build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 45>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 12-Jul-2010 at 17:19


Хммм, дали можеби се работи за овој објект:
http://www.build.com.mk/?p=1372

Колкава е површината за градење според ДУП-от? Доколку го имаш планот постирај го.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 12-Jul-2010 at 18:09
Originally posted by Cloverstack



Хммм, дали можеби се работи за овој објект:
http://www.build.com.mk/?p=1372

Колкава е површината за градење според ДУП-от? Доколку го имаш планот постирај го.
Мислам дека не се работи за тој објект, тука ми изгледа барем 250м2 основа ама можеби сум грешка.
 
Јас го немам ДУП-от ама го има на сајтов.
Originally posted by Cifra

Еве го планот и во малку поголема резолуција

 
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 14-Jul-2010 at 16:13
Град Скопје потпиша консултантски договори за подземните сообраќајници и за Луна паркот koce_trajanovski.jpgСкопје - Градоначалникот Коце Трајановски, по завршувањето на тендерските постапки, потпиша консултантски договори со реномираната шпанска фирма ИДОМ од Билбао, за проектите подземни сообраќајници и забавен парк. Како што соопшти Град Скопје, со консултантските договори фирмата од Билбао треба да изработи студии за двата проекта и да ги утврди правните постапки за начинот на концесионирање и промоција на проектите. Договорот за подземните сообраќајници ќе го чини Град Скопје 199.700 евра, а консултантските услуги за Луна-парк 190.000 евра. Проектите ќе се реализираат во три фази. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2470&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 16-Jul-2010 at 22:14

Еден милион евра за консултанти

Градската власт освен за подземни сообраќајници и за Луна-парк, за кои ќе плати 400.000 евра, допрва ќе потпишува уште три нови - за ски-патеки, за билборди и за трамвајот, а секој чини по околу 200 илјади евра

Градската власт пред некој ден потпиша договори во висина од 400.000 евра за консултантски услуги за подземни сообраќајници и за Луна-паркот, но сепак сумата за некое време ќе достаса до еден милион евра. Приказната за користење на, како што велат од Градот - експертски услуги - не завршува само со овие два договора. Допрва, како што изминатава година најавија градските власти, ќе се потпишуваат и нови, и тоа со консултанти за планираната скијачка патека на Водно, за трамвајот, како и за доделување под концесија локации за билборди. До сумата од милион евра се доаѓа ако се земе предвид дека еден договор е околу 200.000 евра. Иако беа запрашани, од Градот не одговорија дали и другите три договора ќе чинат по четврт милион евра.

Фирмите-консултанти ќе бидат задолжени на градоначалникот да му дадат мислење дали некој проект е исплатлив за реализација и каде да најде пари за реализација. Тоа само по себе не значи дека градската власт по автоматизам ќе се одлучи за спроведување на сугестиите од консултантите во дело.

Опозицијата изминатава година, кога на дневен ред се наоѓаа овие точки, жестоко реагираше на предлозите на Трајановски да најмува експерти од страна, кога има сектори во кои работат стотици вработени што би му ги дале одговорите за кои плаќа 200.000 евра.

- Можеби е време Антикорупциската комисија да ја испита навиката на Градот да најмува консултанти за се' и сешто и да ни дадат одговор дали нешто од тоа служи и за полнење на партиската каса - е ставот на Софија Куновска, координатор на СДСМ.

Од Градот велат дека за сите проекти за најмување консултант имале консензус од сите советнички групи на политичките партии во Советот. Членови на Совет се вкупно 45. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ - 19, ВМРО-Народна - 2, СДСМ - 11, ЛДП - 3, ДУИ - 5, ДПА - 3, и по еден Сојузот на Титови леви сили и група на независни избирачи.

Опозицискиот СДСМ изминатава година секојпат кога на дневен ред на Советот на Скопје ќе се најдеше точка за најмување консултант, го прозиваа градоначалникот за расипништво и неумеењето да ги одреди вистинските приоритети. Воедно советниците и не гласаа или пак во знак на протест ја напуштаа седницата.

- Потребата за ангажирање консултантски куќи за проекти ја утврдува Советот на Град Скопје со носење одлуки. Досегашните одлуки се донесени со консензус на сите советнички групи на политичките партии. Конкретно, одлуката за консултант за подземните сообраќајници е донесена со 35 гласа за и еден воздржан и ниту еден глас против - изјавија од Одделението за односи со јавноста.

Од Градот одговорија дека „вредноста на консултантските услуги се утврдува со избор на најповолна понуда, избрана по пат на јавна набавка, според позитивната регулатива во Македонија“

И поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, запрашан што мисли за сегашните идеи на Трајановски, во медиумите изјави дека не се согласува да се вложуваат 400 илјади евра за консултации. Напротив, неговата препорака е да се почне со реализацијата на проектот со трамвајот, за кој, според него, сите студии се веќе завршени.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E1AB5415C44D244AA29BF8FFA2EC69AD
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 16-Jul-2010 at 22:57
Нашиот луна парк уште 20 години нема да се чепне како што гледам, со 400 илјади евра ви гарантирам дека Луна Паркот ке купи 5 нови забавни играчки =)
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 17-Jul-2010 at 01:29
Можеби ќе го прават Ди Ај оф Скопје.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3831
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 20-Jul-2010 at 14:31
lugje, se montira golemiot televizor(vo deli) kaj city gallery.Ne e 100% montirana ama se gleda nesto.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 20-Jul-2010 at 14:51
Originally posted by my Macedonia

lugje, se montira golemiot televizor(vo deli) kaj city gallery.Ne e 100% montirana ama se gleda nesto.


јас  денес пројдов и видов монтираат нешто. Тој телевизор(или можеби панел) ќе биде за која намена? Нешто како реклами ќе пуштаат? Или ќе има МТВ1 и Собраниски канал NutsNuts
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 20-Jul-2010 at 14:59


http://www.idividi.com.mk/extras/live/kamera_makedonija.asp



Edited by FoSsiL - 20-Jul-2010 at 14:59
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 20-Jul-2010 at 15:10
Проаѓам два ти дена од тука по ред, се заборавам да пишам. Сабајле го тестираа, се појавуваа некои неартикулирани шари по екранот. Многу не ми се допаѓа како е намонтиран. Не изгледаат воопшто убаво тие железата столбовите. А како мултимедијална содржина е интересна работа. Во слободно време ќе може да се користи за маркетинг. Кога ќе има настани, концерти, митинзи, собири на плоштад ќе може да се покријат мултимедијално. Не мора за секој поважен спортски натпревар да се монтираат накнадни панели и видео-бимови, ќе може ова супер да заврши работи. А може и Macedonia Timeless серијалот и оние новите кратки репортажи да се вртат како интересна содржина.

А и една друга работа ме збунува. Ова е приватен или општински (државен) екран? Од кај се најде на клипот за презентација на СК14?

п.с. Дали е марка JVC како што беше на клипот СК14? LOL


Edited by lslcrew - 20-Jul-2010 at 15:16
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 21-Jul-2010 at 22:49

   
   

14.07.2010 - Во Гостивар деновиве се врши реконструкција на оштетени делови од коритото на Вардар во должина од 40 метри

Започнаа подготвителните работи за уредување на шеталиштето на Кејот на Вардар во Гостивар. Деновиве се врши реконструкција на дел од коритото во должина од 40 метри од десната страна близу судската зграда.

- Коритото е градено во шеесетите години од минатиот век, бетонските блокови се целосно руинирани, поради што ги заменуваме со нови, велат од општинската служба за информирање.

По санацијата на оштетениот дел од коритото што се очекува да заврши за неколку дена, ќе се започне со средување на просторот.
Сто метри од судот до пешачкиот мост ќе прераснат во модерно шеталиште, поплочено со бекатонки, со ново осветлување, канти за отпадоци и клупи за одмор.

Проектот за уредување на Кејот на Вардар се реализира преку програмата “Форуми во заедницата”, а го финансираат заеднички Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Гостивар. За него ќе бидат потрошени 100 илјади евра.

Љупка Антеска

Izvor: KISS TV


Edited by Makedonij - 28-Jul-2010 at 15:15
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 28-Jul-2010 at 15:00
Странски компании заинтересирани за изградба на сончеви колектори во Струмица Струмица – Шпанска компанија е заинтересирана за изградба на колекторски системи за производство на електрична и топлинска енергија во Струмица. Претставници на компанијата, која веќе била присутна на енергетскиот пазар во нашава земја во неколку наврати ја посетиле општина Струмица и се интересирале за условите за добивање на земјишна парцела од околу 100 хектари во индустриската зона лоцирана меѓу селата Сачево и Градско Балдовци. На таа тема се разговарало и за време на неодамнешната средба меѓу градоначалникот Зоран Заев со шпанскиот амбасадор во Република Македонија Хозе Мануел Паз Агерас. За парцелата кај Сачево, која се протега на околу 400 хектари, порано беше заинтересирана и грчката мултинационална компанија „Стијафилко“ за изградба на четири фабрики во кои требаше да се вработат околу 1.500 лица, но наводно поради високите цени таа се откажа од овој проект. За изградба на сончеви колектори имаа интерес и компании од Словенија и од други европски земји. (МИА)
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 31-Jul-2010 at 18:22
Кавдарци со нов плоштад и црква

сабота, 31 јули 2010
 
-Веќе се привршува со изградбата на плоштадот, а ќе се постави и камен -темелник на нова црква, информираше денес Александар Панов, градоначалник на Кавадарци
 

 
 
Програмата за комунална изградба во општина Кавадарци полека , но сигурно се рализира.

-Веќе се привршува со изградбата на плоштадот, а ќе се постави и камен -темелник на нова црква, информираше денес Александар Панов, градоначалник на Кавадарци.

Се предвидува плоштадот свечено да биде пуште во употреба на 7 септември, Денот на ослободуавњето на Кавадарци.

А, на 8 август ќе биде поставен камен-темелник за цркавата "Света Петка", денот кога се слави празникот.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=53863
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3831
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 11-Aug-2010 at 11:48
aj da ja imame ovde, pa ako se gradi da mu otvorime nova niska


Општината Центар руши 24/7

 

Иако понекогаш од општината се правдаат дека чекаат решение за рушење, дури и по неколку месеци, вчера во три часот по полноќ, општинската градежна инспекција ги „впрегна“ багерите да уриваат куќа во Дебар Маало

 
 
%20  
Иако понекогаш и требаат и по неколку месеци да почне за уривање на некоја дивоградба, градежната инспекција при општината Центар деновиве е многу ажурна. Вчера во три часот по полноќ дебармаалци се разбудија од силните удари на багерите што уриваа на улицата Наум Наумовски-Борче. Механизацијата по налог на општинската инспекција рушеше една од бараките на улицата, заради изградба на нов објект во согласност со деталниот урбанистички план за Дебар Маало. Сопствениците на објектот велат дека нивната административна барака се урива затоа што, според општината, е привремен објект. Симеон Ризов, сопственикот на бараката тврди дека во ниту еден документ што го добил од судот, како и во решението за купување на земјиштето не пишувало дека бараката е привремен објект и дека ќе дојде време да се урне. Од преголем револт, Ризов не можеше ниту да ни објасни за што станува збор, ниту зошто инспекцијата се кренала да руши взори. Тој само успеа да каже дека иако веќе неколку дена сам ја руши бараката, вчера инспекцијата дошла навечер, кога нема никој, и со багер ја урнала до темел.

- Неколку пати ги молевме да нé почекаат сами да го срушиме објектот, за да може барем дел од покуќнината да зачуваме. Иако ни дозволија сами да уриваме, вчера ноќта инспекцијата дојде во придружба на полиција и почнаа да рушат. Немаше ни да знаеме што се случува да не беа соседите, кои ни јавија - револтирано објаснуваше Ризов.

Ќерката на Ризов, Соња вели дека татко и бараката ја купил 1996 година на лицитација во судот за тогашни 150 илјади германски марки. Во 2003 година поднеле барање за откуп на земјиштето, но тоа веќе и било продадено на фирмата „ЦДМ Комин Душко“, чиј сопственик е кошаркарската ѕвезда Петар Пеце Наумовски, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ.

- Веќе неколку години се судиме со фирмата на Петар Наумовски и на неговиот татко, но случајот го загубивме и на основен и на апелациски суд.

Нема да застанеме тука, затоа што имаме право да се жалиме и да бараме некако обесштетување. Откако дознавме дека мора да го купиме и земјиштето за да ја задржиме бараката, поднесовме барање, но нé одбија, затоа што и тоа веќе беше продадено. Мислам дека кога веќе државата одлучила да го продаде земјиштето, требаше прво нам да ни го понудат затоа што веќе имавме постоен објект на локацијата. Но ние на ниту еден начин не бевме известени - објаснува Соња Ризова.

Таа додаде и дека имаат документи со кои се докажува дека во досегашните постапки се прекршени неколку закони. Еден од документите што таа ни ги покажа е и договорот за отуѓување на градежното земјиште склучен во 2002 година меѓу Министерството за транспорт и врски и фирмата „ЦДМ Комин Душко“. Земјиштето им било продадено за 535.500.000 денари. Според договорот што го склучиле фирмата требало во рок од една година да набави дозвола за градење, а шест месеци потоа да почне да гради, во спротивно земјиштето ќе им биде одземено. Но иако оттогаш се поминати осум години, на местото до пред неколку недели имаше објект, земјиштето сé уште е во сопственост на фирмата.


%20

Според најновите измени на Деталниот урбанистички план за Дебар Маало, кој е усвоен пред нецел месец, на оваа локација е предвидено да се гради еден голем комерцијален објект. Презентерот на планот од „Ин пума“, Благоја Тагасовски, кажа дека измените се по барање на жителите на неколкуте бараки што се наоѓаат таму. Тој објасни дека станарите се договориле и си нашле заеднички инвеститор што ќе изгради објект на таа локација.

Од фамилијата на Ризов велат дека никој ниту ги прашал, ниту пак им понудил нешто за да ја срушат бараката.

- Премногу сме револтирани, затоа што нé третираат различно од другите сопственици, како ние да не сме платиле за нашиот објект. Татко ми сега нема каде да живее, останат е на улица, сите пари што ги имаше ги вложи во објектот. Ние нема да престанеме да се бориме, ќе одиме повторно во општината и ќе поднесеме претставки до судот, па се надеваме дека ќе успееме да добиеме нешто за возврат на срушената куќа на мојот татко - додаде Ризова.
 
   
Автор: Александра Денковска  
 
 
 


Edited by Cloverstack - 15-Oct-2010 at 05:36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 17-Aug-2010 at 12:03
ОТКАКО СЕ УР­НАА БА­РА­КИТЕ НА НА­УМ НА­У­МОВ­СКИ-БОР­ЧЕ

Де­бар ма­а­ло зат­ру­па­но во гра­де­жен шут

Ули­ца­та На­ум На­у­мов­ски-Бор­че е прет­во­ре­на во де­по­ни­ја от­ка­ко Оп­шти­на Цен­тар пред ед­на не­де­ла ур­на не­кол­ку ку­ќи. Гра­деж­ни­от смет е рас­фр­лан низ ули­ца­та, па гра­ѓа­ни­те ед­вај ја ми­ну­ва­ат ули­ца­та и пеш и со во­зи­ла.
"Ова е за сра­мо­та. Пред не­кол­ку де­на дој­доа ра­бот­ни­ци со ме­ха­ни­за­ци­ја, ги сру­ши­ја ку­ќи­те и ос­та­ви­ја ха­ос зад се­бе. Се­кој­днев­но се ду­ши­ме од пра­вот и од не­чис­то­ти­ја­та. Нас нe каз­ну­ва­ат ако со­од­вет­но не го ис­фр­ла­ме гра­деж­ни­от шут, а нив кој да ги каз­ни?", се жа­лат жи­те­ли­те на оваа ули­ца.
Од Оп­шти­на Цен­тар, под чи­ја над­леж­ност спа­ѓа овој дел од гра­дот, ко­мен­ти­ра­ат де­ка ру­ше­ње­то на ба­ра­ки­те на по­че­то­кот од оваа ули­ца е за­ра­ди ре­а­ли­за­ци­ја на де­тал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план "Де­бар ма­а­ло 2" и де­ка на тоа мес­то е пред­ви­де­на из­град­ба на стан­бе­но-де­ло­вен прос­тор. От­та­му до­да­ва­ат де­ка фир­ма­та "Тран­смет ДО­О­ЕЛ - Скоп­је", ко­ја е из­бра­на за ури­ва­ње на об­јек­ти­те, де­но­ви­ве ќе го рас­чис­ти прос­то­рот.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=1F65C08C77C801459152AF1DFB347EBF
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 20-Aug-2010 at 16:15

Фонтаната обновена, но без обелиск

10:00 | 19.08.2010 | Автор: Шпиц
По неколку месеци градежни зафати, во употреба се пушти реновираната фонтана во Жена парк, но без обелискот предвиден според Деталниот урбанистички план на општина Центар и зацртан во визуализацијата на Скопје 2014.
Се поставува прашањето, која е логиката да се трошат пари за реновирање на фонтаната ако при поставувањето на обелискот треба да се направат дополнителни градежни интервенции кои ќе бараат вложување екстра пари.
Од општина Центар велат дека конкретната местоположба на обелискот прецизно ќе се утврди со проектната документација која во моментов се изработува, што пак упатува на можноста позицијата на предвидениот обелиск да се измени.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ја обложи фонтаната со нови сини плочки и постави подводни рефлектори за вечерно осветлување на млазовите вода кои достигнуваат височина и до три метри.
За новиот изглед на фонтаната, ЈП „Водовод и канализација“ ја задолжи градежната фирма „Адмирал“.

http://www.spic.com.mk/kat/skopje/fontanata-obnovena-no-bez-obelisk.html




Edited by La Linea - 21-Aug-2010 at 01:40
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 20-Aug-2010 at 23:31

Нема интерес за државното земјиште во Велес

Нема интерес за купување државно градежно неизградено земјиште во Велес. Седумте парцели во комплексот „Узус“ наменети за мало стопанство не беа атрактивни за да се јави потенцијален инвеститор. Со почетна цена од 700 денари за квадратен метар, на јавното наддавање во Министерството за транспорт и врски не се јавија најмалку две заинтересирани лица за истото да се одржи. Оттаму најавуваат дека наскоро ќе се распише нова јавна објава со која ќе се продаваат овие седум плаца, чија површина е од 680 до 860 квадратни метри.

Во економската зона „Узус“, која е целосно инфраструктурно уредена, со пат, вода и струја, во последните неколку години државата продаде педесетина плаца наменети за малото стопанство. Веќе работат триесет мали и средни фирми со 300 работници, но обидите да се продадат последните слободни плацови се неуспешни. Министерството за транспорт и врски не ги продаде ниту трите плаца во велешката населба Тунел 2, наменети за изградба на индивидуални станбени објекти, чија почетна цена беше 800 денари за квадрат, иако во градот има недостаток од простор за градење приватни индивидуални куќи.

За илустрација, во 2009 година има издадено 56 одобренија за градење наспроти 63 во 2008, а лани се издадени 22 одобренија за адаптација, наспроти 17 во 2008. Повеќето од одобренијата за градење се за куќи што се срушени, а на нивно место се градат нови. Потенцијалните купувачи велат дека цената за понудениот простор и во двата случаја, за мало стопанство и за станбени објекти, е превисока поради што јавните наддавања и во вториот обид се неуспешни. (П.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BC17112745579C4BB57482D4200D498F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 26-Aug-2010 at 04:36
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ИЗДАДЕ ДОЗВОЛАТА ЗА ГРАДБА, НО НЕ ГО ОТКРИВА СОПСТВЕНИКОТ
На местото на Панорама ќе се градат луксузни апартмани

Деновиве булдожерите го рушат остатокот од некогашниот хотел Панорама", на чие место, според официјалните информации, ќе се гради хотелски комплекс. Името на сопственикот се крие, а во кулоарите се вртат имињата на четири наши актуелни политичари


Дали некогашниот хотел Панорама" конечно ќе замине во историјата. Деновиве со тешка механизација се отстранува карабината, последниот остаток од некогашниот престижен хотел, по што најверојатно ќе се срамни и преостанатиот дел од брдото на кое се наоѓаат старите темели за да се изедначи со околината.
Но, кој го расчистува теренот и кој почнува да гради се држи во тајност. Работниците не сакаа да кажат кој ги пазарил да работат, а името на работодавецот го кријат сите. Од Општина Центар потврдуваат дека издале градежна дозвола и тоа на име на фирмата Панорама", но ништо повеќе.
"Барател е правно лице Панорама", намената е хотелски комплекс односно комплекс за привремено сместување", се вели во писмениот одговор што го добивме од Општина Центар. Од ова, меѓу редови, може да се прочита дека е можна пренамена на објектот, со што се потврдуваат шпекулациите дека дефинитивно почнува изградбата на суперлуксузни апартмани. А, кој ги гради? Се шпекулира со имињата на четворица познати политичари, од кои едниот подолго време престојува во странство. Интересно за оваа нова дружина градители е тоа што припаѓаат на спротивни политички опции, но кои веројатно имаат ист интерес во бизнисот.
Панорама до 2002 година беше дел од ХУРО Метропол" во стечај. Атрактивната локација од 9.000 квадратни метри во 2004 година ја купи познатата турска компанија Универзал хоспитал груп" со намера да изгради клинички центар единствен од таков вид на Балканот. Но, поради тоа што не беше извршена промена на намената во Генералниот урбанистички план, односно во ДУП, и оваа парцела остана со старата маркица според која се предвидува изградба на угостителско-деловен објект, Турците се откажаа и си заминаа од земјава оставајќи го некогашниот хотел разрушен до карабина. Пред две години повторно, како и сега, анонимен инвеститор ја загради парцелата и почна со градежните активности. Но само по еден месец работа, градежните работи прекинаа.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=90C42B7B5CA1E34F9C3D01B9955A1821
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 30-Aug-2010 at 00:31
Заградено земјиште и багери. Се отвора ново градилиште.
41°59'16.43"N 21°26'7.46"E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 30-Aug-2010 at 13:54
Што се случи со овој објект. Колку што се сеќавам до сега го имаме заборавено и не го имаме дискутирано. Што требаше да биде ова на пола пат меѓу средно и горно Водно?

41°58'12.15"N 21°23'17.12"E

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 45>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.249 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.