build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Вести
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 46>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 27-May-2010 at 04:35
Да ја имаме тука оваа најава...

GVG GRAND PALACE

ABGMK Group започна со спроведување на програм проект за изградба на Хотел со пет sвездички и Казино на територијата на Општина Гевгелија.
Хотелот ќе го носи називот GVG Grand Palace.
Хотелот ќе се гради во месноста КО Мрзенци во близина на Автопатот Е-75 (Александар Македонски).
Основни постулати на проектот се:
-Radisson blue франшиза за хотелот
-Хотел со 5 ***** на 6 ката
-Казино со простор од 5.000 м2
-Голем ресторан со макс 850 гости и мал ресторан со макс 250 гости
-Трговски центар 2000 м2
-СПА центар
-Надворешни базени
-Рекреативни содржини
-Површина на целиот проект од 169.000 м2.

За повеќе информации обратете се:

Лице за контакт Адвокат Блажо Ѓоргиев од Гевгелија

тел 00389-034-213-077

моб 00389-072-230-594

е-маил gorgievblazo@yahoo.com,gorgievblazo@t-home.mk

http://www.abgmk.com/category/franchises/

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 27-May-2010 at 15:36
GVG Grand Palace. Инвеститор Алфа Груп, Грција Русија и Бугарија, фирма ќерка на Алфа банка. 350 милиона евра, локација карши Калифорнија Ресорт.



http://www.badijala.com/showthread.php?t=427281

Некако не ми се воопшто сигурни вакви најави. Ова е постирано во март, па можно е импликации врз проектов да има и кризата во Грција со оглед на тоа што се спомнув и грчки капитал тука. Има премалку информации на интернет, а за пола година сигурно ќе излезеше уште нешто. А и проектот не ми е сигурен, скептик сум дека нешто вакво ќе се нафати некој да го гради, можно е да е помешан со некој друг проект. Највеќе ме збунува вештачката плажа.


Edited by lslcrew - 27-May-2010 at 15:42
Back to Top
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 29-May-2010 at 05:38
Мене веќе ништо не ме збунува Ohno
Како што почнавме да градиме хотели последните 5, 6 години во Гевгелија, Макао и Дубаи ке можат комотно вода да ни носат Big%20smile


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 29-May-2010 at 20:34
Заградени се две големи парцели на ул. Скупи карши Макоил.

1.

2.

3. Двете парцели се една до друга што може да се види од оваа слика

4. Претпоставувам дека се работи за објекти од оваков тип (лесна индустрија или услужно ориентирани) какви што има повеќе во тој ред




Edited by pbanks - 29-May-2010 at 20:35
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 03-Jun-2010 at 20:43

„ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА“ ВО КАРПОШ 3

image Проекти

Општна Карпош, деновиве започнува голема „градежна офанзива“ во Карпош 3, во која ќе бидат почнати 15 нови инфраструктурни проекти. Станува збор за изградба на пешачки премини, проширување на паркинзи, тротоари на потегот од Воената Болница до основното училиште „Лазо Трповски“, кои зафати вкупно ќе го чинат општинскиот буџет 13,9 милиони денари. Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на денешниот брифинг со новинарите по повод најновите активности во општината. Проектите кои ќе почнат со изградба деновиве се:

  1. Пешачка патека кон ул. Пелистерска бр. 4 и бул. Илинден Транс Мет ДОО 64,610.31
  2. Пристапна патека кон станбен објект на ул. Струма бр. 3 и 4 од бул. Илинден Транс Мет ДОО 50,427.30
  3. Дел од паркинг и парапетен ѕид со рампа на ул. Струма 4 Транс Мет ДОО 26,033.16
  4. Реконструкција на пешачка патека и плато за клупи помеѓу ул. Пелистерска бр. 5 и ул. Струма бр. 4 Транс Мет ДОО 251,717.60
  5. Пешачка патека кон ул. Пелистерска и ул. Огражден бр. 4 Транс Мет ДОО 326,830.50
  6. Пешачка патека кон ул. Радика бр. 4 и ул. Огражден бр. 4 Транс Мет ДОО 86,340.60
  7. Изградба на паркинг на ул. Драгиша Мишовиќ А2 /кула/ Анизор 333,680.00
  8. Реконструкција на тротоари на ул. Бледски Договор и локалитет помеѓу ул. Драгиша Мишовиќ, бул. Илинден и ул. Бледски Договор Анизор 2,691,280.00
  9. Реконструкција на тротоари и патеки на ул. Роберт Кох, Трифун Пановски и Драгиша Мишовиќ МЗ карпош 3 Агро Селца 2,611,340.00
  10. Изградба на паркинг простор на ул. Трифун Пановски Агро Селца 622,367.00
  11. Реконструкција на тротоари и патеки на ул. Драгиша Мишовиќ, Роберт Кох и Карпошево востание МЗ карпош 3 Агро Селца 2,283,630.40
  12. Изградба на паркинг на ул. Роберт Кох Агро Селца 587,309.60
  13. Изградба на паркинг на ул. Драгиша Мишовиќ Д1 Агро Селца 671,608.80
  14. Реконструкција на тротоари и патеки на ул. Трифун Пановски Агро Селца 1,821,660.40
  15. Изградба на паркинг бр. 1 2 3 на ул. Трифун Пановски Агро Селца 1,534,684.40
Вкупно: 13,963,520.07

Инаку, на брифингот, градоначалникот Јакимовски ги најави и следните проекти во Тафталиџе 2, како што ќе биде изградбата на „ротондата“ кај гимназијата „Георги Димитров“.Општина Карпош, заедно со Градски паркинг ќе спроведат анкета меѓу жителите на ТЦ Карпош 3 (Лептокарија) околу потребата од воведување на зонско паркирање.

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 03-Jun-2010 at 21:30
... следните проекти во Тафталиџе 2, како што ќе биде изградбата на „ротондата“ кај гимназијата „Георги Димитров“...

Ова навистина чудно ... ротонди !!!???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 05-Jun-2010 at 16:24

Урбан масакр во Охрид

Во Охрид на почетокот на туристичката сезона се случува урбан масакр.

На последната седница на Советот поминаа 42 урбанистички решенија, а во советничкото мнозинство постојат договори и пазарења, вака неодамна од Окружниот комитет на ВМРО ДПМНЕ ја обвинија работата на Советот.

На ваквите обвинувања градоначалникот Петрески вели дека масакр постои насекаде, а дека во охридскиот совет во однос на точките на дневен ред како што се урбанистичките планови нема политика.

Во одбрана на урбанизмот застанаа и претседателот на Советот и раководителот на Секторот за урбанизам тврдејќи дека се се работи според законот донесен од Владата на РМ.

http://www.time.mk/read/NONE/73c571def0/index.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 06-Jun-2010 at 15:57

Ќе се обновуваат наколните живеалишта во Преспа

Селото Наколец на брегот на Преспанското езеро ќе ги обновува некогашните наколни живеалишта кои потекнуваат токму од овие простори. Целта е да се создаде една нова езерска атракција која ќе привлече туристи.

Некогаш, езерскиот брег бил веднаш до црквата Свети Никола во самото село. Голем број битолчани овде доаѓале да прават скара, но како што со годините езерото се повлекло, а бујна вегетација го покри делот меѓу селото и езерото, така и туристите веќе не доаѓаат.

Сега со владината акција за чистење на брегот на Преспа, мештаните се надеваат дека повторно ќе се создадат услови за туризам.

Додека мештаните на Наколец ги чекаат туристите, во меѓувреме во собите кои некогаш ги користеле за изнајмување, сега ги сместуваат работниците кои тука доаѓаат да берат јаболка.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=61336
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 10-Jun-2010 at 01:20

Уште една катна гаража во Капиштец

Уште една катна гаража во комбинација со комерцијален и деловен простор ќе никне веднаш до трговскиот центар „Беверли хилс“, на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец. Објектот ќе се наоѓа на единствениот слободен неуреден простор во тој дел на Капиштец, веднаш до станбените објекти и постојните два трговски центра - „Беверли хилс“ и „Капиштец“.

Министерството за транспорт и врски распиша објава за продажба на градежната парцела со површина од 1.735 квадратни метри, која е во сопственост на Македонија. Таа ќе се продава со јавно наддавање, со почетна цена од 6.600 денари за квадратен метар. Лицитацијата е закажана на 23 јули, а сите заинтересирани правни и физички лица може да аплицираат до 16 јуни.

Станува збор за градежна парцела на која според урбанистичкиот план за Капиштец е предвидена изградба на катна гаража со трговски и деловен центар, висока 10,5 метри.

За жителите на Капиштец, поконкретно за делот околу „Беверли хилс“, од Општина Центар најавија и изградба на монтажна гаража на два ката. Од Општината информираат дека на конкурсот за избор на изведувач пристигнале три понуди, кои деновиве ќе бидат отворени.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 10-Jun-2010 at 10:48
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=23383
Антиквизацијата на главниот град продолжува – неколку месеци по промоцијата на Скопје 2014 власта го прошири и го надгради проектот – распиша конкурс за архитектонско решение за административна зграда до црквата Света Богородица, веднаш после мостот кај Холидеј ин – во која ќе смести дури дванаесет државни институции и Драмски факултет.

Во критериумите за конкурсот од една страна се бара современ архитектонски израз и употреба на современи материјали, а од друга страна фасада во барок, класицизам, неокласицизам, романтизам или неоромантизам.

Ограничувачки за архитектите е и што со конкурсните документи се делат слики од зградата на МНР и на Уставниот суд и ги учат дека таа архитектура е македонска и е создавана низ долгата историја на земјата.

Во зградата висока дваесет и девет метри ќе бидат сместени дури тринаесет институции меѓу кои канцеларија на даночната управа, Бирото за јавни набавки, Драмскиот факултет.

Back to Top
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 13-Jun-2010 at 09:48
Mi ide da placam so ova anti....imavme moznost da dobieme moderen  funkcionalen centar nie go degradirame centarot ,"turisti ke dojdat",da sigurno, Disneyland ima vo Paris ,stanuvame objekt na ismejuvanje.Ne velam deka sve sto e moderno  e i ubavo no ova e preseriozno za da se dade na anonimosi arhitekti da crtaat po politicka naredba,se grozam.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 13-Jun-2010 at 11:10

е фала богу да се сетат да го урбанизираат тој дел..

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 18-Jun-2010 at 17:55
Оваа вест е доста оптоварена со политика, но има доста релевантни информации за повеќе проекти па да ја постираме:

Плоштад Скендер-бег ќе се гради в о Скопје

За мир во коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ се согласила да не се кратат пари за неколку битни проекти за ДУИ, иако со ребалансот на буџетот ќе се намалат средствата во речиси сите капитални проекти и инвестиции, дознаваме од извори од двете партии. Не откриваат кој е пазарот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но потврдуваат дека за неколку проекти не само што нема да се скусат туку ќе се обезбедат плус пари од предвидените. И додека ребалансот не го поштеди ниту проектот „Скопје 2014“, ДУИ тврди дека со ВМРО-ДПМНЕ се договориле за изградба на нов плоштад Скендер-бег. Предвидено е новиот плоштад да биде кај споменикот Скендер-бег во Скопје.

Дознаваме дека за да добијат виза за овие проекти, имало неколку средби меѓу пратеникот Тахир Хани и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски. Хани вчера ни ја потврди информацијата.

- Со вицепремиерот Ставревски се договоривме со одлука на Влада да се издвојат дополнителни 55 милиони денари за изградба на новата зграда на Државниот универзитет во Тетово. Да се обезбедат 10 милиони денари за проектна документација за изградба на плоштад Скендер-бег, да се обезбедат пари за идеен проект за патот Бошков мост - Дебар, средства за нов пат Тетово-Призрен, за регионален пат Куманово-Липково-Арачиново и за слободната економска зона во Тетово - вели тој.

Хани додава дека и покрај неколкуте средби со Ставревски, се' уште виси проектот „јазичен или софтвер за превод“. За набавка на софтверот се потребни околу 6 милиони денари. Натегањето меѓу Владата и Собранието е кој ќе ги обезбеди парите за софтверот.

Во ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека и покрај ребалансот, се усогласиле со ДУИ да се обезбедат буџетски пари за неколку проекти, но не сакаа да откријат за кои проекти станува збор.

Со ребалансот на буџетот се доведува во прашање реконструкцијата на Собранието, а најголемо намалување од 40 проценти се бележи кај капиталните инвестиции и тоа за набавка на опрема за Собранието, за надградбата на собраниската зграда и за софтверскиот проект. Жарко Денкоски, генерален секретар на Собранието, вели дека ако се скратат толку пари, не ќе може да ги реализира почнатите работи и да ги плати веќе преземените обврски за реконструкцијата на зградата, за набавка за информатичка опрема и за софтверскиот систем.

Освен ова, за опозицискиот СДСМ е спорно намалувањето на парите и за изградба на меморијалниот споменик Тоше Проески во Крушево. Со ребалансот на буџетот е предвидено наместо два, годинава да се издвојат само 1 милион денари за меморијалниот споменик.

Мариела Трајковска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6A049C85243AF04CBD978146FFA1C294
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 22-Jun-2010 at 18:47

Ако сите си купат станови, кој ќе изнајмува соби во Охрид

22.06.2010 | автор: Нова Македонија

Откога се донесе Генералниот урбанистички план за Охрид во 2008 година, постојано се предвидуваат нови станбени или апартмански згради. Голем дел од нив веќе се градат, иако цените по квадрат почнаа да паѓаат.


Охрид ја почнува годинешната туристичка сезона со триесетина отворени градилишта. Се гради речиси на секој ќош во градот. Најактивни зони се таа до бензинската пумпа кај Билјанини извори, како и на просторот на стариот хотел „Парк“, кој стана исто така големо градилиште, на кое се прави зграда со апартмани. Но се доградува уште една од трите згради на поранешната автобуска станица, има неколку градилишта и покрај булеварот Туристичка, на влезот откај Струга и во населбата што популарно се нарекува Карпош 5, бидејќи повеќето станови ги поседуваат скопјани.

Летово туристите ќе стојат покрај тули, песок и цемент за да ја фотографираат Куќата на Робевци, бидејќи веднаш спроти неа се гради нов објект. Меѓу местата каде што има нови градежни маркички е и потегот од Горица до каналот кај што се паркираат глисерите, каде што на неколку приватни парцели се предвидени семејни куќи.
 
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 22-Jun-2010 at 19:41
Градоначалникот Алексов притисна. Од градските архитекти бара повеќе работа, и итни резултати.

Градоначалникот Зоран Алексов притисна. Од градските архитекти бара повеке работа и итни резултати.

Она што досега го сработиле, според него, не е доволно. Вчера попладне, Алексов имал состанок со архитектите од Штипрокет и Одделението за урбанизам, на кој побарал.Приоритет за Алексов е сеуште не завршениот план за Проектот Отиња, Градскиот стадион, Градскиот пазар, населбата Суитлак и други. На овие проекти се чека веќе една година, но ниту еден од нив не е финализиран. Поради ова, инвеститорите неможат да градт, а ЛС губи пари. Непосредно по изборот за градоначалник, Алексов изјави дека Одделението за урбанизам работи убедливо најлошо. Што се променило во меѓувреме станува јасно исто како и фактот дека Алексов дефинитвно притиска за повеќе работа и итни резултати.


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 02-Jul-2010 at 15:58

Елитните населби во Скопје останаа само на хартија

Елитниот град на Зајчев рид – идеја стара три години се уште е само на хартија. Во 2008 година е усвоен Урбанистичкиот план за локалитетот, но тендер за изградба на нова станбена населба зад Управата за хидрометеоролошки работи се уште нема.

Првично се јавија проблеми со имотно правните односи, сега се чека на Министерството за транспорт да распише оглас за продажба на дел од земјиштето што е во државна сопственост.

Оттаму велат дека набрзо ќе следи јавно надавање за државниот дел, но немаат рок до кога би се изградил елитниот град.

Предвидено е на површина од 135 хектари да се градат куќи за домување, станбени згради, два плоштада, училишта, болници и деловни објекти . Проектот е заеднички на Министерството за Транспорт и Општина Карпош- каде се наоѓа локацијата.

Освен на Зајчев Рид, елитна станбена населба Владата предвиде и во Сопиште. Познатиот Сончев град требаше да го градат Израелци. Идејата падна на Уставен суд, но од општината убедуваат дека проектот сепак ќе се реализира.

http://www.time.mk/read/7827c7f5fe/ddeb77e98d/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 05-Jul-2010 at 15:49
Се подготвува проектна документација за урбанизација на Пониква Кочани - Со финансиски средства во висина од еден милион и 225 илјади денари што ги обезбеди УНДП ќе биде подготвена целокупната проектна документација за Спортско-рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини.

Вкупната вредност на проектната документација изнесува еден милион и 740 илјади денари, средства кои освен УНДП ќе ги обезбедат и општините Кочани и Пробиштип.


Според архитектот Марија Салтирова-Јованова, раководител на проектот од страна на општина Кочани ќе се урбанизираат три дела на Пониква, во локалитетот Арамиска чешма ќе се изградат две мали езерца  со два угостителски објекти, во локалитетот Пониква каде што е подготвен Деталниот урбанистички план ќе се градат викендички за домување. Третиот дел се однесува на асфалтирање на патот од паркинг просторот на Пониква до манастирот „Св.Василиј“ кој се наоѓа на територија на општина Пробиштип.


Салтирова-Јованова истакна дека проектната документација треба да биде готова до крајот на декември годинава. Реализацијата на проектите ќе почне веднаш, најавуваат од општините Кочани и Пробиштип.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2432&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 06-Jul-2010 at 05:12

Лете на плажа, зиме на скијање на Водно

Градската власт вчера распиша оглас за консултант за ски-патека на Водно, а опозицијата обвини за расипништво

Се' поизвесно е дека идеите на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за сончање на Вардар лете и скијање на Водно зиме, ќе станат и реалност. Пред неколку месеци идејата за ски-патека беше промовирана, но и жестоко нападната од опозицијата како неразумна. Сепак вчера беше распишан оглас за избор на консултантска куќа. Градот Скопје ќе избира и ќе плати консултант за да види дали идејата за скијање на Водно е остварлива. Консултантите ќе направат процена на парите што би се потрошиле за изградба на патеката.

За опозициските советници во Советот на Скопје, ски-патеката е расфрлање со пари, како и најмувањето консултант. Сметаат дека е надвор од умот, како што велат, вакво расипништво, кога пред еден месец Трајановски јавно кажа дека буџетот, во првиот квартал, е без приходи и загрижувачки празен. И притоа одложи низа проекти, важни за подобрување на животот на скопјани.

- Оваа влада со градоначалникот уште еднаш докажува дека не умее да ги одреди своите вистински приоритети. Во време кога во средните училишта имаме неплатени сметки за греење, азбестни покриви што предизвикуваат канцерогени заболувања, и санитарните јазли што шират заразни болести, Трајановски се решава да исполни уште еден сон на Груевски - смета Софија Куновска, координатор на групата на СДСМ.

Таа ги повика надлежните органи, кои се занимаваат со корупција, да ја испитаат „навиката на Градот за најмување консултанти за се' и сешто“ и да дадат одговори дали служат за полнење на партиската каса.

Владејачкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ го поддржува градоначалникот во реализација на неговите замисли.

- Ниеден капитален проект не е одложен - изјави Сашо Стефановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Градот пак не дадоа одговори дали имаат паушална процена колку пари би чинела патеката, зошто баш сега распишале оглас кога буџетот им е слаб со приходи, дали за изградбата на Водно би се сечеле дрвја...

- Изградбата и одржувањето на ски-патеки е специфична материја од аспект на урбанизмот, економските и правните основи за реализација на проект од ваков вид. Затоа Град Скопје реши да ангажира стручен консултант кој ќе ги даде одговорите на сите овие прашања - изјавија од Одделението за односи со јавноста.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A609D899B660FF4F8214DDCEB8B1ADB3

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 06-Jul-2010 at 08:46

Еве ја ќе бидам искрен и ќе кажам дека ја подржувам оваа идеја.Секако ако е остварлива.Знам неколку планини со висината на водно кој функционираат без проблем со вештачки снег.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 12-Jul-2010 at 16:49

Оваа парцела од неодмана е оградена и тука се копа на големо. Ако некој проаѓа од таму не е лошо да слика, а уште подобро ако некој знае нешто за објектот што ќе се гради. Според ДУП-от што беше усвоен тука се предвидува деловен објект со висина од 19,2 метри или приземје+5ката+поткровје. Мислам дека со тек на време ќе треба и да се отвори тема за проектов секако откако ќе се најдат доволно информации. Сепак станува збор за атрактивна локација во самиот центар на Скопје.

Еве ја локацијата
 
 41°59'58.22"N
 21°25'33.36"E
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 46>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.