build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 444546
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #901 Posted: 22-Oct-2019 at 09:27


За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #902 Posted: 04-Jul-2020 at 15:42
Тирана. Проективе се со разна намена (станбени, деловни, хотели итн.) па ќе ги ставам во оваа општа тема.

Како тргнале, ќе станат една од најмодерните метрополи на Балканот Уште фасадите да ги средат. Сите слики се преземени од SSC.

Eyes of Tirana | 85m/26fl




Tirana's Rock | 85m/25fl




Езерски парк






Book | 77m/21fl




4-Ever Green | 85m/25fl


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #903 Posted: 04-Jul-2020 at 15:42
Ekspozita | 93m/24fl




MET | 15fl


Tirana Vertical Forest | 21fl




Cube






___________________________
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4078
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #904 Posted: 23-Nov-2020 at 19:21
Знае некој што се случува кај систина? Еден дел од вардар е затрупан со земја...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #905 Posted: 23-Nov-2020 at 19:44
Мислам дека се гради гасовод.
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #906 Posted: 26-Feb-2021 at 01:39
ВРЕМЕ Е ДА СЕ ВОВЕДЕ НОВО ПСИХИЧКО ПОРЕМЕТУВАЊЕ КАЈ ЛИЦА КОИ КОГА ЌЕ ВИДАТ ТЕМЕЛИ НА НОВА ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВААТ ДА ПАНИЧАТ И ДА СЕ ТРЕСАТ ОД ПАНИКА!

Пишува: Саше Ивановски Политико


Во Ѓорче ќе се граделе нови згради. Значи еј, во Ѓорче, тоа е на периферија на Скопје, 1 саат од рекорд возење има до Ѓорче, и таму општинарите решиле да градат 15 згради високи 33 метра, и наместо да се радуваат луѓево што во општината ќе расте ќе има нови локали нови жители нови приходи во општинската каса од комуналии нов кварт ќе се роди нова населба итн итн и наместо тоа, почнале некои лудаци да урлаат и да сечат вени како тоа многу ќе се градело?!?!

Па како бе луѓе, во Ѓорче дали има вкупно 10 згради во цела општина, целата населба е со куќи, има безброј ниви и бришан простор за градење, па во Ѓорче ако не се гради, кај ќе се гради?!?!

Ај центар било центар, ај некои населби биле згуснати, ама Ѓорче бе луѓе?!?!

Дефинитивно треба да се воведе ново ментално нарушување во психологијата и психијатријата за паничната реакција на некои луѓе кога ќе видат темели на нова зграда во Скопје. Што ли се случува во нивниот ум? Мислат ли дека на местото на зградата имало сто дрвја со верверички на гранките па сите тие биле уништени со кластер бомба, мислат ли дека зградата ќе ја градат деца робови, мислат ли дека во темелите ќе се ставаат живи зајчиња и мачиња, што ли се случува во нивниот ум?!?!

Зошто не мислат дека новите згради ќе отворат простор во вид на чисти нови убави станови за раст на безброј среќни дечиња на млади брачни парови, на изградбата ќе работат стотици работници кои ќе земаат плати и дома ќе однесат храна и пари за сметки и пари за џепарац на децата, ќе се платат давачки кон државата, ќе се потрошат многу продукти на многу фирми кои ќе поделат плати на своите вработени, ќе е ангажираат дизајнери, правници, сметководители, банкари, маркетинг агенции, медиуми, агенции за недвижнини, сите тие ќе си обезбедат работа и плати, целото општество ќе има бенефит, зошто луѓето не мислат на овие работи по ѓаволите?!?!

Зошто некои луѓе паничат кога ќе видат градилиште за нова зграда во Скопје?!?! Изгледа само психијатрите ќе можат да го одгатнат тоа прашање…

https://maktel.mk/kolumni/vreme-e-da-se-vovede-psihichko-poremetuvane-kaj-licza-koi-koga-ke-vidat-temeli-na-nova-zgrada-vo-skopje-pochnuvaat-da-panichat-i-se-tresat-od-panika/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #907 Posted: 26-Feb-2021 at 10:05
Ау, ако сме стигнале да го цитираме Саше Паралитико (како што го нарекуваат во одредени кругови), тогаш стварно работиве се отидени во п. м.
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #908 Posted: 26-Feb-2021 at 15:10
Каков таков, Поликлинико е портал, па да ги архивираме сите мислења.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #909 Posted: 26-Feb-2021 at 17:42
Ако е портал не значи дека има значајност.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #910 Posted: 26-Feb-2021 at 18:27
Токму така, тој е човек-портал, пристрасен, срам за новинарството, пикнат во шупакот на моменталната владејачка партија. Затоа неговото мислење не е меродавно и треба да се игнорира.

Edited by Џоле - 26-Feb-2021 at 18:27
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #911 Posted: 17-May-2022 at 21:47
Има воздушни сниммки од неколку проекти во Скопје + статистика

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #912 Posted: 18-May-2022 at 13:44
Власта со правилник ја врати „бетонизацијата“ на Скопје на максимум

„Во подрачја за кои има податоци за планирање и градење при одредување на максималните вредности на процентот на изграденост и коефициентот на искористеност на земјиштето се применуваат вредностите на процентот на изграденост и коефициентот на искористеност на земјиштето утврдени во важечките урбанистички планови, односно што биле уредени во претходните планови, затоа што се работи за претходно стекнати права со урбанистички план“, пишува во спорниот член.

Со оваа одредба всушност се создава простор процентот на изграденост којшто веќе еднаш бил утврден со ДУП да не може да се намали, со што се доведени под знак прашалник заложбите за озеленување на Скопје и зауздувањето на процесот на масовна градба на висококатници што се случува изминативе години, во корист на инвеститорите, а на штета на јавниот интерес.

Ваквите измени ќе создадат проблеми, посебно во урбаните општини, како на пример во Општина Центар каде што детални урбанистички планови се веќе донесени за речиси целата територија на Општината и каде што започна процес на ревизија на планирањето со цел да се создадат похумани услови за живот на граѓаните.

„Следува дека оптималните вредности на процент на изграденост и коефициент на искористеност не важат за територијата на Општина Центар, туку ќе важат максимално дозволените вредности со претходните детални урбанистички планови, дефинирани со измената и дополната на Правилникот како стекнати права. Со измената и дополната на Правилникот, односно со условувањето процентот на изграденост и коефициентот на искористеност да се задржат како стекнато право, веќе нема да може да се намалуваат површините за градба, туку само (доколку има услови) да се редефинираат“, велат од Општина Центар за „Само прашај“.

„Наполитанките“ кај поранешната фабрика „Треска“ се враќаат во игра
Од локалната самоуправа очекуваат проблеми да се јават секаде каде што не е направено усогласување со Генералниот урбанистички план. Новиот Правилник ги загрозува напорите на Општината да се справи со болните точки, на пример, како онаа кај поранешната фабрика „Треска“, каде што инвеститорите грчевито притискаат да почне да се гради. За „Треска“ се распиша конкурс, пристигнаа и трудови, но сега површината за градба треба да се преземе од важечкиот план, што значи дека во игра повторно се враќаат зградите коишто во јавноста станаа познати како „наполитанки“ поради бројноста и габаритот.

„Земено предвид дека деталните урбанистички планови не можат истовремено и да се усогласат со рестриктивните нумеричките параметри дадени во ГУП на Град Скопје и да ги задржат стекнатите права дефинирани со измената и дополната на Правилникот, односно нема да можат да се донесат нови планови на ниво на цел опфат, ќе продолжат да се спроведуваат важечките детални урбанистички планови. Во контекст на усогласувањето на дел од прворангираното конкурсно решение на локацијата позната како „Треска“ со постојниот ДУП и ГУП, а во контекст на процентите и коефициентите (кои се врзани со површината за градба и вкупната развиена површина) истите ќе треба да бидат преземени од важечкиот план.“, укажуваат од Општина Центар.

Дополнителна дилема е зошто властите се повикуваат на претходно стекнати права, ако се има предвид дека има ДУП-ови коишто се неусогласени со ГУП, што само по себе ги прави нелегитимни. Тоа неодамна го посочи и претседателот на комисијата којашто ги оценуваше пристигнатите трудови за „Треска“, архитектот Миодраг Радоњиќ – Бато.

ДУП-от не е усогласен со Генералниот Урбанистички План/ ГУП/ на Град Скопје, како план од повисок ред и обврзувачки за плановите од понизок ред како што е ДУП. Несовпаѓањето и непочитувањето е утврдено и аргументирано во повеќе сегменти и параметри, кои предметниот ДУП го чинат нелегитимен без можност да се спроведува“, напиша Радоњиќ – Бато.

Сега, со ваквата поставеност на новите правила, при носењето на нов план, површината за градба треба да биде преземена од нелегитимен ДУП.

Правилникот во колизија со законот од којшто произлегува
И Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) реагира за измените на Правилникот.

„Изразуваме загриженост од идна примена на измените во правилникот во урбанистичкото планирање, особено на Член 5, кој претставува измена и дополна на Член 117 став 3 од претходниот Правилник за урбанистичко планирање. Најнапред сметаме дека ставот вака како што е пропишан е со крајно ограничувачка рамка и создава колизија со одредбите од преамбулата на Законот за урбанистичко планирање, а кои се однесуваат на јавниот интерес, како и целите и начелата пропишани во неа. Тоа всушност создава една апсурдна состојба кадешто пропишаниот став од овој подзаконски акт-Правилник во одредени ситуации може да биде користен како упад во Законот од којшто произлегува“, велат од ААМ за „Само прашај“.

Според нив, има повеќе точки каде што ќе има проблеми при донесувањето на урбанистичките планови, и тоа:

- рамномерниот просторен развој
- рационалното уредување и користење на просторот
- создавањето и унапредувањето на условите за хумано живеење и работа на граѓаните
- надминувањето на урбаните бариери на лица со инвалидитет
- одржливиот просторен развој
- сочувување на квалитетот и унапредување на животната средина и природата
- безбедноста од природни и технолошки катастрофи и хаварии
- потребата од интегрален пристап во планирањето
- остварувањето на јавниот интерес и заштита на приватниот интерес
- хоризонталната и вертикалната усогласеност и координација во планирањето
- уважувањето на научно и стручно утврдените факти и стандарди.

Од ААМ укажуваат дека дополнителна можна колизија при примената на новиот Правилник би се остварила и со Законот за урбано зеленило кој пропишува минимален процент на зеленило при изработка на урбанистичките планови.

Исто така, потенцираат дека спорната одредба е неприменлива при стратешкото планирање преку изработка на генералните урбанистички планови, како и при промената на наменската употреба на земјиштето во урбанистичките планови.

„Неприменливоста на ставот ја гледаме и во крајно ограничувачката рамка која се однесува на примената на споменатите параметри во него (коефициент на искористеност и процент на изграденост), особено во оние делови на урбанистичките планови кои навистина имаат можност и потреба за развој. Накратко, неговата примена овозможува ограничување на креативниот процес при планирањето кој цели кон хуманизација на просторот (било јавен или приватен), особено кај веќе дијагностицирани проблематични урбанистички решенија за коишто јавноста беше сведок во изминатиот период. Од социјален аспект примената на овој член во пракса може да поттикне револт и радикализација на ставовите кај одредени поединци и граѓански групи кои досега партиципираа на својствен начин во процесот на планирање и креирање на просторот.“, велат од Асоцијацијата на архитектите.

Бочварски: Се дообјаснуваат недоречености
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за „Само прашај“ тврди дека измените на Правилникот за урбанистичко планирање, којшто е донесен во 2020 година се носат само за да се дообјаснат недореченостите во досегашното решение, бидејќи создавале дилеми и недоумици кај општините и изработувачите на плановите.

Тој ги повикува локалните самоуправи, секаде каде што деталните урбанистички планови не се добри и не се усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, веднаш да започнат постапка за измена на ДУП-овите. За спорниот член 5, министерот појаснува – се однесува на оние ДУП-ови коишто се веќе реализирани со цел да се запазат параметрите. Онаму каде не е изградено, а планот е лош, треба да се прави корекција, вели Бочварски.





Новиот Правилник доаѓа во време кога од една страна имаме декларативни заложби на власта за повеќе зеленило и хумано урбанистичко планирање, а од друга страна продолжува „бетонизацијата“ на Скопје и тоа врз основ на детални урбанистички планови коишто не се усогласени со Генералниот урбанистички план. Се покажа дека во Македонија во континуитет се крои регулатива којашто на инвеститорите им овозможува лесно да купат атрактивни парцели, честопати и евтино државно земјиште преку дооформување парцели или преку „багателни“ приватизации. Затоа, оправдани се сомнежите дека со новиот Правилник којшто во игра ги враќа максимално утврдените вредности за изграденост и искористеност на земјиштето на „мала врата“ се спречува ревизија на незаконски ДУП-ови.

На тој начин Министерството за транспорт и врски односно Владата повторно го занемаруваат јавниот интерес и им излегуваат во пресрет на инвеститорите коишто едвај чекаат да ѕидаат нови згради не водејќи сметка за потребата од основни услови за живот на граѓаните.

https://samoprasaj.mk/naacik/2350-vlasta-so-pravilnik-ja-vrati-betonizacijata-na-skopje-na-maksimum
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #913 Posted: 30-Sep-2022 at 17:17
ОД 2.500 НА 3.500 ДЕНАРИ ПОСКАПЕ КАЗНАТА НА ПАЈАК-СЛУЖБАТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Од 1 октомври, за 1.000 денари ќе поскапи казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ). Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната сега ќе биде 3.500.

„Цените на пајак-службата не се сменети 10 години, а поскапено е горивото, сервисот и деловите за возилата. Исто така, зголемен е и бројот на непрописно паркирани возила низ градот“, велат од ПОЦ.

Нови цени има и за зонските паркиралишта со тоа што е направена промена на зоните. Со тоа, паркирањето во Буњаковец сега се зголемува од 60 на 70 денари за час.

„Јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат поделени на 3 три паркинг зони, Зона 0, Зона 1 и Зона 2. Во Зона 0 се опфатени истите сервисни и станбени улици како и досега: 8. Ударна бригада, Лермонтова, Никола Кљусев, Максим Горки, Наум Наумовски-Борче (делот пред раскрсницата помеѓу бул. ВМРО и бул. Партизански Одреди), Скопска и Орце Николов (од бул. ВМРО до Плоштад Македонија). Цената за 1 час паркирање во Зона 0 како и досега ќе биде 100 денари. Во Зона 1 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор Дебар Маало, Сектор Парк и Сектор Буњаковец. Цената за 1 час паркирање во Зона 1 ќе биде 70 денари. Во Зона 2 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор Капиштец и Сектор Пролет. Цената за 1 час паркирање во Зона 2 ќе биде 60 денари”, соопшти ПОЦ.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-2-500-na-3-500-denari-poskape-kaznata-na-pajak-sluzhbata-na-opshtina-tsentar/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #914 Posted: 30-May-2023 at 12:07
По кратка пауза вратите на Хубо маркет повторно отворени



Ве информираме дека по кратка пауза, вратите на Хубо Маркет се повторно отворени за вас. Ребрендирани и силни, се враќаме на пазарот со цел да одговориме на сите Ваши потреби поврзани со домот, градината, деловниот простор, машини и алати и сите останати аспекти од животот во кои совршено се вклопуваат производите од нашиот асортиман.

Долгогодишната традиција на Хубо Маркет се темели на врвен квалитет и тимска работа, а најбитниот дел од сложувалката сте токму вие – нашите верни потрошувачи и соработници. Вашата верност кон брендот е наша привилегија.

Ве очекуваме во новиот ребрендиран Хубо Маркет, на старата локација, бидејќи секој дом и семејство го заслужуваат најдоброто.

https://nezavisen.mk/po-kratka-pauza-vratote-na-hubo-market-povtorno-otvoreni/
За сè има вторпат
Back to Top
bitola33 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 21-Aug-2022
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote bitola33 Quote  Post ReplyReply #915 Posted: 29-Jun-2023 at 17:15
Back to Top
bitola33 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 21-Aug-2022
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote bitola33 Quote  Post ReplyReply #916 Posted: 29-Jun-2023 at 17:18
Ne razbiram, sto ako se gradi? Sekoj grad se razviva i treba da raste.Ke stane se gradel ili ne, uste malce najmala metropola na Balkanot, site ke go preteknat, togas ke placete kako to?!Kako ne bese malce pogolem grad, da zalici na grad, na metropola, vaka, so placenje , nikogas..od Belgrad e eve 3 pati najmalce pomal grad, od Sarajevo uste malce, od Zagreb dva pati e pomal najmalce i sto saakate pojke?


Edited by bitola33 - 29-Jun-2023 at 17:23
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #917 Posted: 13-Jun-2024 at 18:11
При тестирањето на камерите во Скопје за само два часа биле регистрирани 5.000 прекршоци



е ближи ли крајот на сообраќајното дивеење во Скопје? ... Дел од булеварите и улиците во метрополата веќе добиваат „нови очи“ кои ќе ги ловат несовесните возачи, ноќните тркачи по улиците и сите оние кои го загрозуваат својот и животот на околината на било каков начин...

Овој булевар е еден од оние на кои се вози најбрзо, а често не се почитува ниту црвеното светло на семафорите, па во недостаток на полиција и радар, камерите ќе ги документираат овие прекршоци.

Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци.

„Новите камери кои се поставуват во Скопје се дел од проектот „Безбеден град“ кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект, јавноста ќе биде соодветно известена“ – велат од МВР и тоа е засега сѐ што откриваат.

Во последниот период сме сведоци на се повеќе сообраќајни несреќи, некои за жал и со трагични последици. Граѓаните кои ги анкетиравме велат по улиците чувствуваат повеќе страв отколку безбедност, па ова решение, доколку се спроведе како што треба и функционира добро, тогаш ќе биде полн погодок.

Налетавме и на оние кои полагаат и допрва треба да станат дел од сообраќајот. Велат веќе ја чувствуваат тензијата на скопските улици, а додека возат градски часови, често и им свират, оти биле преспори

Камерите веќе подлежеа на тестирање, а тоа го кажа минатиот месец техничкиот министер за внатрешни работи – Панче Тошковски. Канал 5 дојде до информација дека во време на тестирањето во само неколку часа биле забележани повеќе илјади сериозни прекршоци.

https://kanal5.com.mk/pri-testiranjeto-na-kamerite-vo-skopje-za-samo-dva-chasa-bile-registrirani-5-000-prekrshoci/a644764
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 444546

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.235 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.