build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 46>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 10-May-2008 at 02:04
Хехе тоа не е добар пристап... Ако можеш најди ја оргиналната програма, па ние самите можеме да процениме што и колку е реализирано. Не мора никој да ни кажува...
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 22-May-2008 at 23:49

ОПШТИНА АЕРОДРОМ И ГРАД СКОПЈЕ ДОГОВОРИЈА 11 ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ

Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, проф. д-р Југослав Зибероски, денеска, на 22.5.2008 година, оствари средба со градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски, на која беа договорени 11 заеднички проекти во претстојниот период.

На средбата беше констатирано дека без оглед на сите досегашни проблеми во меѓусебната комуникација, соработката меѓу Градот и општината треба да продолжи да „функционира на едно цивилизирано ниво“ во интерес на граѓаните на Општина Аеродром и Градот Скопје.

„Задоволство ми е да работиме на решавање на проблемите и да продолжиме онаму каде што бевме застанати во соработката со Град Скопје во интерес на граѓаните. Ќе почнеме со заедничко уредување на Реонскиот центар „Аеродром“, како прв приоритет, во што со својот авторитет и финансиски во овие напори ќе ни помогне и Град Скопје, а потоа и комуналните проблеми во сите други населби во Општина Аеродром. Проблемите треба да се решаваат на маса“, изјави заменик-градоначалникот, Зибероски.

Градот и Општината начелно се согласија дека во наредниот период треба да се реализира амбициозна програма во која влегуваат повеќе инфраструктурни, сообраќајни, комунални и урбанистички проекти, меѓу кои трамвајска траса со почеток во Ново Лисиче до Центар, булевар „Србија“ (до улица „Првомајска“), на завршување на осветлувањето и на атмосферската канализација, доизградба на булеварот „Видое Смилевски - Бато“, завршување на комуналната инфраструктура во Реонскиот центар „Аеродорм“, учество во изградбата на фекална и атмосферска канализација во населбата Мичурин, уредување на кејот од Транспортниот центар до мостот „Близнак“ со велосипедска патека, скејт-парк во соработка со Агенцијата за млади и спорт, чистење и уредување на Усјанскиот канал, дислокација на автобускиот терминал во Ново Лисиче, изградба на препумпна станица во Лисиче и обнова на автобуските постојки.

Градоначалникот Костовски и заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Зибероски ги задолжија администрациите да ги договорат сите детали за непречена реализација на сите предвидени проекти и најавија скорешно потпишување и на протокол за соработка.

За реализација на некои од проектите ќе биде побарана помош и од централната власт, како на пример проектот со изградба на препумпната станица во Лисиче, бидејќи станува збор за проект од големо значење за поширокиот реон и бара поголеми средства за негова реализација.

Покрај реализацијата на предвидените проекти договорено е заеднички активности и на комуналните инспекции, со цел да се подобри комуналната состојба на теренот.

Град Скопје најави активно вклучување во акцијата за уредување и чистење на Реонскиот центар „Аеродром“, која ќе се одржи во недела (на 25.5.2008 година), ставајќи ја на располагање механизацијата на градските јавни претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.

Aerodrom.gov.mk

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 29-May-2008 at 11:21
Интересен текст за Гевгелија... како и обично Cheers

[quote]

Гевгелија-идната бизнис престолнина на Македонија
Последната станица пред морето!
“Гевгелија-последна станица пред морето!” Ова е новиот слоган кој ќе ги дочекува гостите пред влезот во Гевгелија. Визијата на градските власти е малото гратче некогаш познато само по раноградинарските производи, да прерасне во нова бизнис престолнина на Македонија. Странските инвеститори кои на терен веќе почнаа да градат хотели и казина, го претвораат околниот дел на Гевгелија во еден сосема нов град. Град за забава, одмор и релаксација...

Маја Бајалска
bajalska@kapital.com.mk  
Игор Петровски
igor@kapital.com.mk  

Животот во градот со медитеранска клима не е толку евтин како што е во другите градови во внатрешноста, споредени со Скопје. Екипата на Капитал начека пазарен ден, па видовме она што не се надевавме. И во оранжерискиот град доматите чинат над 100 денари килограм. Мештаните велат: “Бидејќи Грците доаѓаат да пазаруваат, сe поскапува”.

"Добредојдовте во Гевгелија-Последната станица пред морето!”
Со овој слоган, испишан на голем патоказ на влезот на Гевгелија, локалните власти ќе ги дочекуваат странските туристи кои секоја година враќајќи се дома или одејќи на годишен одмор на море, ќе поминуваат низ најјужниот македонски град. Но, патоказот со звучниот слоган нема да биде само гола реклама, туку ќе упатува не само на она што е Гевгелија денес, туку и на она во што Гевгелија ќе прерасне во годините пред нас.
Според податоци од Општината, на граничниот премин Богородица, годишно транзитираат три милиони патници. Голем дел од нив се Турци кои живеат во странство, а за време на годишните одмори, кога одат кон Турција, поминуваат низ Гевгелија.
“Со сите најавени странски инвестиции, како и со напорите кои ги прави Општината целта ни е Гевгелија да прерасне во туристичко-забавен град кој ќе ги задржува сите овие транзит -туристи да останат некое време во градот и овде да потрошат пари”, вели Ристе Атанасовски, директор на Центарот за локален развој во Гевгелија.
Токму тоа е визијата на локалните власти. Малото гратче, некогаш познато само по вкусните оранжериски производи, со изградба на повеќе нови објекти во туристичко-угостителскиот сектор, да прерасне во нова бизнис престолнина на Македонија.
И веднаш да ги предупредиме скептиците. Овој сон воопшто не е неизводлив. Напротив многу е реален, ако се има предвид напливот на странски инвеститори, кои во последните неколку месеци се “грабаат” за земјиште во оваа македонска општина.
Така, според најавите на локалната власт, најмалку 300 милиони евра странски инвестиции ќе влезат во Гевгелија во следните две години, ако инвестициите на турски Принцес Груп, на американски Калифорнија Ресорт и на словенечкиот Терме Олимија, се реализираат според планот.

“Казинскиот туризам е индустрија и така треба да го сфатиме. Кај нас кога ќе се спомне казино, веднаш мислиме на нешто сомнително, неморално... Доколку државата знае како да го регулира тој бизнис, не може да има перење на пари. Колку само за споредба, во Лас Вегас, просечен Американец троши 40 долари дневно, а Грците овде во казино трошат 400 долари во просек. Па ако сакаат да трошат, дајте луѓе да им ги земеме парите!”, вели градоначалникот на Гевгелија, Драги Делев, кој општината ја гледа како иден туристичко- забавен центар

Свежиот странски капитал од сегашните зелени полјани на влезот на градот, кои се простираат по должината на Вардар, ќе создаде “златни бунари” од кои локалната економија ќе ја црпи својата сила.
А локалната власт веќе почна да покажува дека самостојно може да генерира економска моќ. Како резултат на зголемена наплата на даноци и комунални такси, буџетот на Општина Гевгелија за оваа година изнесува 5,2 милиони евра. Ова претставува раст од 53% во однос на претходната 2007 година, кога општинскиот буџет изнесувал 3,4 милиони евра (207 милиони денари)
Но, ако навалицата од странски инвеститори продолжи, зголемени буџети од комуналните такси и општинските даноци, во Гевгелија допрва ќе има.
Странските инвеститори ќе го претворат предворјето на градот и околниот дел на Гевгелија во еден сосема нов град. За туристите тоа ќе биде град на забава, одмор и релаксација, а македонската економија во "новата Гевгелија" ќе го открие своето "национално богатство". Градот низ кој поминува најфреквентната сообраќајница во државата, магистралниот пат Е-75 кој е дел од Коридорот 10, ќе прерасне во високо-профитабилен забавно-туристички центар.
Хедонизмот што ќе зрачи од атрактивните хотели и забавни паркови ќе ги мами странските транзит- туристи, попатно да застанат барем неколку дена и да потрошат дел од својот летувалски буџет и во Македонија.
Гевгеличани ќе ви речат дека нивното гратче отсекогаш имало подобар стандард на живеење од просекот на Македонија, а и деновиве животот во градот со медитеранска клима не е толку евтин како што е во другите градови од внатрешноста споредени со Скопје.
Но, и платите на работниците во фамозното хотел- казино Фламинго, кое вработува 500 луѓе, не се воопшто ниски. А ако се земе предвид дека најмалку четири хотели допрва ќе се отвораат, конкуренцијата ќе си го направи своето, па платите на градот што граничи со Европската Унија допрва ќе растат.

Туристичко-информативен центар
Уште еден новите проекти на Општината е Туристичко-информативниот центар, кој се наоѓа во центарот на градот.
“Туристичко информативниот центар е отворен на први март годинава, а неговата главна задача е запознавање на туристите со информации за градот. Станува збор за заедничка иницијатива на Општината и UNDP, а 45% од инвестицијата е на фондацијата Отворено општество”, вели Лидија Ичоќаева, волонтер во Центарот.
Таа објасни дека идејата е Центарот да соработува со сите туристички агенции, со цел заеднички да се организираат посети на странски туристи.
Екипата на Капитал во Центарот пронајде неколку различни брушури со информации за градот и неговите знаменитости, почнувајќи од џебни флаери, мапи на градот и мапи за ски-центарот Кожув, до туристички водичи и разни публикации за туристичко-угостителската понуда на Гевгелија.

И ако до неодамна Скопје го имаше приматот на град во експанзија, чија површина одвај ги собира новодојденците кои во потрага по пристојна работа доаѓаат и остануваат да живеат во главниот град, денес многумина предвидуваат дека Гевгелија ќе предизвика сосема обратен процес. Гевгелија ќе стане своевиден феномен. Од еден периферен земјоделски град ќе прерасне во профитабилен туристички центар. Тоа ќе создаде дефицит на работна сила, па локалните бизнисмени ќе почнат да најмуваат работници од другите околни градови. Истовремено, во услови на општа невработеност и луѓето самите ќе почнат една обратна миграција. Наместо на север- Македонците ќе почнат да се населуваат на југ.

Најголемите инвестиции чекаат урбанистички планови
Визија за развој на општината има, но реализацијата на инвестициите оди бавно, најмногу поради бавното донесување на урбанистичките планови.
Градоначалникот на Гевгелија Драги Делев општината ја гледа како иден туристичко-забавен центар.
“Казинскиот туризам е индустрија и така треба да го сфатиме. Кај нас кога ќе се спомне казино, веднаш мислиме на нешто сомнително, неморално... Доколку државата знае како да го регулира тој бизнис, не може да има перење на пари и слично. Колку само за споредба, во Лас Вегас, просечен Американец троши 40 долари дневно, а Грците овде во казино трошат 400 долари во просек. Па ако сакаат да трошат, дајте луѓе да им ги земеме парите!”, вели Делев.
Инаку, Делев минатата година беше во официјална посета на градоначалникот на американскиот коцкарски град Лас Вегас.
“Еден хотел во Лас Вегас кој има 2.000 соби, носи помалку профит од еден хотел со 200 соби изграден овде, затоа што тамошните прилики се многу поразлични. Во Лас Вегас 70% од приходот го зема државата”, објаснува Делев.
Тој потенцира дека голем проблем во реализација на странските инвестиции се административните процедури кои неизбежно ги врзуваат со централната власт. Конкретно, двете најкрупни инвестиции во Гевгелија во моментов, на Калифорнија Ресорт и на Терме Олимија се на “стенд бај”, поради недефинирани урбанистички планови.

“Од пред две години ги знаеме намерите на странските инвеститори. Тие испратија писмо на намери и до Владата, но сe уште се чека на разни процедури кај централната власт при носењето на урбанистичките планови. Губиме време одејќи по сите министерства и ако два пати не вратат поради нецелосна документација, тогаш постапката почнува одново. Според мене, прво што треба да се направи е урбанистичките планови да се носат во поедноставена процедура”, вели Делев.

Кои се другите инвестиции?
  • Ветроелектрани. Инвестицијата е на австриската компанија Нова енергија, која во Гевгелија преку новорегистрираната фирма Ветропарк, наскоро треба да почне со поставување на 40 ветроелектрани, кои годишно ќе произведуваат 4,5 милиони киловат часови енергија.
  • Бензиска пумпа на руски Лукоил. Компанијата е во потрага по соодветна локација, од осумте понудени.
  • Супермаркет на словенечки Енгро Туш. Преговорите за откуп и трансформација на земјиштето во градот се почнати.
  • Хотел што на автопатот Гевгелија Негорци го гради скопската фирма Беграмо Инжињеринг. Капитал и порталот Тотал ја најавија оваа инвестиција пред две години. Инвестицијата која е во крајна фаза тежи 800.000 евра.

Инаку, најголемиот луксузен хотелски комплекс кој ќе има казино во свои рамки, ќе биде оној кој се спрема да го гради американската компанија Калифорнија Ресорт. Ќе се гради на локација од 4,5 хектари, на влезот на Гевгелија, по должината на крајбрежјето на реката Вардар и автопатот што води кон градот.
Иако од Општината Гевгелија за Капитал неодамна најавија дека во април ќе почне изградбата на овој хотелски комплекс, поради забавеното носење на урбанистичките планови, почетокот на изградбата на објектот доцни.
Инвеститорите од Калифорнија Ресорт веќе основале своја фирма во Гевгелија, која се вика Гитони. Најавено е дека инвестицијата ќе тежи 160 милиони евра, а во комплексот ќе се вработат 1.500 луѓе. Комплексот ќе има хотел со 580 соби, казино, шопинг центар од 13 илјади квадратни метри, конгресни сали, спа центар, покриен паркинг простор за 600 возила, тениски и голф игралишта, базени.
На истиот потег во предворјето на Гевгелија, кај геотермалните извори кај месноста Смоквица, треба да се гради и бањскиот комплекс Терме Гевгелија. Инвеститорот словенечката компанија Терме Олимија има најавено дека инвестицијата ќе вреди 50 милиони евра. Станува збор за луксузен бањски комплекс, кој ќе располага со 220 хотелски соби, комплекс со базени, воден забавен парк, рекреативен центар, казино и конгресен центар и други придружни објекти. Интересно е што овие геотермални извори досега не се екплоатирани.

Но, и за двете инвестиции општинските власти чекаат одобрување на урбанистичките планови кај централната власт.
Добро што барем една од бомбастично најавените инвестиции досега не е закочена. Тоа е изградбата на познатиот хотелски бренд Шератон во Гевгелија. Инвестицијата е на турскиот хотелски синџир Принцес, кој ја откупи франшизата на Шератон и веќе работи на подготување на локацијата. Вкупната инвестиција тежи 30 милиони евра, а проектот ќе вработи 500 луѓе. Хотелскиот комплекс ќе биде составен од хотел со 200 соби, казино, ресторани, тераси.
Екипата на Капитал отиде на локацијата каде Принцес неодамна почна да гради. Местото се наоѓа на излезот на Гевгелија, спроти хотел-казиното Фламинго. На терен ги затекнавме градежните работници ангажирани од изведувачот-градежната фирма Гема. Нивниот раководител ни рече дека според договорот со инвеститорот градежните работи треба да бидат завршени за 20 месеци.
Како што најави градоначалникот Делев, за изградба на хотел со казино, неодамна интерес пројавила и американската Силверстајн. Станува збор за голема инвестициска компанија за градежни проекти, која го надгледува градењето и на новиот Светски трговски центар во Њујорк, на местото на срушените кули близначки.
Според Делев, Силверстајн сакаат да купат 25 хектари земјиште и да градат објект од 250 милиони долари. Станува збор за хотел-казино со 5.000 легла, капацитет каков што нема во регионов. Во општината велат дека поседуваат и маркица за хелиодром, затоа што инвеститорите сакаат да носат гости и од Турција.
Од Силверстајн во моментов се чека писмо за намери, што Општината ќе го препрати до Владата и ќе бара од неа да даде цврсти гаранции, потребни за вакви големи проекти.
Гевгелија е мал град со 23.000 жители. Но, за разлика од многу други македонски гратчиња, кои запустеа после затворањето на клучните фабрики каде беше вработен “целиот град”, во ова јужно гратче многу ретко ќе најдете некој што не работи. Сите “бркаат” некој бизнис.
Иако официјалната статистичка бројка на невработеност изнесува 22%, во градот и околните села речиси и да нема некој што не работи. Се разбира голем дел од активното население, кое е ангажирано, а не е во работен однос, се работници во земјоделскиот сектор и текстилната индустрија. Статистиката покажува дека најголемиот процент од жителите се со средно образование.
Уште една нетипичност на ова гратче- како што во Западна Македонија фирмите имаат двојазични реклами, така и овде натписите на фирмите се двојазични. Но, овој пат, двојазичноста е македонско-грчка. Па дури и во периоди на политичка напнатост, на Гевгеличани ова не им смета, бидејќи тие одамна сфатиле што е штосот на бизнисот.
Прашавме што ќе се случува во Гевгелија кога ќе се отворат сите овие хотели? Кој ќе работи таму, ако и сега градот нема невработени граѓани? Бидејќи само Шератон, Калифорнија Ресорт и Терме Гевгелија, ќе отворат над 2.000 работни места.
Но, дали квалификациите на локалното население ќе можат да ги задоволат барањата на странските инвеститори, кои бараат кадар кој зборува неколку странски јазици или кој има специфични вештини како што е менаџмент на храна и пијалаци и слично?
Општината се сетила дека ова ќе биде отворено прашање, па веќе повела иницијатива “за гаснење на пожарот”. Поради многуте најавени инвестиции во туристичко-угостителскиот комплекс, на почетокот на годинава е формиран општински Центар за едукација на граѓаните.

Приватни клиники може да носат голем профит
Шетајќи низ Гевгелија ќе забележите дека на секој чекор во центарот има по една стоматолошка ординација, каде што Грците од околината на Солун евтино си ги поправаат забите. Токму во делот на медицинските услуги некои од локалните бизнисмени гледаат голем и неискористен потенцијал за бизнис.
Велат, можеби треба да почне да се размислува, покрај стоматолошки услуги, некој инвеститор да изгради и модерна болница, во која би се нуделе сите сложени клинички прегледи. Тоа би било одлична можност да се заработи, бидејќи Грците веднаш би дошле овде да се прегледаат, затоа што кај нив истите медицински услуги се неколкукратно поскапи.

Младина насочена кон туризмот
“Опфатени се луѓе од 18 до 35 години, а целта ќе биде да ги зголемат своите знаења од областите на туризмот и угостителството. Веќе се држат курсеви за изучување на странски јазици, обуки за казино менаџмент и маркетинг, потоа менаџмент на храна и пијалаци и сe она што би ги окфалификувало граѓаните за овој бизнис”, вели Ристе Атанасовски, директор на Центарот за локален економски развој во Гевгелија.
Како што информира Атанасовски, овој проект е финансиран од Општината и од фирмата Гитони, која во Гевгелија е основана од страна на странските инвеститори од Калифорнија Ресорт, за да може да ја реализира инвестицијата.
“Досега добивме пријави од 400 апликанти. Првите обуки почнаа на први март и ги посетуваат 100 лица. Центарот ќе функционира најмногу две до три години, а обучувачите се реномирани светски стручњаци”, вели Атанасовски.
Тој потенцира дека покрај ваквите проекти на Општината, во Гевгелија е неопходно да се отвори и факултет за туризам.
“Мислам дека факултет е повеќе од потребен за една ваква општина. Секоја година имаме зголемување на бројот на средношколци кои се насочуваат во угостителската насока. Кога овде би доаѓале студенти од цела Македонија ќе има и каде да се оди на пракса”, посочува Атанасовски.
А во градот “рамен како тепсија”, неофицијално се зборува дека одамна напуштената управна зграда на некогашен Винојуг Гевгелија, ќе стане факултет за туризам на еден од приватните универзитети.

Од оранжериски град до хотелски рај
Гевгелија отсекогаш била позната по вкусните оранжериски производи, кои само таму виреат со таа убавина и квалитет. Поради близината со Егејското море, Гевгелија и околните села имаат типична медитеранска клима, со број на сончеви денови кој може да се спореди само со неколку места на Јадранот и Медитеранот воопшто. А факт е дека структурата на локалната економија досега најмногу се потпираше на примарното земјоделско производство и на преработките од раноградинарски зеленчук и овојше.
Откако големите земјоделски комбинати како Вунојуг и Зора се распаднаа, производствата се расцепкаа на делови. Сега во Гевгелија добро работат шест конзервни фабрики, кои заедно произведуваат колку што било вкупното производство на комбинатот Зора . Извезуваат, нивното производство расте, но не со саканата динамика, бидејќи настапувајќи поединечно многу се мали за потенцијалите на огромниот светски пазар.
Сепак, за две години, македонските конзервни капацитети, кои во најголем дел се сконцентрирани во овој гевгелиско-валандовски регион, го зголемиле извозот за над 230%, од 12 милиони евра во 2005 година на 40 милиони евра минатата година.
Сопствениците на конзервните фабрики велат дека државата може мн

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 29-May-2008 at 13:54
Bravo za gevgelija, koga i da ima nesto po vesnicive za ovoj grad sekogas e najpozitivno...samo malce me razocara ova  Bash
 
Конкретно, двете најкрупни инвестиции во Гевгелија во моментов, на Калифорнија Ресорт и на Терме Олимија се на “стенд бај”, поради недефинирани урбанистички планови.
 
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 22-Jun-2008 at 19:27
Bravo bravo ,,,,gleam iako ne sum vo Skopje dosta se raboti i mnogu proekti ke zapocnat da se realiziraat ..........samo napred i pozzdrav do site

P.S Dobro so e rabota so crkvana ,dali imaat akal u glavata so pravat .....ccccc



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 22-Jun-2008 at 19:40


Kaj te snema be blejd? Pozdrav Cheers
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 22-Jun-2008 at 19:45
Vo egejot sum ,,,se vrakam vo septemvri..............



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 22-Jun-2008 at 20:33
Originally posted by blejdsk

Vo egejot sum ,,,se vrakam vo septemvri..............


slikaj gi hotelite kaj Gevgelija na vrakjanje
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 23-Jun-2008 at 00:08
I gradot neka go slika da go vidime I kasinata.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 26-Jun-2008 at 00:49

ДОДЕКА ИНВЕСТИТОРОТ И ОПШТИНАТА СЕ ПРЕПУКУВААТ


Паркингот отиде курбан


Надлежните од АДГ "Илинден" сметаат дека просторот околу станбениот објект лоциран кај рампата во Кисела Вода треба да биде уреден, а не да претставува запуштено земјиште со руинирани куќички и обраснато со грмушки. Од Општина Кисела Вода, пак, велат дека дел од паркингот е направен без дозвола и на државно земјиште


Градежното претпријатие "Илинден" револтирано од уривањето на уредениот простор пред еден од нивните станбени објекти, лоциран кај рампата во населбата Кисела Вода, вчера ги обвини општинските власти дека уриваат и таму каде што не треба. Надлежните од "Илинден" сметаат дека станарите треба да имаат уреден простор околу зградите во кои се вселени, а не запуштено земјиште со руинирани куќички и обраснато со грмушки. Сепак, вчера во присуство на полицијата голем дел од паркингот пред објектот изграден од бекатон-плочки беше отстранет, со образложение дека земјиштето е државно. Од АДГ "Илинден" со спротивен став.

- Овдека станува збор за самоволие на општинските власти на Кисела Вода. Како да им пречи нешто да е направено како што треба, убаво за око, и пред се пријатно да се чувствуваат и станарите и граѓаните на Општина Кисела Вода. Порано на овој простор беа руинирани куќички, грмушки...Сега тука е направен паркинг простор со бекатон-плочки, со целосна канализациона инфраструктура, одвод и довод за што вложивме финансиски средства. Од друга страна имаме право за времено користење на овој дел и документација за тоа. Не се руши каде што треба, туку овде каде што убаво е уредено, вели Биљана Манојловска, правен застапник на АДГ "Илинден", каде што сметаат дека всушност Општината требало да ја заврши целата инфраструктура околу објектот. Против уривањето на паркингот се и дел од станарите кои таму ги затекнавме, но повеќето се воздржаа од коментар.

Во Општина Кисела Вода потврдуваат дека просторот е навистина уреден, но потенцираат дека дел од паркингот со површина од 1007 метри квадратни е направен без дозвола од Општината и на земјиште кое е во државна сопственост.
- До нас не е доставено одобрение за градба на паркинг и затоа им беше доставено решение и заклучок за уривање на овој паркинг простор, но немавме одговор од нивна страна, одговараат во Општината.


http://vecer.com.mk/?ItemID=CE9E98ECC755884EBE369A052DBE6963

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 26-Jun-2008 at 00:51
Крајно некоректно понашање од страна на општината. Демонстрираат сила врз паркинзи коишто треба да се добредојдени.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 26-Jun-2008 at 16:41
pbanks, иако се слагам дека треба да има некаква студија за ова со катните гаражи, мислам дека сме далеку од моментот кога ќе треба да се плашиме дека ќе ги имаме премногу. Дополнително, мислам дека дури и голем "overcapacity" за ваква работа е многу подобро од мал "undercapacity".


А ова што општина Кисела Вода била толку ажурна во уништување на паркингот (дури и да земеме дека легалистички се комплетно во право, мада Илинден тоа го негира), баш ме наведува на размислување зошто се замижува пред огромни урбанистички злоупотреби и зошто токму некој паркинг кој на никому не му пречи туку напротив е корисен, е токму приоритет за општината...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 16-Jul-2008 at 14:58
Originally posted by lslcrew

Да не случајно зградата ќе биде на управниот суд?! Сега знам дека имаат простории во пошта.


Не ми текнува. Ќе пробам да ја најдам информацијата на SSC таму ја имавме постирано на времето.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 17-Jul-2008 at 08:21

Амбасадите и музеите добија приоритет

За сметка на овие капитални објекти се намалени парите предвидени за изградба на основни и средни училишта, училишни спортски сали  и на студентски домови


За северната трибина на Градскиот стадион се предвидени околу шест милиони евра повеќе отколку во буџетот донесен лани

Изградбата на музеи, концертни сали, театри, спортски објекти и на амбасади во странство годинава ќе добие приоритет пред градењето основни и средни училишта, училишни спортски сали, водоводи и проекти за гасификација. Со измените во буџетот за годинава, Владата ги зголеми расходите за капитални инвестиции за 25,4 отсто. Најмногу од нив ќе се искористат за изградба на амбасади во странство и објекти од културата. Расходите на Министерството за надворешни работи наменети за купување и за изградба на амбасади на Македонија во странство се зголемени за околу три милиони евра. Повеќе пари доби и Министерството за култура, чии трошоци за градење капитални објекти пораснаа за 2,9 милиони евра. Парите се наменети за изградба на Стариот театар, Градската куќа и за реконструкција на куќата на Мајка Тереза во Скопје, како и за монументална фонтана на скопскиот плоштад Македонија. Ќе се градат и музеј на вода во Охрид, а метрополата ќе добие музеи посветени на ВМРО и на жртвите од комунизмот. Дел од парите е наменет за изградба на Универзитетот на Свети Климент кај Плаошник, надградба на Универзитетската библиотека во Скопје, театар во Велес, како и за нова концертна сала за Македонската филхармонија. За доизградба на северната трибина на Градскиот стадион во Скопје се предвидени околу шест милиони евра повеќе отколку во буџетот донесен пред почетокот на годинава.

ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА УЧИЛИШТА

За сметка на овие капитални објекти, намалени се парите предвидени за изградба на основни и за средни училишта, училишни спортски сали и на студентски домови. Наместо тоа, ќе се реконструираат постојните, а зголемени се расходите за изградба на капитални спортски објекти. Со ребалансот на буџетот, парите предвидени за изградба на основни училишта се намалени за 1,6 милион евра, а тие за инвестиции во спортски објекти се зголемени за 2,8 милиони. Министерот за финансии Трајко Славески објаснува дека зголемувањето или намалувањето на планираните расходи за одредени капитални инвестиции се должи на тоа што надлежните имале една процена во октомври, кога се проектираше буџетот, но дел од работите на терен досега се промениле.

- Направивме процена кои проекти може да се завршат, а кај кои се појавиле застои или проблеми при реализацијата. Кај таквите, парите наменети за нив се пренасочуваат на друг проект, којшто е поприоритетен или има изгледи да се заврши поскоро. Тоа не значи дека парите за капиталните објекти во образованието се скратени. И реконструкцијата на училиштата се смета за капитална инвестиција - вели Славески.

ОБИКОЛНИЦИТЕ ЌЕ ПОЧЕКААТ

Со ребалансот на буџетот, парите наменети за изградба на обиколница околу Виница и Стар и Нов Дојран, како и за изработката на студии за гасификација целосно се пренаменети за други цели. Помали расходи се предвидени и за санација на свлечиштата, за изградба на фекални канализации во неколку рурални подрачја, за подобрување на водоснабдувањето во Тетово и во Свети Николе. Дел од буџетот е планиран и за хидросистемите Злетовица и Лисиче. Од Владата објаснуваат дека голема инвестиција во образованието годинава ќе биде целосното реализирање на проектот „Компјутер за секое дете“, при што ќе бидат вложени и 9,5 милиони евра за средување на електричната инсталација во сите училишта. Професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Мирољуб Шукарев смета дека е подобро парите од зголемениот буџет да се потрошат за проекти што ја поттикнуваат стопанската активност.  Со тоа дополнително ќе се зголеми јавната потрошувачка, а тоа ќе го подгрее порастот на инфлацијата. Со ова, надворешните фактори за пораст на трошоците на живот - поскапувањето на храната и на нафтата на глобалниот пазар - ќе се дополнат и со домашен - предупредува тој.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A91A9AB3F034A440A8C57F78BE120DA5
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 25-Jul-2008 at 02:39
Катлановска бања ќе инвестира осум милиони евра во спа-центар
 
Спа центарот Катлановска бања планира во наредните неколку години да инвестира осум милиони евра во развојот на бањски туризам и доизградба и опремување на спа- центарот, дознава “Тотал“. Во рамките на постоечките објекти во Катлановска бања се планира изградба на хотел со четири ѕвездички со капацитет од 150 легла, трим патека до изворите на минерална вода и отворен базен во кој преку цела година просечната температура ќе биде 38,5 степени.
“Спа- центрите стануват се поголем тренд во светот и не се наменети само за болни, туку и за здрави луѓе кои после напорниот работен ден бараат одмор и рекреација. Во реновираниот спа- центар Катлановска бања дневно доаѓаат неколку стотици посетителите кои се рекреираат во големиот базен, кабините со минерална вода и индивидуални базени за 4-5 лица. Спа- центарот нуди и комплетна здравствена заштита и контрола на пациентите кои се тука на рехабилитација”, вели д-р. Мишо Михајловски, директор на спа- центарот Катлановска бања.
(Toтал)
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 25-Jul-2008 at 02:50
Стварно спа-турзмот во македонија не е воопшто актуелизиран. Барем имаме и квалитети со коишто можеме да се пофалиме. Унгарија млати огромна пара само од спа-туризам. Штета такви потенцијали да стојат така забаталени на забот на...не на времето, него на системот, на забот на системот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 26-Jul-2008 at 18:58
Новиот комплекс ќе ја замени
Скопје
„Макпетрол“ почна да гради комплекс составен од бензинска пумпа, продажен салон за возилата „хонда“ и негов сервисен дел на местото каде што се наоѓаше нивната бензинска станица на улицата Илинденска во населбата Карпош 3. Од компанијата велат дека целата инвестиција е нивна, а значајно е тоа што во салонот што ќе го отворат кон крајот на оваа година ќе ги воведат стандардите што за „Хонда“ во Јапонија ќе важат од идната година.

ПРВО БЕНЗИНСКА, ПА САЛОН ЗА АВТОМОБИЛИ

Реконструкцијата на оваа бензинска пумпа почна пред една недела, кога целосно беше урнат стариот објект. Од „Макпетрол“ објаснуваат дека новата пумпа ќе зафаќа површина од 200 квадратни метри и ќе изгледа како сите новоизградени објекти од тој тип, според најновите стандарди. Во неа ќе се продаваат сите горива, меѓу кои и течниот нафтен гас. Бензинската ќе се пушти во употреба за најмногу два месеца, а преостанатиот дел од комплексот, односно салонот и сервисот за „Хонда“ ќе бидат готови во декември годинава и ќе се простираат на површина од 2.300 квадратни метри. Тој ќе има три нивоа, и тоа подрум, приземје и галерија. Сервисниот дел, кој досега бил сместен во дирекцијата на фирмата, ќе се премести во новиот објект. Исто така, хортикултурно ќе се уреди и околината. „Макпетрол“ е единствениот инвеститор на објектот, а изведувач на градежните работи е фирмата „Гранит“.
- На тоа место се наоѓаше една од нашите најстари бензински пумпи, а ќе изградиме целосно нов комплекс. Особено сме горди со тоа што ќе ги исполниме новите стандарди на „Хонда“ уште пред тие да почнат да важат во нивната матична земја - истакнуваат од „Макпетрол“.

ОПШТИНАТА НЕ ЗНАЕ НИШТО

Од општината Карпош, пак, истакнуваат дека се уште е во тек процедурата за издавање на градежната документација. Тие досега не одлучиле дали ќе ја издадат дозволата, иако старата бензинска пумпа е веќе урната. Знаат само дека станува збор за реконструкција на пумпата, а не слушнале ништо за најавената изградба на целиот комплекс, вклучувајќи ги и салонот и сервисот за автомобили.
- Се работи на реновирање на пумпата, тоа е се што знаеме - велат од општината.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1075&ArticleID=59343
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 30-Jul-2008 at 15:19
Може и у вести Bash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 30-Jul-2008 at 15:31
Абе ок, немој одма со насилство да почнуваш Big%20smile

Ја ти го пребацив пошто нишката реставрација/реконструкција е наменета за објекти од културното наследство, а од досегашна пракса вакви и слични чланци идат тука.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 30-Jul-2008 at 15:36
А јас не знаев дека постот е префрлен и се чудев каква таблета кркнал вардар кога го пишувал Crazy
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 46>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.