
Во конкурсот е наведено дека трудовите треба да се достават најдоцна до 14 мај, годинава. Наградниот фонд за одбраните трудови на конкурсот е 120.000 денари, од кои 90 илјади се за првонаградениот, а по 15 илјади за откуп на два труда.

На презентирањето на визуализацијата на проектот „Скопје 2014“, од градот кажаа дека реновирањето би требало да почне идната година.

Станарите кои живеат во зградата над „Пелистер“ велат дека е добро што таа ќе се разубави, и тоа без пари. Иако на почетокот кога се бараше нивна согласност за зафатот, се шпекулираше дека и тие ќе треба да партиципираат во новата фасада.

- На состанокот со градските татковци ни кажаа дека ќе ги земат предвид сите наши забелешки околу идејното решение што ќе биде презентирано. Ако не беше овој проект, ние сами ќе требаше да плаќаме за реконструкцијата на фасадите. Овој зафат, освен од естетски пристап е потребен затоа што фасадите се веќе уништени и при најмало врнење дожд ни прокапува во домовите. Добро е што излезе оваа можност, затоа што парите што ги планиравме за поправка на фасадата сега ќе може да ги пренамениме за нешто друго - изјавија од куќниот совет на зградата.




Темели и за новата зграда на МНР

Новата зграда на Министерството за надворешни работи вчера почна да се гради на левиот брег на реката Вардар, меѓу објектите на МОБ и новата градба за Уставниот суд. Објектот ќе зафаќа површина од 13.500 квадратни метри, со две подземни нивоа, седум ката и рамна тераса. Проектот се работи по идејното решение на струшките архитекти Благоја и Лидија Стојановски, а се предвидува зградата да биде готова за 18 месеци. Изградбата на објектот чини 830 милиони денари.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=414101038167&id=14&prilog=0&setIzdanie=21958
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 14-Apr-2010 at 11:47
Originally posted by axel

Градските власти распишаа конкурс за избор на идејно решение за реконструкција на фасадите на зградите околу плоштадот „Македонија“, кои согласно проектот „Скопје 2014“ треба да се добијат барокен лик. Зградата над ресторанот „Пелистер“ е првата за која е распишан конкурс за нова фасада. Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија велат дека не добиле никаква покана за учество на овој конкурс  
 
%20  
Во конкурсот е наведено дека трудовите треба да се достават најдоцна до 14 мај, годинава. Наградниот фонд за одбраните трудови на конкурсот е 120.000 денари, од кои 90 илјади се за првонаградениот, а по 15 илјади за откуп на два труда.

На презентирањето на визуализацијата на проектот „Скопје 2014“, од градот кажаа дека реновирањето би требало да почне идната година.


Станарите кои живеат во зградата над „Пелистер“ велат дека е добро што таа ќе се разубави, и тоа без пари. Иако на почетокот кога се бараше нивна согласност за зафатот, се шпекулираше дека и тие ќе треба да партиципираат во новата фасада.


- На состанокот со градските татковци ни кажаа дека ќе ги земат предвид сите наши забелешки околу идејното решение што ќе биде презентирано. Ако не беше овој проект, ние сами ќе требаше да плаќаме за реконструкцијата на фасадите. Овој зафат, освен од естетски пристап е потребен затоа што фасадите се веќе уништени и при најмало врнење дожд ни прокапува во домовите. Добро е што излезе оваа можност, затоа што парите што ги планиравме за поправка на фасадата сега ќе може да ги пренамениме за нешто друго - изјавија од куќниот совет на зградата.





Темели и за новата зграда на МНР

Новата зграда на Министерството за надворешни работи вчера почна да се гради на левиот брег на реката Вардар, меѓу објектите на МОБ и новата градба за Уставниот суд. Објектот ќе зафаќа површина од 13.500 квадратни метри, со две подземни нивоа, седум ката и рамна тераса. Проектот се работи по идејното решение на струшките архитекти Благоја и Лидија Стојановски, а се предвидува зградата да биде готова за 18 месеци. Изградбата на објектот чини 830 милиони денари.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=414101038167&id=14&prilog=0&setIzdanie=21958


Ауу браво за изјавава на куќниот совет
Applause Стварно не знам што треба да се деси, за да ти прокапува од фасада (вертикален ѕид) додека врне?! А баш фасадите на зградите од тој блок се правени од прилично трајни и водоотпорни материјали (керамика и обработки од мермер) можда некој треба да ги потсети старите скопјани да затвараат прозор кога врне....

Ајде честито барокни фасади! Се надевам дека ќе не стегне и некоја чума, заради автентичност....
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 14-Apr-2010 at 23:50

Урбанизација на Тумбе-кафе

БИТОЛА - Локалната власт во Битола најавува дека оваа пролет ќе почне со уредување и дотерување на рекреативната зона Тумбе-кафе. За тоа има услови, бидејќи е донесен Деталниот урбанистички план за овој дел од градот. Со децении легендарното Тубе-кафе е запуштено и претставува срам за Битола. „Со право битолчани бараат да се инвестира во инфраструктурата на Тумбе кафе. Ќе се обнови трим-патеката“, најави Владимир Талески, градоначалник на Битола. Доколку се врати сјајот на едно од најпосетените места, тогаш пешачката зона од старата чаршија преку Широк сокак и градското шеталиште ќе продолжи до зоолошката градина и античкиот град Хераклеа Линкестис.

За новиот лик на Тумбе-кафе досега се изработени голем број проекти што се' уште стојат во фиока и чекаат подобри времиња. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FCCCD908C108964F85BDEEECFA8354C7
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 15-Apr-2010 at 23:58
@architechtone и да беше изјавата вистинита, не гледам како овој проект е потребен за да се спречи прокиснување, најверојатно не слушнале за реновација и засилување Ohno

и да не видам рендер, знам како ќе заврши ова доколку се оствари, овие згради немаат ни б од барок, имаат целосно друга структура на фасадата и не можам да замислам како ќе го изведат сетот тоа, очекувам да биде изведено на крајно неозбилен начин

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 16-Apr-2010 at 12:25
НА МЕС­ТО­ТО НА ОП­ШТИН­СКИ­ТЕ БА­РА­КИ

Ки­се­ла Во­да ќе гра­ди плош­тад

Иде­ја­та за уре­ду­ва­ње на Оп­шти­на­та со ед­но вак­во мес­то е ре­зул­тат на пот­ре­ба­та на жи­те­ли­те да има­ат ло­ка­ци­ја за прос­ла­ва на бит­ни праз­ни­ци и нас­та­ни

Оп­шти­на Ки­се­ла Во­да ќе гра­ди плош­тад. Ло­ка­ци­ја­та на ко­ја се­га се на­о­ѓа дел од оп­штин­ски­те ба­ра­ки е за­мис­ле­на ка­ко нај­по­год­на за из­град­ба на пр­во­то цен­трал­но пла­то за гра­ѓа­ни­те во оваа на­сел­ба.
Из­гле­дот на плош­та­дот ќе се ут­вр­ди со про­ект кој, спо­ред нај­а­ви­те на оп­шти­на­ри­те, е во фа­за на под­го­тов­ка.
Иде­ја­та за уре­ду­ва­ње на на­сел­ба­та со ед­но вак­во мес­то е ре­зул­тат на пот­ре­ба­та на та­мош­ни­те жи­те­ли да има­ат ед­на цен­трал­на ло­ка­ци­ја за прос­ла­ва и оз­на­чу­ва­ње на бит­ни праз­ни­ци и нас­та­ни во Ки­се­ла Во­да.
2012 го­ди­на е нај­а­ве­на ка­ко кра­ен рок за ре­а­ли­за­ци­ја на овој про­ект.
"На на­ши­те гра­ѓа­ни им тре­ба ед­но вак­во мес­то, и ние тоа пла­ни­ра­ме да им го овоз­мо­жи­ме во нај­ско­ро вре­ме. Ко­га ќе би­де го­тов про­ек­тот, ќе ги дис­ло­ци­ра­ме из­бра­ни­те ба­ра­ки, и на нив­но мес­то ќе го из­гра­ди­ме плош­та­дот", нај­а­ви­ја од Ки­се­ла Во­да. (М.Ѓ.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=66D6B2EFFEFC3F4A98DAB2FE27E6ECB2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 17-Apr-2010 at 10:37

 

 

 

 

     

Луксузниот комплекс Зајчев Рид заглави во приватна сопственост


Зад објектот на Управата за хидрометеоролошки работи треба да никне нова елитна населба со високорезиденцијални домови со пространи дворови, амфитеатар, два плоштада, хотел и многу други содржини

 
 
%20  
И покрај што деталниот урбанистички план за луксузниот комплекс на Зајчев Рид е усвоен уште во ноември 2008 година, сепак неговата изградба заглави во процесот на отуѓување на земјиштето. Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за транспорт и врски, вели дека по решавањето на постапката за имотноправните работи, Министерството ќе распише објава за учество во јавно наддавање за отуѓување на земјиштето.

- За локацијата Зајчев Рид е усвоен детален урбанистички план, а градската управа и општината Карпош треба да ја изградат неопходната инфраструктура. Но проблем се појави со тоа што само мал дел од земјиштето е во државна сопственост. Откако ќе заврши имотноправната постапка, ќе може да се распише оглас за јавно наддавање за изградба на предвидените објекти - вели Симоновски.

Од градската управа велат дека кога ќе се заврши целата процедура за земјиштето ќе ги преземат своите обврски.

- Засега не може ништо да направиме. Деталниот план е донесен, но тоа што земјиштето не е во државна сопственост е проблем за да почне изградбата на водоводната и канализациската мрежа, како и пробивањето на нови улици - велат од градската управа.

Луксузниот комплекс ќе содржи високорезиденцијални домови со пространи дворови, два плоштада, амфитеатар, радио-телевизиски центар, бензинска станица, автосалони, спортски објекти, црква, поликлиника, хотели, училишта, улици со монтажни тротоари, како и конгресен центар. Новата населба треба да се гради на површина од 150 хектари, на која ќе се влегува од четири места. Преку клучката кај Момин Поток, од надвозникот од патот кон Качаник, по булеварот Словенија, како и од потегот што води кон населбата Бардовци. Во планот се вцртани вкупно 103 градежни парцели, од кои блоковите за домување ќе бидат згради со осум ката и потпокрив, во кои ќе бидат сместени 4.000 стана. Покрај зградите, предвидена е и изградба на куќи. Тротоарите ќе бидат монтажни со бетонски делови, кои по потреба ќе може да се демонтираат. Со вакви тротоари ќе се реши проблемот со честите прекопувања и оштетувања на улиците. За децата се предвидени две основни училишта, од кое едното ќе биде за странските дипломати и градинка. На највисоката точка на Зајчев Рид, која се наоѓа на надморска височина од 320 метри, ќе се постави резервоар за вода, за потребите на месното население. Пешачката патека ќе води до амфитеатарот, од каде што ќе се гледа локалитетот Скупи. Во новата населба ќе можат да живеат од 24.000 до 28.000 жители.

Идејата за урбанизација на овој дел на Скопје се роди пред три-четири години, кога германска фирма пројави интерес да инвестира во станбена населба во овој дел на градот.

Оваа парцела во генералниот урбанистички план е предвидена за станбена зона уште во 1920 година, а деталниот план е донесен по 88 години, односно во 2008 година.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41610163436&id=14&setIzdanie=21961
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 18-Apr-2010 at 10:09
eve den proekt od ohrid
dali ke se realizira ne znam posto e uste od 2008
 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 19-Apr-2010 at 12:38

За нецели три месеца распишани 70 тендера


Градот Скопје, заедно со скопските општини и јавните претпријатија распишале дури 70 тендера, а дел од нив се повторуваат по три или четири пати

 
 
%20  
За неполни три месеца на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки се објавени серија огласи, тендери и тендерски документации, поврзани со планираните инвестиции во главниот град. Најголемиот дел од нив се од скопските општини и јавните претпријатија. Првото место со најмногу огласи за јавни набавки го држи градот Скопје, кој за нешто повеќе од два месеца објави дури 14 тендера. Главно тендерите се за поситни набавки за потребите на градот и на јавните претпријатија. Од покрупните е огласот за изработка на идејни решенија за фасадите на зградите во центарот, за плажата на кејот на Вардар, како и за изработка на идејно решение за оградата на мостот „Гоце Делчев“. Еден од најинтересните огласи на градот, пак, е оној за набавка на рустични клупи и корпи за отпадоци. Од скопските општини најмногу огласи објавила Гази Баба, дури шест. Сите се за избор на фирми за санација на улици и локални патишта, освен оној за лиење на коњаникот за плоштадот во Автокоманда. На второ место е Аеродром, со четири тендера за набавка на канцелариски материјал, избор на фирма за печатење на весници и флаери и избор на фирма за лиење на споменикот на Јане Сандански. Општините Чаир и Ѓорче Петров имаат по два објавени тендера, а Карпош, Кисела Вода и Центар по еден.

%20Секако, тука не може да се изостави фактот дека голем дел од општините воопшто и не ги објавуваат тендерите и огласите на страницата за јавни набавки. Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар уште пред еден месец вети дека сите договори за набавка и лиење на спомениците предвидени со проектот „Скопје 2014“, најдоцна за една недела ќе бидат поставени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, но од договорите се уште ни трага, ни глас. Од општината велат дека документите сé уште не се подготвени, иако некои постапки се завршени и повеќе од цела година.

- Нашите служби ги поставуваат документите и тие во најкус можен рок ќе се достават до Бирото за јавни набавки - кажа Јовица Ацковски, портпарол на општината.

Од јавните претпријатија со девет тендера води „Водовод и канализација“, а потоа следи „Улици и патишта“ со шест. Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор распиша четири јавни набавки, од кои две се за катните гаражи во Малиот и Големиот ринг. Министерството за култура објави три огласа за набавка на мебел за Стариот театар и за Музејскиот комплекс на македонската борба. Министерството за транспорт и врски објави два тендера, кои се однесуваат на градот. Едниот е за набавка на 16 минибуса, а другиот за идејно решение за надградба на објектот, во кој е сместено Министерството.

За подигнување на тендерската документација, заинтересираните фирми мораат да платат одредена сума, која е неповратна. Цената на тендерската документација зависи од големината и од обемот на нарачката. На пример, за тендерот за рустични клупи и корпи, тендерската документација чини 500 денари, додека документацијата за набавка, инсталирање и одржување на системот за електронска наплата во автобусите на ЈСП е 1.500 денари. Овие средства се трошат за исплаќање на набавките, а не за плати, комуналии и слични давачки.



Јавно наддавање на земјиштето за аква-паркот во Аеродром

Министерството за транспорт и врски објави дека на 23 април годинава ќе се одржи јавното наддавање за двете парцели покрај кејот на реката Вардар во општината Аеродром, каде што ќе се гради аква-паркот и другите спортско-рекреативни содржини. Драган Симоновски, портпаролот на Министерството вели дека почетната цена за еден квадратен метар изнесува 1.900 денари.

- На две парцели треба да се изгради спортско-рекреативен центар, во чиј склоп е предвидено да има и аква-парк. Едната парцела е 25.260, а другата 6.885 квадратни метри - додаде тој.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=419101044111&id=14&prilog=0&setIzdanie=21962
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 19-Apr-2010 at 14:13
НА ЈАВЕН ОГЛАС
Се продава земјиште во локалитетот „Три круши“ По повеќе од две години откако беше најавен, туристичко-рекреативниот центар „Три круши“ деновиве повторно е актуелен, со огласот што го распиша Министерството за транспорт и за врски за продажба на земјиште во рамките на локалитетот. По почетна цена од 4.800 денари за еден квадратен метар, ќе се продава површина од 3.500 квадратни метри, наменета за мали комерцијални дејности. По истата цена, Министерството ќе ја понуди и парцелата од 5.000 квадратни метри, за мал сместувачки капацитет за спортисти, со придружни објекти, ресторан и тераси и паркинг-простор за посетители. Во општина Кисела Вода, која го донесе деталниот план за туристичкиот комплекс „Три круши“, надвор од населеното место Драчево, велат дека сите содржини се групирани во три блока. - Генерално, тоа се мали комерцијални единици, отворени и затворени спортски терени и објекти, спомен-обележје и црква, хотелски комплекс и парк-шума. Конкретно, ќе се градат продавници за сувенири и за рекламен комерцијален материјал, како и за продажба на рачни ракотворби и за други производи. Во рамките на зеленилото се предвидени паркови, шуми, градини, ботанички бавчи... Спортскиот комплекс ќе има хотел, мали комерцијални и деловни дејности во своја служба, работни канцеларии, ВИП-простории, гардероби, кафулиња, слаткарници и“8211; вели Марјан Спасески, портпаролот во општината. Досега во локалитетот се изградени спомен-обележје, крст, црква и плато со подиум за претстави на отворено и простор за престој и за собир на граѓани. Од Општината и од донатори се поставени клупи, маси за одмор и за забава, изградени се пристапни патеки и е уредено зеленилото. Локалитет со патека е поврзан и со манастирскиот комплекс „Пеленица“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1999&ArticleID=138818
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 27-Apr-2010 at 11:03
СО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ ВО РЕГУЛАТИВАТА
Владата си прави закон за грабеж на приватно земјиште

Ана Анастасовска

Предложените измени на Законот за денационализација се неуставни и го нарушуваат едно од основните права на човекот, правото на сопственост, се согласуваат стручњаците. Законските измени и одат в прилог на државата, но не и на граѓаните. Со нив државата лесно ќе може да откупува приватни имоти и тоа за малку пари што граѓаните ќе ги стави во подредена позиција. Според досегашниот закон, имот што е во процедура на денационализација не смее да се употребува на ниту еден начин се додека не се реши случајот. Новото решение предвидува имотот што е во постапка на денационализација да се користи ако на него нема правни или фактички пречки или ако државата оцени дека тој имот е потребен за на него да се изгради објект од општ интерес.
Измените во Законот се однесуваат на тие што поднеле барање за денационализација по 7 мај 2003 година. Но, тие предвидуваат и нешто друго. Имено, второстепената владина комисија, која ја донесува конечната одлука, може да го врати предметот на повторно разгледување и потоа за него да важи новиот Закон.
- Ова е противуставно со оглед на тоа дека ги доведува во нерамноправна положба барателите за денационализација. Имено, ако некој поднел барање за денационализација пред 7 мај 2003 година и ако, не по негова вина, што е најчест случај, предметот не е решен, државата може да располага со неговиот имот. Таков е случајот со маркетот „Веро“, каде што државата продаде земјиште за 32.600 денари за еден квадратен метар, а на барателите им исплати само по 2.000 денари за еден квадратен метар. Всушност, со ова се легализираат ваквите постапки – смета стручњакот за денационализација Кимо Чавдар.
Според него, противуставно е и тоа што самиот закон има ретроактивно дејство, односно се враќа назад и дејствува на барања што се поднесени пред донесување на измените.
Висината на надоместот што барателите на денационализација го добиваат од државата е утврдена уште во 2000 година од страна на тогашната влада на премиерот Љубчо Георгиевски. Според уредбата, вредноста на одземените станбени згради и станови што постојат и што не постојат, се проценува според градежната вредност на овој имот на денот на одземањето зголемена за локациската погодност на денот на процената. Во однос на градежното земјиште, надоместот за еден квадратен метар зависи од конкретни општини при што најголемиот распон, во зависност од зоната, се движи од 350 до 2.000 денари во Скопје, Битола, Тетово, Охрид... Во другите општини тој е помал.
Така, на пример, за атрактивно земјиште во строгиот центар на Скопје, може да добиете отштета од минимум 2.000 денари од еден квадратен метар, а реално истото земјиште, преку јавно наддавање, може да достигне цена и од 30.000 денари за еден квадратен метар. Тоа е причината поради која многу граѓани што водат постапка за денационализација се разочарани од исплатите, не се моќни да си ги вратат имотите и се принудени да ги продаваат за ниска цена.
- На луѓето им се плаче кога ќе добијат конечни судски одлуки со ваков износ. Но, немоќни се да направат нешто. Во секој случај, има големо незадоволство - коментираат правните застапници во случаите за денационализација.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=2006&ArticleID=139478
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 27-Apr-2010 at 18:58
ja postirav vesta zaradi agro berzata

Холандски инвеститори ќе градат во Кочани Кочани, 27 април - По неколкудневната посета на неколку центри во Холандија, можеме со сигурност да кажеме дека десетина холандски инвеститори се заинтересирани да инвестираат во кочанското земјоделство и во уште неколку градови во Македонија. Ова на денешната прес-конференција го истакна градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски, кој ја предводеше делегацијата на македонски стопанственици во Холандија.

Димитровски најави дека од септември во Кочани ќе започне да работи Агро берзата наменета за холандските компании чиј носител е холандската фирма Го–фор Агрија, со која општина Кочани потпиша договор за соработка.

Општина Кочани на оваа компанија и определи и урабнизира простор за изфрадба на Агро берзата.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1995
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 29-Apr-2010 at 11:46
Општината Центар се пишмани и пак ќе ја издава руината наречена „Езерце“

Кога Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар го раскина договорот со поранешниот закупец на ресторанот, најави дека со општината со сопствени пари ќе го реставрира „Езерце“



Реставрирањето на ресторанот „Езерце“ ќе ја чини општината Центар многу пари. Од тие причини општинарите се пишманија и одлучија да распишат тендер, на кој ќе се избере фирма и за реновирање, но и за стопанисување со ова некогаш култно градско ресторанче, а денес руина, која патем е објект под заштита на државата како културно наследство. Како превентивна мерка за да не дозволат и новиот закупец да си го обликува ресторанот како што сака во тендерската документација ќе биде строго пропишано кои се неговите димензии и до каде смее тој да се надградува и доградува.

- Убаво ќе размислиме и ќе најдеме начин со кој нема да се дозволи да ни се случи она што ни се случи со фирмата „Вени види вици“, која освен што направи дивоградба на ресторанот, не плаќаше ниту закупнина. Мислам дека ќе испадне добро ако заедно со тендерската документација даваме и примерок од тоа како треба да се изгради ресторанот. Тоа би можело да нé заштити за да не се повтори истата грешка - објасни градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ.

Иако договорот е раскинат повеќе од два месеца, а една од причините за раскинувањето е нередовното плаќање на месечната закупнина, од општината сé уште не сакаат да кажат колку пари им должи претходниот кираџија. Советниците од советничката група на СДСМ веќе неколку пати на седници одредени за советнички прашања прашуваат колку пари на општината и должи сопственикот на фирмата „Вени види вици“. Но одговор сé уште нема, оти велат градоначалникот сакал писмено да одговори.

Управата на општината Центар, 2008 година под закуп го даде ресторанот „Езерце“ на фирмата „Вени види вици“ за месечен надоместок од 10.000 евра, а договорот го раскина пред неколку месеца поради доградба на покривот на ресторанот и нередовното плаќање кирија
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 03-May-2010 at 18:39

Ќе се гради ли ски Центар на Орлови бари?

03 мај 2010, 19:04
Извор: Макфакс
Битола

Луксузен, модерен и по современи стандарди ски центар со жичарници, ќе се градел на месноста Орлови бари од извесен заинтересиран инвеститор.

Ваква информација кружи низ Битола, па за дознаеме дали информацијата е точна и дали битолчани конечно ќе си го задоволат апетитот за зимско рекреативни активности, побаравме одговор од Националниот парк Пелистер.

„ До нас написмено официјално ништо се нема доставено од типот да се јави некој инвеститор.“- вели Пеце Цветановски портпарол Националниот парк Пелистер.

Познат инвеститор немало, но месноста Орлови бари бил поволен терен за изградба на оваа замисла, но можностите за реализација, подлежат на дополнителна бариера, оваа локација спаѓа во строго заштитена зона на Националниот парк Пелистер.

„ Направена е студија од страна на ЈП Стрежево во 60тите од старана на Словенци но ние немаме средства за реализација.“ -вели Пеце Цветановски портпарол Националниот парк Пелистер.

Приказната за инвеститорот продолжува со што дозволата за градба на фамозниот ски центар ќе се обезбедела, ако во пакет ги земе веќе постоечките жичарници заедно со бараките кои гравитираат таму.

„ На оваа тема повеќе неможам да одговарам од причина што инвеститорот сеуште не се пријавил, така да ако има нешто тогаш би се простудирало и би се донеле одредени одлуки.“-вели Пеце Цветановски портпарол Националниот парк Пелистер.

За да се заживее ова туристичка атракција и да се привлечат инвеститори, потешкотии прави процесот на урбанизација кој трае и по три години, а се потребни многу средства кои Националниот парк ги немал оти не биле профитабилна Установа, ниту пак Државата ги финансирала.

Стратегија за да ги понудат своите терени за развој на овој вид туризам немаат, што потврдувало, дека таков инвеститор со понуда за ски центар од соништата, сеуште  нема, а прашање било и дали ќе се појави.

http://www.makfax.com.mk/#106475;jsessionid=ABED079D8DF795AB8081FD3B051A5D08
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 11-May-2010 at 00:53

Ќе стане ли Шара национален парк

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Долгогодишната иницијатива Шар Планина да биде прогласена за национален парк со што би се заштитила од уништување и загадување никако да се реализира. Надлежните државни институции и Општина Тетово не преземаат конкретни мерки за реализација на оваа убава идеја.

Поради негрижата, Шара, една од најубавите планини во земјата, е оставена на стихијни процеси. Таму главниот збор го имаат уништувачите на природата. Незаштитената природа е царство за диви дрвосечачи. Тие неплански градат земјени патишта кои потоа ги користат за сечење на здравите стебла. Непроценливи штети има и на новоподигнатите шуми. Секојдневно никнуваат станбени и викенд-куќи кои немаат ништо заедничко со урбанизацијата.

Зошто е важно Шар Планина да стане национален парк? Затоа што би се заштитило огромното природно богатство. Според научните истражувања, на Шара се регистрирани над 2.000 вида растенија од кои најмалку 200 се ендемични. Природата воопшто не штедела, па таму можат да се најдат ретки овошја, јагоди, боровинки, смрекинки, но и многу видови растенија од кои се подготвуваат чаеви. Има богат животински свет меѓу кој и ретки примероци дивокози. На Шар Планина има 40-ина поголеми или помали планински езера.

На македонскиот дел од Шар Планина има 48.500 хектари високопланински површини. Во подножјето се Тетово и четири рурални општини - Јегуновце, Теарце, Боговиње и Врапчиште, а по падините се распрснати 15-ина села со над 20.000 жители. Петте општини треба да пројават интерес за прогласување на Шар Планина за национален парк што треба да се искоординира со Министерството за животна средина. Уште понагласен треба да биде притисокот од жителите на планинските села. Но, тие се воздржуваат од изјаснување затоа што стравуваат од ограничување на можностите за обработка на имотите или за одгледување на добитокот. Дури сметаат дека е подобро Шар Планина треба да стане парк на природата.

„Национален парк значи високо второ место во заштитата, а парк на природата обезбедува мерки за заштита под четврта категорија“, појаснуваат од Министерството за животна средина.

Причина повеќе Шапка да стане национален парк е тоа што ќе се надоврзе на оној од соседната, косовската страна, кој веќе е прогласен за национален парк. Така, Попова Шапка би претставувала еден од најголемите национални паркови во Европа. Оваа целина природно се надоврзува со мавровскиот национален парк, што се' заедно ја оформува најголемата заштитена зона не само во Македонија, туку и пошироко.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=573F7A61AF98FA4BB6D243B687E72AEC


Edited by La Linea - 11-May-2010 at 01:23
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 20-May-2010 at 14:35
Урната кафеана за да се гради зграда

Багери и градежна механизација вчера околу три-четири часа ја блокираа улица Железничка, оти се уриваше гостилница. На потегот кај Мала станица, на задниот влез за во Државна болница, два багера буквално со земја го срамнија времениот објект. Во придружба на полиција, работниците уриваа и истовремено работеа на расчистување на теренот околу кафената.
Според кажувањето на работниците, рушењето било поради најавата дека на ова место ќе се гради нов објект, но не знаеја што точно ќе никне на аголот од крстосницата на улица Железничка, веднаш зад задниот влез на Болницата.
Од Општина Центар објаснуваат дека "рушењето на објектот се одвивало на барање на Министерството за транспорт и врски заради дооформување на градежна парцела, оти гостилницата 'Кај Бале', всушност, била од времен карактер".
Од Министерството за транспорт и врски кусо објаснуваат дека се руши за да се комплетира градежната парцела, без да прецизираат што ќе се гради на неа. Неофицијално се зборува дека на ова место наскоро треба да почне да се гради нова модерна станбена зграда.

http://vest.com.mk/?ItemID=20BEE33F4CCB0B4F9D0A50E4834FC7C8


Edited by lslcrew - 20-May-2010 at 18:28
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 20-May-2010 at 19:37
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 20-May-2010 at 19:42
Од Општина Центар објаснуваат дека "рушењето на објектот се одвивало на барање на Министерството за транспорт и врски заради дооформување на градежна парцела, оти гостилницата 'Кај Бале', всушност, била од времен карактер".
http://vest.com.mk/?ItemID=20BEE33F4CCB0B4F9D0A50E4834FC7C8


Мене многу ме збунува ова комплетирање на градежна маркица. Го срушија објектот што порано беше Tree Caffe кафулето, а до него ова од десно што беше кафана некоја не го дирнаа. Или може би е следно на ред. Уште пред половина година имам регистрирано активности на овој објект што не дирнат. (http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=51349#51349) Затоа и ме зачуди какво комплетирање на маркица се одвива. Тешко дека ќе најдеме дуп од оваа локација да ни се разјаснат работите.


Edited by lslcrew - 20-May-2010 at 19:43
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 21-May-2010 at 16:47
Будниот објектив на build.mk "улови" градежна механизација како влегува во ова уличе тука (42° 0'13.80"N 21°25'52.56"E). Како стоиме со најави за овој дел и дали има некаква поврзаност со неодамнешното донесување урбанистички планови за овој дел од градот?




Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 24-May-2010 at 15:03
Проекти
Планирани проекти во 2009
Петок, 11 Декември 2009 09:58

ПОКРУПНИ ДРЖАВНИ ПРОЕКТИ: Согласно одлука на Владата на Р. Македонија во 2009 - 2010 година турската компанија ТАВ треба да изгради карго - аеродром во близина на Штип со тенденција во текот на следните 10 години да прерасне во главен цивилен аеродром. Планирана е изградба и на патниот правец Штип - Миладиновци со кој патувањето до главниот град, Скопје, ќе се скрати за триесетина километри.

Министерството за култура во соработка со Општина Штип треба да го уреди просторот околу тврдината Исар со адекватна осветленост. Предвидено е и уредување на коритото на река Брегалница (со подршка од Македонската Влада), така што целото корито на реката ќе биде регулирано. Проектот започна во јули 2009 година, а ќе се реализира дополнително со поддршка на Владата на Р. Македонија. Концептот предвидува мини - вештачки акумулации. Конкретно коритото на Брегалница на влезот во Штип кај т.н. Емир ќучук султановиот мост ќе се претвори во голем парк, соодветно украсен со канделабри, пешачки патеки и др. Брегот на Брегалница зад градскиот Исар, предел со клисурски аспекти, исто така треба да добие соодветна пешачка зона.

proekti


ЕНЕРГИЈА:
Во 2009 година е пуштена нова трафостаница од 110 кило волти. Постои голем интерес за инвестирање во обновливи избвори на енергија. Штип е познат како ветровито подрачје и една од трите најдобри локации за изградба на фарма на ветерници. Изготвена е студија, а како резултат на поволните услови постои заинтересираност од словенечки, шпански и канадски фирми за конструирање на ветерници. Се работи на проекти за илуминација на галеријата Безистен, како и комплетна замена на градските светилки со штедливи и економични. Изготвена е физибилити студија за енергетска ефикасност за СОУ „Коле Нехтенин” така што во моментов сериозно се пристапува кон изнаоѓање инвеститори.


ЛОКАЛНИ ПРОЕКТИ:
Согласно планираните проекти во периодот 2009 - 2013 значително внимание ќе се посвети на уредување на коритото на река Отиња со овозможување на нови паркинг простори. Планирана е и обнова на градскиот плоштад како дел од поширокиот проект за уредување на улицата Ванчо Прќе што треба да се претвори во пешачка зона, ослободена од автомобили  и сообраќај.

Ефективно менаџирање со водоводната дистрибутивна мрежа на општина Штип е една од приоритетни цели за што е аплициран соодветен проект за обезбедување на средства. На тој начин, ќе се реконструираат 15 км од водоводната мрежа.

Започната е изградба на колектор што ги поврзува населбите Балканска и Чардаклија.  Воедно, изготвени и аплицирани се проекти за реконструкција на канализационата мрежа на пет штипски улици.

Интензивираната соработка со бизнис - секторот придонесе Локалната самоуправа за кратко време да постави нови детски лулашки и да ги реконструира постојните.

Од страна на ЈП Исар се изградени две зелени површини. Едната е пред Трговски центар Дујле, другата што зафаќа огромно пространство претставува нов рекреативен парк во УЗ Баби.

Репроценката на данок на имот и обновување на базата на податоци за недвижен имот на подрачјето на општина Штип е уште еден успешен проект на Локалната самоуправа. Ова се имплементира од јули годинава (2009) со цел да може да се реши проблемот со бесправно изградените објекти.


ПРЕКУГРАНИЧНА И МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА:
Општина Штип упорно работи на евидентирање на бесправно изградените објекти. За таа цел е изготвен меѓуопштински проект за општините Штип и Карбинци. Во тек е постапка за обезбедување на средства за имплементација на проектот. Прекуграничната соработка се заврстува со општина Ќустендил со цел рационално искористување на ИПА - фондовите.

 
Реализирани проекти од локално значење во 2008 година
Вторник, 13 Јануари 2009 13:59
  1. Проект: Бизнис Центар

Реализирано или изготвено (краток опис): Отворање на бизнис центар за давање поддршка и услуги на МСП (мали и средни претпријатија)

Буџет: 10.000, евра

Начин на финансирање: АППРМ и Министерство за Економија

Времетраење на активности: 2008

  1. Проект: Форум на заедниците 2 повик

Реализирано или изготвено (краток опис): Изготвен проект

Буџет: 130.505,евра

Начин на финансирање: 75% Швајцарска агенција за Развој, 25% Општина Штип

Времетраење на активности: 2008

  1. Проект: Едношалтерски систем подршка на процесот за децентрализација, Финиш консалтинг груп ЕАР

Реализирано или изготвено (краток опис): Организирање на работилници и уредување на простор и опрема за центарот - во тек

Начин на финансирање: Европска агениција за реконструкција, Финиш консалтинг груп

http://stip.gov.mk




Edited by Makedonij - 24-May-2010 at 15:04
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 26-May-2010 at 13:22
Не се сеќавам дека досега имаме регистрирано некакви вести до сега за ваква резиденција.
ПО НЕКОЛКУТЕ ПОКАНИ ДА ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА
Папата ќе дојде кога ќе има резиденција

Ана Анастасовска

Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе ја посети Македонија кога ќе се изгради католичката резиденција во Скопје, посочи завчера, по посетата на Светата столица во Ватикан, директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска. По двете упатени покани од страна на претседателот Ѓорге Иванов, Ватикан молчеше и не одговараше дали и кога папата Бенедикт Шеснаесетти ќе ја посети земјава, а се досега пошироката јавност не ја знаеше причината за молкот. Ако изградбата на католичката резиденција се земе како показател за неговата посета, тогаш папата би ја посетил нашата земја во 2012 година или во 2013 година. Имено, како што информираат во католичката црква „Пресвето срце исусово“ во Скопје, се уште се бара локација за резиденција, а планот за нејзина изградба е во подготовка.
Според нашите информации, Католичката црква лани во август, на јавен повик, купила околу 2.000 квадратни метри земјиште за градба на резиденцијата на скопското Кале, во која би го пречекале папата. Но, за градба на еден ваков објект, неопходни се најмалку две години.
Изградбата на католичката резиденција е особено важна бидејќи, како што пишува Алдо Синковиќ, долгогодишен дописник на хрватските медиуми од Ватикан, папата кога оди во посета, главно, се сместува во објектите на Католичката црква. Ватиканскиот протокол оценува дека тоа е најбезбедно место за згрижување на поглаварот и еден од предусловите пасторалната посета да помине без проблеми.
Претседателот Иванов лани, на 18 септември, му достави писмена покана на папата да ја посети Македонија. Поканата ја однесе лично шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Претходно, по повод ланското чествување на светите браќа Кирил и Методиј, му упати усна покана. Во принцип, папата секојдневно добива покани од разни светски државници за да ја посети нивната земја, но конечната одлука не се донесува набрзина, туку постои цела низа со процедури. Пред да се донесе одлуката за некое патување на папата, надлежните институции на Светата столица ја проучуваат поканата со Нунцијатурата и амбасадата на Ватикан во земјата што ја пратила поканата.
Во принцип, како што посочуваат познавачите, ниту еден папа не прифаќа покани од држави со кои Светата столица има нерешени прашања. Кај нас, се уште е отворен проблемот со враќањето на имотот на Католичката црква во Паљурци.
Покана до папата, по повод стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза, му беше упатена и од албанскиот премиер Сали Бериша. Бугарските медиуми, пак, најавуваат дека се очекува папата Бенедикт Шеснаесетти да ја посети Бугарија во 2012 година, кога се навршуваат 10 години откако сега покојниот папа Јован Павле Втори ја посетил Бугарија.
За 26 септември се најавува големо одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, зад кое ќе стои Министерството за култура, без оглед дали посетата од Ватикан ќе биде на највисоко ниво или ќе дојдат кардинали. Католичката црква сериозно размислува кој ќе биде на листата поканети гости, која тие ја подготвуваат, па во тој контекст се споменуваат кардиналот Винко Пуљиќ, како и префектот на Конгрегацијата за прогласување блажени и светци, Анџело Амато од Ватикан.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2029&ArticleID=141396

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 46>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.